кина - тајван Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kina-tajvan/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Apr 2023 06:18:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кина - тајван Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kina-tajvan/ 32 32 Макрон смета дека Европа не смее да ги следи САД и Кина во однос на Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-smeta-deka-evropa-ne-smee-da-gi-sledi-sad-i-kina-vo-odnos-na-tajvan/ Mon, 10 Apr 2023 06:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=629194

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не е во интерес на Европа да ескалира кризата околу Тајван и оти треба да продолжи со стратегија која е независна и од Вашингтон и од Пекинг.

Макрон викендов се врати од тридневната државна посета на Кина, каде што беше срдечно пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кина во саботата почна воени вежби во близина на Тајван, како остра реакција на средбата на тајванскиот претседател Цаи Инг-вен со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во средата.

Макрон, во заедничко интервју за „Лес Екос“ и „Политико“ за време на посетата на Кина, рече дека Европа не треба да го заострува конфликтот околу Тајван, туку да се обиде да изгради сопствена позиција како трет пат меѓу Кина и САД.

Најлошото нешто би било да се мисли дека ние Европејците треба да бидеме следбеници во ова прашање и да се приспособиме на американскиот ритам или кинеското претерување, изјави францускиот претседател.

Европа мора повеќе да ја финансира својата одбранбена индустрија, да развие нуклеарна и обновлива енергија и да ја намали зависноста од американскиот долар за да ја ограничи зависноста од САД, рече тој.

The post Макрон смета дека Европа не смее да ги следи САД и Кина во однос на Тајван appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не е во интерес на Европа да ескалира кризата околу Тајван и оти треба да продолжи со стратегија која е независна и од Вашингтон и од Пекинг. Макрон викендов се врати од тридневната државна посета на Кина, каде што беше срдечно пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг. Кина во саботата почна воени вежби во близина на Тајван, како остра реакција на средбата на тајванскиот претседател Цаи Инг-вен со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во средата. Макрон, во заедничко интервју за „Лес Екос“ и „Политико“ за време на посетата на Кина, рече дека Европа не треба да го заострува конфликтот околу Тајван, туку да се обиде да изгради сопствена позиција како трет пат меѓу Кина и САД.
Најлошото нешто би било да се мисли дека ние Европејците треба да бидеме следбеници во ова прашање и да се приспособиме на американскиот ритам или кинеското претерување, изјави францускиот претседател.
Европа мора повеќе да ја финансира својата одбранбена индустрија, да развие нуклеарна и обновлива енергија и да ја намали зависноста од американскиот долар за да ја ограничи зависноста од САД, рече тој.

The post Макрон смета дека Европа не смее да ги следи САД и Кина во однос на Тајван appeared first on Република.

]]>
За Тајван војна со Кина „не е опција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-tajvan-vojna-so-kina-ne-e-opcija/ Mon, 10 Oct 2022 06:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=559206

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен денеска најави дека зајакнување на воената способност на Тајван, но и оти воената конфронтација меѓу Пекинг и Тајпеј „не е опција“.

„Сакам да им појаснам на властите во Пекинг дека вооружената конфронтација апсолутно не е опција за нашите две страни“, истакна таа во обраќањето по повод Денот на нацијата, но нагласи дека Тајван ќе продолжи да ги зајакнува своие одбранбени капацитети како и оти островот „ќе ја преземе одговорноста за сопствената самоодбрана“.

Во насока на обезбедување потполна подготвеност за одговор на растечките воени закани, Тајван ќе го зголеми производството на современи ракетни орудија и воени бродови со високи перформанси, како и помали, но лесно подвижни системи и орудија за одбрана со висока прецизност.

Тајванската претседателка уште најави интензивирање и подигање на квалитетот на воената обука и усовршување на програмите за обука на воените резерви.

Што се однесува на прашањето околу војната на Русија против Украина и армиските активности на Кина во Јужното Море, Источното Кинеско Море и Тајванскиот теснец, таа рече дека тоа се потези што ги поткопуваат правилата врз кои се заснова меѓународниот поредок.

Обраќањето на Цаи доаѓа во услови на растечки регионални тензии со Кина. Посетата на претседателката на Конгресот на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј на почетокот на август, беше оквалификувана како провокација од страна на Кина, чија армија веднаш потоа организираше и спроведе големи воени вежби и маневри во непосредна близина на Тајван.

Пекинг одбива официјални меѓусебни контакти и го смета Тајван за дел на Кина, заканувајќи се дека и ќе го заземе островот и по пат на сила доколку тоа биде потребно.

The post За Тајван војна со Кина „не е опција“ appeared first on Република.

]]>

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен денеска најави дека зајакнување на воената способност на Тајван, но и оти воената конфронтација меѓу Пекинг и Тајпеј „не е опција“.
„Сакам да им појаснам на властите во Пекинг дека вооружената конфронтација апсолутно не е опција за нашите две страни“, истакна таа во обраќањето по повод Денот на нацијата, но нагласи дека Тајван ќе продолжи да ги зајакнува своие одбранбени капацитети како и оти островот „ќе ја преземе одговорноста за сопствената самоодбрана“.
Во насока на обезбедување потполна подготвеност за одговор на растечките воени закани, Тајван ќе го зголеми производството на современи ракетни орудија и воени бродови со високи перформанси, како и помали, но лесно подвижни системи и орудија за одбрана со висока прецизност. Тајванската претседателка уште најави интензивирање и подигање на квалитетот на воената обука и усовршување на програмите за обука на воените резерви. Што се однесува на прашањето околу војната на Русија против Украина и армиските активности на Кина во Јужното Море, Источното Кинеско Море и Тајванскиот теснец, таа рече дека тоа се потези што ги поткопуваат правилата врз кои се заснова меѓународниот поредок. Обраќањето на Цаи доаѓа во услови на растечки регионални тензии со Кина. Посетата на претседателката на Конгресот на САД, Ненси Пелоси на Тајпеј на почетокот на август, беше оквалификувана како провокација од страна на Кина, чија армија веднаш потоа организираше и спроведе големи воени вежби и маневри во непосредна близина на Тајван. Пекинг одбива официјални меѓусебни контакти и го смета Тајван за дел на Кина, заканувајќи се дека и ќе го заземе островот и по пат на сила доколку тоа биде потребно.

The post За Тајван војна со Кина „не е опција“ appeared first on Република.

]]>
Кина експресно побара САД да ја откажат продажбата на оружје за Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-ekspresno-pobara-sad-da-ja-otkazat-prodazbata-na-oruzje-za-tajvan/ Sat, 03 Sep 2022 09:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=547037

Кина синоќа им се закани на САД со „контра-мерки“ доколку не се откажат од штотуку најавената продажба на оружје на Тајван, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон.

Кина ќе преземе решителни легитимни и неопходни контрамерки со оглед на ситуацијата, рече портпаролот Лиу Пенџи.

Американската администрација претходно синоќа соопшти дека на Тајван ќе му продаде оружје во вредност од 1,09 милијарди долари.

