кипер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiper/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 19:08:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кипер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiper/ 32 32 Ги ставале во посебни бункери, ги криеле по пријатели – притвор за криумчарите на мигранти фатени во големата акција „Кипер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gi-stavale-vo-posebni-bunkeri-gi-kriele-po-prijateli-pritvor-za-kriumcharite-na-migranti-fateni-vo-golemata-aktsija-kiper/ Tue, 10 Sep 2024 19:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=815095

Судот ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за изрекување на 30-дневен притвор на седумчлената организирана криминална група која се сомничи дека на територијата на државата извршувала кривични дела криумчарење на мигранти.

Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, акцијата со кодно име „Кипер“ е резултат на предистражна постапка што се спроведувала од септември 2023 година до месец јуни годинава, во која од слобода се лишени пет лица, едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, додека на другото лице кое е во бегство му е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан. При извршените претреси биле пронајдени и одземени патничко моторно возило, прашкаста материја, вага и мобилни телефонски апарати што лицата ги користеле за извршување на кривичното дело.

Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест македонски и еден српски државјанин. Постои основано сомнение дека првосомничениот како организатор на криминалната група е сторител на кривичните дела „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ од член 418-в и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б, петмина од останатите сомничени се товарат дека се сторители на истите кривични дела како членови на групата, додека на седмоосомничениот му се става на товар дека помагал во извршување на кривичното дело „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти, се наведува во соопштението.

Според обезбедените докази од предистражната постапка во текот на 2023 година и 2024 година, додаваат од Обвинителството, првоосомничениот заедно со две лица – странски државјани и тоа едно идентификувано лице по потекло од Пакистан и Н.Н лице државјанин на Република Србија се здружиле и организирале меѓународна криминална група во земјава.

Оваа група, од Јавното обвинителство велат дека била дел од меѓународна криминална мрежа, која заради стекнување имотна корист со однапред определени задачи извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Во временскиот период од месец септември 2023 година до месец јуни годинава осомничените организирале илегално пренесување на групи мигранти државјани од Сирија и други земји од блискиот и далечниот исток и земји од Африка – Ирак, Конго и Нигерија преку илегални премини на т.н. „зелена граница“.

Првоосомничениот на организиран и претходно договорен и воспоставен начин на телефонска комуникација, користејќи телефонски броеви од српски мобилни оператори и интернет комуникација, заедно со останатите двајца организатори на криминалната група го планирал и договарал бројот на мигрантите кои ќе бидат пренесени на територија на Р.Македонија, притоа договарајќи ги локациите каде ќе бидат пренесени, времето и местото – точната локација каде се наоѓале мигрантите подготвени за прифаќање и натамошно превезување кон кумановско -липковскиот регион. Со помош на водичи т.н. „качаци“, мигрантите координирано биле водени на претходно утврдени и договорени локации, од каде „качаците“ им ја испраќале локацијата на организаторите. Првоосомничениот ги известувал останатите припадници на групата и им давал задачи за обезбедување на товарни возила и изработување на импровизирани бункери во нив за прифаќање и превезување на мигрантите, а на седмоосомничениот припадник на групата му давал задача да ги прими и подигне паричните средства исплатени за успешно извршеното криумчарење на мигрантите преку територијата на Р.Македонија. Откако илегалните мигранти биле превезени до претходно договорените локации, првоосомничениот во договор со организаторот Н.Н лице од Република Србија го организирал понатамошно прифаќање и криумчарење од Р.Македонија во Р.Србија, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Петмината осомничени денеска беа изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“, а за другото лице, кое е во бегство е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан.

Од МВР денеска информираа дека во координирана полициска акција сузбиена е организирана криминална група инволвирана во криумчарење поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак. Како што информира МВР, извршени се претреси кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес. Организатор на криминалната група е 39-годишен жител на Штип, кој работел заедно со уште петмина македонски државјани, како и 50-годишен жител на Србија и уште едно засега непознато лице, исто така од Србија. Во криумчарењето соработувало уште едно лице со потекло од Пакистан.

Лишени од слобода се вкупно пет лица, по едно лице се трага, а едно лице - член на криминалната група веќе издржува мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“.  ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица.

Координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти, спроведе денеска Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, информира Министерството за внатрешни работи.

Операцијата, како што информираат од МВР, е во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“.

Криминалистичката истрага се спроведуваше од септември 2023 година до јуни 2024 година над организираната седумчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Македонија. Имено, организаторот на криминалната група В.С. (39) од Штип, со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со Д.Н. (28) од Злетово, Г.А. (52) од Пробиштип, В.Д. (50) од Р.Србија, Д.Л. (46) од Велес, И.Л. (23) од Велес и С.П. (29) од Велес, во соработка со У.Н., лице по потекло од Пакистан и засега непознато лице од Р.Србија, организирале криминална група во Република Македонија, која извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист, се вели во соопштението од МВР.

Организаторот на криминалната група, В.С., како што се наведува во соопштениет од МВР, со У.Н. од Пакистан преку телефонска и интернет комуникација ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, а потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран, ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Р.Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.

Оваа организирана криминална група за време на своето делување организирала криумчарење на поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Р.Грција. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за форензички испитувања, при што претреси беа извршени кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес, информираат од МВР.

При извршените претреси пронајдени и одземени се: патничко моторно возило, прашкаста материја, вага, мобилни телефонски апарати кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички итн. Во соработка со КПУ Затвор Скопје, извршени се прегледи кај лицето кое е во притвор, при што пронајден е мобилен телефон.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица и тоа против В.С. за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против Д.Н., Г.А., В.Д., Д.Л. и С.П. заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против И.Л. за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, во врска со член 24 „помагање“ од КЗ.

Пријавениот В.Д., како што информираат од МВР, од 19.03.2024 издржува мерка притвор во КПУ Скопје, а против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 418-б „криумчарење на мигранти“. предвидено и казниво во КЗ.

The post Ги ставале во посебни бункери, ги криеле по пријатели – притвор за криумчарите на мигранти фатени во големата акција „Кипер“ appeared first on Република.

