кире михаилов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kire-mihailov/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 13:12:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кире михаилов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kire-mihailov/ 32 32 Михаилов: Прекинат криминален ланец, одземен е камион на фирма од Струга, кој беше без соодветна документација и несоодветно жигосување! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mihailov-prekinat-kriminalen-lanets-odzemen-e-kamion-na-firma-od-struga-koj-beshe-bez-soodvetna-dokumentatsija-i-nesoodvetno-zhigosuvane/ Fri, 23 Aug 2024 13:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=809504

Во текот на вчерашниот ден во добро организирана акција помеѓу сите институции беше одземен камион на фирма – тендераш од СТРУГА кој беше без соодветна документација и несоодветно жигосување!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук заменик-директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов.

ОДЗЕМЕНО ВОЗИЛО ВО СТРУГА⁉️‼️⁉️

Со ова е прекинат еден криминален ланец за кои имавме сериозни индиции дека постои‼️

Инволвирани во ова криминално дејание имаше и наши вработени од “Македонски Шуми” за кои вработени веќе уште денеска се преземени сите активности за нивна целосна одговорност за овој случај и претходни случаи!

ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ, ЈАС ВИ ВЕТУВАМ ДЕКА ОВОЈ НАСТАН НЕМА ДА ЗАВРШИ “КАКО СИТЕ ДО СЕГА” И ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА ЗА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ‼️, пишува Михаилов во својата објава.

The post Михаилов: Прекинат криминален ланец, одземен е камион на фирма од Струга, кој беше без соодветна документација и несоодветно жигосување! appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден во добро организирана акција помеѓу сите институции беше одземен камион на фирма – тендераш од СТРУГА кој беше без соодветна документација и несоодветно жигосување!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук заменик-директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов. ОДЗЕМЕНО ВОЗИЛО ВО СТРУГА⁉️‼️⁉️ Со ова е прекинат еден криминален ланец за кои имавме сериозни индиции дека постои‼️ Инволвирани во ова криминално дејание имаше и наши вработени од “Македонски Шуми” за кои вработени веќе уште денеска се преземени сите активности за нивна целосна одговорност за овој случај и претходни случаи! ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ, ЈАС ВИ ВЕТУВАМ ДЕКА ОВОЈ НАСТАН НЕМА ДА ЗАВРШИ “КАКО СИТЕ ДО СЕГА” И ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА ЗА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ‼️, пишува Михаилов во својата објава.

The post Михаилов: Прекинат криминален ланец, одземен е камион на фирма од Струга, кој беше без соодветна документација и несоодветно жигосување! appeared first on Република.

]]>
Михаилов: Во јули имаше вкупно 765 пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mihailov-vo-juli-imashe-vkupno-765-pozhari/ Thu, 01 Aug 2024 17:08:05 +0000 https://republika.mk/?p=802447

Заменик-директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов на својот фејсбук профил информира дека во јули имало вкупно 765 пожари во земјава и дека тоа е бројка која е меѓу историски најголемите, односно дека имало и по над 30-тина пожари дневно.

Го завршивме месец јули со вкупно 765 пожари во Македонија или слободно можам да кажам бројка која е меѓу историски најголемите. Со оглед на тоа дека пожарите почнаа активно да се појавуваат некаде после 10 јули, следствено на тоа излегува дека во просек дневно имало по над 30-тина пожари, бројки кои сами по себе фрапираат. Ова не се обични бројки, ова се бројки кои сериозно треба сите да не замислат и загрижат. Се надевам дека во периодот кој што претстои пред нас ќе броиме и нижиме убави работи, а не катастрофи какви што ни ги приредија пожарите со своите огромни размери. Најважно од се, борбата која што изминативе деноноќија ја водевме на терен покажа дека Македонија може да се гордее со своите синови и ќерки, напиша Михаилов на Фејсбук.

Тој им се заблагодари на сите кои директно беа вклучени во борбата со пожарите.

Сакам уште еднаш по незнам кој пат да им се заблагодарам на сите оние кои директно беа вклучени во борба со пожарите преку институциите, на оние кои пристигнаа од надвор на повик на нашата Влада, на доброволците, на месното население, на бизнисмени и општествено одговорни фирми и воопшто на сите кои донираа и помагаа со логистика и на било кој начин. За добро на нашата татковина и сите нејзини граѓани мора да останеме на висина на нашите задачи и одговорности пред се како луѓе и да продолжиме да се справуваме со сите предизвици кои ќе ни ги приреди иднината, а ќе мораме ние како совесни и одговорни граѓани да ги решаваме, порача Михаилов.

The post Михаилов: Во јули имаше вкупно 765 пожари appeared first on Република.