Стејт департментот соопшти дека станува збор за ракети воздух-море Харпун, ракети воздух-воздух Сајдвиндер и, во најголем дел, пакет за логистичка поддршка за програмата за радарско набљудување на Тајван.

Стејт департментот соопшти дека опремата му е потребна на Тајван за да „одржи доволна способност за самоодбрана“. Администрацијата синоќа го извести Конгресот за продажбата.

Директорката на Белата куќа за Кина и Тајван, Лаура Розенберг доцна синоќа изјави дека додека Пекинг продолжува да го зголемува притисокот, вклучително и зголеменото воено воздушно и поморско присуство околу Тајван и додека се обидува да го промени статус квото во Тајванскиот теснец, САД на овој остров му го обезбедуваат сето тоа што му е потребно за „да се одржат неговите способности за самоодбрана“.

The post Кина експресно побара САД да ја откажат продажбата на оружје за Тајван appeared first on Република.

]]>

Кина синоќа им се закани на САД со „контра-мерки“ доколку не се откажат од штотуку најавената продажба на оружје на Тајван, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон.
Кина ќе преземе решителни легитимни и неопходни контрамерки со оглед на ситуацијата, рече портпаролот Лиу Пенџи.
Американската администрација претходно синоќа соопшти дека на Тајван ќе му продаде оружје во вредност од 1,09 милијарди долари. Стејт департментот соопшти дека станува збор за ракети воздух-море Харпун, ракети воздух-воздух Сајдвиндер и, во најголем дел, пакет за логистичка поддршка за програмата за радарско набљудување на Тајван. Стејт департментот соопшти дека опремата му е потребна на Тајван за да „одржи доволна способност за самоодбрана“. Администрацијата синоќа го извести Конгресот за продажбата. Директорката на Белата куќа за Кина и Тајван, Лаура Розенберг доцна синоќа изјави дека додека Пекинг продолжува да го зголемува притисокот, вклучително и зголеменото воено воздушно и поморско присуство околу Тајван и додека се обидува да го промени статус квото во Тајванскиот теснец, САД на овој остров му го обезбедуваат сето тоа што му е потребно за „да се одржат неговите способности за самоодбрана“.

The post Кина експресно побара САД да ја откажат продажбата на оружје за Тајван appeared first on Република.

]]>
САД подготвени да одобрат продажба на оружје за Тајван во вредност од 1,1 милијарда долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-podgotveni-da-odobrat-prodazba-na-oruzje-za-tajvan-vo-vrednost-od-1-1-milijarda-dolari/ Sat, 03 Sep 2022 07:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=546994

Американската администрација е подготвена на Тајван да му продаде оружје во вредност од над една милијарда долари, бидејќи тензиите меѓу САД и Кина се зголемуваат околу статусот на овој автономен остров, наведуваат американски официјални претставници запознаени со ова прашање.

Продажбата на оружје од 1,09 милијарда долари вклучува ракети воздух-море „Харпун“ за 355 милиони долари и ракети воздух-воздух „Сајдвиндер“ за 85 милиони долари, соопштија официјални лица.

Тие додаваат дека најголемиот дел од 655 милиони долари биле за пакет логистичка поддршка за тајванската радарска програма за надзор, што обезбедува рано предупредување на противвоздушната одбрана.

Системите за рано предупредување на противвоздушната одбрана станаа поважни бидејќи Кина ги засили воените вежби во близина на Тајван, за кој тврди дека е нејзина провинција.

Американската администрација синоќа требаше да го извести Конгресот за продажбата на оружјето, соопштија официјални лица. Се очекува Конгресот да соопшти дека договорите се во согласност со американската политика за една Кина и во согласност со посветеноста на САД за одбрана на Тајван.

Тензиите и острата реторика меѓу САД и Кина за Тајван значително се зголемија откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на почетокот на минатиот месец го посети островот.

The post САД подготвени да одобрат продажба на оружје за Тајван во вредност од 1,1 милијарда долари appeared first on Република.

]]>

Американската администрација е подготвена на Тајван да му продаде оружје во вредност од над една милијарда долари, бидејќи тензиите меѓу САД и Кина се зголемуваат околу статусот на овој автономен остров, наведуваат американски официјални претставници запознаени со ова прашање. Продажбата на оружје од 1,09 милијарда долари вклучува ракети воздух-море „Харпун“ за 355 милиони долари и ракети воздух-воздух „Сајдвиндер“ за 85 милиони долари, соопштија официјални лица. Тие додаваат дека најголемиот дел од 655 милиони долари биле за пакет логистичка поддршка за тајванската радарска програма за надзор, што обезбедува рано предупредување на противвоздушната одбрана. Системите за рано предупредување на противвоздушната одбрана станаа поважни бидејќи Кина ги засили воените вежби во близина на Тајван, за кој тврди дека е нејзина провинција. Американската администрација синоќа требаше да го извести Конгресот за продажбата на оружјето, соопштија официјални лица. Се очекува Конгресот да соопшти дека договорите се во согласност со американската политика за една Кина и во согласност со посветеноста на САД за одбрана на Тајван. Тензиите и острата реторика меѓу САД и Кина за Тајван значително се зголемија откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на почетокот на минатиот месец го посети островот.

The post САД подготвени да одобрат продажба на оружје за Тајван во вредност од 1,1 милијарда долари appeared first on Република.

]]>
Скриениот Змеј и Тигарот од хартија https://arhiva3.republika.mk/kolumni/skrieniot-zmej-i-tigarot-od-hartija/ Wed, 10 Aug 2022 06:50:48 +0000 https://republika.mk/?p=538545

Васко Шутаров

Јастребот и Змејот

Добрите познавачи на меѓународните политички односи не веруваат многу во случајности и не можат да бидат изненадени од одредени прилики или настани кои обично медиумите и јавноста ги претставуваат како првокласни сензации. А најдобрите познавачи на политиката, каков што бил знаменитиот американски претседател Френклин Делано Рузвелт, знаеле да отидат и подалеку и да кажат: „Во политиката ништо не е случајно. Што и да се случи, можете слободно да се обложите дека така веќе било планирано!“

Ако е така, а јас лично немам никакви дилеми дека е токму така, тогаш зошто токму сега, „јастребот“ од највисоките политички ешалони, претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, мораше да го направи својот долг лет преку Пацификот и патем, покрај силните кинески предупредувања, да го посети Тајван и силно да го разлути големиот азиски Змеј?!

Можеби затоа што е дојден часот, Јастребот и Змејот, како симболи на двете во моментов најмоќни држави и народи во светот, да ги одмерат силите - и тоа не само над Тихиот Океан?! Дали Јастребот е сѐ уште неприкосновен владетел на најголемото водено пространство или Змејот веќе е доволно моќен да може да му парира и да претендира кон просторот за кој смета дека природно му припаѓа?! Летот на Ненси Пелоси на Тајван ја имаше токму таа цел, да го разбуди и испровоцира Змејот за да покаже со каква моќ во моментов располага, а во таа прилика да бидат откриени неговите слаби точки и непознаници поврзани со таа моќ.

