кино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 14:12:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino/ 32 32 „Киноверзум“ ќе го стави во употреба киното во возобновениот Дом на културата „Билјана Беличанец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kinoverzum-ke-go-stavi-vo-upotreba-kinoto-vo-vozobnoveniot-dom-na-kulturata-biljana-belichanets/ Fri, 01 Mar 2024 14:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=750106

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Михаела Ѓорчева, основач на единствениот македонски синџир кина, „Киноверзум“, денес потпишаа договор преку кој и официјално се става во употреба киното во возобновениот Дом на културата „Билјана Беличанец“.

Во киносалата, опремена со најнова технологија, секојдневно ќе се проектираат најнови филмски достигнувања и љубителите на филмската уметност од сите генераци ќе може заеднички да оживеат ново поглавје во културниот живот на општина Кисела Вода.

„Денес, ставаме потпис на еден значаен документ, на договор кој е круна на целата наша досегашна работа во Домот на културата ‘Билјана Беличанец’. Од денес Кисела Вода повторно има кино,каде што нашите жители ќе може да ги следат најновите филмски достигнувања и светските филмски хитови. Во изминатиот период интензивно работевме на темелна обнова на овој објект, кој е изграден во 1959 година и ги живеел своите најдобри денови се до 90-тите години на минатиот век кога негрижата го довела до непрепознатливост. Целосно руиниран, веќе не можел ни да се користи. Со средства од Министерството за култура и Општина Кисела Вода во 2015 година објектот беше обновен, но повторно поради неодржување, мораше да се санира. Со потпишувањето на договорот со ‘Киноверзум’, општина Кисела Вода станува дел од единствениот македонски синцир кина, а Домот на културата ‘Билјана Беличанец’ почнува ново културно поглавје во своето постоење. За да гледаат филм, некоја премиера, светско достигнување во филмската кинематографија, жителите на општина Кисела Вода повеќе не мора да одат во друг дел на градот. Културата сега е достапна во близина на нивните домови“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Отворањето на нашата четврта киносала во Кисела Вода за нас претставува уште еден чекор кон реализацијата на нашата мисија за промовирање на културата и филмската уметност во целата земја. Речиси 5 години посветено работиме за развојот на културниот живот во локалните заедници, што може да го потврди нашата публика во Свети Николе, Штип и Велес. Верувам дека ‘Киноверзум’ ќе придонесе кон збогатувањето на културната понуда во Кисела Вода нудејќи му на локалното население пристап до најновите филмови од светската филмска сцена во современ и удобен амбиент. Со секоја нова локација се трудиме да внесеме уникатност и креативност во нашата работа креирајќи филмска програма, која ќе ги инспирира и едуцира гледачите, но истовремено и ќе ги забавува. Ова е значаен момент за нас како тим и нè приближува кон нашата цел да бидеме мост помеѓу светската филмска индустрија и љубителите на филмот“, изјави Михаела Ѓорчева, основач на „Киноверзум“.

„Киноверзум“ е основан во 2019 година како единствено универзитетско кино во земјата и е дел од Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. Досега има речиси 400 прикажани филма и околу 5.000 реализирани проекции потврдувајќи ја својата мисија за инспиративни промени во културниот живот на регионите во кои работи. Месецов ќе има 8 нови филма, кои ќе бидат достапни и за публиката во „Киноверзум“ во Кисела Вода. Првата проекција во Домот на културата „Билјана Беличанец“ се очекува кон средината на месецот.

