кимет фетаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kimet-fetahu/ За подобро да се разбереме Fri, 20 May 2022 06:25:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кимет фетаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kimet-fetahu/ 32 32 Mакедонец ќе се кандидира за претседател на Албанија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonec-kje-se-kandidira-za-pretsedatel-na-albanija/ Fri, 20 May 2022 06:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=504629

Професор доктор Кимет Фетаху гостувајќи во емисија на албанската национална телевизија АБЦ Њуз зборуваше за неговата кандидатура за претседател на Република Албанија, како предлог на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Фетаху зборуваше и за своето македонско потекло од село Требиште, област Голо Брдо и положбата на Македонците во Албанија, за неговата професионална кариера како универзитетски професор и општественик и за предизвиците со кои се соочува албанското општество.
-Јас сум 40 години професор  и сум подготвил една цела армија академски граѓани во Албанија од сите етнички заедници. Продолжувам и понатаму да бидат професор на факултетот за геологија и рударство, да подготвувам нови генерации. Затоа сметам дека нема никаков проблем, јас како Македонец да бидат претседател. Па  нели во Македонија потпретседател на Влада е Албанец, изјави професор доктор Фетаху.
Додаде дека поканата на партијата, во која бил секретар, да биде кандидат за претседател на државата, ја смета за чест и високо вреднување, за што е благодарен.
Според него, претседателската функција треба да им се врати на академиците.
-И претходно имаше претседатели универзитетски професори, како Бамир Топи и Реџеп Мејдани. Мислам дека претседателската функција треба да им се врати на академиците, зашто сметам дека треба да се врати социјалниот мир, како на пример  урбаниот развој придружен со соодветна инфраструктура, рече Фетаху.
Од МАЕИ велат дека проф. д-р Кимет Фетаху  е почитувана личност во Албанија со професионален и личен интегритет, без политички товар и како аполитички кандидат е најсоодветна личност да биде новиот шеф на државата

The post Mакедонец ќе се кандидира за претседател на Албанија! appeared first on Република.

]]>

Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не кога во Црна Гора избраа Албанец за премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-makedonec-pretsedatel-na-albanija-zoshto-da-ne-koga-vo-crna-gora-izbraa-albanec-za-premier/ Sun, 08 May 2022 07:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=499328

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската национална телевизија МЦН, на прашањето во врска со предлогот на партијата Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата, прави споредба со изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора.

Зошто да не. Неодамна го имавме случајот со изборот на премиерот на Црна Гора, црногорски државјанин со албанско потекло кој се бори за својата земја, за демократијата во Црна Гора. Зошто да не се гласа од пратениците на Парламентот на Албанија еден ваков кандидат, проф. д-р Кимет Фетаху - одговори Стерјовски.

Тој додава дека Фетаху е предложен од МАЕИ и смета дека е време на чело на албанската држава да дојде албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница.

Прво, ова беше желба на нашата партија. Најдобрата кандидатура која ќе нè претставува како македонска заедница, но и целата држава, оценивме дека е кандидатурата на господинот Кимет Фетаху. Сметаме дека е дојдено време, зошто да не, на чело на албанската држава да имаме албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница - вели Стерјовски.

Тој одговара и на прашањето дали за овој предлог имало влијание од страна на македонската политика.

Не. Ние како партија сме формирани во Албанија, регистрирани сме во Основниот суд во Тирана. За целата наша активност не бараме одобрение од македонската Влада или македонската политика, затоа што тука дејствуваме - одговора Стерјовски.

Тој е убеден дека Албанија и Македонија не треба да ги разделат интегративните патишта, и додава дека изборот на Македонец за претседател во Албанија ќе биде силен сигнал за ЕУ.

Пред сè, мислам дека вака заедно двете земји имаат повеќе шанси да се движат побрзо кон европскиот пат и мислам дека и со изборот на господинот Кимет Фетаху за претседател на Албанија само ќе и дадеме позитивен сигнал на ЕУ дека на Балканот, без разлика на етничката припадност, секој граѓанин може да биде избран во својата земја на сите функции - оценува Стерјовски.

