киднапирани фудбалери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kidnapirani-fudbaleri/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Jun 2023 16:33:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киднапирани фудбалери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kidnapirani-fudbaleri/ 32 32 Полицијата пронашла 80 киднапирани фудбалери од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/politsijata-pronashla-80-kidnapirani-fudbaleri-od-juzhna-amerika-afrika-i-azija-na-vozrast-od-13-do-23-godini/ Fri, 16 Jun 2023 20:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=652287

Во полициска рација во тренинг центар во околината на Фамалица на северот од Португалија, од заробеништво биле ослободени 80 фудбалери за кои се претпоставува дека станале жртви на трговија со луѓе. Станува збор за играчи од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години.

Португалските медиуми пишуваат дека станува збор за момчиња кои биле намамени во тренинг центарот во градот Риба д'Аве, со кој раководела агенцијата за управување „ Bsports football academy“. Им било ветено дека ќе добијат шанса да се борат за договори во најдобрите португалски клубови, а нивните родители на агенцијата ѝ плаќале од 600 до 1.300 евра месечно за трошоци за сместување.

Режимот на живот во „тренинг центарот“ всушност наликувал на мешавина од затвор и интернат. На младите им биле одземени пасошите и не им било дозволено самостојно да се движат. Повеќето од нив ќе се вратат во матичните земји откако ќе го дадат своето сведочење на суд.

Министерот за спорт Жоао Пауло Кореја најави натамошна борба против нелегалното регрутирање играчи и трговија со луѓе преку професионалниот фудбал. За вмешаност во овој случај е осомничен и Марио Коста, претседател на генералното собрание на португалската лига, најелитното натпреварување во земјата. Неговата куќа веќе била претресена од полицијата, а тој си поднел оставка.

The post Полицијата пронашла 80 киднапирани фудбалери од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години appeared first on Република.

]]>

Во полициска рација во тренинг центар во околината на Фамалица на северот од Португалија, од заробеништво биле ослободени 80 фудбалери за кои се претпоставува дека станале жртви на трговија со луѓе. Станува збор за играчи од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години. Португалските медиуми пишуваат дека станува збор за момчиња кои биле намамени во тренинг центарот во градот Риба д'Аве, со кој раководела агенцијата за управување „ Bsports football academy“. Им било ветено дека ќе добијат шанса да се борат за договори во најдобрите португалски клубови, а нивните родители на агенцијата ѝ плаќале од 600 до 1.300 евра месечно за трошоци за сместување. Режимот на живот во „тренинг центарот“ всушност наликувал на мешавина од затвор и интернат. На младите им биле одземени пасошите и не им било дозволено самостојно да се движат. Повеќето од нив ќе се вратат во матичните земји откако ќе го дадат своето сведочење на суд. Министерот за спорт Жоао Пауло Кореја најави натамошна борба против нелегалното регрутирање играчи и трговија со луѓе преку професионалниот фудбал. За вмешаност во овој случај е осомничен и Марио Коста, претседател на генералното собрание на португалската лига, најелитното натпреварување во земјата. Неговата куќа веќе била претресена од полицијата, а тој си поднел оставка.

The post Полицијата пронашла 80 киднапирани фудбалери од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години appeared first on Република.

]]>