КФОР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kfor/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 17:20:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КФОР Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kfor/ 32 32 Заменик-командантот на КФОР на средба со Српска листа: Подготвени сме да се справиме со секоја безбедносна ситуација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zamenik-komandantot-na-kfor-na-sredba-so-srpska-lista-podgotveni-sme-da-se-spravime-so-sekoja-bezbednosna-situatsija/ Sat, 31 Aug 2024 17:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=811850

Заменик-командантот на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, бригадниот генерал Федерико Бернака денеска разговараше со делегацијата на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), предводена од нејзиниот претседател, Златан Елек, при што посочи дека мисијата е „добро подготвена да реагира на сите важни безбедносни случувања“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бернака ја прими СЛ во седиштето на Мисијата во Приштина, а како што се наведува во соопштението на КФОР, на средбата се разменети мислења за најновите безбедносни случувања, вклучително и за ситуацијата на север и загриженоста на Србите по последната акција на косовската полиција, во која беа затворени паралелните структури на Србија во општините со српско мнозинство во северно Косово.

Италијанскиот генерал порача дека КФОР има „видливо и флексибилно присуство низ Косово“ и дека е добро подготвен да реагира на сите релевантни безбедносни настани.

Вториот човек на КФОР ја повтори посветеноста на мисијата да придонесе за безбедноста и стабилноста „за сите луѓе кои живеат во Косово, во сите околности и непристрасно, во согласност со долгогодишниот мандат на ОН“.

„Во таа смисла, КФОР продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на ЕУ. КФОР продолжува да го спроведува својот мандат, врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година - да обезбеди сигурна и безбедна средина за сите луѓе кои живеат во Косово и слобода на движење, во сите околности и непристрасно“, се наведува во соопштението на мисијата на НАТО во Косово.

Косовската полиција во петокот ги затвори српските паралелни структури во четирите општини на север - Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Постапката на Приштина ја осудија мисијата на ЕУ во Приштина, како и амбасадите на Соединетите Американски Држави, Германија, Велика Британија и Франција.

The post Заменик-командантот на КФОР на средба со Српска листа: Подготвени сме да се справиме со секоја безбедносна ситуација appeared first on Република.

]]>

Заменик-командантот на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, бригадниот генерал Федерико Бернака денеска разговараше со делегацијата на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), предводена од нејзиниот претседател, Златан Елек, при што посочи дека мисијата е „добро подготвена да реагира на сите важни безбедносни случувања“, јави дописникот на МИА од Приштина. Бернака ја прими СЛ во седиштето на Мисијата во Приштина, а како што се наведува во соопштението на КФОР, на средбата се разменети мислења за најновите безбедносни случувања, вклучително и за ситуацијата на север и загриженоста на Србите по последната акција на косовската полиција, во која беа затворени паралелните структури на Србија во општините со српско мнозинство во северно Косово. Италијанскиот генерал порача дека КФОР има „видливо и флексибилно присуство низ Косово“ и дека е добро подготвен да реагира на сите релевантни безбедносни настани. Вториот човек на КФОР ја повтори посветеноста на мисијата да придонесе за безбедноста и стабилноста „за сите луѓе кои живеат во Косово, во сите околности и непристрасно, во согласност со долгогодишниот мандат на ОН“.
„Во таа смисла, КФОР продолжува целосно да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој се води со посредство на ЕУ. КФОР продолжува да го спроведува својот мандат, врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година - да обезбеди сигурна и безбедна средина за сите луѓе кои живеат во Косово и слобода на движење, во сите околности и непристрасно“, се наведува во соопштението на мисијата на НАТО во Косово.
Косовската полиција во петокот ги затвори српските паралелни структури во четирите општини на север - Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Постапката на Приштина ја осудија мисијата на ЕУ во Приштина, како и амбасадите на Соединетите Американски Држави, Германија, Велика Британија и Франција.

The post Заменик-командантот на КФОР на средба со Српска листа: Подготвени сме да се справиме со секоја безбедносна ситуација appeared first on Република.

]]>
Се засилуваат силите на КФОР: Најавено доаѓање на нови германски војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-zasiluvaat-silite-na-kfor-najaveno-doagane-na-novi-germanski-vojnitsi/ Tue, 23 Jan 2024 19:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=736087

Силите на НАТО на Косово (КФОР) го засилуваат својот контингент. Напролет во регионот ќе пристигнат дополнителни сили од Германија, а бројот на германски војници ќе се зголеми од 80 на 300.

Претходно, на Косово пристигна баталјон од италијанските сили на КФОР, составен од оперативните резервни сили на НАТО.

Во моментов на Косово и Метохија веќе има околу пет илјади војници на НАТО. Во текот на изминатата година, бројот на „мировници“ се зголеми за илјада лица, а засилувања пристигнаа од Велика Британија, Бугарија, Хрватска и Романија.

https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-ispraka-svoi-vojnitsi-na-kosovo/

Оваа година, покрај Германија, план за зголемување на бројот на своите војници во регионот имаат и од Албанија, Македонија и САД.

The post Се засилуваат силите на КФОР: Најавено доаѓање на нови германски војници appeared first on Република.

]]>

Силите на НАТО на Косово (КФОР) го засилуваат својот контингент. Напролет во регионот ќе пристигнат дополнителни сили од Германија, а бројот на германски војници ќе се зголеми од 80 на 300. Претходно, на Косово пристигна баталјон од италијанските сили на КФОР, составен од оперативните резервни сили на НАТО. Во моментов на Косово и Метохија веќе има околу пет илјади војници на НАТО. Во текот на изминатата година, бројот на „мировници“ се зголеми за илјада лица, а засилувања пристигнаа од Велика Британија, Бугарија, Хрватска и Романија. https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-ispraka-svoi-vojnitsi-na-kosovo/ Оваа година, покрај Германија, план за зголемување на бројот на своите војници во регионот имаат и од Албанија, Македонија и САД.

The post Се засилуваат силите на КФОР: Најавено доаѓање на нови германски војници appeared first on Република.

