Кирил Ценески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-ceneski/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 10:05:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кирил Ценески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiril-ceneski/ 32 32 Пред пет години почина еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија Кирил Ценевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pred-pet-godini-pochina-eden-od-najgolemite-sineasti-na-makedonskata-kinematografija-kiril-tsenevski/ Mon, 17 Jun 2024 10:05:00 +0000 https://republika.mk/?p=788375

Точно пет години навршуваат денеска од смртта на Кирил Ценевски, еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија, соопштија од Кинотека.

Како што потенцираат од Кинотеката, неговиот првенец и дебитантски игран филм „Црно семе“ од 1971 година постави нови параметри во филмското творештво и своевремено беше најнаградуван македонски филм - „Златна арена“ за режија и „Златен венец“ за дебитанско остварување на Пулскиот фестивал, „Жар-птица“ за најдобар режисер на Московскиот фестивал, а во 1972 година беше и југословенски кандидат за американската филмска награда „Оскар“.

Ценевски е роден во Крива Паланка во 1943 година. Првпат професионално на филм е ангажиран како помошник на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970). По „Црно семе“, Ценевски во 1975 година го снима „Јад“, повторно со Дарко Дамески во главната улога и Љубе Петковски зад камерата, досега единствен македонски филм со средновековна тематика.

Ценевски за „Вардар филм“ изработува серија документарни филмски портрети на добитниците на „Златниот венц“ на Струшките вечери на поезијата. Тоа се филмовите за Леополд Седар Сенгор, Фазил Хисни Дагларџа, Еугенио Монтале, Рафел Алберти и Ежен Гилвик, сите по сценарио на поетот и тогашен директор на „Варадр филм“, Анте Поповски, снимени се на повеќе локации во светот – Дакар, Струга, Милано, Париз, Охрид, Џенова, Буенос Аирес, Рим, итн.

„Јазол“, послениот игран филм кој Ценевски го сними во 1985 година е повторно историска драма, овој пат од времето на Втората светска војна, со мартовската депортација на македонските Евреи во 1943 година како кулминација на драмскиот заплет.

Кирил Ценевски беше добитник и на награди со кои домашната културна јавност го валоризира неговото творештво - Државната награда „11 Октомври“ во 1972, „Златниот објектив“ на Кинотеката во 2013 година за посебен придонес во развојот на македонската кинематографија, како и „Златната ѕвезда на македонскиот филм“, истата година, доделена од Друштвото на филмски работници во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Во 2019 година Кинотеката објави ДВД издание со четирите дигитално реставрирани играни филмови на Ценевски.

The post Пред пет години почина еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија Кирил Ценевски appeared first on Република.

]]>

Точно пет години навршуваат денеска од смртта на Кирил Ценевски, еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија, соопштија од Кинотека. Како што потенцираат од Кинотеката, неговиот првенец и дебитантски игран филм „Црно семе“ од 1971 година постави нови параметри во филмското творештво и своевремено беше најнаградуван македонски филм - „Златна арена“ за режија и „Златен венец“ за дебитанско остварување на Пулскиот фестивал, „Жар-птица“ за најдобар режисер на Московскиот фестивал, а во 1972 година беше и југословенски кандидат за американската филмска награда „Оскар“. Ценевски е роден во Крива Паланка во 1943 година. Првпат професионално на филм е ангажиран како помошник на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970). По „Црно семе“, Ценевски во 1975 година го снима „Јад“, повторно со Дарко Дамески во главната улога и Љубе Петковски зад камерата, досега единствен македонски филм со средновековна тематика. Ценевски за „Вардар филм“ изработува серија документарни филмски портрети на добитниците на „Златниот венц“ на Струшките вечери на поезијата. Тоа се филмовите за Леополд Седар Сенгор, Фазил Хисни Дагларџа, Еугенио Монтале, Рафел Алберти и Ежен Гилвик, сите по сценарио на поетот и тогашен директор на „Варадр филм“, Анте Поповски, снимени се на повеќе локации во светот – Дакар, Струга, Милано, Париз, Охрид, Џенова, Буенос Аирес, Рим, итн. „Јазол“, послениот игран филм кој Ценевски го сними во 1985 година е повторно историска драма, овој пат од времето на Втората светска војна, со мартовската депортација на македонските Евреи во 1943 година како кулминација на драмскиот заплет. Кирил Ценевски беше добитник и на награди со кои домашната културна јавност го валоризира неговото творештво - Државната награда „11 Октомври“ во 1972, „Златниот објектив“ на Кинотеката во 2013 година за посебен придонес во развојот на македонската кинематографија, како и „Златната ѕвезда на македонскиот филм“, истата година, доделена од Друштвото на филмски работници во рамки на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Во 2019 година Кинотеката објави ДВД издание со четирите дигитално реставрирани играни филмови на Ценевски.

