кинески воени вежби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kineski-voeni-vezbi/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Aug 2022 08:31:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кинески воени вежби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kineski-voeni-vezbi/ 32 32 Јапонија сериозно „загрижена“ поради најавата за кинески воени вежби во близина на Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-seriozno-zagrizena-poradi-najavata-za-kineski-voeni-vezbi-vo-blizina-na-tajvan/ Wed, 03 Aug 2022 08:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=536317

Јапонија изрази загриженост поради најавата на официјален Пекинг дека ќе преземе „целна воена акција“ како одговор на посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван.

Поморската област каде што Кина најави воени вежби од 4 август, исто така, ја вклучува и ексклузивната економска зона на Јапонија - изјави портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно.

Токио ѝ ја пренесе на Кина својата загриженост за природата на воените вежби, кои вклучуваат употреба на боева муниција.

Мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец се важни не само за безбедноста на нашата земја, туку и за меѓународната стабилност. Ставот на Јапонија отсекогаш бил дека прашањата поврзани со Тајван мора да се решаваат по мирен пат, преку дијалог - порача портпаролот.

На прашањето дали Јапонија ја поддржува посетата на Пелоси на Тајван, Мацуно одговори дека јапонската влада „не е во позиција да ги коментира меѓународните посети на Пелоси“.

Тајванското Министерство за одбрана исто така изрази загриженост за воените маневри на Кина бидејќи тие навлегуваат во територијалните води на Тајван, но тајванската претседателка Цаи Инг Вен порача дека Тајван нема да отстапи.

https://republika.mk/vesti/svet/kineski-voeni-avioni-vlegoa-vo-vozdushniot-prostor-na-tajvan-kina-planira-celosna-blokada-na-ostrovot/

Посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом на Тајван го предизвика гневот на Пекинг, кој го смета островот за дел од својата територија и се спротивставува на секоја иницијатива која на тајванските власти им дава меѓународен легитимитет.

Пелоси пристигна во Тајпеј доцна во вторникот на ненајавено, но внимателно следено патување, велејќи дека тоа ја покажува непоколебливата посветеност на САД кон самоуправниот остров за кој Пекинг тврди дека е дел од Кина.

Пелоси треба да ја посети Јапонија на крајот на неделава.

The post Јапонија сериозно „загрижена“ поради најавата за кинески воени вежби во близина на Тајван appeared first on Република.

]]>

Јапонија изрази загриженост поради најавата на официјален Пекинг дека ќе преземе „целна воена акција“ како одговор на посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван.
Поморската област каде што Кина најави воени вежби од 4 август, исто така, ја вклучува и ексклузивната економска зона на Јапонија - изјави портпаролот на јапонската влада Хироказу Мацуно.
Токио ѝ ја пренесе на Кина својата загриженост за природата на воените вежби, кои вклучуваат употреба на боева муниција.
Мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец се важни не само за безбедноста на нашата земја, туку и за меѓународната стабилност. Ставот на Јапонија отсекогаш бил дека прашањата поврзани со Тајван мора да се решаваат по мирен пат, преку дијалог - порача портпаролот.
На прашањето дали Јапонија ја поддржува посетата на Пелоси на Тајван, Мацуно одговори дека јапонската влада „не е во позиција да ги коментира меѓународните посети на Пелоси“. Тајванското Министерство за одбрана исто така изрази загриженост за воените маневри на Кина бидејќи тие навлегуваат во територијалните води на Тајван, но тајванската претседателка Цаи Инг Вен порача дека Тајван нема да отстапи. https://republika.mk/vesti/svet/kineski-voeni-avioni-vlegoa-vo-vozdushniot-prostor-na-tajvan-kina-planira-celosna-blokada-na-ostrovot/ Посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом на Тајван го предизвика гневот на Пекинг, кој го смета островот за дел од својата територија и се спротивставува на секоја иницијатива која на тајванските власти им дава меѓународен легитимитет. Пелоси пристигна во Тајпеј доцна во вторникот на ненајавено, но внимателно следено патување, велејќи дека тоа ја покажува непоколебливата посветеност на САД кон самоуправниот остров за кој Пекинг тврди дека е дел од Кина. Пелоси треба да ја посети Јапонија на крајот на неделава.

The post Јапонија сериозно „загрижена“ поради најавата за кинески воени вежби во близина на Тајван appeared first on Република.

]]>