кирија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirija/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Apr 2023 07:36:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кирија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirija/ 32 32 Македонците повеќе сакаат да живеат во сопствен дом, Германците и Швајцарците живеат под кирија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedontsite-poveke-sakaat-da-zhiveat-vo-sopstven-dom-germantsite-i-shvajtsartsite-zhiveat-pod-kirija/ Sun, 23 Apr 2023 07:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=633136

Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да имаат и да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта.

Според податоците на „Евростат“ што ги анализира порталот „Лангеист“, 85,9 отсто од жителите на Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3 отсто.

Германија (49,1%) и Швајцарија (42,2%) имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа. Тие се единствените земји каде што сопствениците на куќи се помалубројни од оние кои живеат во изнајмени домови.

Стапките на сопственост на домови во Европа значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението.

Еден од можните фактори кои влијаат на стапките на сопственост на домови во Европа, е достапноста на прифатливи станови. Во некои земји, како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, што им отежнува на многу луѓе да купат дом. Спротивно на тоа, во други земји, како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу поевтино, па затоа поседувањето дом е подостапно за поголем број луѓе.

Друг фактор што може да влијае на стапките на сопственост на домови е распространетоста на социјалните станови. Во земјите каде што социјалното домување е вообичаено, како што се Холандија и Австрија, закупувачите се со поголема веројатност да бидат сместени во имоти во јавна сопственост, и затоа стапките на сопственост на домови се пониски.

И покрај овие варијации, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на припадност, стабилност и безбедност што потешко може да се добие преку изнајмување, заклучува „Лангеист“.

The post Македонците повеќе сакаат да живеат во сопствен дом, Германците и Швајцарците живеат под кирија appeared first on Република.

]]>

Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да имаат и да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта. Според податоците на „Евростат“ што ги анализира порталот „Лангеист“, 85,9 отсто од жителите на Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3 отсто. Германија (49,1%) и Швајцарија (42,2%) имаат далеку најниска стапка на сопственост на домови во Европа. Тие се единствените земји каде што сопствениците на куќи се помалубројни од оние кои живеат во изнајмени домови. Стапките на сопственост на домови во Европа значително се разликуваат помеѓу земјите и се под влијание на различни фактори, вклучувајќи ја достапноста на станови со пристапни цени, распространетоста на социјалните станови и демографската структура на населението. Еден од можните фактори кои влијаат на стапките на сопственост на домови во Европа, е достапноста на прифатливи станови. Во некои земји, како што се Германија и Швајцарија, трошоците за сместување се релативно високи, што им отежнува на многу луѓе да купат дом. Спротивно на тоа, во други земји, како што се Бугарија и Романија, домувањето е многу поевтино, па затоа поседувањето дом е подостапно за поголем број луѓе. Друг фактор што може да влијае на стапките на сопственост на домови е распространетоста на социјалните станови. Во земјите каде што социјалното домување е вообичаено, како што се Холандија и Австрија, закупувачите се со поголема веројатност да бидат сместени во имоти во јавна сопственост, и затоа стапките на сопственост на домови се пониски. И покрај овие варијации, поседувањето дом останува важна аспирација за многу Европејци, обезбедувајќи чувство на припадност, стабилност и безбедност што потешко може да се добие преку изнајмување, заклучува „Лангеист“.

The post Македонците повеќе сакаат да живеат во сопствен дом, Германците и Швајцарците живеат под кирија appeared first on Република.

]]>
Ќе се разведат, а продолжуваат да живеат заедно бидејќи киријата е скапа https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/ke-se-razvedat-a-prodolzhuvaat-da-zhiveat-zaedno-bidejki-kirijata-e-skapa/ Sun, 12 Mar 2023 17:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=618846

Становите во Мадрид се се поскапи и се помалку луѓе можат да си дозволат да живеат сами, па поради таа причина голем дел од оние кои се разведуваат се принудени да живеат заедно.

Мадридскиот весник „Ел Паис“ пишува дека неможноста сами да ја платат наемнината принудува многу луѓе да продолжат да живеат со своите поранешни партнери.