The post „Киноверзум“ ќе го стави во употреба киното во возобновениот Дом на културата „Билјана Беличанец“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Михаела Ѓорчева, основач на единствениот македонски синџир кина, „Киноверзум“, денес потпишаа договор преку кој и официјално се става во употреба киното во возобновениот Дом на културата „Билјана Беличанец“. Во киносалата, опремена со најнова технологија, секојдневно ќе се проектираат најнови филмски достигнувања и љубителите на филмската уметност од сите генераци ќе може заеднички да оживеат ново поглавје во културниот живот на општина Кисела Вода. „Денес, ставаме потпис на еден значаен документ, на договор кој е круна на целата наша досегашна работа во Домот на културата ‘Билјана Беличанец’. Од денес Кисела Вода повторно има кино,каде што нашите жители ќе може да ги следат најновите филмски достигнувања и светските филмски хитови. Во изминатиот период интензивно работевме на темелна обнова на овој објект, кој е изграден во 1959 година и ги живеел своите најдобри денови се до 90-тите години на минатиот век кога негрижата го довела до непрепознатливост. Целосно руиниран, веќе не можел ни да се користи. Со средства од Министерството за култура и Општина Кисела Вода во 2015 година објектот беше обновен, но повторно поради неодржување, мораше да се санира. Со потпишувањето на договорот со ‘Киноверзум’, општина Кисела Вода станува дел од единствениот македонски синцир кина, а Домот на културата ‘Билјана Беличанец’ почнува ново културно поглавје во своето постоење. За да гледаат филм, некоја премиера, светско достигнување во филмската кинематографија, жителите на општина Кисела Вода повеќе не мора да одат во друг дел на градот. Културата сега е достапна во близина на нивните домови“, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Отворањето на нашата четврта киносала во Кисела Вода за нас претставува уште еден чекор кон реализацијата на нашата мисија за промовирање на културата и филмската уметност во целата земја. Речиси 5 години посветено работиме за развојот на културниот живот во локалните заедници, што може да го потврди нашата публика во Свети Николе, Штип и Велес. Верувам дека ‘Киноверзум’ ќе придонесе кон збогатувањето на културната понуда во Кисела Вода нудејќи му на локалното население пристап до најновите филмови од светската филмска сцена во современ и удобен амбиент. Со секоја нова локација се трудиме да внесеме уникатност и креативност во нашата работа креирајќи филмска програма, која ќе ги инспирира и едуцира гледачите, но истовремено и ќе ги забавува. Ова е значаен момент за нас како тим и нè приближува кон нашата цел да бидеме мост помеѓу светската филмска индустрија и љубителите на филмот“, изјави Михаела Ѓорчева, основач на „Киноверзум“. „Киноверзум“ е основан во 2019 година како единствено универзитетско кино во земјата и е дел од Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. Досега има речиси 400 прикажани филма и околу 5.000 реализирани проекции потврдувајќи ја својата мисија за инспиративни промени во културниот живот на регионите во кои работи. Месецов ќе има 8 нови филма, кои ќе бидат достапни и за публиката во „Киноверзум“ во Кисела Вода. Првата проекција во Домот на културата „Билјана Беличанец“ се очекува кон средината на месецот.

The post „Киноверзум“ ќе го стави во употреба киното во возобновениот Дом на културата „Билјана Беличанец“ appeared first on Република.

]]>
„Домаќинство за почетници” ќе почне да се прикажува од утре во скопските кина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/domakinstvo-za-pochetnitsi-ke-pochne-da-se-prikazhuva-od-utre-vo-skopskite-kina/ Wed, 11 Oct 2023 16:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=690243

Во скопските кина „Домаќинство за почетници” ќе почне да се прикажува од утре, 12 октомври.

Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа.

Номинираните пет филмови од 5 европски земји се избираат од селекциите од играни и документарни филмови за Европските филмски награди 2023. Останатите четири филма номинирани за наградата се францускиот „Анатомија на пад“ во режија на Џастин Триет, „Зелена граница“ на режисерката Агнешка Холанд, британско-грчката копродукција „Како да се има секс“ во режија на Моли Менинг Вокер и германскиот „Сала за наставник“ на режисерот Илкер Чатак.

Европската филмска академија ја лансираше Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA) во 2016 година, заедно со филмскиот фестивал во Хамбург, а во меѓувреме стана и една од официјалните категории на Европските филмски награди, за која што не гласаат членовите на Европската филмска академија, туку студенти од универзитетите учесници.  Целта на оваа награда е активно да ја инволвира младата публика, да ја шири „европската идеја“ и да го пренесе духот на европското кино до публиката помеѓу 20 и 29 години. По оваа номинација следуваат проекции на филмовите и дискусии во рамките на семинари кои ќе бидат организирани на универзитетите кои се дел од оваа програма, а во декември, по еден студент – претставник на својот универзитет – ќе присуствува на одлучувачки состанок кој ќе се одржи во Хамбург. Во модерирана дебата студентите ќе одлучат за победникот, а ЕУФА 2023 ќе биде доделена за време на церемонијата на Европските филмски награди која ќе се одржи во декември 2023 во Берлин.

Воедно, во тек е гласањето на членовите на Европската филмска академија за селектираните филмови за Европските филмски награди во останатаите категории и истото трае до 18. октомври. Членовите имаат можност да гласаат за категориите најдобар европски филм, режисер, актерка, актер и сценарио за селекцијата од играни и документарни филмови. Номинациите ќе бидат објавени на 7. ноември, по што членовите на Академијата ќе гласаат за победниците кои ќе бидат презентирани на церемонијата во Берлин.