Проф.д-р Кимет Фетаху е роден 1955 година во селото Требиште, област Голо Брдо. Тој е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик во Република Албанија. Активен е во организирањето на Македонците во Република Албанија, особено по падот на диктаторскиот режим, во 1990 година. Во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија „Братство“, која во 1993 година е преименувана во „Мир“, чиј претседател е сè уште. Исто така е директор на Центарот за етнички истражувања во Тирана.

Пренесувајќи го ставот на партијата, Стерјовски, кој е поранешен пратеник во албанскиот Парламент, посочува дека Фетаху како аполитичен кандидат и лојален државјанин на Република Албанија ги исполнува сите критериуми предвидени во Уставот, како личност со потребното достоинство да биде претседател на Републиката, да биде гарант на Уставот, на правата и слободите на граѓаните, на развојот на демократијата, на правдата за сите, за заштита на уставноста и законитоста, на еднаквоста на сите пред Уставот и законите.

The post Стерјовски: Македонец претседател на Албанија, зошто да не кога во Црна Гора избраа Албанец за премиер appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски за албанската национална телевизија МЦН, на прашањето во врска со предлогот на партијата Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата, прави споредба со изборот на Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора.
Зошто да не. Неодамна го имавме случајот со изборот на премиерот на Црна Гора, црногорски државјанин со албанско потекло кој се бори за својата земја, за демократијата во Црна Гора. Зошто да не се гласа од пратениците на Парламентот на Албанија еден ваков кандидат, проф. д-р Кимет Фетаху - одговори Стерјовски.
Тој додава дека Фетаху е предложен од МАЕИ и смета дека е време на чело на албанската држава да дојде албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница.
Прво, ова беше желба на нашата партија. Најдобрата кандидатура која ќе нè претставува како македонска заедница, но и целата држава, оценивме дека е кандидатурата на господинот Кимет Фетаху. Сметаме дека е дојдено време, зошто да не, на чело на албанската држава да имаме албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница - вели Стерјовски.
Тој одговара и на прашањето дали за овој предлог имало влијание од страна на македонската политика.
Не. Ние како партија сме формирани во Албанија, регистрирани сме во Основниот суд во Тирана. За целата наша активност не бараме одобрение од македонската Влада или македонската политика, затоа што тука дејствуваме - одговора Стерјовски.
Тој е убеден дека Албанија и Македонија не треба да ги разделат интегративните патишта, и додава дека изборот на Македонец за претседател во Албанија ќе биде силен сигнал за ЕУ.
Пред сè, мислам дека вака заедно двете земји имаат повеќе шанси да се движат побрзо кон европскиот пат и мислам дека и со изборот на господинот Кимет Фетаху за претседател на Албанија само ќе и дадеме позитивен сигнал на ЕУ дека на Балканот, без разлика на етничката припадност, секој граѓанин може да биде избран во својата земја на сите функции - оценува Стерјовски.
Проф.д-р Кимет Фетаху е роден 1955 година во селото Требиште, област Голо Брдо. Тој е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик во Република Албанија. Активен е во организирањето на Македонците во Република Албанија, особено по падот на диктаторскиот режим, во 1990 година. Во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија „Братство“, која во 1993 година е преименувана во „Мир“, чиј претседател е сè уште. Исто така е директор на Центарот за етнички истражувања во Тирана. Пренесувајќи го ставот на партијата, Стерјовски, кој е поранешен пратеник во албанскиот Парламент, посочува дека Фетаху како аполитичен кандидат и лојален државјанин на Република Албанија ги исполнува сите критериуми предвидени во Уставот, како личност со потребното достоинство да биде претседател на Републиката, да биде гарант на Уставот, на правата и слободите на граѓаните, на развојот на демократијата, на правдата за сите, за заштита на уставноста и законитоста, на еднаквоста на сите пред Уставот и законите.