кирил и методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-i-metodij/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 09:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кирил и методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-i-metodij/ 32 32 „Тајниот код на Константин“ утре во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tajniot-kod-na-konstantin-utre-vo-kinoteka/ Mon, 03 Jun 2024 09:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=784323

Амбасадата на Словачка во Македонија, во чест на 24 мај- Денот на сесловенската писменост организира проекција на филмот „Тајниот код на Константин“ во Кинотеката на Македонија.

Проекцијата ќе се одржи на 4 јуни со почеток во 20 часот.

Документарниот филм со елементи на документарна драма „Тајниот код на Константин – Проглас“ во продукција на Словачката национална радиотелевизија, е снимен во повеќе земји – Словачка, Чешка, Хрватска, Бугарија, Србија, како и во Македонија. Во филмот се прикажани и сцени кои се снимени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

The post „Тајниот код на Константин“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Словачка во Македонија, во чест на 24 мај- Денот на сесловенската писменост организира проекција на филмот „Тајниот код на Константин“ во Кинотеката на Македонија. Проекцијата ќе се одржи на 4 јуни со почеток во 20 часот. Документарниот филм со елементи на документарна драма „Тајниот код на Константин – Проглас“ во продукција на Словачката национална радиотелевизија, е снимен во повеќе земји – Словачка, Чешка, Хрватска, Бугарија, Србија, како и во Македонија. Во филмот се прикажани и сцени кои се снимени во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

The post „Тајниот код на Константин“ утре во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот Метју Лосон го честиташе Св. Кирил и Методиј: Нивниот придонес и дело е од непроценливо значење за македонскиот јазик, култура и писменост https://arhiva3.republika.mk/zivot/ambasadorot-metju-loson-go-chestitashe-sv-kiril-i-metodij-nivniot-pridones-i-delo-e-od-neprotsenlivo-znachene-za-makedonskiot-jazik-kultura-i-pismenost/ Fri, 24 May 2024 18:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=781494

„Честит празник - Свети Кирил и Методиј. Нивниот придонес и дело е од непроценливо значење за македонскиот јазик, култура и писменост. Фотографиите ги направив при мојата последна посета на прекрасниот Охрид каде се воодушевив од убавината на многубројните историски знаменитости.", објави на својот фејсбик профил Метју Лосон, Британски амбасадор

The post Амбасадорот Метју Лосон го честиташе Св. Кирил и Методиј: Нивниот придонес и дело е од непроценливо значење за македонскиот јазик, култура и писменост appeared first on Република.

Учителската мисија на Кирил и Методиј е наша светост и гордост која ја славиме и денес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uchitelskata-misija-na-kiril-i-metodij-e-nasha-svetost-i-gordost-koja-ja-slavime-i-denes/ Fri, 24 May 2024 17:03:57 +0000 https://republika.mk/?p=781469

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска упати честитка по повод Денот на сесловеснките просветители, 24 Мај, честитајќи го празникот со кој ја одбележуваме мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј.

Светите Кирил и Методиј, со својата духовно-просветителска мисија имаат темелно значење за македонската култура и јазик.

Со нивното проповедање и учење ја поставиле основата на словенската писменост и литература. Тие ја обликувале првата азбука позната како глаголица и придонеле за создвањето на денешната наша азбука.

И покрај отпорот и несогласувањето на голем број свештеници и државни водачи, Кирил и Методиј успеале да го наметнат словенскиот јазик во ширење на христијанството, покрај еврејскиот, грчкиот и латинскиот.

Никој не успеал да ја совлада нивната истрајност и упорност во описменување на народите и затоа нивната учителска мисија е наша светост и гордост која ја славиме и денес.

Хроничарите низ историјата запишале дека Кирил и Методиј живееле и твореле за буквите, за јазикот и за писменоста.  Секој 24 мај се присетуваме на нивната големина и важност и му даваме посебно значење на нивниот светоглед и универзалната вредност.

Следејќи ги идеалите и заложбите на сите просветители ние имаме јазик признат во светската ризница на јазици со свои особености и карактеристики. Македонскиот јазик е нашата култура и нашиот идентитет.

И денеска им се поклонуваме за големото трајно дело. Нека ни е честит 24 мај – Денот на сесловенските и македонските просветители!“, вели Костадиновска-Стојчевска во честитката по повод празникот 24 Мај.

The post Учителската мисија на Кирил и Методиј е наша светост и гордост која ја славиме и денес appeared first on Република.

Мицкоски: Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sveti-kiril-i-metodij-se-stozherot-na-nasheto-postoene/ Fri, 24 May 2024 13:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=781419

Светите браќа Кирил и Методиј не се само словенски просветители, тие се рамноапостоли и прогласени за заштитници на Европа. Тоа само го покажува големото дело кое го оставиле зад себе, дело кое после повеќе од еден милениум сеуште е живо како никогаш до сега. И дело врз чии темели се родија и Светите Климент и Наум, зборот на Мисирков, Пулевски, Прличев, Коневски. Таа македонска низа на безвременото дело низ чии корени се изнедри македонскиот збор и писмо. Заслуга на работата на Св. Кирил и Методиј е секој денешен изговорен или напишан збори, стих или текст на македонски или полски, српски или руски, украински или словенечки, чешки, хрватски, бугарски или било кој друг словенски јазик, ова денес по повод Св.Кирил и Методиј го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Тоа е нашиот придонес за културната и јазична ризница на Европа. Браќата Кирил и Методиј со нивната просветителска дејност, преводот на литургиските книги на старословенски, словенската азбука глаголица и ревносната борба против тријазичната ерес ги издигна на пијадесталот меѓу словенскиот род и ги запиша со златни букви не само во македонската историја, туку и во европската и светската. Браќата Кирил и Методиј покажаа пред еден милениум дека нема инфериорни култури и народи, дека нема нееднакви пред божјото слово и божјата правда, дека секоја неправда може да се порази со силната волја и посветеност, работа и труд. Нивниот аманет кој го оставиле е голем, исто како што е големо и нивното име. Тие се денес европски светители и заштитници и секој може да го слави нивното дело, но факт е дека пред повеќе од 1100 години нивните мисионерски чекори почнале од македонската земја и токму од македонската земја го земаат сето свое јазично, културно и идентитетско семе и го шират низ целиот словенски свет. И ако не беше нивната духовна сила, и школа немаше да биде ниту Св. Климент и Св. Наум, кои се најсилната греда врз која се потпира и нашата света православна црква, но и нашата писменост. Затоа Св. Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење, над 1100 години потоа содржејќи ја универзалната порака на единство, посветеност и образование кое има моќ да ја менува реалноста“, вели Мицкоски.

Тој додава дека денес во Македонија десетици илјади деца се надвор од образовниот процес, над 80 илјади живеат во тешка сиромаштија обременети со голата борба за живот. Одбивам да говорам за образованието на ниво на зборови и флоскули, туку тоа мора да се заоснова на дела. Поразително е што многу деца, многу луѓе не само што не се вклучени во обраовниот процес, туку им се одзема шансата да бидат како другите свои врсници и да ги имаат истите услови за образование. Многу од младите луѓе се приморани да работат, од мали нозе, откажувајќи се од својот сон за шанса преку образованието. Уште позагрижувачки е моралната дисторзија во општеството каде неморалното се преставува за морално, а неморалното за принцип кој треба да се следи.

Да не се залажуваме со хартии, планови, извештаи, анализи. Корупцијата ја јаде секоја слободна пора во општеството. Таа ги руши сите стандарди, создава декаденција и станува дел од една би рекол култура на владеење, каде да се даде мито, да се даде поткуп е сосема нормална и неизбежна работа. Од друга страна чесниот народ, мнозинството од народот, кој чесен, трудољубив, и кој премногу долго само сонуваше без да го оствари тој реален сон е веќе изморен од чекање. Го знам копнежот на секој еден вас тука, но и копнежот на илјадници други низ нашата Македонија кои велат ова е последната шанса за нашата држава. Премногу добри луѓе веќе ја напуштија државата или пак живеат живот на постојано патување од родната грутка до својата нова држава каде работат и се борат. Никогаш не смееме да ги обвиниме овие луѓе, туку вината треба да се бара безмалку во сите тие кои над 3 години велеа дека го следат сонот, но реално потфрлија за градба на слободна, просперитетна и успешна Македонија. Некој ќе прашања, како дојдовме до овде? Со многу компромиси на штета на вредностите во кои колнеа дека веруваат. Со многу поделби кои редовно се завесата зад кои се кријат поединечни и најчесто лукративни интереси. Со многу посеана омраза едни кон други и вештачки ѕидови кои се подигнати меѓу реалните луѓе на кое им се сервира тоа семе на злото. До тука дојдовме преку окупирањето на колективната сопственост врз државата и нејзино злоуотребување од стотина луѓе кои ако не се власт, сигурно ќе се заканат со некои подруми, со некои поделби, конфликти или оружје. Тоа семе на зло, роди затруени плодови. И тоа го прават затоа што се уплашени, затоа што знаат дека ако не се власт, не се достојни за привилегии, и немаат додадена вредност во општеството. Народот премногу губеше, премногу е сериозна работата за да мислат тие кои се закануваат дека има нешто повеќе да се загуби во ситуација кога сите ние сме доведени до работ, до линијата преку која не можеме да поминеме, и која се сведува на тоа или ќе не биде, или не, како и тоа дека го немаме изборот, ниту луксузот овој пат да не успееме“, вели Мицкоски.

Тој потенцира дека неговата цел е да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги сооиме изворите на тоа зло со одговорноста која мора да биде неодминлива, апсолутна и неселективна.

Наспроти ова, народот знае дека за сите нас постои едно исто небо под кое живееме, тагуваме и се радуваме. Позади мене е Охридското езеро чиј брег илјадници години обединува луѓе од различни етнички и верски припадности. Не постои лева или десна, на власта или на опозицијата, не постои нешто како лош или добар народ, постои само една, Македонија, со пристојни луѓе кои заслужуваат среќа. Постои само една наша Македонија. Со историја пред која се поклонуваме, и иднина која мораме да ја создаваме сами и за која сме подготвени да се бориме. Немаме време да трошиме за жалење над неправдите врз нас, ниту пак за промашените шанси на тие пред нас. Ние самите мораме да ги создадеме наредните шанси и да ги издвојуваме заедничките победи. Интересно е како една заклетва на Претседателот на Републиката може да го сврти вниманието на целата грчка и европска јавност, а нашето непринципиелно чекање во чекалницата пред Европската Унија повеќе од две и половина децении, со платени високи цени за влез, никако не се коментира ниту е предмет на интерес. Јас сум свесен и за објективните слабости во потенцијалот на институциите, во присуството на корупцијата и акутната неспособност за резултати на власта во заминување, но Македонија плаќање скапа цена поради блокадите на соседите, иако го делиме и заслужуваме заедничкиот европски сон кој е нашата заедничка цел. Во тоа постојано чекање се губи нашето достоинство. Се удира и по нашата самодоверба и колективно самоопределување. Ако гоговорам ова не значи дека се откажувам од тој сон, затоа што и Македонија е Европа и го полага правото за членство во Унијата. Затоа што мал, но многу значаен дел од колективата крепост на Европа и припаѓа и на Македонија, татковината на Св. Климент и Наум, на Света Лидија Македонката, Свети Еразмо Охридски, Горги Кратовски, Злата Мегленска и многу други светители. Врз овие грамадни имиња се потпира и нашата света Македонска Православна Црква, Охридска Архиеископија. Која ја има и ќе продолжи да ја има мојата поддршка во борбата за соувување и идентитско самоопределување, согласно заложбите и апелите на г.г Стефан“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека од друга страна она на што првенствено ќе се посветам е она што најмногу, убедливо најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот и изградба на заедничка иднина. Големата поддршка која ја добивме од граѓаните, значи огромна одговорност да излеземе со чист образ пред граѓаните и да кажеме како стојат работите реално, и без разубавувања, но и да направиме брзи резултати.

