киднапирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kidnapirani/ За подобро да се разбереме Sun, 15 Jan 2023 15:56:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киднапирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kidnapirani/ 32 32 Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekstremisti-kidnapirale-50-zheni-vo-burkina-faso/ Sun, 15 Jan 2023 15:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=597163

Осомничени екстремисти киднапирале 50 жени во Арбинда, на северот на западноафриканската земја Буркина Фасо, објавија денеска локалните претставници и жителите на тоа место, во кое редовно има насилство.

Некои жени успеале да побегнат, да се вратат во селото и да раскажат што се случило.

Жените се собраа да одат да берат лисја и диви овошја во дивината, бидејќи веќе нема што да се јаде, рече еден од жителите, додавајќи дека тие тргнале во текот на денот во четвртокот.

Кога не се вратиле до вечерта, мештаните помислиле дека нешто се случило, а потоа пристигнале три жени кои раскажале што се случило.

Според локалните власти кои ги потврдија киднапирањата, воените и цивилните помагачи ја пребарале областа, но безуспешно.

Градот Арбинда се наоѓа во регионот Сахел на северот на Буркина Фасо и е зона под блокада на екстремистичките групи, која тешко се снабдува со храна.

Околу милион луѓе во моментов живеат во блокирани зони на север или исток од земјата, според Обединетите нации.

Од 2015 година, Буркина Фасо, а особено нејзиниот северен дел, се соочува со напади од екстремистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Во тие напади загинаа илјадници луѓе и раселени најмалку два милиони.

Капетан Ибрахим Траоре, претседател кој дојде по воениот удар на 30 септември, втор во последните осум месеци, си постави за цел да ја врати територијата окупирана од „терористичките орди“.

The post Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>

Осомничени екстремисти киднапирале 50 жени во Арбинда, на северот на западноафриканската земја Буркина Фасо, објавија денеска локалните претставници и жителите на тоа место, во кое редовно има насилство. Некои жени успеале да побегнат, да се вратат во селото и да раскажат што се случило.
Жените се собраа да одат да берат лисја и диви овошја во дивината, бидејќи веќе нема што да се јаде, рече еден од жителите, додавајќи дека тие тргнале во текот на денот во четвртокот.
Кога не се вратиле до вечерта, мештаните помислиле дека нешто се случило, а потоа пристигнале три жени кои раскажале што се случило. Според локалните власти кои ги потврдија киднапирањата, воените и цивилните помагачи ја пребарале областа, но безуспешно. Градот Арбинда се наоѓа во регионот Сахел на северот на Буркина Фасо и е зона под блокада на екстремистичките групи, која тешко се снабдува со храна. Околу милион луѓе во моментов живеат во блокирани зони на север или исток од земјата, според Обединетите нации. Од 2015 година, Буркина Фасо, а особено нејзиниот северен дел, се соочува со напади од екстремистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Во тие напади загинаа илјадници луѓе и раселени најмалку два милиони. Капетан Ибрахим Траоре, претседател кој дојде по воениот удар на 30 септември, втор во последните осум месеци, си постави за цел да ја врати територијата окупирана од „терористичките орди“.

The post Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>
Осум турски државјани киднапирани на Хаити https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-turski-drzavjani-kidnapirani-na-haiti/ Mon, 09 May 2022 08:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=499777

Осум турски државјани, од кои неколку жени, се киднапирани на Хаити, јави медиумската куќа „Хаити24″.

Инцидентот се случил синоќа попладнето на автопатот осум што ги поврзува Доминиканската Република и Хаити. Притоа вооружени лица во областа Кроа де Букет го запреле автобусот со кој патувале турските државјани. Властите биле информирани за нападот, а досега не е побаран откуп за киднапираните.

Минатиот петок локална банда киднапираше доминикански дипломат кој беше ослободен по четири дена минати во заложништво.

Две вооружени банди водат меѓусебни престрелки за контрола на територија во областа Кроа де Букет Во оружените судири меѓу припадници на двете банди изминатите две седмици беа убиени најмалку 75 лица, десетици се ранети, а илјадници раселени.

The post Осум турски државјани киднапирани на Хаити appeared first on Република.

]]>

Осум турски државјани, од кои неколку жени, се киднапирани на Хаити, јави медиумската куќа „Хаити24″. Инцидентот се случил синоќа попладнето на автопатот осум што ги поврзува Доминиканската Република и Хаити. Притоа вооружени лица во областа Кроа де Букет го запреле автобусот со кој патувале турските државјани. Властите биле информирани за нападот, а досега не е побаран откуп за киднапираните. Минатиот петок локална банда киднапираше доминикански дипломат кој беше ослободен по четири дена минати во заложништво. Две вооружени банди водат меѓусебни престрелки за контрола на територија во областа Кроа де Букет Во оружените судири меѓу припадници на двете банди изминатите две седмици беа убиени најмалку 75 лица, десетици се ранети, а илјадници раселени.

The post Осум турски државјани киднапирани на Хаити appeared first on Република.

]]>