Кичево - Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kichevo-ohrid/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 15:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кичево - Охрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kichevo-ohrid/ 32 32 Постигната согласност „Синохидро“, изведувачот на автопатот Кичево – Охрид, да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/postignata-soglasnost-sinohidro-izveduvachot-na-avtopatot-kichevo-ohrid-da-ja-povleche-arbitrazhata-pred-megunarodniot-sud-za-arbitrazha-vo-pariz/ Wed, 24 Jul 2024 15:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=799916

Министерството за транспорт ја информираше Владата дека успеа да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево - Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта. На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше.

The post Постигната согласност „Синохидро“, изведувачот на автопатот Кичево – Охрид, да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт ја информираше Владата дека успеа да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево - Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта. На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше.

The post Постигната согласност „Синохидро“, изведувачот на автопатот Кичево – Охрид, да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз appeared first on Република.

]]>
За завршување на автопатот Кичево-Охрид има пари, тврди Бочварски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-zavrshuvane-na-avtopatot-kichevo-ohrid-ima-pari-tvrdi-bochvarski/ Fri, 05 Apr 2024 12:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=762659

Има пари за завршување на автопатот Кичево – Охрид, не се побарани нови, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додаде дека сега е важно да се направат техничките решенија за свлечиштата кои се појавија на делницата.

Собранието на 1. април на итна седница на предлог на Владата изгласа нов рок за завршување на автопатот, крајот на декември 2026 година. Претходниот рок за овој автопат беше до 31 декември 2023 година.

Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој работи од страна на надзорот и Фидик-експертите, беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете, има сè уште средства кои се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8 - рече Бочварски.

The post За завршување на автопатот Кичево-Охрид има пари, тврди Бочварски appeared first on Република.

]]>

Има пари за завршување на автопатот Кичево – Охрид, не се побарани нови, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој додаде дека сега е важно да се направат техничките решенија за свлечиштата кои се појавија на делницата. Собранието на 1. април на итна седница на предлог на Владата изгласа нов рок за завршување на автопатот, крајот на декември 2026 година. Претходниот рок за овој автопат беше до 31 декември 2023 година.
Во однос на реализацијата на автопатот Кичево-Охрид веќе најавивме дека согласно насоките од надзорниот инженер и целиот тим кој работи од страна на надзорот и Фидик-експертите, беше дадена препорака за продолжување на рокот поради 13-те нови свлечишта коишто се појавија. Како што знаете, има сè уште средства кои се ставени на располагање за да бидат реализирани и токму поради тоа не се побараа нови за реализација на овој автопат. Средства има, важно е да се направат побргу техничките решенија за свлечиштата и да продолжи реализацијата и градбата на оваа делница од коридорот 8 - рече Бочварски.

The post За завршување на автопатот Кичево-Охрид има пари, тврди Бочварски appeared first on Република.

]]>
Собранието по скратена постапка изгласа пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид до 2026-та година! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-po-skratena-postapka-izglasa-prolongirane-na-rokot-za-izgradba-na-avtopatot-kichevo-ohrid-do-2026-ta-godina/ Mon, 01 Apr 2024 12:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=760948

Собранието на денешната 150-та итна седница со 78 гласа „за“ даде поддршка на предлогот на Владата да се донесе по скратена постапка Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид.

Со овој предлог-закон се бара до крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид. Владата минатата недела на седница утврди предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“. Следни постапки за Предлог-законот се расправи во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во образложение на Предлог-законот истакна дека според добиените дописи, мислења и укажувања од страна на надзорот и ФИДИК експертот кој бил ангажиран од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и Владата, прогресот на работите е 83,84 проценти, со што Владата прадлага до Собранието продолжување на рокот за реализација на овој проект.

Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации. Причините за продолжување на рокот на реализација на овој проект се добро познати на јавноста – поради појавувањето во најголем дел на 13 нови свлечишта на самата траса за која е потребно дополнително проектирање на технички решенија со цел да се решат пропустите во техничката документација кои се пријавија при реализацијата на овој проект, рече тој.

Во однос на реализацијата на проектот по одделни објекти на трасата, Бочварски информира дека објектите се реализирани со 88 проценти, тунелите со 93 проценти, ископот на земјениот материјал со 83 проценти.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информацијата за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информираше минатата недела владината прес-служба во соопштение по седницата.

Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра. Тој износ според Министерството за транспорт и врски нема да се менува и покрај пролонгирањето на рокот.