Како што е познато, „Домаќинство за почетници“, кој е во продукција на „Лист продукција“ од Скопје, е избран и за годинашен македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Филмот ја имаше својата светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби Queer Lion наградата, а македонската премиера се одржа на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

„Домаќинство за почетници“ е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуриран на територијата на САД. Интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии е Universal Pictures, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

The post „Домаќинство за почетници” ќе почне да се прикажува од утре во скопските кина appeared first on Република.

]]>

Во скопските кина „Домаќинство за почетници” ќе почне да се прикажува од утре, 12 октомври. Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во Европа. Номинираните пет филмови од 5 европски земји се избираат од селекциите од играни и документарни филмови за Европските филмски награди 2023. Останатите четири филма номинирани за наградата се францускиот „Анатомија на пад“ во режија на Џастин Триет, „Зелена граница“ на режисерката Агнешка Холанд, британско-грчката копродукција „Како да се има секс“ во режија на Моли Менинг Вокер и германскиот „Сала за наставник“ на режисерот Илкер Чатак. Европската филмска академија ја лансираше Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA) во 2016 година, заедно со филмскиот фестивал во Хамбург, а во меѓувреме стана и една од официјалните категории на Европските филмски награди, за која што не гласаат членовите на Европската филмска академија, туку студенти од универзитетите учесници.  Целта на оваа награда е активно да ја инволвира младата публика, да ја шири „европската идеја“ и да го пренесе духот на европското кино до публиката помеѓу 20 и 29 години. По оваа номинација следуваат проекции на филмовите и дискусии во рамките на семинари кои ќе бидат организирани на универзитетите кои се дел од оваа програма, а во декември, по еден студент – претставник на својот универзитет – ќе присуствува на одлучувачки состанок кој ќе се одржи во Хамбург. Во модерирана дебата студентите ќе одлучат за победникот, а ЕУФА 2023 ќе биде доделена за време на церемонијата на Европските филмски награди која ќе се одржи во декември 2023 во Берлин. Воедно, во тек е гласањето на членовите на Европската филмска академија за селектираните филмови за Европските филмски награди во останатаите категории и истото трае до 18. октомври. Членовите имаат можност да гласаат за категориите најдобар европски филм, режисер, актерка, актер и сценарио за селекцијата од играни и документарни филмови. Номинациите ќе бидат објавени на 7. ноември, по што членовите на Академијата ќе гласаат за победниците кои ќе бидат презентирани на церемонијата во Берлин. Како што е познато, „Домаќинство за почетници“, кој е во продукција на „Лист продукција“ од Скопје, е избран и за годинашен македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Филмот ја имаше својата светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби Queer Lion наградата, а македонската премиера се одржа на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. „Домаќинство за почетници“ е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуриран на територијата на САД. Интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии е Universal Pictures, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

The post „Домаќинство за почетници” ќе почне да се прикажува од утре во скопските кина appeared first on Република.

]]>
Жени се степаа на проекција на филмот „Барби“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zheni-se-stepaa-na-proektsija-na-filmot-barbi/ Thu, 27 Jul 2023 18:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=666033

На социјалните мрежи се шири видео од кино во Бразил на кое две жени се расправаат, а потоа се степале на крајот од прикажувањето на хит филмот Барби.

Едната од нив дошла во кино со своето дете, кое наводно гледало видеа на Јутјуб на својот мобилен телефон во текот на целиот филм. Тоа им пречело на луѓето во киното, а една жена ја предупредила. Набрзо почнала тепачка, а едната потоа дошла до другата и ја удрила толку силно што втората паднала на седиштата.

Тепачката ја прекинал еден човек додека збунетите посетители стоеја да гледаат што се случува.

The post Жени се степаа на проекција на филмот „Барби“ appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се шири видео од кино во Бразил на кое две жени се расправаат, а потоа се степале на крајот од прикажувањето на хит филмот Барби.

Едната од нив дошла во кино со своето дете, кое наводно гледало видеа на Јутјуб на својот мобилен телефон во текот на целиот филм. Тоа им пречело на луѓето во киното, а една жена ја предупредила. Набрзо почнала тепачка, а едната потоа дошла до другата и ја удрила толку силно што втората паднала на седиштата. Тепачката ја прекинал еден човек додека збунетите посетители стоеја да гледаат што се случува.