The post Пред пет години почина еден од најголемите синеасти на македонската кинематографија Кирил Ценевски appeared first on Република.

]]>
Портрет на Кирил Ценевски поставен во кинотечната „Куќа на славните“ по повод 80 години од неговото раѓање https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/portret-na-kiril-tsenevski-postaven-vo-kinotechnata-kuka-na-slavnite-po-povod-80-godini-od-negovoto-ragane/ Sat, 28 Jan 2023 14:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=601984

Посетителите на Кинотеката секогаш ги „пречекува" нашата своевидна „Куќа на славните" – ѕидот на кој се поставени фото-портретите на доајените на македонската кинематографија, велат од Кинотека и информираат дека по повод 80 години од неговото раѓање, на 28 јануари 1943 година, Кинотеката го постави и портретот на филмскиот режисер и сценарист Кирил Ценевски, кој почина на 17 јуни 2019 година во Скопје.

Кирил Ценевски првпат на игран филм професионално е ангажиран во „Вардар филм" – Скопје, како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ од 1970 година, а веќе следната 1971 година Ценевски го режира дебитантскиот игран филм „Црно семе“, неговото најпознато остварување и без сомнение еден од најзначајните филмови во историјата на македонската кинематографија воопшто.

За „Црно семе“, филм што ја раскажува приказната за македонските заточеници на пуст грчки остров за време на Граѓанската војна во Грција, Ценевски добива повеќе награди на најзначајните фестивали во тогашна Југославија, а „Црно семе" е и прв македонски игран филм повеќекратно наградуван на интернационални филмски фестивали: „Златна арена" за режија на најзначајниот југословенски фестивалот во таа епоха – Пулскиот филмски фестивал; „Златен венец" за најдобар режисер дебитант, исто така во Пула; „Жар птица" за најдобар режисер дебитант на фестивалот во Москва; „Златен Лачено" за режија во Авелино; македонската републичка награда „11 Октомври", а бил и југословенски кандидат за „Оскар" во 1972 година.

„Во седумдесет и првата година на екраните ќе се појави едно од најзначајните филмски остварувања во македонскиот филм за целата негова историја на постоење, вклучувајќи го и денов денешен. Тоа е првиот обид, овенчан со апсолутен успех, да се завладее жанрот на античката трагедија врз материјал речиси современ, тоа е филмот со зачудувачки заокружен стил, расположба, аскетизам на режијата и на актерската игра" - со овие одбрани зборови рускиот критичар и истражувач на филмот Мирон Черњенко во неговата книга „Македонскиот филм" (Кинотека на Македонија, 1997 година, Скопје) ја скицира појавата на Ценевски.

По извонредниот успех на „Црно семе", четири години подоцна, во 1975 година, повторно во продукција на „Вардар филм", следува уште едно врвно остварување на Ценевски, кој воедно е и сценарист на филмот, филмскиот спектакл „Јад“, досега единствениот македонски филм со средновековна тематика, за кој добива „Специјална награда" во Карлови Вари.

Се работи за двочасовна историска фреска која сосема ги отсликува контроверзиите на своето време и е обременета со истите стереотипи од кои боледува и историската наука на епохата. Иако филмот е оценет како „најграндиозен потфат во македонскиот филм" (Черњенко) и според темата, „единствен и во македонската па и во тогашната глобална југословенска кинематографија " (филмологот Мирослав Чепинчиќ), сепак, „Јад“ не успева да ги избегне клишеата што му ги наметнува тогаш доминантната општествена матрица, која се обидува средновековните еретици – богомилите, да ги претстави како борци за слобода, своевидни средновековни „пролетери", а официјалната црква како завојувачка окупациска сила во служба на Византија.

