киев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiev/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiev/ 32 32 Амбасадата на САД во Киев повторно отворена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ambasadata-na-sad-vo-kiev-povtorno-otvorena/ Thu, 21 Nov 2024 09:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=840214

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Киев денеска повторно беше отворена, откако беше затворена поради закана од воздушен напад, соопшти Стејт департментот. Портпаролот Метју Милер одби да прецизира каква закана ја натера амбасадата да ги затвори вратите во средата како мерка на претпазливост.

Ја сфаќаме безбедноста на нашиот персонал исклучително сериозно, рече Милер.

Амбасадата на САД беше затворена еден ден откако Москва вети дека ќе одговори на украинското истрелување на ракети со долг дострел испорачани од САД на руска територија за прв пат во речиси тригодишната војна.

Амбасадата на САД во Киев доби конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември, објави амбасадата на својата веб-страница.

Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии откако Украина употреби ракети со долг дострел АТАКМС испорачани од САД против воен објект во руската област Брјанск, неколку дена откако Вашингтон го овласти Киев да го користи оружјето.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи на состанокот на Г20 во Бразил, го опиша ракетниот напад како знак на западна ескалација.

The post Амбасадата на САД во Киев повторно отворена appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Киев денеска повторно беше отворена, откако беше затворена поради закана од воздушен напад, соопшти Стејт департментот. Портпаролот Метју Милер одби да прецизира каква закана ја натера амбасадата да ги затвори вратите во средата како мерка на претпазливост. Ја сфаќаме безбедноста на нашиот персонал исклучително сериозно, рече Милер. Амбасадата на САД беше затворена еден ден откако Москва вети дека ќе одговори на украинското истрелување на ракети со долг дострел испорачани од САД на руска територија за прв пат во речиси тригодишната војна. Амбасадата на САД во Киев доби конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември, објави амбасадата на својата веб-страница. Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии откако Украина употреби ракети со долг дострел АТАКМС испорачани од САД против воен објект во руската област Брјанск, неколку дена откако Вашингтон го овласти Киев да го користи оружјето. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи на состанокот на Г20 во Бразил, го опиша ракетниот напад како знак на западна ескалација.

The post Амбасадата на САД во Киев повторно отворена appeared first on Република.

]]>
Руски дрон удрил во резиденцијата на естонската амбасадорка во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-dron-udril-vo-rezidentsijata-na-estonskata-ambasadorka-vo-kiev/ Fri, 08 Nov 2024 13:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=835620

Резиденцијата на естонската амбасадорка во Украина, Енели Колк, е оштетена во напад со дрон на Киев рано утринава.

Зградата не е уништена, Колк не е повредена и може да продолжи да престојува во таа зграда, пренесува естонскиот јавен сервис „ЕРР“. Нападот почнал во четвртокот вечерта и траел осум часа, а амбасадорката и нејзиниот партнер биле во засолништето.

Во еден момент се чинеше дека опасноста помина и ние се вративме во својот стан на последниот кат. Но, сепак, беспилотните летала продолжија да летаат и напаѓаат, а беше погодена и нашата зграда, рече Колк.

Таа изјавила дека дронот удрил во зградата во 5:30 часот, но дека нема жртви бидејќи немало никој на последниот кат.

Штетата е ограничена на надворешната фасада и покривот на зградата. Целиот горен кат беше погоден, но за среќа сите останаа неповредени“, додаде естонската амбасадорка. Естонскиот министер за надворешни работи Магнус Кана изјави дека руско беспилотно летало ја погодило куќата во која живее естонскиот амбасадор во Киев и рече дека на Украина и треба повеќе воздушна одбрана.

Никој не е безбеден во Украина додека Русија не престане со својата агресија. На Украина и треба повеќе воздушна одбрана за да ги заштити своите граѓани. Не треба да се навикнуваме на ова, изјави шефот на естонската дипломатија на платформата Икс.

Синоќа и утринава на приодите кон Киев беа соборени повеќе од 30 руски беспилотни летала, а оштетени се згради во шест квартови на градот, јавуваат украинските медиуми, пренесува Танјуг.

The post Руски дрон удрил во резиденцијата на естонската амбасадорка во Киев appeared first on Република.

]]>

Резиденцијата на естонската амбасадорка во Украина, Енели Колк, е оштетена во напад со дрон на Киев рано утринава. Зградата не е уништена, Колк не е повредена и може да продолжи да престојува во таа зграда, пренесува естонскиот јавен сервис „ЕРР“. Нападот почнал во четвртокот вечерта и траел осум часа, а амбасадорката и нејзиниот партнер биле во засолништето. Во еден момент се чинеше дека опасноста помина и ние се вративме во својот стан на последниот кат. Но, сепак, беспилотните летала продолжија да летаат и напаѓаат, а беше погодена и нашата зграда, рече Колк. Таа изјавила дека дронот удрил во зградата во 5:30 часот, но дека нема жртви бидејќи немало никој на последниот кат. Штетата е ограничена на надворешната фасада и покривот на зградата. Целиот горен кат беше погоден, но за среќа сите останаа неповредени“, додаде естонската амбасадорка. Естонскиот министер за надворешни работи Магнус Кана изјави дека руско беспилотно летало ја погодило куќата во која живее естонскиот амбасадор во Киев и рече дека на Украина и треба повеќе воздушна одбрана. Никој не е безбеден во Украина додека Русија не престане со својата агресија. На Украина и треба повеќе воздушна одбрана за да ги заштити своите граѓани. Не треба да се навикнуваме на ова, изјави шефот на естонската дипломатија на платформата Икс. Синоќа и утринава на приодите кон Киев беа соборени повеќе од 30 руски беспилотни летала, а оштетени се згради во шест квартови на градот, јавуваат украинските медиуми, пренесува Танјуг.