The post Жени се степаа на проекција на филмот „Барби“ appeared first on Република.

]]>
„Кашеј: крадец на невести“: Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kashej-kradec-na-nevesti-razigrana-i-komichna-avantura-koja-kje-gi-izraduva-i-nasmee-najmladite/ Thu, 10 Nov 2022 10:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=572243

Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите од денес во кината (10.11.2022).


Од кој знае која причина Кашеј, вечно младиот и секогаш беспрекорно облечен, не може да си најде вистинска невеста веќе тристотини години. Еден ден тој е приморан, под закана од Смртта, да киднапира една од најголемите убавици на Далечното Кралство, Брарбара. Тука почнуваат неговите неверојатни авантури.

Столетниот Кашеј безброј пати има слушнато - Никогаш нема да се оженам со тебе! Сакал да го промени тоа но ништо не му успевало., се додека не ја запознал Барбара. Млада, самостојна девојка која ја дели истата мака, постојано е под притисок од околината да се омажи, но таа одбива. Како ќе заврши големата, наизглед нерешива, ситуација меѓу Барбара и Кашеј, со брак, пријателство или уште поголем неред обоен со хумор останува да дознаеме од големото платно.
„Кашек: крадец на невести“ можете да го погледнете од денес, 10 Ноември, во Синеплекс и Градско кино Милениум.

The post „Кашеј: крадец на невести“: Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите appeared first on Република.

]]>

Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите од денес во кината (10.11.2022). Од кој знае која причина Кашеј, вечно младиот и секогаш беспрекорно облечен, не може да си најде вистинска невеста веќе тристотини години. Еден ден тој е приморан, под закана од Смртта, да киднапира една од најголемите убавици на Далечното Кралство, Брарбара. Тука почнуваат неговите неверојатни авантури. Столетниот Кашеј безброј пати има слушнато - Никогаш нема да се оженам со тебе! Сакал да го промени тоа но ништо не му успевало., се додека не ја запознал Барбара. Млада, самостојна девојка која ја дели истата мака, постојано е под притисок од околината да се омажи, но таа одбива. Како ќе заврши големата, наизглед нерешива, ситуација меѓу Барбара и Кашеј, со брак, пријателство или уште поголем неред обоен со хумор останува да дознаеме од големото платно. „Кашек: крадец на невести“ можете да го погледнете од денес, 10 Ноември, во Синеплекс и Градско кино Милениум.

The post „Кашеј: крадец на невести“: Разиграна и комична авантура која ќе ги израдува и насмее најмладите appeared first on Република.

]]>
„Човек по твоја мерка“ од денес во кината https://arhiva3.republika.mk/scena/film/chovek-po-tvoja-merka-od-denes-vo-kinata/ Thu, 15 Sep 2022 08:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=550925

ШТО АКО НАВИСТИНА ПОСТОИ СОВРШЕНИОТ МАЖ?
ГЕРМАНСКА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА „ЧОВЕК ПО ТВОЈА МЕРКА“ ДЕНЕС ВО КИНАТА

https://www.youtube.com/watch?v=SD-z3f0hM4Y

Човек кој внимава, подготвува вечера, па ги мие садовите, го исполнува секој, дури и најмал каприц, зарем тоа не е човекот од соништата? 93% од германците би се согласиле со тоа, но што е со останатите 7%?

Филмот „Ich bin dein Mensch / I'm Your Man“ се занимава токму со оваа тема. Премиерно беше прикажан на овогодинешното Берлинале, со Марен Егерт, која ја игра научничката Алма, добитничка на наградата Сребрена мечка за најдобра женска улога. Оваа шокантна германска романтична комедија од денес е на големото платно на домашните кина.

За да ги финансира студиите, научничката се согласува да учествува во необичен експеримент: три недели треба да живее со робот сличен на човек кој би требало да ја направи среќна. Режисер на оваа продукција е Марија Шрадер, германска актерка, режисерка и продуцентка која за својот филм изјави: „Режирањето на комедија е навистина забавно. Приказната започнува со состанок на слепо, имаш старомоден бал, каде се среќаваат двајца, а не знаеш кој е почуден. Алма знае со кого ќе се сретне, па подготви цела низа прашања, тој е програмиран да флертува. Бизарна мешавина на наивност и романса“.

Можеби ова е приказна за идните љубови, а можеби и критика на потрагата по совршенство, што, на крајот на денот, не е многу возбудливо. Во улогата на хуманоидниот робот Том, беше актерот Ден Стивенс („Downton Abbey“, „Beauty and the Beast“) кој портретираше шармантен, духовит и беспрекорен робот кој го направи по мерка на Алма.

