Киненова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinenova/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 07:51:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Киненова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinenova/ 32 32 Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gran-pri-na-kinenova-za-filmot-zhena-ubiets-na-grchkata-rezhiserka-eva-natena/ Mon, 21 Oct 2024 07:51:07 +0000 https://republika.mk/?p=829272

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова.

„Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија.

Оваа награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат. Затоа ја посветувам наградата на нашиот мост и се надевам дека тој ќе не направи поблиски во иднина, рече Натена заблагодарувајќи се за наградата.

Наградата за најдобра режија ја доби хрватскиот режисер Андреј Коровљев за филмот „Хотел Пула“, за извонредната употреба на филмскиот јазик, за деликатниот начин на кој ги прикажа тешките настани и ликови од војната во поранешна Југославија, сугерирајќи дека љубовта може да постои дури и на места каде никогаш не би ја очекувале.

Наградата за најдобро сценарио ја доби Навид Михандуст за филмот „Кафе“.

Лесно е да се биде храбар во слободна земја. Но, што ако сте творец во земја каде што нема слобода на говор. Креаторот не само што раскажал одлична приказна, туку додека го снимал филмот морал да донесе храбри одлуки за неговите ликови, но и за самиот себе си, на крајот завршувајќи во затвор, стои во одлуката на жирито.

Заблагодарувајќи се за признанието, неговата сестра Неда, која ја прими наградата рече дека е мошне тешко да се стои на оваа сцена и да го претставува својот брат, кој е осуден на три години затвор и ја прочита неговата порака:

Мојот филм е обид да се зборува за едно од основните човекови права, а тоа е слободата на изразување. За жал, ова им е забрането на голем број луѓе во мојата земја. Му благодарам на жирито и на Фестивалот и оваа награда му ја посветувам на Бекташ Актим, ирански режисер и поет кој почина пред четири години во истиот овој затвор каде што се наоѓам во моментов. Се надевам дека ќе дојде ден кога ниту еден уметник во светот нема да биде во затвор поради изразување на своите верувања.

За најдобар краток филм е награден „48 часа“ на иранската режисерка Азадех Мусави, за брилијатно режиран филм кој на површината е политички, но длабоко во себе ги прикажува суптилностите и нијансите на семејните односи и родителството, но и многу вешто успева да ги премине културните граници.

Одлуката на жирито ја соопшти претседателот на жирито, Јани Бојаџи, кој рече дека исклучително лесно и брзо го завршиле жирирањето поради едноставна причина – работел со две умни жени.

Кога човек работи со поумни од него тогаш нештата секогаш се лесни и едноставни, рече Бојаџи заблагодарувајќи им се на Асемина Проедру и Дорина Оарга за одличната соработка.

Присутните ги поздрави директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ кој ова издание го нарече најдоброто досега.

Ова издание е можеби највпечатливо уште од самиот почеток со обраќањето на нашиот лауреат Улрих Зајдл кое го сметаме за манифест за сите филмски работници и уметници, воопшто. Сметам дека токму оваа година како фестивал покажавме дека заслужуваме поголема институционална поддршка и се надевам дека за следното, јубилејно десетто издание ќе добиеме поголема поддршка, рече Јовановиќ.

Уметничкиот директор Гена Теодосиевска подвлече дека бевме сведоци на едно исклучително фестивалско издание со кое покажавме и докажавме дека филмска уметност има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања, но и да ни нуди одредени одговори.

Изборот е наш, дали тоа огледало на стварноста ќе го превртиме, не сакајќи да се погледнеме в очи или пак ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, филмаџии кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа е непроценливо богатство. Би рекла дека сите автори на филмовите кои оваа година ги видовте, барем оние кои беа верни следачи на оваа програма, не поминуваа тивко низ нивните животи, напротив, громогласно, како во ова издание на Киненова, истакна Теодосиевска.

Селекторот на филмската програма, Игор Анѓелков рече дека е среќен што жирито, а и публиката според реакциите биле задоволни од изборот на филмовите на годинешното издание на Киненова.

Би издвоил три моменти, иако ги имаше повеќе, бидејќи на фестивалот секој ден се случуваа различни убави приказни поврзани со филмската уметноста. Првата работа што би ја издвоил е настапот на Неда Михандост, сестрата на иранскиот режисер Навид Михандост која на сцената излезе со сликата од нејзиниот брат кој во моментов е во затвор во Иран и ја прочита неговата порака од која гледаме дека тој е вљубеник во седмата уметност и дека помалку е чудно во 21 век да се случуваат вакви настани. На овој начин Киненова се приклучи на светските фестивали како Берлиенале и останатите кои даваат поддршка на филмските автори. Вториот момент е нашиот лауреат Улрих Зајдл на отворањето на фестивалот прочита еден манифест и навистина одамна не сум слушнал некој човек, некој уметник да има таков цврст изграден став во однос на слободата, односно неслободата и духот на времето во кое живееме. И третиот момент е премиерата на првниот македонски анимиран филм на отворањето на фестивалот, „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски со што навистина испишавме историја. И на крајот, но не и последно по значење, Киненова секогаш барала нови простори за презентација на филмската уметност. Оваа година се одлучивме за Кисела вода и навистина докажавме дека и ова кино може да функционира во Скопје и имавме гледачи на секоја проекција, со што уште еднаш докажавме дека Киненаова е вистинска авангарда во однос на фестивалите кај нас, рече Анѓелков.

Фестивалот се затвори со проекција на филмот „На се ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, а по проекцијата пред присутните се претставија продуцентката Елена Станишева и актерот Јанко Поповиќ Волариќ.

The post Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена appeared first on Република.

]]>

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена, која на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература со одлична режија.
Оваа награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат. Затоа ја посветувам наградата на нашиот мост и се надевам дека тој ќе не направи поблиски во иднина, рече Натена заблагодарувајќи се за наградата.
Наградата за најдобра режија ја доби хрватскиот режисер Андреј Коровљев за филмот „Хотел Пула“, за извонредната употреба на филмскиот јазик, за деликатниот начин на кој ги прикажа тешките настани и ликови од војната во поранешна Југославија, сугерирајќи дека љубовта може да постои дури и на места каде никогаш не би ја очекувале. Наградата за најдобро сценарио ја доби Навид Михандуст за филмот „Кафе“.
Лесно е да се биде храбар во слободна земја. Но, што ако сте творец во земја каде што нема слобода на говор. Креаторот не само што раскажал одлична приказна, туку додека го снимал филмот морал да донесе храбри одлуки за неговите ликови, но и за самиот себе си, на крајот завршувајќи во затвор, стои во одлуката на жирито.
Заблагодарувајќи се за признанието, неговата сестра Неда, која ја прими наградата рече дека е мошне тешко да се стои на оваа сцена и да го претставува својот брат, кој е осуден на три години затвор и ја прочита неговата порака:
Мојот филм е обид да се зборува за едно од основните човекови права, а тоа е слободата на изразување. За жал, ова им е забрането на голем број луѓе во мојата земја. Му благодарам на жирито и на Фестивалот и оваа награда му ја посветувам на Бекташ Актим, ирански режисер и поет кој почина пред четири години во истиот овој затвор каде што се наоѓам во моментов. Се надевам дека ќе дојде ден кога ниту еден уметник во светот нема да биде во затвор поради изразување на своите верувања.
За најдобар краток филм е награден „48 часа“ на иранската режисерка Азадех Мусави, за брилијатно режиран филм кој на површината е политички, но длабоко во себе ги прикажува суптилностите и нијансите на семејните односи и родителството, но и многу вешто успева да ги премине културните граници. Одлуката на жирито ја соопшти претседателот на жирито, Јани Бојаџи, кој рече дека исклучително лесно и брзо го завршиле жирирањето поради едноставна причина – работел со две умни жени.
Кога човек работи со поумни од него тогаш нештата секогаш се лесни и едноставни, рече Бојаџи заблагодарувајќи им се на Асемина Проедру и Дорина Оарга за одличната соработка.
Присутните ги поздрави директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ кој ова издание го нарече најдоброто досега.
Ова издание е можеби највпечатливо уште од самиот почеток со обраќањето на нашиот лауреат Улрих Зајдл кое го сметаме за манифест за сите филмски работници и уметници, воопшто. Сметам дека токму оваа година како фестивал покажавме дека заслужуваме поголема институционална поддршка и се надевам дека за следното, јубилејно десетто издание ќе добиеме поголема поддршка, рече Јовановиќ.
Уметничкиот директор Гена Теодосиевска подвлече дека бевме сведоци на едно исклучително фестивалско издание со кое покажавме и докажавме дека филмска уметност има моќ да не доближи до вистинските вредности и упорно, настојчиво да ни поставува прашања, но и да ни нуди одредени одговори.
Изборот е наш, дали тоа огледало на стварноста ќе го превртиме, не сакајќи да се погледнеме в очи или пак ќе ја надминеме моралната ерозија и ќе се осмелиме да го изговориме вистинскиот збор, и да се соочиме со предизвикот на нашата реалност. Запознавме прекрасни и драги луѓе, филмаџии кои долго ќе ги паметиме, ќе ги цитираме, ќе говориме и ќе пишуваме за нивните филмови. Тоа е непроценливо богатство. Би рекла дека сите автори на филмовите кои оваа година ги видовте, барем оние кои беа верни следачи на оваа програма, не поминуваа тивко низ нивните животи, напротив, громогласно, како во ова издание на Киненова, истакна Теодосиевска.
Селекторот на филмската програма, Игор Анѓелков рече дека е среќен што жирито, а и публиката според реакциите биле задоволни од изборот на филмовите на годинешното издание на Киненова.
Би издвоил три моменти, иако ги имаше повеќе, бидејќи на фестивалот секој ден се случуваа различни убави приказни поврзани со филмската уметноста. Првата работа што би ја издвоил е настапот на Неда Михандост, сестрата на иранскиот режисер Навид Михандост која на сцената излезе со сликата од нејзиниот брат кој во моментов е во затвор во Иран и ја прочита неговата порака од која гледаме дека тој е вљубеник во седмата уметност и дека помалку е чудно во 21 век да се случуваат вакви настани. На овој начин Киненова се приклучи на светските фестивали како Берлиенале и останатите кои даваат поддршка на филмските автори. Вториот момент е нашиот лауреат Улрих Зајдл на отворањето на фестивалот прочита еден манифест и навистина одамна не сум слушнал некој човек, некој уметник да има таков цврст изграден став во однос на слободата, односно неслободата и духот на времето во кое живееме. И третиот момент е премиерата на првниот македонски анимиран филм на отворањето на фестивалот, „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски со што навистина испишавме историја. И на крајот, но не и последно по значење, Киненова секогаш барала нови простори за презентација на филмската уметност. Оваа година се одлучивме за Кисела вода и навистина докажавме дека и ова кино може да функционира во Скопје и имавме гледачи на секоја проекција, со што уште еднаш докажавме дека Киненаова е вистинска авангарда во однос на фестивалите кај нас, рече Анѓелков.
Фестивалот се затвори со проекција на филмот „На се ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, а по проекцијата пред присутните се претставија продуцентката Елена Станишева и актерот Јанко Поповиќ Волариќ.  

The post Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена appeared first on Република.

]]>
„Уметноста на реалноста“, сценаристичка работилница на Еирини Дермицаки во рамките на „КинеНова#9“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/umetnosta-na-realnosta-stsenaristichka-rabotilnitsa-na-eirini-dermitsaki-vo-ramkite-na-kinenova-9/ Sat, 19 Oct 2024 09:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=828750

Во рамките на актуелното издание на „КинеНова“, во тек е сценаристичката работилница со Еирини Дермицаки, која се одржува во Домот на култура „Билјана Беличанец“ од 16 до 19 октомври.

На повикот, финансиски поддржан од ЕУ и Институтот „Гете“, се пријавија седум учесници со кои грчката сценаристка и режисерка деновиве активно работи во рамките на фестивалот.

Работилницата е наменета за автори или студенти кои сакаат да стекнат дополнително искуство во пишувањето и да развијат автентичност и емоционална длабочина при раскажувањето на својата филмска приказна, преку трансформирање на вистинските приказни во привлечни сценарија за кратки филмови. Токму затоа, провокативниот текст гласи:

Имате идеја и страст за раскажување на филмски приказни во краток формат и ви требаат алатки за пишување за да развиете добро сценарио? Отклучете ја моќта на раскажувањето приказни кои произлегуваат од реалниот живот и вистинити настани преку учество на фокусирана работилница за пишување сценарија, посветена на создавање или развој на приказни за кратки филмови, инспирирани од вистинити настани, вистински луѓе и различни животни искуства, посочуваат од Киненова.

Еирини Дермицаки е родена во Грција. Студирала глума, дигитален филм и магистрирала креативно пишување на Универзитетот „Тисајд“ во Англија. Нејзините драми „Птичја фобија“ и „Анџелета и Етелвина“ (финансирани од Советот за уметност на Англија) се поставени во театрите во Лондон. Има објавено 6 книги. Некои од нејзините претстави се поставени во повеќе театри во Грција. Таа пишува сценарија за кратки филмови, а работи и како сценарист за ТВ серијата „Остави не’ сами, мамо“.

Таа предава креативно пишување од 2017 година во Грција и Англија во различни организации (Chelsea London Theatre, American College, Katapacti, Federation of the Blind и др.). Во 2023 година беше избрана од Националниот театар на Грција да напише претстава за тинејџери за „Theatre and New School“.

The post „Уметноста на реалноста“, сценаристичка работилница на Еирини Дермицаки во рамките на „КинеНова#9“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на актуелното издание на „КинеНова“, во тек е сценаристичката работилница со Еирини Дермицаки, која се одржува во Домот на култура „Билјана Беличанец“ од 16 до 19 октомври. На повикот, финансиски поддржан од ЕУ и Институтот „Гете“, се пријавија седум учесници со кои грчката сценаристка и режисерка деновиве активно работи во рамките на фестивалот. Работилницата е наменета за автори или студенти кои сакаат да стекнат дополнително искуство во пишувањето и да развијат автентичност и емоционална длабочина при раскажувањето на својата филмска приказна, преку трансформирање на вистинските приказни во привлечни сценарија за кратки филмови. Токму затоа, провокативниот текст гласи:
Имате идеја и страст за раскажување на филмски приказни во краток формат и ви требаат алатки за пишување за да развиете добро сценарио? Отклучете ја моќта на раскажувањето приказни кои произлегуваат од реалниот живот и вистинити настани преку учество на фокусирана работилница за пишување сценарија, посветена на создавање или развој на приказни за кратки филмови, инспирирани од вистинити настани, вистински луѓе и различни животни искуства, посочуваат од Киненова.
Еирини Дермицаки е родена во Грција. Студирала глума, дигитален филм и магистрирала креативно пишување на Универзитетот „Тисајд“ во Англија. Нејзините драми „Птичја фобија“ и „Анџелета и Етелвина“ (финансирани од Советот за уметност на Англија) се поставени во театрите во Лондон. Има објавено 6 книги. Некои од нејзините претстави се поставени во повеќе театри во Грција. Таа пишува сценарија за кратки филмови, а работи и како сценарист за ТВ серијата „Остави не’ сами, мамо“. Таа предава креативно пишување од 2017 година во Грција и Англија во различни организации (Chelsea London Theatre, American College, Katapacti, Federation of the Blind и др.). Во 2023 година беше избрана од Националниот театар на Грција да напише претстава за тинејџери за „Theatre and New School“.

The post „Уметноста на реалноста“, сценаристичка работилница на Еирини Дермицаки во рамките на „КинеНова#9“ appeared first on Република.

]]>
Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/igravme-tango-letavme-na-brodot-glumevme-retsitiravme-velat-animatorite-koi-rabotea-na-prviot-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata-na-gotse-tsvetanovski/ Wed, 16 Oct 2024 12:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=827629

Во просториите на ЕУ хаус денеска во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се одржа работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски, со кој синоќа беше отворен Фестивалот.

Филип Трајковски, Берта Милевска, Сара Петковска и Горан Менков говореа за процесот на создавање на едно долгометражно анимирано дело. Рекоа дека секој од нив во одреден дел од процесот се вклучил во работата и дека биле мошне мал тим, во однос на работата која требало да се заврши.