The post Руски дрон удрил во резиденцијата на естонската амбасадорка во Киев appeared first on Република.

]]>
Нападнат е Киев, Кличко итно се огласи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napadnat-e-kiev-klichko-itno-se-oglasi/ Sun, 20 Oct 2024 09:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=829025

Единиците за противвоздушна одбрана одбија нов руски воздушен напад врз Киев, информираше градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Одбранбените сили на Киев неутрализирале десетина нападни беспилотни летала на руски напаѓачи, објави воената управа на градот на Телеграм, пренесува Укринформ.

„Уште еден воздушен напад врз Киев. Руската армија повторно употреби беспилотни летала. Бараж муниција навлегуваше во Киев во неколку бранови“, се наведува во соопштението.

The post Нападнат е Киев, Кличко итно се огласи appeared first on Република.

]]>

Единиците за противвоздушна одбрана одбија нов руски воздушен напад врз Киев, информираше градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Одбранбените сили на Киев неутрализирале десетина нападни беспилотни летала на руски напаѓачи, објави воената управа на градот на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Уште еден воздушен напад врз Киев. Руската армија повторно употреби беспилотни летала. Бараж муниција навлегуваше во Киев во неколку бранови“, се наведува во соопштението.

The post Нападнат е Киев, Кличко итно се огласи appeared first on Република.

]]>
Сите дронови биле уништени: Украинците се пофалија дека нивната ПВО одбила масовен напад на руските сили врз Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/site-dronovi-bile-unishteni-ukraintsite-se-pofalija-deka-nivnata-pvo-odbila-masoven-napad-na-ruskite-sili-vrz-kiev/ Sun, 06 Oct 2024 09:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=823368

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека руските сили синоќа го нападнале Киев со неколку групи нападни беспилотни летала.

Како што изјави Попко, сите руски дронови биле соборени од украинските сили за воздушна одбрана над предградијата и главниот град на Украина.

Попко изјави дека во нападот нема жртви или материјално уништување, пренесоа украинските медиуми.

Нападите беа извршени во бранови и од различни правци. Тревогата за воздушен напад беше објавена три пати и траеше вкупно повеќе од пет часа, соопшти Попко.

The post Сите дронови биле уништени: Украинците се пофалија дека нивната ПВО одбила масовен напад на руските сили врз Киев appeared first on Република.

]]>

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, изјави дека руските сили синоќа го нападнале Киев со неколку групи нападни беспилотни летала. Како што изјави Попко, сите руски дронови биле соборени од украинските сили за воздушна одбрана над предградијата и главниот град на Украина. Попко изјави дека во нападот нема жртви или материјално уништување, пренесоа украинските медиуми.
Нападите беа извршени во бранови и од различни правци. Тревогата за воздушен напад беше објавена три пати и траеше вкупно повеќе од пет часа, соопшти Попко.

The post Сите дронови биле уништени: Украинците се пофалија дека нивната ПВО одбила масовен напад на руските сили врз Киев appeared first on Република.

]]>
Киев им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм од безбедносни причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-im-zabrani-na-vojnitsite-i-sluzhbenitsite-da-ja-koristat-aplikatsijata-telegram-od-bezbednosni-prichini/ Fri, 20 Sep 2024 11:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=818159

Украинскиот Совет за одбрана и национална безбедност денеска им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм на нивните електронски уреди поради безбедносни причини.

Одлучено е да се забрани инсталирањето и употребата на Телеграм на официјалните уреди на владините претставници, воениот персонал, вработените во безбедносниот и одбранбениот сектор, како и во компаниите кои работат на критична инфраструктура, објави Советот.

Одлуката е објавена по состанокот на Советот за заканите за националната безбедност што ги претставува оваа апликација.

Телеграм е многу популарна апликација за пораки основана од Русинот Павел Дуров.

 

The post Киев им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм од безбедносни причини appeared first on Република.

]]>

Украинскиот Совет за одбрана и национална безбедност денеска им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм на нивните електронски уреди поради безбедносни причини.
Одлучено е да се забрани инсталирањето и употребата на Телеграм на официјалните уреди на владините претставници, воениот персонал, вработените во безбедносниот и одбранбениот сектор, како и во компаниите кои работат на критична инфраструктура, објави Советот.
Одлуката е објавена по состанокот на Советот за заканите за националната безбедност што ги претставува оваа апликација. Телеграм е многу популарна апликација за пораки основана од Русинот Павел Дуров.  

