КИЦ Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kic-sofija/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Feb 2024 08:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КИЦ Софија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kic-sofija/ 32 32 Промоцијата на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски во Македонскиот културен центар во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsijata-na-romanot-bokserot-od-novo-maalo-od-vladimir-plavevski-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-sofija/ Tue, 27 Feb 2024 08:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=748737

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија на 27 февруари 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски.

На настанот посветен на македонскиот писател, новоиздадената преведена книга ќе биде претставена од страна на бугарскиот издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“), како и од страна на преведувачите Маријан Петров и Тања Попова.

Македонскиот писател Владимир Плавевски раскажува за уличниот тепач од своето детство со звучниот прекар Дери Катил во романот „Боксерот од Ново маало“ (во издание на „Персеј“, во превод на Маријан Петров), кој ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година.

Владимир Плавевски (1948-2023) имаше многустрана писателска кариера, вклучувајќи не само романи и раскази, туку и драми, сценарија за телевизиски серии и радио драми. Неговото мајсторство му донесе награда за роман на годината во 2013 година, за книгата „Јадица“ (Персеј, 2018). „Боксерот од Ново маало“ е уште едно негово емотивно четиво, во кое низ приказната за насилникот од маалото, Дери Катил, ги доживуваме сите искушенија низ кои поминаа скопјани во кобните 1962 и 1963 година.

Местото на дејствието е населбата Ново маало во Скопје пред разорниот земјотрес во 1963 година, кога целиот град беше срамнет со земја.

Ангел Тонтевски, или Дери Катил - реален лик од детството на Плавевски - е познат уличен насилник од Ново маало и сосед на младиот наратор Владо. И како што вели боксерскиот тренер Страхил: „Комшијата е поважен од роднината.“ Тогаш, вели авторот, соседите меѓусебно си помагале во секакви животни драматични ситуации. Социјалната средина, во која не потопува романот, е бележана од сиромаштија која се граничи со мизерија, но луѓето биле здружни во своите неволји. Секое маало имало своја улична банда млади кои се бореле со други банди од други маала, и за одмазда и за слава. А секоја банда имала свој водач – кабадаија.

Таков за новодојденците е Дери. Својот прекар го добил во кланицата каде што работел, бидејќи најбрзо ги дерел животните. А на улица тој е терор за сите. Никој не може да му се спротивстави во тепачките, тој е авторитет и за своите и за другите - непријателските банди од другите маала се тресат само кога ќе го слушнат неговото име или штом го видат. Поради проблемите што Дери Катил ги создава со својот насилен темперамент, тој завршува во затвор. Го советуваат да го скроти својот темперамент со започнување на тренинзи по бокс. Тренирајќи напорно и посветено, Дери станува боксерска легенда на клубот „Вардар“ во Скопје и гордост на жителите на Ново маало, а неговото пријателство со малиот Владо прераснува во вистинско братство. Дери има проблем со читањето, па постојано му се јавува на Владо – нај оддадениот  читател во соседството - да му чита на глас книги за бокс и митолошки ликови, од кои е инспириран.

Благозвучниот наратив на Владимир Плавевски го претвора сеќавањето на тоа сега далечно време со незаборавни ликови во литература, со одличен квалитет. Неслучајно романот е оценет од критиката и со една од најпрестижните македонски книжевни награди.

За време на незаборавната вечер, Тања Попова ќе ја претстави и претходната книга на Плавевски - збирката раскази „Динга стоп“.