Се корегираа во од некои работи, но се одеше по сценарио, поделено по кадри, по панели и се опишува текстуално, а потоа сликовито се презентира за аниматорите да продолжат со анимација, го објасни процесот на работа Трајковски.

И тие самите синоќа за прв пат го гледаа на големо платно целиот филм и среќни се и задоволни од сработеното. Велат дека последната година вложиле најголем напор да се доврши филмот. Се додавала и музика и дополнителни ефекти, но појаснија и дека гласовите прво се снимаат за потоа тие да можат да анимираат уста и движења со устата.

Овде е обратен процесот. За ние да анимираме, уста говорење, па и акција ни требаат гласови. Тие се снимени во 2020 година. Го добиваме звукот и одредени букви се ставаат во устата на ликовите и мислам прилично добро успеавме да го реализираме, рече Сара Петковска.

Раскажаа и за предизвиците, некои кадри се работеле заедно, не се спојувале, некои од нив токму тогаш го учеле програмот за работа, но почнала ковид пандемијата па морале од дома да работат и секој сам да се снаоѓа со програмата.

Тоа беше многу тежок период. Има еден кадар во филмот кога ликовите прават „смир смир“ не можам да го погледнам зошто сум го работел во тој период и безброј пати. Штом кадарот влегол во 98-ма верзија, значи е од тие кадри кои ни биле предизвик, раскажа Горан Менков.

Во однос на слободата во креациите раскажаа интересни детали од миговите кога работеле во канцеларија, која, како што рекоа, ја делат со други луѓе кои се од бизнис сферата, сосема друг свет.

Имаме едно големо стакло кое го користиме како огледало за да глумиме или си рецитираме на него и со тоа си помагаме во креацијата, а во ходник поминуваат луѓе во костуми кои работат трговија, увоз-извоз..., но имаше денови кога и самите тие сакаа да го прават тоа. Ние игравме танго, летавме на бродот, а тие доаѓаа не гледаа додека работиме и не поддржуваа..., раскажа Филип Трајковски.

Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов, во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.
Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска.

Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.

Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.

The post Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>

Во просториите на ЕУ хаус денеска во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се одржа работилница со аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски, со кој синоќа беше отворен Фестивалот. Филип Трајковски, Берта Милевска, Сара Петковска и Горан Менков говореа за процесот на создавање на едно долгометражно анимирано дело. Рекоа дека секој од нив во одреден дел од процесот се вклучил во работата и дека биле мошне мал тим, во однос на работата која требало да се заврши.
Се корегираа во од некои работи, но се одеше по сценарио, поделено по кадри, по панели и се опишува текстуално, а потоа сликовито се презентира за аниматорите да продолжат со анимација, го објасни процесот на работа Трајковски.
И тие самите синоќа за прв пат го гледаа на големо платно целиот филм и среќни се и задоволни од сработеното. Велат дека последната година вложиле најголем напор да се доврши филмот. Се додавала и музика и дополнителни ефекти, но појаснија и дека гласовите прво се снимаат за потоа тие да можат да анимираат уста и движења со устата.
Овде е обратен процесот. За ние да анимираме, уста говорење, па и акција ни требаат гласови. Тие се снимени во 2020 година. Го добиваме звукот и одредени букви се ставаат во устата на ликовите и мислам прилично добро успеавме да го реализираме, рече Сара Петковска.
Раскажаа и за предизвиците, некои кадри се работеле заедно, не се спојувале, некои од нив токму тогаш го учеле програмот за работа, но почнала ковид пандемијата па морале од дома да работат и секој сам да се снаоѓа со програмата.
Тоа беше многу тежок период. Има еден кадар во филмот кога ликовите прават „смир смир“ не можам да го погледнам зошто сум го работел во тој период и безброј пати. Штом кадарот влегол во 98-ма верзија, значи е од тие кадри кои ни биле предизвик, раскажа Горан Менков.
Во однос на слободата во креациите раскажаа интересни детали од миговите кога работеле во канцеларија, која, како што рекоа, ја делат со други луѓе кои се од бизнис сферата, сосема друг свет.
Имаме едно големо стакло кое го користиме како огледало за да глумиме или си рецитираме на него и со тоа си помагаме во креацијата, а во ходник поминуваат луѓе во костуми кои работат трговија, увоз-извоз..., но имаше денови кога и самите тие сакаа да го прават тоа. Ние игравме танго, летавме на бродот, а тие доаѓаа не гледаа додека работиме и не поддржуваа..., раскажа Филип Трајковски.
Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов, во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска. Гласовите во филмот ги позајмуваат актерите: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска. Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш. Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.  

The post Игравме танго, летавме на бродот, глумевме, рецитиравме, велат аниматорите кои работеа на првиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>
Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gotse-tsvetanovski-go-otvori-festivalot-kinenova-ulrih-zajdl-so-poraka-koga-se-zagrozeni-slobodata-na-umetnosta-i-slobodata-na-filmskata-umetnost-chovek-mora-da-dade-otpor/ Tue, 15 Oct 2024 21:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=827339

Во времиња како овие, слободата на уметноста е загрозена. Во времиња како овие, загрозена е и слободата на филмската уметност. Но тоа не е сè. Во времиња како овие, следната генерација режисерки и режисерки понекогаш ја обзема страв. Тие не се плашат дека ќе потфрлат како режисерки и режисери, не, не се работи за таков страв. Туку се плашат дека ќе создадат погрешен филм, имено филм што за некого е правилен филм, а кој според владејачкиот дух на времето и според тие што ни го диктираат духот на времето е погрешен филм, рече во своето обраќање годинешниот лауреат на МФФ Киненова, австрискиот режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл.

Имено, духот на времето, кој е меѓу нас и кој лебди над нас, има за цел да ја подучи кинопубликата, и тоа да ја подучи и да ја преобрати на таков начин што ќе одговара на неговите ставови и светогледи. Во смисла на моралот – а мора да се признае, и во смисла добронамерноста – овој дух на времето – има за цел да ја лаже, да ја мами и да ја заблудува публиката, затоа неговите претставници мислат дека се на страната на честа, имено на страната на моралот, и тоа на страна на правилниот морал. Тие чувствуваат дека го имаат тоа право и се сигурни во тоа. Знаат што е правда, а што е неправда, знаат кои се добрите, а кои се лошите.
Зашто во времиња како овие, еден филм е само тогаш правилен, скапоцен, а со тоа и подобен, ако креира посакуван свет што се претставува како животна стварност, макар што воопшто не одговара животна стварност. Во времиња како овие мора да се прикрие животната стварност за да се создаде политички правилен свет, кој не е отслик на вистинскиот свет, туку е диктат во смисла на т.н. добри луѓе, а е и догма што не смее да се преиспитува затоа што догмата во смисла на добрите луѓе е добра догма.
Значи, следната генерација режисерки и режисери не ги обзема само страв, туку кај нив едновремено провејува и самоцензурата. Човек се цензурира себеси, си ги цензурира идеите, приказните и граѓата, станал претпазлив. Има желба да го задоволи духот на времето, се плаши од моќта на општествените медиуми, со кои не сака да се замери. Човек не сака да направи нешто погрешно зашто сака да создаде филм, а сака да постигне и успех со филмот што би го создал.
И затоа што човек сака да создаде филм и не сака да направи нешто погрешно, тој си се подредува себеси и си ги подредува приказните и ликовите, за да биде сè правилно, имено во смисла на духот на времето и секако во смисла на институциите што ја поддржуваат филмската продукција, во смисла на радиодифузиите, на жиријата и на комисиите за селекција на филмови.
Зашто има струи и развојни текови на меѓународната филмска сцена што влијаат врз тоа за кои приказни и за кои луѓе треба да се раскажува во филмот, т. е. за кои приказни и за кои луѓе, пак, НЕ ТРЕБА да се раскажува во филмот
Или, кажано со други зборови, владее тенденција да ни се пропише нам, на режисерките и режисерите, КОИ ТЕМИ се соодветни на времето, за КОИ ПРИКАЗНИ КОИ ЛУЃЕ треба да ги раскажуваме и КАКО да ги раскажуваме. Се создаваат нови табуа, и тоа со т.н. чесна намера. Табуа, како на пример, за КОГО КАКО и ШТО смее или не смее да се каже. А пред сè, КОЈ што смее да каже.
Светот нема да се подобри ако филмовите НЕ ги прикажуваат општествените недостатоци, дискриминацијата, злоупотребата на моќта и погрешното однесување од сите видови како отслик на нашата животна стварност, затоа што човек НЕ сака да го има – сето тоа зло. Напротив.
Како млад режисер, настапив со моите филмови за да го изменам светот. Моите филмови требаше да го ослободат погледот за она што е вистина и за она што е стварност. Имав намера со нив да гребам по површината, да раскажувам за општествените околности, моќта и односите на моќ, за љубовта и за копнежот по љубов, за страдањето што луѓето заемно си го предизвикуваат и за бездната што е скриена во секого од нас.
Но набрзо сфатив. Со филмови, човек, вистина, не може да го измени светот, но и покрај тоа – и дотолку повеќе – мора да се обидува да го измени светот со филмови. А за тоа е потребна храброст.
Потребна е храброст, а потребен е и увид за да се раскажува за вистинитото и за човечкото, за овдешното и за денешното, за ужасното и за ужасувачкото, и тоа на сосема сопствен начин, според сопствените замисли, со сопствена слобода, без оглед на тоа кој дух на времето нè пресретнува и сака да ни пропише што човек смее да прави и што сè не смее да прави.
Во времиња како овие, кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора, а ова е и мој апел до следната генерација режисерки и режисери, да даде отпор. Да се даде отпор против ограничувањата, отпор против прописите, отпор против духот на времето. На европскиот филм му е потребна истрајност Eigensinn и индивидуалност, потребни му се вистинити приказни, а не разубавена стварност.
На крајот, но не и на последното место, би сакал најсрдечно да му се заблагодарам на Меѓународниот филмски фестивал Киненова и на неговиот директор Небојша Јовановиќ што сум денеска одликуван со Наградата за животно дело. Наградата ми претставува голема чест и голема радост и особено признание на мојата досегашна филмска дејност.
Инаку, секако се надевам дека моето „животно дело“ сè уште не е завршено. Се надевам дека ќе продолжам да ги создавам токму оние филмови што сакам да ги создадам. Филмови за кои се чувствувам обврзан да ги создадам, филмови што брануваат и предизвикуваат немир
Според тоа, оваа Награда ја разбирам како повик да продолжам да предизвикувам немир.
Срдечно ви благодарам, рече Зајдл, примајќи го признанието за животно дело.

„Киненова“ ги слави и промовира дебитантите, но секогаш ги има на ум и оние од кои учиме, големите филмски раскажувачи, големите мајстори на седмата уметност.
Фестивалот има важно прашање, кое е дел од фестивалскиот слоган оваа година, а тоа е: ШТО Е ПРВО? ПРИКАЗНАТА ИЛИ ФИЛМОТ? Јајцето или кокошката? Сценаристот или режисерот е прв? Кој е прв? Или од кого почнува се?
Ова се чести дилеми кои се отвораат во разни дискусии за филмската уметност.
Можеби и никогаш нема да дојдеме до точен одговор. Веројатно таа дилема ќе постои, и најубавото е кога два погледи на една визија ќе се сплотат и ќе произведат автентично филмско дело кое понатаму ќе комуницира со гледачите.
За нас ПРВО е филмот како уметност, А потрагата по ПРВИТЕ на новите режисери ни е пасија, страст и љубов. Немаме дилема, најубавите чувства се разбудуваат при изненадувањата. А тие ги носат младите, храбрите, субверзивните, автономни филмски уметници. Ние сакаме да изненадуваме со давање предност токму на нив, препознавајќи го креативниот потенцијал уште на почетокот, занемарувајќи некои мали несовршености кои да не се лажеме постојат секаде.
Едно такво изненадување Фестивалот приреди и вечерва со македонскиот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски. Оваа бескрајно имагинативна филмска анимација е всушност првиот долгометражен анимиран филм во Македонија.
Филм ќе биде дел од главната натпреварувачка програма на КИНЕНОВА 2024, натпреварувајќи се со уште 5 други филма за наградата ГРАН ПРИ, најдобар филм на деветтото издание на фестивалот.
Наредните денови публиката ќе има можнот да ужива богата програма која ќе изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни. Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе може да се проследи и творештвото на лауреатот Улрих Зајдл преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

The post Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор appeared first on Република.

