кино Фросина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino-frosina/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jul 2024 07:43:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кино Фросина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kino-frosina/ 32 32 Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/omnibus-od-chetiri-kratki-animirani-filmovi-inspirirani-od-chetiri-pesni-od-makedonskiot-poet-atso-shopov-deneska-na-sinedejs/ Sun, 14 Jul 2024 07:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=796553

На четвртиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

20:30 „ Dormitory режија“ Нехир Туна (SEE) МКЦ Парк
Дебито на турскиот реисер Нехир Туна покажува две страни на лошо образование, и тоа раскажано со огромна сила.

20:00 „Kozara“ – 124’ режија Вељко Булајиќ Кинотека внатре
Еден куп југословенски филмски легенди на едно место. Култниот филм „Козара“ како потсетување на големиот мајстор на спектаклот, Вељко Булајиќ.

19:30 „Caught by the Tides“ Zhangke Jie режија (G) Кино Фросина
Мајсторски поетски и пионерски спој на старото и новото, соочувајќи се со романтиката и животната борба во саканата, тешка Кина.

21:30 „Not-being“ Omnibus
(MK Short) Кино Фросина
Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор.

21:30 „Schirkoa: In Lies we trust“ режија Ишан Шукла (OC) Кино Фросина
Анимирана дистописка научна фантастика, која ги комбинира основните елементи на поджанрот со источната духовност, што резултира со малку збркано, но несомнено импресивно деби за индискиот режисер Ишан Шукла.

21:30 „A nice jewish boy“ режија Ное Дебре (OC) Кинотека надвор
По реакциите во Франција за случувањата во Палестина, филмот мораше да ја одложи својата премиера поради опасност од антисемитизмот. Инаку филмот е урнебесна и потресна приказна за влегувањето во зрелоста и сите обврски што доаѓаат со неа.

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

На четвртиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови: 20:30 „ Dormitory режија“ Нехир Туна (SEE) МКЦ Парк Дебито на турскиот реисер Нехир Туна покажува две страни на лошо образование, и тоа раскажано со огромна сила. 20:00 „Kozara“ – 124’ режија Вељко Булајиќ Кинотека внатре Еден куп југословенски филмски легенди на едно место. Култниот филм „Козара“ како потсетување на големиот мајстор на спектаклот, Вељко Булајиќ. 19:30 „Caught by the Tides“ Zhangke Jie режија (G) Кино Фросина Мајсторски поетски и пионерски спој на старото и новото, соочувајќи се со романтиката и животната борба во саканата, тешка Кина. 21:30 „Not-being“ Omnibus (MK Short) Кино Фросина Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор. 21:30 „Schirkoa: In Lies we trust“ режија Ишан Шукла (OC) Кино Фросина Анимирана дистописка научна фантастика, која ги комбинира основните елементи на поджанрот со источната духовност, што резултира со малку збркано, но несомнено импресивно деби за индискиот режисер Ишан Шукла. 21:30 „A nice jewish boy“ режија Ное Дебре (OC) Кинотека надвор По реакциите во Франција за случувањата во Палестина, филмот мораше да ја одложи својата премиера поради опасност од антисемитизмот. Инаку филмот е урнебесна и потресна приказна за влегувањето во зрелоста и сите обврски што доаѓаат со неа.     Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

The post Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов денеска на „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>
Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/prv-festival-na-detski-mjuzikli-vo-mkts/ Tue, 04 Jun 2024 08:13:26 +0000 https://republika.mk/?p=784561

На сцената во кино Фросина при МКЦ – Скопје вечер и утре ќе биде одржан првиот фестивал на детски мјузикли. Детскиот културен центар „Карпош“ соопшти дека ќе бидат претставени живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.

Вечер ќе биде изведена „Приказната за генијалната Матилда“, на македонски јазик од членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје, а утре „Кралот Лав“ од ученици од Интернационалното училиште QSI во Скопје изведба на англиски јазик.

Уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова. Главен покровител е Град Скопје, а организатор Детскиот културен центар – Карпош.

Изведбите започнуваат во 19.00 часот на двата дена во Кино Фросина при МКЦ. Онлајн билетите се достапни на веб-страницата на МКЦ.

The post Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ appeared first on Република.

]]>

На сцената во кино Фросина при МКЦ – Скопје вечер и утре ќе биде одржан првиот фестивал на детски мјузикли. Детскиот културен центар „Карпош“ соопшти дека ќе бидат претставени живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.
Вечер ќе биде изведена „Приказната за генијалната Матилда“, на македонски јазик од членови на Студиото за детски и младински мјзуикли Бродвеј Јуниор од Скопје, а утре „Кралот Лав“ од ученици од Интернационалното училиште QSI во Скопје изведба на англиски јазик.
Уметнички раководител на фестивалот и хорски диригент на двата детски мјузикли е Наташа Јанкова. Главен покровител е Град Скопје, а организатор Детскиот културен центар – Карпош. Изведбите започнуваат во 19.00 часот на двата дена во Кино Фросина при МКЦ. Онлајн билетите се достапни на веб-страницата на МКЦ.

The post Прв фестивал на детски мјузикли во МКЦ appeared first on Република.

]]>
„Време на бетон” во режија на Игор Иванов на репертоарот на кино Фросина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vreme-na-beton-vo-rezhija-na-igor-ivanov-na-repertoarot-na-kino-frosina/ Mon, 29 Apr 2024 11:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=772193

На барање на публиката: документарниот филм "Време на бетон" во режија на Игор Иванов на репертоарот на кино Фросина.

