Кинеска нова година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kineska-nova-godina/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Jan 2023 10:24:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кинеска нова година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kineska-nova-godina/ 32 32 Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lunarnata-nova-godina-vo-kina-proslavena-bez-merki-protiv-kovid-19/ Sun, 22 Jan 2023 10:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=599543

По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година.

Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во годините пред пандемијата.

Експертите не очекуваат големо зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19 во следните два или три месеци, бидејќи околу 80 отсто од кинеското население беше заразено за време на неодамнешниот бран, објави на Веибо, Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола на болести.

Тој додаде дека „покрај тоа, масовното движење на луѓето може да доведе до ширење на вирусот“.

The post Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година. Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во годините пред пандемијата. Експертите не очекуваат големо зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19 во следните два или три месеци, бидејќи околу 80 отсто од кинеското население беше заразено за време на неодамнешниот бран, објави на Веибо, Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола на болести. Тој додаде дека „покрај тоа, масовното движење на луѓето може да доведе до ширење на вирусот“.

The post Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
В сабота доаѓа Годината на зајакот: Кинеската ТВ изработи спот и на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/v-sabota-doaga-godinata-na-zajakot-kineskata-tv-izraboti-spot-i-na-makedonski-jazik/ Thu, 19 Jan 2023 17:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=598776

В сабота милијарда и четврт илјади жители на Кина ќе го прослават доаѓањето на Новата година или како што ја нарекуваат Пролетен фестивал и претставува најзначајниот празник за Кинезите. Според кинескиот хороскоп 2023 година ќе биде во знакот на зајакот.

Оваа вечер Кинезите вообичаено ја прославуваат во кругот на семејството собрани околу обилната и пребогата трпеза, но и со вклучен телевизор. Точно во 20 ч. по локално време, започнува најголемиот телевизиски спектакл - т.н. Новогодишна гала.

Ова ТВ шоу според бројот на гледачи е најзначајното ТВ шоу во Кина и воедно најгледан ТВ настан во светот според Гинисовата книга на рекорди. Главен продуцент е токму Чајна Медиа Груп, а се емитува точно 40 години.

Програмата трае 4 часа и претставува дефиле на најпоуларните кинески музичари, актери, комичари, акробати, забавувачи, а во неколку наврати учествувале и познати светски ѕвезди како пеачката Селин Дион, актерката Софи Марсо, танчерската група Fire of Anatolia итн.

За овој повод кинеската телевизија изработи видеоколаж синхронизиран и на македонски јазик.

The post В сабота доаѓа Годината на зајакот: Кинеската ТВ изработи спот и на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

В сабота милијарда и четврт илјади жители на Кина ќе го прослават доаѓањето на Новата година или како што ја нарекуваат Пролетен фестивал и претставува најзначајниот празник за Кинезите. Според кинескиот хороскоп 2023 година ќе биде во знакот на зајакот. Оваа вечер Кинезите вообичаено ја прославуваат во кругот на семејството собрани околу обилната и пребогата трпеза, но и со вклучен телевизор. Точно во 20 ч. по локално време, започнува најголемиот телевизиски спектакл - т.н. Новогодишна гала. Ова ТВ шоу според бројот на гледачи е најзначајното ТВ шоу во Кина и воедно најгледан ТВ настан во светот според Гинисовата книга на рекорди. Главен продуцент е токму Чајна Медиа Груп, а се емитува точно 40 години. Програмата трае 4 часа и претставува дефиле на најпоуларните кинески музичари, актери, комичари, акробати, забавувачи, а во неколку наврати учествувале и познати светски ѕвезди како пеачката Селин Дион, актерката Софи Марсо, танчерската група Fire of Anatolia итн. За овој повод кинеската телевизија изработи видеоколаж синхронизиран и на македонски јазик.

The post В сабота доаѓа Годината на зајакот: Кинеската ТВ изработи спот и на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Денеска е Кинеска нова година: Ова е година на тигарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/deneska-e-kineska-nova-godina-ova-e-godina-na-tigarot/ Tue, 01 Feb 2022 11:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=452412

Кинеската Нова Година паѓа денеска, 1 февруари 2022 година, а прославата ќе кулминира со Фестивалот на фенерите на 15 февруари 2022 година.

