кинвенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinventsija/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 20:38:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кинвенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinventsija/ 32 32 Пендаровски: Евроатлански интеграции и негување на меѓуетничките односи за демократска и просперитетна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-evroatlanski-integratsii-i-neguvane-na-meguetnichkite-odnosi-za-demokratska-i-prosperitetna-drzhava/ Tue, 02 Apr 2024 20:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=761472

Македонија е можна како демократска и просперитетна држава само ако ги одржува витални двата стратешки континуитети - евроатланските интеграции и меѓуетничките односи. Нашиот политички континуитет во оваа смисла е познат, а нивниот е контиунирано одбивање на компромиси кои неспорно го чуваат нашето национално достоинство - нашиот јазик и нашиот идентитет, порача вечерва актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, кој влегува во трката за втор претседателски мандат.

На изборната конвенција, што се одржа вечерва во Скопје, Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, рече дека опозицијата нема донесено ниту една стратешка одлука за државата затоа што, како што посочи, преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси на долг рок, но на краток рок се губи рејтингот, а со популистички одлуки се чуваат фотелјите и парите, но не и интересите на државата и граѓаните.

Посочи дека наместо договорот од Преспа, опозицијата нудела и нуди негово поништување, а како алтернативи предлагаат изолација или зачленување во БРИКС, организација  во која нема ниту една европска држава, а еден од основачите е Русија.

- Пред три години кога со сите сили кои ни се на располагање работевме на модификација на Францускиот предлог, имавме тешки расправии со Софија за зачувувње на македонскиот јазик и идентитет, опозицијата отворено ги саботираше тие напори, а некои европски комесари, нивните стратешки сојузници, и тогаш и денес, кои им ја работат изборната програма, беа отворено на бугарска страна. На крајот од само за нив познати причини ги повикаа граѓаните на бојкот поради што 130 илјади Македонци во земјата и кој знае уште колку во дијаспората воопшто не се попишаа, истакна Пендаровски.

Рече дека поддржува ветинг на судиите и политичарите и дека сите оние што згрешиле, треба да бидат разрешени од функциите, а не да делат правда или да конкурираат за политички функции.

- Не можеме да ги критикуваме другите, ако не погледнеме во нашите редови и не ги констатираме и нашите грешки. Грешки немавме во однос за стратешките прашања, но во однос на некои политики или кардовски одлуки, грешки имавме. Нашето најголемо потфрлање беше што застанавме на половина пат во реализација на клучниот слоган на единствената автентична граѓанска револуција „Нема правда, нема мир“. Во оваа смисла не можеме да го вратиме времето, но нужно е да се обврземе на целосен ветинг на сите судии и обвинтиели, но пред се на нас, политичарите. Сите кои намерно држат предмети во фиока или не можат да докажат како од плата заработиле милиони, треба да бидат разрешени од функциите и треба да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политички функции, порача Пендаровски.

Додаде дека го поддржува предлогот на опозицијата за ветинг на функционерите, но предлага да се провери имотот на функцонерите и нивните блиски не само во изминатите пет години, туку од 1990 година до денес.

- Во следните недели македонските граѓани ќе бидат исправени пред истата дилема како пред 10 или 20 години, дали да им дадат доверба на квази патриотите или на оние кои покажаа дека знаат да ја позоционираат македонија и да ги штитат нејзините државни интереси во светот во кој големите ги диктираат правилата, нагласи Пендаровски.

Најави дека ако ја добие довербата и во следните години ќе продолжи да работи за плата, а не за проценти, ќе ги третира сите граѓани на еднаков начин, независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат, ќе соработува со младите и ќе продолжи да го критикува криминалот и високата корупција на бил кој во државата, вклучувајќи ги и оние кои го поддржале и гласале за него.

The post Пендаровски: Евроатлански интеграции и негување на меѓуетничките односи за демократска и просперитетна држава appeared first on Република.

]]>

Македонија е можна како демократска и просперитетна држава само ако ги одржува витални двата стратешки континуитети - евроатланските интеграции и меѓуетничките односи. Нашиот политички континуитет во оваа смисла е познат, а нивниот е контиунирано одбивање на компромиси кои неспорно го чуваат нашето национално достоинство - нашиот јазик и нашиот идентитет, порача вечерва актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, кој влегува во трката за втор претседателски мандат. На изборната конвенција, што се одржа вечерва во Скопје, Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, рече дека опозицијата нема донесено ниту една стратешка одлука за државата затоа што, како што посочи, преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси на долг рок, но на краток рок се губи рејтингот, а со популистички одлуки се чуваат фотелјите и парите, но не и интересите на државата и граѓаните. Посочи дека наместо договорот од Преспа, опозицијата нудела и нуди негово поништување, а како алтернативи предлагаат изолација или зачленување во БРИКС, организација  во која нема ниту една европска држава, а еден од основачите е Русија. - Пред три години кога со сите сили кои ни се на располагање работевме на модификација на Францускиот предлог, имавме тешки расправии со Софија за зачувувње на македонскиот јазик и идентитет, опозицијата отворено ги саботираше тие напори, а некои европски комесари, нивните стратешки сојузници, и тогаш и денес, кои им ја работат изборната програма, беа отворено на бугарска страна. На крајот од само за нив познати причини ги повикаа граѓаните на бојкот поради што 130 илјади Македонци во земјата и кој знае уште колку во дијаспората воопшто не се попишаа, истакна Пендаровски. Рече дека поддржува ветинг на судиите и политичарите и дека сите оние што згрешиле, треба да бидат разрешени од функциите, а не да делат правда или да конкурираат за политички функции. - Не можеме да ги критикуваме другите, ако не погледнеме во нашите редови и не ги констатираме и нашите грешки. Грешки немавме во однос за стратешките прашања, но во однос на некои политики или кардовски одлуки, грешки имавме. Нашето најголемо потфрлање беше што застанавме на половина пат во реализација на клучниот слоган на единствената автентична граѓанска револуција „Нема правда, нема мир“. Во оваа смисла не можеме да го вратиме времето, но нужно е да се обврземе на целосен ветинг на сите судии и обвинтиели, но пред се на нас, политичарите. Сите кои намерно држат предмети во фиока или не можат да докажат како од плата заработиле милиони, треба да бидат разрешени од функциите и треба да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политички функции, порача Пендаровски. Додаде дека го поддржува предлогот на опозицијата за ветинг на функционерите, но предлага да се провери имотот на функцонерите и нивните блиски не само во изминатите пет години, туку од 1990 година до денес. - Во следните недели македонските граѓани ќе бидат исправени пред истата дилема како пред 10 или 20 години, дали да им дадат доверба на квази патриотите или на оние кои покажаа дека знаат да ја позоционираат македонија и да ги штитат нејзините државни интереси во светот во кој големите ги диктираат правилата, нагласи Пендаровски. Најави дека ако ја добие довербата и во следните години ќе продолжи да работи за плата, а не за проценти, ќе ги третира сите граѓани на еднаков начин, независно на кој народ му припаѓаат или за која партија гласаат, ќе соработува со младите и ќе продолжи да го критикува криминалот и високата корупција на бил кој во државата, вклучувајќи ги и оние кои го поддржале и гласале за него.

The post Пендаровски: Евроатлански интеграции и негување на меѓуетничките односи за демократска и просперитетна држава appeared first on Република.

]]>