]]>

Во времиња како овие, слободата на уметноста е загрозена. Во времиња како овие, загрозена е и слободата на филмската уметност. Но тоа не е сè. Во времиња како овие, следната генерација режисерки и режисерки понекогаш ја обзема страв. Тие не се плашат дека ќе потфрлат како режисерки и режисери, не, не се работи за таков страв. Туку се плашат дека ќе создадат погрешен филм, имено филм што за некого е правилен филм, а кој според владејачкиот дух на времето и според тие што ни го диктираат духот на времето е погрешен филм, рече во своето обраќање годинешниот лауреат на МФФ Киненова, австрискиот режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл.
Имено, духот на времето, кој е меѓу нас и кој лебди над нас, има за цел да ја подучи кинопубликата, и тоа да ја подучи и да ја преобрати на таков начин што ќе одговара на неговите ставови и светогледи. Во смисла на моралот – а мора да се признае, и во смисла добронамерноста – овој дух на времето – има за цел да ја лаже, да ја мами и да ја заблудува публиката, затоа неговите претставници мислат дека се на страната на честа, имено на страната на моралот, и тоа на страна на правилниот морал. Тие чувствуваат дека го имаат тоа право и се сигурни во тоа. Знаат што е правда, а што е неправда, знаат кои се добрите, а кои се лошите. Зашто во времиња како овие, еден филм е само тогаш правилен, скапоцен, а со тоа и подобен, ако креира посакуван свет што се претставува како животна стварност, макар што воопшто не одговара животна стварност. Во времиња како овие мора да се прикрие животната стварност за да се создаде политички правилен свет, кој не е отслик на вистинскиот свет, туку е диктат во смисла на т.н. добри луѓе, а е и догма што не смее да се преиспитува затоа што догмата во смисла на добрите луѓе е добра догма. Значи, следната генерација режисерки и режисери не ги обзема само страв, туку кај нив едновремено провејува и самоцензурата. Човек се цензурира себеси, си ги цензурира идеите, приказните и граѓата, станал претпазлив. Има желба да го задоволи духот на времето, се плаши од моќта на општествените медиуми, со кои не сака да се замери. Човек не сака да направи нешто погрешно зашто сака да создаде филм, а сака да постигне и успех со филмот што би го создал. И затоа што човек сака да создаде филм и не сака да направи нешто погрешно, тој си се подредува себеси и си ги подредува приказните и ликовите, за да биде сè правилно, имено во смисла на духот на времето и секако во смисла на институциите што ја поддржуваат филмската продукција, во смисла на радиодифузиите, на жиријата и на комисиите за селекција на филмови. Зашто има струи и развојни текови на меѓународната филмска сцена што влијаат врз тоа за кои приказни и за кои луѓе треба да се раскажува во филмот, т. е. за кои приказни и за кои луѓе, пак, НЕ ТРЕБА да се раскажува во филмот Или, кажано со други зборови, владее тенденција да ни се пропише нам, на режисерките и режисерите, КОИ ТЕМИ се соодветни на времето, за КОИ ПРИКАЗНИ КОИ ЛУЃЕ треба да ги раскажуваме и КАКО да ги раскажуваме. Се создаваат нови табуа, и тоа со т.н. чесна намера. Табуа, како на пример, за КОГО КАКО и ШТО смее или не смее да се каже. А пред сè, КОЈ што смее да каже. Светот нема да се подобри ако филмовите НЕ ги прикажуваат општествените недостатоци, дискриминацијата, злоупотребата на моќта и погрешното однесување од сите видови како отслик на нашата животна стварност, затоа што човек НЕ сака да го има – сето тоа зло. Напротив. Како млад режисер, настапив со моите филмови за да го изменам светот. Моите филмови требаше да го ослободат погледот за она што е вистина и за она што е стварност. Имав намера со нив да гребам по површината, да раскажувам за општествените околности, моќта и односите на моќ, за љубовта и за копнежот по љубов, за страдањето што луѓето заемно си го предизвикуваат и за бездната што е скриена во секого од нас. Но набрзо сфатив. Со филмови, човек, вистина, не може да го измени светот, но и покрај тоа – и дотолку повеќе – мора да се обидува да го измени светот со филмови. А за тоа е потребна храброст. Потребна е храброст, а потребен е и увид за да се раскажува за вистинитото и за човечкото, за овдешното и за денешното, за ужасното и за ужасувачкото, и тоа на сосема сопствен начин, според сопствените замисли, со сопствена слобода, без оглед на тоа кој дух на времето нè пресретнува и сака да ни пропише што човек смее да прави и што сè не смее да прави. Во времиња како овие, кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора, а ова е и мој апел до следната генерација режисерки и режисери, да даде отпор. Да се даде отпор против ограничувањата, отпор против прописите, отпор против духот на времето. На европскиот филм му е потребна истрајност Eigensinn и индивидуалност, потребни му се вистинити приказни, а не разубавена стварност. На крајот, но не и на последното место, би сакал најсрдечно да му се заблагодарам на Меѓународниот филмски фестивал Киненова и на неговиот директор Небојша Јовановиќ што сум денеска одликуван со Наградата за животно дело. Наградата ми претставува голема чест и голема радост и особено признание на мојата досегашна филмска дејност. Инаку, секако се надевам дека моето „животно дело“ сè уште не е завршено. Се надевам дека ќе продолжам да ги создавам токму оние филмови што сакам да ги создадам. Филмови за кои се чувствувам обврзан да ги создадам, филмови што брануваат и предизвикуваат немир Според тоа, оваа Награда ја разбирам како повик да продолжам да предизвикувам немир. Срдечно ви благодарам, рече Зајдл, примајќи го признанието за животно дело.
„Киненова“ ги слави и промовира дебитантите, но секогаш ги има на ум и оние од кои учиме, големите филмски раскажувачи, големите мајстори на седмата уметност. Фестивалот има важно прашање, кое е дел од фестивалскиот слоган оваа година, а тоа е: ШТО Е ПРВО? ПРИКАЗНАТА ИЛИ ФИЛМОТ? Јајцето или кокошката? Сценаристот или режисерот е прв? Кој е прв? Или од кого почнува се? Ова се чести дилеми кои се отвораат во разни дискусии за филмската уметност. Можеби и никогаш нема да дојдеме до точен одговор. Веројатно таа дилема ќе постои, и најубавото е кога два погледи на една визија ќе се сплотат и ќе произведат автентично филмско дело кое понатаму ќе комуницира со гледачите. За нас ПРВО е филмот како уметност, А потрагата по ПРВИТЕ на новите режисери ни е пасија, страст и љубов. Немаме дилема, најубавите чувства се разбудуваат при изненадувањата. А тие ги носат младите, храбрите, субверзивните, автономни филмски уметници. Ние сакаме да изненадуваме со давање предност токму на нив, препознавајќи го креативниот потенцијал уште на почетокот, занемарувајќи некои мали несовршености кои да не се лажеме постојат секаде. Едно такво изненадување Фестивалот приреди и вечерва со македонскиот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски. Оваа бескрајно имагинативна филмска анимација е всушност првиот долгометражен анимиран филм во Македонија. Филм ќе биде дел од главната натпреварувачка програма на КИНЕНОВА 2024, натпреварувајќи се со уште 5 други филма за наградата ГРАН ПРИ, најдобар филм на деветтото издание на фестивалот. Наредните денови публиката ќе има можнот да ужива богата програма која ќе изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни. Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе може да се проследи и творештвото на лауреатот Улрих Зајдл преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.  

The post Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор appeared first on Република.

]]>
„Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва премиерно на отворањето на 9. издание на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/jon-vardar-protiv-galaksijata-vecherva-premierno-na-otvoraneto-na-9-izdanie-na-kinenova/ Tue, 15 Oct 2024 08:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=826949

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание. Во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ), во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот.

Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е австрискиот режисер Улрих Зајдл, кој ќе присуствува на свеченоста и ќе ја прими наградата.

Во текот на следните фестивалски денови програмата која изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни за нашата јавност ќе може да се проследи во Киноверзум, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела вода.

Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе можете да се внурнете и во творештвото на нашиот лауреат преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

The post „Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва премиерно на отворањето на 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето 9. издание. Во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ), во 20 часот е црвениот тепих, а во 20.30 почнува церемонијата на свеченото отворање и проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски, кој е во официјалната селекција за награда на Фестивалот. Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е австрискиот режисер Улрих Зајдл, кој ќе присуствува на свеченоста и ќе ја прими наградата. Во текот на следните фестивалски денови програмата која изобилува со неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни за нашата јавност ќе може да се проследи во Киноверзум, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела вода. Покрај шесте филма во главната програма каде ќе има филмови од: Израел, Хрватска, Грција, Иран, Црна Гора и Македонија, за првпат во нашата земја ќе се претстави и финската кинематографија, а ќе можете да се внурнете и во творештвото на нашиот лауреат преку филмовите од неговата филмска трилогија РАЈ или PARADISE.

The post „Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва премиерно на отворањето на 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
„Киненова“ продолжува да наградува европски филмски режисери, но и да поддржува македонска кинематографија: Улрих Зајдл и Гоце Цветановски на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kinenova-prodolzhuva-da-nagraduva-evropski-filmski-rezhiseri-no-i-da-poddrzhuva-makedonska-kinematografija-ulrih-zajdl-i-gotse-tsvetanovski-na-kinenova/ Mon, 14 Oct 2024 14:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=826711

На денешната прес конференција на МФФ „Киненова“ присуствуваше годинешниот лауреат на наградата за животно дело, Улрих Зајдл, австриски режисер и Гоце Цветановски, чиј филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе го отвори утре годинешното издание на Фестивалот.

Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на многу филмски фестивали со своите необично креативни документарци кои до коска ги соголуваат неговите протагонисти и проговоруваат за тривијалноста и хипокризијата на западното општество, начинот на кој тоа општество ги гради своите стереотипи и како ни ги наметнува. Добитник е на многу награди, но истата година кога ја добива наградата на жирито во Венеција, во 2001 година, ФИПРЕСЦИ во Братислава го наградува со награда за филмот „Dog Days“, рече Гена Теодосиевска, уметнички директор на МФФ Киненова, претставувајќи го годинашниот лауреат.

Зајдл проговори за тоа како наместо свештеник станал режисер, и им порача на младите режисери најпрво да ја запознаат околината, па потоа да се определат за оваа професија.

Јас бев набљудувач и така научив за општеството и за меѓучовечките односи. Се прашував : Што е човекот сам по себе? И затоа почнав прво со документарните филмови. Заблуда е да се мисли дека документарниот филм дава објективен приказ и дека ја претставува стварноста каква што е, рече Зајдл.

По природа вели дека е љубопитен човек и многу се радува што е во Македонија.

Почестен сум што добивам награда за животно дело, но верувам дека моето животно дело сеуште не е завршено. Драго ми е што во деновите што се пред мене ќе имам можност да се запознаам со многу нови нешта овде, рече Зајдл.

„Киненова“ освен тоа што продолжува да кани европски филмски режисери продолжува да ја одржува нишката на поддршка на македонската кинематографија. Во таа насока и проекцијата на првиот анимиран долгометражен филм „Јон Вардар против Галаксијата“, кој утревечер во 20 часот го отвора Фестивалот во МКЦ, е полн погодок.

Ова е македонска премиера на која и претходеше светска премиера. И овој филм како секое уметничко дело се раѓа низ борба. Главен елемент во филмот е хуморот кој потсетува на „Автостоперскиот водич низ Галаксијата“ и иако се случува во Универзумот сепак се случува овде, истакна Игор Анѓелков, селектор на главната програма на Фестивалот.

Покрај тоа што филмот е прв македонски долгометражен анимиран филм тој е и најголемиот копродукциски проект во регионов.

Успеавме да собереме огромна екипа од преку 150 луѓе од 5-6 држави и сега почнуваме и со фестивалска и кино дистрибуција на филмот. Драго ми е што филмот е завршен по 10 години работа и покрај предизвиците од ковид пандемијата, па и административни препреки, но сега е овде и публиката може да ужива во него. Сега чувствувам дека направивме нешто што е важно за нашата земја. Хуморот е специфичен и се плашев како ќе биде прифатен хуморот, но засега одлично поминува. Но, исто така важен дел од филмот е темата за толеранцијата и антивоена порака, која покрај хуморот доминира во филмот, рече Цветановски.

The post „Киненова“ продолжува да наградува европски филмски режисери, но и да поддржува македонска кинематографија: Улрих Зајдл и Гоце Цветановски на „Киненова“ appeared first on Република.

„Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kinenova-na-15-oktomvri-povtorno-site-svetla-gi-vperuva-vo-makedonskata-filmska-produktsija-festivalot-ke-zapochne-so-makedonskata-premiera-na-jon-vardar-protiv-galaksijata/ Wed, 09 Oct 2024 05:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=824371

Свеченото отворање на годинешното издание на МФФ Киненова, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм.
-Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот.
Фестивалот ќе започне со македонската премиера на ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.
Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан - робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство.
Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска
Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.
Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.
„Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

The post „Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ appeared first on Република.

]]>

Свеченото отворање на годинешното издание на МФФ Киненова, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм. -Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот. Фестивалот ќе започне со македонската премиера на ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма. Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан - робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство. Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш. Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“. „Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

The post „Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ appeared first on Република.

]]>
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/prviot-makedonski-dolgometrazhen-animiran-film-jon-vardar-protiv-galaksijata-na-gotse-tsvetanovski-go-otvora-9-izdanie-na-kinenova/ Mon, 07 Oct 2024 11:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=823792

Со македонска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе биде отворено деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој ќе се одржи од 16 до 20 октомври под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, беше соопштено на денешната прес-конфренција.

Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите гости и филмовите, или ефектот кој истиот го има на филмската дејност, на унапредувањето на филмското образование, и крајно на подигањето на општествената свест и нивото на културното живеење во државата? Што е прво? Би прашал. Државата или граѓанинот? Прво е заедничкото или поединечното, индивидуалното? Или можеби обете? Звучи субверзивно. Да, знам. Да, „Киненова“ е роден така, да биде субверзивен, критички-ориентиран, контроверзен и провокативен фестивал, но не доволен сам на себе, туку со цел да биде ангажиран и во полза на општествените потреби и промени кон целокупниот интелектуален развој и созревање на општеството, изјави денеска на прес-конфренцијата Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.

Јовановиќ говореше за вечната борба на сценаристите и режисерите, кој е прв, кој е поважен и од кого почнало сè. Сценаристот или режисерот, сценариото или визијата на режисерот?

[caption id="attachment_823798" align="alignnone" width="656"] Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот „Киненова“ и селекторот Игор Анѓелков / Фоти: Киненова[/caption]

Да, борбата е откога постои филмот и ќе постои секогаш без разлика дали некогаш од истата ќе произлезат длабоки и нерешливи конфликти или креативна дисусија која ќе даде нов квалитет и ќе го унапреди развојот на самото филмско дело, додаде Јовановиќ.

Фестивалот ќе почне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.

Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш, истакна Јовановиќ.

За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.

Предјубилејното издание на „КинеНова“ ни носи шест силни авторски остварувања од различни кинематографии. Живееме во пост-ковид времиња кога сè е возможно, па затоа решивме годинашниот фестивал да понуди еден микс од еклектични филмски жанрови, кои сепак ги поврзува една заедничка нишка – внатрешната човекова борба против најголемиот непријател, самиот себе, а потоа и против Другиот, непознатиот, оној што живее во злобниот паралелен универзум, рече Анѓелков.

Оваа година „Фокус на...“ е на финската кинематографија.  Оваа програма во склоп на овогодишното 9. издание ќе го означи првото претставување на финската современа кинематографија пред македонската публика и јавност. На програмата се два филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа.

„Киненова“ секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници.

Оваа година имаме автентична работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.

The post Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

Со македонска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе биде отворено деветто издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој ќе се одржи од 16 до 20 октомври под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“, беше соопштено на денешната прес-конфренција.
Што е прво? Уметникот или институцијата од каде ја добива поддршката? Фестивалот или неговите гости и филмовите, или ефектот кој истиот го има на филмската дејност, на унапредувањето на филмското образование, и крајно на подигањето на општествената свест и нивото на културното живеење во државата? Што е прво? Би прашал. Државата или граѓанинот? Прво е заедничкото или поединечното, индивидуалното? Или можеби обете? Звучи субверзивно. Да, знам. Да, „Киненова“ е роден така, да биде субверзивен, критички-ориентиран, контроверзен и провокативен фестивал, но не доволен сам на себе, туку со цел да биде ангажиран и во полза на општествените потреби и промени кон целокупниот интелектуален развој и созревање на општеството, изјави денеска на прес-конфренцијата Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.
Јовановиќ говореше за вечната борба на сценаристите и режисерите, кој е прв, кој е поважен и од кого почнало сè. Сценаристот или режисерот, сценариото или визијата на режисерот? [caption id="attachment_823798" align="alignnone" width="656"] Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот „Киненова“ и селекторот Игор Анѓелков / Фоти: Киненова[/caption]
Да, борбата е откога постои филмот и ќе постои секогаш без разлика дали некогаш од истата ќе произлезат длабоки и нерешливи конфликти или креативна дисусија која ќе даде нов квалитет и ќе го унапреди развојот на самото филмско дело, додаде Јовановиќ.
Фестивалот ќе почне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.
Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш, истакна Јовановиќ.
За селекцијата на филмови кои ќе може да се погледнат во текот на фестивалските денови пред присутните говореше Игор Анѓелков, селектор на главната програма.
Предјубилејното издание на „КинеНова“ ни носи шест силни авторски остварувања од различни кинематографии. Живееме во пост-ковид времиња кога сè е возможно, па затоа решивме годинашниот фестивал да понуди еден микс од еклектични филмски жанрови, кои сепак ги поврзува една заедничка нишка – внатрешната човекова борба против најголемиот непријател, самиот себе, а потоа и против Другиот, непознатиот, оној што живее во злобниот паралелен универзум, рече Анѓелков.
Оваа година „Фокус на...“ е на финската кинематографија.  Оваа програма во склоп на овогодишното 9. издание ќе го означи првото претставување на финската современа кинематографија пред македонската публика и јавност. На програмата се два филма од финските автори кои во последниве години освоија значајни награди и го освоија вниманието на светските фестивали. Покрај класикот Аки Каурисмаки, новата генерација фински синеасти започна да го освојува светот со своите интересни приказни од крајниот север на Европа. „Киненова“ секоја година дава значаен и суштински придонес во надополнување на филмското образовани во државата, преку специјализирани работилници.
Оваа година имаме автентична работилница за развој на идеи и сценарија за кратки филмови кои се засноваат или се инспирирани од реални случувања, конкретен настан или постоечки лик. Работилницата, низ специфичен и јасно дефиниран процес ќе ја води професорката, драматург и сценарист од Атина, Ерини Демирцаки, информираше Јовановиќ.

The post Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски го отвора 9. издание на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
По Фестивалот во Солун, регионална премиера на филмот „Кафе“ во Кинотека на осудениот ирански режисер Навид Михандост https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/po-festivalot-vo-solun-regionalna-premiera-na-filmot-kafe-vo-kinoteka-na-osudeniot-iranski-rezhiser-navid-mihandost/ Mon, 11 Dec 2023 07:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=721610

На 16 декември во Кинотека (20 часот) ќе биде прикажан филмот „Кафе“ на иранскиот перспективен и талентиран филмски автор Навид Михандост, кој е сниман во вонредни и исклучително тешки услови. Ова ќе биде регионална премиера на филмот или второ прикажување воопшто во светот, по светската премиера во Солун.

„Кафе“ е дел од специјалната програма на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ која ќе се одвива во Кинотека на Македонија и ќе биде отворена со најновиот филм на Навид. Филмот е сниман во период додека Михандост вешто успеа да го избегне прогонот во неговата земја.