Следува ново поглавје, каде државата се враќа на народот, и Македонија мора да има резултати и сила за големи победи. Новото поглавје се темели на одговорност, на морал и вредности кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува. За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме. Многумина од вас овде се гледаат на различни позиции, функции и места, но никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот. Бидете свесни дека секое ваше потрфлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење. Секоја стисната дланка беше рака на подадена надеж. Секој разменет збор беше ново очекување и добиена поддршка која мора да се заслужи и одработи. Мора да се покаже задолжителна доблест и пример во владеењето и да се покаже одговорност. Работете беспоштедно од првиот ден, решавајте што е можно повеќе проблеми и бидете промената која може и мора да се види од првиот час. Секој ќе добие шанса, секој од вас, но таа шанса е обврска која морате да ја исполните. Не планирам да го задржувам потенцијалот на луѓето околу мене, затоа што доколку тоа би го правел би бил себичен, тој мора да се разлее низ институциите кои предолго беа заспани и уништувани и способните да добијат вистинска шанса. Знајте дека ја имате мојата доверба, но и ќе ја имате мојата апсолутна жестокост без пардон доколку било кој од вас влезе во коруптивни или задкулисни игри. На овој светол ден нема да навлегувам во математики, бројки за министерства, туку само ќе кажам дека новата влада ќе промовира и застапува единство и обединување на креативниот и прогресивен потенцијал. Ќе се навратам на зборовите кажани овде. „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? – мораме да сеобединиме под исто знаме, по исто небо и да работиме за заедничката иднина. Кога ќе кажат Македонија е земја без историја или незнаат ништо или намерно и свесно се прават неми пред вистинските паметници на нашата историја која е и длабока, и голема и вкоренета во кодот на секој наш човек. Погледнете го овој манастирски комплекс пред нас, кој вековно опстојува и памети бури и искушенија. Недалеку овде е и Плаошник, подоле Св. Наум и стотина други храмови кои говора зошто нашата историја е скапа и посакувана. Ќе ја сочуваме само ако го продолжиме делото на Св. Кирил и Методиј, само доколку самите создаваме шанси и се бориме за нескршливо единство, да делуваме како едно, сите обединиети како еден. Болката на нашиот пријател е и наша болка. Проблемот на нашиот сосед е и мој проблем. Искушенијата низ кои минуваат нашите деца се и наши искушенија. Само така ќе го постигнеме прогресот во кој веруваме и иднина каква што сакаме да ја имаме, истакна Мицкоски.

Потенцираше дека, Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка. Нека е за многу години празникот. Бог да ја благослови нашата Македонија.

https://www.youtube.com/live/lEBC2XWZBw8?si=NBly50p84c52TUS8

The post Мицкоски: Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење appeared first on Република.

Потенцираше дека, Македонија ќе биде повторно твоја, наша заедничка. Нека е за многу години празникот. Бог да ја благослови нашата Македонија. https://www.youtube.com/live/lEBC2XWZBw8?si=NBly50p84c52TUS8

The post Мицкоски: Свети Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење appeared first on Република.

]]>
Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mojsova-chepishevska-deloto-na-seslovenskite-prosvetiteli-ne-obvrzuva-da-se-borime-za-makedonskite-pismo-jazik-i-knizhevnost/ Fri, 24 May 2024 13:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=781412

„Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители! И да не заборавиме на сето она на што нивното дело нè обврзува, особено нас во чијашто традиција е многу присутен култот кон нив. Светите браќа Кирил и Методиј не се случајно избрани. И не е случајно што тие за свој изворник ги избрале говорите од Солунско! Тие биле избраните и со знаење и со дипломатија да се изборат за наше, словенско писмо и на Словените да им се овозможи слободна официјална употреба на својот, мајчин јазик. И ние, денес, треба секогаш да се бориме за нашето македонско писмо, за нашиот македонски јазик и за велелепната книжевност што се создава со него. Зашто како што порача св. Кирил – сонцето подеднакво свети за сите“!

Ова преку државната телевизија го порача универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Како што вели Мојсова-Чепишевска во своето соопштение, таа се осврнала и на состојбите во македонистиката, при што истакнала дека од 1946 година, Филолошкот факултет „Блаже Конески“ е бастионот на развивањето и грижата за македонскиот јазик. Како што посочи, и денес имаме студенти што ја гарантираат иднината на македонистиката.

„Неслучајно е што имињата на сесловенските просветители се во темелите на нашиот Универзитет. Но името на Универзитетот многу обврзува и треба често да си го поставуваме прашањето на Крсте Мисирков: ‘Што направивме и што треба да направиме за однапред?‘ Не само со бројки и статистики, туку со квалитетот на нашето работење, со посветеност да се вложи во знаењето на најдобрите“, вели Мојсова-Чепишевска.

Таа ги напомена и потребите од вложувања во информатиката, модернизацијата во наставата итн., но сепак, задржувајќи се на квалитетот на работењето и на кадарот што произлегува од студентките клупи.

„Не е важно дали се 5.000 студенти само како бројка, туку важно е дека се вистинските 500 студенти што навистина го сакаат она што го студираат, во нив да се вложи максимумот и потоа тие да можат професионално да се вложат во нашето општество, илустративно“, посочува Мојсова-Чепишевска во своето соопштение.

Во тој контекст таа напоменува колкава е важноста што на Катедрата за македонска книжевност и култура студираат токму оние што навистина ја сакаат книжевната македонистика и што може токму ним во наставата да им се посвети целосно внимание и да им се пренесат знаењата.

Одговарајќи на прашањата и за интересот за македонистиката во странство, меѓу другото, таа вели оти посочила дека посветеноста на странските македонисти се темели и на нивниот интерес за нашата приврзаност кон сесловенските просветители и нивните ученици.

Сите треба да се заложиме и да си го почитуваме македонскиот јазик“, вели Мојсова-Чепишевска.

Таа додава дека ја споделила честитката од својата колешка Добрила Миловска од која со децении, студентите на Катедрата за македонска книжевност и култура учеа за средновековната книжевност и култура, за светите Кирил и Методиј, за глаголицата, за светите Климент и Наум Охридски и другите нивни ученици и следбеници.

„Ова е Ден за паметење, Ден на Моравската мисија, Ден на Глаголицата со која прогледавме и излеговме од мракот на незнаењето“, вели на крајот Весна Мојсова-Чепишевска.

The post Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност appeared first on Република.

]]>

„Нека ни е честит Денот на сесловенските просветители! И да не заборавиме на сето она на што нивното дело нè обврзува, особено нас во чијашто традиција е многу присутен култот кон нив. Светите браќа Кирил и Методиј не се случајно избрани. И не е случајно што тие за свој изворник ги избрале говорите од Солунско! Тие биле избраните и со знаење и со дипломатија да се изборат за наше, словенско писмо и на Словените да им се овозможи слободна официјална употреба на својот, мајчин јазик. И ние, денес, треба секогаш да се бориме за нашето македонско писмо, за нашиот македонски јазик и за велелепната книжевност што се создава со него. Зашто како што порача св. Кирил – сонцето подеднакво свети за сите“! Ова преку државната телевизија го порача универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители. Како што вели Мојсова-Чепишевска во своето соопштение, таа се осврнала и на состојбите во македонистиката, при што истакнала дека од 1946 година, Филолошкот факултет „Блаже Конески“ е бастионот на развивањето и грижата за македонскиот јазик. Како што посочи, и денес имаме студенти што ја гарантираат иднината на македонистиката.
„Неслучајно е што имињата на сесловенските просветители се во темелите на нашиот Универзитет. Но името на Универзитетот многу обврзува и треба често да си го поставуваме прашањето на Крсте Мисирков: ‘Што направивме и што треба да направиме за однапред?‘ Не само со бројки и статистики, туку со квалитетот на нашето работење, со посветеност да се вложи во знаењето на најдобрите“, вели Мојсова-Чепишевска.
Таа ги напомена и потребите од вложувања во информатиката, модернизацијата во наставата итн., но сепак, задржувајќи се на квалитетот на работењето и на кадарот што произлегува од студентките клупи.
„Не е важно дали се 5.000 студенти само како бројка, туку важно е дека се вистинските 500 студенти што навистина го сакаат она што го студираат, во нив да се вложи максимумот и потоа тие да можат професионално да се вложат во нашето општество, илустративно“, посочува Мојсова-Чепишевска во своето соопштение.
Во тој контекст таа напоменува колкава е важноста што на Катедрата за македонска книжевност и култура студираат токму оние што навистина ја сакаат книжевната македонистика и што може токму ним во наставата да им се посвети целосно внимание и да им се пренесат знаењата. Одговарајќи на прашањата и за интересот за македонистиката во странство, меѓу другото, таа вели оти посочила дека посветеноста на странските македонисти се темели и на нивниот интерес за нашата приврзаност кон сесловенските просветители и нивните ученици.
Сите треба да се заложиме и да си го почитуваме македонскиот јазик“, вели Мојсова-Чепишевска.
Таа додава дека ја споделила честитката од својата колешка Добрила Миловска од која со децении, студентите на Катедрата за македонска книжевност и култура учеа за средновековната книжевност и култура, за светите Кирил и Методиј, за глаголицата, за светите Климент и Наум Охридски и другите нивни ученици и следбеници.
„Ова е Ден за паметење, Ден на Моравската мисија, Ден на Глаголицата со која прогледавме и излеговме од мракот на незнаењето“, вели на крајот Весна Мојсова-Чепишевска.
 
The post Мојсова-Чепишевска: Делото на сесловенските просветители нè обврзува да се бориме за македонските писмо, јазик и книжевност appeared first on Република.

]]>
Делото на Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост и е дел македонска и општословенска духовна култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deloto-na-kiril-i-metodij-od-pred-11-veka-e-tsivilizatsiska-pridobivka-na-koja-se-sekavame-so-gordost-i-e-del-makedonska-i-opshtoslovenska-duhovna-kultura/ Fri, 24 May 2024 12:51:51 +0000 https://republika.mk/?p=781404

„Денеска ги чествуваме сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Нематеријалната култура е стожерот на нашиот идентитет. Македонскиот јазик, нашата писменост се најзначајните репрезенти на нашата земја“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, стожер на постоењето!“ која е во рамките на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.