The post Промоцијата на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија на 27 февруари 2024, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски. На настанот посветен на македонскиот писател, новоиздадената преведена книга ќе биде претставена од страна на бугарскиот издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“), како и од страна на преведувачите Маријан Петров и Тања Попова. Македонскиот писател Владимир Плавевски раскажува за уличниот тепач од своето детство со звучниот прекар Дери Катил во романот „Боксерот од Ново маало“ (во издание на „Персеј“, во превод на Маријан Петров), кој ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година. Владимир Плавевски (1948-2023) имаше многустрана писателска кариера, вклучувајќи не само романи и раскази, туку и драми, сценарија за телевизиски серии и радио драми. Неговото мајсторство му донесе награда за роман на годината во 2013 година, за книгата „Јадица“ (Персеј, 2018). „Боксерот од Ново маало“ е уште едно негово емотивно четиво, во кое низ приказната за насилникот од маалото, Дери Катил, ги доживуваме сите искушенија низ кои поминаа скопјани во кобните 1962 и 1963 година. Местото на дејствието е населбата Ново маало во Скопје пред разорниот земјотрес во 1963 година, кога целиот град беше срамнет со земја. Ангел Тонтевски, или Дери Катил - реален лик од детството на Плавевски - е познат уличен насилник од Ново маало и сосед на младиот наратор Владо. И како што вели боксерскиот тренер Страхил: „Комшијата е поважен од роднината.“ Тогаш, вели авторот, соседите меѓусебно си помагале во секакви животни драматични ситуации. Социјалната средина, во која не потопува романот, е бележана од сиромаштија која се граничи со мизерија, но луѓето биле здружни во своите неволји. Секое маало имало своја улична банда млади кои се бореле со други банди од други маала, и за одмазда и за слава. А секоја банда имала свој водач – кабадаија. Таков за новодојденците е Дери. Својот прекар го добил во кланицата каде што работел, бидејќи најбрзо ги дерел животните. А на улица тој е терор за сите. Никој не може да му се спротивстави во тепачките, тој е авторитет и за своите и за другите - непријателските банди од другите маала се тресат само кога ќе го слушнат неговото име или штом го видат. Поради проблемите што Дери Катил ги создава со својот насилен темперамент, тој завршува во затвор. Го советуваат да го скроти својот темперамент со започнување на тренинзи по бокс. Тренирајќи напорно и посветено, Дери станува боксерска легенда на клубот „Вардар“ во Скопје и гордост на жителите на Ново маало, а неговото пријателство со малиот Владо прераснува во вистинско братство. Дери има проблем со читањето, па постојано му се јавува на Владо – нај оддадениот  читател во соседството - да му чита на глас книги за бокс и митолошки ликови, од кои е инспириран. Благозвучниот наратив на Владимир Плавевски го претвора сеќавањето на тоа сега далечно време со незаборавни ликови во литература, со одличен квалитет. Неслучајно романот е оценет од критиката и со една од најпрестижните македонски книжевни награди. За време на незаборавната вечер, Тања Попова ќе ја претстави и претходната книга на Плавевски - збирката раскази „Динга стоп“.

The post Промоцијата на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-bugarskoto-izdanie-na-romanot-turneja-od-sasho-ognenovski-vo-kits-vo-sofija/ Tue, 19 Dec 2023 07:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=724422

Денеска, од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски.

Што се случува кога театар раководен од фатени за гуши медиокритети ќе тргне на светска турнеја?

Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци.

Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија. А загатката за тоа кој е мистериозниот Азазел (или Арлекин или Бегемот) којшто потпишува смртни пресуди зад сцената го држи читателот на нокти до последната страница.

Кој ќе преживее последен? Тоа е прашањето.

Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.

 

The post Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ во Софија appeared first on Република.

]]>

Денеска, од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија, ќе се одржи промоцијата на бугарското издание на романот „Турнеја“ (из. „Изида“) од македонскиот писател Сашо Огненовски. Романот ќе биде претставен од издавачот и книжевен критичар Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров и од самиот автор Сашо Огненовски. Што се случува кога театар раководен од фатени за гуши медиокритети ќе тргне на светска турнеја? Романот „Турнеја“ е безмилосна сатира за проблемите во театарската институција. Уметноста е уништувана малку по малку од желните за власт псевдоинтелектуалци. Брилијантно конструираните ликови на Сашо Огненовски ги доживуваат своите лични трагедии на фонот на непрестаен распад, придружен со многу хумор и иронија. А загатката за тоа кој е мистериозниот Азазел (или Арлекин или Бегемот) којшто потпишува смртни пресуди зад сцената го држи читателот на нокти до последната страница. Кој ќе преживее последен? Тоа е прашањето. Сашо Огненовски (1964, Битола) е актер, режисер и писател. Дипломирал на Факултетот за театарска уметност во Скопје 1987 година. Магистер по PR и медиуми. Работел како наставник на Педагошкиот факултет во Битола. Има над 100 улоги во Народниот театар во Битола. Автор е на над 10 книги поезија, проза, драми и истражувања.  