The post Киев им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм од безбедносни причини appeared first on Република.

]]>
Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vozdushna-trevoga-vo-kiev-za-vreme-na-posetata-na-blinken-i-lami/ Wed, 11 Sep 2024 19:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=815486

Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници.

Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета.

Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.

The post Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами appeared first on Република.

]]>

Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници. Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета. Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.

The post Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами appeared first on Република.

]]>
Руските сили извршија ракетен напад врз Киев, украинската армија гранатираше станбени блокови во Белгород https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-izvrshija-raketen-napad-vrz-kiev-ukrainskata-armija-granatirashe-stanbeni-blokovi-vo-belgorod/ Wed, 12 Jun 2024 09:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=786865

Руските сили утрово извршиле воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот.

Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала.

Сепак, наспроти украинските тврдења, очевидци за западни медими изјавиле дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев.

Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина кратко по 03:00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска. Авионите на Полска и сојузниците се активирани како мерка на претпазливост, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа Х.

Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино - град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.

The post Руските сили извршија ракетен напад врз Киев, украинската армија гранатираше станбени блокови во Белгород appeared first on Република.

]]>

Руските сили утрово извршиле воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот. Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки и балистички ракети, како и беспилотни летала. Сепак, наспроти украинските тврдења, очевидци за западни медими изјавиле дека се слушнале неколку експлозии во и околу Киев. Воздушна тревога беше прогласена ширум Украина кратко по 03:00 часот по локално време и траеше неколку часа, вклучително и во пограничната област со Полска. Авионите на Полска и сојузниците се активирани како мерка на претпазливост, објави Оперативната команда на полските вооружени сили на социјалната мрежа Х. Во исто време, гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, објави дека еден цивил загинал, а тројца се ранети при украинското гранатирање на градот Шебекино - град со 40.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Украина. Според Гладков, украинските ракети оштетиле шест куќи и 11 блокови.

The post Руските сили извршија ракетен напад врз Киев, украинската армија гранатираше станбени блокови во Белгород appeared first on Република.

]]>
Експлозии во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksplozii-vo-kiev/ Mon, 25 Mar 2024 09:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=758468

Неколку силни експлозии одекнаа околу 10:30 часот по локално време, во Киев, за што јавија неколку домашни и странски медиуми.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат сирени и експлозии додека деца од училиште трчаат кон засолниште.

Експлозиите се случиле во моментот кога се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од воздух, а по нив бил забележан чад на источниот брег на реката Дњепар во Киев.

Кусо потоа воената администрација на Киев соопшти дека остатоци од руска ракета паднале врз областа Печерск во градот, оштетувајќи една станбена зграда.

The post Експлозии во Киев appeared first on Република.

]]>

Неколку силни експлозии одекнаа околу 10:30 часот по локално време, во Киев, за што јавија неколку домашни и странски медиуми. На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат сирени и експлозии додека деца од училиште трчаат кон засолниште. Експлозиите се случиле во моментот кога се слушнале сирени кои предупредуваат за опасност од воздух, а по нив бил забележан чад на источниот брег на реката Дњепар во Киев. Кусо потоа воената администрација на Киев соопшти дека остатоци од руска ракета паднале врз областа Печерск во градот, оштетувајќи една станбена зграда.

The post Експлозии во Киев appeared first on Република.

]]>
Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ruskite-sili-bi-mozhele-da-stignat-do-kiev/ Thu, 22 Feb 2024 11:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=746966

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украинаќе  мора да си заминат.

Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД.

Медведев тврди дека „режимот во Киев е претставен од марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина“.

- Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе го изберат тоа, а некои ќе бидат принудени, изјави Медведев за руските медиуми, пренесува РТС.

Медведев тврди дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и поради тоа тој град би можел да биде цел на руско освојување.

Тој, исто така, рече дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, но „тие се принудени тоа да го повторуваат во јавноста за да ги оправдаат огромните трошоци за воената помош за Киев“.

- Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении, смета Медведев.

The post Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украинаќе  мора да си заминат. Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД. Медведев тврди дека „режимот во Киев е претставен од марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина“. - Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе го изберат тоа, а некои ќе бидат принудени, изјави Медведев за руските медиуми, пренесува РТС. Медведев тврди дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и поради тоа тој град би можел да биде цел на руско освојување. Тој, исто така, рече дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, но „тие се принудени тоа да го повторуваат во јавноста за да ги оправдаат огромните трошоци за воената помош за Киев“. - Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении, смета Медведев.

The post Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев appeared first on Република.

]]>
Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-minister-za-odbrana-pristigna-vo-nenajavena-poseta-na-kiev/ Tue, 21 Nov 2023 09:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=714679

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска пристигна во ненајавена посета на Киев за да ја потврди поддршката на Берлин за Украина во нејзината борба против руската армија.