Скриениот Змеј

Западните дипломатии, со исклучително внимание го следат неспорниот подем на Кина, пред сѐ на економски план, но и нејзините политички и културни акции насекаде низ светот. Економската и културната дипломатија на Кина се ставени во полна функција на новото геостратешко трансферирање на моќта на глобален план, а промоцијата на кинеската култура најчесто се случува како претходница на нејзината потентна економската моќ. Според харвардскиот професор Џозеф Неј, суштината на секоја „мека моќ“ во меѓународната политика се состои во тоа да се биде присутен, видлив и допадлив, а кога ќе има вистинска потреба и да се биде доминантно влијателен меѓу државите и народите во светот. На Запад, ваквото стратешко позиционирање на кинеската културна дипломатија се нарекува, „Игра со Скриениот Змеј“. Но, токму во играта со тој моќен скриен Змеј, се воочени и првите слабости и се препознаени првите препреки пред неговото незапирливо планетарно ширење.

Имено, културниот продор на Кина во светот е еден добро осмислен проект, кој од 2004 година функционира преку отворање на преку 1000 Конфуциј институти во преку 120 држави, првенствено во САД, Австралија и Велика Британија, а до моментов, дури 400 универзитети од 76 држави се на листата на чекање за отворање на вакви културни центри. Одобрение за нивно отворање дава Ханбан, тело во рамките на Групата за надворешно-политичка пропаганда на Комунистичката партија на Кина, а неговите политички функционери се задолжени за одобрување средства (од 2004 година до денес, преку милијарда долари), а одговорни се и за промотивните содржини, за учебниците и за наставниот персонал кои се потребни за организирање на промоцијата на кинеската историја, култура и уметност, за изучување на кинескиот јазик и за совладување на традиционалните боречки вештини.  Кина на овој културно-дипломатски план и покрај одвоените огромни  финансиски ресурси, не ги остварува во потполност своите првично замислени планови и цели, а „Скриениот змеј“ ги покажува своите први слабости!

Каде погреши Кина во својот амбициозно проектиран културолошки продор во светот „за ширење на модерните кинески вредности и во покажувањето на шармот на кинеската култура ширум светот“? Според Џозеф Неј, една од основните грешки на кинеската културна дипломатија е што не ги насочуваше и димензионираше своите културно-дипломатски акции кон африканските и азиските држави во развој, туку упорно инсистираше на освојување на западната културна хемисфера, кадешто нејзиниот пробој во моментов наидува на сериозни препреки. А причините за таквиот застој не се во промоцијата на традиционалните вредности на конфучијанството, туку во промоцијата на актуелните кинески политички вредности, кои во западните академски и културни средини предизвикуваат сѐ поголеми резерви и отпор. Ова особено кога станува збор за слободата на мислата и изразувањето, а посебно во врска со деликатните теми од актуелната кинеска стварност: Тиенанмен, Тибет, а посебно Тајван, кои на дебатите организирани во Конфуциј центрите важат за непожелни теми. Ханбановата цензура на овие, за Кина жешки теми, доведе до затворање на неколку кинески културни центри на престижни универзитети во САД, како и на Универзитетот во Сиднеј.

Но, она што е посебно значајно за Кина, а е во голема мерка мерливо, е делумното остварување на плановите за освојување на срцата и умовите на Кинезите од Тајван и за стекнување доминантна наклонетост кај тамошното население. Вистински показател за тоа беше повторното избирање на претседателката Цаи Инг-вен на последните избори  во 2020 година, што претставуваше своевиден шамар за Кина, поради поразот на прокинеските политички структури.

Одметнатиот Змеј

Кина и Тајван имаат одвоени влади од завршувањето на граѓанската војна во 1949 година, а Пекинг се обидува на сите можни начини да влијае на ограничувањето на меѓународните активности на Тајван (дипломатски признаен само од 14 држави), бидејќи островската земја ја смета за дел од „Една Кина“. Тајван за Кина е од фундаментално симболично значење, бидејќи со враќањето на островот во нејзините прегратки, би биле избришани последиците од она што во наративот на официјален Пекинг се нарекува „век на понижување“, што го опфаќа периодот од Опиумските војни до победата на комунизмот и појавата на Мао Це Тунг на официјалната политика сцена. Но, конкретниот практичен мотив за враќањето на „Одметнатиот Змеј“ е политички и геостратешки conditio sine qua non, за Кина да стане поморска велесила, а без Тајван, „тој непотоплив носач на авиони“ како што го нарекуваше американскиот генерал Даглас Мекартур, Пекинг не може да ја загрози американската таласократија и апсолутниот хегемонизам на САД во Тихиот Океан.

Змејот и Јастребот во Годината на Тигар

Нема случајности и интриги во посетата на Ненси Пелоси во Тајван, тоа е несомнено долго планирана политичка акција која  временски му претходи на долгоочекуваниот 20 Конгрес на Комунистичката партија на Кина, на кој се очекува по трет пат (што е преседан!) за лидер да биде избран Си Џинпинг. Неприкосновениот кинески лидер веќе во неколку наврати има изјавено дека: „Историската задача на реунификацијата на Татковината или спојувањето на НР Кина со Тајван мора да биде реализирана- и ќе биде реализирана многу бргу!“ Интригантното за западните култури е кинеското „мерење на времето“ и традиционалното трпение со кое го прават тоа. Западниот политичко-деловен динамизам и промптност со кои се носат одлуки и преземаат акции, сосем се разликува од кинеските временски отсечки во кои Кинезите функционираат и во кои ја проектираат иднината. Освен тоа, станува збор за држава-наследник на една од најстарите цивилизации и за народ со долга колективна меморија, во која времето се мери со илјадници години, а иднината се проектира и цел век однапред. Во такви огромни временски интервали, како од вчера може да прозвучи една многу често цитирана  изјава на Мао Це Тунг-Таткото на комунистичка Кина, а која се однесува на САД: „Тоа е само Тигар од хартија, надворешно моќен а внатрешно слаб, и затоа нема зошто да му се плашиме!“

Само точниот тајминг во кој кинескиот Змеј ќе му се спротивстави на американскиот Тигар од хартија е енигма и нешто што посебно ги интригира САД и западниот свет-останатите кинески перформанси на моќ се повеќе или помалку и познати и предвидливи.

Воените показатели велат дека е природно најмногубројната држава во светот да има и најбројна армија, а во моментов Кина има и повеќе проектили и повеќе воени бродови во однос на Тајван и неговите моќни поддржувачи, САД и Јапонија, што би требало да значи, дека ако Пекинг се одлучи за брза воена акција веројатно би успеала во она што нејзиното раководство го нарекува реунификација или обединување.