Создавањето на старословенското автономно писмо и глаголската и кириличната азбука е историски настан од исклучителна духовна, општествена, политичка и културна важност. Далекусежни се мислите за описменување на словенскиот род од светите браќа Кирил и Методиј, рамни на неповторливо визионерство“, заклучи тој.

Љутков додаде дека мисијата на светите браќа Кирил и Методиј била стратешка, државничка, политичка. А, мисијата резултирала како обединувачки културен чинител на словенските, словенизираните и на другите балкански и европски народи.

„Ова духовно и културно наследство не прави особено горди, не само нас Македонците, туку цели 11 века претставува репрезентативен, духовен, мемориски чин за сите словенски народи. Без нивната самопожртвуваност светот ќе беше посиромашен за цела една цивилизациска распространетост. Тие го посееја семето на писменост, но ја посееја и љубовта кај своите ученици. Во прв ред кај Климент и Наум тоа семе да се размножува, да трае, рече Љутков.

„Патриотизмот на 21 век бара квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето. Истовремено освојување на светските уметнички сцени, градење општествени економски и политички релации во светот кои значат вклучување во светкиот крвоток. Но, не како претопување во туѓото туку со својата индивидуалност и интегритет збогатувајќи тој крвоток со свој печат. Оттука доколку сакаме од друга страна да им оддадеме почит на нашите светители и просветители, а од друга страна да ја направиме нашата татковина силна, просперитетна и стабилна мораме со сите сили да си ја впрегнеме одговорноста. И така впрегнати да дадеме се од себе и да продолжиме каде што застанале сите оние кои ги чествуваме и на кои се одгледуваме“, порача Љутков.

Тој укажа дека осврнувајќи се на последните години од културолошката депресија неопходно е враќањето на македонското национално достоинство заради одржување и надградување на македонскиот културолошки код. Но, не како работна обврска туку како основа на нашето постоење.

Денес имаме цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со восхит и со гордост македонска и општословенска јазична писмена книжевна и духовна култура како една од водечките во светот. И од овде како генерација Македонци порачуваме и ветуваме дека нема да бидеме срамот туку ќе бидеме бедемот на македонското постоење“, нагласи Љутков.

The post Делото на Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост и е дел македонска и општословенска духовна култура appeared first on Република.

]]>

„Денеска ги чествуваме сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Нематеријалната култура е стожерот на нашиот идентитет. Македонскиот јазик, нашата писменост се најзначајните репрезенти на нашата земја“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, стожер на постоењето!“ која е во рамките на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.
Создавањето на старословенското автономно писмо и глаголската и кириличната азбука е историски настан од исклучителна духовна, општествена, политичка и културна важност. Далекусежни се мислите за описменување на словенскиот род од светите браќа Кирил и Методиј, рамни на неповторливо визионерство“, заклучи тој.
Љутков додаде дека мисијата на светите браќа Кирил и Методиј била стратешка, државничка, политичка. А, мисијата резултирала како обединувачки културен чинител на словенските, словенизираните и на другите балкански и европски народи.
„Ова духовно и културно наследство не прави особено горди, не само нас Македонците, туку цели 11 века претставува репрезентативен, духовен, мемориски чин за сите словенски народи. Без нивната самопожртвуваност светот ќе беше посиромашен за цела една цивилизациска распространетост. Тие го посееја семето на писменост, но ја посееја и љубовта кај своите ученици. Во прв ред кај Климент и Наум тоа семе да се размножува, да трае, рече Љутков.
„Патриотизмот на 21 век бара квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето. Истовремено освојување на светските уметнички сцени, градење општествени економски и политички релации во светот кои значат вклучување во светкиот крвоток. Но, не како претопување во туѓото туку со својата индивидуалност и интегритет збогатувајќи тој крвоток со свој печат. Оттука доколку сакаме од друга страна да им оддадеме почит на нашите светители и просветители, а од друга страна да ја направиме нашата татковина силна, просперитетна и стабилна мораме со сите сили да си ја впрегнеме одговорноста. И така впрегнати да дадеме се од себе и да продолжиме каде што застанале сите оние кои ги чествуваме и на кои се одгледуваме“, порача Љутков. Тој укажа дека осврнувајќи се на последните години од културолошката депресија неопходно е враќањето на македонското национално достоинство заради одржување и надградување на македонскиот културолошки код. Но, не како работна обврска туку како основа на нашето постоење.
Денес имаме цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со восхит и со гордост македонска и општословенска јазична писмена книжевна и духовна култура како една од водечките во светот. И од овде како генерација Македонци порачуваме и ветуваме дека нема да бидеме срамот туку ќе бидеме бедемот на македонското постоење“, нагласи Љутков.

The post Делото на Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост и е дел македонска и општословенска духовна култура appeared first on Република.

]]>
Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-albanija-go-odbelezhaa-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-svetite-braka-kiril-i-metodij/ Fri, 24 May 2024 11:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=781385

Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост.

На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, претседателот на партијата Васил Стерјовски оцени дека солунските браќа се исклучителни личности, чие дело во ширењето на словенската писменост останува фундамент во нашата култура и образование.

-Македонците од Албанија, сме горди наследници на нивната мисија, продолжувајќи да гo чуваме и негуваме македонскиот јазик, култура и традиции. Ова манифестација е одраз на нашата заедничка решеност да го зајакнеме и сочуваме македонскиот идентитет преку границите, рече тој.

Исто така, додаде, не можеме да останеме неми на историските настани кои ги обележаа Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Нивната борба и страдања, нагласи тој, особено за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, оставија длабоки рани. Поддршката на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на секоја иницијатива за враќање на нивните права е израз на нашата солидарност и обврска кон правдата.

-Сакам да ја искористам оваа прилика, за да потенцирам дека историјата не треба да се заборави и треба активно да се работи за тоа таквите горчливи периоди никогаш повеќе да не се повторат. Нека овој настан биде уште еден чекор кон засилување на врските и меѓусебното разбирање меѓу сите Македонци. Нека е честит и за многу години денот на македонските и сесловенските просветители, посака Стерјовски.

На свеченоста присуствуваа заменик градоначалникот на општина Пустец, Атанас Плоча, отец Алексо Темелко, како и претставници на училиштата и други гости.

Присутните ги поздравија и Ташко Јовановски претседател на Здружението за духовно обединување Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, професорката Нада Јурукова која зборуваше за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како и професорката Виолета Ачковска која во своето обраќање зборуваше за Македонците од Егејска Македонија и граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

The post Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост. На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, претседателот на партијата Васил Стерјовски оцени дека солунските браќа се исклучителни личности, чие дело во ширењето на словенската писменост останува фундамент во нашата култура и образование.
-Македонците од Албанија, сме горди наследници на нивната мисија, продолжувајќи да гo чуваме и негуваме македонскиот јазик, култура и традиции. Ова манифестација е одраз на нашата заедничка решеност да го зајакнеме и сочуваме македонскиот идентитет преку границите, рече тој.
Исто така, додаде, не можеме да останеме неми на историските настани кои ги обележаа Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нивната борба и страдања, нагласи тој, особено за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, оставија длабоки рани. Поддршката на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на секоја иницијатива за враќање на нивните права е израз на нашата солидарност и обврска кон правдата.
-Сакам да ја искористам оваа прилика, за да потенцирам дека историјата не треба да се заборави и треба активно да се работи за тоа таквите горчливи периоди никогаш повеќе да не се повторат. Нека овој настан биде уште еден чекор кон засилување на врските и меѓусебното разбирање меѓу сите Македонци. Нека е честит и за многу години денот на македонските и сесловенските просветители, посака Стерјовски.
На свеченоста присуствуваа заменик градоначалникот на општина Пустец, Атанас Плоча, отец Алексо Темелко, како и претставници на училиштата и други гости. Присутните ги поздравија и Ташко Јовановски претседател на Здружението за духовно обединување Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, професорката Нада Јурукова која зборуваше за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како и професорката Виолета Ачковска која во своето обраќање зборуваше за Македонците од Егејска Македонија и граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

The post Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-polozhi-venets-pred-spomen-plochata-na-makedonski-jazik-vo-bazilikata-santa-marija-madhore-vo-rim/ Fri, 24 May 2024 10:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=781376

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од РИМ, Сиљановска Давкова и делегацијата претходно присуствуваа на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата Свети Климент. За попладнево е предвидено Сиљановска Давкова да се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела по што ќе даде изјава за медиумите.

Сиљановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присустува како набљудувач.

-Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила, рече Сиљановска Давкова.

На средбата, како што истакна, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните од католичката вероисовест кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат.

Сиљановска Давкова на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.

The post Сиљановска Давкова положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и државно-црковната делегацијата кои се во посета на Рим и Ватикан по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, положија венец цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“. Како што јави специјалниот известувач на МИА од РИМ, Сиљановска Давкова и делегацијата претходно присуствуваа на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата Свети Климент. За попладнево е предвидено Сиљановска Давкова да се сретне со италијанскиот претседател Серџо Матарела по што ќе даде изјава за медиумите. Сиљановска Давкова, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на претседателската функиција, официјално ја почна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присустува како набљудувач.
-Триесет години потоа во соработката рековме дека успесите се очигледни. Потврдивме дека во посетата во 2019 година беше неверојатно инспиративна не само кон малото стадо, на кое папата му порача да не се плаши, туку за сите религии, дека сме пример за религиозен дијалог, дека Ватикан верува во нашата сила, рече Сиљановска Давкова.
На средбата, како што истакна, изразила разбирање за склучување на конкордат со Ватикан, бидејќи системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на Католичката црква и христијаните од католичката вероисовест кај нас. Таа посочи оти овие прашања таа самостојно не може да ги реши бидејќи не е надлежна, но дека во соработка со Владата може многу лесно да се надминат. Сиљановска Давкова на одбележувањето на 24 Мај ја предводи државно-црковната делегација, во чиј состав се и заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди, амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. Делегацијата на МПЦ-ОА ја претставуваат владиците Тимотеј и Пимен, додека Католичката црква ја претставува протојереј ставрофор, Зоран Стојанов. Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација.  

The post Сиљановска Давкова положи венец пред спомен-плочата на македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим appeared first on Република.

]]>
Денес ги славиме Свети Кирил и Методиј: Се верува дека ова никако не смее да се направи! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/denes-gi-slavime-sveti-kiril-i-metodij-se-veruva-deka-ova-nikako-ne-smee-da-se-napravi/ Fri, 24 May 2024 08:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=781329

Оваа година празникот посветен на Кирил и Методиј се паѓа во петок, што значи дека секој верник би требало да пости. Исто така, сите обврски по дома би требало да ги оставите за друг ден, бидејќи на овој празник не се пере, не се шие, ниту се прават какви било други тешки задачи.

