КИЦ Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kic-skopje/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 10:58:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КИЦ Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kic-skopje/ 32 32 Изложба на цртежи, колажи и костими од Елена Дончева во КИЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-tsrtezhi-kolazhi-i-kostimi-od-elena-doncheva-vo-kits/ Tue, 15 Oct 2024 10:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=827095

Во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена ретроспективната изложба на цртежи,колажи и костими од доајенот на македонската костимографија Елена Дончева насловена „Костими“.

Елена Дончева (1942) е еден од најплодните автори кога се има предвид професијата костимограф во Македонија. Дипломира 1967 г. на Академијата за применета уметност во Белград. Работи како костимограф во Македонска Телевизија (1967-1975) и во Македонскиот народен театар ( опера,балет и драма) до 2001г. кога заминува во пензија.

Во својата богата кариера има реализирано околу 370 костимографии за опера , балет , театар, филм, ТВ- драми, ТВ-филмови,телевизиски серии и музичко забавни емисии. Добитник е на 25 национални и меѓународни награди и признанија.

Изложбата ќе биде отворена до 05.11.2024 година.

The post Изложба на цртежи, колажи и костими од Елена Дончева во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена ретроспективната изложба на цртежи,колажи и костими од доајенот на македонската костимографија Елена Дончева насловена „Костими“. Елена Дончева (1942) е еден од најплодните автори кога се има предвид професијата костимограф во Македонија. Дипломира 1967 г. на Академијата за применета уметност во Белград. Работи како костимограф во Македонска Телевизија (1967-1975) и во Македонскиот народен театар ( опера,балет и драма) до 2001г. кога заминува во пензија. Во својата богата кариера има реализирано околу 370 костимографии за опера , балет , театар, филм, ТВ- драми, ТВ-филмови,телевизиски серии и музичко забавни емисии. Добитник е на 25 национални и меѓународни награди и признанија. Изложбата ќе биде отворена до 05.11.2024 година.

The post Изложба на цртежи, колажи и костими од Елена Дончева во КИЦ appeared first on Република.

]]>
Kонкурс за визуелни уметности во Културно Информативен Центар – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konkurs-za-vizuelni-umetnosti-vo-kulturno-informativen-tsentar-skopje/ Thu, 10 Oct 2024 08:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=825008

Културно Информативен Центар (КИЦ) Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност објавува конкурс за визуелни уметности (самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси), што ќе се реализираат во 2025 годиина.

Заинтересираните уметници, на еден документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис (we transfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела (во висока резолуција) планирани за изложбата (доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус). Материјалите да се испратат на: likovna@kic.mk.

Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно Информативен Центар – Скопје не изложувале во последните две години.

Конкурсот трае 14 дена.

Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје

The post Kонкурс за визуелни уметности во Културно Информативен Центар – Скопје appeared first on Република.

]]>

Културно Информативен Центар (КИЦ) Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност објавува конкурс за визуелни уметности (самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси), што ќе се реализираат во 2025 годиина. Заинтересираните уметници, на еден документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис (we transfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела (во висока резолуција) планирани за изложбата (доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус). Материјалите да се испратат на: likovna@kic.mk. Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно Информативен Центар – Скопје не изложувале во последните две години. Конкурсот трае 14 дена. Изборот на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје

The post Kонкурс за визуелни уметности во Културно Информативен Центар – Скопје appeared first on Република.

]]>
Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-vo-kits-skopje-po-povod-114-godishninata-od-raganeto-na-majka-tereza/ Mon, 26 Aug 2024 07:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=810137

Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

 

The post Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>

Во Културно информативен центар вечер ќе се одржи класичен концерт по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. На настанот е најавено обраќање на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.  

The post Концерт во КИЦ-Скопје по повод 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза appeared first on Република.

]]>
Културно-информативен центар – Скопје објави конкурси за литературна и музичка дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kulturno-informativen-tsentar-skopje-objavi-konkursi-za-literaturna-i-muzichka-dejnost/ Fri, 16 Feb 2024 11:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=744821

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, објави конкурси за литературна и музичка дејност. Подолу погледнете ги двата конкурси.

  • Конкурс за литературна дејност

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2024 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2024 година, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.

