Кевин Костнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kevin-kostner/ За подобро да се разбереме Mon, 20 May 2024 11:06:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кевин Костнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kevin-kostner/ 32 32 Седумминутни овации за најновиот филм на Кевин Костнер во Кан го доведоа актерот до солзи https://arhiva3.republika.mk/scena/film/sedumminutni-ovatsii-za-najnoviot-film-na-kevin-kostner-vo-kan-go-dovedoa-akterot-do-solzi/ Mon, 20 May 2024 11:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=780127

На 77-от „Кански филмски фестивал“ вчера била одржана премиерата на филмот „Horizon: An American Saga“ во режија на Кевин Костнер, кој ја толкува и главната машка улога.

Пред свечената премиера, холивудскиот ветеран се прошетал на црвениот тепих во придружба на пет од неговите седум деца.

Претходно во текот на денот, тој позирал со најмладиот син Хејз, кој глуми во филмот на неговиот татко и кој го добил името по главниот јунак, бидејќи станува збор за проект на кој Костнер работел со децении.

Во Кан, заедно со него покрај Хејз, биле и Лили, Грејс, Ени и Кејден, а по свечената проекција актерот бил награден со седумминутни овации кои го довеле до солзи.

The post Седумминутни овации за најновиот филм на Кевин Костнер во Кан го доведоа актерот до солзи appeared first on Република.

]]>

На 77-от „Кански филмски фестивал“ вчера била одржана премиерата на филмот „Horizon: An American Saga“ во режија на Кевин Костнер, кој ја толкува и главната машка улога. Пред свечената премиера, холивудскиот ветеран се прошетал на црвениот тепих во придружба на пет од неговите седум деца. Претходно во текот на денот, тој позирал со најмладиот син Хејз, кој глуми во филмот на неговиот татко и кој го добил името по главниот јунак, бидејќи станува збор за проект на кој Костнер работел со децении. Во Кан, заедно со него покрај Хејз, биле и Лили, Грејс, Ени и Кејден, а по свечената проекција актерот бил награден со седумминутни овации кои го довеле до солзи.

The post Седумминутни овации за најновиот филм на Кевин Костнер во Кан го доведоа актерот до солзи appeared first on Република.

]]>
Кевин Костнер блиску до спогодба по разводот: Според него мирно, а сопругата вели морала да ги прифати неговите услови https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kevin-kostner-blisku-do-spogodba-po-razvodot-spored-nego-mirno-a-soprugata-veli-morala-da-gi-prifati-negovite-uslovi/ Fri, 22 Sep 2023 19:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=684168

Мачниот, горок и, според многумина, „малициозен“ развод на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер, се чини, е блиску до мирна завршница. Според гласноговорникот на глумецот, двајцата се смириле и успеале да најдат решение.

Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателски и заеднички договор за решавање на сите прашања поврзани со нивната разводна постапка, изјави неговиот претставник за магазинот „Пипл“ (People).

Во истовреме, пак, извори блиски до Кристин велат дека таа морала да се согласи со условите на Костнер.

Кристин немаше друг избор освен да се согласи со она што го бара Кевин, бидејќи тој ја имаше целата моќ и ги држи конците во свои раце. Ако продолжи со борбата, на крајот таа ќе загуби сѐ... Исто така, таа вели и дека ова е победа за децата, бидејќи ниту едно дете не сака да мине низ вакво нешто, особено пред очите на јавноста“, открива пријател на Кристин за „Дејли мејл“.

Според неименуваниот извор, таа всушност никогаш не сакала да биде дел од „целиот тој циркус“ и претпочитала работите да ги решат вон Судот.

Инаку, сѐ почна кога Кристин побарала од познатиот глумец да ѝ плаќа 175.057 долари месечно за нивните три деца да живеат на ист начин со секој родител. Баумгартнер притоа, наводно, во документите тврдела дека децата, на пример, кога се со својот татко, престојуваат во куќа на плажа во вредност меѓу 65 и 95 милиони долари и патуваат со приватни авиони додека се на луксузен одмор со него.

Глумецот, од своја страна, тврдеше дека поранешната сопруга, инаку дизајнерка за чанти, се грижи само за подобрување и одржување на својот животен стил.

The post Кевин Костнер блиску до спогодба по разводот: Според него мирно, а сопругата вели морала да ги прифати неговите услови appeared first on Република.