The post Собранието по скратена постапка изгласа пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид до 2026-та година! appeared first on Република.

]]>

Собранието на денешната 150-та итна седница со 78 гласа „за“ даде поддршка на предлогот на Владата да се донесе по скратена постапка Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид. Со овој предлог-закон се бара до крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид. Владата минатата недела на седница утврди предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“. Следни постапки за Предлог-законот се расправи во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во образложение на Предлог-законот истакна дека според добиените дописи, мислења и укажувања од страна на надзорот и ФИДИК експертот кој бил ангажиран од страна на Јавното претпријатие за државни патишта и Владата, прогресот на работите е 83,84 проценти, со што Владата прадлага до Собранието продолжување на рокот за реализација на овој проект. Законот не повлекува дополнителни финансиски импликации. Причините за продолжување на рокот на реализација на овој проект се добро познати на јавноста – поради појавувањето во најголем дел на 13 нови свлечишта на самата траса за која е потребно дополнително проектирање на технички решенија со цел да се решат пропустите во техничката документација кои се пријавија при реализацијата на овој проект, рече тој. Во однос на реализацијата на проектот по одделни објекти на трасата, Бочварски информира дека објектите се реализирани со 88 проценти, тунелите со 93 проценти, ископот на земјениот материјал со 83 проценти. Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информацијата за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информираше минатата недела владината прес-служба во соопштение по седницата. Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на Договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра. Тој износ според Министерството за транспорт и врски нема да се менува и покрај пролонгирањето на рокот.

The post Собранието по скратена постапка изгласа пролонгирање на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид до 2026-та година! appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе одржи итна седница за автопатот Кичево – Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sobranieto-ke-odrzhi-itna-sednitsa-za-avtopatot-kichevo-ohrid/ Mon, 01 Apr 2024 10:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=760893

Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески, седницата ќе се одржи по барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството.

По барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација, претседателот на Собранието, за денеска во 13:30 часот закажа итна седница за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата, се посочува во информацијата од Кабинетот на Митрески.

До крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид предлага Владата, која минатата недела на седница утврди предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информацијата за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информира владината прес-служба во соопштение по седницата.

Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра. Од Министерството за транспорт и врски информираа дека со предложените законски дополнувања се пролонгира рокот за изградба, а финансиските средства за изградба остануваат непроменети, односно 598 милиони евра.

The post Собранието ќе одржи итна седница за автопатот Кичево – Охрид appeared first on Република.

]]>

Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески, седницата ќе се одржи по барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството. По барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација, претседателот на Собранието, за денеска во 13:30 часот закажа итна седница за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата, се посочува во информацијата од Кабинетот на Митрески. До крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид предлага Владата, која минатата недела на седница утврди предлог одредби за законски дополнувања со цел склучување нов, шести по ред анекс на Договорот за изградба со кинески „Синохидро“. Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информацијата за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, информира владината прес-служба во соопштение по седницата. Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра. Од Министерството за транспорт и врски информираа дека со предложените законски дополнувања се пролонгира рокот за изградба, а финансиските средства за изградба остануваат непроменети, односно 598 милиони евра.

The post Собранието ќе одржи итна седница за автопатот Кичево – Охрид appeared first on Република.

]]>
Владата одреди нов рок: До крајот на 2026 година треба да се изгради автопатот Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-odredi-nov-rok-do-krajot-na-2026-godina-treba-da-se-izgradi-avtopatot-kichevo-ohrid/ Tue, 26 Mar 2024 20:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=759086

Владата на вечерашната седница одреди нов краен рок за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој веќе доцни со изградба. Новиот рок е до крајот на 2026 година, соопштија од Владата.

Автопатот првично беше предвиден да биде готов до 31 декември 2023 година, но се пролонгираше неговата изградба.

Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информација за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето.

Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога Изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, стои во соопштението на Владата.

The post Владата одреди нов рок: До крајот на 2026 година треба да се изгради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

Владата на вечерашната седница одреди нов краен рок за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој веќе доцни со изградба. Новиот рок е до крајот на 2026 година, соопштија од Владата. Автопатот првично беше предвиден да биде готов до 31 декември 2023 година, но се пролонгираше неговата изградба. Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа Информација за потребата од донесување Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид и ги утврди предлог одредбите на дополнувањето. Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога Изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, стои во соопштението на Владата.

