Кинотека септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinoteka-septemvri/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 13:21:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кинотека септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinoteka-septemvri/ 32 32 Филмскиот караван на Кинотека не запира: Септември поинтензивен и по квантитет и по содржина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filmskiot-karavan-na-kinoteka-ne-zapira-septemvri-pointenziven-i-po-kvantitet-i-po-sodrzhina/ Fri, 01 Sep 2023 13:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=677932

Филмскиот караван на Кинотека не запира. Септември останува ист, ако не и поинтензивен од претходните месеци, и по квантитет и по содржина. Се стартува со фестивалот на нем и класичен филм. Ќе трае неколку дена, ќе се презентира всушност она со што и започна филмската уметност. Тоа е немиот филм, но во едно ново пакување. По ова навраќање во минатото, следува веројатно најпровокативниот и најкоментиран филм сезонава, биографскиот епик Опенхајмер, во режија на прославениот Кристофер Нолан. Ако не сте го виделе досега, или сакате да го погледнете уште еднаш, ова е вистинската можност.

Потоа, ќе има премиерно прикажување на македонскиот документарен проект Лука, кој дава приказ на животот на група млади музичари од струмичката алтернативна сцена.

Во средината на месец септември, пак, ќе биде централното случување  – средбата со германската кинематографија, вклопена во манифестацијата ДЕНОВИ НА ГЕРМАНСКИОТ ФИЛМ. Освен оваа содржина, кино-пресекот на германската филмска школа продолжува со мини циклусот на Вим Вендерс.

Три значајни филмски творби на познатиот филмски автор  во светски рамки. Оваа мини ретроспектива ќе започне со проекцијата на ремек-делото Небото над Берлин. Направен во поетски стил, како посвета на Франсоа Трифо и Андреј Тарковски, мајсторски снимен од ценетиот Анри Алекан, филмот останува забележан во аналите на кино историјата и теоријата како еден од најдобрите и најцелосни примери на авторскиот, европски филм.

На исто рамниште е и фестивалскиот миленик Париз-Тексас. Бравурозната фотографија, атмосферичната лирска музика и нежната глума на убавата Настасја Кински го прават ова остварување неодминлива филмска лектира. Уште едно остварување што секогаш привлекува внимание, Алиса во градовите. Тоа е еден од првите играни филмови на Вендерс, снимен во седумдесеттите години на минатиот век. Проткаен со црно-бела фотографија, бавен, медитативен филм кој го покажува авторскиот стил на Вендерс во развивање.

Можеби е изненадување, но секако апсолутно заслужено следува проекцијата на еден од најдобрите кино ракописи на југословенската кинематографија, Ко то тамо пева. Ова дело на Слободан Шијан е култен филм, според многу филмолози од овие простори, најдобриот филм од осумдесеттите години на дваесеттиот век. И ова не е сè за месецот. На програмата на Кинотеката се и етнографски филмови како фестивалска презентација.

Финалето на докрај исполнетиот месец е резервирано за циклусот филмови на Џон Џост. Џост е американски филмаџија кому експериментирањето му е главна одлика, па дури и начин на живот. Не само што ќе може да се видат неколку филмови на Џост, туку и ќе може да се слушнат неговите видувања за и околу филмската уметност.

The post Филмскиот караван на Кинотека не запира: Септември поинтензивен и по квантитет и по содржина appeared first on Република.

]]>

Филмскиот караван на Кинотека не запира. Септември останува ист, ако не и поинтензивен од претходните месеци, и по квантитет и по содржина. Се стартува со фестивалот на нем и класичен филм. Ќе трае неколку дена, ќе се презентира всушност она со што и започна филмската уметност. Тоа е немиот филм, но во едно ново пакување. По ова навраќање во минатото, следува веројатно најпровокативниот и најкоментиран филм сезонава, биографскиот епик Опенхајмер, во режија на прославениот Кристофер Нолан. Ако не сте го виделе досега, или сакате да го погледнете уште еднаш, ова е вистинската можност. Потоа, ќе има премиерно прикажување на македонскиот документарен проект Лука, кој дава приказ на животот на група млади музичари од струмичката алтернативна сцена. Во средината на месец септември, пак, ќе биде централното случување  – средбата со германската кинематографија, вклопена во манифестацијата ДЕНОВИ НА ГЕРМАНСКИОТ ФИЛМ. Освен оваа содржина, кино-пресекот на германската филмска школа продолжува со мини циклусот на Вим Вендерс. Три значајни филмски творби на познатиот филмски автор  во светски рамки. Оваа мини ретроспектива ќе започне со проекцијата на ремек-делото Небото над Берлин. Направен во поетски стил, како посвета на Франсоа Трифо и Андреј Тарковски, мајсторски снимен од ценетиот Анри Алекан, филмот останува забележан во аналите на кино историјата и теоријата како еден од најдобрите и најцелосни примери на авторскиот, европски филм. На исто рамниште е и фестивалскиот миленик Париз-Тексас. Бравурозната фотографија, атмосферичната лирска музика и нежната глума на убавата Настасја Кински го прават ова остварување неодминлива филмска лектира. Уште едно остварување што секогаш привлекува внимание, Алиса во градовите. Тоа е еден од првите играни филмови на Вендерс, снимен во седумдесеттите години на минатиот век. Проткаен со црно-бела фотографија, бавен, медитативен филм кој го покажува авторскиот стил на Вендерс во развивање. Можеби е изненадување, но секако апсолутно заслужено следува проекцијата на еден од најдобрите кино ракописи на југословенската кинематографија, Ко то тамо пева. Ова дело на Слободан Шијан е култен филм, според многу филмолози од овие простори, најдобриот филм од осумдесеттите години на дваесеттиот век. И ова не е сè за месецот. На програмата на Кинотеката се и етнографски филмови како фестивалска презентација. Финалето на докрај исполнетиот месец е резервирано за циклусот филмови на Џон Џост. Џост е американски филмаџија кому експериментирањето му е главна одлика, па дури и начин на живот. Не само што ќе може да се видат неколку филмови на Џост, туку и ќе може да се слушнат неговите видувања за и околу филмската уметност.

The post Филмскиот караван на Кинотека не запира: Септември поинтензивен и по квантитет и по содржина appeared first on Република.

]]>