кино Милениум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino-milenium/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Dec 2023 08:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кино Милениум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino-milenium/ 32 32 Новогодишна престава „Приказна за фамилијата Мраз” викендов во кино Милениум https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novogodishna-prestava-prikazna-za-familijata-mraz-vikendov-vo-kino-milenium/ Tue, 19 Dec 2023 08:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=724431

На 23 и 24 декември со две изведби од 11 и 13 часот, премиерно ќе биде изведена преставата „Приказна за фамилијата Мраз” во градското кино Милениум.

Главните актери во преставата, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен Театар за деца и младинци, ќе се обидат на комичен, едукативен и крајно забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика.

Преставата говори за магичен свет, во кој постојат дури двајца „Дедо Мразовци”. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со “проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде „да се упропасти Новата Година”.

Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум по цена од 300 денари.

The post Новогодишна престава „Приказна за фамилијата Мраз” викендов во кино Милениум appeared first on Република.

]]>

На 23 и 24 декември со две изведби од 11 и 13 часот, премиерно ќе биде изведена преставата „Приказна за фамилијата Мраз” во градското кино Милениум. Главните актери во преставата, Ненад Митевски, Бојан Кирковски и Наташа Петровиќ кој помладата публика добро ги препознава од своите омилени претстави во нивниот матичен Театар за деца и младинци, ќе се обидат на комичен, едукативен и крајно забавен начин ја пренесат новогодишната магија кон најмладата публика. Преставата говори за магичен свет, во кој постојат дури двајца „Дедо Мразовци”. Преку ликовите, најмладите ќе се запознаат подобро со “проблемите со кои се соочуваат двајцата помошници на Дедо Мраз, Тони и Ѕвони, како и незгодите и збрките кои ќе ги предизвикаат помошниците на братот на Дедо Мраз, Црни и Токсик чија намера ќе биде „да се упропасти Новата Година”. Билети за преставата може да се најдат на онлајн линкот за продажба www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на киното Милениум по цена од 300 денари.

The post Новогодишна престава „Приказна за фамилијата Мраз” викендов во кино Милениум appeared first on Република.

]]>
Гала филмска вечер со проекција на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gala-filmska-vecher-so-proektsija-na-frantsuskiot-film-nokta-na-12-ti/ Wed, 31 May 2023 16:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=646016

Амбасадата на Франција во Македонија и Францускиот институт во Скопје и Младинскиот културен центар во среда, (31 мај 2023), во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат) организираат гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“.

Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје.

Филмот е дело на режисерот Доминик Мол, а во главните улоги играат Бастиен Бујон, Були Ланерс, Тео Шолби (2022, 1ч54) . Добитник е на шест награди награди Цезар 2023, меѓу кои и два од најпрестижните: за Цезар за најдобар француски филм и Цезар за најдобра режија.

Проекцијата на „Ноќта на 12-ти“ на Канскиот филмски фестивал 2022 ќе остане како дата за паметење. (Cinéma Teaser)

Повеќе од трогателен, филмот е моќен и вознемирувачки. (Elle)

Филм на годината. (Le Figaro)

Прецизно напишан, филмот „Ноќта на 12-ти“ е напнат трилер за горчливите прашања поврзани со насилствата врз жените. (Télé Loisirs)

Бесплатни влезници за проекцијата се резервираат преку следната мејл адреса: culture@ifs.mk (во рамките на капацитетот на расположливи места во салата).

The post Гала филмска вечер со проекција на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“ appeared first on Република.

Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки, рече режисерката Теона С. Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ni-beshe-vazno-da-gi-spodelime-nashite-iskustva-od-vojnata-za-da-mozat-da-uchat-od-nashite-greshki-reche-reziserkata-teona-s-mitevska-na-makedonskata-premiera-na-najsrekjniot-chovek-na-svetot/ Fri, 28 Oct 2022 07:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=566590

Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки од минатото, рече синоќа режисерката Теона Стругар Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ која се одржа во скопското кино „Милениум“.

По синоќешната премиера, филмот во следните две недели ќе се прикажува во кино „Милениум“ од 20 и од 22 часот.

Ова е шести игран филм на Теона С. Митевска по „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“, „Жената што си ги избриша солзите“, „Кога денот немаше име“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Овој филм го спремав повеќе од пет години. Додека го снимавме не можевме да претпоставиме дека ќе почне нова војна на европската територија. Одеднаш филмот, кој зборува за минатото и како да се справиме со неговите лузни, станува наша реалност, рече режисерката Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на 2 септември годинава на Фестивалот во Венеција во програмата „Хоризонти“ и е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен филм.