Со оваа прокеција „Киненова“ се приклучува на Солунскиот филмски фестивал и на Меѓународната Коалиција за филмски автори во ризик изразувајќи искрена и недвосмислена поддршка за иранскиот перспективен и талентиран филмски автор, кој на 20-ти август оваа година беше уапсен во Иран за да отслужува тригодишна затворска казна.

Во јануари 2021 година, исламскиот суд во Техеран за специјални злосторства, за поттикнување на насилство или за обид за соборување на исламската влада, донесе пресуда со која изрече казна од 3 години и 6 месеци врз основа на обвиненијата за „дејствување против националната безбедност“ и „пропаганда против режимот преку истакнување на пароли“.

Коалицијата реагира на овој случај на прогон, закани за личната безбедност или слобода на филмските работници кои се изложени на ризик како резултат на нивната работа и ќе го брани нивното право да продолжат со својата работа, преку мобилизирање на меѓународната филмска заедница.

Неправедните обвиненија на Навид произлегуваат од документарниот филм што тој го направи во 2009 година, фокусиран на професионалниот живот на Масих Алинеџад (иранска новинарка и активистка за правата на жените). Филм кој никогаш не беше објавен.

Во периодот кога Навид беше ослободен со кауција и чекаше да му биде изречена казната, тој самостојно и независно го сними овој долгометражен филм на кој работеше многу напорно и конечно го продуцираше со ограничен буџет и волонтерска помош на неговите пријатели.

Приказната за „Кафе“ е слична на она што му се случи на Навид во Иран. Тој е ослободен со кауција, но во исто време со барање од иранските безбедносни авторитети да соработува со нив за посредно да им обезбеди информациии за новинарката Масих Алинежад под изговор дека ќе снима нов филм за жени.

Сепак, Навид не соработуваше, туку играше со судскиот систем за да си купи малку време за да го сними овој филм, кој беше еден од неговите соништа да ги прикаже неправдите што се случија во неговата земја.

Инаку ова е втор долгометражен филм на Навид, не сметајќи го документарниот филм кој никогаш не беше прикажан.

Парадоксален сон излегува од длабочините на филмографијата на Кишловски, што го разбудува осудениот ирански режисер Сохраб, кој, на кого му е забрането да снима филмови, ги поминува деновите во локално кафуле. Меѓутоа, барањето на една млада жена да прикаже настап во живо во кафулето доведува до нови компликации, што дополнително го оптоварува неговиот и онака проблематичен брак и ги зголемува тензиите со властите, кои бараат „сочни“ информации во замена за полесен живот. Преку автобиографскиот „Кафе“, Навид Михандуст нè поканува да уживаме во новиот и несомнено неконвенционален спој на иранската кинематографија, со долготраен вкус на сатирична критика насочена кон длабоко конзервативниот и репресивен режим на неговата татковина. Неповратно кинефилична камерна драма и бескомпромисен протагонист кој потсетува на Нани Морети, со остра смисла за хумор наспроти сето она што е системски ирационално.

Навид сега е во затвор во Техеран, главниот град на Иран; каде од 20-ти август годинава, почна да ја отслужува тригодишна затворска казна. Навид, првично беше уапсен во 2019 година, тој претрпе два месеци сослушувања во Одделението 209 на затворот Евин. Потоа, беше привремено пуштен со кауција до завршување на судскиот процес. Во јануари 2021 година, Револуционерниот суд на Техеран донесе пресуда, со која изрече казна од 3 години и 6 месеци врз основа на обвиненијата за „дејствување против националната безбедност“ и „пропаганда против режимот преку пишување пароли“.

За време кога Навид беше ослободен со кауција и чекаше да му биде извршена казната, тој самостојно и под земја го сними овој долгометражен филм „Кафе“ на кој работеше многу напорно и конечно го продуцираше со ограничен буџет и волонтерска помош на неговите пријатели.
Покрај филмот „Кафе“ на Навид Михандост, специјалната програма на Киненова за декември ќе ги вклучува и наградените филмови на осмото издание на фестивалот: шпанскиот филм „20 000 видови на пчели“ на Естибалиц Уресола Солагурен кој ја доби специјалната награда на жирито на фестивалот Киненова, украинскиот „Клондајк“ на Марина Ер Горбах кој ги доби наградите за најдобро сценарио и најдобра режија на МФФ Киненова 2023 и „Фатална жена“ на Сем Фринам ин Нг Чон Пинг.

The post По Фестивалот во Солун, регионална премиера на филмот „Кафе“ во Кинотека на осудениот ирански режисер Навид Михандост appeared first on Република.

]]>

На 16 декември во Кинотека (20 часот) ќе биде прикажан филмот „Кафе“ на иранскиот перспективен и талентиран филмски автор Навид Михандост, кој е сниман во вонредни и исклучително тешки услови. Ова ќе биде регионална премиера на филмот или второ прикажување воопшто во светот, по светската премиера во Солун. „Кафе“ е дел од специјалната програма на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ која ќе се одвива во Кинотека на Македонија и ќе биде отворена со најновиот филм на Навид. Филмот е сниман во период додека Михандост вешто успеа да го избегне прогонот во неговата земја. Со оваа прокеција „Киненова“ се приклучува на Солунскиот филмски фестивал и на Меѓународната Коалиција за филмски автори во ризик изразувајќи искрена и недвосмислена поддршка за иранскиот перспективен и талентиран филмски автор, кој на 20-ти август оваа година беше уапсен во Иран за да отслужува тригодишна затворска казна. Во јануари 2021 година, исламскиот суд во Техеран за специјални злосторства, за поттикнување на насилство или за обид за соборување на исламската влада, донесе пресуда со која изрече казна од 3 години и 6 месеци врз основа на обвиненијата за „дејствување против националната безбедност“ и „пропаганда против режимот преку истакнување на пароли“. Коалицијата реагира на овој случај на прогон, закани за личната безбедност или слобода на филмските работници кои се изложени на ризик како резултат на нивната работа и ќе го брани нивното право да продолжат со својата работа, преку мобилизирање на меѓународната филмска заедница. Неправедните обвиненија на Навид произлегуваат од документарниот филм што тој го направи во 2009 година, фокусиран на професионалниот живот на Масих Алинеџад (иранска новинарка и активистка за правата на жените). Филм кој никогаш не беше објавен. Во периодот кога Навид беше ослободен со кауција и чекаше да му биде изречена казната, тој самостојно и независно го сними овој долгометражен филм на кој работеше многу напорно и конечно го продуцираше со ограничен буџет и волонтерска помош на неговите пријатели. Приказната за „Кафе“ е слична на она што му се случи на Навид во Иран. Тој е ослободен со кауција, но во исто време со барање од иранските безбедносни авторитети да соработува со нив за посредно да им обезбеди информациии за новинарката Масих Алинежад под изговор дека ќе снима нов филм за жени. Сепак, Навид не соработуваше, туку играше со судскиот систем за да си купи малку време за да го сними овој филм, кој беше еден од неговите соништа да ги прикаже неправдите што се случија во неговата земја. Инаку ова е втор долгометражен филм на Навид, не сметајќи го документарниот филм кој никогаш не беше прикажан. Парадоксален сон излегува од длабочините на филмографијата на Кишловски, што го разбудува осудениот ирански режисер Сохраб, кој, на кого му е забрането да снима филмови, ги поминува деновите во локално кафуле. Меѓутоа, барањето на една млада жена да прикаже настап во живо во кафулето доведува до нови компликации, што дополнително го оптоварува неговиот и онака проблематичен брак и ги зголемува тензиите со властите, кои бараат „сочни“ информации во замена за полесен живот. Преку автобиографскиот „Кафе“, Навид Михандуст нè поканува да уживаме во новиот и несомнено неконвенционален спој на иранската кинематографија, со долготраен вкус на сатирична критика насочена кон длабоко конзервативниот и репресивен режим на неговата татковина. Неповратно кинефилична камерна драма и бескомпромисен протагонист кој потсетува на Нани Морети, со остра смисла за хумор наспроти сето она што е системски ирационално. Навид сега е во затвор во Техеран, главниот град на Иран; каде од 20-ти август годинава, почна да ја отслужува тригодишна затворска казна. Навид, првично беше уапсен во 2019 година, тој претрпе два месеци сослушувања во Одделението 209 на затворот Евин. Потоа, беше привремено пуштен со кауција до завршување на судскиот процес. Во јануари 2021 година, Револуционерниот суд на Техеран донесе пресуда, со која изрече казна од 3 години и 6 месеци врз основа на обвиненијата за „дејствување против националната безбедност“ и „пропаганда против режимот преку пишување пароли“. За време кога Навид беше ослободен со кауција и чекаше да му биде извршена казната, тој самостојно и под земја го сними овој долгометражен филм „Кафе“ на кој работеше многу напорно и конечно го продуцираше со ограничен буџет и волонтерска помош на неговите пријатели. Покрај филмот „Кафе“ на Навид Михандост, специјалната програма на Киненова за декември ќе ги вклучува и наградените филмови на осмото издание на фестивалот: шпанскиот филм „20 000 видови на пчели“ на Естибалиц Уресола Солагурен кој ја доби специјалната награда на жирито на фестивалот Киненова, украинскиот „Клондајк“ на Марина Ер Горбах кој ги доби наградите за најдобро сценарио и најдобра режија на МФФ Киненова 2023 и „Фатална жена“ на Сем Фринам ин Нг Чон Пинг.    

The post По Фестивалот во Солун, регионална премиера на филмот „Кафе“ во Кинотека на осудениот ирански режисер Навид Михандост appeared first on Република.

]]>
Уметноста мора да трае https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnosta-mora-da-trae/ Wed, 15 Nov 2023 14:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=701862

Денеска почина еден од најголемите актери во регионот. Жарко Лаушевиќ имаше 63 години и богата и долга кариера која траеше повеќе од 40 години. Сними многу филмови и серии. Пишуваше и книги и сликаше. Сите книги кои тој ги напиша се продадоа во големи тиражи.

Црногорскиот актер огромната популарност ја стекна во серијата „Сиви дом“ и филмот „Шмекер“, кои беа снимени во истата година, 1986. Уште во време на поранешната Југославија, во 1987 година ги доби двете најголеми актерски награди, за улогата во филмот „Офицер со роза“, пулската „Златна Арена“ и наградата Цар Константин во Ниш.  Меѓу бројните награди, Лаушевиќ ја доби и „Зоран Радмиловиќ“ за улогата во „Кањош Македоновиќ“ (1989) и Стериината награда за насловната улога во претставата „Свети Сава“ (1990).

Пред 30 години имаше успешна и богата кариера, а последната улога пред големата раскрсница во неговиот живот беше во фимот „Подобро од бекство“, која го круниса како водечки актер на неговата генерација.

Во врвот на кариерата доживеа трагичен настан кој сосема го смени текот на неговиот живот.

Лаушевиќ беше осуден за двојно убиство кое се случи во 1993 година. Првпат ја посети Србија по пауза од 20 години, во 2014 година. Трагедијата се случи на 31 јули 1993 година, кога Жарко и неговиот постар брат Бранимир ги нападна една група насилници. Жарко, бранејќи се себе и брата си, пукал во двајцата, а едниот беше тешко ранет. Беше осуден на 15 години затвор, а кога тогашниот Сојузен суд ја укина пресудата, Лаушевиќ повторно беше изведен на суд во февруари 1998 година и осуден на четири години затвор.

Бидејќи уште пред да му биде изречена пресудата, одлежа четири и пол години и беше пуштен на слобода. Потоа ја напушти земјата и се пресели во Њујорк каде што работел како физички работник. Местел паркет, бил молер, ѕидар, а во меѓувреме сликал. Кога се врати, првата улога му беше во филмот „Нож“ и повторно го покажа сиот раскошен талент. Во последните неколку години беше номиниран и наградуван за улогите во тв-сериите „Корени“, „Калкански кругови“ и за филмот „Смрдлива бајка“.

Во октомври 2017 година беше гостин на Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“, кој му додели Специјалното признание за особен придонес во филмската уметност.

Му благодарам на фестивалот за наградата. За мене е голема чест. Мојата кариера на некој начин е одбележана со работа со дебитанти – рече Лаушевиќ на прес-конфренцијата пред шест години.

Не заборави да спомене дека неговата сопруга e по потекло од Македонија и дека кај него дома се говори македонски јазик. Од Македонија има само убави спомени.

Македонија секогаш ми буди носталгични чувства. Во 1987 година во селото Горно Количани снимавме филм со Ксенија Пајчин, Мира Фурлан, Мирјана Јоковиќ..Тоа беше живописно место, каде што куќите беа изработени од кал. Не знам денес како е. Ама во тоа време ептен беше филмско место. Филмот беше југословенско-аргетинска копродукција – раскажуваше Лаушевиќ.

Се потсети дека во 1999 година од Скопје заминал за Америка.

Во 1993 година бев уапасен и тогаш почна одисејата со таа несреќа. Кога излегував од затвор после пет годни, ми ги вратија сите работи кои ги имав во себе ноќта кога бев уапсен. Меѓу другите, беше и сценариото за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Тогаш бевме во некои преговори за филмот. Потоа Раде Шербеџија оствари сјајна улога во тој филм – откри меѓудругото Лаушевиќ, еден од најголемите актерски имиња во поранешна Југославија.

– Скопје беше моја последна станица. Последната ноќ пред да заминам бев тука и денес првпат доаѓам после толку години. Уште не го разгледав градот, бидејќи од аеродром дојдов директно на прес-конфернецијата. Ми претставува огромна чест што по толку години сум во Македонија и тоа за еден ваков повод како што е фестивалот. Она по што се сеќавам на вашата земја е пријателството и прекрасната соработка со Слободан Унковски, Владимир Милчин, и со многу други драги колеги, кои некои од нив, за жал, не се повеќе меѓу живите. Но, она што секогаш ќе ми остане во сеќавање е вашето гостопримство и прекрасните моменти поминати овде. Поводот за кој сум дојден ми причинува огромна чест. Наградите годат и ме потсеќаат на обврската дека уметноста мора да трае – рече Лаушевиќ.

https://arhiva.republika.mk/830290

The post Уметноста мора да трае appeared first on Република.