 

Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от literaturna@kic.mk, а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.

 

  • Конкурс за музичка дејност

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од различни музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2024 годиина, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Република Македонија.

Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от muzicka@kic.mk, а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.

 

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.

The post Културно-информативен центар – Скопје објави конкурси за литературна и музичка дејност appeared first on Република.

]]>

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, објави конкурси за литературна и музичка дејност. Подолу погледнете ги двата конкурси.
  • Конкурс за литературна дејност
ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2024 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2024 година, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.   Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от literaturna@kic.mk, а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година. Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.  
  • Конкурс за музичка дејност
ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од различни музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2024 годиина, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Република Македонија. Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от muzicka@kic.mk, а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.   Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.

The post Културно-информативен центар – Скопје објави конкурси за литературна и музичка дејност appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Летечки пекинезери“ во Салон 19.19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-letechki-pekinezeri-vo-salon-19-19/ Mon, 20 Nov 2023 07:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=714192

Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот анплагд концерт ќе одржат „Летечки пекинезери“. Тие ќе изведат композиции од нивните два албума „Летечки пекинезери“ и „Изложба на кучиња“ и материјал од нивниот трет албум кој наскоро ќе биде објавен на винил и на дигиталните платформи. Квинтетот го сочинуваат: Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Бојан Петков – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Славчо Коцев – тапани.

За „Летечки пекинезери“ не е потребен опширен опис кога се работи за нашата локална музичка сцена. Како дел од таа сцена се мошне флексибилни и снаодливи, па поради тоа често настапуваат и на сцени каде се единствените амбасадори на џезот. Нивната жанровска определба е двосмислена бидејќи воедно цврсто се држат до свингот кој се помалку наоѓа место во модерниот џез, а поради нивнито растворување на традицијата во пристаплив поп сензибилитет во исто време ја напуштаат џез територијата и се маркантни претставници на таа музика – велат организаторите.

Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

The post Концерт на „Летечки пекинезери“ во Салон 19.19 appeared first on Република.

]]>

Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот анплагд концерт ќе одржат „Летечки пекинезери“. Тие ќе изведат композиции од нивните два албума „Летечки пекинезери“ и „Изложба на кучиња“ и материјал од нивниот трет албум кој наскоро ќе биде објавен на винил и на дигиталните платформи. Квинтетот го сочинуваат: Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Бојан Петков – гитара, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Славчо Коцев – тапани.
За „Летечки пекинезери“ не е потребен опширен опис кога се работи за нашата локална музичка сцена. Како дел од таа сцена се мошне флексибилни и снаодливи, па поради тоа често настапуваат и на сцени каде се единствените амбасадори на џезот. Нивната жанровска определба е двосмислена бидејќи воедно цврсто се држат до свингот кој се помалку наоѓа место во модерниот џез, а поради нивнито растворување на традицијата во пристаплив поп сензибилитет во исто време ја напуштаат џез територијата и се маркантни претставници на таа музика – велат организаторите.
Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

The post Концерт на „Летечки пекинезери“ во Салон 19.19 appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Мигновение“ од Костадин Танчев – Динка во КИЦ – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-mignovenie-od-kostadin-tanchev-dinka-vo-kits-skopje/ Tue, 17 Oct 2023 07:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=691924

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва во 20 часот е отворањето на изложбата на слики од Костадин Танчев – Динка насловена „Мигновение“.

Танчев е роден во 1940 година во Валандово. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. Од 1961 година студира на Академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето на првиот степен, по препорака на Универзитетскиот совет на Белградскиот универзитет во текот на 1963-1964 година престојувал на специјализација во Лондон. За време на студиите во вториот степен бил во класата на професорите: Миха Петров, Богдан Кршиќ и Милош Ќириќ. Како студент во петтата година учествувал на меѓународниот конкурс за визуелна комуникација, организиран од Меѓународната организација на графички дизајнери ИКОГРАДА. Меѓу многуте учесници од повеќе земји влегол во најтесниот избор на десетте нaјдобри. Уште како студент членувал во Друштвото на УЛУПУС и ИКОГРАДА. Во состав на дипломската работа го реализира првиот анимиран филм на Академијата за применета уметност во Белград.