По премиерата на филмот во Венеција, го прикажавме филмот во Киев, пред две недели. Тоа беше исклучително тешко и емотивно искуство. Но, нас ни беше важно да го направиме токму тоа, со надеж дека може да ги споделиме нашите минати искуства, за да можат да научат од нашите грешки од минатото. Како уметник, важно ми е да зборувам за актуелни теми, колку и да се тешки и болни, да бидам бескомпромисна и храбра, бидејќи длабоко верувам дека само така може да одиме напред, рече Теона Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ е на босански јазик. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ-Курет и Аднан Омеровиќ, а уште играат: Ксенија Маринковиќ, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ и македонските актери Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева.

Филмот е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ. Сценариото е на Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ, врз чија вистинска приказна е заснована приказната.

Актерката и продуцентка на филмот, Лабина Митевска им се заблаодари на сите оние кои што помогнаа да се направи овој филм.

Се надевам дека уживавте во овој филм онолку колку што е тежок, колку што ние уживавме да го создадеме. Филмот ја почнува својата редовна дистрибуција низ светот, тоа нè прави среќни. Колку и да е тешка уметноста, мислам дека сме должни секогаш да зборуваме, дискутираме и понекогаш да нè боли стомак со денови, рече Лабина Митевска.

Во ноември филмот ќе се прикаже на шест фестивали низ светот. „Најсреќниот човек на светот“ ќе има проекција на Филмскиот фестивал во Солун, каде режисерката Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. Од Солун, филмот продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија каде што од 9 до 20 ноември филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката посветен на пост-југословенската кинематографија.

Филмот ќе продолжи за Интернационалниот филмски фестивал во Арас, Франција кој започнува на 7 ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22 февруари 2023. Во ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмски фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Митевска ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.

The post Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки, рече режисерката Теона С. Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ appeared first on Република.

]]>

Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки од минатото, рече синоќа режисерката Теона Стругар Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ која се одржа во скопското кино „Милениум“. По синоќешната премиера, филмот во следните две недели ќе се прикажува во кино „Милениум“ од 20 и од 22 часот. Ова е шести игран филм на Теона С. Митевска по „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“, „Жената што си ги избриша солзите“, „Кога денот немаше име“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.
Овој филм го спремав повеќе од пет години. Додека го снимавме не можевме да претпоставиме дека ќе почне нова војна на европската територија. Одеднаш филмот, кој зборува за минатото и како да се справиме со неговите лузни, станува наша реалност, рече режисерката Митевска.
„Најсреќниот човек на светот“ имаше светска премиера на 2 септември годинава на Фестивалот во Венеција во програмата „Хоризонти“ и е македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар меѓународен филм.
По премиерата на филмот во Венеција, го прикажавме филмот во Киев, пред две недели. Тоа беше исклучително тешко и емотивно искуство. Но, нас ни беше важно да го направиме токму тоа, со надеж дека може да ги споделиме нашите минати искуства, за да можат да научат од нашите грешки од минатото. Како уметник, важно ми е да зборувам за актуелни теми, колку и да се тешки и болни, да бидам бескомпромисна и храбра, бидејќи длабоко верувам дека само така може да одиме напред, рече Теона Митевска.
„Најсреќниот човек на светот“ е на босански јазик. Главните улоги ги толкуваат Јелена Кордиќ-Курет и Аднан Омеровиќ, а уште играат: Ксенија Маринковиќ, Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ, Кемал Ризвановиќ и македонските актери Ана Костовска, Лабина Митевска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари и Зорица Нушева. Филмот е копродукција на Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ. Сценариото е на Теона С. Митевска и Елма Татарагиќ, врз чија вистинска приказна е заснована приказната. Актерката и продуцентка на филмот, Лабина Митевска им се заблаодари на сите оние кои што помогнаа да се направи овој филм.
Се надевам дека уживавте во овој филм онолку колку што е тежок, колку што ние уживавме да го создадеме. Филмот ја почнува својата редовна дистрибуција низ светот, тоа нè прави среќни. Колку и да е тешка уметноста, мислам дека сме должни секогаш да зборуваме, дискутираме и понекогаш да нè боли стомак со денови, рече Лабина Митевска.
Во ноември филмот ќе се прикаже на шест фестивали низ светот. „Најсреќниот човек на светот“ ќе има проекција на Филмскиот фестивал во Солун, каде режисерката Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. Од Солун, филмот продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија каде што од 9 до 20 ноември филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката посветен на пост-југословенската кинематографија. Филмот ќе продолжи за Интернационалниот филмски фестивал во Арас, Франција кој започнува на 7 ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22 февруари 2023. Во ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмски фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Митевска ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.    