Потоа Ценевски се врти кон документарниот филм и по сценарио на поетот Анте Поповски, кој во тој период застанува на чело на „Вардар филм", реализира серија портрети на венцоносците на Струшките вечери на поезијата.

Филмот „Леополд Седар Сенгор“ е реализиран во 1975 година и претставува портрет на африканскиот државник и поет нобеловец, претседател на Република Сенегал – Леополд Седар Сенгор. Филмот е снимен во Сенегал, во главниот град Дакар и на бреговите на Атланскиот Океан, а разговорот со Сенгор во неговата резиденција го води поетот и дипломат Ацо Шопов, во тоа време југословенски амбасадор во Сенегал.

Филмот „Еугенио Монтале“, е реализиран во 1976 година и вообичаено, го портретира венцоносецот, овој пат големиот италијански поет, исто така нобеловецот Еугенио Монтале. Снимен е во Џенова, родниот град на поетот, но и во Милано и Струга. Истата година го реализира и филмот „Фазил Хисни Дагларџа“, посветен на големиот турски поет.

Следува документарецот во боја „Џафра“, нова соработка меѓу Поповски и Ценевски, реализиран во 1978 година во Либан, поточно во бегалскиот камп Тал Ел Затр близу до Бејрут, каде што Либанскиот фронт, за време на граѓанската војна во земјата, извршил невиден масакр над палестинските бегалци меѓу кои биле инфилтрирани и многумина борци, припадници на Палестинската ослободителна организација – ПЛО. Филмот е реализиран од искажувања на неколку млади Палестинки што го преживеале масакрот како и од архивски снимки од логорот и масакрот, а во филмот се појавува и тогашниот водач на Палестинската ослободителна организација – Јасер Арафат.

Во филмографијата на Ценевски следат уште три документарни филмови-портрети на исклучително реномирани поетски имиња во светски рамки, добитници на наградата „Златен венец" на Струшките вечери на поезијата. Ежен Гилвик му е посветен на опусот на големиот француски поет, со осврт на неговата биографија. Реализиран е во 1979 година, во Париз, Охрид и Струга и исклучително успешно ја остварува својата цел – портретирање на венцоносецот Гилвик, а режисерот Ценевски со композицијата на кадрите и адекватната употреба на контрастите, како и во претходните филмови од овој поетски циклус, визуелно многу успешно кореспондира со сценаристичката предлошка на Поповски што, секако, резултира со врвно документарно остварување.

Вториот поетски портрет е реализиран истата 1979 година и му е посветен на животот и делото на еден од најголемите шпански поети Рафаел Алберти. Филмот претставува поетски портрет на венцоносецот Алберти и го следи неговиот животен и творечки пат, од родното место во Андалузија – Пуерто де Санта Марија, преку учеството во Граѓанската војна во Шпанија на страната на републикаците, четиридецениското прогонство надвор од родната земја, во Буенос Аирес, Париз и Рим, триумфалното враќање во Шпанија во 1977 година, како и добивањето на „Златниот венец" во Струга и Охрид. Поетското сценарио на Поповски, исклучителната поезија на Алберти и визуелната поезија на Ценевски, во овој филм се амалгамираат во извонредно документаристичко остварување, кое без сомнение претставува едно од најрепрезентативните дела на македонската портретна документаристика.

Последниот филм од овој поетски серијал на Ценевски и Поповски, е филмот „Мостови – Струшки вечери на поезијата“ од 1982 година, ретроспектива на неколку години од реномираниот поетски фестивал во Струга и во него се презентираат лауреатите на „Златниот венец".

Во меѓувреме, Ценевски му се враќа и на играниот филм и во 1980 година го реализира својот трет долгометражен игран филм, „Оловна бригада“, суптилна и храбра критика на бирократизираното социјалистичкото општество, преку портретирања на случувањата во рударското окно. На фестивалот во Пула филмот е награден со наградата „Првомајска" за филм со современа тематика, а од парискиот Меѓународен комитет за дифузија на уметнички и литературни дела преку филмот (CIDALC) е награден со „Сребрен медал".