Германија е втора по пружање воена помош за Украина по САД. Таа се обидува да го увери Киев за континуирана помош, бидејќи Украина се грижи за понатамошна поддршка од сојузниците кои се преокупирани со избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

„Повторно сум овде за да ветам поголема помош, но и да ја изразам нашата солидарност и нашите длабоки врски, како и нашето восхитување за храбрата борба што се води овде“, рече Писториус додека положи цвеќе на плоштадот во центарот на Киев.

Писториус пристигна во Киев со воз и треба да разговара со својот украински колега, како и со претседателот Володимир Зеленски.

Неговата посета доаѓа додека руските воздушни напади врз Украина се интензивираат и Киев се подготвува за зголемени руски напади врз енергетските инсталации во земјата во текот на зимата.

Ова е втора посета на Писториус на Киев откако тој стана министер за одбрана на почетокот на годината, а доаѓа еден ден по исто така ненајавената посета на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Украина.

Писториус положи венец на плоштадот каде пред десет години стотици луѓе демонстрираа со недели барајќи демократски реформи, а во текот на денот треба да го посети и центарот за воена обука.

The post Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска пристигна во ненајавена посета на Киев за да ја потврди поддршката на Берлин за Украина во нејзината борба против руската армија. Германија е втора по пружање воена помош за Украина по САД. Таа се обидува да го увери Киев за континуирана помош, бидејќи Украина се грижи за понатамошна поддршка од сојузниците кои се преокупирани со избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас. „Повторно сум овде за да ветам поголема помош, но и да ја изразам нашата солидарност и нашите длабоки врски, како и нашето восхитување за храбрата борба што се води овде“, рече Писториус додека положи цвеќе на плоштадот во центарот на Киев. Писториус пристигна во Киев со воз и треба да разговара со својот украински колега, како и со претседателот Володимир Зеленски. Неговата посета доаѓа додека руските воздушни напади врз Украина се интензивираат и Киев се подготвува за зголемени руски напади врз енергетските инсталации во земјата во текот на зимата. Ова е втора посета на Писториус на Киев откако тој стана министер за одбрана на почетокот на годината, а доаѓа еден ден по исто така ненајавената посета на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на Украина. Писториус положи венец на плоштадот каде пред десет години стотици луѓе демонстрираа со недели барајќи демократски реформи, а во текот на денот треба да го посети и центарот за воена обука.

The post Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев appeared first on Република.

]]>
Киев: Нови руски напади врз цивилни области во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-novi-ruski-napadi-vrz-tsivilni-oblasti-vo-ukraina/ Mon, 23 Oct 2023 14:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=694232

Русија погоди неколку цивилни области во Украина во нов бран напади со беспилотни летала и ракети. Регистрирани се смртни случаи, како и оштетување на инфраструктурата, соопштија денеска украински воени и регионални претставници, пренесува Радио Слободна Европа.

Осум цивилни области во регионите Доњецк, Херсон, Берислав, Суми и Одеса биле цел на најновата серија руски напади со беспилотни летала и проектили, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Во Доњецк е погоден инфраструктурен објект и избувна пожар, напиша министерот за внатрешни работи Ихор Клименко на Телеграм, без да даде детали за целта и нејзината локација. Пожарот бил изгаснат од пожарникари на итната помош, рече Клименко.

Тој рече и дека во Херсон и Берислав 14 проектили ги погодиле селата Тјагинка, Приднипровска и Микилска, при што едно лице е рането.

Јужните одбранбени сили на Украина известија дека девет руски беспилотни летала, кои се обиделе да ја нападнат инфраструктурата во црноморското пристаниште Одеса, биле соборени рано изутринава. Остатоците од еден од соборените дронови оштетиле зграда на магацин и предизвикале пожар кој брзо бил изгаснат, соопшти војската, додавајќи дека засега нема информации за жртви.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека вкупно 14 дронови за напад, вклучувајќи 13 ирански беспилотни летала Шахед и една крстосувачка ракета Кх-59, биле уништени над Украина во текот на ноќта.

Во источниот регион на Доњецк, тројца цивили загинаа во изминатите 24 часа, изјави денеска регионалниот гувернер Ихор Мороз.

Шестмина поштенски работници се убиени, а 17 се ранети во руски ракетен напад врз поштата во североисточниот регион Харков.

Претседателот Володимир Зеленски рече дека Украина ќе одговори на овие руски напади.  - Дефинитивно ќе одговориме на секоја манифестација на руски терор. И на овој напад, рече Зеленски.

Додека Русија продолжува со воздушни и артилериски напади врз различни украински региони, најтешките борби се водат во источен Доњецк, каде руските сили започнуваат офанзива на Авдијивка, на само 15 километри северно од градот Доњецк, најголемиот град под руска окупација, пренесува РСЕ.

The post Киев: Нови руски напади врз цивилни области во Украина appeared first on Република.