The post Промоција на бугарското издание на романот „Турнеја“ од Сашо Огненовски во КИЦ во Софија appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска во Македонскиот културен центар во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-na-vrakane-od-frosina-parmakovska-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-sofija/ Thu, 09 Mar 2023 07:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=617525

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ излегува како издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното дело пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров.

Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издателство „Персеј“ на бугарски јазик.

Фасцинантно раскажана приказна за животот на средовечен маж, писател, кој занесен во пишувањето незабележливо му врти грб на семејството и по некое време се изнесува од својот дом и ги напушта својата сопруга и својот мал син. Наративот во прво лице го води човекот кој не знае да го спои својот личен и креативен живот. Неговото секојдневие станува низа од минатото, сегашноста и иднината. Враќањето во куќата на баба му и дедо му, која треба да биде продадена, го враќа назад во времето поминато таму, во детските лудории, во бегството на татко му, оставајќи го своето семејство, кон кое долго време нема никакви чувства, кон доживувањата и незаборавните моменти со убава девојка, со која љубовта е невозможна. Сеќавањата што го погодуваат се многу, но главниот лик често лета со својот „летечки тепих“ кон иднината, мечтае, фантазира, но на крајот сè останува неостварено. За него тоа е бегство од едноличниот и монотон живот. Бара нешто ново, нешто различно. Постојано е во движење. Затоа често патува: со воз, со автомобил, со „летечки тепих“, кој го понесува во идните моменти од неговиот живот.

Амбициозниот писател треба да патува до Истанбул, за да го претстави својот роман. Ова е уште една пресвртница во турбулентниот и напнат живот на главниот лик. Пречекан од неговиот возбуден и загрижен издавач, тој дознава дека има забрана за масовни настани поради пандемијата и Ковид мерките, кои мора да се спроведуваат.

Следи повратно патување назад, кон татковината, кон семејството, кон секојдневието. Но, овој пат е тежок - пандемија, маски, строго почитување на епидемиолошките ограничувања, затворени граници, тестови, карантин... Една тажна радост вилнее во душата на Емануел. Ќе има ли прошка за сѐ што му причинува на своето семејството, ќе може ли да излезе од вителот во кој западнал. За да има емоционално закрепнување и да премине од фантазија во реалност, мора да го фрли својот „летечки тепих“ и да слета во реалноста. Неговите соништа повеќе не го носат во нереални светови, туку кон нешто вистинско. Гледа работи кои се случиле такви, какви што биле во реалноста. Му се присонува Ирина, неговата сопруга, и клупата каде што ја гледа за прв пат.

Главниот лик ги осознава грешките, гледа веќе реално на животот, но дали ќе можат тие грешки да бидат простени од неговото семејство и има ли враќање наназад? Дали после толку движење ќе може да се врати дома? Ќе посака ли да му прости и на својот татко за нанесената болка. Зарем тој не тргнува по неговиот пат кога ја напушта Ирина и својот син Андреј?

„На враќање“ е една возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна.

Роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.