The post „Човек по твоја мерка“ од денес во кината appeared first on Република.

]]>

ШТО АКО НАВИСТИНА ПОСТОИ СОВРШЕНИОТ МАЖ? ГЕРМАНСКА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА „ЧОВЕК ПО ТВОЈА МЕРКА“ ДЕНЕС ВО КИНАТА https://www.youtube.com/watch?v=SD-z3f0hM4Y Човек кој внимава, подготвува вечера, па ги мие садовите, го исполнува секој, дури и најмал каприц, зарем тоа не е човекот од соништата? 93% од германците би се согласиле со тоа, но што е со останатите 7%? Филмот „Ich bin dein Mensch / I'm Your Man“ се занимава токму со оваа тема. Премиерно беше прикажан на овогодинешното Берлинале, со Марен Егерт, која ја игра научничката Алма, добитничка на наградата Сребрена мечка за најдобра женска улога. Оваа шокантна германска романтична комедија од денес е на големото платно на домашните кина. За да ги финансира студиите, научничката се согласува да учествува во необичен експеримент: три недели треба да живее со робот сличен на човек кој би требало да ја направи среќна. Режисер на оваа продукција е Марија Шрадер, германска актерка, режисерка и продуцентка која за својот филм изјави: „Режирањето на комедија е навистина забавно. Приказната започнува со состанок на слепо, имаш старомоден бал, каде се среќаваат двајца, а не знаеш кој е почуден. Алма знае со кого ќе се сретне, па подготви цела низа прашања, тој е програмиран да флертува. Бизарна мешавина на наивност и романса“. Можеби ова е приказна за идните љубови, а можеби и критика на потрагата по совршенство, што, на крајот на денот, не е многу возбудливо. Во улогата на хуманоидниот робот Том, беше актерот Ден Стивенс („Downton Abbey“, „Beauty and the Beast“) кој портретираше шармантен, духовит и беспрекорен робот кој го направи по мерка на Алма.

The post „Човек по твоја мерка“ од денес во кината appeared first on Република.

]]>
Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ во кината https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagraduvaniot-belgiski-film-vselensko-momche-vo-kinata/ Thu, 21 Jul 2022 08:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=531679

Детскиот белгиски филм „Вселенско момче“, во режија на Оливие Перу, од утре ќе игра во пет киносали низ републиката. Проекциите почнуваат денеска (21 јули) во 13:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, од каде продожуваат во Центарот за култура „АСНОМ“ Гостивар и киното „Милениум“ во Скопје од 15:00 часот, во Кинотека на Македонија со почеток од 18:00 часот и во Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе од 20:00 часот. Проекциите во Кинотека и кино „Милениум“ и онлајн на Cinesquare.net се во рамки на проектот KidSquare – Детско катче, поддржан од Град Скопје.

Сценариото е на Еузебио Лареа и Оливие Перу. Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан.

Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим  кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи.

Дистрибутер на филмот е Катавеј, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од потпрограмата МЕДИА Креативна Европа.

 

The post Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ во кината appeared first on Република.

]]>

Детскиот белгиски филм „Вселенско момче“, во режија на Оливие Перу, од утре ќе игра во пет киносали низ републиката. Проекциите почнуваат денеска (21 јули) во 13:00 часот во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино, од каде продожуваат во Центарот за култура „АСНОМ“ Гостивар и киното „Милениум“ во Скопје од 15:00 часот, во Кинотека на Македонија со почеток од 18:00 часот и во Домот на култура „Крсте Мисирков“ во Свети Николе од 20:00 часот. Проекциите во Кинотека и кино „Милениум“ и онлајн на Cinesquare.net се во рамки на проектот KidSquare – Детско катче, поддржан од Град Скопје. Сценариото е на Еузебио Лареа и Оливие Перу. Филмот е добитник на низа награди на фестивали за филмови за млади меѓу кои и Европската награда за филм за деца и награда од детското жири на Интернационалниот филмски фестивал во Рига. Филмот ја освои и главната награда на Интернационалниот детски и младински фестивал во Бусан. Младиот протагонист во „Вселенско момче“ е 11-годишниот Џим  кој е вљубеник во вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, чувствително и срамежливо девојче. И покрај нејзината неподготвеност, Џим ја убедува да го имитира проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направи вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од неговиот татко, Греам, астрофизичар кој треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи. Дистрибутер на филмот е Катавеј, а дистрибуцијата на филмот е овозможена од потпрограмата МЕДИА Креативна Европа.  