]]>
Хрватска испраќа свои војници на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-ispraka-svoi-vojnitsi-na-kosovo/ Fri, 19 Jan 2024 09:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=734506

Втората воздушна единица на 40-от хрватски контингент е испратена на Косово и Метохија во рамките на мисијата КФОР.

Во соопштението за медиумите нан хрватското министерство за одбрана се наведува дека главна задача на хрватскиот контингент, во рамките на мировната мисија КФОР, кој е распореден во реонот на аеродромот Слатина во Приштина, е да ги транспортира силите на таа мисија, товарот и значајните личности, пренесува Срна.

The post Хрватска испраќа свои војници на Косово appeared first on Република.

]]>

Втората воздушна единица на 40-от хрватски контингент е испратена на Косово и Метохија во рамките на мисијата КФОР. Во соопштението за медиумите нан хрватското министерство за одбрана се наведува дека главна задача на хрватскиот контингент, во рамките на мировната мисија КФОР, кој е распореден во реонот на аеродромот Слатина во Приштина, е да ги транспортира силите на таа мисија, товарот и значајните личности, пренесува Срна.

The post Хрватска испраќа свои војници на Косово appeared first on Република.

]]>
Албанија во 2024-та ќе го зголеми бројот на војници во мисијата КФОР https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-vo-2024-ta-ke-go-zgolemi-brojot-na-vojnitsi-vo-misijata-kfor/ Wed, 15 Nov 2023 17:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=701917

Новоименуваниот амбасадор на Албанија во Косово, Петрит Маљај, изјави дека од 2024 година неговата земја ќе го зголеми своето присуство во Косово преку мировната мисија на НАТО, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната средба во средата со командантот на КФОР, Озкан Улутас, Маљај изјавил дека Албанија го смета Косово за свој најголем приоритет.

– Пријателска средба со командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ… со кого разговаравме за безбедносната состојба на Косово. Генерал-мајор Улуташ ѝ се заблагодари на Албанија за поддршката на КФОР. Потврдив дека Албанија ќе продолжи да го поддржува КФОР, бидејќи нашата земја го има Косово како нејзин највисок приоритет. Исто така, оваа поддршка ќе продолжи, бидејќи во 2024 година Албанија ќе го зголеми своето присуство, напиша Маљај на Фејсбук.

Маљај денеска беше примен и од косовскиот премиер, Албин Курти, а на средбата, според соопштението од кабинетот на премиерот, станало збор за регионот на Западен Балкан, „каде што соработката меѓу државите треба да се заснова на демократијата и безбедноста, на ориентацијата и вредностите на НАТО и ЕУ“.

– Честитајќи му ја новата должност на амбасадорот, премиерот Курти ги пофали братските односи меѓу нашите две земји, нагласувајќи ја важноста на продлабочувањето и унапредувањето на соработката. Премиерот Курти ги издвои договорите меѓу Република Косово и Република Албанија, чие спроведување ги зајакнува нашите односи и ги зближува граѓаните од двете земји. Тие имаат директно и позитивно влијание врз нивните животи, бизниси и пошироко, се вели во соопштението.

Прес-службата на Владата на Косово во оваа прилика потсетува дека билатералните односи меѓу двете држави резултирале со потпишување на вкупно 184 договори, протоколи и меморандуми.

Амбасадорот Маљај на средбата со Курти ја изразил својата посветеност за унапредување на односите и истакнал дека се чувствува почестен и среќен што служи во Косово.

The post Албанија во 2024-та ќе го зголеми бројот на војници во мисијата КФОР appeared first on Република.

]]>

Новоименуваниот амбасадор на Албанија во Косово, Петрит Маљај, изјави дека од 2024 година неговата земја ќе го зголеми своето присуство во Косово преку мировната мисија на НАТО, КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната средба во средата со командантот на КФОР, Озкан Улутас, Маљај изјавил дека Албанија го смета Косово за свој најголем приоритет.
– Пријателска средба со командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ… со кого разговаравме за безбедносната состојба на Косово. Генерал-мајор Улуташ ѝ се заблагодари на Албанија за поддршката на КФОР. Потврдив дека Албанија ќе продолжи да го поддржува КФОР, бидејќи нашата земја го има Косово како нејзин највисок приоритет. Исто така, оваа поддршка ќе продолжи, бидејќи во 2024 година Албанија ќе го зголеми своето присуство, напиша Маљај на Фејсбук.
Маљај денеска беше примен и од косовскиот премиер, Албин Курти, а на средбата, според соопштението од кабинетот на премиерот, станало збор за регионот на Западен Балкан, „каде што соработката меѓу државите треба да се заснова на демократијата и безбедноста, на ориентацијата и вредностите на НАТО и ЕУ“.
– Честитајќи му ја новата должност на амбасадорот, премиерот Курти ги пофали братските односи меѓу нашите две земји, нагласувајќи ја важноста на продлабочувањето и унапредувањето на соработката. Премиерот Курти ги издвои договорите меѓу Република Косово и Република Албанија, чие спроведување ги зајакнува нашите односи и ги зближува граѓаните од двете земји. Тие имаат директно и позитивно влијание врз нивните животи, бизниси и пошироко, се вели во соопштението.
Прес-службата на Владата на Косово во оваа прилика потсетува дека билатералните односи меѓу двете држави резултирале со потпишување на вкупно 184 договори, протоколи и меморандуми. Амбасадорот Маљај на средбата со Курти ја изразил својата посветеност за унапредување на односите и истакнал дека се чувствува почестен и среќен што служи во Косово.

The post Албанија во 2024-та ќе го зголеми бројот на војници во мисијата КФОР appeared first on Република.

]]>
НАТО: 200 британски војници пристигнаа на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nato-200-britanski-vojnitsi-pristignaa-na-kosovo/ Fri, 06 Oct 2023 20:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=688732

НАТО соопшти дека првиот контингент од 200 британски војници пристигнал на Косово како дел од КФОР.
Ова распоредување доаѓа по конфликтот меѓу косовската полиција и напаѓачите на 24 септември во селото Бањска во општина Звечан.

„Првиот контингент од 200 британски војници пристигна во Косово за да ја засили мировната мисија на НАТО на Косово“, се наведува во соопштението.