]]>

Судот ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за изрекување на 30-дневен притвор на седумчлената организирана криминална група која се сомничи дека на територијата на државата извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, акцијата со кодно име „Кипер“ е резултат на предистражна постапка што се спроведувала од септември 2023 година до месец јуни годинава, во која од слобода се лишени пет лица, едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, додека на другото лице кое е во бегство му е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан. При извршените претреси биле пронајдени и одземени патничко моторно возило, прашкаста материја, вага и мобилни телефонски апарати што лицата ги користеле за извршување на кривичното дело.
Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест македонски и еден српски државјанин. Постои основано сомнение дека првосомничениот како организатор на криминалната група е сторител на кривичните дела „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ од член 418-в и „Криумчарење на мигранти“ по член 418-б, петмина од останатите сомничени се товарат дека се сторители на истите кривични дела како членови на групата, додека на седмоосомничениот му се става на товар дека помагал во извршување на кривичното дело „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти, се наведува во соопштението.
Според обезбедените докази од предистражната постапка во текот на 2023 година и 2024 година, додаваат од Обвинителството, првоосомничениот заедно со две лица – странски државјани и тоа едно идентификувано лице по потекло од Пакистан и Н.Н лице државјанин на Република Србија се здружиле и организирале меѓународна криминална група во земјава. Оваа група, од Јавното обвинителство велат дека била дел од меѓународна криминална мрежа, која заради стекнување имотна корист со однапред определени задачи извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Во временскиот период од месец септември 2023 година до месец јуни годинава осомничените организирале илегално пренесување на групи мигранти државјани од Сирија и други земји од блискиот и далечниот исток и земји од Африка – Ирак, Конго и Нигерија преку илегални премини на т.н. „зелена граница“.
Првоосомничениот на организиран и претходно договорен и воспоставен начин на телефонска комуникација, користејќи телефонски броеви од српски мобилни оператори и интернет комуникација, заедно со останатите двајца организатори на криминалната група го планирал и договарал бројот на мигрантите кои ќе бидат пренесени на територија на Р.Македонија, притоа договарајќи ги локациите каде ќе бидат пренесени, времето и местото – точната локација каде се наоѓале мигрантите подготвени за прифаќање и натамошно превезување кон кумановско -липковскиот регион. Со помош на водичи т.н. „качаци“, мигрантите координирано биле водени на претходно утврдени и договорени локации, од каде „качаците“ им ја испраќале локацијата на организаторите. Првоосомничениот ги известувал останатите припадници на групата и им давал задачи за обезбедување на товарни возила и изработување на импровизирани бункери во нив за прифаќање и превезување на мигрантите, а на седмоосомничениот припадник на групата му давал задача да ги прими и подигне паричните средства исплатени за успешно извршеното криумчарење на мигрантите преку територијата на Р.Македонија. Откако илегалните мигранти биле превезени до претходно договорените локации, првоосомничениот во договор со организаторот Н.Н лице од Република Србија го организирал понатамошно прифаќање и криумчарење од Р.Македонија во Р.Србија, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.
Петмината осомничени денеска беа изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Едно лице е веќе на издржување мерка притвор во КПУ Затвор Скопје за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“, а за другото лице, кое е во бегство е определена мерката притвор во отсуство во друг кривично-правен настан. Од МВР денеска информираа дека во координирана полициска акција сузбиена е организирана криминална група инволвирана во криумчарење поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак. Како што информира МВР, извршени се претреси кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес. Организатор на криминалната група е 39-годишен жител на Штип, кој работел заедно со уште петмина македонски државјани, како и 50-годишен жител на Србија и уште едно засега непознато лице, исто така од Србија. Во криумчарењето соработувало уште едно лице со потекло од Пакистан. Лишени од слобода се вкупно пет лица, по едно лице се трага, а едно лице - член на криминалната група веќе издржува мерка притвор во КПУ Затвор Скопје. за сторено кривично дела „криумчарење мигранти“.  ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица. Координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела што се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти, спроведе денеска Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, информира Министерството за внатрешни работи. Операцијата, како што информираат од МВР, е во рамките на криминалистичка истрага „Кипер“.
Криминалистичката истрага се спроведуваше од септември 2023 година до јуни 2024 година над организираната седумчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Македонија. Имено, организаторот на криминалната група В.С. (39) од Штип, со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со Д.Н. (28) од Злетово, Г.А. (52) од Пробиштип, В.Д. (50) од Р.Србија, Д.Л. (46) од Велес, И.Л. (23) од Велес и С.П. (29) од Велес, во соработка со У.Н., лице по потекло од Пакистан и засега непознато лице од Р.Србија, организирале криминална група во Република Македонија, која извршила криумчарење на поголем број мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист, се вели во соопштението од МВР.
Организаторот на криминалната група, В.С., како што се наведува во соопштениет од МВР, со У.Н. од Пакистан преку телефонска и интернет комуникација ja договарале локацијата и бројот на илегални мигранти за транспорт, а потоа членовите на организираната криминална група ги прифаќале илегалните мигранти на локации во околината на Гевгелија и Дојран, ги сместувале во специјално изработени импровизирани бункери, во делот за товар на товарните возила и ги превезувале до договорените локации во кумановско-липковскиот регион. По пристигнување, илегалните мигранти во организација на В.С. и засега непознато лице од Р.Србија, биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.
Оваа организирана криминална група за време на своето делување организирала криумчарење на поголем број мигранти, најголем број по потекло од Сирија, дел од Конго и Ирак, кои претходно веќе пристигнале и одреден временски период престојувале на територијата Р.Грција. При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа вклучени полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за форензички испитувања, при што претреси беа извршени кај пет лица во вкупно пет објекти, лоцирани на подрачје на Штип, Злетово, Пробиштип и Велес, информираат од МВР.
При извршените претреси пронајдени и одземени се: патничко моторно возило, прашкаста материја, вага, мобилни телефонски апарати кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички итн. Во соработка со КПУ Затвор Скопје, извршени се прегледи кај лицето кое е во притвор, при што пронајден е мобилен телефон. ОСОСК до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против седум лица и тоа против В.С. за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против Д.Н., Г.А., В.Д., Д.Л. и С.П. заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, како и “криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 4 во врска со став 2 од КЗ, против И.Л. за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 2, во врска со член 24 „помагање“ од КЗ. Пријавениот В.Д., како што информираат од МВР, од 19.03.2024 издржува мерка притвор во КПУ Скопје, а против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 418-б „криумчарење на мигранти“. предвидено и казниво во КЗ.

