Кинотека на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinoteka-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Dec 2022 11:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кинотека на Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinoteka-na-makedonija/ 32 32 Недела на полски филм во Кинотека: Филмовите на Анджеј Вајда се лекции по историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nedela-na-polski-film-vo-kinoteka-filmovite-na-andzej-vajda-se-lekcii-po-istorija/ Sat, 17 Dec 2022 12:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=586802

Во Кинотека на Македонија синоќа беше отворена Недела на полски филм, во рамките на која ќе бидат прикажани шест филмови од култниот полски режисер Анджеј Вајда.

Сам си ветив дека еднаш кога ќе имаме кино ќе ја реализирам ретроспетивата на филмовите на Анджеј Вајда. Ги имаме шестте најдобри филмови, иако со Пјотр Висоцки од полската амбасада со кого соработувавме на проектов се согласивме дека недостига еден филм, „Ветена земја“, но него го прикажавме пред четири години така што не сакавме да се повторуваме во таа насока, истакна Владимир Ангелов, директор на Кинотеката кој на публиката и посака да ужива во филмовите на овој голем мајстор на филмската уметност.

Од името на амбасадата на Полска во Македонија пред присутните се обрати Пјотр Висоцки, изразувајќи благодарност на Кинотеката на Македонија за интересот, соработката и реализацијата на проектот.

Анджеј Вајда е еден од нашите највредни филмски режисери и еден од ретките кој се бори и ја раскажува историјата на Полска. Ќе видите многу настани од историјата на Полска во неговите филмови, историски личности, настани. Секогаш е предизвик да се гледаат неговите филмови, бидејќи тие се на некој начин лекции по историја.

Шесте наслови од филмската недела посветена на Анджеј Вајда, хронолошки ги опфаќаат неговите рани (црно-бели) трудови: КАНАЛ (Kanal) од 1957 година, ПЕПЕЛ И ДИЈАМАНТИ (Popiól i diament / The Ashes and Diamonds) од 1958, НЕВИНИ ВОЛШЕБНИЦИ (Niewinni czarodzieje / Innocent Sorceres) од 1960, ПЕПЕЛТА (Popioly / The Ashes) од 1965 година (епска сага за полските легии во Наполеоновите војски од почетокот на 19-ти век), и двата иконични наслови од зрелото доба на авторот: ЧОВЕК ОД МЕРМЕР (Czlowiek z marmuru / Man of Marble) од 1977 и ЧОВЕК ОД ЖЕЛЕЗО (Czlowiek z zelaza / Man of Iron) од 1981.

Каков режисер е Анджеј Вајда (1926-2016)?

Неговиот авторски потпис стои на шпиците на повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти во полска и интернационална продукција, има освоено 60 награди на најпрестижните филмски фестивали во светот и речиси уште толку номинации. Меѓу останатите награди, во 1990 година ја добива „Европската филмска награда за животно дело“, на Берлинале во 1996 година ја добива наградата „Сребрена мечка“ за посебен придонес во филмската уметност, на Филмскиот фестивал во Венеција во 1998 година добива „Златен лав“ за животно дело, во 2000 година и почесен „Оскар“, а во 2006 година и почесна награда „Златна мечка“ на Берлинале.
Роден нa 6 март 1926 година во Сувалки (Suwalki), Полска, починал на 9 октомври 2016 година во Варшава. Мајка му Аниела била учителка во украинско училиште, татко му Јакуб бил капетан во полската армија (пешадија).
Детството со брат му пред Втората светска војна го паметел како среќно, бидејќи со почетокот на војната го губи таткото, а во 1942 година станува член на движењето на отпорот. По војната се сели во Краков и студира сликарство на Академијата за применети уметности. Во периодот од 1950 до 1954 студира филмска режија на Филмската академија во Лоѓ, а веднаш потоа го снима и споменатиот дебитантски филм ПОКОЛЕНИЕ, воена драма, која со КАНАЛ и ПЕПЕЛ И ДИЈАМАНТИ, ја сочинуваат неговата трилогија за Полска за време на Втората светска војна.
Со КАНАЛ започнува и долгата низа награди од најзначајните филмски фестивали во Европа и светот: „Специјална награда“ на жирито во Кан за КАНАЛ, ФИПРЕСЦИ (FIPRESCI) во Венеција за ПЕПЕЛ И ДИЈАМАНТИ... Во 1959 г. го снима првиот филм во боја ЛОТНА, кој подоцна самокритично ќе го оцени како неуспешен. Потоа, со филмот НЕВИНИ ВОЛШЕБНИЦИ ѝ се навраќа на црно-белата фактура – со Јиржи Анджејевски и Јиржи Сколимовски како сценаристи и Роман Полански како актер – па следуваат епските драми САМСОН (1961) и СИБИРСКАТА ЛЕДИ МАГБЕТ (1962) во југословенска продукција, а и ВРАТИ НА РАЈОТ (Gates to Paradise; 1968) во југословенско-англиска копродукција, како и воениот спектакл ПЕПЕЛТА во 1965. Во средината на шеесеттите години, често престојувал во тогашна Југославија, посебно во Белград, па бил заинтересиран да сними филм според два раскази на нобеловецот Иво Андриќ, „Приказни за везировиот слон“ и „Мара милосницата“, а ја развивал идејата за филм инспириран од Гаврило Принцип и другите атентатори на автроунгарскиот принц Фердинанд во Сараево 1914 година.
Кон крајот на шеесеттите им се враќа на актуелните полски теми, па го снима СÈ Е НА ПРОДАЖБА (Wszystko na sprzedaź, 1968) како омаж на нему омилениот актер Збигњев Цибулски, кој трагично загинал во сообраќајна несреќа. Следуваат романтичната комедија ЛОВ НА МУШИЧКИ (Polowanie na muchy, 1969), воената драма ПЕЈЗАЖ ПО БИТКА (Krajobraz po bitwie, 1970), а со новиот заштитен знак на неговите филмови, актерот Даниел Олбрицки,
ги снима и БРЕЗОВАТА ШУМА (Brzezina, 1970) и историската драма ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА (Ziemia obiecana, 1975), која постигнала голем успех: номинација за „Оскар“ за најдобар странски филм и најдобар полски филм таа година.