The post Промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

На 9 март 2023, со почеток од 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ излегува како издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното дело пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров. Младата македонска писателка Фросина Пармаковска е позната на бугарските читатели со книгите „Вишнова хроника“ и „Одбројување“ кои порано излегоа од печат како изданија на издателство „Персеј“ на бугарски јазик. Фасцинантно раскажана приказна за животот на средовечен маж, писател, кој занесен во пишувањето незабележливо му врти грб на семејството и по некое време се изнесува од својот дом и ги напушта својата сопруга и својот мал син. Наративот во прво лице го води човекот кој не знае да го спои својот личен и креативен живот. Неговото секојдневие станува низа од минатото, сегашноста и иднината. Враќањето во куќата на баба му и дедо му, која треба да биде продадена, го враќа назад во времето поминато таму, во детските лудории, во бегството на татко му, оставајќи го своето семејство, кон кое долго време нема никакви чувства, кон доживувањата и незаборавните моменти со убава девојка, со која љубовта е невозможна. Сеќавањата што го погодуваат се многу, но главниот лик често лета со својот „летечки тепих“ кон иднината, мечтае, фантазира, но на крајот сè останува неостварено. За него тоа е бегство од едноличниот и монотон живот. Бара нешто ново, нешто различно. Постојано е во движење. Затоа често патува: со воз, со автомобил, со „летечки тепих“, кој го понесува во идните моменти од неговиот живот. Амбициозниот писател треба да патува до Истанбул, за да го претстави својот роман. Ова е уште една пресвртница во турбулентниот и напнат живот на главниот лик. Пречекан од неговиот возбуден и загрижен издавач, тој дознава дека има забрана за масовни настани поради пандемијата и Ковид мерките, кои мора да се спроведуваат. Следи повратно патување назад, кон татковината, кон семејството, кон секојдневието. Но, овој пат е тежок - пандемија, маски, строго почитување на епидемиолошките ограничувања, затворени граници, тестови, карантин... Една тажна радост вилнее во душата на Емануел. Ќе има ли прошка за сѐ што му причинува на своето семејството, ќе може ли да излезе од вителот во кој западнал. За да има емоционално закрепнување и да премине од фантазија во реалност, мора да го фрли својот „летечки тепих“ и да слета во реалноста. Неговите соништа повеќе не го носат во нереални светови, туку кон нешто вистинско. Гледа работи кои се случиле такви, какви што биле во реалноста. Му се присонува Ирина, неговата сопруга, и клупата каде што ја гледа за прв пат. Главниот лик ги осознава грешките, гледа веќе реално на животот, но дали ќе можат тие грешки да бидат простени од неговото семејство и има ли враќање наназад? Дали после толку движење ќе може да се врати дома? Ќе посака ли да му прости и на својот татко за нанесената болка. Зарем тој не тргнува по неговиот пат кога ја напушта Ирина и својот син Андреј? „На враќање“ е една возбудлива и привлечно раскажана драматична животна приказна. Роман за грешките и прошката, за разбраната и претрпена грешка, која секој може да ја направи, за моментите во кои човек се приземјува и го осознава сето неправилно извршено.

The post Промоција на книгата „На враќање“ од Фросина Пармаковска во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров од вечерва во Македонскиот културен центар во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-reministsentsii-na-marjan-zingarov-od-vecherva-vo-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-sofija/ Tue, 07 Mar 2023 12:48:23 +0000 https://republika.mk/?p=616870

На 7 март (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи отворањето на ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата авторот го претставува својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои.

Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија.

Има реализирано девет самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија.

Носител на Годишната награда на Општина Струмица, св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за 2022, за особен придонес во областа на културата и уметноста.

Носител е на Втората награда на Четврти меѓународен конкурс за апстрактна уметност "21 х 21" 2022 на Галерија [A] CUBE во Софија.

Делата на Марјан Ѕингаров следат една постојана траекторија на забрзување и компресирање на апстрактната сликовност со емоција и возбуда. Од знаковните студии со трње (од истоимениот циклус во 2015 година) преку геометриските бездни од 2018 г. до припитомените стравови и сенки во сегашната серија „Реминисценции“, Ѕин систематски е во потрага на кој начин да претстави повеќе со помалку. Без да западне во излишно сликање, тој работи со прецизна композиција во сѐ поапстрактни платна, исполнети со својствен однос кон пластичноста. Тие остануваат декоративни во својот карактер, без претензии за живописност, но тој плакатен квалитет е совладаниот јазик на музичката хармонија на овој циклус, неговата едноставност, синтетизирана од одбрани изразни средства. Оваа тивка лиричност им придава посебен дух на делата, кои не случајно потсетуваат на архаични траги. Траги, пронајдени под урнатините на една визуелна цивилизација којашто ја губи мистичната моќ на сликата. Она што останало како сугестија од овие слики, е магливото сеќавање за нив и нивните осамени, избледени сенки.

The post Изложбата „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров од вечерва во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

На 7 март (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи отворањето на ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата авторот го претставува својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои. Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. Дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија. Има реализирано девет самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Романија. Учесник на групни изложби во Македонија, Бугарија, Грција, Србија, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Полска, Чешка, Романија. Носител на Годишната награда на Општина Струмица, св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици за 2022, за особен придонес во областа на културата и уметноста. Носител е на Втората награда на Четврти меѓународен конкурс за апстрактна уметност "21 х 21" 2022 на Галерија [A] CUBE во Софија. Делата на Марјан Ѕингаров следат една постојана траекторија на забрзување и компресирање на апстрактната сликовност со емоција и возбуда. Од знаковните студии со трње (од истоимениот циклус во 2015 година) преку геометриските бездни од 2018 г. до припитомените стравови и сенки во сегашната серија „Реминисценции“, Ѕин систематски е во потрага на кој начин да претстави повеќе со помалку. Без да западне во излишно сликање, тој работи со прецизна композиција во сѐ поапстрактни платна, исполнети со својствен однос кон пластичноста. Тие остануваат декоративни во својот карактер, без претензии за живописност, но тој плакатен квалитет е совладаниот јазик на музичката хармонија на овој циклус, неговата едноставност, синтетизирана од одбрани изразни средства. Оваа тивка лиричност им придава посебен дух на делата, кои не случајно потсетуваат на архаични траги. Траги, пронајдени под урнатините на една визуелна цивилизација којашто ја губи мистичната моќ на сликата. Она што останало како сугестија од овие слики, е магливото сеќавање за нив и нивните осамени, избледени сенки.