Кирил и Методиј биле браќа од Солун, кои ги ширеле писменоста и христијанството меѓу неписмените Словени во кнежевството на Велика Моравија и Панонија.

Со својата работа тие помогнале за културниот напредок на Словените, поради што останале запаметени како „словенските апостоли“.

Со преводот на литургиските и библиските книги, Кирил и Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. Нивните ученици Климент и Наум го составиле писмото кирилица.

Кај Македонците, Русите, Украинците, Бугарите, Словаците и Чесите, денот на Свети Кирил и Методиј е културен Ден на словенската писменост и култура.

The post Денес ги славиме Свети Кирил и Методиј: Се верува дека ова никако не смее да се направи! appeared first on Република.

]]>

Оваа година празникот посветен на Кирил и Методиј се паѓа во петок, што значи дека секој верник би требало да пости. Исто така, сите обврски по дома би требало да ги оставите за друг ден, бидејќи на овој празник не се пере, не се шие, ниту се прават какви било други тешки задачи. Кирил и Методиј биле браќа од Солун, кои ги ширеле писменоста и христијанството меѓу неписмените Словени во кнежевството на Велика Моравија и Панонија. Со својата работа тие помогнале за културниот напредок на Словените, поради што останале запаметени како „словенските апостоли“. Со преводот на литургиските и библиските книги, Кирил и Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. Нивните ученици Климент и Наум го составиле писмото кирилица. Кај Македонците, Русите, Украинците, Бугарите, Словаците и Чесите, денот на Свети Кирил и Методиј е културен Ден на словенската писменост и култура.

The post Денес ги славиме Свети Кирил и Методиј: Се верува дека ова никако не смее да се направи! appeared first on Република.

]]>
Светите Кирил и Методиј да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svetite-kiril-i-metodij-da-se-slavat-od-site-narodi-vo-tsiviliziraniot-svet-na-koj-mu-podarija-slovo-bukvi-pismenost-i-prosvetlenie/ Wed, 24 May 2023 13:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=644266

Пред повеќе од еден милениум, Светите Кирил и Методиј на светот му ја носеа писменоста. Денес ние на Македонија мораме да и ја донесеме иднината која овој народ ја заслужува и му е неопходна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената церемонија во црквата Св. Софија, по повод Денот на сесловенските просветители -24 Мај.

Мицкоски истакна дека Светите браќа Кирил и Методиј се нашата светлина, прозорец кон светот и непроценливо богатство кое со голема надеж и со огромна волја го предаваме на човештвото. Тоа се, посочи, добротворите на најсилното оружје кое еден народ може да го има во своите раце - писменоста, како средство за борба против незнаењето, словото како светлина која овозможува народите да прогледаат и да застанат на свои нозе, и да ја осознаат и ценат својата самобитност.

Според Мицкоски, Свети Кирил и Методиј оставиле дело кое не само што е пред времето, туку еден милениум подоцна го победува времето и останува да свети пред луѓето.

За Мицкоски е беспредметна, многу ограничена и несуштинска дебатата чии се Светите браќа Кирил и Методиј.

-Тие му припаѓаат на цивилизираниот свет, и ние како нивна колевка, како и земја и народ од кој потекнува тоа семе, овие просветители целосно се согласуваме да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление, рече Мицкоски.

Тој не се согласува, како што рече, со ирационалноста на политиката на источниот сосед кој негира секаква наша поврзаност со овие свети браќа и нашето човечко и цивилизациско право да се потпираме на нивното дело и да полагаме право на нивното наследство.

- И во тие нивни негаторски политики не само што нема никаква историска поткрепа, туку се повеќе станува очигледно дека нема темел на кој се потпира оваа Македонија и народ кој не сакаат силно да го затресат, посочи Мицкоски, наведувајќи и дека  „нашите првенци од власта остануваа молчаливи во однос на многу отровни стрели и пропагандни пораки на источниот сосед“.

Осврнувајќи се на состојбите во државата, повторно повика на единство на народот и национално обединување и порача дека секој треба да даде максимум за да се изгради нова подобра иднина за сите во државава, како и дека мора да сфатиме дека нема такво моќно оружје во светот како што е борбата за економска обнова, културен развој и технолошки напредок.

-А сето ова зависи од волјата на слободните мажи и жени, од луѓето на Македонија. Тоа е нешто што ние како народ и држава го поседуваме, но треба да дојдат одговорни луѓе кои ќе дадат шанса на огромното мнозинство кое го носи тој потенцијал. Пред повеќе од еден милениум, Светите Кирил и Методиј на светот  му ја носеа писменоста. Денес ние на Македонија мораме да и ја донесеме иднината која овој народ ја заслужува и му е неопходна. Лошата вест е што врхушката на општеството е фрагментирана и драматично поделена за сите прашања и теми за кои мора да постои единство. Сите мои предупредувања и повици за национално единство за важните теми за Македонците за жал се одбиени од другата страна, а кога постои неединство, тие кои го сакаат туѓото, единствено ја користат таквата необединетост, наведе Мицкоски.

Кога нема мудрост и разбирање за национално единство кај носителите на власта,  дополни тој, тогаш јас повикувам на единство на народот и национално обединување.   И воедно ние како политичка партија и јас лично ја прифаќаме улогата да бидеме на браникот пред сите налети на национално обезличување, опустошување и обезличување.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака и дека македонскиот јазик е нашата суштина, на кој растеле нашите баби дедовци, мајки и татковци, ние и нашите деца, на кој се раскажува нашата историја, нашата приказна во светот, како и нашиот идентитет.

Порача и дека „нема лева или десна туку дека постои само една Македонија. Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство. Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме, рече Мицксоки.

Поддржувам непромена на уставот на МПЦ-ОА и силно поддржувам секоја понатамошна одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква.

Мицкоски повика и за национално обединување и силна поддршка за Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија и оцени дека одлуката за канонско единство со останатите православни цркви е една од најсветлите одлуки важна за нашата црква и македонскиот идентитет и тоа најмногу е заслуга на МПЦ-ОА.

-Сакам во овој момент да ја дадам мојата целосна поддршка за нашата Света Македонска Православна Црква - Охридската Архиепископија. Нашата црква низ вековите била и остана еден од најсуштествените столбови за опстојување на народот. Секогаш таа била засолниште за сите премрежија низ која минувале луѓето низ вековите, а нашиот народ не престана да верува во Бога и да се моли на Бога, посочи Мицкоски.

Во однос на последните случувања и исчекувањето на добивањето на Томосот за автокефалност, Мицкоски додаде дека тој лично поддржува единствено само непромена на уставот на МПЦ-ОА, под  каков било предизвик и под какви било уцени, при што не смее да има промена на уставот.

-Воедно сите оние кои на некој начин сакаат да го тестираат единството во нашата Свети Климентова црква, како и да вметнуваат некакви зрна на сомнеж, нека ги погледнат преполните цркви, преполните манастири како најдобар доказ за живоста на нашата црква и нејзината сила и свесноста на верниците за предизвиците кои се случуваат. Некогаш молкот кој се случува за некои работи не е порака за согласност, туку одбивање да се влегува во плановите на оние кои го нарушуваат единството. И во поглед на актуелностите и случувањата, потенцирам во поглед на актуелностите и случувањата, јас поддржувам единствено непромена на уставот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепикопија, под било каков предизвик и под било какви уцени, не смее да има промена на уставот на МПЦ-ОА, истакна Мицкоски.

Верува, како што дополни, дека Синодот и поглаварот на МПЦ-ОА ќе донесат одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква.

Силно ја поддржувам секоја понатамошна одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква, додаде Мицкоски.

Активностите што ги најави ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на сесловенските просветители претпладне стартуваа со отворање изложба на ракописи од глаголско и кирилско писмо во дворот на црквата Св. Софија,  а попладне  ќе се одржи трибина за делото на Св. Кирил и Методиј во Долни Сарај.

The post Светите Кирил и Методиј да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление appeared first on Република.

]]>

Пред повеќе од еден милениум, Светите Кирил и Методиј на светот му ја носеа писменоста. Денес ние на Македонија мораме да и ја донесеме иднината која овој народ ја заслужува и му е неопходна, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на свечената церемонија во црквата Св. Софија, по повод Денот на сесловенските просветители -24 Мај. Мицкоски истакна дека Светите браќа Кирил и Методиј се нашата светлина, прозорец кон светот и непроценливо богатство кое со голема надеж и со огромна волја го предаваме на човештвото. Тоа се, посочи, добротворите на најсилното оружје кое еден народ може да го има во своите раце - писменоста, како средство за борба против незнаењето, словото како светлина која овозможува народите да прогледаат и да застанат на свои нозе, и да ја осознаат и ценат својата самобитност. Според Мицкоски, Свети Кирил и Методиј оставиле дело кое не само што е пред времето, туку еден милениум подоцна го победува времето и останува да свети пред луѓето. За Мицкоски е беспредметна, многу ограничена и несуштинска дебатата чии се Светите браќа Кирил и Методиј. -Тие му припаѓаат на цивилизираниот свет, и ние како нивна колевка, како и земја и народ од кој потекнува тоа семе, овие просветители целосно се согласуваме да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление, рече Мицкоски. Тој не се согласува, како што рече, со ирационалноста на политиката на источниот сосед кој негира секаква наша поврзаност со овие свети браќа и нашето човечко и цивилизациско право да се потпираме на нивното дело и да полагаме право на нивното наследство. - И во тие нивни негаторски политики не само што нема никаква историска поткрепа, туку се повеќе станува очигледно дека нема темел на кој се потпира оваа Македонија и народ кој не сакаат силно да го затресат, посочи Мицкоски, наведувајќи и дека  „нашите првенци од власта остануваа молчаливи во однос на многу отровни стрели и пропагандни пораки на источниот сосед“. Осврнувајќи се на состојбите во државата, повторно повика на единство на народот и национално обединување и порача дека секој треба да даде максимум за да се изгради нова подобра иднина за сите во државава, како и дека мора да сфатиме дека нема такво моќно оружје во светот како што е борбата за економска обнова, културен развој и технолошки напредок. -А сето ова зависи од волјата на слободните мажи и жени, од луѓето на Македонија. Тоа е нешто што ние како народ и држава го поседуваме, но треба да дојдат одговорни луѓе кои ќе дадат шанса на огромното мнозинство кое го носи тој потенцијал. Пред повеќе од еден милениум, Светите Кирил и Методиј на светот  му ја носеа писменоста. Денес ние на Македонија мораме да и ја донесеме иднината која овој народ ја заслужува и му е неопходна. Лошата вест е што врхушката на општеството е фрагментирана и драматично поделена за сите прашања и теми за кои мора да постои единство. Сите мои предупредувања и повици за национално единство за важните теми за Македонците за жал се одбиени од другата страна, а кога постои неединство, тие кои го сакаат туѓото, единствено ја користат таквата необединетост, наведе Мицкоски. Кога нема мудрост и разбирање за национално единство кај носителите на власта,  дополни тој, тогаш јас повикувам на единство на народот и национално обединување.   И воедно ние како политичка партија и јас лично ја прифаќаме улогата да бидеме на браникот пред сите налети на национално обезличување, опустошување и обезличување. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати порака и дека македонскиот јазик е нашата суштина, на кој растеле нашите баби дедовци, мајки и татковци, ние и нашите деца, на кој се раскажува нашата историја, нашата приказна во светот, како и нашиот идентитет. Порача и дека „нема лева или десна туку дека постои само една Македонија. Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство. Не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме, рече Мицксоки. Поддржувам непромена на уставот на МПЦ-ОА и силно поддржувам секоја понатамошна одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква. Мицкоски повика и за национално обединување и силна поддршка за Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија и оцени дека одлуката за канонско единство со останатите православни цркви е една од најсветлите одлуки важна за нашата црква и македонскиот идентитет и тоа најмногу е заслуга на МПЦ-ОА. -Сакам во овој момент да ја дадам мојата целосна поддршка за нашата Света Македонска Православна Црква - Охридската Архиепископија. Нашата црква низ вековите била и остана еден од најсуштествените столбови за опстојување на народот. Секогаш таа била засолниште за сите премрежија низ која минувале луѓето низ вековите, а нашиот народ не престана да верува во Бога и да се моли на Бога, посочи Мицкоски. Во однос на последните случувања и исчекувањето на добивањето на Томосот за автокефалност, Мицкоски додаде дека тој лично поддржува единствено само непромена на уставот на МПЦ-ОА, под  каков било предизвик и под какви било уцени, при што не смее да има промена на уставот. -Воедно сите оние кои на некој начин сакаат да го тестираат единството во нашата Свети Климентова црква, како и да вметнуваат некакви зрна на сомнеж, нека ги погледнат преполните цркви, преполните манастири како најдобар доказ за живоста на нашата црква и нејзината сила и свесноста на верниците за предизвиците кои се случуваат. Некогаш молкот кој се случува за некои работи не е порака за согласност, туку одбивање да се влегува во плановите на оние кои го нарушуваат единството. И во поглед на актуелностите и случувањата, потенцирам во поглед на актуелностите и случувањата, јас поддржувам единствено непромена на уставот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепикопија, под било каков предизвик и под било какви уцени, не смее да има промена на уставот на МПЦ-ОА, истакна Мицкоски. Верува, како што дополни, дека Синодот и поглаварот на МПЦ-ОА ќе донесат одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква. Силно ја поддржувам секоја понатамошна одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква, додаде Мицкоски. Активностите што ги најави ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на сесловенските просветители претпладне стартуваа со отворање изложба на ракописи од глаголско и кирилско писмо во дворот на црквата Св. Софија,  а попладне  ќе се одржи трибина за делото на Св. Кирил и Методиј во Долни Сарај.

