киднапирана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kidnapirana/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 07:43:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png киднапирана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kidnapirana/ 32 32 Хамас киднапирал и девојка со потекло од Македонија, семејството бара помош од Еврејската заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hamas-kidnapiral-i-devojka-so-poteklo-od-makedonija-semjstvoto-bara-pomosh-od-evrejskata-zaednitsa/ Thu, 09 Nov 2023 07:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=699696

Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата за Гласот на Америка на македонски јазик ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од 19-годишната Наама Леви, а на кое се гледа дека била малтретирана. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло, кое, како што се тврди, го има од нејзина чукунбаба.

Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Таа е активист за мир, но била киднапирана и однесена во Газа. Има докази и видео од нејзе, изјавила професорката Друмер за Гласот на Америка.

Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината пра-прабаба Грасиа Бивас била родена во Македонија во 1893 година, во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел каде што низ годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

Но, киднапирана е, има слики дека е жива, но се гледа и дека била силувана. Се бара помош, да се види дали преку тоа што има македонски корени да се направи нешто. На тоа работам сега, вели професорката Друмер.

Киднапираната девојка Наама Леви била дел од мировната организација „Раце на мирот“, чија мисија била да ги поттикне младите од Израел, Палестина и од Америка да станат промотори на мирот.

Таа е борец за мир. Се бореше да се зборува и да се направат контакти со нашите соседи, со луѓето од Газа, додава професорката Друмер.

За киднапирањето на Наама објавиле и од организацијата „Раце на мирот“.

Наама дојде во организацијата со цел да научи повеќе за конфликтите и да развие вештини да создаде промени со кои сите ние ќе живееме горди, еднакви и слободни, се вели во соопштението во кое се бара каква било помош или информација за нејзино ослободување.

Според израелските воени институции, во нападот на Хамас на 7 октомври, биле киднапирани 242 Израелци. Од нив до сега четворица биле ослободени, а еден бил спасен.

Повеќето македонски граѓани кои се наоѓаа во Израел, како и во Газа, беа евакуирани и пристигнаа во земјава преку специјални хуманитарни летови.

The post Хамас киднапирал и девојка со потекло од Македонија, семејството бара помош од Еврејската заедница appeared first on Република.

]]>

Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата за Гласот на Америка на македонски јазик ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката. На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од 19-годишната Наама Леви, а на кое се гледа дека била малтретирана. Барање за помош е упатено и до Еврејската заедница во Македонија, за да се потврди нејзиното македонско потекло, кое, како што се тврди, го има од нејзина чукунбаба.
Ми се јави господинот Шаул Леви, кој има корени од Македонија, и побара да помогнеме на кој било начин да се ослободи неговата внука. Таа е активист за мир, но била киднапирана и однесена во Газа. Има докази и видео од нејзе, изјавила професорката Друмер за Гласот на Америка.
Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината пра-прабаба Грасиа Бивас била родена во Македонија во 1893 година, во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел каде што низ годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.
Но, киднапирана е, има слики дека е жива, но се гледа и дека била силувана. Се бара помош, да се види дали преку тоа што има македонски корени да се направи нешто. На тоа работам сега, вели професорката Друмер.
Киднапираната девојка Наама Леви била дел од мировната организација „Раце на мирот“, чија мисија била да ги поттикне младите од Израел, Палестина и од Америка да станат промотори на мирот.
Таа е борец за мир. Се бореше да се зборува и да се направат контакти со нашите соседи, со луѓето од Газа, додава професорката Друмер.
За киднапирањето на Наама објавиле и од организацијата „Раце на мирот“.
Наама дојде во организацијата со цел да научи повеќе за конфликтите и да развие вештини да создаде промени со кои сите ние ќе живееме горди, еднакви и слободни, се вели во соопштението во кое се бара каква било помош или информација за нејзино ослободување.
Според израелските воени институции, во нападот на Хамас на 7 октомври, биле киднапирани 242 Израелци. Од нив до сега четворица биле ослободени, а еден бил спасен. Повеќето македонски граѓани кои се наоѓаа во Израел, како и во Газа, беа евакуирани и пристигнаа во земјава преку специјални хуманитарни летови.

The post Хамас киднапирал и девојка со потекло од Македонија, семејството бара помош од Еврејската заедница appeared first on Република.

]]>
Со месеци ја држел 19-годишната девојка заклучена и ја тепал, некако успеала да побегне https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-mesetsi-ja-drzhel-19-godishnata-devojka-zakluchena-i-ja-tepal-nekako-uspeala-da-pobegne/ Wed, 19 Apr 2023 12:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=632116

Основното јавно обвинителство - Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „противправно лишување од слобода“ согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-od-tetovo-pretepana-od-momcheto-ja-maval-i-so-metalni-predmeti/

Од Јавното обвинителство соопштија дека почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди.

Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор во траење од осум дена.

The post Со месеци ја држел 19-годишната девојка заклучена и ја тепал, некако успеала да побегне appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство - Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „противправно лишување од слобода“ согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-od-tetovo-pretepana-od-momcheto-ja-maval-i-so-metalni-predmeti/ Од Јавното обвинителство соопштија дека почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди.
Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, појаснуваат од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор во траење од осум дена.

The post Со месеци ја држел 19-годишната девојка заклучена и ја тепал, некако успеала да побегне appeared first on Република.

]]>
Киднапирана 83-годишна американска калуѓерка во Буркина Фасо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kidnapirana-83-godishna-amerikanska-kalugjerka-vo-burkina-faso/ Wed, 06 Apr 2022 08:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=483911

Осумдесет и тригодишна американска калуѓерка е киднапирана во Буркина Фасо, јави Би-Би-Си.

Соопштено е дека вооружени лица ја киднапирале од женски манастир, каде тие вандализирале простории.

Потрагата по калуѓерката е во тек.

Неколку лица од Западот беа киднапирани од исламистичките милитанти во северниот дел на Буркина Фасо и други делови на Сахел во изминатите години, потсетува Би-Би-Си.

The post Киднапирана 83-годишна американска калуѓерка во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>

Осумдесет и тригодишна американска калуѓерка е киднапирана во Буркина Фасо, јави Би-Би-Си. Соопштено е дека вооружени лица ја киднапирале од женски манастир, каде тие вандализирале простории. Потрагата по калуѓерката е во тек. Неколку лица од Западот беа киднапирани од исламистичките милитанти во северниот дел на Буркина Фасо и други делови на Сахел во изминатите години, потсетува Би-Би-Си.  

The post Киднапирана 83-годишна американска калуѓерка во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>
Киднапирана Шпанка со денови држена и силувана во хотел во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kidnapirana-shpanka-so-denovi-drzena-i-siluvana-vo-hotel-vo-struga/ Tue, 05 Apr 2022 13:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=483656

Триесет и деветгодишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т., која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба.

Во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со Ш.С.(29) од струшкото село Радолишта, по што Ш.С. без нејзина согласност неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. Вчера во 21 часот и 30 минути во полициската станица – Струга приведен е Ш.С. и со него извршен е службен разговор, изјави денеска Димоски.

За случајот, додаде, бил известен Јавен обвинител и по целосното расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Киднапирана Шпанка со денови држена и силувана во хотел во Струга appeared first on Република.

]]>

Триесет и деветгодишна жителка на Шпанија, барана со потерница од Интерол, вчера е пронајдена во хотел во Струга, соопшти СВР Охрид. Според информацијата на портпаролот Стефан Димоски, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка ја пронашле К.М.Т., која по извршен разговор посочила дека без нејзина согласност била држена затворена во хотелската соба.