Се додава дека ова е важен чекор напред за да се обезбедат силите на КФОР што му се потребни за исполнување на мандатот на ОН за одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе.

Романската влада, во вторникот објави дека исто така испраќа околу 100 дополнителни војници за поддршка на КФОР.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека во текот на јануари следната година на Косово ќе бидат стационирани дополнителни 150 германски војници.

НАТО спроведува мировна операција на Косово од 1999 година во согласност со неговиот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

КФОР во Косово моментално има над 4.500 војници од 27 сојузници и партнери на НАТО.

 

The post НАТО: 200 британски војници пристигнаа на Косово appeared first on Република.

]]>

НАТО соопшти дека првиот контингент од 200 британски војници пристигнал на Косово како дел од КФОР. Ова распоредување доаѓа по конфликтот меѓу косовската полиција и напаѓачите на 24 септември во селото Бањска во општина Звечан. „Првиот контингент од 200 британски војници пристигна во Косово за да ја засили мировната мисија на НАТО на Косово“, се наведува во соопштението. Се додава дека ова е важен чекор напред за да се обезбедат силите на КФОР што му се потребни за исполнување на мандатот на ОН за одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе. Романската влада, во вторникот објави дека исто така испраќа околу 100 дополнителни војници за поддршка на КФОР. Во меѓувреме, медиумите објавија дека во текот на јануари следната година на Косово ќе бидат стационирани дополнителни 150 германски војници. НАТО спроведува мировна операција на Косово од 1999 година во согласност со неговиот мандат според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. КФОР во Косово моментално има над 4.500 војници од 27 сојузници и партнери на НАТО.  

The post НАТО: 200 британски војници пристигнаа на Косово appeared first on Република.

]]>
Мисијата КФОР најави дека го зголемува своето присуство во северно Косово и повика на дијалог меѓу Белград и Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/misijata-kfor-najavi-deka-go-zgolemuva-svoeto-prisustvo-vo-severno-kosovo-i-povika-na-dijalog-megu-belgrad-i-prishtina/ Tue, 03 Oct 2023 12:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=687483

Мисијата на НАТО на Косово (КФОР) денеска соопшти дека го зголемува своето присуство и активност на северот на Косово и ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот за нормализирање на нивните односи, бидејќи, како што наведува, тоа е единствениот начин да се постигне траен мир и стабилност. за сите заедници.

Тензиите во Косово повторно ескалираа откако косовската полиција се судри со околу 30 тешко вооружени Срби на 24 септември во селото Банска на северот на Косово, населено главно со косовски Срби. Во престрелките загинаа тројца напаѓачи и еден полицаец косовски Албанец. Ова беше најсериозното влошување на ситуацијата во Косово во последните години. Одговорноста за случувањата во петокот ја презеде Милан Радојчиќ, до неодамна заменик-претседател на најголемата партија на косовските Срби, „Српска листа“.

Србија и косовските Срби не ја признаваат независноста на Косово прогласена во 2008 година. Приштина и Белград преговараат со посредство на ЕУ за нормализирање на нивните односи.

The post Мисијата КФОР најави дека го зголемува своето присуство во северно Косово и повика на дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Мисијата на НАТО на Косово (КФОР) денеска соопшти дека го зголемува своето присуство и активност на северот на Косово и ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот за нормализирање на нивните односи, бидејќи, како што наведува, тоа е единствениот начин да се постигне траен мир и стабилност. за сите заедници. Тензиите во Косово повторно ескалираа откако косовската полиција се судри со околу 30 тешко вооружени Срби на 24 септември во селото Банска на северот на Косово, населено главно со косовски Срби. Во престрелките загинаа тројца напаѓачи и еден полицаец косовски Албанец. Ова беше најсериозното влошување на ситуацијата во Косово во последните години. Одговорноста за случувањата во петокот ја презеде Милан Радојчиќ, до неодамна заменик-претседател на најголемата партија на косовските Срби, „Српска листа“. Србија и косовските Срби не ја признаваат независноста на Косово прогласена во 2008 година. Приштина и Белград преговараат со посредство на ЕУ за нормализирање на нивните односи.

The post Мисијата КФОР најави дека го зголемува своето присуство во северно Косово и повика на дијалог меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Велика Британија испраќа околу 200 дополнителни војници во КФОР по ескалацијата на тензиите на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/velika-britanija-ispraka-okolu-200-dopolnitelni-vojnitsi-vo-kfor-po-eskalatsijata-na-tenziite-na-kosovo/ Sun, 01 Oct 2023 19:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=686896

Велика Британија ќе испрати околу 200 дополнителни војници во КФОР по зголемувањето на тензиите во северниот дел на Косово, соопшти денеска британската Влада.

По барањето на врховниот командант на сојузниците за Европа и одобрението од Северноатлантскиот совет, Велика Британија во наредните денови ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон на кралскиот полк на принцезата од Велс за да се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои веќе се во Косово.

Единицата на британската армија му била доделена на командантот на силите на НАТО на Косово по специјално барање на врховниот командант на сојузничките сили за Европа, американскиот генерал Крис Каволи, соопшти британската влада.

The post Велика Британија испраќа околу 200 дополнителни војници во КФОР по ескалацијата на тензиите на Косово appeared first on Република.

]]>

Велика Британија ќе испрати околу 200 дополнителни војници во КФОР по зголемувањето на тензиите во северниот дел на Косово, соопшти денеска британската Влада. По барањето на врховниот командант на сојузниците за Европа и одобрението од Северноатлантскиот совет, Велика Британија во наредните денови ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон на кралскиот полк на принцезата од Велс за да се приклучат на британскиот контингент од 400 војници кои веќе се во Косово. Единицата на британската армија му била доделена на командантот на силите на НАТО на Косово по специјално барање на врховниот командант на сојузничките сили за Европа, американскиот генерал Крис Каволи, соопшти британската влада.

The post Велика Британија испраќа околу 200 дополнителни војници во КФОР по ескалацијата на тензиите на Косово appeared first on Република.

]]>
Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-ni-trebaat-zaednichki-patroli-na-kosovskata-politsija-i-kfor-dolzh-granitsata-so-srbija/ Fri, 29 Sep 2023 12:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=686397

Косовскиот премиер Албин Курти одговори на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, велејќи дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија.