Датуми на прикажување:
20 - 23 мај
20 часот
Билети достапни на онлајн линкот www.bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.
„Време на бетон“ ја раскажува приказната за  Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната архитектура, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век, на кусата ера на брутализмот. Авторите на документарниот филм се занимаваат со прашањата: Што е она што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? ‘Време на бетон’ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени.

Филмот е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски и Скопје филм студио.

The post „Време на бетон” во режија на Игор Иванов на репертоарот на кино Фросина appeared first on Република.

Премиера на документарниот филм „Барка – извор на живот” денеска во кино Фросина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-dokumentarniot-film-barka-izvor-na-zivot-deneska-vo-kino-frosina/ Wed, 27 Apr 2022 12:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=494232

Вечерва во Кино Фросина во МКЦ ќе се одрж премиера на документарниот филм „Барка – извор на живот". Филмот, снимен во Фондацијата „Барка" во Полска, ја раскажува успешната 30-годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено за членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството.

Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Полска во земјава со поддршка на фондацијата „Барка", како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија", имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.

Пред почетокот на проекцијата на филмот ќе се обратат претставник на полската Амбасада, режисерот Небојша Јовановиќ, претседателката на здружението „Барка", Барбара Садовска, како и претставник на Амбасадата на Полска и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

The post Премиера на документарниот филм „Барка – извор на живот” денеска во кино Фросина appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Кино Фросина во МКЦ ќе се одрж премиера на документарниот филм „Барка – извор на живот". Филмот, снимен во Фондацијата „Барка" во Полска, ја раскажува успешната 30-годишна приказна за тоа како социјалното претприемништво и солидарната економија помагаат во заедницата, особено за членовите на маргинализираните групи и нивната реинтеграција и ресоцијализација во општеството. Документарниот филм е финансиран од Амбасадата на Полска во земјава со поддршка на фондацијата „Барка", како и проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија", имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика. Пред почетокот на проекцијата на филмот ќе се обратат претставник на полската Амбасада, режисерот Небојша Јовановиќ, претседателката на здружението „Барка", Барбара Садовска, како и претставник на Амбасадата на Полска и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

The post Премиера на документарниот филм „Барка – извор на живот” денеска во кино Фросина appeared first on Република.

]]>
Kраткиот филм „Обичната Ели“ утре во Кино „Фросина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kratkiot-film-obichnata-eli-utre-vo-kino-frosina/ Sat, 12 Feb 2022 08:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=457430

„Обичната Ели“ е краток филм на режисерката Лавинија Софрониевска, кој премиерно, преку две проекции ќе се прикаже во недела, на 13 февруари во Кино „Фросина“, односно Младинскиот културен центар.

Првата проекција ќе започне во 20 часот, а втората во 20 часот и 30 минути. Проекциите се бесплатни за публиката.

„Ели има само две обични карактеристики: таа работи како чувар во локалниот музеј и поседува златна рипка која и е единствениот другар. Осаменоста на денешниот човек, живеењето во рамки и аквариуми и внатрешниот крик за слобода се главниот мотив на овој краток филм, но дали се и доволен мотив за Ели да замине заедно со рипката кон водата за која и двете мечтаат“, се вели во краткиот опис на филмот.

„Обичната Ели“ е снимен по сценарио и режија на Софрониевска. Улогите ги толкуваат Изабела Новотни, Кирил Пенушлиски и Тамара Ристоска, а продукцијата е на „Минимал Скопје“.

Сите заинтересирани за проследување на филмот, потребно е да го резервираат својот билет на bileti@mkc.mk.

„Поради намален број на седишта, Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 11.02.2021. Проекцијата ќе се одржи согласно протоколите за заштита од КОВИД-19“, велат организаторите.

The post Kраткиот филм „Обичната Ели“ утре во Кино „Фросина“ appeared first on Република.

]]>

„Обичната Ели“ е краток филм на режисерката Лавинија Софрониевска, кој премиерно, преку две проекции ќе се прикаже во недела, на 13 февруари во Кино „Фросина“, односно Младинскиот културен центар. Првата проекција ќе започне во 20 часот, а втората во 20 часот и 30 минути. Проекциите се бесплатни за публиката. „Ели има само две обични карактеристики: таа работи како чувар во локалниот музеј и поседува златна рипка која и е единствениот другар. Осаменоста на денешниот човек, живеењето во рамки и аквариуми и внатрешниот крик за слобода се главниот мотив на овој краток филм, но дали се и доволен мотив за Ели да замине заедно со рипката кон водата за која и двете мечтаат“, се вели во краткиот опис на филмот. „Обичната Ели“ е снимен по сценарио и режија на Софрониевска. Улогите ги толкуваат Изабела Новотни, Кирил Пенушлиски и Тамара Ристоска, а продукцијата е на „Минимал Скопје“.
Сите заинтересирани за проследување на филмот, потребно е да го резервираат својот билет на bileti@mkc.mk. „Поради намален број на седишта, Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 11.02.2021. Проекцијата ќе се одржи согласно протоколите за заштита од КОВИД-19“, велат организаторите.

The post Kраткиот филм „Обичната Ели“ утре во Кино „Фросина“ appeared first on Република.

]]>