Од 1969-1970 година работи во секторот за економска пропаганда (маркетинг) во НИП „Нова Македонија“. Од 1973-1975 година престојувал во Париз каде што излагал во повеќе галерии. Во 1975 година излагал на изложбата „50-те млади надежни сликари“ на Мајскиот салон „Дефанс“ во Париз. По враќањето од Париз, од 1975 година, продолжува да работи како раководител на секторот за графички дизајн и ентериер во Културно-информативниот центар во Скопје.

Во периодот од 1978-1981 година активно учествувал во научните истражувања и реализацијата на новите форми на културна комуникација и творештво, што се изведувале во рамките на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Од 1985 година е избран за наставник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во графичкиот оддел по предметите цртање и графика со графички техники. Истовремено, во овој период е ангажиран во изведувањето на наставата во насочениот дел од студиите, во насоката графички дизајн и под негово менторство, со успех се одвива наставно-образовниот процес по опрема на книга и илустрација, фотографија, визуелни комуникации, плакат и графички стандарди. Со студентите од трета и четврта година, на насоката графички дизајн учествувал на поголем број републички конкурси за визуелни комуникации на кои се добиени повеќе награди. Учествува во реализацијата на издавачката дејност на Факултетот, во издавање и реализација на графичките мапи на професорите на ФЛУ, публикации, каталози и идејни решенија за потребите на Факултетот.
Автор е учесник на многубројни самостојни и групни изложби од областа на ликовната уметност и дизајнот од домашен и меѓународен карактер.

Добитник е на преку четириесет награди и признанија за своето творештво во ликовната уметност и дизајнот, вклучувајќи и високи општествени награди и признанија.

Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1971 година и во два мандати е избран за претседател на друштвото.

Изложбата ќе биде отворена до 01.11.2023 година.

 

The post Изложбата „Мигновение“ од Костадин Танчев – Динка во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва во 20 часот е отворањето на изложбата на слики од Костадин Танчев – Динка насловена „Мигновение“. Танчев е роден во 1940 година во Валандово. Училиште за применета уметност завршил во Скопје во 1961 година. Од 1961 година студира на Академијата за применета уметност во Белград, а по завршувањето на првиот степен, по препорака на Универзитетскиот совет на Белградскиот универзитет во текот на 1963-1964 година престојувал на специјализација во Лондон. За време на студиите во вториот степен бил во класата на професорите: Миха Петров, Богдан Кршиќ и Милош Ќириќ. Како студент во петтата година учествувал на меѓународниот конкурс за визуелна комуникација, организиран од Меѓународната организација на графички дизајнери ИКОГРАДА. Меѓу многуте учесници од повеќе земји влегол во најтесниот избор на десетте нaјдобри. Уште како студент членувал во Друштвото на УЛУПУС и ИКОГРАДА. Во состав на дипломската работа го реализира првиот анимиран филм на Академијата за применета уметност во Белград. Од 1969-1970 година работи во секторот за економска пропаганда (маркетинг) во НИП „Нова Македонија“. Од 1973-1975 година престојувал во Париз каде што излагал во повеќе галерии. Во 1975 година излагал на изложбата „50-те млади надежни сликари“ на Мајскиот салон „Дефанс“ во Париз. По враќањето од Париз, од 1975 година, продолжува да работи како раководител на секторот за графички дизајн и ентериер во Културно-информативниот центар во Скопје. Во периодот од 1978-1981 година активно учествувал во научните истражувања и реализацијата на новите форми на културна комуникација и творештво, што се изведувале во рамките на Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 1985 година е избран за наставник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во графичкиот оддел по предметите цртање и графика со графички техники. Истовремено, во овој период е ангажиран во изведувањето на наставата во насочениот дел од студиите, во насоката графички дизајн и под негово менторство, со успех се одвива наставно-образовниот процес по опрема на книга и илустрација, фотографија, визуелни комуникации, плакат и графички стандарди. Со студентите од трета и четврта година, на насоката графички дизајн учествувал на поголем број републички конкурси за визуелни комуникации на кои се добиени повеќе награди. Учествува во реализацијата на издавачката дејност на Факултетот, во издавање и реализација на графичките мапи на професорите на ФЛУ, публикации, каталози и идејни решенија за потребите на Факултетот. Автор е учесник на многубројни самостојни и групни изложби од областа на ликовната уметност и дизајнот од домашен и меѓународен карактер. Добитник е на преку четириесет награди и признанија за своето творештво во ликовната уметност и дизајнот, вклучувајќи и високи општествени награди и признанија. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1971 година и во два мандати е избран за претседател на друштвото. Изложбата ќе биде отворена до 01.11.2023 година.  

