кибер напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiber-napad/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 09:07:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кибер напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kiber-napad/ 32 32 Европскиот совет и Парламент постигнаа договор за законот за кибер отпорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskiot-sovet-i-parlament-postignaa-dogovor-za-zakonot-za-kiber-otpornost/ Fri, 01 Dec 2023 09:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=718224

Претставници на шпанското претседателството со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент доцна синоќа постигнаа привремен договор за предложениот закон за кибер отпорност, чија цел е да се обезбеди гаранција дека дигиталните производи ќе бидат во согласност со стандардите за кибер безбедност пред да бидат пуштени во продажба на пазарот на Унијата.

Според шпански министер за дигитална трансформација, Хозе Луис Ескрива овој договор претставува пресвртница кон безбеден и сигурен единствен дигитален пазар во Европа.

Дигиталните уреди имаат потреба од основно ниво на кибер безбедност кога се продаваат во ЕУ, со што ќе се осигури дека деловните субјекти и потрошувачите се соодветно заштитени од кибер закани. Токму тоа ќе се постигне откако ќе стапи во сила закон за кибер отпорност, нагласи Ексрива, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, новиот закон воведува единствени барања за кибер безбедност поврзани со дизајнирањето, развојот, производството и продажбата на хардверски и софтверски производи, со цел да се избегне преклопување на барањата кои произлегуваат од различните законодавства во земјите членки на ЕУ.

Регулативата се однесува за сите дигитални производи кои директно или индиректно се поврзани со друг уред или на мрежа, како домашни камери, фрижидери, телевизори или играчки. Од одредбите од овој закон се исклучени некои производи, како медицински помагала, аеронаутичка опрема или автомобили, чии кибер безбедносни стандарди се веќе регулирани со други акти на ЕУ.

Усогласениот текст на законот во основа ги задржува првичните предлози на Европската комисија во делот на правилата за одговорноста на производителите за усогласеност со одредбите, за обврските на увозниците и дистрибутерите на дигиталните производи, за транспарентност на безбедноста на хардверските и софтверските производи, како и за рамката за контрола на спроведувањето на правилата.

Измени се направени во делот на поедноставување на методологијата за класификација на дигиталните производи, определувањето на очекуваниот век на траење на производот, обврските за известување во случај на инциденти, како и во однос на периодот во кој производителите треба да се прилагодат на новите барања, кој сега се предлага да биде три години по стапувањето во сила на законот.

Договорени се и дополнителни мерки за поддршка на малите и микро претпријатијата, конкретни активности за подигање на свеста и за обука за кибер безбедноста, како и за поддршка за тестирање и процедури за оценка на усогласеноста со правилата.

The post Европскиот совет и Парламент постигнаа договор за законот за кибер отпорност appeared first on Република.

]]>

Претставници на шпанското претседателството со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент доцна синоќа постигнаа привремен договор за предложениот закон за кибер отпорност, чија цел е да се обезбеди гаранција дека дигиталните производи ќе бидат во согласност со стандардите за кибер безбедност пред да бидат пуштени во продажба на пазарот на Унијата. Според шпански министер за дигитална трансформација, Хозе Луис Ескрива овој договор претставува пресвртница кон безбеден и сигурен единствен дигитален пазар во Европа. Дигиталните уреди имаат потреба од основно ниво на кибер безбедност кога се продаваат во ЕУ, со што ќе се осигури дека деловните субјекти и потрошувачите се соодветно заштитени од кибер закани. Токму тоа ќе се постигне откако ќе стапи во сила закон за кибер отпорност, нагласи Ексрива, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, новиот закон воведува единствени барања за кибер безбедност поврзани со дизајнирањето, развојот, производството и продажбата на хардверски и софтверски производи, со цел да се избегне преклопување на барањата кои произлегуваат од различните законодавства во земјите членки на ЕУ. Регулативата се однесува за сите дигитални производи кои директно или индиректно се поврзани со друг уред или на мрежа, како домашни камери, фрижидери, телевизори или играчки. Од одредбите од овој закон се исклучени некои производи, како медицински помагала, аеронаутичка опрема или автомобили, чии кибер безбедносни стандарди се веќе регулирани со други акти на ЕУ. Усогласениот текст на законот во основа ги задржува првичните предлози на Европската комисија во делот на правилата за одговорноста на производителите за усогласеност со одредбите, за обврските на увозниците и дистрибутерите на дигиталните производи, за транспарентност на безбедноста на хардверските и софтверските производи, како и за рамката за контрола на спроведувањето на правилата. Измени се направени во делот на поедноставување на методологијата за класификација на дигиталните производи, определувањето на очекуваниот век на траење на производот, обврските за известување во случај на инциденти, како и во однос на периодот во кој производителите треба да се прилагодат на новите барања, кој сега се предлага да биде три години по стапувањето во сила на законот. Договорени се и дополнителни мерки за поддршка на малите и микро претпријатијата, конкретни активности за подигање на свеста и за обука за кибер безбедноста, како и за поддршка за тестирање и процедури за оценка на усогласеноста со правилата.

The post Европскиот совет и Парламент постигнаа договор за законот за кибер отпорност appeared first on Република.