Но, постои и едно многу силно аргументирано меѓутоа, кое со сигурност, во моментов, не го прави веројатен и извесен, овој скоро па неизбежен конфликт. Актуелната руско-украинска војна и лекциите што притоа се научени, дека без доминантна наклонетост, секое освојување со тврда политичка моќ и војска само го зголемува отпорот кај домашното население, е првата поголема причина зошто војната нема да започне токму сега. Иако воените параматри покажуваат дека Кина има несомнена предност: најголема светска морнарица од преку 360 борбени пловила, најнапредна светска трговска флота, огромна крајбрежна стража и поморска полиција, што би овозможило активирање на стотици помали пловни објекти за префрлање на стотици илјади војници потребни за кинеската амфибиска инвазија, сепак Кина нема да го направи тоа во моментов, а Американците и Ненси Пелоси многу подобро од било кој друг, знаат и зошто?! Најдобрите светски воени аналитичари, а тука несомнено има бројни американски и кинески воени стратези, многу добро знаат дека во моментов таквата кинеска инвазија би била поопасна, посложена и покрвава и од најголемата инвазија во Втората светска војна, како што беше нормандиската, за која неодамна обелоденети американски тајни извештаи велат дека била гробница за половина милион сојузнички војници.

Тајван како остров, конфигурациски најсооветно може да биде опишан како „бодликаво прасе“: тајванскиот брег е скоро целосно непристапен, постојат само две места каде може да се изврши и да успее инвазија, нема пловни реки, нема рамнини и низини, а островот е вистинска природна тврдина, која би била исклучително тешка за освојување. Ако биде уважено конвенционалното воено знаење кое вели, дека напаѓачот мора да биде барем тројно помногуброен од народот кој се брани, и ако се има во предвид тајванскиот одбранбен потенцијал од 450 000 војници, тогаш кинеската армија мора преку тајванскиот морски теснец од 177 километри, да пренесе најмалку 1,2 милиони војници, но и илјадници тенкови, топови, оклопни возила и ракетни фрлачи и неопходна воена логистика за ваквиот освојувачки поход. Тајван поседува многу ефикасни противбродски проектили, може да мобилизира уште 2,5 милиони вооружени борци, целокупната воена стратегија е дизајнирана за одбрана од можна кинеска инвазија, а патем, како директна последица од украинската војна, евидентен е порастот на моралот за одбрана на земјата, а тоа многу добро го знаат и САД а и Кина, која во моментов нема да ризикува таква крвава воена пресметка во тајванскиот теснец.

Големиот Скриен Змеј и Тигарот од хартија

Тоа што може да биде во голема мерка предвидливо е, дека досегашниот лидер Си Џинпинг во својот, сосем извесен трет мандат, ќе го исполни ветувањето за припојување на Тајван со Кина. Најпрво, затоа што Кина е во својот најголем подем и станува светска геополитичка велесила и на сите можни начини и со сите расположиви средства ќе сака да го демонстрира тоа. Временската отсечка во која се очекува да биде манифестирана таа моќ, се првите следни тајвански избори во 2024 година, на кои Кина ќе се обиде по секоја цена да направи пресврт на тајванската политичка сцена, преку доминација на прокинеските политички партии. Паралелно со тие процеси, Кина ќе го преобмисли дејствувањето на својата културна дипломатија, посебно на островот, а видни познавачи на тајванската култура веќе го предвидуваат новиот пристап, во стилот на познатата кинеска опера под маски-кога една маска се отфрла и бргу се заменува со друга.

Немаше случајности во патувањето на Ненси Пелоси во Тајван, нели е тоа повеќе од јасно?! Тоа беше дел од добро усогласена геостратешка игра за провоцирање на големиот Змеј од Истокот, да се разбуди и открие дел од слабостите и барем дел од енигмата за кинеската игра со времето?!

Кинезите најдобро ја знаат и ја разбираат древната игра на летање змејови и летање тигри, што спокојно и денес истовремено ја играат и највозрасните и најмладите во паркот на Небесниот храм во Пекинг. Кога ќе се појави вистинскиот временски знак, дека Змејовите станале помоќни од Тигрите, тоа Кинезите најпрво ќе го разберат - и ќе дејствуваат веднаш!

The post Скриениот Змеј и Тигарот од хартија appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Јастребот и Змејот

Добрите познавачи на меѓународните политички односи не веруваат многу во случајности и не можат да бидат изненадени од одредени прилики или настани кои обично медиумите и јавноста ги претставуваат како првокласни сензации. А најдобрите познавачи на политиката, каков што бил знаменитиот американски претседател Френклин Делано Рузвелт, знаеле да отидат и подалеку и да кажат: „Во политиката ништо не е случајно. Што и да се случи, можете слободно да се обложите дека така веќе било планирано!“ Ако е така, а јас лично немам никакви дилеми дека е токму така, тогаш зошто токму сега, „јастребот“ од највисоките политички ешалони, претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, мораше да го направи својот долг лет преку Пацификот и патем, покрај силните кинески предупредувања, да го посети Тајван и силно да го разлути големиот азиски Змеј?! Можеби затоа што е дојден часот, Јастребот и Змејот, како симболи на двете во моментов најмоќни држави и народи во светот, да ги одмерат силите - и тоа не само над Тихиот Океан?! Дали Јастребот е сѐ уште неприкосновен владетел на најголемото водено пространство или Змејот веќе е доволно моќен да може да му парира и да претендира кон просторот за кој смета дека природно му припаѓа?! Летот на Ненси Пелоси на Тајван ја имаше токму таа цел, да го разбуди и испровоцира Змејот за да покаже со каква моќ во моментов располага, а во таа прилика да бидат откриени неговите слаби точки и непознаници поврзани со таа моќ.