The post Владата одреди нов рок: До крајот на 2026 година треба да се изгради автопатот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>
Автопатот Кичево – Охрид е приоритет и продолжува да се гради, уверува владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/avtopatot-kichevo-ohrid-e-prioritet-i-prodolzhuva-da-se-gradi-uveruva-vladata/ Thu, 28 Dec 2023 13:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=727555

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за Договорот за изградба на автопат А2, делница Кичево – Охрид. Притоа, потврдено е дека изградбата на автопатската делница Кичево - Охрид е приоритет. И Владата, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е определена да се продолжи со нејзината доизградба, како дел од европскиот Коридор 8, информира владината прес-служба.

Владата ги овластила Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот, за склучување анекс на договор, за продолжување рок за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Истовремено, нагласуваат од Владата, изведбата на делницата, ќе продолжи во континуитет да се реализира.

Одлуката е донесена по Информацијата од Јавното претпријатие за државни патишта, базирана на доставени наоди од Главен Надзор и Надзор на тунел, дека поради реални причини, има потреба од продолжување на крајниот рок, 31 декември 2023 година, за изведба на градежните работи на овој автопат, а при тоа земајќи го предвид фактот за досега реализираниот висок степен на физички извршените работи и решени отворени прашања, велат од Владата.

Првичниот проект за автопатот Кичево - Охрид, како што е оценето, беше со бројни пропусти во проектирањето, но, како што се нагласува во соопштението од денешната владина седница, со фокус на Владата и надлежните институции кон важноста на делницата, во голем дел тие се надминати и како што е оценето, во континуитет се создаваат услови за негово завршување.

The post Автопатот Кичево – Охрид е приоритет и продолжува да се гради, уверува владата appeared first on Република.

]]>

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за Договорот за изградба на автопат А2, делница Кичево – Охрид. Притоа, потврдено е дека изградбата на автопатската делница Кичево - Охрид е приоритет. И Владата, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е определена да се продолжи со нејзината доизградба, како дел од европскиот Коридор 8, информира владината прес-служба. Владата ги овластила Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да отпочнат преговори со изведувачот, за склучување анекс на договор, за продолжување рок за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Истовремено, нагласуваат од Владата, изведбата на делницата, ќе продолжи во континуитет да се реализира. Одлуката е донесена по Информацијата од Јавното претпријатие за државни патишта, базирана на доставени наоди од Главен Надзор и Надзор на тунел, дека поради реални причини, има потреба од продолжување на крајниот рок, 31 декември 2023 година, за изведба на градежните работи на овој автопат, а при тоа земајќи го предвид фактот за досега реализираниот висок степен на физички извршените работи и решени отворени прашања, велат од Владата. Првичниот проект за автопатот Кичево - Охрид, како што е оценето, беше со бројни пропусти во проектирањето, но, како што се нагласува во соопштението од денешната владина седница, со фокус на Владата и надлежните институции кон важноста на делницата, во голем дел тие се надминати и како што е оценето, во континуитет се создаваат услови за негово завршување.

The post Автопатот Кичево – Охрид е приоритет и продолжува да се гради, уверува владата appeared first on Република.

]]>
На Владата и текна дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид трае предолго, допрва ќе ангажираат меѓународни експерти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-vladata-i-tekna-deka-izgradbata-na-avtopatot-kichevo-ohrid-trae-predolgo-doprva-ke-angazhiraat-megunarodni-eksperti/ Mon, 06 Nov 2023 21:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=698968

Како одговорна Влада треба да преземеме дополнителни чекори во насока на изнаоѓање на најдобрите решенија за завршување на автопатот Кичево-Охрид, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во гостување на ТВ 24, тој соопшти дека пред извесен период правеле анализи, бидејќи се работи за проект којшто трае предолго време и во кој се јавиле големи проблеми до денес и во самата реализација.

Во врска со овој проект, еден од чекорите е ревизија на целата проектна документација и таа се одвива во Јавното претпријатие за државни патишта. Има две ревизии во моментов, едната е за капиталните проекти, другата за финансиската исправност. Вториот чекор кој ќе го преземе Владата е ангажирање на Фидик експерт преку надзорниот орган којшто ќе ни ги посочи неколкуте сценарија. Тој работи на вакви меѓународни договори - наведе Бочварски.

Тој посочи дека во многу наврати биле и противници на моделот за градба што бил избран во тоа време.

