Кир Стармер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kir-starmer/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 21:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кир Стармер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kir-starmer/ 32 32 Британскиот премиер Стармер нема намера да разговара со Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskiot-premier-starmer-nema-namera-da-razgovara-so-putin/ Sun, 17 Nov 2024 21:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=838958

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека нема намера да разговара со Владимир Путин, два дена по телефонски разговор на германскиот канцелар Олаф Шолц со рускиот претседател, што наиде на неодобрување од Киев и поддржувачите на Украина.

-На канцеларот Шолц е да одлучи со кого ќе разговара. Јас немам намера да разговарам со Путин, рече Стармер во изјава за новинарите пред заминувањето за Бразил на самитот на Г-20.

Стармер, како што пренесуваат британските медиуми, се заложи за удвојување на напорите за зајакнување на поддршката за Украина.

Оваа тема ќе биде на дневен ред на Самитот на земјите од Г-20, на кој ќе присуствуваат многу светски лидери, но не и Путин.

Стармер посочи дека вторник се навршуваат 1.000 дена од војната во Украина.

-Тоа претставува 1.000 дена руска агресија, 1.000 дена жртвување за украинскиот народ, а неодамна видовме севернокорејски сили како работат со Русите, рече британскиот премиер.

Според него, ова го покажува очајот на Русија, но има и сериозни импликации за безбедноста на европскиот и индо – пацифичкиот регион.

-Треба да обезбедиме целосна поддршка (на Украина) онолку колку што е потребно, додаде Стармер.


(МИА)

The post Британскиот премиер Стармер нема намера да разговара со Путин appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека нема намера да разговара со Владимир Путин, два дена по телефонски разговор на германскиот канцелар Олаф Шолц со рускиот претседател, што наиде на неодобрување од Киев и поддржувачите на Украина.
-На канцеларот Шолц е да одлучи со кого ќе разговара. Јас немам намера да разговарам со Путин, рече Стармер во изјава за новинарите пред заминувањето за Бразил на самитот на Г-20.
Стармер, како што пренесуваат британските медиуми, се заложи за удвојување на напорите за зајакнување на поддршката за Украина. Оваа тема ќе биде на дневен ред на Самитот на земјите од Г-20, на кој ќе присуствуваат многу светски лидери, но не и Путин. Стармер посочи дека вторник се навршуваат 1.000 дена од војната во Украина.
-Тоа претставува 1.000 дена руска агресија, 1.000 дена жртвување за украинскиот народ, а неодамна видовме севернокорејски сили како работат со Русите, рече британскиот премиер.
Според него, ова го покажува очајот на Русија, но има и сериозни импликации за безбедноста на европскиот и индо – пацифичкиот регион.
-Треба да обезбедиме целосна поддршка (на Украина) онолку колку што е потребно, додаде Стармер.

(МИА)

The post Британскиот премиер Стармер нема намера да разговара со Путин appeared first on Република.

]]>
Велика Британија е „оставена без пари“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-e-ostavena-bez-pari/ Sun, 28 Jul 2024 18:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=801161

Британската влада, пред утрешната проценка за состојбата на јавните финансии, објави дека земјата е „шворц и скршена“, пренесува Ројтерс и додава дека новоизбраната Лабуристичка партија ќе го искористи извештајот за да ги обвини своите претходници за дефицит од 20 милијарди фунти (23,6 милијарди евра).

Новата влада избрана да ја предводи шестата по големина светска економија, лабуристите поминаа голем дел од трите недели на власт објаснувајќи ѝ на јавноста дека ситуацијата е полоша отколку што се мислеше во речиси секоја област од јавната политика.

Министерката за финансии Рејчел Ривс ќе ги претстави резултатите од фискалниот преглед пред парламентот и ќе ја обвини Конзервативната партија, која ја водеше земјата во изминатите 14 години, дека минатата власт ја оставила земјата „без пари“.

