Кинемое Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinemoe/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Mar 2023 13:56:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кинемое Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kinemoe/ 32 32 Промовирана „Кинемое“ – новата платформа за македонска продукција https://arhiva3.republika.mk/scena/film/promovirana-kinemoe-novata-platforma-za-makedonska-produktsija/ Thu, 02 Mar 2023 13:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=615141

Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“... Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, изјави Јани Бојаџи, продуцент, сценарист и режисер на македонската серија „Бистра вода“, која премиерно ќе биде прикажана на 5 март на ТВ Алфа.

Денеска на прес-конференција во Скопје беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“.

Бојаџи рече дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности.

Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста.

Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера.

Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови, додека прв асистент на режијата е Никола Поповски.

Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „Кинемое“.

The post Промовирана „Кинемое“ – новата платформа за македонска продукција appeared first on Република.

]]>

Светот ги има „Нетфликс“, „Хулу“, „Амазон“... Ние не смееме да изостануваме. Македонија е дел од светот. „Кинемое“ е платформа со амбиција да биде македонскиот „Нетфликс“, да биде само за македонски документарци, подкасти, серии и така натаму. Нема да биде лесно, но сакаме ова да го истераме до крај, изјави Јани Бојаџи, продуцент, сценарист и режисер на македонската серија „Бистра вода“, која премиерно ќе биде прикажана на 5 март на ТВ Алфа. Денеска на прес-конференција во Скопје беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“. Бојаџи рече дека проектот „Кинемое“ треба да биде поттик за нови медиумски можности. Тој најави и нови проекти, а меѓу нив и „ситком“ серија во американски стил, во која, како што најави, ќе играат и актери добро познати на јавноста. Еден од глумците во „Бистра вода“, Зоран Љутков посочи оти бил изненаден од младите актери во серијата, за кои смета дека ги очекува блескава кариера. Ко-продуцент и извршен продуцент на серијата е Дејан Милошевски, според кога осумнаесетте епизоди на „Бистра вода“ се како 18 филмови, додека прв асистент на режијата е Никола Поповски. Од 5 март, „Бистра вода“ ќе се емитува на телевизија, како и на платформата „Кинемое“.

The post Промовирана „Кинемое“ – новата платформа за македонска продукција appeared first on Република.

]]>