Пет години подоцна, во 1985 година, Ценевски го реализира својот последен игран филм, „Јазол“ трагична и драматуршки комплицирана приказна за депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка за време на Втората светска војна, со големиот српски актер од македонско потекло Лазар Ристовски во главната ролја, кој не наидува на добар одѕив кај тогашната критика, но кога ќе се погледне од денешна дистанца, филмот дефинитивно го поминува тестот на времето.

Една година порано, во 1984 година, по сопствено сценарио, Ценевски го реализира документарниот филм „Хуаскаран – Анди '82“, репортажа за патот на првата македонска експедиција од Скопје, преку Париз, до врвовите на Андите во Перу.

Во 1987 година Ценевски го реализира и своето последно остварување, документарниот филм „Хемтекс“, пропаганден филм за истоимената скопска фабрика, по што, повеќе од три децении влегува во своевидна самоизолација и разочаран од актуелните општествено-политички и културни состојби, одбива да работи на филм.

Во 2013 година Кинотеката на Македонија на Кирил Ценевски му го додели годишното признание „Златен објектив" за исклучителен придонес во македонската кинематографија, а истата година Друштвото на филмските работници на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки" во Битола му ја додели нововостановената награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм".

Во 2019 година, во чест на тригодишнината од смртта на еден од најголемите македонски режисери, Кинотеката објави ДВД издание со дигитално реставрираните играни филмови на Кирил Ценевски: „Црно семе", „ЈАД“, „Оловна бригада“ и „Јазол“.

Ако Ценевски во македонската кинематографија дојде од „никаде", и крајот на неговата кариера некако заврши – „никаде". Авторот кој беше пречекан како анфан терибл на македонската кинематографија и инстантно величан безмалку како толку посакуваниот месија на новото доба, режисерската кариера ја заврши на 42-годишна возраст. Тоа е истата или сличната возраст на која другите автори ги снимаа нивните дебитантски дела; и во двата случаи се работи за истата, или слична, неправда.

„Во сегашната ситуација како да немам тло да водам дијалот за уметноста, за иднината, сè е исполитизирано. Комплетно е изместен системот на ингеренции, а со тоа и системот на вредности...", велеше Ценевски во последното интервју што го има дадено за медиумите, за магазинот „Форум" во 2002 година (поместено во книгата „Фацерија" на Влатко Галевски, „Форум", Скопје, 2004 година).

 

The post Портрет на Кирил Ценевски поставен во кинотечната „Куќа на славните“ по повод 80 години од неговото раѓање appeared first on Република.