]]>

Русија погоди неколку цивилни области во Украина во нов бран напади со беспилотни летала и ракети. Регистрирани се смртни случаи, како и оштетување на инфраструктурата, соопштија денеска украински воени и регионални претставници, пренесува Радио Слободна Европа. Осум цивилни области во регионите Доњецк, Херсон, Берислав, Суми и Одеса биле цел на најновата серија руски напади со беспилотни летала и проектили, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. Во Доњецк е погоден инфраструктурен објект и избувна пожар, напиша министерот за внатрешни работи Ихор Клименко на Телеграм, без да даде детали за целта и нејзината локација. Пожарот бил изгаснат од пожарникари на итната помош, рече Клименко. Тој рече и дека во Херсон и Берислав 14 проектили ги погодиле селата Тјагинка, Приднипровска и Микилска, при што едно лице е рането. Јужните одбранбени сили на Украина известија дека девет руски беспилотни летала, кои се обиделе да ја нападнат инфраструктурата во црноморското пристаниште Одеса, биле соборени рано изутринава. Остатоците од еден од соборените дронови оштетиле зграда на магацин и предизвикале пожар кој брзо бил изгаснат, соопшти војската, додавајќи дека засега нема информации за жртви. Украинските воздухопловни сили соопштија дека вкупно 14 дронови за напад, вклучувајќи 13 ирански беспилотни летала Шахед и една крстосувачка ракета Кх-59, биле уништени над Украина во текот на ноќта. Во источниот регион на Доњецк, тројца цивили загинаа во изминатите 24 часа, изјави денеска регионалниот гувернер Ихор Мороз. Шестмина поштенски работници се убиени, а 17 се ранети во руски ракетен напад врз поштата во североисточниот регион Харков. Претседателот Володимир Зеленски рече дека Украина ќе одговори на овие руски напади.  - Дефинитивно ќе одговориме на секоја манифестација на руски терор. И на овој напад, рече Зеленски. Додека Русија продолжува со воздушни и артилериски напади врз различни украински региони, најтешките борби се водат во источен Доњецк, каде руските сили започнуваат офанзива на Авдијивка, на само 15 километри северно од градот Доњецк, најголемиот град под руска окупација, пренесува РСЕ.

The post Киев: Нови руски напади врз цивилни области во Украина appeared first on Република.

]]>
Белата куќа му порача на Киев: Сè што побаравте, добивте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-mu-poracha-na-kiev-se-shto-pobaravte-dobivte/ Thu, 21 Sep 2023 09:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=683724

САД им дадоа на Украинците се што побараа за да извршат контраофанзива, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, пренесува ТАСС.

Сè што побара украинската армија за контраофанзива, го доби од САД, од нашите сојузници и партнери, рече Кирби на брифингот, нагласувајќи дека американската поддршка „е без преседан, историска и во голема мера обезбедува напредок на операција“.

Белата куќа денеска ќе го објави составот на новиот пакет оружје и муниција подготвен за испорака во Киев.

Медиумите претходно објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во моментов не планира да ја објави својата одлука дали ќе испорача ракети со долг дострел на Киев за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, која е закажана за денеска.

Како што беше наведено, Киев долго време бараше ваков тип на оружје, а украинските власти се надеваа дека претседателот Бајден следната недела ќе ја одобри испораката на воено-тактичкиот ракетен систем ATACMS, систем за наведување ракетен систем земја-земја со дострел од над 400 километри.

Кремљ предупреди дека снабдувањето со ракети со долг дострел ќе биде црвена линија, а слични предупредувања стигнаа и од Москва во однос на другите видови оружје.

Велика Британија и Франција веќе обезбедија ракети со долг дострел „Storm Shadow“, кои летаат до 240 километри.

The post Белата куќа му порача на Киев: Сè што побаравте, добивте appeared first on Република.

]]>

САД им дадоа на Украинците се што побараа за да извршат контраофанзива, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, пренесува ТАСС. Сè што побара украинската армија за контраофанзива, го доби од САД, од нашите сојузници и партнери, рече Кирби на брифингот, нагласувајќи дека американската поддршка „е без преседан, историска и во голема мера обезбедува напредок на операција“. Белата куќа денеска ќе го објави составот на новиот пакет оружје и муниција подготвен за испорака во Киев. Медиумите претходно објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во моментов не планира да ја објави својата одлука дали ќе испорача ракети со долг дострел на Киев за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, која е закажана за денеска. Како што беше наведено, Киев долго време бараше ваков тип на оружје, а украинските власти се надеваа дека претседателот Бајден следната недела ќе ја одобри испораката на воено-тактичкиот ракетен систем ATACMS, систем за наведување ракетен систем земја-земја со дострел од над 400 километри. Кремљ предупреди дека снабдувањето со ракети со долг дострел ќе биде црвена линија, а слични предупредувања стигнаа и од Москва во однос на другите видови оружје. Велика Британија и Франција веќе обезбедија ракети со долг дострел „Storm Shadow“, кои летаат до 240 километри.

The post Белата куќа му порача на Киев: Сè што побаравте, добивте appeared first on Република.

]]>
Утрински ракетен напад врз Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrinski-raketen-napad-vrz-kiev/ Wed, 06 Sep 2023 06:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=679150

Рано изутринава Русија изврши ракетен напад врз Киев, но украинската противвоздушна одбрана ги собори сите проектили истрелани пред да стигнат до нивната цел, соопшти воената администрација на главниот град преку објава на социјалната мрежа Телеграм.