Изјавата на Курти е дел од интервју за босанскиот медиум Истрага, кое во целост треба да биде објавено в недела, пренесува „Клан Косова“.

„Во врска со предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово: Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. (...) Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува“, изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.

Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети"

Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

The post Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти одговори на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама дека мировните сили на НАТО (КФОР) треба да ја преземат контролата врз северно Косово, велејќи дека всушност потребни се заеднички патроли на КФОР и косовската полиција долж границата со Србија. Изјавата на Курти е дел од интервју за босанскиот медиум Истрага, кое во целост треба да биде објавено в недела, пренесува „Клан Косова“.
„Во врска со предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за КФОР да ја преземе контролата врз северно Косово: Ни требаат заеднички патроли на нашата (косовска) полиција и КФОР долж границата меѓу Косово и Србија. (...) Насекаде во Косово, прва реагираше нашата полиција, потоа (мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово) ЕУЛЕКС, а дури потоа и КФОР. И мислам дека оваа формула не треба да се менува“, изјави Курти за „Истрага“, пренесува Клан Косова.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети" Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

The post Курти: Ни требаат заеднички патроли на косовската полиција и КФОР долж границата со Србија appeared first on Република.

]]>
Рама: КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-kfor-mora-da-ja-prezeme-kontrolata-vrz-severot-na-kosovo/ Fri, 29 Sep 2023 10:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=686334

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово, јавија медиумите.

Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети"

Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.

„Тоа е предлог што го дадов претходно, го дадов на самитот на НАТО и објаснив зошто. Сега, секое двоумење и секое одложување, до и со аргументот од последните неколку часа, немаме, не немаме доволно војници, може да ја направи утрешната интервенција на КФОР многу поголема во однос на војниците, но и во тешкотии“, изјави Рама синоќа.

„Не сум слушнал дека Србија се противи, дури и некои гласови тоа го побарале од српска страна, но тоа е нивна работа, бидејќи овде воопшто не е важно кој го бара, зошто го бара, како бара тоа. Така налага ситуацијата денес, ако се  направеше претходно, немаше да се случи вчера, завчера, позавчера. Сето ова немаше да се случи. Малку доцна според мене, но подобро е малку доцна отколку предоцна“, нагласи Рама.

The post Рама: КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово, јавија медиумите. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено  заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети" Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа  КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“.
„Тоа е предлог што го дадов претходно, го дадов на самитот на НАТО и објаснив зошто. Сега, секое двоумење и секое одложување, до и со аргументот од последните неколку часа, немаме, не немаме доволно војници, може да ја направи утрешната интервенција на КФОР многу поголема во однос на војниците, но и во тешкотии“, изјави Рама синоќа. „Не сум слушнал дека Србија се противи, дури и некои гласови тоа го побарале од српска страна, но тоа е нивна работа, бидејќи овде воопшто не е важно кој го бара, зошто го бара, како бара тоа. Така налага ситуацијата денес, ако се  направеше претходно, немаше да се случи вчера, завчера, позавчера. Сето ова немаше да се случи. Малку доцна според мене, но подобро е малку доцна отколку предоцна“, нагласи Рама.

The post Рама: КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Галиени: КФОР не испрати дополнителни сили во северно Косово по инцидентите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/galieni-kfor-ne-isprati-dopolnitelni-sili-vo-severno-kosovo-po-intsidentite/ Thu, 28 Sep 2023 10:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=685962

Портпаролот на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, полковникот Андреа Галиени изјави дека мисијата нема испратено засилување на косовскиот север, по нападот врз полицијата на 24 септември во Бањска, кај Звечане, каде што еден полицаец беше убиен, двајца беа ранети, а тројца од групата од над 30 напаѓачи беа убиени, јави дописникот на МИА од Приштина.

Галиени за телевизијата АБЦ Њуз (ABC News) рече дека единиците на КФОР се посконцентрирани само во почувствителните области.

Нема засилување, војниците на КФОР се посконцентрирани само во почувствителните области, изјави Галиени.

Косовската полиција беше нападната од маскирана и вооружена група додека органите на редот се обидуваа да ги отстранат барикадите што беа поставени на патот во селото Бањске кај Звечане - една од четирите општини на север, населена со мнозинско српско население.

За настаните во Бањска во моментов се уапсени четири лица, а полицијата на 25 септември изложи оружје и друга опрема за која тврди дека биле одземени во тоа село. Вредноста на запленетата опрема, според министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, изнесува над пет милиони евра.

Косово ја обвини Србија како одговорна за нападот, додека официјален Белград тврди дека дошло до побуна на локалното српско население, кое е незадоволно од односот на властите во Приштина.

The post Галиени: КФОР не испрати дополнителни сили во северно Косово по инцидентите appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, полковникот Андреа Галиени изјави дека мисијата нема испратено засилување на косовскиот север, по нападот врз полицијата на 24 септември во Бањска, кај Звечане, каде што еден полицаец беше убиен, двајца беа ранети, а тројца од групата од над 30 напаѓачи беа убиени, јави дописникот на МИА од Приштина. Галиени за телевизијата АБЦ Њуз (ABC News) рече дека единиците на КФОР се посконцентрирани само во почувствителните области. Нема засилување, војниците на КФОР се посконцентрирани само во почувствителните области, изјави Галиени. Косовската полиција беше нападната од маскирана и вооружена група додека органите на редот се обидуваа да ги отстранат барикадите што беа поставени на патот во селото Бањске кај Звечане - една од четирите општини на север, населена со мнозинско српско население. За настаните во Бањска во моментов се уапсени четири лица, а полицијата на 25 септември изложи оружје и друга опрема за која тврди дека биле одземени во тоа село. Вредноста на запленетата опрема, според министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, изнесува над пет милиони евра. Косово ја обвини Србија како одговорна за нападот, додека официјален Белград тврди дека дошло до побуна на локалното српско население, кое е незадоволно од односот на властите во Приштина.