Паралелно со филмот поставува и успешни претстави во полските театри, често користејќи го методот да ја „провери“ темата на театсрките штици, а потоа пред филмските камери. Таков е случајот со ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА, СВАДБА (Wesele, 1973) и ГОСПОЃИЦИТЕ ОД ВИЛКИ (Panny z Wilka, 1979), а подоцна и БЕСОВИ (Les possédés, 1988) според Достоевски и ДАНТОН (Danton, 1983) – обата во француска продукција.
Во седумдесеттите години од минатиот век, историјата на филмот сведочи на зрелата фаза во творештвото на Вајда, кога се нижат: БЕЗ АНЕСТЕЗИЈА (Bez znieczulenia, 1978) со „Награда на екуменското жири“ во Кан; ЧОВЕК ОД МЕРМЕР со наградата ФИПРЕСЦИ во Кан; ЧОВЕК ОД ЖЕЛЕЗО со „Златната палма“ и „Наградата на екуменското жири“ на Канскиот фестивал во
1981, како и со номинација за „Оскар“, кога тогашните комунистички власти во Полска го повлекуваат филмот од компетиција.
Во осумдесеттите години Вајда повторно снима европски копродукции. Со ДАНТОН (Danton 1983), со Жерар Депардје во главната улога – ја освојува националната филмска награда на Франција „Цезар“ за режија; во Германија го снима ЉУБОВ ВО ГЕРМАНИЈА (Eine Liebe in Deutschland, 1983), во Полска го реализира ХРОНИКА НА ЉУБОВНИТЕ НАСТАНИ (Kronika wypadków milosnych, 1986), а во Франција го снима БЕСОВИ (1988).
И покрај годините, Вајда и на преминот на векот снима филмови, речиси до самиот крај на животот. Неговата филмографија е збогатена со биографската драма КОРЧАК (Korczak, 1990), па следуваат НАСТАСЈА ФИЛИПОВНА според „Идиот“ на Достоевски (1994), воената драма ГОСПОДИН ТАДЕУШ (Pan Tadeusz, 1999), како и ОДМАЗДА (Zemsta, 2002), според неговата театарска претстава, во која повторно соработува со Роман Полански.
Во 2007 година го реализира КАТИН (Katyn), историската драма за масакрот на полските офицери во Катинската шума во 1940 година, кога настрадал и татко му, и кој бил прогласен за филм на годината во Полска, а добил и номинација за „Оскар“ за најдобар странски филм. Меѓу последните реализирани филмски наслови се: СЛАТКО ЗНАМЕ (Tatarak, 2009) со Кристина Јанда; потоа биграфската драма ВАЛЕНСА: ЧОВЕК НА НАДЕЖТА (Walensa. Czlowiek z nadziei, 2013) за водачот на полското движење Солидарност, и повторно биографската драма ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ СЛИКИ (Powidoki / Afterimage, 2016) – за животот и творештвото на полскиот сликар Владислав Стржемински (Wladyslaw Strzeminski).
Меѓу општествените активности на Вајда забележани се политичката активност како член на Сенатот на Полската Република од 1989 до 1991 и член на Советот за култура на полскиот претседател од 1992 до 1994. Вајда го основал и Јапонскиот центар за уметност и технологија во Краков (1994), а во 1997 е примен во француската Академија на уметностите (Académie des Beaux Arts), пишува Стојан Синадинов, филмски критичар.