Скриениот Змеј

Западните дипломатии, со исклучително внимание го следат неспорниот подем на Кина, пред сѐ на економски план, но и нејзините политички и културни акции насекаде низ светот. Економската и културната дипломатија на Кина се ставени во полна функција на новото геостратешко трансферирање на моќта на глобален план, а промоцијата на кинеската култура најчесто се случува како претходница на нејзината потентна економската моќ. Според харвардскиот професор Џозеф Неј, суштината на секоја „мека моќ“ во меѓународната политика се состои во тоа да се биде присутен, видлив и допадлив, а кога ќе има вистинска потреба и да се биде доминантно влијателен меѓу државите и народите во светот. На Запад, ваквото стратешко позиционирање на кинеската културна дипломатија се нарекува, „Игра со Скриениот Змеј“. Но, токму во играта со тој моќен скриен Змеј, се воочени и првите слабости и се препознаени првите препреки пред неговото незапирливо планетарно ширење. Имено, културниот продор на Кина во светот е еден добро осмислен проект, кој од 2004 година функционира преку отворање на преку 1000 Конфуциј институти во преку 120 држави, првенствено во САД, Австралија и Велика Британија, а до моментов, дури 400 универзитети од 76 држави се на листата на чекање за отворање на вакви културни центри. Одобрение за нивно отворање дава Ханбан, тело во рамките на Групата за надворешно-политичка пропаганда на Комунистичката партија на Кина, а неговите политички функционери се задолжени за одобрување средства (од 2004 година до денес, преку милијарда долари), а одговорни се и за промотивните содржини, за учебниците и за наставниот персонал кои се потребни за организирање на промоцијата на кинеската историја, култура и уметност, за изучување на кинескиот јазик и за совладување на традиционалните боречки вештини.  Кина на овој културно-дипломатски план и покрај одвоените огромни  финансиски ресурси, не ги остварува во потполност своите првично замислени планови и цели, а „Скриениот змеј“ ги покажува своите први слабости! Каде погреши Кина во својот амбициозно проектиран културолошки продор во светот „за ширење на модерните кинески вредности и во покажувањето на шармот на кинеската култура ширум светот“? Според Џозеф Неј, една од основните грешки на кинеската културна дипломатија е што не ги насочуваше и димензионираше своите културно-дипломатски акции кон африканските и азиските држави во развој, туку упорно инсистираше на освојување на западната културна хемисфера, кадешто нејзиниот пробој во моментов наидува на сериозни препреки. А причините за таквиот застој не се во промоцијата на традиционалните вредности на конфучијанството, туку во промоцијата на актуелните кинески политички вредности, кои во западните академски и културни средини предизвикуваат сѐ поголеми резерви и отпор. Ова особено кога станува збор за слободата на мислата и изразувањето, а посебно во врска со деликатните теми од актуелната кинеска стварност: Тиенанмен, Тибет, а посебно Тајван, кои на дебатите организирани во Конфуциј центрите важат за непожелни теми. Ханбановата цензура на овие, за Кина жешки теми, доведе до затворање на неколку кинески културни центри на престижни универзитети во САД, како и на Универзитетот во Сиднеј. Но, она што е посебно значајно за Кина, а е во голема мерка мерливо, е делумното остварување на плановите за освојување на срцата и умовите на Кинезите од Тајван и за стекнување доминантна наклонетост кај тамошното население. Вистински показател за тоа беше повторното избирање на претседателката Цаи Инг-вен на последните избори  во 2020 година, што претставуваше своевиден шамар за Кина, поради поразот на прокинеските политички структури.

Одметнатиот Змеј

Кина и Тајван имаат одвоени влади од завршувањето на граѓанската војна во 1949 година, а Пекинг се обидува на сите можни начини да влијае на ограничувањето на меѓународните активности на Тајван (дипломатски признаен само од 14 држави), бидејќи островската земја ја смета за дел од „Една Кина“. Тајван за Кина е од фундаментално симболично значење, бидејќи со враќањето на островот во нејзините прегратки, би биле избришани последиците од она што во наративот на официјален Пекинг се нарекува „век на понижување“, што го опфаќа периодот од Опиумските војни до победата на комунизмот и појавата на Мао Це Тунг на официјалната политика сцена. Но, конкретниот практичен мотив за враќањето на „Одметнатиот Змеј“ е политички и геостратешки conditio sine qua non, за Кина да стане поморска велесила, а без Тајван, „тој непотоплив носач на авиони“ како што го нарекуваше американскиот генерал Даглас Мекартур, Пекинг не може да ја загрози американската таласократија и апсолутниот хегемонизам на САД во Тихиот Океан.

Змејот и Јастребот во Годината на Тигар

Нема случајности и интриги во посетата на Ненси Пелоси во Тајван, тоа е несомнено долго планирана политичка акција која  временски му претходи на долгоочекуваниот 20 Конгрес на Комунистичката партија на Кина, на кој се очекува по трет пат (што е преседан!) за лидер да биде избран Си Џинпинг. Неприкосновениот кинески лидер веќе во неколку наврати има изјавено дека: „Историската задача на реунификацијата на Татковината или спојувањето на НР Кина со Тајван мора да биде реализирана- и ќе биде реализирана многу бргу!“ Интригантното за западните култури е кинеското „мерење на времето“ и традиционалното трпение со кое го прават тоа. Западниот политичко-деловен динамизам и промптност со кои се носат одлуки и преземаат акции, сосем се разликува од кинеските временски отсечки во кои Кинезите функционираат и во кои ја проектираат иднината. Освен тоа, станува збор за држава-наследник на една од најстарите цивилизации и за народ со долга колективна меморија, во која времето се мери со илјадници години, а иднината се проектира и цел век однапред. Во такви огромни временски интервали, како од вчера може да прозвучи една многу често цитирана  изјава на Мао Це Тунг-Таткото на комунистичка Кина, а која се однесува на САД: „Тоа е само Тигар од хартија, надворешно моќен а внатрешно слаб, и затоа нема зошто да му се плашиме!“ Само точниот тајминг во кој кинескиот Змеј ќе му се спротивстави на американскиот Тигар од хартија е енигма и нешто што посебно ги интригира САД и западниот свет-останатите кинески перформанси на моќ се повеќе или помалку и познати и предвидливи. Воените показатели велат дека е природно најмногубројната држава во светот да има и најбројна армија, а во моментов Кина има и повеќе проектили и повеќе воени бродови во однос на Тајван и неговите моќни поддржувачи, САД и Јапонија, што би требало да значи, дека ако Пекинг се одлучи за брза воена акција веројатно би успеала во она што нејзиното раководство го нарекува реунификација или обединување. Но, постои и едно многу силно аргументирано меѓутоа, кое со сигурност, во моментов, не го прави веројатен и извесен, овој скоро па неизбежен конфликт. Актуелната руско-украинска војна и лекциите што притоа се научени, дека без доминантна наклонетост, секое освојување со тврда политичка моќ и војска само го зголемува отпорот кај домашното население, е првата поголема причина зошто војната нема да започне токму сега. Иако воените параматри покажуваат дека Кина има несомнена предност: најголема светска морнарица од преку 360 борбени пловила, најнапредна светска трговска флота, огромна крајбрежна стража и поморска полиција, што би овозможило активирање на стотици помали пловни објекти за префрлање на стотици илјади војници потребни за кинеската амфибиска инвазија, сепак Кина нема да го направи тоа во моментов, а Американците и Ненси Пелоси многу подобро од било кој друг, знаат и зошто?! Најдобрите светски воени аналитичари, а тука несомнено има бројни американски и кинески воени стратези, многу добро знаат дека во моментов таквата кинеска инвазија би била поопасна, посложена и покрвава и од најголемата инвазија во Втората светска војна, како што беше нормандиската, за која неодамна обелоденети американски тајни извештаи велат дека била гробница за половина милион сојузнички војници. Тајван како остров, конфигурациски најсооветно може да биде опишан како „бодликаво прасе“: тајванскиот брег е скоро целосно непристапен, постојат само две места каде може да се изврши и да успее инвазија, нема пловни реки, нема рамнини и низини, а островот е вистинска природна тврдина, која би била исклучително тешка за освојување. Ако биде уважено конвенционалното воено знаење кое вели, дека напаѓачот мора да биде барем тројно помногуброен од народот кој се брани, и ако се има во предвид тајванскиот одбранбен потенцијал од 450 000 војници, тогаш кинеската армија мора преку тајванскиот морски теснец од 177 километри, да пренесе најмалку 1,2 милиони војници, но и илјадници тенкови, топови, оклопни возила и ракетни фрлачи и неопходна воена логистика за ваквиот освојувачки поход. Тајван поседува многу ефикасни противбродски проектили, може да мобилизира уште 2,5 милиони вооружени борци, целокупната воена стратегија е дизајнирана за одбрана од можна кинеска инвазија, а патем, како директна последица од украинската војна, евидентен е порастот на моралот за одбрана на земјата, а тоа многу добро го знаат и САД а и Кина, која во моментов нема да ризикува таква крвава воена пресметка во тајванскиот теснец.