The post Галиени: КФОР не испрати дополнителни сили во северно Косово по инцидентите appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Србија разочарана од реакцијата на КФОР на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-srbija-razocharana-od-reaktsijata-na-kfor-na-kosovo/ Wed, 27 Sep 2023 09:17:47 +0000 https://republika.mk/?p=685560

Србија е разочарана од реакцијата на КФОР, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и оцени дека „многумина избрзуваат со заклучоци“ за она што се случи во неделата во селото Бањска на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој за Радио телевизија на Србија додаде дека она што се знае е дека има мртви, ранети, уапсени и оти сега треба да се утврди што точно се случило.

Од 1999 година Србија нема де факто власт на Косово, и на нашите власти им е потешко да ги соберат сите факти. Не велам дека е невозможно, но бара одредена доза на претпазливост, изјави Вучевиќ.

Тој додаде дека е лесно да се даваат изјави и да се натпреварува во медиумската активност, но посочи дека „мораме да ги заштитиме животите на Србите во Косово и Србија“.

Сценариото од неделата наутро до вчера водеше во насока дека Србија е иницијатор и спонзор на некакви терористички акции. Се подготвуваше сценарио дека ние сме лошите момци и ни беше наменета улога како во деведесеттите, а најмногу сме загрижени за положбата на Србите на Косово, особено на северот, изјави Вучевиќ.

Според него, косовскиот премиер Албин Курти „го прогласил целиот север за зона на антитерористичка операција, што им овозможува да го прави она што го прави без правила и процедури“.

Вучевиќ, кој е и лидер на СНС, рече дека Србија е разочарана од реакцијата на Кфор, за кој тврди дека требало веднаш да реагира.

Кој му дозволи на Курти косовската полиција да биде на север, кој му дозволи да гради бази, праша Вучевиќ и истакна дека Белград го осудува убиството на албанскиот полицаец, но дека „тоа што се случи потоа беше ужас – Србите беа прогонувани како ѕверови во шумите“.

Треба да носиме одлуки со ладна глава, да не се срамиме од нашите емоции, и треба да ги зачуваме Србите на Косово и во земјата, рече Вучевиќ и посочи дека пред Србија се многу тешки времиња.

Сите факти што треба да ни покажат што се случувало ноќта меѓу саботата и неделата се кај државните органи, со ограничувачки фактор дека не можеме да пристапиме на терен, повтори тој.

Многу е чуден моментот да се распоредат толку многу албански полицајци. Снимките од дрон покажуваат дека некој следел и чекал да дојде до размена на оган, рече Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Србија разочарана од реакцијата на КФОР на Косово appeared first on Република.

]]>

Србија е разочарана од реакцијата на КФОР, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и оцени дека „многумина избрзуваат со заклучоци“ за она што се случи во неделата во селото Бањска на Косово, јави дописникот на МИА од Белград. Тој за Радио телевизија на Србија додаде дека она што се знае е дека има мртви, ранети, уапсени и оти сега треба да се утврди што точно се случило. Од 1999 година Србија нема де факто власт на Косово, и на нашите власти им е потешко да ги соберат сите факти. Не велам дека е невозможно, но бара одредена доза на претпазливост, изјави Вучевиќ. Тој додаде дека е лесно да се даваат изјави и да се натпреварува во медиумската активност, но посочи дека „мораме да ги заштитиме животите на Србите во Косово и Србија“. Сценариото од неделата наутро до вчера водеше во насока дека Србија е иницијатор и спонзор на некакви терористички акции. Се подготвуваше сценарио дека ние сме лошите момци и ни беше наменета улога како во деведесеттите, а најмногу сме загрижени за положбата на Србите на Косово, особено на северот, изјави Вучевиќ. Според него, косовскиот премиер Албин Курти „го прогласил целиот север за зона на антитерористичка операција, што им овозможува да го прави она што го прави без правила и процедури“. Вучевиќ, кој е и лидер на СНС, рече дека Србија е разочарана од реакцијата на Кфор, за кој тврди дека требало веднаш да реагира. Кој му дозволи на Курти косовската полиција да биде на север, кој му дозволи да гради бази, праша Вучевиќ и истакна дека Белград го осудува убиството на албанскиот полицаец, но дека „тоа што се случи потоа беше ужас – Србите беа прогонувани како ѕверови во шумите“. Треба да носиме одлуки со ладна глава, да не се срамиме од нашите емоции, и треба да ги зачуваме Србите на Косово и во земјата, рече Вучевиќ и посочи дека пред Србија се многу тешки времиња. Сите факти што треба да ни покажат што се случувало ноќта меѓу саботата и неделата се кај државните органи, со ограничувачки фактор дека не можеме да пристапиме на терен, повтори тој. Многу е чуден моментот да се распоредат толку многу албански полицајци. Снимките од дрон покажуваат дека некој следел и чекал да дојде до размена на оган, рече Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Србија разочарана од реакцијата на КФОР на Косово appeared first on Република.

]]>
КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовски полицаец во северно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-i-euleks-izlegoa-na-teren-po-ubistvoto-na-kosovski-politsaets-vo-severno-kosovo/ Sun, 24 Sep 2023 10:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=684632

Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегле на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово.

Блокирани се сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавица, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава Косово онлајн, премините Јариње и Брњак се блокирани.

https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“. По инцидентот, таа, како што соопшти нејзиниот кабинет, ги прекинала сите активности во рамки на официјалната посета на Њујорк и веднаш ќе се врати во земјата.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец. Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово. Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

The post КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовски полицаец во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Припадници на КФОР и ЕУЛЕКС излегле на терен откако рано изутрината еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово. Блокирани се сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавица, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава Косово онлајн, премините Јариње и Брњак се блокирани. https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/ Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека денешниот напад врз косовската полиција во северно Косово, во кој е припадник на полицијата е убиен, а уште еден е ранет, е „испланиран, оркестриран и изведен од српските криминални банди“. По инцидентот, таа, како што соопшти нејзиниот кабинет, ги прекинала сите активности во рамки на официјалната посета на Њујорк и веднаш ќе се врати во земјата. Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, додека ранет е уште еден граничен полицаец. Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово. Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

The post КФОР и ЕУЛЕКС излегоа на терен по убиството на косовски полицаец во северно Косово appeared first on Република.