The post Недела на полски филм во Кинотека: Филмовите на Анджеј Вајда се лекции по историја appeared first on Република.

]]>

Во Кинотека на Македонија синоќа беше отворена Недела на полски филм, во рамките на која ќе бидат прикажани шест филмови од култниот полски режисер Анджеј Вајда.
Сам си ветив дека еднаш кога ќе имаме кино ќе ја реализирам ретроспетивата на филмовите на Анджеј Вајда. Ги имаме шестте најдобри филмови, иако со Пјотр Висоцки од полската амбасада со кого соработувавме на проектов се согласивме дека недостига еден филм, „Ветена земја“, но него го прикажавме пред четири години така што не сакавме да се повторуваме во таа насока, истакна Владимир Ангелов, директор на Кинотеката кој на публиката и посака да ужива во филмовите на овој голем мајстор на филмската уметност.
Од името на амбасадата на Полска во Македонија пред присутните се обрати Пјотр Висоцки, изразувајќи благодарност на Кинотеката на Македонија за интересот, соработката и реализацијата на проектот.
Анджеј Вајда е еден од нашите највредни филмски режисери и еден од ретките кој се бори и ја раскажува историјата на Полска. Ќе видите многу настани од историјата на Полска во неговите филмови, историски личности, настани. Секогаш е предизвик да се гледаат неговите филмови, бидејќи тие се на некој начин лекции по историја.
Шесте наслови од филмската недела посветена на Анджеј Вајда, хронолошки ги опфаќаат неговите рани (црно-бели) трудови: КАНАЛ (Kanal) од 1957 година, ПЕПЕЛ И ДИЈАМАНТИ (Popiól i diament / The Ashes and Diamonds) од 1958, НЕВИНИ ВОЛШЕБНИЦИ (Niewinni czarodzieje / Innocent Sorceres) од 1960, ПЕПЕЛТА (Popioly / The Ashes) од 1965 година (епска сага за полските легии во Наполеоновите војски од почетокот на 19-ти век), и двата иконични наслови од зрелото доба на авторот: ЧОВЕК ОД МЕРМЕР (Czlowiek z marmuru / Man of Marble) од 1977 и ЧОВЕК ОД ЖЕЛЕЗО (Czlowiek z zelaza / Man of Iron) од 1981. Каков режисер е Анджеј Вајда (1926-2016)?
Неговиот авторски потпис стои на шпиците на повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти во полска и интернационална продукција, има освоено 60 награди на најпрестижните филмски фестивали во светот и речиси уште толку номинации. Меѓу останатите награди, во 1990 година ја добива „Европската филмска награда за животно дело“, на Берлинале во 1996 година ја добива наградата „Сребрена мечка“ за посебен придонес во филмската уметност, на Филмскиот фестивал во Венеција во 1998 година добива „Златен лав“ за животно дело, во 2000 година и почесен „Оскар“, а во 2006 година и почесна награда „Златна мечка“ на Берлинале. Роден нa 6 март 1926 година во Сувалки (Suwalki), Полска, починал на 9 октомври 2016 година во Варшава. Мајка му Аниела била учителка во украинско училиште, татко му Јакуб бил капетан во полската армија (пешадија). Детството со брат му пред Втората светска војна го паметел како среќно, бидејќи со почетокот на војната го губи таткото, а во 1942 година станува член на движењето на отпорот. По војната се сели во Краков и студира сликарство на Академијата за применети уметности. Во периодот од 1950 до 1954 студира филмска режија на Филмската академија во Лоѓ, а веднаш потоа го снима и споменатиот дебитантски филм ПОКОЛЕНИЕ, воена драма, која со КАНАЛ и ПЕПЕЛ И ДИЈАМАНТИ, ја сочинуваат неговата трилогија за Полска за време на Втората светска војна. Со КАНАЛ започнува и долгата низа награди од најзначајните филмски фестивали во Европа и светот: „Специјална награда“ на жирито во Кан за КАНАЛ, ФИПРЕСЦИ (FIPRESCI) во Венеција за ПЕПЕЛ И ДИЈАМАНТИ... Во 1959 г. го снима првиот филм во боја ЛОТНА, кој подоцна самокритично ќе го оцени како неуспешен. Потоа, со филмот НЕВИНИ ВОЛШЕБНИЦИ ѝ се навраќа на црно-белата фактура – со Јиржи Анджејевски и Јиржи Сколимовски како сценаристи и Роман Полански како актер – па следуваат епските драми САМСОН (1961) и СИБИРСКАТА ЛЕДИ МАГБЕТ (1962) во југословенска продукција, а и ВРАТИ НА РАЈОТ (Gates to Paradise; 1968) во