Очевидци изјавија дека во Киев утрово биле регистррани истрели од системите за ПВО, додека во истиот момент била прогласена воздушна тревога низ Украина, која била укината околу еден час подоцна.

„Уште еден ракетен напад на непријателот против мирен град со цел да се убие цивилното население и да се уништи инфраструктурата“, напиша шефот на градската воена управа на Киев, Сергеј Попко.

Тој додаде дека според првичните податоци, во главниот град на Украина нема жртви или штети. Останува нејасно колкав е обемот на нападот.

The post Утрински ракетен напад врз Киев appeared first on Република.

]]>

Рано изутринава Русија изврши ракетен напад врз Киев, но украинската противвоздушна одбрана ги собори сите проектили истрелани пред да стигнат до нивната цел, соопшти воената администрација на главниот град преку објава на социјалната мрежа Телеграм. Очевидци изјавија дека во Киев утрово биле регистррани истрели од системите за ПВО, додека во истиот момент била прогласена воздушна тревога низ Украина, која била укината околу еден час подоцна.
„Уште еден ракетен напад на непријателот против мирен град со цел да се убие цивилното население и да се уништи инфраструктурата“, напиша шефот на градската воена управа на Киев, Сергеј Попко.
Тој додаде дека според првичните податоци, во главниот град на Украина нема жртви или штети. Останува нејасно колкав е обемот на нападот.

The post Утрински ракетен напад врз Киев appeared first on Република.

]]>
Во Киев уапсени жени кои танцувале на гробовите на војници, им се заканува затвор од пет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kiev-uapseni-zheni-koi-tantsuvale-na-grobovite-na-vojnitsi-im-se-zakanuva-zatvor-od-pet-godini/ Fri, 25 Aug 2023 10:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=675695

Полицијата во Киев приведе неколку лица поради играње на гробовите на војници, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Уапсените објавија видеа и фотографии на социјалните мрежи. Ним им се заканува затворска казна до пет години.

Киевската полиција објави слики од приведувањето на двете жени.

The post Во Киев уапсени жени кои танцувале на гробовите на војници, им се заканува затвор од пет години appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Киев приведе неколку лица поради играње на гробовите на војници, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. Уапсените објавија видеа и фотографии на социјалните мрежи. Ним им се заканува затворска казна до пет години. Киевската полиција објави слики од приведувањето на двете жени.

The post Во Киев уапсени жени кои танцувале на гробовите на војници, им се заканува затвор од пет години appeared first on Република.

]]>
Захарова: Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-samo-kapitulatsijata-na-kiev-ke-stavi-kraj-na-ruskata-ofanziva-vo-ukraina/ Mon, 07 Aug 2023 12:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=669615

Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина, соопшти денеска Москва, откако викендов се одржа состанок во Саудиска Арабија, кој не донесе напредок за завршување на војната во Украина.

„Убедени сме дека навистина глобално, трајно и праведно решение е можно само доколку режимот во Киев престане со непријателствата и терористичките напади“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Треба да се препознаат новите територијални реалности, да се обезбеди демилитаризација и денацификација на Украина“, додаде таа.

Захарова нагласи дека Москва бара потврда за „оригиналните основи на суверенитетот на Украина: нејзиниот неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“. Тие барања, кои Москва веќе ги објави кога ја започна својата офанзива во февруари 2022 година, Киев ги отфрли.

Захарова го изјави ова откако викендов во Саудиска Џеда се одржаа разговори на околу четириесет делегации за Украина, во кои беа вклучени делегации од западните земји и брзорастечките економии блиски до Москва, вклучувајќи ги Кина и Индија, но не и Русија.

Долгите разговори меѓу делегациите не доведоа до напредок во конфликтот, а немаше ниту конечна изјава.

Иако Захарова во понеделникот рече дека Москва „високо го цени посредувањето на нивните пријатели од земјите на југот, таа истакна дека „мирното решение е невозможно“ врз основа на мировната формула предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Захарова: Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина appeared first on Република.

]]>

Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина, соопшти денеска Москва, откако викендов се одржа состанок во Саудиска Арабија, кој не донесе напредок за завршување на војната во Украина.
„Убедени сме дека навистина глобално, трајно и праведно решение е можно само доколку режимот во Киев престане со непријателствата и терористичките напади“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Треба да се препознаат новите територијални реалности, да се обезбеди демилитаризација и денацификација на Украина“, додаде таа.
Захарова нагласи дека Москва бара потврда за „оригиналните основи на суверенитетот на Украина: нејзиниот неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“. Тие барања, кои Москва веќе ги објави кога ја започна својата офанзива во февруари 2022 година, Киев ги отфрли. Захарова го изјави ова откако викендов во Саудиска Џеда се одржаа разговори на околу четириесет делегации за Украина, во кои беа вклучени делегации од западните земји и брзорастечките економии блиски до Москва, вклучувајќи ги Кина и Индија, но не и Русија. Долгите разговори меѓу делегациите не доведоа до напредок во конфликтот, а немаше ниту конечна изјава. Иако Захарова во понеделникот рече дека Москва „високо го цени посредувањето на нивните пријатели од земјите на југот, таа истакна дека „мирното решение е невозможно“ врз основа на мировната формула предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Захарова: Само капитулацијата на Киев ќе стави крај на руската офанзива во Украина appeared first on Република.