]]>
Од октомври Турција ја презема командата со силите на КФОР на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-oktomvri-turtsija-ja-prezema-komandata-so-silite-na-kfor-na-kosovo/ Thu, 17 Aug 2023 16:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=673128

Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека Турција ќе ја преземе командата со мисијата на НАТО во Косово (КФОР) од октомври оваа година.

Портпаролот на Министерството за национална одбрана на Турција, полковник Зеки Актур, на прес-конференција најави дека командата на КФОР ќе и биде предадена на Турција од Италија во октомври годинава.

Во јуни оваа година, турското Министерство за национална одбрана испрати пешадиски баталјон на турската армија во Косово за поддршка на мировната мисија на НАТО по тензиите во северно Косово.

The post Од октомври Турција ја презема командата со силите на КФОР на Косово appeared first on Република.

]]>

Турското Министерство за национална одбрана соопшти дека Турција ќе ја преземе командата со мисијата на НАТО во Косово (КФОР) од октомври оваа година. Портпаролот на Министерството за национална одбрана на Турција, полковник Зеки Актур, на прес-конференција најави дека командата на КФОР ќе и биде предадена на Турција од Италија во октомври годинава. Во јуни оваа година, турското Министерство за национална одбрана испрати пешадиски баталјон на турската армија во Косово за поддршка на мировната мисија на НАТО по тензиите во северно Косово.

The post Од октомври Турција ја презема командата со силите на КФОР на Косово appeared first on Република.

]]>
КФОР најави зголемено движење на војниците поради вообичаеното примопредавање на контингентите во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-najavi-zgolemeno-dvizhene-na-vojnitsite-poradi-voobichaenoto-primopredavane-na-kontingentite-vo-kosovo/ Wed, 16 Aug 2023 13:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=672771

Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) најавија дека во наредните денови ќе се зголеми движењето на војниците и возилата, поради вообичаената процедура на примопредавање на контингентите.

КФОР во соопштението наведува дека ќе се одржат вежби за тестирање и одржување на оперативните капацитети, со цел да се обезбеди ист степен на обука и подготвеност за сите идни единици на терен.

„Иако овие вежби ќе се изведуваат на начин да се минимизираат нарушувањата и влијанието врз локалното население, можно е да има сообраќаен метеж и видливо движење на војниците“, се вели во соопштението.

Затоа КФОР им препорача на возачите да обрнат посебно внимание доколку се наоѓаат во близина на колона од нивните возила.

The post КФОР најави зголемено движење на војниците поради вообичаеното примопредавање на контингентите во Косово appeared first on Република.

]]>

Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) најавија дека во наредните денови ќе се зголеми движењето на војниците и возилата, поради вообичаената процедура на примопредавање на контингентите. КФОР во соопштението наведува дека ќе се одржат вежби за тестирање и одржување на оперативните капацитети, со цел да се обезбеди ист степен на обука и подготвеност за сите идни единици на терен.
„Иако овие вежби ќе се изведуваат на начин да се минимизираат нарушувањата и влијанието врз локалното население, можно е да има сообраќаен метеж и видливо движење на војниците“, се вели во соопштението.
Затоа КФОР им препорача на возачите да обрнат посебно внимание доколку се наоѓаат во близина на колона од нивните возила.

The post КФОР најави зголемено движење на војниците поради вообичаеното примопредавање на контингентите во Косово appeared first on Република.

]]>
КФОР соопшти дека во наредните денови ќе се зголеми движењето на нивните возила и војници во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-soopshti-deka-vo-narednite-denovi-ke-se-zgolemi-dvizheneto-na-nivnite-vozila-i-vojnitsi-vo-kosovo/ Wed, 16 Aug 2023 08:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=672601

Во наредните денови ќе се зголеми движењето на војниците и возилата на КФОР во рамките на Косово, поради вообичаената процедура на предавање на контингентите, соопштија од оваа мисија.
Во соопштението на Кфор се нагласува дека ќе се изведуваат вежби за тестирање и одржување на оперативните способности со цел да се обезбеди ист степен на обука и подготвеност на сите единици кои ќе излезат на терен.

„Иако овие вежби ќе се изведуваат на начин да се минимизираат какво било вознемирување и влијание врз локалното население, можно е да има метеж и движењето на војниците да биде видливо“, соопшти КФОР.

The post КФОР соопшти дека во наредните денови ќе се зголеми движењето на нивните возила и војници во Косово appeared first on Република.

]]>

Во наредните денови ќе се зголеми движењето на војниците и возилата на КФОР во рамките на Косово, поради вообичаената процедура на предавање на контингентите, соопштија од оваа мисија. Во соопштението на Кфор се нагласува дека ќе се изведуваат вежби за тестирање и одржување на оперативните способности со цел да се обезбеди ист степен на обука и подготвеност на сите единици кои ќе излезат на терен.
„Иако овие вежби ќе се изведуваат на начин да се минимизираат какво било вознемирување и влијание врз локалното население, можно е да има метеж и движењето на војниците да биде видливо“, соопшти КФОР.

The post КФОР соопшти дека во наредните денови ќе се зголеми движењето на нивните возила и војници во Косово appeared first on Република.

]]>
КФОР го предупреди Косово по купувањето на вооружените дронови од Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-go-predupredi-kosovo-po-kupuvaneto-na-vooruzhenite-dronovi-od-turtsija/ Tue, 18 Jul 2023 07:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=662509

Мировните сили на Косово предводени од НАТО (КФОР) вчера ја предупредија Приштина по купувањето на турски вооружени беспилотни летала, потсетувајќи ја дека единствено тие се одговорни за нејзиниот воздушен простор.

Оваа изјава на КФОР доаѓа еден ден по веста за набавка на турски беспилотни летала „ТБ-2 Бајрактар“ ​​што ја објави премиерот Албин Курти.

Кога станува збор за употреба на сите видови беспилотни летала и соодветните ограничувања, дури и во врска со ’ТБ-2 Бајрактар’, командантот на КФОР ја има главната одговорност за воздушниот простор над Косово, се наведува во соопштението.

Курти во неделата на социјалните мрежи објави фотографии на кои стои покрај новите дронови.