југословенско-англиска копродукција, како и воениот спектакл ПЕПЕЛТА во 1965. Во средината на шеесеттите години, често престојувал во тогашна Југославија, посебно во Белград, па бил заинтересиран да сними филм според два раскази на нобеловецот Иво Андриќ, „Приказни за везировиот слон“ и „Мара милосницата“, а ја развивал идејата за филм инспириран од Гаврило Принцип и другите атентатори на автроунгарскиот принц Фердинанд во Сараево 1914 година. Кон крајот на шеесеттите им се враќа на актуелните полски теми, па го снима СÈ Е НА ПРОДАЖБА (Wszystko na sprzedaź, 1968) како омаж на нему омилениот актер Збигњев Цибулски, кој трагично загинал во сообраќајна несреќа. Следуваат романтичната комедија ЛОВ НА МУШИЧКИ (Polowanie na muchy, 1969), воената драма ПЕЈЗАЖ ПО БИТКА (Krajobraz po bitwie, 1970), а со новиот заштитен знак на неговите филмови, актерот Даниел Олбрицки, ги снима и БРЕЗОВАТА ШУМА (Brzezina, 1970) и историската драма ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА (Ziemia obiecana, 1975), која постигнала голем успех: номинација за „Оскар“ за најдобар странски филм и најдобар полски филм таа година. Паралелно со филмот поставува и успешни претстави во полските театри, често користејќи го методот да ја „провери“ темата на театсрките штици, а потоа пред филмските камери. Таков е случајот со ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА, СВАДБА (Wesele, 1973) и ГОСПОЃИЦИТЕ ОД ВИЛКИ (Panny z Wilka, 1979), а подоцна и БЕСОВИ (Les possédés, 1988) според Достоевски и ДАНТОН (Danton, 1983) – обата во француска продукција. Во седумдесеттите години од минатиот век, историјата на филмот сведочи на зрелата фаза во творештвото на Вајда, кога се нижат: БЕЗ АНЕСТЕЗИЈА (Bez znieczulenia, 1978) со „Награда на екуменското жири“ во Кан; ЧОВЕК ОД МЕРМЕР со наградата ФИПРЕСЦИ во Кан; ЧОВЕК ОД ЖЕЛЕЗО со „Златната палма“ и „Наградата на екуменското жири“ на Канскиот фестивал во 1981, како и со номинација за „Оскар“, кога тогашните комунистички власти во Полска го повлекуваат филмот од компетиција. Во осумдесеттите години Вајда повторно снима европски копродукции. Со ДАНТОН (Danton 1983), со Жерар Депардје во главната улога – ја освојува националната филмска награда на Франција „Цезар“ за режија; во Германија го снима ЉУБОВ ВО ГЕРМАНИЈА (Eine Liebe in Deutschland, 1983), во Полска го реализира ХРОНИКА НА ЉУБОВНИТЕ НАСТАНИ (Kronika wypadków milosnych, 1986), а во Франција го снима БЕСОВИ (1988). И покрај годините, Вајда и на преминот на векот снима филмови, речиси до самиот крај на животот. Неговата филмографија е збогатена со биографската драма КОРЧАК (Korczak, 1990), па следуваат НАСТАСЈА ФИЛИПОВНА според „Идиот“ на Достоевски (1994), воената драма ГОСПОДИН ТАДЕУШ (Pan Tadeusz, 1999), како и ОДМАЗДА (Zemsta, 2002), според неговата театарска претстава, во која повторно соработува со Роман Полански. Во 2007 година го реализира КАТИН (Katyn), историската драма за масакрот на полските офицери во Катинската шума во 1940 година, кога настрадал и татко му, и кој бил прогласен за филм на годината во Полска, а добил и номинација за „Оскар“ за најдобар странски филм. Меѓу последните реализирани филмски наслови се: СЛАТКО ЗНАМЕ (Tatarak, 2009) со Кристина Јанда; потоа биграфската драма ВАЛЕНСА: ЧОВЕК НА НАДЕЖТА (Walensa. Czlowiek z nadziei, 2013) за водачот на полското движење Солидарност, и повторно биографската драма ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ СЛИКИ (Powidoki / Afterimage, 2016) – за животот и творештвото на полскиот сликар Владислав Стржемински (Wladyslaw Strzeminski). Меѓу општествените активности на Вајда забележани се политичката активност како член на Сенатот на Полската Република од 1989 до 1991 и член на Советот за култура на полскиот претседател од 1992 до 1994. Вајда го основал и Јапонскиот центар за уметност и технологија во Краков (1994), а во 1997 е примен во француската Академија на уметностите (Académie des Beaux Arts), пишува Стојан Синадинов, филмски критичар.