Големиот Скриен Змеј и Тигарот од хартија

Тоа што може да биде во голема мерка предвидливо е, дека досегашниот лидер Си Џинпинг во својот, сосем извесен трет мандат, ќе го исполни ветувањето за припојување на Тајван со Кина. Најпрво, затоа што Кина е во својот најголем подем и станува светска геополитичка велесила и на сите можни начини и со сите расположиви средства ќе сака да го демонстрира тоа. Временската отсечка во која се очекува да биде манифестирана таа моќ, се првите следни тајвански избори во 2024 година, на кои Кина ќе се обиде по секоја цена да направи пресврт на тајванската политичка сцена, преку доминација на прокинеските политички партии. Паралелно со тие процеси, Кина ќе го преобмисли дејствувањето на својата културна дипломатија, посебно на островот, а видни познавачи на тајванската култура веќе го предвидуваат новиот пристап, во стилот на познатата кинеска опера под маски-кога една маска се отфрла и бргу се заменува со друга. Немаше случајности во патувањето на Ненси Пелоси во Тајван, нели е тоа повеќе од јасно?! Тоа беше дел од добро усогласена геостратешка игра за провоцирање на големиот Змеј од Истокот, да се разбуди и открие дел од слабостите и барем дел од енигмата за кинеската игра со времето?! Кинезите најдобро ја знаат и ја разбираат древната игра на летање змејови и летање тигри, што спокојно и денес истовремено ја играат и највозрасните и најмладите во паркот на Небесниот храм во Пекинг. Кога ќе се појави вистинскиот временски знак, дека Змејовите станале помоќни од Тигрите, тоа Кинезите најпрво ќе го разберат - и ќе дејствуваат веднаш!

The post Скриениот Змеј и Тигарот од хартија appeared first on Република.

]]>
Kина вежба напад врз Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-vezba-napad-vrz-tajvan/ Sat, 06 Aug 2022 06:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=537298

Кинески авиони и бродови утринава спроведоа вежби за симулација на напад врз главниот остров во Тајван, јави тајванското Министерство за одбрана, а пренесуваат британските медиуми.

Министерството соопшти дека неколку групи кинески авиони биле откриени во Тајванскиот теснец и дека некои ја преминале централната линија.

Во соопштението се додава дека војската на Тајван издала предупредување и ги ставила во состојба на готовност патролните сили за воздушно извидување, поморските бродови и проектили за да се справи со ситуацијата, а доцна синоќа истрелало проектили за да предупреди седум беспилотни летала кои леталет над тајванските острови Кинмен и неидентификувани авиони кои летале над островот Мацу.

Министерството соопшти дека војниците се во состојба на готовност во двете области, кои се наоѓаат недалеку од брегот на континентална Кина, пренесуваат британските медиуми.

The post Kина вежба напад врз Тајван appeared first on Република.

]]>

Кинески авиони и бродови утринава спроведоа вежби за симулација на напад врз главниот остров во Тајван, јави тајванското Министерство за одбрана, а пренесуваат британските медиуми. Министерството соопшти дека неколку групи кинески авиони биле откриени во Тајванскиот теснец и дека некои ја преминале централната линија. Во соопштението се додава дека војската на Тајван издала предупредување и ги ставила во состојба на готовност патролните сили за воздушно извидување, поморските бродови и проектили за да се справи со ситуацијата, а доцна синоќа истрелало проектили за да предупреди седум беспилотни летала кои леталет над тајванските острови Кинмен и неидентификувани авиони кои летале над островот Мацу. Министерството соопшти дека војниците се во состојба на готовност во двете области, кои се наоѓаат недалеку од брегот на континентална Кина, пренесуваат британските медиуми.

The post Kина вежба напад врз Тајван appeared first on Република.

]]>
Кинески генерал: Пелоси не е храбра, го натеравме нејзиниот авион да заобиколи до Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineski-general-pelosi-ne-e-hrabra-go-nateravme-nejziniot-avion-da-zaobikoli-do-tajvan/ Fri, 05 Aug 2022 21:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=537272

Акциите на кинеската војска го натерале авионот на Ненси Пелоси да го промени правецот кон Тајван, кажа генерал на кинеската Народноослободителна војска.

Војската во вторникот го надгледувала авионот Ц-40 на американското воено воздухопловство кое ја пренесуваше Пелоси на Тајван, но мораше да заобколи, тврди генерал Менг Ксиангкинг.

„Нашите трупи кои се распоредени на повеќе леокации го натераа авионот да заобиколи“, кажа тој за медиумите.

The post Кинески генерал: Пелоси не е храбра, го натеравме нејзиниот авион да заобиколи до Тајван appeared first on Република.

]]>

Акциите на кинеската војска го натерале авионот на Ненси Пелоси да го промени правецот кон Тајван, кажа генерал на кинеската Народноослободителна војска. Војската во вторникот го надгледувала авионот Ц-40 на американското воено воздухопловство кое ја пренесуваше Пелоси на Тајван, но мораше да заобколи, тврди генерал Менг Ксиангкинг. „Нашите трупи кои се распоредени на повеќе леокации го натераа авионот да заобиколи“, кажа тој за медиумите.

The post Кинески генерал: Пелоси не е храбра, го натеравме нејзиниот авион да заобиколи до Тајван appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Кинеската воена вежба во близина на Тајван е провокација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-kineskata-voena-vezba-vo-blizina-na-tajvan-e-provokacija/ Fri, 05 Aug 2022 09:14:30 +0000 https://republika.mk/?p=537012

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги осуди кинеските воени вежби во близина на Тајван, оценувајќи ги како „провокација“ и „значителна ескалација“ на тензиите.

Овие провокации претставуваат значителна ескалација. Можете да видите како Пекинг неодамна се обиде да го промени статус квото околу Тајван … Сега спроведува опасни акции на ново ниво, посочи Блинкен во Пном Пен, каде што присуствува на Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Тој истакна дека не постои никаков изговор Пекинг да почне воена вежба во Тајванскиот Теснец.

Нема оправдување за овој екстремен воен одговор, штој е непропорционален и поттикнува ескалација, наведе Блинкен.