Во нашиот воен арсенал додадовме беспилотни летала ’TB-2 Baјрактар’ што ги купивме од Турција, задоволно рече Албин Курти, додавајќи: „Косово сега е побезбедно и исто толку гордо!“

Многу се пишуваше за дроновите „ТБ-2 Бајрактар“ ​​минатата година поради нивната улога во првите фази на одбраната на Украина од руската инвазија, а беа купени од десетина армии, соопшти Меѓународниот институт за стратешки студии ( IISS).

Косовската влада сака да ги реорганизира лесно вооружените Косовски безбедносни сили (КБС) во редовна армија со 5.000 војници и 3.000 резервисти.

The post КФОР го предупреди Косово по купувањето на вооружените дронови од Турција appeared first on Република.

]]>

Мировните сили на Косово предводени од НАТО (КФОР) вчера ја предупредија Приштина по купувањето на турски вооружени беспилотни летала, потсетувајќи ја дека единствено тие се одговорни за нејзиниот воздушен простор. Оваа изјава на КФОР доаѓа еден ден по веста за набавка на турски беспилотни летала „ТБ-2 Бајрактар“ ​​што ја објави премиерот Албин Курти.
Кога станува збор за употреба на сите видови беспилотни летала и соодветните ограничувања, дури и во врска со ’ТБ-2 Бајрактар’, командантот на КФОР ја има главната одговорност за воздушниот простор над Косово, се наведува во соопштението.
Курти во неделата на социјалните мрежи објави фотографии на кои стои покрај новите дронови.
Во нашиот воен арсенал додадовме беспилотни летала ’TB-2 Baјрактар’ што ги купивме од Турција, задоволно рече Албин Курти, додавајќи: „Косово сега е побезбедно и исто толку гордо!“
Многу се пишуваше за дроновите „ТБ-2 Бајрактар“ ​​минатата година поради нивната улога во првите фази на одбраната на Украина од руската инвазија, а беа купени од десетина армии, соопшти Меѓународниот институт за стратешки студии ( IISS). Косовската влада сака да ги реорганизира лесно вооружените Косовски безбедносни сили (КБС) во редовна армија со 5.000 војници и 3.000 резервисти.

The post КФОР го предупреди Косово по купувањето на вооружените дронови од Турција appeared first on Република.

]]>
КФОР бара од „сите страни“ во косовско-српскиот спор да се воздржат од провокации https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-bara-od-site-strani-vo-kosovsko-srpskiot-spor-da-se-vozdrzhat-od-provokatsii/ Tue, 27 Jun 2023 17:34:56 +0000 https://republika.mk/?p=655798

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) порача дека ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, како единствен пат за постигнување долгорочна стабилност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштение по повод последните инциденти во општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население, КФОР ги повика сите страни да се воздржат од „провокативни дејствија, кои се против интересите на сите луѓе во Косово“.

КФОР продолжува да го поддржува дијалогот со посредство на ЕУ како главен пат за постигнување долгорочна и неповратна стабилност и за намалување на тензиите во северно Косово. Ги повикуваме сите страни да се обединат за деескалација на ситуацијата и да се воздржат од провокативни дејствија, кои се против интересите на сите луѓе во Косово, порачаа од КФОР.

Синоќа во Cеверна Митровица, во дворот на општинската зграда беа фрлени две рачни гранати, кои предизвикаа материјална штета, по што косовскиот премиер, Албин Курти го повика официјален Белград „да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“. Косовското МВР исто така ги обвини властите во Србија дека настојуваат со таквите инциденти да предизвикаат ескалација на состојбите.

Денеска официјален Брисел најави дека ќе преземе казнени мерки кон Косово и Србија доколку не деескалира ситуацијата во северно Косово. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека членките на Унијата се „подготвени да преземат мерки“, кои веќе се разгледуваат, доколку Приштина и Белград не постигнат договор за смирување на состојбата, пред сè за одржување нови вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово.

The post КФОР бара од „сите страни“ во косовско-српскиот спор да се воздржат од провокации appeared first on Република.

]]>

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) порача дека ќе продолжи да го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, како единствен пат за постигнување долгорочна стабилност, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштение по повод последните инциденти во општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население, КФОР ги повика сите страни да се воздржат од „провокативни дејствија, кои се против интересите на сите луѓе во Косово“.
КФОР продолжува да го поддржува дијалогот со посредство на ЕУ како главен пат за постигнување долгорочна и неповратна стабилност и за намалување на тензиите во северно Косово. Ги повикуваме сите страни да се обединат за деескалација на ситуацијата и да се воздржат од провокативни дејствија, кои се против интересите на сите луѓе во Косово, порачаа од КФОР.
Синоќа во Cеверна Митровица, во дворот на општинската зграда беа фрлени две рачни гранати, кои предизвикаа материјална штета, по што косовскиот премиер, Албин Курти го повика официјален Белград „да престане со поттикнувањето на насилството пред некој да го загуби животот“. Косовското МВР исто така ги обвини властите во Србија дека настојуваат со таквите инциденти да предизвикаат ескалација на состојбите. Денеска официјален Брисел најави дека ќе преземе казнени мерки кон Косово и Србија доколку не деескалира ситуацијата во северно Косово. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека членките на Унијата се „подготвени да преземат мерки“, кои веќе се разгледуваат, доколку Приштина и Белград не постигнат договор за смирување на состојбата, пред сè за одржување нови вонредни градоначалнички избори во четирите општини во северно Косово.

The post КФОР бара од „сите страни“ во косовско-српскиот спор да се воздржат од провокации appeared first on Република.

]]>
Српската армија испрати барање до КФОР да ги заштити Србите на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskata-armija-isprati-barane-do-kfor-da-gi-zashtiti-srbite-na-kosovo/ Fri, 23 Jun 2023 16:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=654501

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ денеска изјави дека испратил барање до командата на КФОР да преземе итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок.