The post Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ во кината appeared first on Република.

]]>
„Париз: Љубовна приказна“ во кината од 30 jуни https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pariz-ljubovna-prikazna-vo-kinata-od-30-juni/ Thu, 30 Jun 2022 20:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=521876

Страст, сомнеж, бегство од љубов. Побарајте ја личноста што ќе ја сакате. Чувства без граници и млади луѓе кои бараат среќа. Францускиот режисер Жак Одијар го претстави својот најнов филм на 74. Филмски фестивал во Кан - „Париз: Љубовна приказна“ (Les Olympiades, 13e / Paris, 13th District) за кој беше номиниран за нај престижната награда на Азурниот брег - Златната палма. Драма за животот на модерните парижани од утре ќе можете да гледате во кината низ земјава

Емили ја среќава Камил, која пак е затрескана во Нора, на која пак ѝ се судруваат патиштата со Амбер. 3 девојки и едно момче - тие се пријатели, понекогаш љубовници а најчесто и двете.

Ова сентиментално, урбано патување го режираше Жак Одијар, кој е познат по филмовите „Рѓа и коска“, „Дипан“ за кои ја доби Златната палма во 2015 година, додека за филмот „Пророк“ ја освои главната награда од жирито на Канскиот филмски фестивал во 2009 година.
За изборот на 13-та област (во Париз) како еден центар на приказната, тој рече:

Го избрав овој дел од Париз од едноставна причина, бидејќи таму живеам со години и многу добро го познавам. Тоа е делот од градот кој најмногу се промени во последните десет години, се гради, архитектурата е специфична. Многу е урбано. Тоа е магично и сите раси и сите луѓе се во него заедно“
Блокови од кули во јужните региони на 13-тиот округ на Париз, област позната како Les Olympiades која е далеку од вообичаените филмски клишеа околу француската престолнина. Приказната следи група млади Французи, составени од Емили (Луси Жанг), Камил (Макита Самба), Нора (Наоми Мерлан) и Амбер Свет (Џени Бет), чии навидум течни и ослободени врски маскираат вистински комплексни проблеми - конкуренција, сомнежи. , празнина, незрелост, егоцентризам.

„Париз: Љубовна приказна“  можете да го погледате во домашните кина од 30 јуни.

https://www.youtube.com/watch?v=o92C-ghNDNk

The post „Париз: Љубовна приказна“ во кината од 30 jуни appeared first on Република.

]]>

Страст, сомнеж, бегство од љубов. Побарајте ја личноста што ќе ја сакате. Чувства без граници и млади луѓе кои бараат среќа. Францускиот режисер Жак Одијар го претстави својот најнов филм на 74. Филмски фестивал во Кан - „Париз: Љубовна приказна“ (Les Olympiades, 13e / Paris, 13th District) за кој беше номиниран за нај престижната награда на Азурниот брег - Златната палма. Драма за животот на модерните парижани од утре ќе можете да гледате во кината низ земјава Емили ја среќава Камил, која пак е затрескана во Нора, на која пак ѝ се судруваат патиштата со Амбер. 3 девојки и едно момче - тие се пријатели, понекогаш љубовници а најчесто и двете. Ова сентиментално, урбано патување го режираше Жак Одијар, кој е познат по филмовите „Рѓа и коска“, „Дипан“ за кои ја доби Златната палма во 2015 година, додека за филмот „Пророк“ ја освои главната награда од жирито на Канскиот филмски фестивал во 2009 година. За изборот на 13-та област (во Париз) како еден центар на приказната, тој рече:
Го избрав овој дел од Париз од едноставна причина, бидејќи таму живеам со години и многу добро го познавам. Тоа е делот од градот кој најмногу се промени во последните десет години, се гради, архитектурата е специфична. Многу е урбано. Тоа е магично и сите раси и сите луѓе се во него заедно“ Блокови од кули во јужните региони на 13-тиот округ на Париз, област позната како Les Olympiades која е далеку од вообичаените филмски клишеа околу француската престолнина. Приказната следи група млади Французи, составени од Емили (Луси Жанг), Камил (Макита Самба), Нора (Наоми Мерлан) и Амбер Свет (Џени Бет), чии навидум течни и ослободени врски маскираат вистински комплексни проблеми - конкуренција, сомнежи. , празнина, незрелост, егоцентризам.
„Париз: Љубовна приказна“  можете да го погледате во домашните кина од 30 јуни.
https://www.youtube.com/watch?v=o92C-ghNDNk

The post „Париз: Љубовна приказна“ во кината од 30 jуни appeared first on Република.