]]>
Универзитетската болница во Брисел била цел на кибер напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/univerzitetskata-bolnitsa-vo-brisel-bila-tsel-na-kiber-napad/ Sat, 11 Mar 2023 15:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=618521

Компјутерските сервери на Универзитетската болница Сен Пјер во центарот на Брисел биле цел на кибер напад ноќеска, јавија белгиските медиуми.

Многу брзо успеаја да откријат абнормална активност на компјутерската мрежа и околу 4 часот утрово открија дека повеќе од веројатно сме жртва на кибер напад, објасни Филип Лерој, извршен директор на болницата за белгиските медиуми.

Во соработка со специјализираните служби на федералната полиција и обвинителството, болницата презеде итен план и воведе процедури за одржување на непречено функционирање на здравствената установа. Тие процедури вклучуваат исклучување на сервери и враќање на „хартиена“ комуникација во болницата.

Апаратите во операциските сали или неопходни за пациентите не се засегнати, па затоа болничката дејност функционира нормално, изјави генералниот директор.

Превентивно, возилата на брзата помош се пренасочени во соседни институции.

Со помош на федералната полиција, ИТ тимот на болницата работи на повторно функционирање на серверите и мрежата. Засега немаат индикации за украдени податоци за пациентите. Се уште не се познати потеклото и целта на овој кибер напад, ниту пак дали е побаран откуп.

The post Универзитетската болница во Брисел била цел на кибер напад appeared first on Република.

]]>

Компјутерските сервери на Универзитетската болница Сен Пјер во центарот на Брисел биле цел на кибер напад ноќеска, јавија белгиските медиуми.
Многу брзо успеаја да откријат абнормална активност на компјутерската мрежа и околу 4 часот утрово открија дека повеќе од веројатно сме жртва на кибер напад, објасни Филип Лерој, извршен директор на болницата за белгиските медиуми.
Во соработка со специјализираните служби на федералната полиција и обвинителството, болницата презеде итен план и воведе процедури за одржување на непречено функционирање на здравствената установа. Тие процедури вклучуваат исклучување на сервери и враќање на „хартиена“ комуникација во болницата.
Апаратите во операциските сали или неопходни за пациентите не се засегнати, па затоа болничката дејност функционира нормално, изјави генералниот директор.
Превентивно, возилата на брзата помош се пренасочени во соседни институции. Со помош на федералната полиција, ИТ тимот на болницата работи на повторно функционирање на серверите и мрежата. Засега немаат индикации за украдени податоци за пациентите. Се уште не се познати потеклото и целта на овој кибер напад, ниту пак дали е побаран откуп.

The post Универзитетската болница во Брисел била цел на кибер напад appeared first on Република.

]]>
Поради кибер нападот блокирани системите на граничните премини Горица и Ќафасан https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-kiber-napadot-blokirani-sistemite-na-granichnite-premini-gorica-i-kjafasan/ Sun, 18 Sep 2022 06:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=551848

Поради кибер нападот повторно се појавија проблеми со ТИМС системот во Албанија, овој пат главно на граничните премини во југоисточниот дел на земјата, на албанско – македонската граница.

На граничните премини Горица-Стење, кај Ресен и Ќафасан кај Струга, се работи со рачни регистри, а не со технолошки систем.

Според албанските медиуми на Ќафасан, кој е најфреквентен на границата со Македонија, поради проблемите вработените се принудени да работат со рачни регистри, додека од вчера наутро рачно се работи и на преминот Горица.

Исто така во различни периоди овој систем целосно блокиран е и на други гранични премини. Полицајците се должни во тие моменти да работат со регистри и рачно ги евидентираат патниците на влез и излез.

Од друга страна, двата внатрешни полициски системи, АДАМС и МЕМЕКС, каде со години се евидентираа главните податоци за криминалците, сè уште се вон функција на целата територија на државата.

Тие се блокирани од вечерта на 9 септември откако хакери финансирани од Иран го нападнаа и системот ТИМС на граничните премини.

Тоа беше втор кибер напад врз Албанија, по оној на 15 јули врз владините системи, кои останаа вон функција три недели.

The post Поради кибер нападот блокирани системите на граничните премини Горица и Ќафасан appeared first on Република.

]]>

Поради кибер нападот повторно се појавија проблеми со ТИМС системот во Албанија, овој пат главно на граничните премини во југоисточниот дел на земјата, на албанско – македонската граница. На граничните премини Горица-Стење, кај Ресен и Ќафасан кај Струга, се работи со рачни регистри, а не со технолошки систем. Според албанските медиуми на Ќафасан, кој е најфреквентен на границата со Македонија, поради проблемите вработените се принудени да работат со рачни регистри, додека од вчера наутро рачно се работи и на преминот Горица. Исто така во различни периоди овој систем целосно блокиран е и на други гранични премини. Полицајците се должни во тие моменти да работат со регистри и рачно ги евидентираат патниците на влез и излез. Од друга страна, двата внатрешни полициски системи, АДАМС и МЕМЕКС, каде со години се евидентираа главните податоци за криминалците, сè уште се вон функција на целата територија на државата. Тие се блокирани од вечерта на 9 септември откако хакери финансирани од Иран го нападнаа и системот ТИМС на граничните премини. Тоа беше втор кибер напад врз Албанија, по оној на 15 јули врз владините системи, кои останаа вон функција три недели.

The post Поради кибер нападот блокирани системите на граничните премини Горица и Ќафасан appeared first on Република.

]]>