The post Изложбата „Мигновение“ од Костадин Танчев – Динка во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>
„Срце куќа најширока“ изложба на цртежи од Панде Петровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/srtse-kuka-najshiroka-izlozhba-na-tsrtezhi-od-pande-petrovski/ Thu, 13 Jul 2023 07:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=660675

Изложбата на слики од Панде Петровски насловена „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе биде отворена вечер во салоните „Империјал 1 и 2“ во Културно-информативен центар – Скопје.

Сликарот Панде Петровски е роден на 25.9.1939 година во Брусник, Битола. Во 1963 година завршил Педагошка академија. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.

Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија „Де Ниро” – Битола, а учествувал и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија (Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија.

Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери (Широк сокак – 137), досега има отворено над 30 индивидуални изложби во земјава(Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во земјава, Бугарија и во Турција.

На изложбата „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе бидат изложени над 60 цртежи со мотиви од нашите села.

Изложбата ќе биде отворена до 25 јули годинава.

 

The post „Срце куќа најширока“ изложба на цртежи од Панде Петровски appeared first on Република.

]]>

Изложбата на слики од Панде Петровски насловена „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе биде отворена вечер во салоните „Империјал 1 и 2“ во Културно-информативен центар – Скопје. Сликарот Панде Петровски е роден на 25.9.1939 година во Брусник, Битола. Во 1963 година завршил Педагошка академија. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам. Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија „Де Ниро” – Битола, а учествувал и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија (Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија. Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери (Широк сокак – 137), досега има отворено над 30 индивидуални изложби во земјава(Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во земјава, Бугарија и во Турција. На изложбата „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе бидат изложени над 60 цртежи со мотиви од нашите села. Изложбата ќе биде отворена до 25 јули годинава.  

The post „Срце куќа најширока“ изложба на цртежи од Панде Петровски appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска – Анѓелков во КИЦ-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-lugeto-a-ne-gradot-od-snezhana-mladenovska-angelkov-vo-kits-skopje/ Sat, 04 Mar 2023 21:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=615957

Културно Информативниот центар – Скопје, организира промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска – Анѓелков на ден 7.03.2023 година со почеток во 19 часот во Салон 19:19.

Новото прозно дело на авторката е посветено на старо Скопје, градот кој веќе го нема, но сепак тој и понатаму живее во сеќавањата на неговите жители. Низ соодветен визуелен третман надополнет со извадоци од книгата кои ќе ги презентираат актерите Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Предраг Павловски, промоцијата ќе понуди и видео-посвета на скопскиот прозен хроничар, писателот Благоја Иванов, кој неодамна не’ напушти.

Ова е 215 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, а трета прозна објава на Младеновска Анѓелков, која во 2012 година ја доби наградата „Роман на годината“ за својата дебитантска книга „Единаесет жени“.

За новата книга, професорката и писателка Калина Малеска забележа: „Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“.

Критичарката и теоретичарката од областа на книжевноста, Соња Стојменска-Елзесер, пак, нагласува: „Мемоари на урбофилија, полифонична хроника, архива на носталгијата, документарна проза, скопски сведоштва, прозно кроки на Скопје, колаж од сеќавања… сите овие одредници укажуваат на тоа дека од многуте документарни предлошки е искомбинирано нешто што легитимно се препознава како постмодерна проза“.

Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето „Магистер по уметности – област филмска и ТВ монтажа“ се стекнува во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и истиот потоа доживеа уште две изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда. Таа ја издаде и филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. Како авторка е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press.

The post Промоција на „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска – Анѓелков во КИЦ-Скопје appeared first on Република.