Кина вчера почна големи воени вежби со авијација, морнарица и балистички ракети во шест поморски сектори околу Тајван, како одговор на овонеделната посета на Островот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

The post Блинкен: Кинеската воена вежба во близина на Тајван е провокација appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ги осуди кинеските воени вежби во близина на Тајван, оценувајќи ги како „провокација“ и „значителна ескалација“ на тензиите.
Овие провокации претставуваат значителна ескалација. Можете да видите како Пекинг неодамна се обиде да го промени статус квото околу Тајван … Сега спроведува опасни акции на ново ниво, посочи Блинкен во Пном Пен, каде што присуствува на Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Тој истакна дека не постои никаков изговор Пекинг да почне воена вежба во Тајванскиот Теснец.
Нема оправдување за овој екстремен воен одговор, штој е непропорционален и поттикнува ескалација, наведе Блинкен.
Кина вчера почна големи воени вежби со авијација, морнарица и балистички ракети во шест поморски сектори околу Тајван, како одговор на овонеделната посета на Островот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

The post Блинкен: Кинеската воена вежба во близина на Тајван е провокација appeared first on Република.

]]>
Москва: Кина има право да преземе чекори за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-kina-ima-pravo-da-prezeme-chekori-za-zashtita-na-svojot-suverenitet-i-teritorijalen-integritet/ Wed, 03 Aug 2022 06:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=536274

Русија соопшти дека Кина има право да ги преземе „неопходните мерки за заштита на својот суверенитет“, посочувајќи ја како „јасна провокација“ посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван.

Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Руското МНР истовремено го повика Вашингтон „да се воздржи од акции што ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност во која повеќе нема место за американската хегемонија“.

Претходно синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека посетата ги подгрева „зголемените тензии” во регионот и го обвини Вашингтон дека го избрал „патот на конфликтот“.

Сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме целосно солидарни со Кина, нејзиното однесување по однос проблемот е разбирливо и целосно оправдано, рече тој.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „Вашингтон внесува дестабилизација во светот, ниту еден разрешен конфликт со децении, а многу поттикнати судири“.

Независно од силното противење и негодување на Кина, Пелоси синоќа пристигна во Тајван, што е прва посета на висок американски функционер на островот последните 25 години.

Пекинг предупреди дека нејзиното доаѓање ќе го смета за голема провокација. Кинеската армија соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор” на таа посета.

The post Москва: Кина има право да преземе чекори за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет appeared first on Република.

]]>

Русија соопшти дека Кина има право да ги преземе „неопходните мерки за заштита на својот суверенитет“, посочувајќи ја како „јасна провокација“ посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван.
Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Руското МНР истовремено го повика Вашингтон „да се воздржи од акции што ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност во која повеќе нема место за американската хегемонија“. Претходно синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека посетата ги подгрева „зголемените тензии” во регионот и го обвини Вашингтон дека го избрал „патот на конфликтот“.
Сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме целосно солидарни со Кина, нејзиното однесување по однос проблемот е разбирливо и целосно оправдано, рече тој.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „Вашингтон внесува дестабилизација во светот, ниту еден разрешен конфликт со децении, а многу поттикнати судири“. Независно од силното противење и негодување на Кина, Пелоси синоќа пристигна во Тајван, што е прва посета на висок американски функционер на островот последните 25 години. Пекинг предупреди дека нејзиното доаѓање ќе го смета за голема провокација. Кинеската армија соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор” на таа посета.

The post Москва: Кина има право да преземе чекори за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет appeared first on Република.

]]>
Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-za-posetata-na-pelosi-na-tajvan-ova-e-ochigledna-provokacija-kina-ima-pravo-da-prezeme-merki/ Tue, 02 Aug 2022 20:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=536257

Русија ја поддржа Кина поради денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека таквото провокативно дипломатско патување ќе ги доведе САД во конфликт со Пекинг.

„Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали таа ќе стигне таму или не, но сè за оваа турнеја и можната посета на Тајван е чиста провокација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, четири часа пред слетувањето на авионот.

Скоро последен момент јавно не беше објавено дали Пелоси ќе пристигне. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека очекуваната посета е провокативен обид на Вашингтон да изврши притисок врз Кина.

Русија воспостави силно партнерство со Кина во последните години. САД се земја провокатор – рече Захарова и додаде дека Русија го потврдува принципот на „една Кина“ и се противи на независноста на островот во која било форма“, пренесува Интерфакс.

The post Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки appeared first on Република.

]]>

Русија ја поддржа Кина поради денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека таквото провокативно дипломатско патување ќе ги доведе САД во конфликт со Пекинг. „Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали таа ќе стигне таму или не, но сè за оваа турнеја и можната посета на Тајван е чиста провокација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, четири часа пред слетувањето на авионот. Скоро последен момент јавно не беше објавено дали Пелоси ќе пристигне. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека очекуваната посета е провокативен обид на Вашингтон да изврши притисок врз Кина. Русија воспостави силно партнерство со Кина во последните години. САД се земја провокатор – рече Захарова и додаде дека Русија го потврдува принципот на „една Кина“ и се противи на независноста на островот во која било форма“, пренесува Интерфакс.

The post Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки appeared first on Република.

]]>
Бајден ја предупреди Кина: Ако го нападните Тајван, САД воено ќе го брани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ja-predupredi-kina-ako-go-napadnite-tajvan-sad-voeno-kje-go-brani/ Mon, 23 May 2022 07:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=505727

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио предупреди дека САД „воено ќе го бранат Тајван доколку Пекинг го нападне овој автономен остров“, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасноста“.

„Тоа е обврска што ја презедовме“, рече Бајден на прашање на новинарите дали САД ќе интервенираат воено против обидите на Кина да ја заземе територијата насилно.

Се согласивме со политиката на една Кина, ја потпишавме… но идејата дека (Тајван) може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна, кажа Бајден.

Тој додаде дека таквиот чекор „ќе го наруши целиот регион и ќе биде уште една акција слична на она што се случи во Украина“.

Според него, по руската инвазија на Украина, се зголемува потребата да се заштити овој остров.

Согласно политиката „На една Кина“, САД го признаваат Пекинг како влада на Тајван и немаат дипломатски односи со Тајпеј. Меѓутоа, тие одржуваат неформални контакти, вклучувајќи ја и „де факто“ амбасадата во главниот град Тајпеј, а обезбедуваат и воена опрема за одбраната на Тајван.

The post Бајден ја предупреди Кина: Ако го нападните Тајван, САД воено ќе го брани appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио предупреди дека САД „воено ќе го бранат Тајван доколку Пекинг го нападне овој автономен остров“, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасноста“. „Тоа е обврска што ја презедовме“, рече Бајден на прашање на новинарите дали САД ќе интервенираат воено против обидите на Кина да ја заземе територијата насилно.
Се согласивме со политиката на една Кина, ја потпишавме… но идејата дека (Тајван) може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна, кажа Бајден.
Тој додаде дека таквиот чекор „ќе го наруши целиот регион и ќе биде уште една акција слична на она што се случи во Украина“. Според него, по руската инвазија на Украина, се зголемува потребата да се заштити овој остров. Согласно политиката „На една Кина“, САД го признаваат Пекинг како влада на Тајван и немаат дипломатски односи со Тајпеј. Меѓутоа, тие одржуваат неформални контакти, вклучувајќи ја и „де факто“ амбасадата во главниот град Тајпеј, а обезбедуваат и воена опрема за одбраната на Тајван.