The post Ни беше важно да ги споделиме нашите искуства од војната, за да можат да учат од нашите грешки, рече режисерката Теона С. Митевска на македонската премиера на „Најсреќниот човек на светот“ appeared first on Република.

]]>
„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска од петок во скопското кино „Милениум“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/najsrekjniot-chovek-na-svetot-na-teona-strugar-mitevska-od-petok-vo-skopskoto-kino-milenium/ Wed, 26 Oct 2022 10:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=565828

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има својата македонска премиера на 27.октомври во Кино Милениум. Потоа продолжува на редовен репертоар во наредните две недели со проекции од 20:00 и 22:00 часот. Македонија е првата земја во светот каде филмот започнува со редовно киноприкажување.

Во текот на nоември филмот низ светот ќе се прикаже на шест фестивали низ целиот свет и започнува со подготовки за редовна дистрибуција во низа европски земји. Ноемвриската турнеја ја предводи ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Солун, каде режисерот Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. „Најсреќниот човек на светот“ веќе има дистрибутер за кино прикажување на територијата на Грција и во 2023 ќе започне да игра во редовниот кино репертоар.

Од Солун, “Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија од 9 до 20 ноември каде филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката Теона С. Митевска посветен на пост-југословенската кинематографија. “Најсреќниот човек на светот“ ќе патува и во Франција на Интернационалниот филмски фестивал во Арас кој започнува на 7.ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22.февруари 2023. Во месец ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмскиот фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Теона ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.

The post „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска од петок во скопското кино „Милениум“ appeared first on Република.

]]>

„Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има својата македонска премиера на 27.октомври во Кино Милениум. Потоа продолжува на редовен репертоар во наредните две недели со проекции од 20:00 и 22:00 часот. Македонија е првата земја во светот каде филмот започнува со редовно киноприкажување. Во текот на nоември филмот низ светот ќе се прикаже на шест фестивали низ целиот свет и започнува со подготовки за редовна дистрибуција во низа европски земји. Ноемвриската турнеја ја предводи ексклузивна проекција на филмскиот фестивал во Солун, каде режисерот Теона С. Митевска ќе биде и дел од интернационалното жири. „Најсреќниот човек на светот“ веќе има дистрибутер за кино прикажување на територијата на Грција и во 2023 ќе започне да игра во редовниот кино репертоар. Од Солун, “Најсреќниот човек на светот“ продолжува во Филмскиот фестивал во Љубљана, Словенија од 9 до 20 ноември каде филмот ќе биде пропратен со панел предводен од режисерката Теона С. Митевска посветен на пост-југословенската кинематографија. “Најсреќниот човек на светот“ ќе патува и во Франција на Интернационалниот филмски фестивал во Арас кој започнува на 7.ноември и каде ќе биде прикажан во главната конкуренција. Дистрибуцијата во Франција е закажана за 22.февруари 2023. Во месец ноември филмот ќе биде прикажан и на Авторскиот филмскиот фестивал во Србија, како филм кој ќе го затвори фестивалот, а Теона ќе го предводи интернационалното жири, по што веднаш следува Филмскиот фестивал во Атина и Интернационалниот филмски фестивал во Керала, Индија.  

The post „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска од петок во скопското кино „Милениум“ appeared first on Република.

]]>
Поради поплава, скопското кино „Милениум“ затворено на неодредено време https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poradi-poplava-skopskoto-kino-milenium-zatvoreno-na-neodredeno-vreme/ Fri, 02 Sep 2022 11:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=546755

Од Градското кино Милениум известуваат дека лошото невреме кое го зафати главниот град имало голем удар и врз Киното.

-Како што може да се забележи од приложените слики и видео материјали, од двете страни на платното имаше проток на вода, низ неонските светла на двата странични излези лево и десно од сцената, кровот на салата е дополнително уништен, паднати се делови од таблите на таванот, водени се сите делови од кровот кон системот за озвучување во салата. Во предниот дел на салата, меѓу бината и првите редови седишта имаше огромно количество вода кое се слеваше од сите страни на кровот надолу. Делови од фоајето се зафатени со влага, влезот на киното беше комплетно поплавен. Дополнително ќе се врши и проценка на електричната инсталација. Во текот на следниве денови ќе се прави дополнителна проценка на материјалната штета предизвикана во фоајето, салата, тоалетите и дел од службените простории на киното, објавија од Милениум.