„Проценката ќе покаже дека Британија е и без пари и скршена, откривајќи го нередот што го направи популистичката политика со економијата и јавните услуги“, соопшти кабинетот на премиерот Кир Стармер.

Ќе покаже и, се додава, дека претходната влада презела некои финансиски обврски за оваа фискална година без да праша од каде ќе дојдат парите.

Конзервативците ги отфрлаат обвинувањата на лабуристите за „црна дупка“ во јавните финансии како измислен изговор за зголемување на даноците и истакнуваат дека тие не кажале ниту збор за тоа за време на изборната кампања.

The post Велика Британија е „оставена без пари“ appeared first on Република.

]]>

Британската влада, пред утрешната проценка за состојбата на јавните финансии, објави дека земјата е „шворц и скршена“, пренесува Ројтерс и додава дека новоизбраната Лабуристичка партија ќе го искористи извештајот за да ги обвини своите претходници за дефицит од 20 милијарди фунти (23,6 милијарди евра). Новата влада избрана да ја предводи шестата по големина светска економија, лабуристите поминаа голем дел од трите недели на власт објаснувајќи ѝ на јавноста дека ситуацијата е полоша отколку што се мислеше во речиси секоја област од јавната политика. Министерката за финансии Рејчел Ривс ќе ги претстави резултатите од фискалниот преглед пред парламентот и ќе ја обвини Конзервативната партија, која ја водеше земјата во изминатите 14 години, дека минатата власт ја оставила земјата „без пари“.
„Проценката ќе покаже дека Британија е и без пари и скршена, откривајќи го нередот што го направи популистичката политика со економијата и јавните услуги“, соопшти кабинетот на премиерот Кир Стармер.
Ќе покаже и, се додава, дека претходната влада презела некои финансиски обврски за оваа фискална година без да праша од каде ќе дојдат парите. Конзервативците ги отфрлаат обвинувањата на лабуристите за „црна дупка“ во јавните финансии како измислен изговор за зголемување на даноците и истакнуваат дека тие не кажале ниту збор за тоа за време на изборната кампања.

The post Велика Британија е „оставена без пари“ appeared first on Република.

]]>
Стармер: Безбедносен договор меѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде од корист и за НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/starmer-bezbednosen-dogovor-megu-velika-britanija-i-eu-ke-bide-od-korist-i-za-nato/ Wed, 10 Jul 2024 13:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=795400

Безбедносниот договор меѓу Велика Британија и Европската унија би бил во корист на НАТО, изјави британскиот премиер Кир Стармер на состанокот на Алијансата.

Зборувајќи во пресрет на самитот во Вашингтон по повод 75-годишнината од НАТО, Стармер изјави дека планот за поблиски врски со Брисел во областа на одбраната и безбедноста е „навистина важен за Велика Британија“, пренесува Политико.

Мислам дека има простор за подобрување на нашите одбранбени и безбедносни односи со ЕУ и мислам дека ова е во корист на НАТО. Алијансата сè уште е камен-темелник на одбраната во Европа, рече тој.

Лабуристичката партија соопшти дека сака новиот договор со ЕУ да опфати поширок опсег на теми, вклучувајќи области како што се енергијата, синџирите на снабдување, пандемии и миграцијата.

Според Политико, Стармер направил необичен чекор и со себе во Вашингтон го донел министерот за односи со ЕУ, Ник Томас-Сајмондс, а премиерот бил придружуван од министерот за надворешни работи Дејвид Леми и министерот за одбрана, Џон Хили. Леми и Хили претходно оваа недела рекоа дека Обединетото кралство сака да постигне „ново геополитичко партнерство“ со Европа.

The post Стармер: Безбедносен договор меѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде од корист и за НАТО appeared first on Република.