The post Недела на полски филм во Кинотека: Филмовите на Анджеј Вајда се лекции по историја appeared first on Република.

]]>
Јубилејно 10. издание на Неделата на шпанскиот филм во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejno-10-izdanie-na-nedelata-na-shpanskiot-film-vo-kinoteka/ Fri, 04 Nov 2022 08:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=569420

Седум шпански филмови ќе бидат прикажани во рамки на десеттото издание на Неделата на шпанскиот филм („Semana de cine Español“) што ќе се одржи од денеска до 17 ноември во организација на Амбасадата на Шпанија во соработка со Кинотеката на Македонија и Скопје Филмски Фестивал.

Манифестацијата ќе биде отворена со проекцијата на филмот Шампиони „Кампеони“ од 2018 година во режија на Хавиер Фезер.

Филмот во 2018 година беше номиран во 11 категории за Гоја наградите, а освои три награди – за најдобар филм, актерско откритие и песна. Истата година за Ариел наградите беше номиниран за најдобар ибероамерикански филм, а за Feroz Awards од четири номинации беше прогласен за најдобра комедија. Во рамки на Forqué Awards истата 2018 година беше носител на наградата за најдобар филм и филмска награда за образование во вредности, а во 2019 година беше во конкуренција во пет кагегории за Платинум награди, а ја освои за кино и образование во вредности.

Според содржина, Марко, професионален кошаркарски тренер, еден ден се наоѓа себеси, среде лична криза, како тренира тим составен од луѓе со интелектуална попреченост. Она што започнува како проблем, завршува како животна лекција…

Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број седишта неопходна е резервација во Кинотеката.

The post Јубилејно 10. издание на Неделата на шпанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Седум шпански филмови ќе бидат прикажани во рамки на десеттото издание на Неделата на шпанскиот филм („Semana de cine Español“) што ќе се одржи од денеска до 17 ноември во организација на Амбасадата на Шпанија во соработка со Кинотеката на Македонија и Скопје Филмски Фестивал. Манифестацијата ќе биде отворена со проекцијата на филмот Шампиони „Кампеони“ од 2018 година во режија на Хавиер Фезер. Филмот во 2018 година беше номиран во 11 категории за Гоја наградите, а освои три награди – за најдобар филм, актерско откритие и песна. Истата година за Ариел наградите беше номиниран за најдобар ибероамерикански филм, а за Feroz Awards од четири номинации беше прогласен за најдобра комедија. Во рамки на Forqué Awards истата 2018 година беше носител на наградата за најдобар филм и филмска награда за образование во вредности, а во 2019 година беше во конкуренција во пет кагегории за Платинум награди, а ја освои за кино и образование во вредности. Според содржина, Марко, професионален кошаркарски тренер, еден ден се наоѓа себеси, среде лична криза, како тренира тим составен од луѓе со интелектуална попреченост. Она што започнува како проблем, завршува како животна лекција… Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број седишта неопходна е резервација во Кинотеката.

The post Јубилејно 10. издание на Неделата на шпанскиот филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Анимираниот филм „Детето фантом“ утре на „Џифони филмски денови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/animiraniot-film-deteto-fantom-utre-na-dzifoni-filmski-denovi/ Fri, 27 May 2022 07:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=507464

Фестивалот „Џифони Македонија“ на седмата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже анимираниот француски филм за деца „Детето фантом“ в сабота  (21 мај) во 10 часот во Кинотеката. Филмот е синхронизиран на македонски јазик, продукцијата е од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол.

Детето фантом е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф.

По дискусијата на филмот, во 12.30 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа.

„Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

The post Анимираниот филм „Детето фантом“ утре на „Џифони филмски денови“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Џифони Македонија“ на седмата серија од „Џифони филмски денови“ ќе го прикаже анимираниот француски филм за деца „Детето фантом“ в сабота  (21 мај) во 10 часот во Кинотеката. Филмот е синхронизиран на македонски јазик, продукцијата е од 2015 година во режија на Жан-Луп Фелисиоли и Алан Гањол. Детето фантом е всушност Лео, 11-годишно момче од Њуjорк, кое е суперхерој. Лео е во болница и страда од сериозна болест, но дознава дека може да го напушта телото и да лета низ градот, да поминува низ ѕидови како фантом. Се спријателува со Алекс, полицаец, кој привремено е во инвалидска количка. Принудени се да внимаваат на Мари, своеглава новинарка, која тргнува во потрага по злосторникот, а во која Алекс е тајно вљубен. Тие тројца треба да го спасат градот од лошиот и криминален шеф. По дискусијата на филмот, во 12.30 часот ќе започне „Филмска работилница“ со режисерката Марија Џиџева, за сите оние што сакаат да снимаат филмови и видеа. „Џифони филмски денови“ е програма што привлекува големо внимание кај учениците што ја сакаат филмската уметност. После секоја проекција, следува дебата во која активно се учествува. Деновите се отворени за ученици од основно образование, а по проекцијата на филмот ќе следува дискусија. Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.    

The post Анимираниот филм „Детето фантом“ утре на „Џифони филмски денови“ appeared first on Република.

]]>
„Кокон” на режисерката Леони Крипендорф-последен филм од серијата германски филмови на тема „солидарност” во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kokon-na-reziserkata-leoni-kripendorf-posleden-film-od-serijata-germanski-filmovi-na-tema-solidarnost-vo-kinoteka/ Thu, 26 May 2022 09:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=507182

Љубителите на германскиот јазик и култура ќе можт да уживаат во филмската вечер, организирана од Гете-институтот, на 31.05.2022.

Во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот ќе се прикажува шестиот и последен филм од серијата германски филмови на тема „солидарност" – „Кокон" на режисерката Леони Крипендорф.

Во мултикултурниот микрокосмос на нејзината населба во Берлин, 14-годишната Нора за повеќе работи го доживува својот прв пат. Таа добива менструација за прв пат, пуши марихуана, ја открива нејзината љубов кон другите девојки и ја запознава дивата Роми. Со неа, бучната област на Кројцберг одеднаш изгледа бескрајно голема и полна со скриена убавина. Во летната жештина таа се вљубува до уши во дивата Роми и учи да се залага за себе.

The post „Кокон” на режисерката Леони Крипендорф-последен филм од серијата германски филмови на тема „солидарност” во Кинотека appeared first on Република.

Љутков ѝ одржа час по национална култура на скафандер министерката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ljutkov-odrza-chas-po-nacionalna-kultura-na-skafander-ministerkata/ Thu, 05 May 2022 13:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=498114

Актерот Зоран Љутков, испровоциран од неукоста на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ѝ одржа час по национална култура.

Љутков му посвети и должно внимание и на полтронското раководство на Кинотеката на Македонија.

По вчерашната посета на министерката за култура на единствената национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство – Кинотеката на Македонија, г-ѓата Бисера Костадинова Стојчевска на својот фејсбук профил сакајќи да ја информира јавноста за своите активности и наводни заложби за заштита на културното наследство уште еднаш покажа апсолутно непознавање на заштитата на културното наследство, актуелните состојби во културата како и постоечката законска регулатива.
Министерката во својата објава вели дека: “на средбата во Кинотека на Македонија се разговарало да се отпочне постапка за подготвување на елаборат за филмскиот опус на браќата Манаки како заштитено добро со Законот за заштита на културното наследство“.

Почитувана министерке,
Пред повеќе од 10 години, за аудиовизуелната збирка Филмскиот опус на браќата Манаки од страна на Кинотеката на Македонија е изработен Елаборат за ревалоризација. Согласно член 41 став 2 од Законот за заштита на културното наследство на 7-ми септември 2010 година од страна на Владата на Република Македонија Филмскиот опус на Браќата Манаки е прогласен за културно наследство од највисока категорија, особено значење, поткатегорија исклучително.
Одлуката за прогласување е објавена во Службен весник бр. 122 од 17.09.2010 година.

Почитувана министерке,
За Ваша информација, бидејќи очигледно немало кој да Ве информира од Кинотеката на Македонија, на истата седница на Владата на Република Македонија на 07.09.2010 година, уште една аудиовизуелна збирка е прогласена за културно наследство од највисока категорија, особено значење, поткатегорија исклучително. Станува збор за аудиовизуелната збирка Филмот – Македонија во слики (1923) на Арсениј Јовков.
Професионалците филмолози и раководниот кадар во Кинотеката требало да ве упатат и на оваа значајна збирка во која се регистрирани документарни снимки од процесијата на пренесувањето на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев.
Недозволиво е за еден министер за култура да не знае кој е степенот и режимот на заштита за најстарите и највредните филмски записи кои се чуваат во Кинотеката. А, уште потрагично е што истата објава на министерката за култура е споделена и на фејсбук страната на Кинотеката на Македонија! Очигледно и директорот и стручните лица во Кинотеката заборавиле дека филмскиот опус на браќата Манаки, уште во 2010 година, е прогласен за културно наследство од највисока категорија!?
За жал, кога е СДСМ на власт, ова е реалноста во културата - некомпетентни кадри во раководните структури, непрофесионализам, непочитување и крајно непознавање на сопственото културно наследство.