Во целиот период не сме седеле со скрстени раце, туку сме влегле во реализација за измена на законските процедури со цел да овозможиме полесна процедура на вакви инфраструктурни проекти, за да сегашните и идните генерации и влади полесно работат на овие проекти. Министерството за транспорт и врски поднесе законски измени кои се веќе усвоени и тие ќе ги дадат резултатите - истакна министерот за транспорт и врски.

Како што информираше претходно ресорното Министерство, ангажиран е експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на овој проект. Рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта преку Владата, според најавата, ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект.

Појавени се 11 нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експерти кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект.

The post На Владата и текна дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид трае предолго, допрва ќе ангажираат меѓународни експерти appeared first on Република.

]]>

Како одговорна Влада треба да преземеме дополнителни чекори во насока на изнаоѓање на најдобрите решенија за завршување на автопатот Кичево-Охрид, вели министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Во гостување на ТВ 24, тој соопшти дека пред извесен период правеле анализи, бидејќи се работи за проект којшто трае предолго време и во кој се јавиле големи проблеми до денес и во самата реализација.
Во врска со овој проект, еден од чекорите е ревизија на целата проектна документација и таа се одвива во Јавното претпријатие за државни патишта. Има две ревизии во моментов, едната е за капиталните проекти, другата за финансиската исправност. Вториот чекор кој ќе го преземе Владата е ангажирање на Фидик експерт преку надзорниот орган којшто ќе ни ги посочи неколкуте сценарија. Тој работи на вакви меѓународни договори - наведе Бочварски.
Тој посочи дека во многу наврати биле и противници на моделот за градба што бил избран во тоа време.
Во целиот период не сме седеле со скрстени раце, туку сме влегле во реализација за измена на законските процедури со цел да овозможиме полесна процедура на вакви инфраструктурни проекти, за да сегашните и идните генерации и влади полесно работат на овие проекти. Министерството за транспорт и врски поднесе законски измени кои се веќе усвоени и тие ќе ги дадат резултатите - истакна министерот за транспорт и врски.
Како што информираше претходно ресорното Министерство, ангажиран е експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на овој проект. Рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта преку Владата, според најавата, ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект. Појавени се 11 нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експерти кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект.

The post На Владата и текна дека изградбата на автопатот Кичево-Охрид трае предолго, допрва ќе ангажираат меѓународни експерти appeared first on Република.

]]>
Николоски: Вака изгледа она што треба да е автопат Кичево – Струга – Охрид, уште еден показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vaka-izgleda-ona-shto-treba-da-e-avtopat-kichevo-struga-ohrid-ushte-eden-pokazatel-za-nesposobnosta-i-kriminalot-na-sdsm-i-dui/ Sun, 09 Oct 2022 09:01:12 +0000 https://republika.mk/?p=558988

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на својата Фејсбук страница објави фотографии од состојбата во која се наоѓа автопатот Кичево - Струга - Охрид.

Најголемиот показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ. Уништени коловози и скоро никакви активности за изградба на автопатот направија цел регион да е стопански, туристички и инфраструктурно отсечен. Денес е недела 9 Октомври, власта вети дека до понеделник 10 Октомври ќе ја пушти делницата од Требеништа до Охрид. Уште една лага на виделина - пишува Николоски во својата објава.

The post Николоски: Вака изгледа она што треба да е автопат Кичево – Струга – Охрид, уште еден показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на својата Фејсбук страница објави фотографии од состојбата во која се наоѓа автопатот Кичево - Струга - Охрид.
Најголемиот показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ. Уништени коловози и скоро никакви активности за изградба на автопатот направија цел регион да е стопански, туристички и инфраструктурно отсечен. Денес е недела 9 Октомври, власта вети дека до понеделник 10 Октомври ќе ја пушти делницата од Требеништа до Охрид. Уште една лага на виделина - пишува Николоски во својата објава.

The post Николоски: Вака изгледа она што треба да е автопат Кичево – Струга – Охрид, уште еден показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Ивановски: Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште e незавршен, пробиени се сите рокови, а СДСМ ја зголеми неговата цена за 150 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ivanovski-osma-godina-avtopatot-kichevo-ohrid-se-ushte-e-nezavrshen-probieni-se-site-rokovi-a-sdsm-ja-zgolemi-negovata-cena-za-150-milioni-evra/ Tue, 22 Feb 2022 10:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=461868

Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, реагира за тоа што власта на СДСМ, со години не успева да го заврши автопатот Кичево - Охрид, а се што направи е што ја зголеми цената на изградба за 150 милиони.