Информираат дека додека не се изврши комплетна санација и реновирање на киното и додека не се процени дека е безбедно граѓаните повторно да влезат во сала, Градско Кино Милениум нема да работи на неодредено време.

The post Поради поплава, скопското кино „Милениум“ затворено на неодредено време appeared first on Република.

Кино „Милениум“ со богата филмска понуда https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kino-milenium-so-bogata-filmska-ponuda/ Fri, 11 Feb 2022 08:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=457044

На репертоарот на кино Милениум (10-16.2.2022) ќе може да се погледнат следниве филмови:

  • Работни денови (10-11.2)

15:00 | ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА 3: ЗЛАТНОТО ЈАЈЦЕ
режија: Ноел Клири

17:00 | ЧОВЕК-ПАЈАК: НЕМА ПАТ ДО ДОМА
режија: Џон Ватс

20:00 | ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ
режија: Ноел Клири

22:30 | ПАД НА МЕСЕЧИНАТА
режија: Роланд Емерич

  • Викенд (12-13.2)

11:00 | ВОЛКОТ И ЛАВОТ
режија: Жил де Мeстр

13:00 | ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА 3: ЗЛАТНОТО ЈАЈЦЕ
режија: Ноел Клири

15:00 | НАДЕЖ
режија: Мариа Содал

17:00 | ЧОВЕК-ПАЈАК: НЕМА ПАТ ДО ДОМА
режија: Џон Ватс

20:00 | ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ
режија: Ноел Клири

22:30 | ПАД НА МЕСЕЧИНАТА
режија: Роланд Емерич

  • Работни денови (14-16.2)

15:00 | ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА 3: ЗЛАТНОТО ЈАЈЦЕ
режија: Ноел Клири

17:00 | ЧОВЕК-ПАЈАК: НЕМА ПАТ ДО ДОМА
режија: Џон Ватс

20:00 | ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ
режија: Ноел Клири

22:30 | ПАД НА МЕСЕЧИНАТА
режија: Роланд Емерич

*Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во кино Милениум. Цената се однесува на сите филмови, освен детските
(„Пчеличката Маја 3“ и„Волкот и лавот“) чија цена изнесува 150 денари.

Повеќе информации: kinomilenium.mk
Социјални мрежи: www.facebook.com/KinoMilenium
www.instagram.com/kino_milenium

The post Кино „Милениум“ со богата филмска понуда appeared first on Република.

]]>

На репертоарот на кино Милениум (10-16.2.2022) ќе може да се погледнат следниве филмови:
  • Работни денови (10-11.2)
15:00 | ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА 3: ЗЛАТНОТО ЈАЈЦЕ режија: Ноел Клири 17:00 | ЧОВЕК-ПАЈАК: НЕМА ПАТ ДО ДОМА режија: Џон Ватс 20:00 | ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ режија: Ноел Клири 22:30 | ПАД НА МЕСЕЧИНАТА режија: Роланд Емерич  
  • Викенд (12-13.2)
11:00 | ВОЛКОТ И ЛАВОТ режија: Жил де Мeстр 13:00 | ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА 3: ЗЛАТНОТО ЈАЈЦЕ режија: Ноел Клири 15:00 | НАДЕЖ режија: Мариа Содал 17:00 | ЧОВЕК-ПАЈАК: НЕМА ПАТ ДО ДОМА режија: Џон Ватс 20:00 | ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ режија: Ноел Клири 22:30 | ПАД НА МЕСЕЧИНАТА режија: Роланд Емерич      
  • Работни денови (14-16.2)
15:00 | ПЧЕЛИЧКАТА МАЈА 3: ЗЛАТНОТО ЈАЈЦЕ режија: Ноел Клири 17:00 | ЧОВЕК-ПАЈАК: НЕМА ПАТ ДО ДОМА режија: Џон Ватс 20:00 | ОМАЖИ СЕ ЗА МЕНЕ режија: Ноел Клири 22:30 | ПАД НА МЕСЕЧИНАТА режија: Роланд Емерич     *Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во кино Милениум. Цената се однесува на сите филмови, освен детските („Пчеличката Маја 3“ и„Волкот и лавот“) чија цена изнесува 150 денари. Повеќе информации: kinomilenium.mk Социјални мрежи: www.facebook.com/KinoMilenium www.instagram.com/kino_milenium

The post Кино „Милениум“ со богата филмска понуда appeared first on Република.

]]>