]]>
Кинескиот филм за природна катастрофа „Планина на смртта” (CLOUDY MOUNTAIN) од утре во кината https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kineskiot-film-za-prirodna-katastrofa-planina-na-smrtta-cloudy-mountain-od-utre-vo-kinata/ Wed, 15 Jun 2022 09:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=515433

Од утре филмот „Планина на смртта"(Cloudy Mountain) во режија на Ли Јун ќе започне да се прикажува ширум кината во земјава. Дали таткото и синот ќе успеат да го претркаат времето и да го спасат градот од неизбежното уништување? Погледнете ја новата акциона авантура која во домашните кина доаѓа од Далечниот исток.

Таткото и синот ќе се обидат да го сочуваат нивниот град и и новоизградениот тунел од природните катастрофи.

Филмот е во режија на Ли Јун, додека пак во главните улоги се појавуваат актерите Ји Лонг Зу, Зи-Зонг Уанг и Шу Чен. 

Првите филмски критики го карактеризираат како интересен, возбудлив и освежувачко искрен филм, додека пак интересот беше насочен кон напорниот тренинг на актерите Ји Лонг Зу и Зи-Зонг Уанг кои еден месец вежбале на ѕудот за искачување со професионални инструктори со цел колку што е можно поуверливо да ја доловат спецификата на катастрофата.

Приказната на филмот, со која публиката може да се поистовети е скромноста и личната заложба, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не некој странец со супермоќи, туку самата природа.

По долги години, публиката на својот кино-реперотоар  може да го пронајде ново кинеско филмско остварување, што од утре, 16 јуни, ќе започне да се прикажува.

 

The post Кинескиот филм за природна катастрофа „Планина на смртта” (CLOUDY MOUNTAIN) од утре во кината appeared first on Република.

]]>

Од утре филмот „Планина на смртта"(Cloudy Mountain) во режија на Ли Јун ќе започне да се прикажува ширум кината во земјава. Дали таткото и синот ќе успеат да го претркаат времето и да го спасат градот од неизбежното уништување? Погледнете ја новата акциона авантура која во домашните кина доаѓа од Далечниот исток.

Таткото и синот ќе се обидат да го сочуваат нивниот град и и новоизградениот тунел од природните катастрофи.

Филмот е во режија на Ли Јун, додека пак во главните улоги се појавуваат актерите Ји Лонг Зу, Зи-Зонг Уанг и Шу Чен. 

Првите филмски критики го карактеризираат како интересен, возбудлив и освежувачко искрен филм, додека пак интересот беше насочен кон напорниот тренинг на актерите Ји Лонг Зу и Зи-Зонг Уанг кои еден месец вежбале на ѕудот за искачување со професионални инструктори со цел колку што е можно поуверливо да ја доловат спецификата на катастрофата.

Приказната на филмот, со која публиката може да се поистовети е скромноста и личната заложба, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не некој странец со супермоќи, туку самата природа.

По долги години, публиката на својот кино-реперотоар  може да го пронајде ново кинеско филмско остварување, што од утре, 16 јуни, ќе започне да се прикажува.

 

The post Кинескиот филм за природна катастрофа „Планина на смртта” (CLOUDY MOUNTAIN) од утре во кината appeared first on Република.

]]>
„Патот кон Месечината“ синхронизиран на македонски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/patot-kon-mesechinata-sinhroniziran-na-makedonski/ Wed, 27 Apr 2022 07:49:29 +0000 https://republika.mk/?p=494134

„Патот кон Месечината“ (Moonbound) е новиот анимиран филм кој, синхронизиран на македонски јазик, веќе може да се гледа на големото платно.

Ова остварување, покрај за помладата публика, ќе биде интересно и за целото семејство, а режијата е на Али Самади Ахади. За анимираните ликови гласовите ги позајмуваат: Дамјан Цветановски, Михаела Ангелевска, Крсто Јовановски, Александар Алексовски, Дарко Вељиќ, Емилија Гиевска, Трајанка Илиева- Велиќ, Ненад Анѓелковиќ и Елизабета Зафировска. Базиран на една од најпопуларните германски книги за деца – „Патувањето кон Месечината на малиот Петр“, филмот ја носи приказната за малиот Пит кој започнува магично патување кон Месечината, заедно со јунскиот бумбар, господинот Зумзем и Сендмен, во мисија да ја спаси својата помала сестра која е однесена од лош човек.