The post Светите Кирил и Методиј да се слават од сите народи во цивилизираниот свет на кој му подарија слово, букви, писменост и просветление appeared first on Република.

]]>
Борисов предлага промена на бугарскиот национален празник: Кирил и Методиј да се слават наместо руското ослободување на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/borisov-predlaga-promena-na-bugarskiot-nacionalen-praznik-kiril-i-metodij-da-se-slavat-namesto-ruskoto-osloboduvanje-na-bugarija/ Sat, 16 Jul 2022 08:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=529673

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, предложи 24 мај да биде прогласен за национален празник на Бугарија наместо 3 март, што предизвика скандал во Бугарија.

Одлуката на пратениците на ГЕРБ-СДС за предлогот националниот празник на Бугарија да биде 24 мај, е тоа што тоа е денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература.

Друга причина за барањето ваква промена е тоа што на 3 март, Бугарија изразува благодарност до Русија за ослободувањето од османлиската власт и формирањето на Санстефанска Бугарија.

Петар Канев од Бугарската социјалистичка партија на дебатата изјави дека 24 мај е официјален празник во Русија. Од своја страна, пратеникот од ГЕРБ-СДС Петар Николов изјави дека ова е празник и во Македонија, но додаде дека доброто е што 24 мај обединува, а не раздвојува како 3 март.

Пратеникот од бугарските социјалисти Иван Петков ги праша колегите од ГЕРБ-СДС што ако не се слчучел 3 март, што ќе правеа на 24 мај и дали немаше да се слави празникот на турската азбука и дали Бугарија немаше да беше турски султанат.

Пратеникот од ГЕРБ-СДС Тома Биков одговори дека да не беше 24 мај, немаше да биде трети март и го обвини колегата од БСП дека не знаел дека тогаш немало турско писмо, туку арапско.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент.

Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој начин.

The post Борисов предлага промена на бугарскиот национален празник: Кирил и Методиј да се слават наместо руското ослободување на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, предложи 24 мај да биде прогласен за национален празник на Бугарија наместо 3 март, што предизвика скандал во Бугарија. Одлуката на пратениците на ГЕРБ-СДС за предлогот националниот празник на Бугарија да биде 24 мај, е тоа што тоа е денот на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература. Друга причина за барањето ваква промена е тоа што на 3 март, Бугарија изразува благодарност до Русија за ослободувањето од османлиската власт и формирањето на Санстефанска Бугарија. Петар Канев од Бугарската социјалистичка партија на дебатата изјави дека 24 мај е официјален празник во Русија. Од своја страна, пратеникот од ГЕРБ-СДС Петар Николов изјави дека ова е празник и во Македонија, но додаде дека доброто е што 24 мај обединува, а не раздвојува како 3 март. Пратеникот од бугарските социјалисти Иван Петков ги праша колегите од ГЕРБ-СДС што ако не се слчучел 3 март, што ќе правеа на 24 мај и дали немаше да се слави празникот на турската азбука и дали Бугарија немаше да беше турски султанат. Пратеникот од ГЕРБ-СДС Тома Биков одговори дека да не беше 24 мај, немаше да биде трети март и го обвини колегата од БСП дека не знаел дека тогаш немало турско писмо, туку арапско. Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент. Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој начин.

The post Борисов предлага промена на бугарскиот национален празник: Кирил и Методиј да се слават наместо руското ослободување на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Во чест на светите браќа Кирил и Методиј : Проекција на „Медена земја“ во Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-chest-na-svetite-brakja-kiril-i-metodij-proekcija-na-medena-zemja-vo-rim/ Tue, 24 May 2022 18:02:17 +0000 https://republika.mk/?p=506485

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и членовите на државно-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан, денеска во киното „Тицијани“ присуствуваа на проекција на документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубимир Стефанов.

Присутните ги поздравија амбасадорот на Македонија во Италија, Весел Мемеди и Лавинија Де Николо, претседателка на Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ, воедно и иницијатори на настанот.

Амбасадорот Мемеди изрази задоволство за можноста токму на 24 Мај, Денот на Светите Кирил и Методиј, македонската култура е презентирана пред италијанската јавност.

Големо е задоволството што токму денеска, на 24 Мај, Светите Кирил и Методиј, заедно со Мајка Тереза, придонесоа преку проекцијата на „Медена земја“, нашата земја и култура да бидат препознатливи не само во Италија туку и во светот. Се надевам дека медот ќе биде доволно сладок, за да ја натера италијанската јавност да ја посети нашата Медна земја, рече амбасадорот Мемеди.

Претседателката на Асоцијацијата „Жени дипломати“ Лавинија Де Николо, истакна дека станува збор за одличен филм, и додаде дека најважниот дел е грижата за нашата околина, нешто што долго време се запоставува.

Гостите и посетителите кои ја проследија борбената и емотивна приказна на Атиџе Муратова, беа топло пречекани и со специјалитети од македонската кујна.

Претходно македонската државно-црковна делегација оддаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, каде митрополитите г. Пимен и г. Јосиф одржаа молебен во чест на Св. Кирил.

Со проекција на „Медена земја“, беше заокружен културно-уметничкиот дел и програмата по повод традиционалното чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим.

The post Во чест на светите браќа Кирил и Методиј : Проекција на „Медена земја“ во Рим appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и членовите на државно-црковната делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан, денеска во киното „Тицијани“ присуствуваа на проекција на документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубимир Стефанов. Присутните ги поздравија амбасадорот на Македонија во Италија, Весел Мемеди и Лавинија Де Николо, претседателка на Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ, воедно и иницијатори на настанот. Амбасадорот Мемеди изрази задоволство за можноста токму на 24 Мај, Денот на Светите Кирил и Методиј, македонската култура е презентирана пред италијанската јавност.
Големо е задоволството што токму денеска, на 24 Мај, Светите Кирил и Методиј, заедно со Мајка Тереза, придонесоа преку проекцијата на „Медена земја“, нашата земја и култура да бидат препознатливи не само во Италија туку и во светот. Се надевам дека медот ќе биде доволно сладок, за да ја натера италијанската јавност да ја посети нашата Медна земја, рече амбасадорот Мемеди.
Претседателката на Асоцијацијата „Жени дипломати“ Лавинија Де Николо, истакна дека станува збор за одличен филм, и додаде дека најважниот дел е грижата за нашата околина, нешто што долго време се запоставува. Гостите и посетителите кои ја проследија борбената и емотивна приказна на Атиџе Муратова, беа топло пречекани и со специјалитети од македонската кујна. Претходно македонската државно-црковна делегација оддаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“, каде митрополитите г. Пимен и г. Јосиф одржаа молебен во чест на Св. Кирил. Со проекција на „Медена земја“, беше заокружен културно-уметничкиот дел и програмата по повод традиционалното чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим.  

The post Во чест на светите браќа Кирил и Методиј : Проекција на „Медена земја“ во Рим appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Епохалното дело на Св. Кирил и Методиј им овозможи на словенските народи самоуверено да зачекорат на светската цивилизациска сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-epohalnoto-delo-na-sv-kiril-i-metodij-im-ovozmozi-na-slovenskite-narodi-samouvereno-da-zachekorat-na-svetskata-civilizaciska-scena/ Tue, 24 May 2022 10:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=506335

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата која ја предводи, во Рим во базиликата Сан Клементе, пред гробот на Свети Кирил, оддадоа почит по повод празникот – Денот на сесловенските просветители.

„Подвигот на светите браќа Кирил и Методиј и нивниот ученик Свети Климент ја задолжи тогашната сесловенска христијанска цивилизација. Нивната мисија, Библијата да биде достапна и на сите јазици на сите Словени и тогаш и денес има наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога.

Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени и старословенскиот јазик да се воведе во црковните служби. Истовремено, Светите Кирил и Методиј и нивните ученици, ќе започнат и далеку поширока културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои подоцна ќе произлезе и Светиклиментовата Охридска школа.