The post Ги ставале во посебни бункери, ги криеле по пријатели – притвор за криумчарите на мигранти фатени во големата акција „Кипер“ appeared first on Република.

]]>
Се огласи маркет „Кипер“ откако беше запечатен со жолти ленти на УЈП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-oglasi-market-kiper-otkako-beshe-zapechaten-so-zolti-lenti-na-ujp/ Thu, 24 Mar 2022 12:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=477661

Ве известуваме дека во маркетите Киппер во тек е редовна контрола од страна на инспекторатот. Заради создавање на услови за работа на горенаведените надлежни службеници, продавниците во кои контролата продолжува ќе бидат затворени до завршување на процесот на евидентирање, стои во соопштението на маркет Киппер до јавноста.

Од таму велат дека се надеваат дека во текот на денот маркетите ќе продолжат со редовно работење.

The post Се огласи маркет „Кипер“ откако беше запечатен со жолти ленти на УЈП appeared first on Република.

]]>

Ве известуваме дека во маркетите Киппер во тек е редовна контрола од страна на инспекторатот. Заради создавање на услови за работа на горенаведените надлежни службеници, продавниците во кои контролата продолжува ќе бидат затворени до завршување на процесот на евидентирање, стои во соопштението на маркет Киппер до јавноста. Од таму велат дека се надеваат дека во текот на денот маркетите ќе продолжат со редовно работење.  

The post Се огласи маркет „Кипер“ откако беше запечатен со жолти ленти на УЈП appeared first on Република.

]]>
УЈП влезе и во „Кипер“, маркетите запечатени додека инспекторите контролираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-vleze-i-vo-kiper-marketite-zapechateni-dodeka-inspektorite-kontroliraat/ Thu, 24 Mar 2022 11:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=477647

Маркети на ланецот „Кипер“ во Скопје, но и во други градови во државата, вечерва се запечатени со жолти ленти на УЈП, додека трае пописот и контролата на инспекторите околу тоа дали овие маркети се придржуваат до владините мерки за укинување на маржата на одредени основни прехранбени производи, објави порталот Скопје1.

Ниту УЈП, ниту „Кипер“ досега не се огласија за контролите во компанијата, кои доаѓаат два дена по големата слична акција во маркетите „КАМ“, во која директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека биле ангажирани триста инспектори на Управата.

Од УЈП, како и во изминатите денови, велат дека дека главната цел на контролите е да се заштитат граѓаните од плаќање на данок за производи кои не подлежат на ваква давачка со одлука на Владата. Се врши увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Според Управата, паралелно се вршат контроли и кај голем број други трговци, а инспекторите досега откриле дека дел од маркетите во државата и натаму пресметуваат ДДВ од пет проценти на дел од производите кои со владина уредба се ослободени од секакви давачки кон државата.

Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето. Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува, се додава во информацијата од УЈП.

фото: Скопје1

The post УЈП влезе и во „Кипер“, маркетите запечатени додека инспекторите контролираат appeared first on Република.

]]>

Маркети на ланецот „Кипер“ во Скопје, но и во други градови во државата, вечерва се запечатени со жолти ленти на УЈП, додека трае пописот и контролата на инспекторите околу тоа дали овие маркети се придржуваат до владините мерки за укинување на маржата на одредени основни прехранбени производи, објави порталот Скопје1. Ниту УЈП, ниту „Кипер“ досега не се огласија за контролите во компанијата, кои доаѓаат два дена по големата слична акција во маркетите „КАМ“, во која директорката на УЈП, Сања Лукаревска, рече дека биле ангажирани триста инспектори на Управата. Од УЈП, како и во изминатите денови, велат дека дека главната цел на контролите е да се заштитат граѓаните од плаќање на данок за производи кои не подлежат на ваква давачка со одлука на Владата. Се врши увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Според Управата, паралелно се вршат контроли и кај голем број други трговци, а инспекторите досега откриле дека дел од маркетите во државата и натаму пресметуваат ДДВ од пет проценти на дел од производите кои со владина уредба се ослободени од секакви давачки кон државата.