Киргистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirgistan/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 17:31:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Киргистан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kirgistan/ 32 32 Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ke-gi-poseti-kirgistan-i-turkmenistan/ Mon, 02 Oct 2023 17:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=687220

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти МНР.

За време на престојот во Бишкек, Киргистан, предвидени се средби со претседателот Садир Џапаров, министерот за надворешни работи, Женбек Кулубаев и претседателот на Парламентот, Нурланбек Шакиев. Османи во Бишкек покрај средбата со претставници на Програмската канцеларија на ОБСЕ, ќе реализира и средби со граѓанските организации од Киргистан, како и со претставници на ЕУ.

Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од ЦА е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина и намалувањето на безбедносните ризици на Киргистан и на Централна Азија како целина. Исто така, регионот на ЦА е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од регионот како одговор на импликациите на ситуацијата во Авганистан во насока на ублажување на ризиците за стабилноста на ЦА, др наведува во соопштението од МНР.

The post Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан appeared first on Република.

]]>

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти МНР. За време на престојот во Бишкек, Киргистан, предвидени се средби со претседателот Садир Џапаров, министерот за надворешни работи, Женбек Кулубаев и претседателот на Парламентот, Нурланбек Шакиев. Османи во Бишкек покрај средбата со претставници на Програмската канцеларија на ОБСЕ, ќе реализира и средби со граѓанските организации од Киргистан, како и со претставници на ЕУ. Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од ЦА е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина и намалувањето на безбедносните ризици на Киргистан и на Централна Азија како целина. Исто така, регионот на ЦА е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од регионот како одговор на импликациите на ситуацијата во Авганистан во насока на ублажување на ризиците за стабилноста на ЦА, др наведува во соопштението од МНР.

The post Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан appeared first on Република.

]]>
Русија ќе ги зајакне воените капацитети во Киргистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ke-gi-zajakne-voenite-kapatsiteti-vo-kirgistan/ Mon, 08 May 2023 17:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=638503

Русија ќе ги развие своите воени капацитети во Киргистан, централноазиска земја која е сојузник на Москва, соопшти денеска Кремљ по средбата меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Садир Џапаров.

Шефовите на држави ја истакнаа важноста од зајакнување на вооружените сили на Киргистан и развојот на руските воени капацитети на нејзина територија, се вели во заедничкото соопштение што го пренесе Кремљ.

Русија има воена база во Киргистан која се состои од аеродром, поморски објект на езеро и неколку други објекти.

Путин го прими Џапаров во пресрет на утрешната воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија. Претседателот на Киргистан е еден од ретките странски лидери кои ќе присуствуваат на парадата.

The post Русија ќе ги зајакне воените капацитети во Киргистан appeared first on Република.

]]>

Русија ќе ги развие своите воени капацитети во Киргистан, централноазиска земја која е сојузник на Москва, соопшти денеска Кремљ по средбата меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Садир Џапаров.
Шефовите на држави ја истакнаа важноста од зајакнување на вооружените сили на Киргистан и развојот на руските воени капацитети на нејзина територија, се вели во заедничкото соопштение што го пренесе Кремљ.
Русија има воена база во Киргистан која се состои од аеродром, поморски објект на езеро и неколку други објекти. Путин го прими Џапаров во пресрет на утрешната воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија. Претседателот на Киргистан е еден од ретките странски лидери кои ќе присуствуваат на парадата.

The post Русија ќе ги зајакне воените капацитети во Киргистан appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Киргистан бара медијација од Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-kirgistan-bara-medijacija-od-putin/ Mon, 17 Oct 2022 13:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=562156

Киргистанскиот претседател Садир Жапаров побара од неговиот руски колега Владимир Путин да се вклучи во процесот на демаркација на границата со Таџикистан, еден месец по конфликтот меѓу двете земји, објави државното радио Биринчи.

Според Марат Иманкулов, секретар на Киргистанскиот совет за безбедност, киргистанскиот претседател се обратил до Путин и побарал помош од Русија, бидејќи, како што рече, „било комплицирано двете страни да постигнат договор“.