The post Љутков ѝ одржа час по национална култура на скафандер министерката appeared first on Република.

]]>

Актерот Зоран Љутков, испровоциран од неукоста на актуелната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ѝ одржа час по национална култура. Љутков му посвети и должно внимание и на полтронското раководство на Кинотеката на Македонија.
По вчерашната посета на министерката за култура на единствената национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство – Кинотеката на Македонија, г-ѓата Бисера Костадинова Стојчевска на својот фејсбук профил сакајќи да ја информира јавноста за своите активности и наводни заложби за заштита на културното наследство уште еднаш покажа апсолутно непознавање на заштитата на културното наследство, актуелните состојби во културата како и постоечката законска регулатива. Министерката во својата објава вели дека: “на средбата во Кинотека на Македонија се разговарало да се отпочне постапка за подготвување на елаборат за филмскиот опус на браќата Манаки како заштитено добро со Законот за заштита на културното наследство“. Почитувана министерке, Пред повеќе од 10 години, за аудиовизуелната збирка Филмскиот опус на браќата Манаки од страна на Кинотеката на Македонија е изработен Елаборат за ревалоризација. Согласно член 41 став 2 од Законот за заштита на културното наследство на 7-ми септември 2010 година од страна на Владата на Република Македонија Филмскиот опус на Браќата Манаки е прогласен за културно наследство од највисока категорија, особено значење, поткатегорија исклучително. Одлуката за прогласување е објавена во Службен весник бр. 122 од 17.09.2010 година. Почитувана министерке, За Ваша информација, бидејќи очигледно немало кој да Ве информира од Кинотеката на Македонија, на истата седница на Владата на Република Македонија на 07.09.2010 година, уште една аудиовизуелна збирка е прогласена за културно наследство од највисока категорија, особено значење, поткатегорија исклучително. Станува збор за аудиовизуелната збирка Филмот – Македонија во слики (1923) на Арсениј Јовков. Професионалците филмолози и раководниот кадар во Кинотеката требало да ве упатат и на оваа значајна збирка во која се регистрирани документарни снимки од процесијата на пренесувањето на саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев. Недозволиво е за еден министер за култура да не знае кој е степенот и режимот на заштита за најстарите и највредните филмски записи кои се чуваат во Кинотеката. А, уште потрагично е што истата објава на министерката за култура е споделена и на фејсбук страната на Кинотеката на Македонија! Очигледно и директорот и стручните лица во Кинотеката заборавиле дека филмскиот опус на браќата Манаки, уште во 2010 година, е прогласен за културно наследство од највисока категорија!? За жал, кога е СДСМ на власт, ова е реалноста во културата - некомпетентни кадри во раководните структури, непрофесионализам, непочитување и крајно непознавање на сопственото културно наследство.

The post Љутков ѝ одржа час по национална култура на скафандер министерката appeared first on Република.

]]>
Избор од стоте антологиски наслови од српската кинематографија од 5-11 мај во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izbor-od-stote-antologiski-naslovi-od-srpskata-kinematografija-od-5-11-maj-vo-kinoteka/ Wed, 27 Apr 2022 06:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=494061

Од 5 мај (четврток) до 11 мај (среда) 2022 година во Кинотеката на Р.Македонија ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.

Се работи за насловите КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ? (Ko to tamo peva? / Who is Singing There?), МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ (Maratonci trče počasni krug / The Marathon Family), ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’ 68 (Varljivo leto '68 / The Elusive Summer of '68), БАЛКАНСКИ ШПИОН (Balkanski špijun / Balkan Spy), НАЦИОНАЛНА КЛАСА (Nacionalna klasa / National Class Category Up to 785 Ccm), ПЛАСТИЧЕН ИСУС (Plastični Isus / Plastic Jesus), КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ (Kad budem mrtav i beo / When I Am Dead and Gone), ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ (Ljubavni slucaj ili tragedija sluzbenice P.T.T. / Love Affair, or The Case of the Missing Switchboard Operator), ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА (Petrijin venac / Petria's Wreath), ЉУБОВ И МОДА (Ljubav i moda / Love and fashion) и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ (Davitelj protiv davitelja / Strangler vs. Strangler).