]]>

Посетителите на Кинотеката секогаш ги „пречекува" нашата своевидна „Куќа на славните" – ѕидот на кој се поставени фото-портретите на доајените на македонската кинематографија, велат од Кинотека и информираат дека по повод 80 години од неговото раѓање, на 28 јануари 1943 година, Кинотеката го постави и портретот на филмскиот режисер и сценарист Кирил Ценевски, кој почина на 17 јуни 2019 година во Скопје. Кирил Ценевски првпат на игран филм професионално е ангажиран во „Вардар филм" – Скопје, како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ од 1970 година, а веќе следната 1971 година Ценевски го режира дебитантскиот игран филм „Црно семе“, неговото најпознато остварување и без сомнение еден од најзначајните филмови во историјата на македонската кинематографија воопшто. За „Црно семе“, филм што ја раскажува приказната за македонските заточеници на пуст грчки остров за време на Граѓанската војна во Грција, Ценевски добива повеќе награди на најзначајните фестивали во тогашна Југославија, а „Црно семе" е и прв македонски игран филм повеќекратно наградуван на интернационални филмски фестивали: „Златна арена" за режија на најзначајниот југословенски фестивалот во таа епоха – Пулскиот филмски фестивал; „Златен венец" за најдобар режисер дебитант, исто така во Пула; „Жар птица" за најдобар режисер дебитант на фестивалот во Москва; „Златен Лачено" за режија во Авелино; македонската републичка награда „11 Октомври", а бил и југословенски кандидат за „Оскар" во 1972 година. „Во седумдесет и првата година на екраните ќе се појави едно од најзначајните филмски остварувања во македонскиот филм за целата негова историја на постоење, вклучувајќи го и денов денешен. Тоа е првиот обид, овенчан со апсолутен успех, да се завладее жанрот на античката трагедија врз материјал речиси современ, тоа е филмот со зачудувачки заокружен стил, расположба, аскетизам на режијата и на актерската игра" - со овие одбрани зборови рускиот критичар и истражувач на филмот Мирон Черњенко во неговата книга „Македонскиот филм" (Кинотека на Македонија, 1997 година, Скопје) ја скицира појавата на Ценевски. По извонредниот успех на „Црно семе", четири години подоцна, во 1975 година, повторно во продукција на „Вардар филм", следува уште едно врвно остварување на Ценевски, кој воедно е и сценарист на филмот, филмскиот спектакл „Јад“, досега единствениот македонски филм со средновековна тематика, за кој добива „Специјална награда" во Карлови Вари. Се работи за двочасовна историска фреска која сосема ги отсликува контроверзиите на своето време и е обременета со истите стереотипи од кои боледува и историската наука на епохата. Иако филмот е оценет како „најграндиозен потфат во македонскиот филм" (Черњенко) и според темата, „единствен и во македонската па и во тогашната глобална југословенска кинематографија " (филмологот Мирослав Чепинчиќ), сепак, „Јад“ не успева да ги избегне клишеата што му ги наметнува тогаш доминантната општествена матрица, која се обидува средновековните еретици – богомилите, да ги претстави како борци за слобода, своевидни средновековни „пролетери", а официјалната црква како завојувачка окупациска сила во служба на Византија. Потоа Ценевски се врти кон документарниот филм и по сценарио на поетот Анте Поповски, кој во тој период застанува на чело на „Вардар филм", реализира серија портрети на венцоносците на Струшките вечери на поезијата. Филмот „Леополд Седар Сенгор“ е реализиран во 1975 година и претставува портрет на африканскиот државник и поет нобеловец, претседател на Република Сенегал – Леополд Седар Сенгор. Филмот е снимен во Сенегал, во главниот град Дакар и на бреговите на Атланскиот Океан, а разговорот со Сенгор во неговата резиденција го води поетот и дипломат Ацо Шопов, во тоа време југословенски амбасадор во Сенегал. Филмот „Еугенио Монтале“, е реализиран во 1976 година и вообичаено, го портретира венцоносецот, овој пат големиот италијански поет, исто така нобеловецот Еугенио Монтале. Снимен е во Џенова, родниот град на поетот, но и во Милано и Струга. Истата година го реализира и филмот „Фазил Хисни Дагларџа“, посветен на големиот турски поет. Следува документарецот во боја „Џафра“, нова соработка меѓу Поповски и Ценевски, реализиран во 1978 година во Либан, поточно во бегалскиот камп Тал Ел Затр близу до Бејрут, каде што Либанскиот фронт, за време на граѓанската војна во земјата, извршил невиден масакр над палестинските бегалци меѓу кои биле инфилтрирани и многумина борци, припадници на Палестинската ослободителна организација – ПЛО. Филмот е реализиран од искажувања на неколку млади Палестинки што го преживеале масакрот како и од архивски снимки од логорот и масакрот, а во филмот се појавува и тогашниот водач на Палестинската ослободителна организација – Јасер Арафат. Во филмографијата на Ценевски следат уште три документарни филмови-портрети на исклучително реномирани