]]>

Заменик-директорот на ЈП Национални шуми Кире Михаилов на својот фејсбук профил информира дека во јули имало вкупно 765 пожари во земјава и дека тоа е бројка која е меѓу историски најголемите, односно дека имало и по над 30-тина пожари дневно. Го завршивме месец јули со вкупно 765 пожари во Македонија или слободно можам да кажам бројка која е меѓу историски најголемите. Со оглед на тоа дека пожарите почнаа активно да се појавуваат некаде после 10 јули, следствено на тоа излегува дека во просек дневно имало по над 30-тина пожари, бројки кои сами по себе фрапираат. Ова не се обични бројки, ова се бројки кои сериозно треба сите да не замислат и загрижат. Се надевам дека во периодот кој што претстои пред нас ќе броиме и нижиме убави работи, а не катастрофи какви што ни ги приредија пожарите со своите огромни размери. Најважно од се, борбата која што изминативе деноноќија ја водевме на терен покажа дека Македонија може да се гордее со своите синови и ќерки, напиша Михаилов на Фејсбук. Тој им се заблагодари на сите кои директно беа вклучени во борбата со пожарите. Сакам уште еднаш по незнам кој пат да им се заблагодарам на сите оние кои директно беа вклучени во борба со пожарите преку институциите, на оние кои пристигнаа од надвор на повик на нашата Влада, на доброволците, на месното население, на бизнисмени и општествено одговорни фирми и воопшто на сите кои донираа и помагаа со логистика и на било кој начин. За добро на нашата татковина и сите нејзини граѓани мора да останеме на висина на нашите задачи и одговорности пред се како луѓе и да продолжиме да се справуваме со сите предизвици кои ќе ни ги приреди иднината, а ќе мораме ние како совесни и одговорни граѓани да ги решаваме, порача Михаилов.

The post Михаилов: Во јули имаше вкупно 765 пожари appeared first on Република.

]]>
Проблемот решен само пред камера – градоначалникот се пофали, а децата се уште одат неколку километри пеш на училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/problemot-reshen-samo-pred-kamera-gradonachalnikot-se-pofali-a-detsata-se-ushte-odat-nekolku-kilometri-pesh-na-uchilishte/ Wed, 22 Nov 2023 19:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=715306

Дејвид, Злате и Анета од селото Иљово во делчевско се ученици во трето, петто и седмо одделение кое не можат да стигнат на училиште и да посетуваат настава како и сите останати деца во нашата земја.

Причината поради која тие се заробени дома не е нивна вина, туку вина на општината Делчево.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа кое се доказ дека тие не одат на училиште поради немањето превоз, но и соодветен пат.

Тие се приморани да одат пеш и по пет километри во денот во еден правец за да стигнат трите дечиња во основното училиште.

Кире Михаилов од ВМРО-ДПМНЕ преку видео пред еден месец објави кадри од домот на дечињата кои иако било работен ден тие биле дома, наместо во училиште.

Потоа, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево објави дека уште една институционална битка била добиена со нивна помош и дека патната инфраструктура била подобрена од страна на градоначалникот и општината.

Сепак, пет дена откако тоа го направија, Кире Михаилов повторно објави дека денес трите дечиња одат повторно пеш до училиштето. Тие поминуваат низ шума и пат со кал, а проблемот иако сите мислеа дека е решен, сепак тоа било само голема лага објавена од страна на локалната власт.

Инаку родителите на трите деца велат дека патот до правдата ќе го бараат преку сите институции и ќе ги искористат сите правни механизми во нивна корист за нивните три деца да можат да посетуваат настава како сите останати основци, а тоа право им е загарантирано со Закон.

The post Проблемот решен само пред камера – градоначалникот се пофали, а децата се уште одат неколку километри пеш на училиште appeared first on Република.

]]>

Дејвид, Злате и Анета од селото Иљово во делчевско се ученици во трето, петто и седмо одделение кое не можат да стигнат на училиште и да посетуваат настава како и сите останати деца во нашата земја. Причината поради која тие се заробени дома не е нивна вина, туку вина на општината Делчево. На социјалните мрежи се појавија неколку видеа кое се доказ дека тие не одат на училиште поради немањето превоз, но и соодветен пат. Тие се приморани да одат пеш и по пет километри во денот во еден правец за да стигнат трите дечиња во основното училиште. Кире Михаилов од ВМРО-ДПМНЕ преку видео пред еден месец објави кадри од домот на дечињата кои иако било работен ден тие биле дома, наместо во училиште. Потоа, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево објави дека уште една институционална битка била добиена со нивна помош и дека патната инфраструктура била подобрена од страна на градоначалникот и општината. Сепак, пет дена откако тоа го направија, Кире Михаилов повторно објави дека денес трите дечиња одат повторно пеш до училиштето. Тие поминуваат низ шума и пат со кал, а проблемот иако сите мислеа дека е решен, сепак тоа било само голема лага објавена од страна на локалната власт. Инаку родителите на трите деца велат дека патот до правдата ќе го бараат преку сите институции и ќе ги искористат сите правни механизми во нивна корист за нивните три деца да можат да посетуваат настава како сите останати основци, а тоа право им е загарантирано со Закон.

The post Проблемот решен само пред камера – градоначалникот се пофали, а децата се уште одат неколку километри пеш на училиште appeared first on Република.

]]>