Реакцијата на Ивановски ја пренесуваме во целост.

„На денешен пред 8 години, во 2014та, кај селото Извор, Кичевско, почна изградбата на автопатот од Кичево до Охрид. Автопат долг 57 км со вредност од 375 милиони евра во тоа време. Рокот на изградба на овие градежни работи беше 4 години и денеска означуваме 8 години од почетокот на изградбата на овој автопат. Повторувам 8 години.

Во тоа време СДСМ не беше на власт и градежните работи се одвиваат со добра и очекувана динамика.

Но, за жал 2017 година доаѓаат СДСМ на власт.

Нивното доаѓање за овој автопат ќе значи и негово стопирање во изградбата.

Ќе напоменам само неколку изговори кои последниве 5 години секојдневно ги кажуваат како оправдување зашто скоро и да не работат на изградбата на овој автопат.

1. Лажно тврдеа дека крива е трасата, демек автопатот од Кичево наместо спрема Охрид завршувал кон некое друго место. Нивниот министер за транспорт и врски при едно ТВ излагање призна и изјави дека ова тврдење е невистинито и дека трасата е на право место и оваа нивна лага падна во вода и веќе не ја повторија.

2. Изговори и лаги се дека проектот за изградбата на овој автопат не бил соодветен и дека морало да се допроектира за да може да се гради. Тоа допроектирање трае неверојатни 5 години е нешто на кое сите луѓе со минимално познавање на градежништвото се смеат и го сметаат како крајно несериозно. Доколку за некоја позиција имало потреба од допроектирање, можеме да се согласиме дека за тоа им биле доволни 6 месеци или година дена, меѓутоа за допроектирање од цели 5 години не го прифаќаме во ниеден случај.

3. Потоа роковите за завршување на изградба на автопатот сами си ги задаваат и сами си ги прекршуваат. Првичниот рок кој што го зададоа беше 30 јуни 2020 година и нормално тој рок го прекршија, си зададоа нов рок кој што сега изнесува декември 2023 година, и со тоа ќе означиме 10 години за изградба на автопат кој што се уште не е готов. Но, од досега приложеното и нивното неработење можеме со сигурност да тврдиме дека и овој рок нема да е исполнет.

4. Чинењето на овој автопат од првични 375 милиони евра денес стига скоро 600 милиони евра, во 2018 беше потпишан анекс од нови 187 милиони евра. Притоа тогашниот министер за транспорт и врски Сугаревски и Зоран Заев изјавија дека со овој анекс ние штедиме, државата штеди. Се прашуваме како може да штедиме при потпишување на нов анекс од скоро 200 милиони евра. Како може повеќе пари да бидат заштеда за нашиот буџет. Таа нелогичност и ден денеска од СДСМ не ја објаснија.

5. Самото пролонгирање на овој автопат, самото завршување на изведбата во превод значи нови трошоци. Ова лето се потпиша дополнителен договор за надзор на овој автопат во вредност 508 милиони денари, или нешто над 8 милиони евра. Наместо овие пари да завршат за проекти од интерес на граѓаните ќе бидат потрошени за надзор. Доколку овој автопатот бил изграден на време тој немало потреба за овој трошок, за кој ќе дадам и личен коментар дека оваа сума е далеку над пазарната вредност.

Наместо како држава преку изградба на државната инфраструктура да го јакнеме туристичкиот капацитет на Охрид, Струга и регионот СДСМ потпишува само анекси за пролонгирање на рокови и зголемување на вредноста на чинењето на автопатот.

Вакво неработење и неспособност во изградбата на инфраструктурата досега е незапамтено.

СДСМ нема капацитет да гради иднина за Македонија, СДСМ мора што поскоро да замине за подоброто на граѓаните на оваа држава, а потоа да гледаат и да учат од нас како преку работа и изградба на државната инфраструктура се сака својата држава“.