Согласно сите факти и поради коректната и професионална соработка што ја имаме, го информирав командантот на КФОР дека со голема вознемиреност ги следиме настаните и бараме да се преземат итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок - рече Мојсиловиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека српската армија се подготвена да постапи во согласност со Уставот на Србија и Повелбата на ОН доколку добијат наредба од врховниот командант претседателот на Србија, Александар Вучиќ, целосно ќе ги извршат сите задачи во однос на севкупната безбедносна криза.
Според него, армијата на Србија ги исполнила сите меѓународно-правни обврски од резолуцијата 1244 на ОН, „но денес е јасно дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски“.

Тој нагласи дека српските вооружени сили, во согласност со Уставот на Србија и Повелбата на ОН, ќе бидат подготвени во целост да ги исполнат сите свои задачи во однос на севкупната безбедносна криза, доколку добијат наредба од врховниот командант.

The post Српската армија испрати барање до КФОР да ги заштити Србите на Косово appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ денеска изјави дека испратил барање до командата на КФОР да преземе итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок.
Согласно сите факти и поради коректната и професионална соработка што ја имаме, го информирав командантот на КФОР дека со голема вознемиреност ги следиме настаните и бараме да се преземат итни мерки за заштита на српскиот народ и неговото право на опстанок - рече Мојсиловиќ на прес-конференција.
Тој додаде дека српската армија се подготвена да постапи во согласност со Уставот на Србија и Повелбата на ОН доколку добијат наредба од врховниот командант претседателот на Србија, Александар Вучиќ, целосно ќе ги извршат сите задачи во однос на севкупната безбедносна криза. Според него, армијата на Србија ги исполнила сите меѓународно-правни обврски од резолуцијата 1244 на ОН, „но денес е јасно дека меѓународната заедница не ги исполнува своите обврски“. Тој нагласи дека српските вооружени сили, во согласност со Уставот на Србија и Повелбата на ОН, ќе бидат подготвени во целост да ги исполнат сите свои задачи во однос на севкупната безбедносна криза, доколку добијат наредба од врховниот командант.

The post Српската армија испрати барање до КФОР да ги заштити Србите на Косово appeared first on Република.

]]>
КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-soopshti-deka-ne-bil-vo-oblasta-kade-shto-bile-uapseni-kosovskite-politsajtsi-2/ Fri, 16 Jun 2023 08:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=651986

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија.

КФОР испрати тим во областа и воспостави контакти со претставници на косовските институции и српските власти. Ги повикуваме двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија што можат да доведат до натамошна ескалација, се наведува во соопштението од КФОР.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера ги повика КФОР да соопшти каде се случил настанот.

Покрај тоа, КФОР појаснува дека ја следи ситуацијата и продолжува целосно да го спроведува мандатот на ОН, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, од 1999 година, во обезбедувањето мирна средина, слободно движење на сите заедници во Косово, како и продолжување со обезбедување неопходна безбедносна рамка за подобрување на дијалогот под покровителство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Пред два дена беа уапсени тројца косовски полицајци, што за Косово е киднапирање извршено од страна на српските власти на територијата на Косово.

Белград тврди дека настанот не се случил во Косово, туку во Србија и дека поради тоа не станува збор за киднапирање, туку за апсење.

The post КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци appeared first on Република.

]]>

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија. КФОР испрати тим во областа и воспостави контакти со претставници на косовските институции и српските власти. Ги повикуваме двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија што можат да доведат до натамошна ескалација, се наведува во соопштението од КФОР. Косовскиот премиер Албин Курти вчера ги повика КФОР да соопшти каде се случил настанот. Покрај тоа, КФОР појаснува дека ја следи ситуацијата и продолжува целосно да го спроведува мандатот на ОН, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, од 1999 година, во обезбедувањето мирна средина, слободно движење на сите заедници во Косово, како и продолжување со обезбедување неопходна безбедносна рамка за подобрување на дијалогот под покровителство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Пред два дена беа уапсени тројца косовски полицајци, што за Косово е киднапирање извршено од страна на српските власти на територијата на Косово. Белград тврди дека настанот не се случил во Косово, туку во Србија и дека поради тоа не станува збор за киднапирање, туку за апсење.

The post КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци appeared first on Република.

]]>
КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kfor-soopshti-deka-ne-bil-vo-oblasta-kade-shto-bile-uapseni-kosovskite-politsajtsi/ Fri, 16 Jun 2023 07:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=651944

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија.

„КФОР испрати тим во областа и воспостави контакти со претставници на косовските институции и српските власти. Ги повикуваме двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија што можат да доведат до натамошна ескалација“, се наведува во соопштението од КФОР.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера ги повика КФОР да соопшти каде се случил настанот.

Покрај тоа, КФОР појаснува дека ја следи ситуацијата и продолжува целосно да го спроведува мандатот на ОН, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, од 1999 година, во обезбедувањето мирна средина, слободно движење на сите заедници во Косово, како и продолжување со обезбедување неопходна безбедносна рамка за подобрување на дијалогот под покровителство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Пред два дена беа уапсени тројца косовски полицајци, што за Косово е киднапирање извршено од страна на српските власти на територијата на Косово. Белград тврди дека настанот не се случил во Косово, туку во Србија и дека поради тоа не станува збор за киднапирање, туку за апсење.

The post КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци appeared first on Република.

]]>

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија.
„КФОР испрати тим во областа и воспостави контакти со претставници на косовските институции и српските власти. Ги повикуваме двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија што можат да доведат до натамошна ескалација“, се наведува во соопштението од КФОР.
Косовскиот премиер Албин Курти вчера ги повика КФОР да соопшти каде се случил настанот. Покрај тоа, КФОР појаснува дека ја следи ситуацијата и продолжува целосно да го спроведува мандатот на ОН, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, од 1999 година, во обезбедувањето мирна средина, слободно движење на сите заедници во Косово, како и продолжување со обезбедување неопходна безбедносна рамка за подобрување на дијалогот под покровителство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Пред два дена беа уапсени тројца косовски полицајци, што за Косово е киднапирање извршено од страна на српските власти на територијата на Косово. Белград тврди дека настанот не се случил во Косово, туку во Србија и дека поради тоа не станува збор за киднапирање, туку за апсење.

The post КФОР соопшти дека не бил во областа каде што биле уапсени косовските полицајци appeared first on Република.

]]>