]]>

Денеска почина еден од најголемите актери во регионот. Жарко Лаушевиќ имаше 63 години и богата и долга кариера која траеше повеќе од 40 години. Сними многу филмови и серии. Пишуваше и книги и сликаше. Сите книги кои тој ги напиша се продадоа во големи тиражи. Црногорскиот актер огромната популарност ја стекна во серијата „Сиви дом“ и филмот „Шмекер“, кои беа снимени во истата година, 1986. Уште во време на поранешната Југославија, во 1987 година ги доби двете најголеми актерски награди, за улогата во филмот „Офицер со роза“, пулската „Златна Арена“ и наградата Цар Константин во Ниш.  Меѓу бројните награди, Лаушевиќ ја доби и „Зоран Радмиловиќ“ за улогата во „Кањош Македоновиќ“ (1989) и Стериината награда за насловната улога во претставата „Свети Сава“ (1990). Пред 30 години имаше успешна и богата кариера, а последната улога пред големата раскрсница во неговиот живот беше во фимот „Подобро од бекство“, која го круниса како водечки актер на неговата генерација. Во врвот на кариерата доживеа трагичен настан кој сосема го смени текот на неговиот живот. Лаушевиќ беше осуден за двојно убиство кое се случи во 1993 година. Првпат ја посети Србија по пауза од 20 години, во 2014 година. Трагедијата се случи на 31 јули 1993 година, кога Жарко и неговиот постар брат Бранимир ги нападна една група насилници. Жарко, бранејќи се себе и брата си, пукал во двајцата, а едниот беше тешко ранет. Беше осуден на 15 години затвор, а кога тогашниот Сојузен суд ја укина пресудата, Лаушевиќ повторно беше изведен на суд во февруари 1998 година и осуден на четири години затвор. Бидејќи уште пред да му биде изречена пресудата, одлежа четири и пол години и беше пуштен на слобода. Потоа ја напушти земјата и се пресели во Њујорк каде што работел како физички работник. Местел паркет, бил молер, ѕидар, а во меѓувреме сликал. Кога се врати, првата улога му беше во филмот „Нож“ и повторно го покажа сиот раскошен талент. Во последните неколку години беше номиниран и наградуван за улогите во тв-сериите „Корени“, „Калкански кругови“ и за филмот „Смрдлива бајка“. Во октомври 2017 година беше гостин на Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“, кој му додели Специјалното признание за особен придонес во филмската уметност.
Му благодарам на фестивалот за наградата. За мене е голема чест. Мојата кариера на некој начин е одбележана со работа со дебитанти – рече Лаушевиќ на прес-конфренцијата пред шест години.
Не заборави да спомене дека неговата сопруга e по потекло од Македонија и дека кај него дома се говори македонски јазик. Од Македонија има само убави спомени.
Македонија секогаш ми буди носталгични чувства. Во 1987 година во селото Горно Количани снимавме филм со Ксенија Пајчин, Мира Фурлан, Мирјана Јоковиќ..Тоа беше живописно место, каде што куќите беа изработени од кал. Не знам денес како е. Ама во тоа време ептен беше филмско место. Филмот беше југословенско-аргетинска копродукција – раскажуваше Лаушевиќ.
Се потсети дека во 1999 година од Скопје заминал за Америка.
Во 1993 година бев уапасен и тогаш почна одисејата со таа несреќа. Кога излегував од затвор после пет годни, ми ги вратија сите работи кои ги имав во себе ноќта кога бев уапсен. Меѓу другите, беше и сценариото за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Тогаш бевме во некои преговори за филмот. Потоа Раде Шербеџија оствари сјајна улога во тој филм – откри меѓудругото Лаушевиќ, еден од најголемите актерски имиња во поранешна Југославија.
– Скопје беше моја последна станица. Последната ноќ пред да заминам бев тука и денес првпат доаѓам после толку години. Уште не го разгледав градот, бидејќи од аеродром дојдов директно на прес-конфернецијата. Ми претставува огромна чест што по толку години сум во Македонија и тоа за еден ваков повод како што е фестивалот. Она по што се сеќавам на вашата земја е пријателството и прекрасната соработка со Слободан Унковски, Владимир Милчин, и со многу други драги колеги, кои некои од нив, за жал, не се повеќе меѓу живите. Но, она што секогаш ќе ми остане во сеќавање е вашето гостопримство и прекрасните моменти поминати овде. Поводот за кој сум дојден ми причинува огромна чест. Наградите годат и ме потсеќаат на обврската дека уметноста мора да трае – рече Лаушевиќ. https://arhiva.republika.mk/830290

The post Уметноста мора да трае appeared first on Република.

]]>
„Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ е избран за најдобар филм на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chuvari-na-formulata-na-dragan-bjelogrlik-e-izbran-za-najdobar-film-na-kinenova/ Thu, 19 Oct 2023 07:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=692671

„Чувари на формулата“ на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ кој има исклучителна и длабока човечка приказна е избран за најдобар филм на осмото издание на „Киненова“, кое синоќа заврши во Скопје.

Морам да кажам дека дојдов овде за да ви го покажам мојот филм и воопшто не знаев дека ќе добијам награда. Дознав пет минути пред почетекот на свеченоста. Ви благодарам, ова е големо изненадување за мене и голема чест. Пред некој ден ми беше роденден и влегов во седмата деценија, а оваа награда ќе ја сметам како добар почеток на седмата деценија, кажа синоќа Бјелогрлиќ по проекцијата во „Синаплекс“.

Тој раскажа дека ја прочитал книгата на Горан Милашиновиќ и истражувал доста за тој настан.

Знаев дека навистина се случило тоа во Винча, дека некои луѓе биле озрачени и дека во Франција некои луѓе им помогнале. Но, не знаев дека работеле на таен проект за атомска бомба, за тоа не се говореше тогаш, а ниту денеска не се говори. Премиерата на филмот во Белград ќе се случи за некој ден и чекам да почнат да ме обвинуваат дека никогаш не правеле атомска бомба, дека пак нешто измислувам. Искрено мене не ми беше провокација таа бомба, туку како формулата на смртта станува формула на животот. Целиот тој настан, зад железната завеса, кога оние од Запад не им веруваа на оние од Исток, и оние од Исток не им веруваа на оние од Запад, а ние во Југославија бевме некаде помеѓу, но бевме повеќе на Исток, а луѓето кои работеле на проект кој претставува вооружување што сее смрт, сега се соочуваат со нешто што е живот. И ако тие не го направеле тоа тогаш, можеби професорот Мате никогаш не би извршил трансплантација на коскена срж. И токму таа приказна и таа верижна реакција некако долго ме прогонуваше и се обидов да ја направам. Не беше лесно, приказната има повеќе нивоа, но со помош на моите сценаристи и монтажери, успеавме да биде една приказна со тек. Ова е најтешкиот филм на кој сум работел, работев со странци, со странски актери, на јазик кој не го говорам, но после се, многу сум задоволен, рече Бјелогрлиќ.

Меѓународното жири на „Киненова“ во состав: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален уметник од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија одлучуваа за наградите.

Во главната селекција беа прикажани осум филмови за кои жирито одлучуваше за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобар филм.

Наградата за најдобро сценарио и најдобра режија и припаднаа на украинската режисерка Марина Ер Горбах за филмот „Клондајк“. Во образложението, жирито го потенцираше уникатниот длабок опис на војната што го силува животот на едно семејство и неретко потсетува на грчка трагедија.

Се надевам дека филмот ги допре срцата на гледачите. Последнава година патувавме и филмот е прикажан во повеќе различни држави и го кревавме украинското знаме против руската агресија. Но, сега сакам да го кренам моето лично знаме за децата во воените зони и за цивилите секаде низ светот. Немам поинаков начин освен овој, да ги испраќам моите пораки преку филмовите. За да ја сопрам војната, мојот крик е да продолжам да создавам, бидејќи според мене оваа војна е меѓу луѓе кои сакаат да уништуваат и луѓе кои сакаат да создаваат. Затоа ги повикувам сите кои се талентирани и кои создаваат уметност да се трудат повеќе, за очите на јавноста да бидат вперени во уметноста и да се занимаваме со неа наместо со војни, рече Ер Горбах во своето видео обраќање.

Специјално признание во оваа селекција доби шпанскиот филм „20.000 вида пчели“ на режисерката Естибалиц Уресола.

Наградата за најдобар филм, во категоријата кратки филмови, ја доби францускиот филм „Ако не е можно денес, можеби ќе биде утре“ на режисерскиот двоец Антоан Перез и Жулиен Сено.

За жал никој од нашиот тим не можеше да присуствува на доделувањето на наградата и да ја посети вашата прекрасна земја, Македонија, рече продуцентот Николај Јарошенко, кој се заблагодари за укажаната можност филмот да биде прикажан на фестивалот, бидејќи ова е негова меѓународна премиера.

Специјално признание од селектираните кратки филмови доби филмот „Ти ветив рај“ на Морад Мостафа од Египет. Жирито ги истакна прекрасните кадри и моќната приказна што поттикнува на размислување.

Добив прекрасна вест утринава и сакам да се заблагодарам на жирито за наградата и на фестивалот Киненова за оваа можност. Жал ми е што вечерва не сум таму со вас, но ветувам дека ќе дојдам во некое од следните изданија на Фестивалот, рече Мостафа во своето видео обраќање.

Публиката имаше можност да го проследи најновиот филм на познатиот српски актер, режисер, сценарист и продуцент, кој одбележа еден значаен период и на југословенскиот филм, Драган Бјелогрлиќ, „Чувари на формулата“, кој на 76-от филмски фестивал во Локарно, годинава во август ја доби наградата PARDO VERDE RIKOLA, награда што се доделува на филм во компетициската програма и промовира теми и стории за зачувувањето на еколошката средина и во нив нуди нова авторска интерпретација .

The post „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ е избран за најдобар филм на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

„Чувари на формулата“ на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ кој има исклучителна и длабока човечка приказна е избран за најдобар филм на осмото издание на „Киненова“, кое синоќа заврши во Скопје.
Морам да кажам дека дојдов овде за да ви го покажам мојот филм и воопшто не знаев дека ќе добијам награда. Дознав пет минути пред почетекот на свеченоста. Ви благодарам, ова е големо изненадување за мене и голема чест. Пред некој ден ми беше роденден и влегов во седмата деценија, а оваа награда ќе ја сметам како добар почеток на седмата деценија, кажа синоќа Бјелогрлиќ по проекцијата во „Синаплекс“.
Тој раскажа дека ја прочитал книгата на Горан Милашиновиќ и истражувал доста за тој настан.
Знаев дека навистина се случило тоа во Винча, дека некои луѓе биле озрачени и дека во Франција некои луѓе им помогнале. Но, не знаев дека работеле на таен проект за атомска бомба, за тоа не се говореше тогаш, а ниту денеска не се говори. Премиерата на филмот во Белград ќе се случи за некој ден и чекам да почнат да ме обвинуваат дека никогаш не правеле атомска бомба, дека пак нешто измислувам. Искрено мене не ми беше провокација таа бомба, туку како формулата на смртта станува формула на животот. Целиот тој настан, зад железната завеса, кога оние од Запад не им веруваа на оние од Исток, и оние од Исток не им веруваа на оние од Запад, а ние во Југославија бевме некаде помеѓу, но бевме повеќе на Исток, а луѓето кои работеле на проект кој претставува вооружување што сее смрт, сега се соочуваат со нешто што е живот. И ако тие не го направеле тоа тогаш, можеби професорот Мате никогаш не би извршил трансплантација на коскена срж. И токму таа приказна и таа верижна реакција некако долго ме прогонуваше и се обидов да ја направам. Не беше лесно, приказната има повеќе нивоа, но со помош на моите сценаристи и монтажери, успеавме да биде една приказна со тек. Ова е најтешкиот филм на кој сум работел, работев со странци, со странски актери, на јазик кој не го говорам, но после се, многу сум задоволен, рече Бјелогрлиќ.
Меѓународното жири на „Киненова“ во состав: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален уметник од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија одлучуваа за наградите. Во главната селекција беа прикажани осум филмови за кои жирито одлучуваше за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобар филм. Наградата за најдобро сценарио и најдобра режија и припаднаа на украинската режисерка Марина Ер Горбах за филмот „Клондајк“. Во образложението, жирито го потенцираше уникатниот длабок опис на војната што го силува животот на едно семејство и неретко потсетува на грчка трагедија.
Се надевам дека филмот ги допре срцата на гледачите. Последнава година патувавме и филмот е прикажан во повеќе различни држави и го кревавме украинското знаме против руската агресија. Но, сега сакам да го кренам моето лично знаме за децата во воените зони и за цивилите секаде низ светот. Немам поинаков начин освен овој, да ги испраќам моите пораки преку филмовите. За да ја сопрам војната, мојот крик е да продолжам да создавам, бидејќи според мене оваа војна е меѓу луѓе кои сакаат да уништуваат и луѓе кои сакаат да создаваат. Затоа ги повикувам сите кои се талентирани и кои создаваат уметност да се трудат повеќе, за очите на јавноста да бидат вперени во уметноста и да се занимаваме со неа наместо со војни, рече Ер Горбах во своето видео обраќање.
Специјално признание во оваа селекција доби шпанскиот филм „20.000 вида пчели“ на режисерката Естибалиц Уресола. Наградата за најдобар филм, во категоријата кратки филмови, ја доби францускиот филм „Ако не е можно денес, можеби ќе биде утре“ на режисерскиот двоец Антоан Перез и Жулиен Сено.
За жал никој од нашиот тим не можеше да присуствува на доделувањето на наградата и да ја посети вашата прекрасна земја, Македонија, рече продуцентот Николај Јарошенко, кој се заблагодари за укажаната можност филмот да биде прикажан на фестивалот, бидејќи ова е негова меѓународна премиера.
Специјално признание од селектираните кратки филмови доби филмот „Ти ветив рај“ на Морад Мостафа од Египет. Жирито ги истакна прекрасните кадри и моќната приказна што поттикнува на размислување.
Добив прекрасна вест утринава и сакам да се заблагодарам на жирито за наградата и на фестивалот Киненова за оваа можност. Жал ми е што вечерва не сум таму со вас, но ветувам дека ќе дојдам во некое од следните изданија на Фестивалот, рече Мостафа во своето видео обраќање.
Публиката имаше можност да го проследи најновиот филм на познатиот српски актер, режисер, сценарист и продуцент, кој одбележа еден значаен период и на југословенскиот филм, Драган Бјелогрлиќ, „Чувари на формулата“, кој на 76-от филмски фестивал во Локарно, годинава во август ја доби наградата PARDO VERDE RIKOLA, награда што се доделува на филм во компетициската програма и промовира теми и стории за зачувувањето на еколошката средина и во нив нуди нова авторска интерпретација .

The post „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ е избран за најдобар филм на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
Почнува 8. МФФ Киненова: Храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-8-mff-kinenova-hrabri-filmski-avtorski-glasovi-od-tsel-svet-so-nivnite-debi-filmovi/ Fri, 13 Oct 2023 07:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=690735

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денеска во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на МФФ Киненова.

За ова осмо фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА, во кино салите во Скопје, низ играта на светлото, сенките и боите на филмската проекција ќе се изнедрат универзуми на 8 нови храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови, преку кои на вас драга публико ви подаруваме можност да го видите светот во целина, така што ќе можете да ги видите актуелните приказни од Бразил, Англија, Шпанија, Иран, Грузија, Македонија, Србија и Украина и сите заедно да придонесеме во градење на една нова цивилизација на повисоки вредности, вели Небојша Јовановиќ, директор на Фестивалот.

„Киненова“ поставува стандарди и за нас и за оние чии илузии значат поттик за нов филм, нова одисеја, нова одлука, нов сетилен допир.

Во нашето осмо издание во натпреварувачката програма ви носиме осум драгоцени филмски стории на дебитанти и перспективни автори кои ги рушат стереотипите на воздржаност и одважно и вртоглаво се втурнуваат во вителот на актуелното, горливото, ранливото, убавото, грдото и доброто, одмаздољубивото и рамнодушното, тажното и среќното, во она што ни е на дофат, и во она што е далеку од нас, во трансцедентното и во суровото реално. Тие користат и класични и екпсериментални концепти, но „ѓаволот“ е меѓу дијалозите, онаму каде што навистина се случува филмот. Такви филмови ќе гледате на 8.МФФ Киненова, филмови што освојуваат, филмови што ќе се паметат, вели Гена Теодосиевска, уметнички директор на Фестивалот.

Од денеска до 18 октомври во Синеплекс ќе може да се проследи целосната програма на Фестивалот.

The post Почнува 8. МФФ Киненова: Храбри филмски авторски гласови од цел свет со нивните деби филмови appeared first on Република.

Проедроу и Лечиќ на 8. МФФ Киненова: Културата на овие простори може да ги надмине сите бариери https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proedrou-i-lechik-na-8-mff-kinenova-kulturata-na-ovie-prostori-mozhe-da-gi-nadmine-site-barieri/ Thu, 12 Oct 2023 12:46:02 +0000 https://republika.mk/?p=690574

На денешната прес конференција на МФФ Киненова беа претставени Бранислав Лечиќ, годинешен лауреат на наградата за особен придонес во филмската уметност и Асемина Проедроу, режисерката на филмот „Зад стоговите сено“ со кој ќе биде отворено годинешното 8. издание на Фестивалот.
Заблагодарувајќи се на доделеното признание, Лечиќ рече дека за него се важни сите награди.

Мене лично наградата ми значи многу. Се разбира, сум добил бројни награди и на меѓународен план и регионално и во сферата на театарската и во филмската работа. Две награди ми се мошне драги, а тоа е оваа која вие сега ми ја давате- затоа што тоа на некој начин е собирање на улогите на филмот и претставува еден вид затворање на кругот. Тоа што вие први сте го виделе и сте го согледале, тоа е добар знак за мене. Драга ми е уште една награда која ја добив во Дубровник, тоа е „Орландо“ која се доделува за најдобро остварување во последните десет години. Ова е важно бидејќи докажува дека културата на овие простори може да ги надмине сите бариери, истакна Лечиќ.