поетски имиња во светски рамки, добитници на наградата „Златен венец" на Струшките вечери на поезијата. Ежен Гилвик му е посветен на опусот на големиот француски поет, со осврт на неговата биографија. Реализиран е во 1979 година, во Париз, Охрид и Струга и исклучително успешно ја остварува својата цел – портретирање на венцоносецот Гилвик, а режисерот Ценевски со композицијата на кадрите и адекватната употреба на контрастите, како и во претходните филмови од овој поетски циклус, визуелно многу успешно кореспондира со сценаристичката предлошка на Поповски што, секако, резултира со врвно документарно остварување. Вториот поетски портрет е реализиран истата 1979 година и му е посветен на животот и делото на еден од најголемите шпански поети Рафаел Алберти. Филмот претставува поетски портрет на венцоносецот Алберти и го следи неговиот животен и творечки пат, од родното место во Андалузија – Пуерто де Санта Марија, преку учеството во Граѓанската војна во Шпанија на страната на републикаците, четиридецениското прогонство надвор од родната земја, во Буенос Аирес, Париз и Рим, триумфалното враќање во Шпанија во 1977 година, како и добивањето на „Златниот венец" во Струга и Охрид. Поетското сценарио на Поповски, исклучителната поезија на Алберти и визуелната поезија на Ценевски, во овој филм се амалгамираат во извонредно документаристичко остварување, кое без сомнение претставува едно од најрепрезентативните дела на македонската портретна документаристика. Последниот филм од овој поетски серијал на Ценевски и Поповски, е филмот „Мостови – Струшки вечери на поезијата“ од 1982 година, ретроспектива на неколку години од реномираниот поетски фестивал во Струга и во него се презентираат лауреатите на „Златниот венец". Во меѓувреме, Ценевски му се враќа и на играниот филм и во 1980 година го реализира својот трет долгометражен игран филм, „Оловна бригада“, суптилна и храбра критика на бирократизираното социјалистичкото општество, преку портретирања на случувањата во рударското окно. На фестивалот во Пула филмот е награден со наградата „Првомајска" за филм со современа тематика, а од парискиот Меѓународен комитет за дифузија на уметнички и литературни дела преку филмот (CIDALC) е награден со „Сребрен медал". Пет години подоцна, во 1985 година, Ценевски го реализира својот последен игран филм, „Јазол“ трагична и драматуршки комплицирана приказна за депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка за време на Втората светска војна, со големиот српски актер од македонско потекло Лазар Ристовски во главната ролја, кој не наидува на добар одѕив кај тогашната критика, но кога ќе се погледне од денешна дистанца, филмот дефинитивно го поминува тестот на времето. Една година порано, во 1984 година, по сопствено сценарио, Ценевски го реализира документарниот филм „Хуаскаран – Анди '82“, репортажа за патот на првата македонска експедиција од Скопје, преку Париз, до врвовите на Андите во Перу. Во 1987 година Ценевски го реализира и своето последно остварување, документарниот филм „Хемтекс“, пропаганден филм за истоимената скопска фабрика, по што, повеќе од три децении влегува во своевидна самоизолација и разочаран од актуелните општествено-политички и културни состојби, одбива да работи на филм. Во 2013 година Кинотеката на Македонија на Кирил Ценевски му го додели годишното признание „Златен објектив" за исклучителен придонес во македонската кинематографија, а истата година Друштвото на филмските работници на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки" во Битола му ја додели нововостановената награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм". Во 2019 година, во чест на тригодишнината од смртта на еден од најголемите македонски режисери, Кинотеката објави ДВД издание со дигитално реставрираните играни филмови на Кирил Ценевски: „Црно семе", „ЈАД“, „Оловна бригада“ и „Јазол“. Ако Ценевски во македонската кинематографија дојде од „никаде", и крајот на неговата кариера некако заврши – „никаде". Авторот кој беше пречекан како анфан терибл на македонската кинематографија и инстантно величан безмалку како толку посакуваниот месија на новото доба, режисерската кариера ја заврши на 42-годишна возраст. Тоа е истата или сличната возраст на која другите автори ги снимаа нивните дебитантски дела; и во двата случаи се работи за истата, или слична, неправда. „Во сегашната ситуација како да немам тло да водам дијалот за уметноста, за иднината, сè е исполитизирано. Комплетно е изместен системот на ингеренции, а со тоа и системот на вредности...", велеше Ценевски во последното интервју што го има дадено за медиумите, за магазинот „Форум" во 2002 година (поместено во книгата „Фацерија" на Влатко Галевски, „Форум", Скопје, 2004 година).  

The post Портрет на Кирил Ценевски поставен во кинотечната „Куќа на славните“ по повод 80 години од неговото раѓање appeared first on Република.

]]>