Дел од 970-километарската заедничка граница меѓу двете централноазиски земји е оспорен од распадот на Советскиот Сојуз, со тензии околу пристапот до ресурсите.

Во средината на септември, според властите на двете земји, во судирите во регионот Баткен во југозападен Киргистан, кој се граничи со Таџикистан, загинаа околу сто луѓе.

Проблемите со границите настанаа бидејќи прашањето за демаркација и ограничувања не беше решено во времето кога двете земји беа дел од Советскиот Сојуз. Русија е земја наследник на Советскиот Сојуз, архивските документи и мапи се во Москва - изјави Иманкулов.

Киргистан и Таџикистан се исто така членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност, воена алијанса предводена од Москва.

Владимир Путин, Садир Жапаров и нивниот таџикистански колега Емомали Рахмон разговараа на 13 октомври во Астана, Казахстан, на маргините на регионалните самити. Тоа беше прва средба меѓу Жапаров и Рахмон по конфликтот во септември.

По тој состанок, Путин даде уверување дека Русија не претендира на улогата на посредник, туку дека ќе „разгледа документи и мапи“ за „да бара решение“.

The post Претседателот на Киргистан бара медијација од Путин appeared first on Република.

]]>

Киргистанскиот претседател Садир Жапаров побара од неговиот руски колега Владимир Путин да се вклучи во процесот на демаркација на границата со Таџикистан, еден месец по конфликтот меѓу двете земји, објави државното радио Биринчи. Според Марат Иманкулов, секретар на Киргистанскиот совет за безбедност, киргистанскиот претседател се обратил до Путин и побарал помош од Русија, бидејќи, како што рече, „било комплицирано двете страни да постигнат договор“. Дел од 970-километарската заедничка граница меѓу двете централноазиски земји е оспорен од распадот на Советскиот Сојуз, со тензии околу пристапот до ресурсите. Во средината на септември, според властите на двете земји, во судирите во регионот Баткен во југозападен Киргистан, кој се граничи со Таџикистан, загинаа околу сто луѓе.
Проблемите со границите настанаа бидејќи прашањето за демаркација и ограничувања не беше решено во времето кога двете земји беа дел од Советскиот Сојуз. Русија е земја наследник на Советскиот Сојуз, архивските документи и мапи се во Москва - изјави Иманкулов.
Киргистан и Таџикистан се исто така членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност, воена алијанса предводена од Москва. Владимир Путин, Садир Жапаров и нивниот таџикистански колега Емомали Рахмон разговараа на 13 октомври во Астана, Казахстан, на маргините на регионалните самити. Тоа беше прва средба меѓу Жапаров и Рахмон по конфликтот во септември. По тој состанок, Путин даде уверување дека Русија не претендира на улогата на посредник, туку дека ќе „разгледа документи и мапи“ за „да бара решение“.

The post Претседателот на Киргистан бара медијација од Путин appeared first on Република.

]]>
Вооружен инцидент на границата меѓу Киргистан и Таџикистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vooruzen-incident-na-granicata-megju-kirgistan-i-tadzikistan/ Wed, 14 Sep 2022 08:50:59 +0000 https://republika.mk/?p=550599

На киргистанско-таџикистанската граница утрово имало престрелка помеѓу граничарите на двете земји, соопшти пограничната служба на Киргистан.

Според официјален Бишкек, инцидентот настанал откако киргистанските граничари зазеле позиции во неразграничениот дел и почнале да пукаат кога им било посочено да ги напуштат „борбените позиции“ долж границата.

Според руските медиуми, еден таџикистански граничар загинал, а двајца се повредени.

Во изминатите години чести се судирите долж границата на Киргистан со Таџикистан.

The post Вооружен инцидент на границата меѓу Киргистан и Таџикистан appeared first on Република.