]]>

Безбедносниот договор меѓу Велика Британија и Европската унија би бил во корист на НАТО, изјави британскиот премиер Кир Стармер на состанокот на Алијансата. Зборувајќи во пресрет на самитот во Вашингтон по повод 75-годишнината од НАТО, Стармер изјави дека планот за поблиски врски со Брисел во областа на одбраната и безбедноста е „навистина важен за Велика Британија“, пренесува Политико. Мислам дека има простор за подобрување на нашите одбранбени и безбедносни односи со ЕУ и мислам дека ова е во корист на НАТО. Алијансата сè уште е камен-темелник на одбраната во Европа, рече тој. Лабуристичката партија соопшти дека сака новиот договор со ЕУ да опфати поширок опсег на теми, вклучувајќи области како што се енергијата, синџирите на снабдување, пандемии и миграцијата. Според Политико, Стармер направил необичен чекор и со себе во Вашингтон го донел министерот за односи со ЕУ, Ник Томас-Сајмондс, а премиерот бил придружуван од министерот за надворешни работи Дејвид Леми и министерот за одбрана, Џон Хили. Леми и Хили претходно оваа недела рекоа дека Обединетото кралство сака да постигне „ново геополитичко партнерство“ со Европа.

The post Стармер: Безбедносен договор меѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде од корист и за НАТО appeared first on Република.

]]>
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија – Кир Стармер ќе биде новиот премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/laburistite-pobedija-na-izborite-vo-velika-britanija-kir-starmer-ke-bide-noviot-premier/ Fri, 05 Jul 2024 07:51:42 +0000 https://republika.mk/?p=793625

Промените во Велика Британија почнуваат сега, изјави лидерот на лабуристите, Кир Стармер, откако неговата партија победи на вчерашните избори со кои се стави крај на 14-годишното владеење на конзервативците.

Во својот говор по победата на неговата Лабуристичка партија, идниот премиер Стармер истакна дека овој мандат носи голема одговорност, но дека со победата на неговите лабуристи „конечно е тргнат товарот од плеќите“ на Британците.

-Во политиката ништо не е однапред одредено. Победите на изборите не паѓаат од небо - тешко се добиваат и за нив се води тешка борба, рече тој, пренесе Скај њуз.

Стармер додаде дека „нема да биде лесно“ и го повика британскиот народ да се сеќава на изборната победа кога ќе стане тешко.

Излезните анкети покажуваат дека лабуристите на Стармер освоија 410 од 650 места во Долниот дом на британскиот Парламент на вчерашните општи избори во земјата, со што заврши 14-годишното владеење на конзервативците.

Според анкетите, Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак ќе освои само 131 место, пренесуваат британските медиуми.

The post Лабуристите победија на изборите во Велика Британија – Кир Стармер ќе биде новиот премиер appeared first on Република.

]]>

Промените во Велика Британија почнуваат сега, изјави лидерот на лабуристите, Кир Стармер, откако неговата партија победи на вчерашните избори со кои се стави крај на 14-годишното владеење на конзервативците. Во својот говор по победата на неговата Лабуристичка партија, идниот премиер Стармер истакна дека овој мандат носи голема одговорност, но дека со победата на неговите лабуристи „конечно е тргнат товарот од плеќите“ на Британците. -Во политиката ништо не е однапред одредено. Победите на изборите не паѓаат од небо - тешко се добиваат и за нив се води тешка борба, рече тој, пренесе Скај њуз. Стармер додаде дека „нема да биде лесно“ и го повика британскиот народ да се сеќава на изборната победа кога ќе стане тешко. Излезните анкети покажуваат дека лабуристите на Стармер освоија 410 од 650 места во Долниот дом на британскиот Парламент на вчерашните општи избори во земјата, со што заврши 14-годишното владеење на конзервативците. Според анкетите, Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак ќе освои само 131 место, пренесуваат британските медиуми.

The post Лабуристите победија на изборите во Велика Британија – Кир Стармер ќе биде новиот премиер appeared first on Република.

]]>