Адвокатот Алберто Гарсија Себријан наведува дека 30 отсто од двојките кои одлучуваат да се разведат не го завршуваат разводот, бидејќи не можат да си ги дозволат трошоците за одвоен живот и додава дека претходно тоа било случај со само 10 отсто од тие лица.

Тоа е една од причините зошто во третиот квартал од 2022 година имало за 3,1 отсто помалку барања за развод отколку во истиот период од 2021 година, наведува весникот.

The post Ќе се разведат, а продолжуваат да живеат заедно бидејќи киријата е скапа appeared first on Република.

]]>

Становите во Мадрид се се поскапи и се помалку луѓе можат да си дозволат да живеат сами, па поради таа причина голем дел од оние кои се разведуваат се принудени да живеат заедно. Мадридскиот весник „Ел Паис“ пишува дека неможноста сами да ја платат наемнината принудува многу луѓе да продолжат да живеат со своите поранешни партнери. Адвокатот Алберто Гарсија Себријан наведува дека 30 отсто од двојките кои одлучуваат да се разведат не го завршуваат разводот, бидејќи не можат да си ги дозволат трошоците за одвоен живот и додава дека претходно тоа било случај со само 10 отсто од тие лица. Тоа е една од причините зошто во третиот квартал од 2022 година имало за 3,1 отсто помалку барања за развод отколку во истиот период од 2021 година, наведува весникот.

The post Ќе се разведат, а продолжуваат да живеат заедно бидејќи киријата е скапа appeared first on Република.

]]>
Кираџија нападнат од газдарицата за неплатена кирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kiradzija-napadnat-od-gazdaricata-za-neplatena-kirija/ Thu, 01 Dec 2022 11:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=580456

Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово, И.И.(42) од Тетово пријавил дека во Тетово бил физички нападнат Е.П.(57) од Тетово, сопственичка на
станот каде живее тој под кирија. Според пријавеното, причина за нападот се должничко-доверителски односи.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следи и соодветен поднесок.

The post Кираџија нападнат од газдарицата за неплатена кирија appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово, И.И.(42) од Тетово пријавил дека во Тетово бил физички нападнат Е.П.(57) од Тетово, сопственичка на станот каде живее тој под кирија. Според пријавеното, причина за нападот се должничко-доверителски односи. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следи и соодветен поднесок.

The post Кираџија нападнат од газдарицата за неплатена кирија appeared first on Република.

]]>
Русите ги кренаа кириите во Белград до небо: Стан кој се издавал за 350 сега чини 600 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rusite-gi-krenaa-kiriite-vo-belgrad-do-nebo-stan-koj-se-izdaval-za-350-sega-chini-600-evra/ Fri, 21 Oct 2022 09:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=563936

Кириите во Белград за некои станови скокна двојно, особено ако се работи за атрактивни локации. Причина за тоа е доаѓањето на руски граѓани во Србија кои не прашуваат за цена.

Некои станари се пожалија дека станоиздавачите им ги покачиле кириите и до 100 отсто поради доаѓањето на Русите. Па така стан кој се издавал за 350 евра сега чини 600 но повеќе евра.

Од друга страна пак, Курир сопствениците на недвижности се плашат да изнајмуваат станови на странци поради неколку причини, а една од нив е точно колку долго ќе останат странците и колку долго овој хаос со недвижностите ќе трае.

The post Русите ги кренаа кириите во Белград до небо: Стан кој се издавал за 350 сега чини 600 евра appeared first on Република.

]]>

Кириите во Белград за некои станови скокна двојно, особено ако се работи за атрактивни локации. Причина за тоа е доаѓањето на руски граѓани во Србија кои не прашуваат за цена. Некои станари се пожалија дека станоиздавачите им ги покачиле кириите и до 100 отсто поради доаѓањето на Русите. Па така стан кој се издавал за 350 евра сега чини 600 но повеќе евра. Од друга страна пак, Курир сопствениците на недвижности се плашат да изнајмуваат станови на странци поради неколку причини, а една од нив е точно колку долго ќе останат странците и колку долго овој хаос со недвижностите ќе трае.

The post Русите ги кренаа кириите во Белград до небо: Стан кој се издавал за 350 сега чини 600 евра appeared first on Република.

]]>