]]>
Украинските власти тврдат дека собориле околу 15 руски дронови кај Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-vlasti-tvrdat-deka-soborile-okolu-15-ruski-dronovi-kaj-kiev/ Thu, 03 Aug 2023 06:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=668106

Украинската воздушна одбрана во текот на изминатата ноќ собори околу 15 беспилотни летала кои се движеа кон Киев, изјави утринава началникот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Украинските сили „открија и уништија околу 15 воздушни цели на приодот кон Киев“, изјави Попко на Телеграм, додавајќи дека станува збор за експлозивни дронови од типот „Шахид“.

„Според моментално достапните информации, нема жртви или штети во главниот град“, додаде тој.

Воздушниот напад, 820-ти по ред врз Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, траеше три часа, прецизираше Попко.

The post Украинските власти тврдат дека собориле околу 15 руски дронови кај Киев appeared first on Република.

]]>

Украинската воздушна одбрана во текот на изминатата ноќ собори околу 15 беспилотни летала кои се движеа кон Киев, изјави утринава началникот на воената управа на Киев, Сергеј Попко. Украинските сили „открија и уништија околу 15 воздушни цели на приодот кон Киев“, изјави Попко на Телеграм, додавајќи дека станува збор за експлозивни дронови од типот „Шахид“. „Според моментално достапните информации, нема жртви или штети во главниот град“, додаде тој. Воздушниот напад, 820-ти по ред врз Киев од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, траеше три часа, прецизираше Попко.

The post Украинските власти тврдат дека собориле околу 15 руски дронови кај Киев appeared first on Република.

]]>
Медведев: Во наша корист е тоа што Киев не сака да преговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-vo-nasha-korist-e-toa-shto-kiev-ne-saka-da-pregovara/ Mon, 31 Jul 2023 11:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=667254

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, истакна дека невообичаено го радува тоа што украинскиот лидер одбива секаков вид преговори.

Како што изјави, тоа ќе доведе до конечна победа на Москва.

„Ме радува што на чело на Украина, која се распаѓа како труп, се несвесни робови: тајкуни и изгаснати кловнови, кои за се ги молат прекуокеанските господари. Многу е корисно што сите овие идиоти изнесуваат неодржлива „формула за мир“, а сите други опции за преговори ги одбиваат“, истакна Медведев, додавајќи дека е корисно што „кловнот сениор“ потпишал документ за забрана на преговорите со Русија.

Сето тоа, според него, ќе и овозможи на Русија да го заврши тоа што го започна за време на Специјалната воена операција.

„До крајот на бандеровскиот режим. До крајот на неонацистичката идеологија. До исчезнување на сите подмолни кои убија огромен број свои граѓани поради пари од Западот и да ги задоволат своите болни амбиции, нагласи Медведев.

The post Медведев: Во наша корист е тоа што Киев не сака да преговара appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, истакна дека невообичаено го радува тоа што украинскиот лидер одбива секаков вид преговори. Како што изјави, тоа ќе доведе до конечна победа на Москва.
„Ме радува што на чело на Украина, која се распаѓа како труп, се несвесни робови: тајкуни и изгаснати кловнови, кои за се ги молат прекуокеанските господари. Многу е корисно што сите овие идиоти изнесуваат неодржлива „формула за мир“, а сите други опции за преговори ги одбиваат“, истакна Медведев, додавајќи дека е корисно што „кловнот сениор“ потпишал документ за забрана на преговорите со Русија.
Сето тоа, според него, ќе и овозможи на Русија да го заврши тоа што го започна за време на Специјалната воена операција.
„До крајот на бандеровскиот режим. До крајот на неонацистичката идеологија. До исчезнување на сите подмолни кои убија огромен број свои граѓани поради пари од Западот и да ги задоволат своите болни амбиции, нагласи Медведев.

The post Медведев: Во наша корист е тоа што Киев не сака да преговара appeared first on Република.

]]>
Уапсен е украински воен функционер, си купил скапа вила во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-e-ukrainski-voen-funktsioner-si-kupil-skapa-vila-vo-shpanija/ Mon, 24 Jul 2023 20:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=664897

Украинското државно истражно биро (ДБР), кое ги истражува случаите на корупција на високо ниво, го приведе Евгени Борисов во Киев, два дена откако издаде налог по него, како дел од заедничката акција со државното обвинителство.

Осомничениот „се обидел да избега менувајќи го телефонскиот број, регистарската табличка на автомобилот и местото на живеење“, се додава во соопштението на ДБР. Полковникот Борисов беше задолжен за мобилизација и регрутирање во регионот Одеса, на југ, сè додека не беше ослободен од должноста по извештаите во медиумите.

Тој е осомничен за „незаконско богатење“ и обид за избегнување воена служба, за што му се заканува „затвор до десет години“, според ДБР. Истражната канцеларија во мај објави дека овој функционер, во замена за поткуп, им наредил на подредените да не мобилизираат некои луѓе, во времето на руската инвазија која започна во февруари 2022 година.