Прославата трае дури 16 дена, но само првите 7 се сметаат за празник. Ова е Година на Tигарот.

2022 година е година на тигарот, додека 2021 беше година на биволот. Тигарот е третиот знак на кинескиот зодијак. Родените во знакот на Тигарот се храбри и активни луѓе кои сакаат добар предизвик и авантура во животот.

Во знакот на Тигарот 虎 (hǔ) се родени луѓето во: 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022 година.

Година Почеток на лунарната година Крај на лунарната година

Што им носи среќа на родените во знакот на тигарот:

Среќни бои: сина, зелена

Среќни броеви: 1, 3, 7

Среќни цвеќиња: цвет на слива

Среќен правец: север

Што им носи несреќа на родените во знакот на тигарот:

несреќни бои: бела

несреќни броеви: 4, 9

The post Денеска е Кинеска нова година: Ова е година на тигарот appeared first on Република.

]]>

Кинеската Нова Година паѓа денеска, 1 февруари 2022 година, а прославата ќе кулминира со Фестивалот на фенерите на 15 февруари 2022 година. Прославата трае дури 16 дена, но само првите 7 се сметаат за празник. Ова е Година на Tигарот. 2022 година е година на тигарот, додека 2021 беше година на биволот. Тигарот е третиот знак на кинескиот зодијак. Родените во знакот на Тигарот се храбри и активни луѓе кои сакаат добар предизвик и авантура во животот. Во знакот на Тигарот 虎 (hǔ) се родени луѓето во: 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022 година. Година Почеток на лунарната година Крај на лунарната година Што им носи среќа на родените во знакот на тигарот: Среќни бои: сина, зелена Среќни броеви: 1, 3, 7 Среќни цвеќиња: цвет на слива Среќен правец: север Што им носи несреќа на родените во знакот на тигарот: несреќни бои: бела несреќни броеви: 4, 9

The post Денеска е Кинеска нова година: Ова е година на тигарот appeared first on Република.

]]>
Вечерва е Кинеска нова година: Почнува Годината на тигарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vecherva-e-kineska-nova-godina-pochnuva-godinata-na-tigarot/ Mon, 31 Jan 2022 09:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=451793

Кинезите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Годината на тигарот. Според традиционалниот кинески месечев календар, новата година почнува вечерва на полноќ во Пекинг.

Годината на тигарот следува по Годината на бикот. Тигарот, третото од 12 хороскопски животни во кинеската митологија, претставува енергија и движење.

Оваа година, традиционалниот Семеен фестивал во Кина повторно е ограничен од пандемијата. Многу луѓе не можат да ги посетат своите роднини поради неодамнешното заострување на ограничувањето за патувања.

Министерството за транспорт во Пекинг очекува во текот на петнеделната новогодишна сезона да бидат остварени вкупно до 1,18 милијарди патувања. Тоа би било една третина повеќе од лани, но значително помалку од речиси трите милијарди патувања остварени 2019 година.

The post Вечерва е Кинеска нова година: Почнува Годината на тигарот appeared first on Република.

]]>

Кинезите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Годината на тигарот. Според традиционалниот кинески месечев календар, новата година почнува вечерва на полноќ во Пекинг. Годината на тигарот следува по Годината на бикот. Тигарот, третото од 12 хороскопски животни во кинеската митологија, претставува енергија и движење. Оваа година, традиционалниот Семеен фестивал во Кина повторно е ограничен од пандемијата. Многу луѓе не можат да ги посетат своите роднини поради неодамнешното заострување на ограничувањето за патувања. Министерството за транспорт во Пекинг очекува во текот на петнеделната новогодишна сезона да бидат остварени вкупно до 1,18 милијарди патувања. Тоа би било една третина повеќе од лани, но значително помалку од речиси трите милијарди патувања остварени 2019 година.

The post Вечерва е Кинеска нова година: Почнува Годината на тигарот appeared first on Република.

]]>