Рече дека случајно дошло до тоа да стане актер. Како многу млад имал идеја да се занимава со филозофија, но по разводот на родителите, останал да живее со мајка си, која работела како шивачка, па морал да научи стругарски занает за да придонесува финансиски во семејството.

Веднаш ме примија кога конкурирав на Академијата, така што не ја пронајдов јас глумата, глумата ме пронајде мене. Таа за мене е многу повеќе отколку професија и занает и благодарен сум на таа случајност. Во моментов подготвувам неколку претстави во Белград, една од нив е „Олеана“ на Дејвид Мамет, американски писател кој направил дело кое е една од најиграните претстави во светот во моментов. Режијата е на Егон Савин, тоа е дуа драма и играме јас и Јована Крстиќ, а премиерно ќе биде изведена во Тиват на 19 ноември, рече Лечиќ.

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“, утревечер ќе го отвори 8. издание на МФФ Киненова. Денеска на средбата со новинарите присуствуваше режисерката Проедроу и претставници на „Сектор филм“ кои споделија искуства од снимањето и успесите на филмот.

Филмот се снимаше во време на ковид пандемијата и имаше повеќе предизвици. Соработката беше одлична, и благодарение на тоа успеавме бидејќи снимавме на три различни територии и две држави- Грција и Македонија. Дојранското езеро е всушност главната локација на која се одвива дејствието. Филмот се снимаше во Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во текот на 2021, во време на ковид пандемијата. Дејствието на филмот се одвива во 2015, а се работи за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија. Беше поддржан како малцинска копродукција од Агенцијата за филм на Македонија и од Европскиот фонд Еуримаж. Станува збор за тоа како обични луѓе стануваат заробени во корупција, раскажа Асимина Проедроу, која откри дека Дојран како локација го открила на Гугл откако и било посочено како интересно место за време на нејзиниот престој во Лондон на магистерски студии.

„Зад стоговите сено“ доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди, и тоа за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот.
Филмот „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција помеѓу Грција, Германија и Македонија. Македонски продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.

Навистина ни е драго што токму овој филм ќе го отвори фестивалот Киненова. Како продукција, низ годиниве внимателно одбираме во кој проект ќе учествуваме и досега имаме искуства со различни земји. Ова беше прва наша соработка со авторка од Грција и уште додека беше проект го видовме во Берлин и сметавме дека е важно да се развие културната соработка помеѓу двете земји, рече Ангела Несторовска од „Сектор филм“, која раскажа дека иако имало предизвици со снимањето во време на ковид пандемијата, токму снимањето на сцените на граничниот премин успеале да ги снимат без вообичаени проблеми, бидејќи поради локдаунот немало движење на границата.

The post Проедроу и Лечиќ на 8. МФФ Киненова: Културата на овие простори може да ги надмине сите бариери appeared first on Република.

]]>

На денешната прес конференција на МФФ Киненова беа претставени Бранислав Лечиќ, годинешен лауреат на наградата за особен придонес во филмската уметност и Асемина Проедроу, режисерката на филмот „Зад стоговите сено“ со кој ќе биде отворено годинешното 8. издание на Фестивалот. Заблагодарувајќи се на доделеното признание, Лечиќ рече дека за него се важни сите награди.
Мене лично наградата ми значи многу. Се разбира, сум добил бројни награди и на меѓународен план и регионално и во сферата на театарската и во филмската работа. Две награди ми се мошне драги, а тоа е оваа која вие сега ми ја давате- затоа што тоа на некој начин е собирање на улогите на филмот и претставува еден вид затворање на кругот. Тоа што вие први сте го виделе и сте го согледале, тоа е добар знак за мене. Драга ми е уште една награда која ја добив во Дубровник, тоа е „Орландо“ која се доделува за најдобро остварување во последните десет години. Ова е важно бидејќи докажува дека културата на овие простори може да ги надмине сите бариери, истакна Лечиќ.
Рече дека случајно дошло до тоа да стане актер. Како многу млад имал идеја да се занимава со филозофија, но по разводот на родителите, останал да живее со мајка си, која работела како шивачка, па морал да научи стругарски занает за да придонесува финансиски во семејството.
Веднаш ме примија кога конкурирав на Академијата, така што не ја пронајдов јас глумата, глумата ме пронајде мене. Таа за мене е многу повеќе отколку професија и занает и благодарен сум на таа случајност. Во моментов подготвувам неколку претстави во Белград, една од нив е „Олеана“ на Дејвид Мамет, американски писател кој направил дело кое е една од најиграните претстави во светот во моментов. Режијата е на Егон Савин, тоа е дуа драма и играме јас и Јована Крстиќ, а премиерно ќе биде изведена во Тиват на 19 ноември, рече Лечиќ.
Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“, утревечер ќе го отвори 8. издание на МФФ Киненова. Денеска на средбата со новинарите присуствуваше режисерката Проедроу и претставници на „Сектор филм“ кои споделија искуства од снимањето и успесите на филмот.
Филмот се снимаше во време на ковид пандемијата и имаше повеќе предизвици. Соработката беше одлична, и благодарение на тоа успеавме бидејќи снимавме на три различни територии и две држави- Грција и Македонија. Дојранското езеро е всушност главната локација на која се одвива дејствието. Филмот се снимаше во Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во текот на 2021, во време на ковид пандемијата. Дејствието на филмот се одвива во 2015, а се работи за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија. Беше поддржан како малцинска копродукција од Агенцијата за филм на Македонија и од Европскиот фонд Еуримаж. Станува збор за тоа како обични луѓе стануваат заробени во корупција, раскажа Асимина Проедроу, која откри дека Дојран како локација го открила на Гугл откако и било посочено како интересно место за време на нејзиниот престој во Лондон на магистерски студии.
„Зад стоговите сено“ доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди, и тоа за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот. Филмот „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција помеѓу Грција, Германија и Македонија. Македонски продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.
Навистина ни е драго што токму овој филм ќе го отвори фестивалот Киненова. Како продукција, низ годиниве внимателно одбираме во кој проект ќе учествуваме и досега имаме искуства со различни земји. Ова беше прва наша соработка со авторка од Грција и уште додека беше проект го видовме во Берлин и сметавме дека е важно да се развие културната соработка помеѓу двете земји, рече Ангела Несторовска од „Сектор филм“, која раскажа дека иако имало предизвици со снимањето во време на ковид пандемијата, токму снимањето на сцените на граничниот премин успеале да ги снимат без вообичаени проблеми, бидејќи поради локдаунот немало движење на границата.

The post Проедроу и Лечиќ на 8. МФФ Киненова: Културата на овие простори може да ги надмине сите бариери appeared first on Република.

]]>
„Киненова“ отвора со грчко-македонската копродукција „Зад стоговите сено“, Фестивалот му додели награда за особен придонес на Бранислав Лечиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinenova-otvora-so-grchko-makedonskata-koproduktsija-zad-stogovite-seno-festivalot-mu-dodeli-nagrada-za-osoben-pridones-na-branislav-lechik/ Fri, 06 Oct 2023 13:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=688597

Осмото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“ (13-18 октомври) се отвора на 13 октомври, во скопското кино „Синаплекс“ со проекција на долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“. „Зад стоговите сено“  доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија.

На денешната прес конференција директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, ја претстави програмата која изобилува со филмови кои користат и класични и екпсериментални концепти. Тој го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ.

Лечиќ (68) е популарен српски глумец, кој беше обвинет за силување од страна на српската актерка Даниела Штајнфелд. Подоцна Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава против Лечиќ.

Ние уште во 2018 година го почнавме процесот околу номинацијата на Лечиќ за добитник на наградата, бидејќи така оди тоа со Фестивалите. Кога во 2020 беше обвинението, ние го прекинавме процесот. Двапати го одбивме Лечиќ, и кога тој доби ослободителната пресуда, решивме, како Фестивал, да ја добие наградата, изјави директорот на Фестивалот Јовановиќ.

Лечиќ ќе дојде во Скопје, на 12 октомври, на прес-конференцијата пред почетокот на „Киненова“, ќе присустува на доделувањето на наградата и во негова чест ќе биде прикажан филмот „Професионалец“.

Со изборот на филмовите кои ги имаме и во кратката програма и во официјалната имаме многу филмови кои обработуваат женски теми и прашања, филмови од женски авторки. Ние не судиме, си има суд за тоа, наградата е за неговото творештво, објасни Јовановиќ.

Македонската режисерка Елеонора Венинова, чиј дебитантски долгометражен филм „Преесконирано“ ќе биде во официјалната програма на „Киненова“ рече дека како жена, авторка и режисерка, не се согласува со одлуката на Фестивалот Лечиќ да биде добитник на наградата.

Главната селекција ја започнвме да ја градиме почнувајќи со два филма од годинешново Берлинале прикажани во Главната и програмата Панорама: „20.000 видови пчели“ на исклучителната баскијка Естибалиц Уресола Солагурен. Овој филм годинава е кандидат за Оскар на Шпанија, вклучен во 40. играни филмови кои се во трка за Европскиот оскар, а нејзиниот краток филм „Хорда“ исто така е во конкуренција за најдобар краток филм кандидат за Европската филмска награда и контроверзниот „Женствена“, на двоецот Сем Фриман и Нг Чон Пинг од Велика Британија, осведочени поборници за родовата еднаквост и правата на ЛГБТ заедницата, со своето деби за прославената драг кралица и уметница Афродита Бенкс соочена со нејзиниот кошмар и справувањето со него. Филм за кој се бараше карта повеќе на Берлинскиот фестивал, а потоа беше прикажан и во Монтреал, Единбург, Сараево итн.

Единствениот македонски филм што ги предизвика нашите сетила и нашето внимание, а е во главната компетициска програма, е филмот „Преекспонирано“ на Елеоноира Венинова, филм кој диши со една сценаристичка и режисерска свежина и отвора нови дилеми за секоја атракција која е незаобиколна за нашето око и тело, рече Гене Теодосиевска, уметничка директорка на Фестивалот.

Теодосиевска рече дека во рамките на Киненова ќе бидат прикажани четири играни филма од најновата Полска кинематографија, а понудени како партнерска програма на Киненова и Вистула ФФ.

Годинава ќе ни гостува директорката на овој фестивал Малгорзата Скулска, познатиот режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален ументик Лех Мајевски со неговиот најнов игран филм Брижит Бардо, прекрасната и актерката филмот Опасен господин, Марта Ојрзинска. Останатите два филма се филмот на Јан Холубек 25 години невиност, случајот на Томек Коменда и филмот, рече Теодосиевска.

На денешната прес-конференција присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.

Големо задоволство ми е што сме селектирани во официјалната програма на МФФ Киненова бидејќи ова ќе биде првиот македонски фестивал на кој имаме официјална селекција за филмот, но и бидејќи во некои од поранешните изданија на Фестивалот работев и како предселектор на кратките филмови. Светската премиера на филмот се случи во ноември минатата година во Каиро, а во меѓувреме беше на уште десеттина фестивали. Следува учество на фестивал во Женева, Луксембург и на уште еден фестивал кој сеуште не ја објавил програмата, па не смеам да го споменам, истана Венинова, која подвлече дека особено и е драго што имаме Фестивал кој го слави првиот, вториот, па и третиот филм на режисерите затоа што навистина е тешко да се добие место, да се биде селектиран на некој Фестивал, рече Велинова.

Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.

The post „Киненова“ отвора со грчко-македонската копродукција „Зад стоговите сено“, Фестивалот му додели награда за особен придонес на Бранислав Лечиќ appeared first on Република.

]]>

Осмото издание на Меѓународниот фестивал на дебитантски филм „Киненова“ (13-18 октомври) се отвора на 13 октомври, во скопското кино „Синаплекс“ со проекција на долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), дебито на грчката режисерка Асимина Проедроу, во кој копродуцент е и македонската куќа „Сектор филм“. „Зад стоговите сено“  доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. На денешната прес конференција директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, ја претстави програмата која изобилува со филмови кои користат и класични и екпсериментални концепти. Тој го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер Бранислав Лечиќ. Лечиќ (68) е популарен српски глумец, кој беше обвинет за силување од страна на српската актерка Даниела Штајнфелд. Подоцна Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрли кривичната пријава против Лечиќ.
Ние уште во 2018 година го почнавме процесот околу номинацијата на Лечиќ за добитник на наградата, бидејќи така оди тоа со Фестивалите. Кога во 2020 беше обвинението, ние го прекинавме процесот. Двапати го одбивме Лечиќ, и кога тој доби ослободителната пресуда, решивме, како Фестивал, да ја добие наградата, изјави директорот на Фестивалот Јовановиќ.
Лечиќ ќе дојде во Скопје, на 12 октомври, на прес-конференцијата пред почетокот на „Киненова“, ќе присустува на доделувањето на наградата и во негова чест ќе биде прикажан филмот „Професионалец“.
Со изборот на филмовите кои ги имаме и во кратката програма и во официјалната имаме многу филмови кои обработуваат женски теми и прашања, филмови од женски авторки. Ние не судиме, си има суд за тоа, наградата е за неговото творештво, објасни Јовановиќ.
Македонската режисерка Елеонора Венинова, чиј дебитантски долгометражен филм „Преесконирано“ ќе биде во официјалната програма на „Киненова“ рече дека како жена, авторка и режисерка, не се согласува со одлуката на Фестивалот Лечиќ да биде добитник на наградата.
Главната селекција ја започнвме да ја градиме почнувајќи со два филма од годинешново Берлинале прикажани во Главната и програмата Панорама: „20.000 видови пчели“ на исклучителната баскијка Естибалиц Уресола Солагурен. Овој филм годинава е кандидат за Оскар на Шпанија, вклучен во 40. играни филмови кои се во трка за Европскиот оскар, а нејзиниот краток филм „Хорда“ исто така е во конкуренција за најдобар краток филм кандидат за Европската филмска награда и контроверзниот „Женствена“, на двоецот Сем Фриман и Нг Чон Пинг од Велика Британија, осведочени поборници за родовата еднаквост и правата на ЛГБТ заедницата, со своето деби за прославената драг кралица и уметница Афродита Бенкс соочена со нејзиниот кошмар и справувањето со него. Филм за кој се бараше карта повеќе на Берлинскиот фестивал, а потоа беше прикажан и во Монтреал, Единбург, Сараево итн. Единствениот македонски филм што ги предизвика нашите сетила и нашето внимание, а е во главната компетициска програма, е филмот „Преекспонирано“ на Елеоноира Венинова, филм кој диши со една сценаристичка и режисерска свежина и отвора нови дилеми за секоја атракција која е незаобиколна за нашето око и тело, рече Гене Теодосиевска, уметничка директорка на Фестивалот.
Теодосиевска рече дека во рамките на Киненова ќе бидат прикажани четири играни филма од најновата Полска кинематографија, а понудени како партнерска програма на Киненова и Вистула ФФ.
Годинава ќе ни гостува директорката на овој фестивал Малгорзата Скулска, познатиот режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален ументик Лех Мајевски со неговиот најнов игран филм Брижит Бардо, прекрасната и актерката филмот Опасен господин, Марта Ојрзинска. Останатите два филма се филмот на Јан Холубек 25 години невиност, случајот на Томек Коменда и филмот, рече Теодосиевска.
На денешната прес-конференција присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.
Големо задоволство ми е што сме селектирани во официјалната програма на МФФ Киненова бидејќи ова ќе биде првиот македонски фестивал на кој имаме официјална селекција за филмот, но и бидејќи во некои од поранешните изданија на Фестивалот работев и како предселектор на кратките филмови. Светската премиера на филмот се случи во ноември минатата година во Каиро, а во меѓувреме беше на уште десеттина фестивали. Следува учество на фестивал во Женева, Луксембург и на уште еден фестивал кој сеуште не ја објавил програмата, па не смеам да го споменам, истана Венинова, која подвлече дека особено и е драго што имаме Фестивал кој го слави првиот, вториот, па и третиот филм на режисерите затоа што навистина е тешко да се добие место, да се биде селектиран на некој Фестивал, рече Велинова.
Проекциите на сите филмови ќе се одвиваат во Синеплекс.  

