киноконцерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinokontsert/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Feb 2023 08:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киноконцерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinokontsert/ 32 32 Киноконцерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinokontsert-na-evropskiot-kreativen-orkestar-na-fame-s-i-dirigentot-olivie-dezhur/ Thu, 09 Feb 2023 08:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=606784

Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, вечер во Скопје, ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката.

Како што најавуваат оеганизаторите, овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија.

На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на принц Ахмед“, кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот.

Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на принцот Ахмед.

Како дел од проектот, минатата година, се посочува, се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа и неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (Европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика исто така во Сплит, раководени од маестро Тимоти Редмонд.

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот во партнерство со Скопскиот џез фестивал, настапи на отворањето на минатогодинешното издание на фестивалот, заедно со музичката ѕвезда Роб Мазурек и неговиот Експлодинг стар оркестра. Мазурек беше дел и од вториот семинар со Carte Blanche мастерклас.

Следна активност е семинарот за хибридна музика со популарниот двоец, диригентот Етиен Абелин и познатиот диџеј и продуцент Габриел Прокофјев, во чиишто рамки ќе се одржи концерт во Белград на 18 февруари во концертната сала „Коларац“.

Проектот е ко-основан од Креативна Европа со поддршка на Европската Комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021-2027 година .

The post Киноконцерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур appeared first on Република.

]]>

Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, вечер во Скопје, ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката. Како што најавуваат оеганизаторите, овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија. На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на принц Ахмед“, кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот. Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на принцот Ахмед. Како дел од проектот, минатата година, се посочува, се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа и неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (Европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика исто така во Сплит, раководени од маестро Тимоти Редмонд. Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот во партнерство со Скопскиот џез фестивал, настапи на отворањето на минатогодинешното издание на фестивалот, заедно со музичката ѕвезда Роб Мазурек и неговиот Експлодинг стар оркестра. Мазурек беше дел и од вториот семинар со Carte Blanche мастерклас. Следна активност е семинарот за хибридна музика со популарниот двоец, диригентот Етиен Абелин и познатиот диџеј и продуцент Габриел Прокофјев, во чиишто рамки ќе се одржи концерт во Белград на 18 февруари во концертната сала „Коларац“. Проектот е ко-основан од Креативна Европа со поддршка на Европската Комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021-2027 година .

The post Киноконцерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур appeared first on Република.

]]>