Автори на филмовите се Слободан Шијан (Slobodan Šijan)Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević)Душан Ковачевиќ (Dušan Kovačević), Божидар Николиќ (Božidar Nikolić), Горан Марковиќ (Goran Marković), Лазар Стојановиќ (Lazar Stojanović), Живоин Павловиќ (Živojin Pavlović), Душан Макавеев (Dušan Makavejev), Срѓан Карановиќ (Srđan Karanović ) и Љубомир Радичевиќ (Ljubomir Radičević).

Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија; процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската Кинотека во Белград.

ЉУБОВ И МОДА е генерациски „исписник“ со веќе етаблираниот модернизам во литературата, театарот, џез и поп музиката. КОГА ЌЕ БИДАМ МРТОВ И БЕЛ, ЉУБОВЕН СЛУЧАЈ ИЛИ ТРАГЕДИЈАТА НА СЛУЖБЕНИЧКАТА ВО ПТТ и ПЛАСТИЧЕН ИСУС како фиданки на „црното семе“ на реализмот кореспондираат со мрачните тонови во литературата, сликарството и другите уметности.

Насловите: ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА, НАЦИОНАЛНА КЛАСА, ЛАЖЛИВО ЛЕТО ’68, КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ?МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ, БАЛКАНСКИ ШПИОН и ДАВИТЕЛ ПРОТИВ ДАВИТЕЛОТ – се продуцирани во почетокот на 1980-тите години. Не може, а да не се повлече паралела со вистинската експлозија на новите трендови во рокенролот („новиот бран“ на бендовите од Белград, Загреб и Љубљана) и театарот (врвот на БИТЕФ-Белградски интернационален театарски фестивал, ЕУРОКАЗ-Загреб) меѓу останатите уметности, но и мултимедијалноста како израз.

Овој златен пресек на српската кинематографија секако не може да мине и без потенцирањето на филмовите на некогашните студенти на прочуената филмска академија ФАМУ од Прага, Чешка. Филмовите на Срѓан Карановиќ, Горан Марковиќ и Горан Паскаљевиќ се дел од таа неформална „чешка школа“ во ексјугословенската кинематографија, иако се понекогаш сосем различни според авторските интереси.

Југословенската Кинотека, основана во 1949 годинаденес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа Кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.

Настанот е во организација на: Кинотеката, Југословенска Кинотека, Српската Амбасада во Скопје, и СПОНА.

Целосна програма ТУКА

The post Избор од стоте антологиски наслови од српската кинематографија од 5-11 мај во Кинотека appeared first on Република.

Недела на франкофонски филм во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nedela-na-frankofonski-film-vo-kinoteka/ Tue, 22 Mar 2022 11:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=476557

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Романија и Кинотеката на Македонија, организира Недела на франкофонски филм по повод одбележување на месецот на Франкофонијата.

Официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм е  в четврток, (24 март 2022 година), во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, со проекцијата на францускиот филм „Што зборуваме, што правиме“, на режисер Емануел Муре, од 2020 година.

Настанот ќе го отворат: Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Н.Е. г-ѓа Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Останатите проекции во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се в петок (25 март 2022), во 20:00 ч., швајцарскиот филм „Семејство на Фредерик Бајиф (2022) сабота (26 март) во 18 часот е белгискиот филм „Богородица од Нил“ на Атик Рахими (2020 година) и во 20 часот, романскиот документарен филм „Дива Романија“.Сите филмови се прикажуваат со превод на македонски јазик, а за романскиот филм обезбеден е само превод на француски јазик.

Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката, соопшти организаторот.

The post Недела на франкофонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје, во соработка со Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Романија и Кинотеката на Македонија, организира Недела на франкофонски филм по повод одбележување на месецот на Франкофонијата.

Официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм е  в четврток, (24 март 2022 година), во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, со проекцијата на францускиот филм „Што зборуваме, што правиме“, на режисер Емануел Муре, од 2020 година.

Настанот ќе го отворат: Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Н.Е. г-ѓа Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Останатите проекции во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се в петок (25 март 2022), во 20:00 ч., швајцарскиот филм „Семејство на Фредерик Бајиф (2022) сабота (26 март) во 18 часот е белгискиот филм „Богородица од Нил“ на Атик Рахими (2020 година) и во 20 часот, романскиот документарен филм „Дива Романија“.Сите филмови се прикажуваат со превод на македонски јазик, а за романскиот филм обезбеден е само превод на француски јазик. Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката, соопшти организаторот.

The post Недела на франкофонски филм во Кинотека appeared first on Република.

]]>