The post Бајден ја предупреди Кина: Ако го нападните Тајван, САД воено ќе го брани appeared first on Република.

]]>
Кина со предупредување до САД: Не играјте на картата на Тајван, осудени сте на пропаст https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-so-predupreduvanje-do-sad-ne-igrajte-na-kartata-na-tajvan-osudeni-ste-na-propast/ Sun, 22 May 2022 10:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=505438

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека секој обид да се игра на „картата на Тајван“ со цел да се ограничи Кина ќе биде осуден на пропаст.

-Широката поддршка на меѓународната заедница за Пекинг уште еднаш покажува дека принципот на една Кина е заедничка аспирација и доминантен тренд, изјави портпаролот, Ванг Венбин.

Стејт департментот во средата соопшти дека на Тајван треба да му се дозволи да присуствува на собранието на СЗО следната недела, истакнувајќи дека исклучувањето на островот од оваа организација на барање на Кина е неоправдано и предизвикува загриженост за глобалното здравје.

Пекинг, според кинеското МНР, не може да се согласи на учеството на регионот Тајван на годинешното собрание на Светската здравствена организација (СЗО), со цел да го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет, пренесе кинеското радио ЦРИ.

The post Кина со предупредување до САД: Не играјте на картата на Тајван, осудени сте на пропаст appeared first on Република.

]]>

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека секој обид да се игра на „картата на Тајван“ со цел да се ограничи Кина ќе биде осуден на пропаст.
-Широката поддршка на меѓународната заедница за Пекинг уште еднаш покажува дека принципот на една Кина е заедничка аспирација и доминантен тренд, изјави портпаролот, Ванг Венбин.
Стејт департментот во средата соопшти дека на Тајван треба да му се дозволи да присуствува на собранието на СЗО следната недела, истакнувајќи дека исклучувањето на островот од оваа организација на барање на Кина е неоправдано и предизвикува загриженост за глобалното здравје. Пекинг, според кинеското МНР, не може да се согласи на учеството на регионот Тајван на годинешното собрание на Светската здравствена организација (СЗО), со цел да го заштити својот национален суверенитет и територијален интегритет, пренесе кинеското радио ЦРИ.

The post Кина со предупредување до САД: Не играјте на картата на Тајван, осудени сте на пропаст appeared first on Република.

]]>
Доколку Кина нè нападне сите ќе платат висока цена, предупреди Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dokolku-kina-ne-napadne-site-kje-platat-visoka-cena-predupredi-tajvan/ Thu, 10 Mar 2022 09:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=470465

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Ченгпредупреди дека и Кина и Тајван ќе платат висока цена доколку Пекинг се обиде да организира инвазија врз тајванскиот остров слична на руската. Говорејќи пред новинарите пред седницата на тајванскиот парламент на која ќе се расправа за руската инвазија на Украина, Чиу рече дека „ако избие војна, сите ќе бидат губитници , дури и победниците“, објави Би-Би-Си.

Смирено го следиме развојот на настаните и соодветно се подготвуваме, додаде тој.

Руската инвазија на Украина доведе до стравувања во Тајван дека би можел да се соочи со слично сценарио. Тајван се гледа себеси како независна нација со своја влада, но Кина го смета островот за отцепена провинција и најавува дека ќе го врати под кинески суверенитет и кинеските граници .

Минатата недела фразата @Украина денес, Тајван утре!” почна да се шири на тајванските социјални мрежи. Додека властите го зголемија нивото на тревога, претседателот Цаи Инг-вен порача дека постојат „фундаментални разлики“ меѓу конфликтот во Украина и ситуацијата меѓу Кина и Тајван.

The post Доколку Кина нè нападне сите ќе платат висока цена, предупреди Тајван appeared first on Република.

]]>

Тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-Ченгпредупреди дека и Кина и Тајван ќе платат висока цена доколку Пекинг се обиде да организира инвазија врз тајванскиот остров слична на руската. Говорејќи пред новинарите пред седницата на тајванскиот парламент на која ќе се расправа за руската инвазија на Украина, Чиу рече дека „ако избие војна, сите ќе бидат губитници , дури и победниците“, објави Би-Би-Си.
Смирено го следиме развојот на настаните и соодветно се подготвуваме, додаде тој.
Руската инвазија на Украина доведе до стравувања во Тајван дека би можел да се соочи со слично сценарио. Тајван се гледа себеси како независна нација со своја влада, но Кина го смета островот за отцепена провинција и најавува дека ќе го врати под кинески суверенитет и кинеските граници . Минатата недела фразата @Украина денес, Тајван утре!” почна да се шири на тајванските социјални мрежи. Додека властите го зголемија нивото на тревога, претседателот Цаи Инг-вен порача дека постојат „фундаментални разлики“ меѓу конфликтот во Украина и ситуацијата меѓу Кина и Тајван.

The post Доколку Кина нè нападне сите ќе платат висока цена, предупреди Тајван appeared first on Република.

]]>
Трамп: Следува кинеска инвазија на Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-sleduva-kineska-invazija-na-tajvan/ Thu, 03 Mar 2022 07:16:23 +0000 https://republika.mk/?p=466711

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Тајван би можел да биде „следниот“ за потенцијална инвазија, бидејќи руско-украинскиот конфликт може да влијае, како што рече, на зголемената агресија на Кина.

Тајван ќе биде следен. Само погледнете го Тајван. Претседателот на Кина со задоволство го одмерува, истакна Трамп, пренесе „Фокс бизнис“.

На прашањето кога очекува инвазија на Тајван, Трамп одговори дека тоа го очекува наскоро, бидејќи „тие (Кина) гледаат колку глупаво се однесуваат САД“.

Тие гледаат дека нашите лидери се некомпетентни и секако дека ќе го направат тоа. Сега е нивното време, додаде Трамп.

„Фокс њуз“ објави дека висока американска делегација пристигнала вчера во Тајван поради зголемените стравувања дека Кина може да изврши, како што се наведува во текстот, „инвазија“.

The post Трамп: Следува кинеска инвазија на Тајван appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Тајван би можел да биде „следниот“ за потенцијална инвазија, бидејќи руско-украинскиот конфликт може да влијае, како што рече, на зголемената агресија на Кина.
Тајван ќе биде следен. Само погледнете го Тајван. Претседателот на Кина со задоволство го одмерува, истакна Трамп, пренесе „Фокс бизнис“.
На прашањето кога очекува инвазија на Тајван, Трамп одговори дека тоа го очекува наскоро, бидејќи „тие (Кина) гледаат колку глупаво се однесуваат САД“.
Тие гледаат дека нашите лидери се некомпетентни и секако дека ќе го направат тоа. Сега е нивното време, додаде Трамп.
„Фокс њуз“ објави дека висока американска делегација пристигнала вчера во Тајван поради зголемените стравувања дека Кина може да изврши, како што се наведува во текстот, „инвазија“.

The post Трамп: Следува кинеска инвазија на Тајван appeared first on Република.

]]>