]]>

На киргистанско-таџикистанската граница утрово имало престрелка помеѓу граничарите на двете земји, соопшти пограничната служба на Киргистан. Според официјален Бишкек, инцидентот настанал откако киргистанските граничари зазеле позиции во неразграничениот дел и почнале да пукаат кога им било посочено да ги напуштат „борбените позиции“ долж границата. Според руските медиуми, еден таџикистански граничар загинал, а двајца се повредени. Во изминатите години чести се судирите долж границата на Киргистан со Таџикистан.

The post Вооружен инцидент на границата меѓу Киргистан и Таџикистан appeared first on Република.

]]>
Престрелка меѓу војници на киргистанско-таџикистанската граница, прогласена воена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prestrelka-megju-vojnici-na-kirgistansko-tadzikistanskata-granica-proglasena-voena-sostojba/ Thu, 27 Jan 2022 20:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=450423

Во делот на границата меѓу Таџикистан и Киргистан избувна престрелка меѓу војници од двете страни, соопшти Граничната служба на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан (СЦНС).

Ситуацијата во киргистанско-таџикистанскиот дел на државната граница се карактеризира како тензична. Таџикистанската страна користи минофрлачи и фрлачи на гранати во областите Торт-Кочо и Чир-Добо“, се вели во извештајот. Засега нема информации за загинати или повредени.

На границата е прогласена воена состојба, а стационирани се силите на Државниот комитет за национална безбедност, полицијата и армијата.

Жителите на киргистанските села долж границата со Таџикистан почнаа да ги напуштаат своите домови поради престрелката меѓу војниците од двете страни.

Администрацијата на регионот Баткен во Киргистан соопшти дека жените, децата и постарите лица се евакуирани на безбедно од селата во зоната на конфликтот.

The post Престрелка меѓу војници на киргистанско-таџикистанската граница, прогласена воена состојба appeared first on Република.

]]>

Во делот на границата меѓу Таџикистан и Киргистан избувна престрелка меѓу војници од двете страни, соопшти Граничната служба на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан (СЦНС).
Ситуацијата во киргистанско-таџикистанскиот дел на државната граница се карактеризира како тензична. Таџикистанската страна користи минофрлачи и фрлачи на гранати во областите Торт-Кочо и Чир-Добо“, се вели во извештајот. Засега нема информации за загинати или повредени.
На границата е прогласена воена состојба, а стационирани се силите на Државниот комитет за национална безбедност, полицијата и армијата. Жителите на киргистанските села долж границата со Таџикистан почнаа да ги напуштаат своите домови поради престрелката меѓу војниците од двете страни. Администрацијата на регионот Баткен во Киргистан соопшти дека жените, децата и постарите лица се евакуирани на безбедно од селата во зоната на конфликтот.

The post Престрелка меѓу војници на киргистанско-таџикистанската граница, прогласена воена состојба appeared first on Република.

]]>
Казахстан, Узбекистан и Киргистан останаа без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kazahstan-uzbekistan-i-kirgistan-ostanaa-bez-struja/ Tue, 25 Jan 2022 09:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=449070

Властите и граѓаните на земјите од Централна Азија – Казахстан, Узбекистан и Киргистан – денеска известија за прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната.

Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја, пренесува „Ројтерс“.

Во Казахстан, прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан, пренесува „Танјуг“.

Најавено е дека не работат високонапонските далноводи кои го поврзуваат главниот град Алмати со делови од електричниот систем на северот и југот на земјата.

The post Казахстан, Узбекистан и Киргистан останаа без струја appeared first on Република.

]]>

Властите и граѓаните на земјите од Централна Азија – Казахстан, Узбекистан и Киргистан – денеска известија за прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната. Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја, пренесува „Ројтерс“. Во Казахстан, прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан, пренесува „Танјуг“. Најавено е дека не работат високонапонските далноводи кои го поврзуваат главниот град Алмати со делови од електричниот систем на северот и југот на земјата.

The post Казахстан, Узбекистан и Киргистан останаа без струја appeared first on Република.

]]>