The post „Киненова“ отвора со грчко-македонската копродукција „Зад стоговите сено“, Фестивалот му додели награда за особен придонес на Бранислав Лечиќ appeared first on Република.

]]>
Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора годинешното издание на МФФ Киненова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-proekcija-na-ista-krv-od-programata-boite-na-portugalija-se-zatvora-godineshnoto-izdanie-na-mff-kinenova/ Fri, 14 Oct 2022 06:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=560856

Годинашното издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија“ во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв“ (Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood) и „Табу“ (Tabu).

На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на т.н. новиот филм од шеесетите. Во последните две децении португалската кинематографија почна да доаѓа во центарот на европското и светското внимание, а во зората на новата есенска сезона Киненова донесе автори и филмови кои приредија вистинско позитивно изненадување.

Вечерва во Кинотеката е проекцијата на филмот „Иста крв“(Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood). Сценарио и режија Жоан Канижо (João Canijo). Улоги: Рита Бланко (Rita Blanco), Анабела Мореира (Anabela Moreira), Клеја Алмеида (Cleia Almeida).

Филмот прикажува обично семејство кое живее во предградието на Лисабон и гледа како спокојството на нивните животи се разнишува во рок од само една недела.

Прикажан е на повеќе фестивали, на кои е наградуван: CinEuphoria Awards 2012 – Absolute winner, Crossing Europe Filmfestival 2012 - New Vision Award, Golden Globes, Portugal 2012 – Best Film, Best Actor, San Sebastián International Film Festival 2011 – FIPRESCI prize.

Жоао Канижо е режисер и сценарист. Роден е на 10 декември 1957 година во Порто. Досега ги снимил филмовите „Иста крв“ (2011), „За љубовта“ (2013) и „Во темнината на ноќта“ (2004).
„Табу“ (Tabu), пак, е филм кој говори за една неуморна пензионерка која се здружува со слугинката на нејзиниот починат сосед за да побара човек кој има тајна врска со нејзиниот минат живот како сопственик на фарма во подножјето на планината „Табу“ во Африка.

Сценарио и режија Мигуел Гомеш (Miguel Gomes), улоги: Телмо Чуро (Telmo Churro), Мигуел Гомез, глас (Miguel Gomes, voice), Хортенсилио Акиња (Hortêncílio Aquina).

Филмот ја добил наградата на Фипресци во Берлин во 2012 година, French Syndicate of Cinema Critics 2013 - Critics Award, Las Palmas Film Festival 2012 – Audience award, Silver Lady Harimaguada и Portuguese Film Academy Sophia Awards 2013 – Best Film, Best Editing.
Мигуел Гомеш е режисер и сценарист. Роден е 1972 година во Лисабон, познат по филмовите „Арапски ноќи 2 и 3“ (2014, 2015), „Табу“ (2012) и „Нашиот омилен месец август“ (2008).

The post Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора годинешното издание на МФФ Киненова appeared first on Република.

]]>

Годинашното издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија“ во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв“ (Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood) и „Табу“ (Tabu). На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на т.н. новиот филм од шеесетите. Во последните две децении португалската кинематографија почна да доаѓа во центарот на европското и светското внимание, а во зората на новата есенска сезона Киненова донесе автори и филмови кои приредија вистинско позитивно изненадување. Вечерва во Кинотеката е проекцијата на филмот „Иста крв“(Sangue do Meu Sangue/Blood of My Blood). Сценарио и режија Жоан Канижо (João Canijo). Улоги: Рита Бланко (Rita Blanco), Анабела Мореира (Anabela Moreira), Клеја Алмеида (Cleia Almeida). Филмот прикажува обично семејство кое живее во предградието на Лисабон и гледа како спокојството на нивните животи се разнишува во рок од само една недела. Прикажан е на повеќе фестивали, на кои е наградуван: CinEuphoria Awards 2012 – Absolute winner, Crossing Europe Filmfestival 2012 - New Vision Award, Golden Globes, Portugal 2012 – Best Film, Best Actor, San Sebastián International Film Festival 2011 – FIPRESCI prize. Жоао Канижо е режисер и сценарист. Роден е на 10 декември 1957 година во Порто. Досега ги снимил филмовите „Иста крв“ (2011), „За љубовта“ (2013) и „Во темнината на ноќта“ (2004). „Табу“ (Tabu), пак, е филм кој говори за една неуморна пензионерка која се здружува со слугинката на нејзиниот починат сосед за да побара човек кој има тајна врска со нејзиниот минат живот како сопственик на фарма во подножјето на планината „Табу“ во Африка. Сценарио и режија Мигуел Гомеш (Miguel Gomes), улоги: Телмо Чуро (Telmo Churro), Мигуел Гомез, глас (Miguel Gomes, voice), Хортенсилио Акиња (Hortêncílio Aquina). Филмот ја добил наградата на Фипресци во Берлин во 2012 година, French Syndicate of Cinema Critics 2013 - Critics Award, Las Palmas Film Festival 2012 – Audience award, Silver Lady Harimaguada и Portuguese Film Academy Sophia Awards 2013 – Best Film, Best Editing. Мигуел Гомеш е режисер и сценарист. Роден е 1972 година во Лисабон, познат по филмовите „Арапски ноќи 2 и 3“ (2014, 2015), „Табу“ (2012) и „Нашиот омилен месец август“ (2008).

The post Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора годинешното издание на МФФ Киненова appeared first on Република.

]]>
„Анадолиски леопард“ на Емре Кајис, „Чичко“ на Капац и Мардешиќ и „Безгрешен“ на Моника Стан наградени на МФФ „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/anadoliski-leopard-na-emre-kajis-chichko-na-kapac-i-mardeshikj-i-bezgreshen-na-monika-stan-nagradeni-na-mff-kinenova/ Wed, 12 Oct 2022 06:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=559868

Жирито во состав Илдико Ењеди, унгарска режисерка и претседател на жирито, Аида Бегиќ, режисер и сценарист од Босна и Херцеговина, Паво Маринковиќ, режисер од Хрватска и уметнички директор на филмскиот фестивал во Пула, Симоне Стараче, режисер од Италија и директор на „Фантафестивал“ од Рим и Елеонора Венинова, македонска режисерка синоќа на свеченоста организирана во Кинотеката на Македонија ги соопшти годинашните добитници на наградите на МФФ Киненова.

Рекоа дека имале можност да погледнате навистина прекрасни 15 кратки филмови и исклучителни 8 долгометражни филмови и успеале да дојдат до консензус.

Главната награда ја доби филмот „Анадолиски леопард“ на режисерот Емре Кајис, кој прикажува еден поинаков свет, свет на пропуштени можности. Наградата за најголемо уметничко достигнување ја доделивме на филмот „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, која се одлучивме да ја доделиме заради навистина исклучителното уметничко достигнување во еден уникатен и конзистентен аудио-визуелен свет. Наградата за најдобар режисер ја доби романската режисерка Моника Стан за филмот „Безгрешен“, која симпатично ја долови емоцијата во филмот, соопштија членовите на жирито.

Во продолжение Аида Бегиќ го соопшти добитникот на специјалната награда во категоријата кратки филмови.

Специјалната награда ја доделивме за филмот „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска за нежниот и симпатичен портрет на извонредната протагонистка, рече Бегиќ.

Жирито се одлучи да награди уште два филма во категоријата кратки филмови.

Многу дебатиравме кој да ја добие оваа награда бидејќи конкуренцијата беше голема и на крајот одлучивме да ја поделиме и да ја добијат следниве два филма: „Нов Вавилон“ на режисерот Гидеон Ван Дер Стелт за одлично креираната магична тема на отуѓување и филмот „Три зрна сол“ на Ингрид Чикуи, за прекрасното нурнување во детскиот свет, соопшти Паво Маринковиќ.
Наградите кои годинава ги додели МФФ Киненова се дело на Димитар Филиповски, македонски скулптор, автор на поголем број на скулптури ширум Македонија. Филиповски завршил средно уметничко училиште во Скопје, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, на вајарски оддел, во класата на проф. Драган Попоски-Дада, а по дипломирањето извесен период работел во студиото на академик Томе Серафимовски.

Во 2004 година Филиповски ја доби наградата „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ, а од 2006 година работи како професор во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

The post „Анадолиски леопард“ на Емре Кајис, „Чичко“ на Капац и Мардешиќ и „Безгрешен“ на Моника Стан наградени на МФФ „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

Жирито во состав Илдико Ењеди, унгарска режисерка и претседател на жирито, Аида Бегиќ, режисер и сценарист од Босна и Херцеговина, Паво Маринковиќ, режисер од Хрватска и уметнички директор на филмскиот фестивал во Пула, Симоне Стараче, режисер од Италија и директор на „Фантафестивал“ од Рим и Елеонора Венинова, македонска режисерка синоќа на свеченоста организирана во Кинотеката на Македонија ги соопшти годинашните добитници на наградите на МФФ Киненова. Рекоа дека имале можност да погледнате навистина прекрасни 15 кратки филмови и исклучителни 8 долгометражни филмови и успеале да дојдат до консензус.
Главната награда ја доби филмот „Анадолиски леопард“ на режисерот Емре Кајис, кој прикажува еден поинаков свет, свет на пропуштени можности. Наградата за најголемо уметничко достигнување ја доделивме на филмот „Чичко“ на режисерскиот двоец Давид Капац и Андрија Мардешиќ, која се одлучивме да ја доделиме заради навистина исклучителното уметничко достигнување во еден уникатен и конзистентен аудио-визуелен свет. Наградата за најдобар режисер ја доби романската режисерка Моника Стан за филмот „Безгрешен“, која симпатично ја долови емоцијата во филмот, соопштија членовите на жирито.
Во продолжение Аида Бегиќ го соопшти добитникот на специјалната награда во категоријата кратки филмови.
Специјалната награда ја доделивме за филмот „Обичната Ели“ на режисерката Лавинија Софрониевска за нежниот и симпатичен портрет на извонредната протагонистка, рече Бегиќ.
Жирито се одлучи да награди уште два филма во категоријата кратки филмови. Многу дебатиравме кој да ја добие оваа награда бидејќи конкуренцијата беше голема и на крајот одлучивме да ја поделиме и да ја добијат следниве два филма: „Нов Вавилон“ на режисерот Гидеон Ван Дер Стелт за одлично креираната магична тема на отуѓување и филмот „Три зрна сол“ на Ингрид Чикуи, за прекрасното нурнување во детскиот свет, соопшти Паво Маринковиќ. Наградите кои годинава ги додели МФФ Киненова се дело на Димитар Филиповски, македонски скулптор, автор на поголем број на скулптури ширум Македонија. Филиповски завршил средно уметничко училиште во Скопје, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, на вајарски оддел, во класата на проф. Драган Попоски-Дада, а по дипломирањето извесен период работел во студиото на академик Томе Серафимовски. Во 2004 година Филиповски ја доби наградата „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ, а од 2006 година работи како професор во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.

The post „Анадолиски леопард“ на Емре Кајис, „Чичко“ на Капац и Мардешиќ и „Безгрешен“ на Моника Стан наградени на МФФ „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
Првите филмови на Михаел Ханеке на „Киненова” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prvite-filmovi-na-mihael-haneke-na-kinenova/ Tue, 11 Oct 2022 09:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=559629

Во Кинотеката на Македонија синоќа свечено беше отворена програмата „Посветено на Михаел Ханеке“ која фестивалот ја реализира во соработка со Амбасадата на Австрија.

Пред присутните се обрати амбасадорот, Георг Вуцас, кој се осврна на творештвото и животниот пат на истакнатиот австриски режисер и сценарист.

Почестени сме и мошне горди што МФФ Киненова ќе прикаже три филмови на Михаел Ханеке. Станува збор за филмовите „The Seventh Continent“, „Funny Games“ и „Benny`s video“. Се заблагодарувам на иницијативата на фестивалот да се реализира оваа програма во чест на Ханеке, да се понуди фокус на Австрија и да се прикажат квалитетни австриски филмови на македонските вљубеници во филмската уметност, истакна Вуцас.

Михаел Ханеке е австриски режисер и сценарист, којшто со своите први филмови, психо драми, трилери и хорори ја освои помладата, а потоа и повозрасната публика, која преферира сериозен филмски израз. Филмските стории што ни ги нуди Ханеке, обилуваат со збунувачка таинственост, со математички дигресии во очекуваното, темни агли на безумието, но и деликатна нежност, сексуална фрустрација и сето тоа „спакувано“ во изненадувачки спокоен филмски пејзаж. Тој преку филмската уметност не „слика“ сите нас, преку една соба отсликува цело општество, преку еден лик, цел еден род.

The post Првите филмови на Михаел Ханеке на „Киненова” appeared first on Република.

]]>

Во Кинотеката на Македонија синоќа свечено беше отворена програмата „Посветено на Михаел Ханеке“ која фестивалот ја реализира во соработка со Амбасадата на Австрија. Пред присутните се обрати амбасадорот, Георг Вуцас, кој се осврна на творештвото и животниот пат на истакнатиот австриски режисер и сценарист.
Почестени сме и мошне горди што МФФ Киненова ќе прикаже три филмови на Михаел Ханеке. Станува збор за филмовите „The Seventh Continent“, „Funny Games“ и „Benny`s video“. Се заблагодарувам на иницијативата на фестивалот да се реализира оваа програма во чест на Ханеке, да се понуди фокус на Австрија и да се прикажат квалитетни австриски филмови на македонските вљубеници во филмската уметност, истакна Вуцас.
Михаел Ханеке е австриски режисер и сценарист, којшто со своите први филмови, психо драми, трилери и хорори ја освои помладата, а потоа и повозрасната публика, која преферира сериозен филмски израз. Филмските стории што ни ги нуди Ханеке, обилуваат со збунувачка таинственост, со математички дигресии во очекуваното, темни агли на безумието, но и деликатна нежност, сексуална фрустрација и сето тоа „спакувано“ во изненадувачки спокоен филмски пејзаж. Тој преку филмската уметност не „слика“ сите нас, преку една соба отсликува цело општество, преку еден лик, цел еден род.  

The post Првите филмови на Михаел Ханеке на „Киненова” appeared first on Република.

]]>
Жири на МФФ Киненова: Режисерите треба да прават филмови какви што сакаат, а не за да ги задоволат очекувањата од публиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ziri-na-mff-kinenova-reziserite-treba-da-pravat-filmovi-kakvi-shto-sakaat-a-ne-za-da-gi-zadovolat-ochekuvanjata-od-publikata/ Mon, 10 Oct 2022 13:15:13 +0000 https://republika.mk/?p=559479

МФФ Киненова денеска ги претстави членовите на жирито кое ќе одлучува за наградите кои ги доделува фестивалот во главната селекција и во програмата за кратките филмови.

Претседател на жирито е унгарската режисерка Илдико Ењеди, а членови се Аида Бегиќ, режисер и сценарист од Босна и Херцеговина, Паво Маринковиќ, режисер од Хрватска и уметнички директор на филмскиот фестивал во Пула, Симоне Стараче, режисер од Италија и директор на „Фантафестивал“ кој се одржува во Рим и Елеонора Венинова, македонска режисерка.

Она што најмногу го сакам во нашата професија е што ние сме како земјоделци, ја ораме земјата, ја обработуваме, некогаш тоа е тешка физичка работа, а крајниот резултат, ако добро сме сработиле е деликатно израснат, исто како едно растение. За еден режисер неопходно е да биде прагматичен. Во таа смисла и онаа моја споредба со земјоделци, бидејќи некогаш мора да брзате затоа што надоаѓа лошо време, бура, а претходно треба да го жнеете житото, а некогаш треба и да чекате долго време за некои работи да вродат со плод. Мораме да ги искористиме сите алатки што ни се на располагање и да се прилагодуваме. Јас сум многу страствен учител, и моите студенти не ги учам многу, туку работиме заедно како колеги. Имаше 9 добри години во унгарската кинематографија, имаше буџети, меѓународни копродукции, имаше храбри филмови, но сега контекстот е поинаков. Но, никогаш не е лесно. Мислам дека несигурноста секаде е иста. За да се биде млад независен режисер е подобро да работите во Европа, во однос на кадар, фондови...додека во САД може да ви се посреќи и да успеете, но и многу од талентите ја немаат таа среќа да си го покажат талентот, рече Ењеди.