Епохалното дело на Светите Кирил и Методиј, на различните словенски народи им овозможи самоуверено да зачекорат на светската цивилизациска сцена. Во тој дух, ние денес оддаваме почит на делото на Светите браќа, заедно со сите останати словенски и други народи, кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство, и ги слават со достоинство и чест. Затоа и Папата Јован Павле Втори во својата енциклика, од 31 декември 1980 година, ги прогласи Светите браќа за заштитници на Европа, вели Ковачевски.

The post Ковачевски: Епохалното дело на Св. Кирил и Методиј им овозможи на словенските народи самоуверено да зачекорат на светската цивилизациска сцена appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата која ја предводи, во Рим во базиликата Сан Клементе, пред гробот на Свети Кирил, оддадоа почит по повод празникот – Денот на сесловенските просветители.
„Подвигот на светите браќа Кирил и Методиј и нивниот ученик Свети Климент ја задолжи тогашната сесловенска христијанска цивилизација. Нивната мисија, Библијата да биде достапна и на сите јазици на сите Словени и тогаш и денес има наднационална, цивилизаторска и обединувачка улога. Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени и старословенскиот јазик да се воведе во црковните служби. Истовремено, Светите Кирил и Методиј и нивните ученици, ќе започнат и далеку поширока културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои подоцна ќе произлезе и Светиклиментовата Охридска школа. Епохалното дело на Светите Кирил и Методиј, на различните словенски народи им овозможи самоуверено да зачекорат на светската цивилизациска сцена. Во тој дух, ние денес оддаваме почит на делото на Светите браќа, заедно со сите останати словенски и други народи, кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство, и ги слават со достоинство и чест. Затоа и Папата Јован Павле Втори во својата енциклика, од 31 декември 1980 година, ги прогласи Светите браќа за заштитници на Европа, вели Ковачевски.
 
The post Ковачевски: Епохалното дело на Св. Кирил и Методиј им овозможи на словенските народи самоуверено да зачекорат на светската цивилизациска сцена appeared first on Република.

]]>
Кирил и Методиј се бореле против бугаризација на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kiril-i-metodij-se-borele-protiv-bugarizacija-na-makedonija/ Tue, 24 May 2022 08:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=506310

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

Уште повеќе, ваквите присвојни тенденции отворено се пројавуваат и во современието, прераснувајќи во политичко прашање на современиот идентитет и наследство, пишува во колумна за Нова Македонија Митко Б. Панов, историчар и универзитетски професор при Институтот за национална историја – Скопје.

Затоа, добро е накратко да го согледаме историскиот контекст, за да се обидеме да разбереме зашто во 21 век, некои европски држави се обидуваат да обезбедат национален ексклузивитет на славните просветители, проектирајќи ги своите политички догматизирани историски ревизионизми во минатото.

Специфичноста на историската улога на Константин/Кирил и Методиј за Македонија, Балканот и Европа се манифестира преку повеќекратната димензија на нивната сесловенска просветителска и мисионерска дејност и инволвирањето на клучните политички и црковни фактори од тоа време. Од иницијалната политичко-религиска агенда заснована на имплементација на византиската идеолошка програма во Македонија и креатори на словенската азбука, тие станале промотори на словенската писменост и култура надвор од империјалните граници.

Меѓутоа, наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век. Уште повеќе, ваквите присвојни тенденции отворено се пројавуваат и во современието, прераснувајќи во политичко прашање на современиот идентитет и наследство. Затоа, добро е накратко да го согледаме историскиот контекст, за да се обидеме да разбереме зашто во 21 век, некои европски држави се обидуваат да обезбедат национален ексклузивитет на славните просветители, проектирајќи ги своите политички догматизирани историски ревизионизми во минатото. Изворната перспектива на авторите на Житието на Св. Кирил и Житието на Свети Методиј, сосема јасно ја рефлектира словенската димензија преку употребата на термините „словенски јазик“ и „словенски народ“ при дескрипцијата на делото на нивните учители. Тоа сосема јасно покажува дека учениците на Св. Кирил и Методиј, меѓу кои бил и Св. Климент, ја дефинирале нивната дејност во согласност со словенскиот концепт, посочувајќи дека тие биле Солуњани, a „сите Солуњани зборуваат чисто словенски“. Токму говорниот словенски јазик во Солун и Македонија станал основа за создавање на словенската азбука – глаголицата од Кирил, поддржан од Методиј. Византискиот двор на Методиј му ја доверил мисијата за реализирање на идеолошка програма во поранешната Склавинија во Македонија, во функција на зајакнување на пограничната одбрана наспроти Бугарија.

Со испраќањето на Кирил и Методиј на мисија во Моравија и инволвирањето на Папството во легитимирањето на словенскиот јазик, нивното дело добило општоевропска димензија. Индикативно е дека Кирил и Методиј и нивните мисии целосно биле премолчени од страна на современите византиски автори и подложени на „заборавот“. Тоа ги прави словенските житија појдовна основа на изворната интерпретација на нивната дејност, со исклучив словенски карактер. Првите византиски наративи за светите браќа произлегле од идеолошкиот амбиент на Охридската архиепископија, на крајот на 11 и почетокот на 12 век. Архиепископот Теофилакт Охридски, преку Житието на Св. Климент Охридски, претендирал да креира непосредна поврзаност на Охридската архиепископија со кирилометодиевското наследство и да ги доведе христијанските светители и култови од Македонија во непосредна врска со традициите на Архиепископијата.

Притоа, Теофилакт терминолошки ги адаптирал изворните словенски сведоштва, доведувајќи ги во контекст на современата административно-црковна терминологија воведена од византискиот император Василиј II во 1018 година, по ликвидирањето на Самуиловата држава. Оваа терминологија воопшто немала етничко значење, туку претставувала маркер за означување на територијалната припадност кон Византија, како што биле и другите административни територии. Ваквата проектирана адаптација на изворната терминологија била искористена од лидерите на Бугарско-влашката држава кон крајот на 12 и почетокот на 13 век за демонстрирање на сопствените претензии кон Македонија и на Охридската архиепископија.

Преку копирањето и адаптирањето на византискиот конструиран наратив, што го вклучувало и манипулирањето со терминологијата и измислувањето на традициите, тие го иницирале вештачкиот процес на „бугаризација“ на Светите Кирил и Методиј. Тоа претставувало начин да се креира историско оправдување за претензиите кон византиската територија и Охридската архиепископија, иако Кирил и Методиј немале ништо заедничко со бугарската држава во 9 век.

Напротив, изворните сведоштва јасно демонстрираат дека нивното дејствување, првенствено на Методиј, било насочено кон спречување на бугарските напредувања кон Македонија, како византиска територија. Друго е прашањето што Теофилакт го адаптирал историскиот контекст, со констатацијата дека „великиот Методиј непрекинато го дарувал со благодејанијата на сопствените зборови и кнезот на Бугарите, Борис, којшто живеел во времето на византискиот император Михаил, кого порано го направил свое духовно чедо и кого го приврзал кон себеси преку прекрасниот јазик“. Тоа бил историски конструкт со кој Теофилакт претендирал да ја демонстрира надмоќта на Методиј над бугарскиот владетел, а која во реалноста не постоела со оглед на отсуството на каков било контакт помеѓу нив. Впрочем, изворно е потврдено дека бугарскиот владетел бил паганин и покрстен дури во 864 година од страна на византискиот двор, во што не учествувал Методиј.

Теофилакт всушност настојувал да ја демонстрира византиската идеолошка доминација, преку акцентирањето на супериорноста на Методиј во однос на словенските кнезови Ростислав и Коцељ, меѓу кои го вклучил и бугарскиот владетел Борис, иако му било многу добро познато дека ниту Методиј ниту Кирил кога било ја посетиле бугарската држава. Охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан, во почетокот на 13 век, креирал дополнителна претстава дека Св. Климент всушност го добил епископското достоинство над „цел Илирик“ директно од архиепископот Методиј, што му овозможило да го адаптира Теофилактовиот историски конструкт, правејќи идентитетска замена на Св. Методиј со Св. Климент како одговорен за христијанската конверзија на Борис.

Сето тоа било измислено со цел да се демонстрира идеолошката доминација на Византија и на Охридската архиепископија, особено во услови на загрозеност од аспирациите на новите балкански политички и црковни елити. По завладувањата на Османлиите на поголемиот дел од Балканот, култот на Светите Кирил и Методиј и нивните ученици продолжил да се одржува во Македонија во рамките на Охридската архиепископија, за што сведочат најстарите визуелни претстави на овие светители.

Кон крајот на 17 век, култот на Свети Кирил и Методиј бил реоткриен во Русија, под чиешто влијание бил поттикнат обновениот интерес за словенските просветители. Во политичкиот амбиент од втората половина на 19 век, Св. Кирил и Методиј и нивните ученици добиле доминантна позиција во рамките на пансловенската идеја. Како резултат на тоа, потеклото на Светите Кирил и Методиј и утврдувањето на местото на создавање на словенската азбука, станало еден од клучните аргументи за воспоставување на замислената врска со традициите и наследството на Светите Кирил и Методиј во словенскиот свет.

Светите Кирил и Методиј биле експлоатирани во современите политички и црковни проекти, кои ги рефлектирале конфликтните претензии на православните и католичките Словени на нивното наследство. Како историски синоними за Македонија, Кирил и Методиј незаобиколно биле инволвирани во историографската и лингвистичка дебата на 19 век поврзана со македонското прашање, која продолжува и денес.

Враќајќи се кон современието, најновите тенденции за политизација на наследството на Кирил и Методиј можат да се согледаат во нивното вештачко врамување во политичкиот концепт на „заедничката историја“ од страна на заедничката комисија за историски и образовни, произлезена од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Меѓутоа, кога ги набљудуваме последните политички тенденции за присвојување на Кирил и Методиј, треба да имаме предвид дека истите тие се засновани на историски конструкти.

Во отсуство на поткрепа за „бугарската“ врска на Светите Кирил и Методиј, Бугарската академија на науките и уметностите (БАН) во публикацијата Официјалниот јазик на Република Македонија, од 2020 година, претендира „научно“ да докаже дека Словените во Солун и Македонија, а со тоа и Кирил и Методиј, биле етнички Бугари уште од 7 век.

„Бугаризирањето“ на Словените во Македонија уште пред Кирил и Методиј се става во функција на извлекувањето на далекосежни заклучоци дека Константин/Кирил ја создал првата словенска азбука и книжевните преводи врз „основата на солунскиот говор, кој бил југоисточен бугарски дијалект“, дека „јазикот на солунските браќа според етничката припадност е старобугарски“ и дека „првиот словенски писмен јазик, кој се појавил врз основа на преводите на Кирил и Методиј, бил старобугарскиот“. Ваквите конструирани тези, меѓу другите, се поставуваат како „научно“ заснован политички критериум за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Исто како и политичкото редефинирање на значењето на 24 Мај, од бугарскиот парламент, кој од 2021 година се слави како Ден на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската книжевност, со што се акцентира исклучивата заслуга на Бугарија за создавањето на „бугарската“ азбука и нејзиното распространување низ словенскиот свет во Европа и Русија.