https://www.youtube.com/watch?v=DNdRAuQWQSA&feature=youtu.be

The post Ивановски: Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште e незавршен, пробиени се сите рокови, а СДСМ ја зголеми неговата цена за 150 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, реагира за тоа што власта на СДСМ, со години не успева да го заврши автопатот Кичево - Охрид, а се што направи е што ја зголеми цената на изградба за 150 милиони. Реакцијата на Ивановски ја пренесуваме во целост. „На денешен пред 8 години, во 2014та, кај селото Извор, Кичевско, почна изградбата на автопатот од Кичево до Охрид. Автопат долг 57 км со вредност од 375 милиони евра во тоа време. Рокот на изградба на овие градежни работи беше 4 години и денеска означуваме 8 години од почетокот на изградбата на овој автопат. Повторувам 8 години. Во тоа време СДСМ не беше на власт и градежните работи се одвиваат со добра и очекувана динамика. Но, за жал 2017 година доаѓаат СДСМ на власт. Нивното доаѓање за овој автопат ќе значи и негово стопирање во изградбата. Ќе напоменам само неколку изговори кои последниве 5 години секојдневно ги кажуваат како оправдување зашто скоро и да не работат на изградбата на овој автопат. 1. Лажно тврдеа дека крива е трасата, демек автопатот од Кичево наместо спрема Охрид завршувал кон некое друго место. Нивниот министер за транспорт и врски при едно ТВ излагање призна и изјави дека ова тврдење е невистинито и дека трасата е на право место и оваа нивна лага падна во вода и веќе не ја повторија. 2. Изговори и лаги се дека проектот за изградбата на овој автопат не бил соодветен и дека морало да се допроектира за да може да се гради. Тоа допроектирање трае неверојатни 5 години е нешто на кое сите луѓе со минимално познавање на градежништвото се смеат и го сметаат како крајно несериозно. Доколку за некоја позиција имало потреба од допроектирање, можеме да се согласиме дека за тоа им биле доволни 6 месеци или година дена, меѓутоа за допроектирање од цели 5 години не го прифаќаме во ниеден случај. 3. Потоа роковите за завршување на изградба на автопатот сами си ги задаваат и сами си ги прекршуваат. Првичниот рок кој што го зададоа беше 30 јуни 2020 година и нормално тој рок го прекршија, си зададоа нов рок кој што сега изнесува декември 2023 година, и со тоа ќе означиме 10 години за изградба на автопат кој што се уште не е готов. Но, од досега приложеното и нивното неработење можеме со сигурност да тврдиме дека и овој рок нема да е исполнет. 4. Чинењето на овој автопат од првични 375 милиони евра денес стига скоро 600 милиони евра, во 2018 беше потпишан анекс од нови 187 милиони евра. Притоа тогашниот министер за транспорт и врски Сугаревски и Зоран Заев изјавија дека со овој анекс ние штедиме, државата штеди. Се прашуваме како може да штедиме при потпишување на нов анекс од скоро 200 милиони евра. Како може повеќе пари да бидат заштеда за нашиот буџет. Таа нелогичност и ден денеска од СДСМ не ја објаснија. 5. Самото пролонгирање на овој автопат, самото завршување на изведбата во превод значи нови трошоци. Ова лето се потпиша дополнителен договор за надзор на овој автопат во вредност 508 милиони денари, или нешто над 8 милиони евра. Наместо овие пари да завршат за проекти од интерес на граѓаните ќе бидат потрошени за надзор. Доколку овој автопатот бил изграден на време тој немало потреба за овој трошок, за кој ќе дадам и личен коментар дека оваа сума е далеку над пазарната вредност. Наместо како држава преку изградба на државната инфраструктура да го јакнеме туристичкиот капацитет на Охрид, Струга и регионот СДСМ потпишува само анекси за пролонгирање на рокови и зголемување на вредноста на чинењето на автопатот. Вакво неработење и неспособност во изградбата на инфраструктурата досега е незапамтено. СДСМ нема капацитет да гради иднина за Македонија, СДСМ мора што поскоро да замине за подоброто на граѓаните на оваа држава, а потоа да гледаат и да учат од нас како преку работа и изградба на државната инфраструктура се сака својата држава“. https://www.youtube.com/watch?v=DNdRAuQWQSA&feature=youtu.be

The post Ивановски: Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште e незавршен, пробиени се сите рокови, а СДСМ ја зголеми неговата цена за 150 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Важна информација ако патувате кон Охрид: Повремени прекини на патот Кичево-Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vazna-informacija-ako-patuvate-kon-ohrid-povremeni-prekini-na-patot-kichevo-ohrid/ Tue, 15 Feb 2022 09:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=458707

На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска помеѓу 11:00 и 14:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Важна информација ако патувате кон Охрид: Повремени прекини на патот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>

На патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска помеѓу 11:00 и 14:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 10 до 15 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање), информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

The post Важна информација ако патувате кон Охрид: Повремени прекини на патот Кичево-Охрид appeared first on Република.

]]>