The post „Патот кон Месечината“ синхронизиран на македонски appeared first on Република.

]]>

„Патот кон Месечината“ (Moonbound) е новиот анимиран филм кој, синхронизиран на македонски јазик, веќе може да се гледа на големото платно. Ова остварување, покрај за помладата публика, ќе биде интересно и за целото семејство, а режијата е на Али Самади Ахади. За анимираните ликови гласовите ги позајмуваат: Дамјан Цветановски, Михаела Ангелевска, Крсто Јовановски, Александар Алексовски, Дарко Вељиќ, Емилија Гиевска, Трајанка Илиева- Велиќ, Ненад Анѓелковиќ и Елизабета Зафировска. Базиран на една од најпопуларните германски книги за деца – „Патувањето кон Месечината на малиот Петр“, филмот ја носи приказната за малиот Пит кој започнува магично патување кон Месечината, заедно со јунскиот бумбар, господинот Зумзем и Сендмен, во мисија да ја спаси својата помала сестра која е однесена од лош човек.

The post „Патот кон Месечината“ синхронизиран на македонски appeared first on Република.

]]>
Во Турција и Србија се плаќаат најевтините кино билети во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-turcija-i-srbija-se-plakjaat-najevtinite-kino-bileti-vo-svetot/ Wed, 12 Jan 2022 10:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=443585

Турција, Малезија, Казахстан и Србија се земјите со најевтини карти за кино во светот, покажуваат последните податоци на британскиот финансиски портал money.co.uk.

Во Турција е потребно да се издвојат 2,06 евра за кинобилет, во Малезија – 3,13, во Казахстан – 3,23, а во Србија тоа чини 3,40 евра. Белорусија, Русија, Аргентина, Панама, Унгарија и Костарика, исто така се на топ-листата од 10 земји со најевтини билети.

Од друга страна, Швајцарија е на другиот крај со најскапи билети за кино – 18,23 евра, потоа Данска – 14,79, Саудиска Арабија – 14,14, Јапонија – 14,07 и Финска со 14 евра за билет.

Порталот, инаку, го рангираше Лондон меѓу трите најдобри градови во светот за љубителите на филмот, со оценка 9,75 од 10, бидејќи има најмногу кина, а премиерите на најголемите наслови често се одржуваат на плоштадот Лестер.

Во текстот на уредникот Џејмс Ендрјус, се забележува дека и третопласираниот Лос Анџелес (оценка 9,49) е секако еден од највлијателните градови каде што се снимаат филмови, но второпласираниот Њујорк (9,55) е домаќин на најголемиот број филмски фестивали – повеќе од 1.000, вклучувајќи ги и Трибека, Фестивалот за документарци и Азиско-американскиот меѓународен филмски фестивал.

The post Во Турција и Србија се плаќаат најевтините кино билети во светот appeared first on Република.

]]>

Турција, Малезија, Казахстан и Србија се земјите со најевтини карти за кино во светот, покажуваат последните податоци на британскиот финансиски портал money.co.uk. Во Турција е потребно да се издвојат 2,06 евра за кинобилет, во Малезија – 3,13, во Казахстан – 3,23, а во Србија тоа чини 3,40 евра. Белорусија, Русија, Аргентина, Панама, Унгарија и Костарика, исто така се на топ-листата од 10 земји со најевтини билети. Од друга страна, Швајцарија е на другиот крај со најскапи билети за кино – 18,23 евра, потоа Данска – 14,79, Саудиска Арабија – 14,14, Јапонија – 14,07 и Финска со 14 евра за билет. Порталот, инаку, го рангираше Лондон меѓу трите најдобри градови во светот за љубителите на филмот, со оценка 9,75 од 10, бидејќи има најмногу кина, а премиерите на најголемите наслови често се одржуваат на плоштадот Лестер. Во текстот на уредникот Џејмс Ендрјус, се забележува дека и третопласираниот Лос Анџелес (оценка 9,49) е секако еден од највлијателните градови каде што се снимаат филмови, но второпласираниот Њујорк (9,55) е домаќин на најголемиот број филмски фестивали – повеќе од 1.000, вклучувајќи ги и Трибека, Фестивалот за документарци и Азиско-американскиот меѓународен филмски фестивал.

The post Во Турција и Србија се плаќаат најевтините кино билети во светот appeared first on Република.

]]>