Затоа Бугарската академија во официјалното соопштение од ноември 2020 година отворено ја поддржа позицијата на владата во условувањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори со Република Македонија со признавањето на „заедничката историја“.

Академијата демонстрираше дека „цврсто ќе ја брани со научни средства историската вистина за минатото на историскогеографскиот регион на Македонија, што ја вклучува бугарската етничка и културна припадност на мнозинството нејзини жители“. Оваа „историска вистина“ евидентно ја вклучува „бугаризацијата“ на Светите Кирил и Методиј и словенската азбука и писменост, што се проектира во современиот етнички и јазичен контекст на Република Македонија и на идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи Кирил и Методиј немале релации со Бугарија, на Софија евидентно ѝ е потребна Македонија и нејзиното политичко врамување во концептот на „заедничката историја“, за да го демонстрира „бугарскиот“ етнички континуум на македонските простори од 7 век.

Тоа ќе значи дека Република Македонија ќе може да се интегрира во ЕУ само доколку Македонците се лишат од идентитетот и станат „Бугари“, со тоа што меѓу другото ќе признаат дека Светите Кирил и Методиј и нивните ученици биле дел од „заедничката историја“ со Бугарија, бидејќи биле етнички „Бугари“, кои не зборувале словенски туку „бугарски“ јазик, како што зборуваат и тие сега во 21 век.

Чешка и Словачка категорично се спротивставија на претворањето на ЕУ во „колективен судија на историските толкувања“, која ќе „одредува кој е во право или не за прашања поврзани со историјата, јазикот или идентитетот“, со што не дозволија наследството на Светите Кирил и Методиј, кое е дел од нивните наративи и државни чествувања, да се „бугаризира“.

Ваквиот пример мора да го следи Република Македонија, која треба да стане коректор на политиките со кои се загрозуваат европските вредности и демократски начела, а историската наука се догматизира и се претвора во инструмент на политиката. Со тоа ќе ги одбрани и европската димензија и вистинските вредности на наследството на Светите Кирил и Методиј.

Преземено од Нова Македонија

The post Кирил и Методиј се бореле против бугаризација на Македонија appeared first on Република.

]]>

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век. Уште повеќе, ваквите присвојни тенденции отворено се пројавуваат и во современието, прераснувајќи во политичко прашање на современиот идентитет и наследство, пишува во колумна за Нова Македонија Митко Б. Панов, историчар и универзитетски професор при Институтот за национална историја – Скопје. Затоа, добро е накратко да го согледаме историскиот контекст, за да се обидеме да разбереме зашто во 21 век, некои европски држави се обидуваат да обезбедат национален ексклузивитет на славните просветители, проектирајќи ги своите политички догматизирани историски ревизионизми во минатото. Специфичноста на историската улога на Константин/Кирил и Методиј за Македонија, Балканот и Европа се манифестира преку повеќекратната димензија на нивната сесловенска просветителска и мисионерска дејност и инволвирањето на клучните политички и црковни фактори од тоа време. Од иницијалната политичко-религиска агенда заснована на имплементација на византиската идеолошка програма во Македонија и креатори на словенската азбука, тие станале промотори на словенската писменост и култура надвор од империјалните граници. Меѓутоа, наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век. Уште повеќе, ваквите присвојни тенденции отворено се пројавуваат и во современието, прераснувајќи во политичко прашање на современиот идентитет и наследство. Затоа, добро е накратко да го согледаме историскиот контекст, за да се обидеме да разбереме зашто во 21 век, некои европски држави се обидуваат да обезбедат национален ексклузивитет на славните просветители, проектирајќи ги своите политички догматизирани историски ревизионизми во минатото. Изворната перспектива на авторите на Житието на Св. Кирил и Житието на Свети Методиј, сосема јасно ја рефлектира словенската димензија преку употребата на термините „словенски јазик“ и „словенски народ“ при дескрипцијата на делото на нивните учители. Тоа сосема јасно покажува дека учениците на Св. Кирил и Методиј, меѓу кои бил и Св. Климент, ја дефинирале нивната дејност во согласност со словенскиот концепт, посочувајќи дека тие биле Солуњани, a „сите Солуњани зборуваат чисто словенски“. Токму говорниот словенски јазик во Солун и Македонија станал основа за создавање на словенската азбука – глаголицата од Кирил, поддржан од Методиј. Византискиот двор на Методиј му ја доверил мисијата за реализирање на идеолошка програма во поранешната Склавинија во Македонија, во функција на зајакнување на пограничната одбрана наспроти Бугарија. Со испраќањето на Кирил и Методиј на мисија во Моравија и инволвирањето на Папството во легитимирањето на словенскиот јазик, нивното дело добило општоевропска димензија. Индикативно е дека Кирил и Методиј и нивните мисии целосно биле премолчени од страна на современите византиски автори и подложени на „заборавот“. Тоа ги прави словенските житија појдовна основа на изворната интерпретација на нивната дејност, со исклучив словенски карактер. Првите византиски наративи за светите браќа произлегле од идеолошкиот амбиент на Охридската архиепископија, на крајот на 11 и почетокот на 12 век. Архиепископот Теофилакт Охридски, преку Житието на Св. Климент Охридски, претендирал да креира непосредна поврзаност на Охридската архиепископија со кирилометодиевското наследство и да ги доведе христијанските светители и култови од Македонија во непосредна врска со традициите на Архиепископијата. Притоа, Теофилакт терминолошки ги адаптирал изворните словенски сведоштва, доведувајќи ги во контекст на современата административно-црковна терминологија воведена од византискиот император Василиј II во 1018 година, по ликвидирањето на Самуиловата држава. Оваа терминологија воопшто немала етничко значење, туку претставувала маркер за означување на територијалната припадност кон Византија, како што биле и другите административни територии. Ваквата проектирана адаптација на изворната терминологија била искористена од лидерите на Бугарско-влашката држава кон крајот на 12 и почетокот на 13 век за демонстрирање на сопствените претензии кон Македонија и на Охридската архиепископија. Преку копирањето и адаптирањето на византискиот конструиран наратив, што го вклучувало и манипулирањето со терминологијата и измислувањето на традициите, тие го иницирале вештачкиот процес на „бугаризација“ на Светите Кирил и Методиј. Тоа претставувало начин да се креира историско оправдување за претензиите кон византиската територија и Охридската архиепископија, иако Кирил и Методиј немале ништо заедничко со бугарската држава во 9 век. Напротив, изворните сведоштва јасно демонстрираат дека нивното дејствување, првенствено на Методиј, било насочено кон спречување на бугарските напредувања кон Македонија, како византиска територија. Друго е прашањето што Теофилакт го адаптирал историскиот контекст, со констатацијата дека „великиот Методиј непрекинато го дарувал со благодејанијата на сопствените зборови и кнезот на Бугарите, Борис, којшто живеел во времето на византискиот император Михаил, кого порано го направил свое духовно чедо и кого го приврзал кон себеси преку прекрасниот јазик“. Тоа бил историски конструкт со кој Теофилакт претендирал да ја демонстрира надмоќта на Методиј над бугарскиот владетел, а која во реалноста не постоела со оглед на отсуството на каков било контакт помеѓу нив. Впрочем, изворно е потврдено дека бугарскиот владетел бил паганин и покрстен дури во 864 година од страна на византискиот двор, во што не учествувал Методиј. Теофилакт всушност настојувал да ја демонстрира византиската идеолошка доминација, преку акцентирањето на супериорноста на Методиј во однос на словенските кнезови Ростислав и Коцељ, меѓу кои го вклучил и бугарскиот владетел Борис, иако му било многу добро познато дека ниту Методиј ниту Кирил кога било ја посетиле бугарската држава. Охридскиот архиепископ Димитрија Хоматијан, во почетокот на 13 век, креирал дополнителна претстава дека Св. Климент всушност го добил епископското достоинство над „цел Илирик“ директно од архиепископот Методиј, што му овозможило да го адаптира Теофилактовиот историски конструкт, правејќи идентитетска замена на Св. Методиј со Св. Климент како одговорен за христијанската конверзија на Борис. Сето тоа било измислено со цел да се демонстрира идеолошката доминација на Византија и на Охридската архиепископија, особено во услови на загрозеност од аспирациите на новите балкански политички и црковни елити. По завладувањата на Османлиите на поголемиот дел од Балканот, култот на Светите Кирил и Методиј и нивните ученици продолжил да се одржува во Македонија во рамките на Охридската архиепископија, за што сведочат најстарите визуелни претстави на овие светители. Кон крајот на 17 век, култот на Свети Кирил и Методиј бил реоткриен во Русија, под чиешто влијание бил поттикнат обновениот интерес за словенските просветители. Во политичкиот амбиент од втората половина на 19 век, Св. Кирил и Методиј и нивните ученици добиле доминантна позиција во рамките на пансловенската идеја. Како резултат на тоа, потеклото на Светите Кирил и Методиј и утврдувањето на местото на создавање на словенската азбука, станало еден од клучните аргументи за воспоставување на замислената врска со традициите и наследството на Светите Кирил и Методиј во словенскиот свет. Светите Кирил и Методиј биле експлоатирани во современите политички и црковни проекти, кои ги рефлектирале конфликтните претензии на православните и католичките Словени на нивното наследство. Како историски синоними за Македонија, Кирил и Методиј незаобиколно биле инволвирани во историографската и лингвистичка дебата на 19 век поврзана со македонското прашање, која продолжува и денес. Враќајќи се кон современието, најновите тенденции за политизација на наследството на Кирил и Методиј можат да се согледаат во нивното вештачко врамување во политичкиот концепт на „заедничката историја“ од страна на заедничката комисија за историски и образовни, произлезена од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Меѓутоа, кога ги набљудуваме последните политички тенденции за присвојување на Кирил и Методиј, треба да имаме предвид дека истите тие се засновани на историски конструкти. Во отсуство на поткрепа за „бугарската“ врска на Светите Кирил и Методиј, Бугарската академија на науките и уметностите (БАН) во публикацијата Официјалниот јазик на Република Македонија, од 2020 година, претендира „научно“ да докаже дека Словените во Солун и Македонија, а со тоа и Кирил и Методиј, биле етнички Бугари уште од 7 век. „Бугаризирањето“ на Словените во Македонија уште пред Кирил и Методиј се става во функција на извлекувањето на далекосежни заклучоци дека Константин/Кирил ја создал првата словенска азбука и книжевните преводи врз „основата на солунскиот говор, кој бил југоисточен бугарски дијалект“, дека „јазикот на солунските браќа според етничката припадност е старобугарски“ и дека „првиот словенски писмен јазик, кој се појавил врз основа на преводите на Кирил и Методиј, бил старобугарскиот“. Ваквите конструирани тези, меѓу другите, се поставуваат како „научно“ заснован политички критериум за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Исто како и политичкото редефинирање на значењето на 24 Мај, од бугарскиот парламент, кој од 2021 година се слави како Ден на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската книжевност, со што се акцентира исклучивата заслуга на Бугарија за создавањето на „бугарската“ азбука и нејзиното распространување низ словенскиот свет во Европа и Русија. Затоа Бугарската академија во официјалното соопштение од ноември 2020 година отворено ја поддржа позицијата на владата во условувањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори со Република Македонија со признавањето на „заедничката историја“. Академијата демонстрираше дека „цврсто ќе ја брани со научни средства историската вистина за минатото на историскогеографскиот регион на Македонија, што ја вклучува бугарската етничка и културна припадност на мнозинството нејзини жители“. Оваа „историска вистина“ евидентно ја вклучува „бугаризацијата“ на Светите Кирил и Методиј и словенската азбука и писменост, што се проектира во современиот етнички и јазичен контекст на Република Македонија и на идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи Кирил и Методиј немале релации со Бугарија, на Софија евидентно ѝ е потребна Македонија и нејзиното политичко врамување во концептот на „заедничката историја“, за да го демонстрира „бугарскиот“ етнички континуум на македонските простори од 7 век. Тоа ќе значи дека Република Македонија ќе може да се интегрира во ЕУ само доколку Македонците се лишат од идентитетот и станат „Бугари“, со тоа што меѓу другото ќе признаат дека Светите Кирил и Методиј и нивните ученици биле дел од „заедничката историја“ со Бугарија, бидејќи биле етнички „Бугари“, кои не зборувале словенски туку „бугарски“ јазик, како што зборуваат и тие сега во 21 век. Чешка и Словачка категорично се спротивставија на претворањето на ЕУ во „колективен судија на историските толкувања“, која ќе „одредува кој е во право или не за прашања поврзани со историјата, јазикот или идентитетот“, со што не дозволија наследството на Светите Кирил и Методиј, кое е дел од нивните наративи и државни чествувања, да се „бугаризира“. Ваквиот пример мора да го следи Република Македонија, која треба да стане коректор на политиките со кои се загрозуваат европските вредности и демократски начела, а историската наука се догматизира и се претвора во инструмент на политиката. Со тоа ќе ги одбрани и европската димензија и вистинските вредности на наследството на Светите Кирил и Методиј. Преземено од Нова Македонија  