За Аида Бегиќ, основната разлика е начинот на финансирање.

Прашањето е за кого го правиме тоа? Дали правиме нешто што ќе циркулира на фестивалите? Или за нас? Но, тука постои и еден ограничкувачки фактор кој ви кажува кога да го направите крајот и како да го направите крајот на филмот. Понекогаш во Европа во овој круг на финансирање, авторите се ставаат на второ место. Оваа „пандемија“ зазема големи размери и мислам дека ни треба голема револуција за тоа да го промениме. За мене тоа е фрустрирачки. Заморен ми е процесот долги години да се објаснувам себе си и својата работа. Затоа мојот прв филм „Снег“ е целосно мој филм, го направив сосема независно. Првиот услов за независност на режисерот е тоа што не се инвестира доволно во културата, немате доволно домашна поддршка. Морате внимателно да ги изберете своите соработници, луѓе со кои сакате да работите, бидејќи станува збор за комплексен процес. Режисерите треба да прават онакви филмови какви што сакаат, а не за да ги задоволат очекувањата од публиката, вели Бегиќ.

Паво Маринкович раскажа дека во Хрватска се вложува во филмската индустрија, обуки и слично, но немале некои големи успеси, не беа номинирани за „Оскар“...

Добивме грантови, но почна пандемијата и тие не можеа да почнат да снимаат. Имавме опасност и да немаме доволно филмови, одевме и ги молевме луѓето да ги довршат филмовите. Но, од друга страна индустријата застана. Можете да имате одличен филм, но немате каде да го пласирате. Сега сите снимаат филмови, а во Берлин и во Венеција не може да изберат два филма кои доаѓаат од просторите на поранешна Југославија, ќе изберат еден. Нема да дојдат 7 фантастични филмови од Хрватска кои ќе го добијат меѓународното внимание. На пример, на фестивалот во Пула има две проекции и на првата, Арената во Пула е преполна, а на втората се преполовува публиката. И во тие фестивалски денови режисерите постојано ме демнат за да лобираат чиј филм да биде на првата проекција, а чиј на втората. Тоа лудило, гледам многу уметници кои се мачат за да го продадат својот филм. Ковидот навистина направи еден дисбаланс во филмската индустрија и мора што побргу тоа да се врати во првобитната состојба, вели Маринковиќ.

Симоне Стараче организира фестивал на филмови од областа на научната фантастика и вели дека тие се многу важни, бидејќи се јавуваат нова генерација режисери кои се фанови на овие филмови.

Повеќето од филмовите на нашиот фестивал даваат еден мета осврт, класична приказна, еден вид италијански одговор на американските филмови. Фестивалот постои од 1991 година, доста е познат во Италија и има и постара публика, но се појавува и млада публика. Некогаш тие разговараат со режисерите, актерите, се интересираат и тоа не радува, рече Стараче.

The post Жири на МФФ Киненова: Режисерите треба да прават филмови какви што сакаат, а не за да ги задоволат очекувањата од публиката appeared first on Република.

]]>

МФФ Киненова денеска ги претстави членовите на жирито кое ќе одлучува за наградите кои ги доделува фестивалот во главната селекција и во програмата за кратките филмови. Претседател на жирито е унгарската режисерка Илдико Ењеди, а членови се Аида Бегиќ, режисер и сценарист од Босна и Херцеговина, Паво Маринковиќ, режисер од Хрватска и уметнички директор на филмскиот фестивал во Пула, Симоне Стараче, режисер од Италија и директор на „Фантафестивал“ кој се одржува во Рим и Елеонора Венинова, македонска режисерка.
Она што најмногу го сакам во нашата професија е што ние сме како земјоделци, ја ораме земјата, ја обработуваме, некогаш тоа е тешка физичка работа, а крајниот резултат, ако добро сме сработиле е деликатно израснат, исто како едно растение. За еден режисер неопходно е да биде прагматичен. Во таа смисла и онаа моја споредба со земјоделци, бидејќи некогаш мора да брзате затоа што надоаѓа лошо време, бура, а претходно треба да го жнеете житото, а некогаш треба и да чекате долго време за некои работи да вродат со плод. Мораме да ги искористиме сите алатки што ни се на располагање и да се прилагодуваме. Јас сум многу страствен учител, и моите студенти не ги учам многу, туку работиме заедно како колеги. Имаше 9 добри години во унгарската кинематографија, имаше буџети, меѓународни копродукции, имаше храбри филмови, но сега контекстот е поинаков. Но, никогаш не е лесно. Мислам дека несигурноста секаде е иста. За да се биде млад независен режисер е подобро да работите во Европа, во однос на кадар, фондови...додека во САД може да ви се посреќи и да успеете, но и многу од талентите ја немаат таа среќа да си го покажат талентот, рече Ењеди.
За Аида Бегиќ, основната разлика е начинот на финансирање.
Прашањето е за кого го правиме тоа? Дали правиме нешто што ќе циркулира на фестивалите? Или за нас? Но, тука постои и еден ограничкувачки фактор кој ви кажува кога да го направите крајот и како да го направите крајот на филмот. Понекогаш во Европа во овој круг на финансирање, авторите се ставаат на второ место. Оваа „пандемија“ зазема големи размери и мислам дека ни треба голема револуција за тоа да го промениме. За мене тоа е фрустрирачки. Заморен ми е процесот долги години да се објаснувам себе си и својата работа. Затоа мојот прв филм „Снег“ е целосно мој филм, го направив сосема независно. Првиот услов за независност на режисерот е тоа што не се инвестира доволно во културата, немате доволно домашна поддршка. Морате внимателно да ги изберете своите соработници, луѓе со кои сакате да работите, бидејќи станува збор за комплексен процес. Режисерите треба да прават онакви филмови какви што сакаат, а не за да ги задоволат очекувањата од публиката, вели Бегиќ.
Паво Маринкович раскажа дека во Хрватска се вложува во филмската индустрија, обуки и слично, но немале некои големи успеси, не беа номинирани за „Оскар“...
Добивме грантови, но почна пандемијата и тие не можеа да почнат да снимаат. Имавме опасност и да немаме доволно филмови, одевме и ги молевме луѓето да ги довршат филмовите. Но, од друга страна индустријата застана. Можете да имате одличен филм, но немате каде да го пласирате. Сега сите снимаат филмови, а во Берлин и во Венеција не може да изберат два филма кои доаѓаат од просторите на поранешна Југославија, ќе изберат еден. Нема да дојдат 7 фантастични филмови од Хрватска кои ќе го добијат меѓународното внимание. На пример, на фестивалот во Пула има две проекции и на првата, Арената во Пула е преполна, а на втората се преполовува публиката. И во тие фестивалски денови режисерите постојано ме демнат за да лобираат чиј филм да биде на првата проекција, а чиј на втората. Тоа лудило, гледам многу уметници кои се мачат за да го продадат својот филм. Ковидот навистина направи еден дисбаланс во филмската индустрија и мора што побргу тоа да се врати во првобитната состојба, вели Маринковиќ.
Симоне Стараче организира фестивал на филмови од областа на научната фантастика и вели дека тие се многу важни, бидејќи се јавуваат нова генерација режисери кои се фанови на овие филмови.
Повеќето од филмовите на нашиот фестивал даваат еден мета осврт, класична приказна, еден вид италијански одговор на американските филмови. Фестивалот постои од 1991 година, доста е познат во Италија и има и постара публика, но се појавува и млада публика. Некогаш тие разговараат со режисерите, актерите, се интересираат и тоа не радува, рече Стараче.

The post Жири на МФФ Киненова: Режисерите треба да прават филмови какви што сакаат, а не за да ги задоволат очекувањата од публиката appeared first on Република.

]]>
„Фокус на Ирска“ на Киненова: „100 години од Улис“- филм за една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fokus-na-irska-na-kinenova-100-godini-od-ulis-film-za-edna-od-najneprobojnite-i-eksplozivni-knigi-na-modernoto-vreme/ Mon, 10 Oct 2022 06:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=559224

Откако минатата година на МФФ Киненова за прв пат беше претставена ирската кинематографија, годинава соработката продолжи со програмата „ Фокус на Ирска“ која се реализира во соработка со Амбасадата на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија.

Исклучителна можност за љубителите на филмската уметност беше синоќешната проекција на нов документарен филм, насловен „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време - „Улис“ од Џејмс Џојс.

Режија/Director: Руан Маган (Ruán Magan), Сценарио/Screenplay: Френк Каланан (Frank Callanan), Руан Маган (Ruán Magan), Улоги/cast: Питер Кунан (Peter Coonan), Ристерд Купер (Risteard Cooper), Тим Крид (Tim Creed).

По повод 100-годишнината од нејзиното објавување, на 3-ти февруари 2022 година RTÉ 1 го емитуваше „100 години од Улис“, новиот документарен филм потпишан од историчарот Френк Каланан и режисерот Руан Маган, кој има за цел да ја отклучи една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време. Низ интервјуа со писатели и научници, вклучувајќи ги Ејмеар Мекбрајд, Пол Мулдун, Џон МекКурт и Маргарет О’ Калаган, со употреба на архивски филм и фотографии, новонарачани уметнички дела од Џес Тобин, Брајан Лалор и Холи Переира и прекрасна оригинална музика од Наташа Полберг, овој филм ги носи гледачите на просветлувачко патување во срцето на еден од најинспиративните и највлијателните романи, откривајќи како тој остана релевантен до денешен ден.

Руан Маган е наградуван сценарист, режисер и продуцент чија работа на драмата, и документарните филмови допре до милионска публика низ целиот свет. Тој е познат по документарните филмови „Ангел“ (2012), „Ирската револуција“ (2019) и „Глад“ (2020).

The post „Фокус на Ирска“ на Киненова: „100 години од Улис“- филм за една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време appeared first on Република.

]]>

Откако минатата година на МФФ Киненова за прв пат беше претставена ирската кинематографија, годинава соработката продолжи со програмата „ Фокус на Ирска“ која се реализира во соработка со Амбасадата на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија. Исклучителна можност за љубителите на филмската уметност беше синоќешната проекција на нов документарен филм, насловен „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време - „Улис“ од Џејмс Џојс. Режија/Director: Руан Маган (Ruán Magan), Сценарио/Screenplay: Френк Каланан (Frank Callanan), Руан Маган (Ruán Magan), Улоги/cast: Питер Кунан (Peter Coonan), Ристерд Купер (Risteard Cooper), Тим Крид (Tim Creed). По повод 100-годишнината од нејзиното објавување, на 3-ти февруари 2022 година RTÉ 1 го емитуваше „100 години од Улис“, новиот документарен филм потпишан од историчарот Френк Каланан и режисерот Руан Маган, кој има за цел да ја отклучи една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време. Низ интервјуа со писатели и научници, вклучувајќи ги Ејмеар Мекбрајд, Пол Мулдун, Џон МекКурт и Маргарет О’ Калаган, со употреба на архивски филм и фотографии, новонарачани уметнички дела од Џес Тобин, Брајан Лалор и Холи Переира и прекрасна оригинална музика од Наташа Полберг, овој филм ги носи гледачите на просветлувачко патување во срцето на еден од најинспиративните и највлијателните романи, откривајќи како тој остана релевантен до денешен ден. Руан Маган е наградуван сценарист, режисер и продуцент чија работа на драмата, и документарните филмови допре до милионска публика низ целиот свет. Тој е познат по документарните филмови „Ангел“ (2012), „Ирската револуција“ (2019) и „Глад“ (2020).

The post „Фокус на Ирска“ на Киненова: „100 години од Улис“- филм за една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време appeared first on Република.

]]>
Програма „Вистула“ на „Киненова“: „Враќање во тие денови“ на Конрад Аксинович е филм што би можел да го смени светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/programa-vistula-na-kinenova-vrakjanje-vo-tie-denovi-na-konrad-aksinovich-e-film-shto-bi-mozel-da-go-smeni-svetot/ Sun, 09 Oct 2022 10:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=559005

Со проекција на филмот „Враќање во тие денови“ во режија на Конрад Аксинович во Кинотеката на Македонија беше означен почетокот на програмата „Вистула“ на „Киненова“. Станува збор за соработка меѓу МФФ Киненова и полскиот фестивал „Вистула“, кој носи нова свежина со избраните наслови од највредната полска продукција.

Се надевам дека првите проекции на фестивалот „Вистула“ во Македонија ќе бидат убав почеток на една нова традиција, а насловите што ги одбравме ќе одговараат на вкусовите на вашите гледачи, бидејќи се грижиме за жанровската и тематската разновидност на репертоарот, така што убедена сум дека секој љубител на доброто кино треба ќе најде нешто за себе. За да ги исполниме очекувањата на македонската публика, избравме една од највредните полски продукции и вложивме максимални напори да подготвиме најразновиден репертоар, вели во својата порака директорката на „Вистула“, Малгоржата Шлаговска-Скулска

Драмата „Враќање во тие денови“ е автобиографски филм во кој дознаваме за семејната историја на 14-годишниот Томек, чиј татко се враќа по години емиграција од САД. Режија и сценарио: Конрад Аксинович (Konrad Aksinowicz), улоги: Мачиеј Стухр (Maciej Stuhr), Вероника Кшиазкиевич (Weronika Ksiazkiewicz), Теодор Кожар (Teodor Koziar) .

Првата верзија на сценариото ја напишав пред 10 години во пет дена. Според тоа сценарио филмот би траел три часа, не бев во состојба да го снимам и го ставив во фиока. Во 2015 го скратив сценариото и ја направив оваа верзија што ја гледавте вечерва. Го правев за себе и затоа го снимав на игралиштето каде што пораснав, сцената во која мајката му фрла сендвич на детето е мојот прозорец каде што живеев, поканив 30 пријатели од детството кои се статисти во филмот, а трите жени кои ги продаваат торбите се: првата сопруга на татко ми, мајка ми и неговата нова девојка. Да ги собереш на едно место сите овие луѓе кои не се виделе триесеттина години е вистински благослов. Деновиве филмот го гледаа педесеттина деца од 15 години и беа трогнати. Некои од нив доаѓаа и ме прегрнуваа бидејќи имале слично искуство како моето и истовремено беа среќни што не се сами во ова. За мене тоа е најголемото признание и среќен сум што има голем ефект во различни држави, зошто додека го снимав не бев свесен дека така ќе делува на публиката, рече режисерот Аксинович.

Томек живее сам со неговата мајка. Сакајќи да ја подобри финансиската ситуација на семејството, неговиот татко заминува во САД. Неочекувано, тој се враќа дома со куп подароци, но не ја објаснува причината за неговото враќање. На прв поглед сите изгледаат среќни, но има нешто вознемирувачко во ситуацијата...

Пред една недела имаше проекција во Париз и една повозрасна госпоѓа ми рече дека во осумдесеттите години овој филм би бил прикажан на националната телевизија во ударен термин и би можел да го смени светот. Како режисер секогаш сакам да правам филмови кои им значат на луѓето. Ме прави среќен што во последно време во киносалите се прикажуваат терапевтски филмови. Долги години бев заклучен, но додека го правев филмот адреналинот беше поголем од емоциите, зошто кога правите филм никогаш не знаете која емоција ќе удри, исто како да сте во ринг-не знаете од каде ќе ви биде зададен удар, раскажа Аксинович.

Роден е 1978 година во Вроцлав и на него најголемо влијание имале три феномени на осумдесеттите години: „Војна на ѕвездите“, ЛЕГО коцки и „Мапет шоу“. Во 1985 година проекцијата на „Враќање на Џедај“, шестиот дел од „Војни на ѕвездите“ предизвикала неповратни промени во животот на Конрад, благодарение на кои тој поверувал дека филмските галаксии се најдоброто место за негова иднина.

Имам идеја за научно-фантастичен филм, но за тоа треба голем буџет и во Полска не се снимаат такви филмови. Исто така сакам да снимам филм за еден рок бенд и во моментов работам на авторските права за нивната музика, откри Аксинович.

The post Програма „Вистула“ на „Киненова“: „Враќање во тие денови“ на Конрад Аксинович е филм што би можел да го смени светот appeared first on Република.