]]>

Културно Информативниот центар – Скопје, организира промоција на книгата „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска – Анѓелков на ден 7.03.2023 година со почеток во 19 часот во Салон 19:19. Новото прозно дело на авторката е посветено на старо Скопје, градот кој веќе го нема, но сепак тој и понатаму живее во сеќавањата на неговите жители. Низ соодветен визуелен третман надополнет со извадоци од книгата кои ќе ги презентираат актерите Билјана Драгичевиќ-Пројковска и Предраг Павловски, промоцијата ќе понуди и видео-посвета на скопскиот прозен хроничар, писателот Благоја Иванов, кој неодамна не’ напушти. Ова е 215 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, а трета прозна објава на Младеновска Анѓелков, која во 2012 година ја доби наградата „Роман на годината“ за својата дебитантска книга „Единаесет жени“. За новата книга, професорката и писателка Калина Малеска забележа: „Луѓето, а не градот“ е слоевито, хибридно дело, одлично обмислена комбинација од реални животни приказни обликувани низ книжевно-раскажувачка визура, кои се движат низ хронотопот град Скопје во текот на неколку децении. Со тоа, на читателите им се дава фунционален објектив низ кој ги следат трансформациите на урбаниот простор, како и на начинот на живот, менталитетот, навиките, гледиштата на скопските жители од различни маала на градот. Всушност, книгата е еден вид на „Музеј на сеќавањата“, како што се вели и во самиот текст, на скопски маала кои постоеле и веќе ги нема, кои постоеле и сè уште постојат, кои постоеле под едни имиња, а потоа се интегрирале со други населби и имињата останале само во сеќавањата на нивните жители“. Критичарката и теоретичарката од областа на книжевноста, Соња Стојменска-Елзесер, пак, нагласува: „Мемоари на урбофилија, полифонична хроника, архива на носталгијата, документарна проза, скопски сведоштва, прозно кроки на Скопје, колаж од сеќавања… сите овие одредници укажуваат на тоа дека од многуте документарни предлошки е искомбинирано нешто што легитимно се препознава како постмодерна проза“. Снежана Младеновска Анѓелков (1977, Скопје) дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето „Магистер по уметности – област филмска и ТВ монтажа“ се стекнува во 2012 година. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, и истиот потоа доживеа уште две изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда. Таа ја издаде и филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“ (2014) посветена на филмовите на режисерот Владимир Блажевски. Како авторка е застапена во тематската збирка раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press.

The post Промоција на „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска – Анѓелков во КИЦ-Скопје appeared first on Република.

]]>
Ќе се врати Туристичко- информативното биро во КИЦ-Скопје, со што ќе се возобнови неговиот информативен карактер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ke-se-vrati-turistichko-informativnoto-biro-vo-kits-skopje-so-shto-ke-se-vozobnovi-negoviot-informativen-karakter/ Mon, 20 Feb 2023 12:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=611046

Градоначалничката Данела Арсовска во посета на Културно информативниот центар - Скопје, известија оттаму.

Во разговор со директорот Антонио Димитров беа изложени проблемите, но и концепцијата за идните решенија за најстариот културен центар во градот. Покрај годишната програма годинава фокусот на КИЦ ќе биде и на инфраструктирните трансформации и обнова на капацитетите. Беше донесен заклучок и за враќање на Туристичко информативното биро, со што ќе се возобнови информативниот карактер на Културно информативниот центар - Скопје. Градоначалничката ја посети и големата јубулејна изложбата „55 години КИЦ“ со слики од нашата богата колекција, која во моментов е во тек.

The post Ќе се врати Туристичко- информативното биро во КИЦ-Скопје, со што ќе се возобнови неговиот информативен карактер appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката Данела Арсовска во посета на Културно информативниот центар - Скопје, известија оттаму.
Во разговор со директорот Антонио Димитров беа изложени проблемите, но и концепцијата за идните решенија за најстариот културен центар во градот. Покрај годишната програма годинава фокусот на КИЦ ќе биде и на инфраструктирните трансформации и обнова на капацитетите. Беше донесен заклучок и за враќање на Туристичко информативното биро, со што ќе се возобнови информативниот карактер на Културно информативниот центар - Скопје. Градоначалничката ја посети и големата јубулејна изложбата „55 години КИЦ“ со слики од нашата богата колекција, која во моментов е во тек.