The post Кирил и Методиј се бореле против бугаризација на Македонија appeared first on Република.

]]>
„Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kniga-za-svetite-brakja-kiril-i-metodij-od-dimitar-pandev-i-slave-gjorgjo-dimoski/ Tue, 24 May 2022 08:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=505842

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност.

Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ се одржa во рамките на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во големата сала на општина Охрид, а пред присутните за делото говореше д-р Бобан Карапејовски.

The post „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави, низ кои се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа, како и нивната непроценлива историска, духовна и културна вредност. Промоцијата на изданието „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ се одржa во рамките на свеченостите по повод Денот на сесловенските просветители, во големата сала на општина Охрид, а пред присутните за делото говореше д-р Бобан Карапејовски.

The post „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски appeared first on Република.

]]>
Ден на сесловенските просветители: Солунските браќа Кирил и Методиј го описменија целиот словенски свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/den-na-seslovenskite-prosvetiteli-solunskite-brakja-kiril-i-metodij-go-opismenija-celiot-slovenski-svet/ Tue, 24 May 2022 06:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=506281

Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник.

Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.

Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

The post Ден на сесловенските просветители: Солунските браќа Кирил и Методиј го описменија целиот словенски свет appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник. Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј. Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид. Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.  

The post Ден на сесловенските просветители: Солунските браќа Кирил и Методиј го описменија целиот словенски свет appeared first on Република.

]]>
Оддавање почит пред гробот на Св. Кирил – Владина делегација втор ден во Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oddavanje-pochit-pred-grobot-na-sv-kiril-vladina-delegacija-vtor-den-vo-rim/ Tue, 24 May 2022 06:29:23 +0000 https://republika.mk/?p=506277

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владино-црковната делегација денеска во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј, ќе одаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе", каде митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил.

По посетата на базиликата „Сан Клементе", премиерот Ковачевски ќе оствари и средба со претседателот на Советот на министри на Италија, Марио Драги.

Во однос на културно-уметничкиот дел од програмата, вечер во киното „Тицијано" ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја" во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати" при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

Вчера Ковачевски имаше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск, на која присуствуваа и членови на македонската делегација.

На аудиенцијата кај папата Франциск, како една од централните активности од програмата за чествување на животот и големото дело на Светите Кирил и Методиј, премиерот Ковачевски изрази благодарност за посетата на папата на нашата земја во 2019 година, што беше прва посета на предводник на Римокатоличката црква запишана како историска.

За време на разговорот на средбата со папата Франциск беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи извршија и мисија на поврзување на народите на Европа. Македонија и Ватикан, беше нагласено на средбата, од воспоставувањето дипломатски односи од пред 28 години, со посветеност и меѓусебно почитување градат пријателство базирано на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови како Светите браќа Кирил и Методиј и Света Мајка Тереза.

Премиерот Ковачевски истакна дека на огромно негово задоволство со папата Франциск се согласиле дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување, а почитувањето на разликите како еден од столбовите на градењето на општество во кое има место за сите е пресликана во традицијата на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања како и негувањето на слободата и демократијата во Република Македонија.

The post Оддавање почит пред гробот на Св. Кирил – Владина делегација втор ден во Рим appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со владино-црковната делегација денеска во рамките на вториот ден од посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј, ќе одаде почит пред гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе", каде митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил. По посетата на базиликата „Сан Клементе", премиерот Ковачевски ќе оствари и средба со претседателот на Советот на министри на Италија, Марио Драги. Во однос на културно-уметничкиот дел од програмата, вечер во киното „Тицијано" ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја" во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати" при МНР на Италија (АЦДМАЕ). Вчера Ковачевски имаше тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск, на која присуствуваа и членови на македонската делегација. На аудиенцијата кај папата Франциск, како една од централните активности од програмата за чествување на животот и големото дело на Светите Кирил и Методиј, премиерот Ковачевски изрази благодарност за посетата на папата на нашата земја во 2019 година, што беше прва посета на предводник на Римокатоличката црква запишана како историска. За време на разговорот на средбата со папата Франциск беше истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј кои со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи извршија и мисија на поврзување на народите на Европа. Македонија и Ватикан, беше нагласено на средбата, од воспоставувањето дипломатски односи од пред 28 години, со посветеност и меѓусебно почитување градат пријателство базирано на заеднички историски, културни и верски традиции и значајни ликови како Светите браќа Кирил и Методиј и Света Мајка Тереза. Премиерот Ковачевски истакна дека на огромно негово задоволство со папата Франциск се согласиле дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување, а почитувањето на разликите како еден од столбовите на градењето на општество во кое има место за сите е пресликана во традицијата на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања како и негувањето на слободата и демократијата во Република Македонија.  

The post Оддавање почит пред гробот на Св. Кирил – Владина делегација втор ден во Рим appeared first on Република.

]]>
Иванов: На чии мошти во Рим се клањаат Бугарите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ivanov-na-chii-moshti-vo-rim-se-klanjaat-bugarite/ Mon, 23 May 2022 08:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=505781

Па ако моштите на Св. Кирил ги шетаат по Софија тогаш што мајка бараат во Рим, на чии мошти таму Бугарите се клањаат, прашува новинарот Зоран Ивановски.

Монаси од Света Гора на дводневно изложување однеа дел од моштите на Кирил и Методиј во Софија, со благослов на бугарскиот патријарх Неофит, а бугарскиот премиер Кирил Петков и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим.

The post Иванов: На чии мошти во Рим се клањаат Бугарите? appeared first on Република.

]]>

Па ако моштите на Св. Кирил ги шетаат по Софија тогаш што мајка бараат во Рим, на чии мошти таму Бугарите се клањаат, прашува новинарот Зоран Ивановски. Монаси од Света Гора на дводневно изложување однеа дел од моштите на Кирил и Методиј во Софија, со благослов на бугарскиот патријарх Неофит, а бугарскиот премиер Кирил Петков и официјалната бугарска делегација предводена од него ќе бидат примени од поглаварот на Римокатоличката црква и ќе се поклонат пред светите места во Рим.    

The post Иванов: На чии мошти во Рим се клањаат Бугарите? appeared first on Република.

]]>
Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladina-delegacija-polozi-cvekje-na-spomenikot-na-svetite-brakja-kiril-i-metodij-vo-kampusot-na-ukim/ Fri, 20 May 2022 12:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=504804

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводеше делегацијата на Владата, во чиј состав беа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани кои положија цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како што информира владината прес-служба, венци со цвеќе пред споменикот денеска положија и делегација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, делегација на Собранието, делегација на Кабинетот на претседателот Пендаровски, делегација на Сојузот на борците, делегација на Армијата, делегација на Град Скопје и делегација на дипломатскиот кор акредитиран во земјава.

Делегацијата од Кабинетот на претседателот беше спставена од заменик – генералниот секретар Билјана Радева и советникот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања д-р Александар Љ. Спасов.

Со оваа активност почнаа чествувањата од програмата за одбележување на државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, патрони на УКИМ и светители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија кои со своето дело за ширење на христијанството и јазиците на словенските народи, денеска се празнуваат и чествуваат во повеќе европски земји.Централните настани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, како и секоја година традиционално, ќе се одржат на 23 и 24 мај во Ватикан и во Рим со аудиенцијата на македонската делегација кај Папата Франциск на Светата Столица, која оваа година ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, со молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе“ во Рим и со пригодни културно-уметнички содржини во главниот град на Италија.

The post Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводеше делегацијата на Владата, во чиј состав беа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани кои положија цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како што информира владината прес-служба, венци со цвеќе пред споменикот денеска положија и делегација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, делегација на Собранието, делегација на Кабинетот на претседателот Пендаровски, делегација на Сојузот на борците, делегација на Армијата, делегација на Град Скопје и делегација на дипломатскиот кор акредитиран во земјава. Делегацијата од Кабинетот на претседателот беше спставена од заменик – генералниот секретар Билјана Радева и советникот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања д-р Александар Љ. Спасов. Со оваа активност почнаа чествувањата од програмата за одбележување на државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, патрони на УКИМ и светители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија кои со своето дело за ширење на христијанството и јазиците на словенските народи, денеска се празнуваат и чествуваат во повеќе европски земји.Централните настани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, како и секоја година традиционално, ќе се одржат на 23 и 24 мај во Ватикан и во Рим со аудиенцијата на македонската делегација кај Папата Франциск на Светата Столица, која оваа година ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, со молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе“ во Рим и со пригодни културно-уметнички содржини во главниот град на Италија.

The post Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во кампусот на УКИМ appeared first on Република.

]]>
Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakavme-da-objavuvame-no-ushte-vo-2019-godina-e-resheno-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-kiril-i-metodij-kliment-ohridski/ Sun, 03 Apr 2022 11:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=482578

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите.

Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.

Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.

Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.

Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.

Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

The post Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите. Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.