Работата ја открил влијателен украински медиум, кој наведува дека во декември 2022 година, мајката на Евгени Борисов,инаку пензионерка, станала сопственичка на вила во Марбела, популарна туристичка дестинација на југоистокот на Шпанија, вредна околу четири милиони евра.

Покрај тоа, сопругата на Борисов купила деловен простор во Марбела за речиси 740.000 евра, а нејзината свекрва во последните години купила неколку луксузни автомобили, наведува истиот извор. Државната антикорупциска агенција (НАЗК) минатата недела објави дека го сомничи поранешниот функционер за „незаконско богатење“, проневерено 4,59 милиони евра.

Борбата против корупцијата, ендемично зло во Украина, која уште пред руската инвазија беше меѓу посиромашните европски земји, е еден од условите на Европската унија за зачувување на кандидатскиот статус на Киев.

The post Уапсен е украински воен функционер, си купил скапа вила во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Украинското државно истражно биро (ДБР), кое ги истражува случаите на корупција на високо ниво, го приведе Евгени Борисов во Киев, два дена откако издаде налог по него, како дел од заедничката акција со државното обвинителство. Осомничениот „се обидел да избега менувајќи го телефонскиот број, регистарската табличка на автомобилот и местото на живеење“, се додава во соопштението на ДБР. Полковникот Борисов беше задолжен за мобилизација и регрутирање во регионот Одеса, на југ, сè додека не беше ослободен од должноста по извештаите во медиумите. Тој е осомничен за „незаконско богатење“ и обид за избегнување воена служба, за што му се заканува „затвор до десет години“, според ДБР. Истражната канцеларија во мај објави дека овој функционер, во замена за поткуп, им наредил на подредените да не мобилизираат некои луѓе, во времето на руската инвазија која започна во февруари 2022 година. Работата ја открил влијателен украински медиум, кој наведува дека во декември 2022 година, мајката на Евгени Борисов,инаку пензионерка, станала сопственичка на вила во Марбела, популарна туристичка дестинација на југоистокот на Шпанија, вредна околу четири милиони евра. Покрај тоа, сопругата на Борисов купила деловен простор во Марбела за речиси 740.000 евра, а нејзината свекрва во последните години купила неколку луксузни автомобили, наведува истиот извор. Државната антикорупциска агенција (НАЗК) минатата недела објави дека го сомничи поранешниот функционер за „незаконско богатење“, проневерено 4,59 милиони евра. Борбата против корупцијата, ендемично зло во Украина, која уште пред руската инвазија беше меѓу посиромашните европски земји, е еден од условите на Европската унија за зачувување на кандидатскиот статус на Киев.

The post Уапсен е украински воен функционер, си купил скапа вила во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Кличко: Над 170 цивили се убиени во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/klichko-nad-170-tsivili-se-ubieni-vo-kiev/ Sun, 09 Jul 2023 17:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=659444

Повеќе од 170 цивили загинале во руските напади врз главниот град на Украина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Тој додаде дека повеќе од 400 станбени згради се уништени од почетокот на инвазијата во февруари минатата година.

Киев повеќе пати беше цел на руски воздушни напади, од кои многу беа извршени во текот на ноќта. Москва првично планираше да го заземе главниот град на почетокот на својата инвазија, но не успеа во тоа.

The post Кличко: Над 170 цивили се убиени во Киев appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 170 цивили загинале во руските напади врз главниот град на Украина, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Тој додаде дека повеќе од 400 станбени згради се уништени од почетокот на инвазијата во февруари минатата година. Киев повеќе пати беше цел на руски воздушни напади, од кои многу беа извршени во текот на ноќта. Москва првично планираше да го заземе главниот град на почетокот на својата инвазија, но не успеа во тоа.

The post Кличко: Над 170 цивили се убиени во Киев appeared first on Република.

]]>
Ноќен напад со дронови врз Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/noken-napad-so-dronovi-vrz-kiev/ Sun, 02 Jul 2023 07:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=657306

Русија извршила ноќен напад со беспилотни летала врз Киев по пауза од 12 дена. Како што соопштија од украинската војска, системите за воздушна одбрана на Украина ги уништиле сите цели, пренесуваат британски медиуми.

Уште еден непријателски напад против Киев, напиша директорот на градската воена управа на Киев Серхи Попко, во својата објава на Телеграм.

Тој додаде дека во моментов нема информации за евентуални жртви или штети.

The post Ноќен напад со дронови врз Киев appeared first on Република.

]]>

Русија извршила ноќен напад со беспилотни летала врз Киев по пауза од 12 дена. Како што соопштија од украинската војска, системите за воздушна одбрана на Украина ги уништиле сите цели, пренесуваат британски медиуми.
Уште еден непријателски напад против Киев, напиша директорот на градската воена управа на Киев Серхи Попко, во својата објава на Телеграм.
Тој додаде дека во моментов нема информации за евентуални жртви или штети.

The post Ноќен напад со дронови врз Киев appeared first on Република.

]]>