The post Ќе се врати Туристичко- информативното биро во КИЦ-Скопје, со што ќе се возобнови неговиот информативен карактер appeared first on Република.

]]>
„Емоции“ изложба на скулптури од Никола Смилков во КИЦ – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/emocii-izlozba-na-skulpturi-od-nikola-smilkov-vo-kic-skopje/ Fri, 04 Nov 2022 08:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=569424

Изложба на скулптури од Никола Смилков насловена „Емоции“, ќе биде отворена вечер во Културно-информативен центар – Скопје, во Салон Империјал 2.

По повод изложбата М-р Луција Ѓурашковиќ ќе истакне дека и само минувајќи низ „патот на емоциите“ на изложбата на вајарот Никола Смилков, како да се враќаме на самите себе, на своето внатрешно битие, на својот божествен никулец кој ни ја дава смислата, а со тоа и го осмислува постоењето.

Смилков своето уметничко дело како од самите негови почетоци да го поврзува со таинствени нишки со култниот однос кон човечката фигура, особено женската, како центар на микрокосмичките случувања. За неговиот создавачко-креативен импулс, фигурата претставува како интуирање на смислата на еден реално даден облик, така и особена загатка со определена материјална таинственост низ која еманираат ирационални димензии на уметничкото, кое подразбира, и ликовно, и психолошко, и духовно, со осмислување на важните димензии на архетипското, вели меѓу другото Ѓурашковиќ.

Никола Смилков е роден 1973 година во Штип. Македонија. Студирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирал, а магистрирал во 2002 година од областа на вајарството во класата на проф. Драган Попоски Дада. Во 2012 година се стекнува со титула доктор на науки на Педагошкиот факултет на УКЛО во Битола, од областа на Методика на ликовно образование.

Учествувал на многу меѓународни симпозиуми при кои има поставено повеќе монументални скулптури и учество на групни изложби во Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Турција, Франција, Кина, Египет и Индија. За време на професионалната кариера реализирал неколку студиски посети, вклучително и во Cite De Arts во Париз и Прима Центар во Берлин, завршувајќи ги посетите со самостојни изложби.

Во 2021 година награден е со Гран при на 5. меѓународно биенале на акт „Марко Крстов Греговиќ“ во Будва, Црна Гора. Како национално признание за неговата уметничко работа, Смилков е двапати наградуван. Во 2008 и 2016 година ја добива Првата награда за скулптурата „Димо Тодоровски“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Изложбата ќе биде отворена до 12 ноември 2022 година.

 

The post „Емоции“ изложба на скулптури од Никола Смилков во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Изложба на скулптури од Никола Смилков насловена „Емоции“, ќе биде отворена вечер во Културно-информативен центар – Скопје, во Салон Империјал 2. По повод изложбата М-р Луција Ѓурашковиќ ќе истакне дека и само минувајќи низ „патот на емоциите“ на изложбата на вајарот Никола Смилков, како да се враќаме на самите себе, на своето внатрешно битие, на својот божествен никулец кој ни ја дава смислата, а со тоа и го осмислува постоењето.
Смилков своето уметничко дело како од самите негови почетоци да го поврзува со таинствени нишки со култниот однос кон човечката фигура, особено женската, како центар на микрокосмичките случувања. За неговиот создавачко-креативен импулс, фигурата претставува како интуирање на смислата на еден реално даден облик, така и особена загатка со определена материјална таинственост низ која еманираат ирационални димензии на уметничкото, кое подразбира, и ликовно, и психолошко, и духовно, со осмислување на важните димензии на архетипското, вели меѓу другото Ѓурашковиќ.
Никола Смилков е роден 1973 година во Штип. Македонија. Студирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирал, а магистрирал во 2002 година од областа на вајарството во класата на проф. Драган Попоски Дада. Во 2012 година се стекнува со титула доктор на науки на Педагошкиот факултет на УКЛО во Битола, од областа на Методика на ликовно образование. Учествувал на многу меѓународни симпозиуми при кои има поставено повеќе монументални скулптури и учество на групни изложби во Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Турција, Франција, Кина, Египет и Индија. За време на професионалната кариера реализирал неколку студиски посети, вклучително и во Cite De Arts во Париз и Прима Центар во Берлин, завршувајќи ги посетите со самостојни изложби. Во 2021 година награден е со Гран при на 5. меѓународно биенале на акт „Марко Крстов Греговиќ“ во Будва, Црна Гора. Како национално признание за неговата уметничко работа, Смилков е двапати наградуван. Во 2008 и 2016 година ја добива Првата награда за скулптурата „Димо Тодоровски“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Изложбата ќе биде отворена до 12 ноември 2022 година.  

