кино „партизан“ битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino-partizan-bitola/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 09:59:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кино „партизан“ битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino-partizan-bitola/ 32 32 Ќе се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ke-se-renovira-poraneshnoto-kino-partizan-vo-bitola/ Mon, 08 Jan 2024 10:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=730793

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска најави дека оваа година ќе почне да се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола, а целта е тој да се претвори во современ, мултифункционален центар.

Идејата, како што посочи министерката, е објектот на поранешното кино „Партизан“ да се претвори во современ, мултифункционален центар, ефикасен за работа, комфорен простор, кој би ја збогатил културната сцена во градот Битола.

-Годинава започнуваме да го реновираме. Ќе биде мултифункционален обејкт. Неколку пати имав можност да се сретнам со нив кога го развивавме проектот, млади луѓе кои што ти ги впиваат идеите. Прво ќе се сработи киното „Партизан“, затоа што мораме да бидеме многу претпазливи со театарот и центарот за култура, не смееме да ги затвориме, бидејќи тоа не е работа во шест месеци. Прво да проработи ова, да имаме алтернативна сцена, вели Кистадиновска-Сојчевска, во интервју за интернет емисијата „Југо“ со Мими Марковски.

Зградата на поранешното кино „Партизан“ е изградена во времето на поранешна Југославија и во неа порано се прикажуваа кино проекции. Долги години работеше како едно од кината во градот Битола, а потоа како и другите две кина во периодот после 1990-те години, беше затворено.

Во 2006 година со одлука на Владата, овој објект му е доделен на користење на НУ Народен театар Битола.

Од Министерството за култура велат дека комплетната санацијата на објектот се однесува на подобрување на постоечката состојба на просторот, замена на дотраените материјали, ставање во функционалност и формирање на простори во кои идната публика, младите и вработените, би пронашле простор за реализирање на нивните културно-уметнички цели.

Исто така, предвидено е со неговото повторно ревитализирање и враќање во употреба, покрај тоа што ќе се обезбеди простор каде што младите ќе ги реализираатсвоите идеи на културно уметнички план, да се отворат и нови работни места со цел непречено функционирање на самиот објект.

Идејата е преку организација на концерти, изложби, кино-проекции како и дислокација на некои од постоечките претстави на НУ Народен театар Битола да се создаде нов уметнички простор со сопствена програма, идеа и визија.

Проектната документација е веќе завршена, истата беше дел од програмата за 2023 сега следува прва фаза на реализација на проектот, велат од Министерството за култура.

The post Ќе се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска најави дека оваа година ќе почне да се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола, а целта е тој да се претвори во современ, мултифункционален центар. Идејата, како што посочи министерката, е објектот на поранешното кино „Партизан“ да се претвори во современ, мултифункционален центар, ефикасен за работа, комфорен простор, кој би ја збогатил културната сцена во градот Битола. -Годинава започнуваме да го реновираме. Ќе биде мултифункционален обејкт. Неколку пати имав можност да се сретнам со нив кога го развивавме проектот, млади луѓе кои што ти ги впиваат идеите. Прво ќе се сработи киното „Партизан“, затоа што мораме да бидеме многу претпазливи со театарот и центарот за култура, не смееме да ги затвориме, бидејќи тоа не е работа во шест месеци. Прво да проработи ова, да имаме алтернативна сцена, вели Кистадиновска-Сојчевска, во интервју за интернет емисијата „Југо“ со Мими Марковски. Зградата на поранешното кино „Партизан“ е изградена во времето на поранешна Југославија и во неа порано се прикажуваа кино проекции. Долги години работеше како едно од кината во градот Битола, а потоа како и другите две кина во периодот после 1990-те години, беше затворено. Во 2006 година со одлука на Владата, овој објект му е доделен на користење на НУ Народен театар Битола. Од Министерството за култура велат дека комплетната санацијата на објектот се однесува на подобрување на постоечката состојба на просторот, замена на дотраените материјали, ставање во функционалност и формирање на простори во кои идната публика, младите и вработените, би пронашле простор за реализирање на нивните културно-уметнички цели. Исто така, предвидено е со неговото повторно ревитализирање и враќање во употреба, покрај тоа што ќе се обезбеди простор каде што младите ќе ги реализираатсвоите идеи на културно уметнички план, да се отворат и нови работни места со цел непречено функционирање на самиот објект. Идејата е преку организација на концерти, изложби, кино-проекции како и дислокација на некои од постоечките претстави на НУ Народен театар Битола да се создаде нов уметнички простор со сопствена програма, идеа и визија. Проектната документација е веќе завршена, истата беше дел од програмата за 2023 сега следува прва фаза на реализација на проектот, велат од Министерството за култура.

The post Ќе се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола appeared first on Република.

]]>