The post Изложбата „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров од вечерва во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>
Изложба „Космички пејзажи 2“ на Дејан Иванов – Маргуш во Македонскиот културен центар во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-kosmichki-pejzazi-2-na-dejan-ivanov-margush-vo-makedonskiot-kulturen-centar-vo-sofija/ Wed, 15 Jun 2022 07:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=515333

Изложбата „Космички пејзажи 2“ на македонскиот ликовен уметник Дејан Иванов – Маргуш ќе биде претставена пред софиската публика на 15 јуни (среда) 2022, со почеток од 18:00 часот. Изложбата од околу 20 ликовни дела ќе ја исполни концертната сала на музеј-куќата на Борис Христов, а самата изложба ќе биде отворена во присуство на авторот.

Ликовните дела, кои беа создадени пред пандемијата од Ковид-19, во 2019 и 2020 година беа претставени во град Пловдив. Неговите апстрактни, импулсивни и богати колористички дела, насликани со користење на акрилни бои и со комбинирање на дополнителни материјали за засилување на колористичката вибрација, сега ќе можат да се видат и од публиката во главниот град на Бугарија, Софија.

Изложбата во Музеј „Борис Христов“ во Софија ќе остане отворена за посетителите до 30 јуни 2022 година.

Дејан Иванов – Маргуш е роден во Скопје 1979 година. Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје 2005 година, во класата на проф. Јован Шумковски и проф. Рубенс Корубин.

Свои самостојни изложби има претставено во повеќе градови низ Македонија, а исто така изложувал и во Србија, Германија и Бугарија. Учествувал на многу групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Чешка, Франција и САД.

Во својата биографија бележи три награди од групни претставувања, како и многубројни учества во колонии во Македонија и надвор од неа.

Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија од 2005 година, а подоцна станува и негов секретар.

The post Изложба „Космички пејзажи 2“ на Дејан Иванов – Маргуш во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Космички пејзажи 2“ на македонскиот ликовен уметник Дејан Иванов – Маргуш ќе биде претставена пред софиската публика на 15 јуни (среда) 2022, со почеток од 18:00 часот. Изложбата од околу 20 ликовни дела ќе ја исполни концертната сала на музеј-куќата на Борис Христов, а самата изложба ќе биде отворена во присуство на авторот. Ликовните дела, кои беа создадени пред пандемијата од Ковид-19, во 2019 и 2020 година беа претставени во град Пловдив. Неговите апстрактни, импулсивни и богати колористички дела, насликани со користење на акрилни бои и со комбинирање на дополнителни материјали за засилување на колористичката вибрација, сега ќе можат да се видат и од публиката во главниот град на Бугарија, Софија. Изложбата во Музеј „Борис Христов“ во Софија ќе остане отворена за посетителите до 30 јуни 2022 година. Дејан Иванов – Маргуш е роден во Скопје 1979 година. Дипломирал на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје 2005 година, во класата на проф. Јован Шумковски и проф. Рубенс Корубин. Свои самостојни изложби има претставено во повеќе градови низ Македонија, а исто така изложувал и во Србија, Германија и Бугарија. Учествувал на многу групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Чешка, Франција и САД. Во својата биографија бележи три награди од групни претставувања, како и многубројни учества во колонии во Македонија и надвор од неа. Член е на Друштвото на Ликовни Уметници на Македонија од 2005 година, а подоцна станува и негов секретар.

The post Изложба „Космички пејзажи 2“ на Дејан Иванов – Маргуш во Македонскиот културен центар во Софија appeared first on Република.

]]>