The post „Емоции“ изложба на скулптури од Никола Смилков во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>
Kонцерт „30 прсти“ во КИЦ-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-30-prsti-vo-kic-skopje/ Wed, 05 Oct 2022 06:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=557450

Во Културно-информативниот центар-Скопје, Салон 19:19, вечер од 20 часот ќе настапат тројца пијанисти со концерт насловен „30 прсти“.

Пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски и Весна Ангелова ќе изведат дела од композиторите Карл Черни и Жан Крас.

The post Kонцерт „30 прсти“ во КИЦ-Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар-Скопје, Салон 19:19, вечер од 20 часот ќе настапат тројца пијанисти со концерт насловен „30 прсти“. Пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски и Весна Ангелова ќе изведат дела од композиторите Карл Черни и Жан Крас.

The post Kонцерт „30 прсти“ во КИЦ-Скопје appeared first on Република.

]]>
Изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски во КИЦ – Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-po-povod-100-godini-od-ragjanjeto-na-arhitektot-slavko-brezoski-vo-kic-skopje/ Thu, 26 May 2022 07:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=507094

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва се организира изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски.

Славко Брезоски е припадник на првата повоена генерација македонски архитекти. Присуството на оваа генерација ќе биде одбележано под знакот на „модерната“ и нејзиниот реформаторски јазик што ќе се прифати и одржи во децениите што ќе следат. Творечкиот опус на архитектот Славко Брезоски е мошне богат и разновиден. Тој дејствува во речиси сите домени на урбанистичкото и архитектонското проектирање, едукацијата, истражувањето и публицистиката. Неговиот архитектонски опус го сочинуваат многубројни проекти и реализации со широк програмски дијапазон и препознатлив архитектонски израз, велат од КИЦ – Скопје.

Брезоски има учествувано на многубројни јавни домашни и меѓународни конкурси на кои освојува врвни награди. Притоа, повеќето од конкурсните проекти биле прифатени за реализирање, со што Брезоски постигнува и меѓународна афирмација.

Меѓу позначајните објекти се издвојуваат Стоковната куќа во Скопје, Комунално-Комерцијалната банка во Скопје, Амбасадата на СФРЈ во Бразилија, Спомен Шамарица во Хрватска, Архиепископскиот Соборен Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и зградата на Работнички дом во Скопје во чии рамки се наоѓа и Културно информативниот центар – Скопје.

 

The post Изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечерва се организира изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски.
Славко Брезоски е припадник на првата повоена генерација македонски архитекти. Присуството на оваа генерација ќе биде одбележано под знакот на „модерната“ и нејзиниот реформаторски јазик што ќе се прифати и одржи во децениите што ќе следат. Творечкиот опус на архитектот Славко Брезоски е мошне богат и разновиден. Тој дејствува во речиси сите домени на урбанистичкото и архитектонското проектирање, едукацијата, истражувањето и публицистиката. Неговиот архитектонски опус го сочинуваат многубројни проекти и реализации со широк програмски дијапазон и препознатлив архитектонски израз, велат од КИЦ – Скопје.
Брезоски има учествувано на многубројни јавни домашни и меѓународни конкурси на кои освојува врвни награди. Притоа, повеќето од конкурсните проекти биле прифатени за реализирање, со што Брезоски постигнува и меѓународна афирмација. Меѓу позначајните објекти се издвојуваат Стоковната куќа во Скопје, Комунално-Комерцијалната банка во Скопје, Амбасадата на СФРЈ во Бразилија, Спомен Шамарица во Хрватска, Архиепископскиот Соборен Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и зградата на Работнички дом во Скопје во чии рамки се наоѓа и Културно информативниот центар – Скопје.  

The post Изложба по повод 100 години од раѓањето на архитектот Славко Брезоски во КИЦ – Скопје appeared first on Република.

]]>