]]>

Мачниот, горок и, според многумина, „малициозен“ развод на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер, се чини, е блиску до мирна завршница. Според гласноговорникот на глумецот, двајцата се смириле и успеале да најдат решение.
Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателски и заеднички договор за решавање на сите прашања поврзани со нивната разводна постапка, изјави неговиот претставник за магазинот „Пипл“ (People).
Во истовреме, пак, извори блиски до Кристин велат дека таа морала да се согласи со условите на Костнер.
Кристин немаше друг избор освен да се согласи со она што го бара Кевин, бидејќи тој ја имаше целата моќ и ги држи конците во свои раце. Ако продолжи со борбата, на крајот таа ќе загуби сѐ... Исто така, таа вели и дека ова е победа за децата, бидејќи ниту едно дете не сака да мине низ вакво нешто, особено пред очите на јавноста“, открива пријател на Кристин за „Дејли мејл“.
Според неименуваниот извор, таа всушност никогаш не сакала да биде дел од „целиот тој циркус“ и претпочитала работите да ги решат вон Судот. Инаку, сѐ почна кога Кристин побарала од познатиот глумец да ѝ плаќа 175.057 долари месечно за нивните три деца да живеат на ист начин со секој родител. Баумгартнер притоа, наводно, во документите тврдела дека децата, на пример, кога се со својот татко, престојуваат во куќа на плажа во вредност меѓу 65 и 95 милиони долари и патуваат со приватни авиони додека се на луксузен одмор со него. Глумецот, од своја страна, тврдеше дека поранешната сопруга, инаку дизајнерка за чанти, се грижи само за подобрување и одржување на својот животен стил.

The post Кевин Костнер блиску до спогодба по разводот: Според него мирно, а сопругата вели морала да ги прифати неговите услови appeared first on Република.

]]>
Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kevin-kostner-ja-izbrka-soprugata-od-nivniot-dom/ Thu, 06 Jul 2023 12:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=658662

Судските власти во САД ѝ наложија на сопругата на Кевин Костнер од која се разведува, Кристин Баумгартнер, да се исели од нивната семејна куќа. Таа треба да се исели од луксузниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, до 31 јули, а Судот ја донесе одлуката врз основа на нивниот претходно потпишан предбрачен договор.

Откако Баумгартнер минатиот месец поднесе барање за развод, Костнер поднесе барање за Кристин да се исели од неговиот дом. Тој се повика на предбрачниот договор, според што таа мора да се исели 30 дена по почетокот на бракоразводната постапка.

Нејзините адвокати изјавуваат дека Баумгартнер нема доволно време, ниту пари да најде ново место за живеење до крајот на месецов. Побараа рокот да се помести за 15 август, но Судот ја одби таа жалба.

Поранешната сопруга го обвини Костнер дека се обидел да ги избрка неа и децата од куќата пред да му биде доделена алиментација. Претходно, таа бараше глумецот да ѝ плаќа 248.000 долари месечно за издршка.

The post Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом appeared first on Република.

]]>

Судските власти во САД ѝ наложија на сопругата на Кевин Костнер од која се разведува, Кристин Баумгартнер, да се исели од нивната семејна куќа. Таа треба да се исели од луксузниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, до 31 јули, а Судот ја донесе одлуката врз основа на нивниот претходно потпишан предбрачен договор. Откако Баумгартнер минатиот месец поднесе барање за развод, Костнер поднесе барање за Кристин да се исели од неговиот дом. Тој се повика на предбрачниот договор, според што таа мора да се исели 30 дена по почетокот на бракоразводната постапка. Нејзините адвокати изјавуваат дека Баумгартнер нема доволно време, ниту пари да најде ново место за живеење до крајот на месецов. Побараа рокот да се помести за 15 август, но Судот ја одби таа жалба. Поранешната сопруга го обвини Костнер дека се обидел да ги избрка неа и децата од куќата пред да му биде доделена алиментација. Претходно, таа бараше глумецот да ѝ плаќа 248.000 долари месечно за издршка.

The post Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом appeared first on Република.

]]>
Кевин Костнер ја напушта вестерн-драмата „Јелоустоун“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kevin-kostner-ja-napushta-vestern-dramata-jeloustoun/ Wed, 08 Feb 2023 14:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=606584

Американски медиуми дознаваат дека Кевин Костнер ја напушта хит-серијата „Јелоустоун“ на „Парамаунт“, а на негово место ќе дојде уште едно големо холивудско име.

Метју Меконахи наводно е во преговори со креаторите на популарната серија, кои се соочуваат со проблем бидејќи Костнер размислува да замине во последната, петта сезона, а причината е дека сака да посвети повеќе време на некои други проекти, првенствено режирање и глума во својот нов вестерн Horizon („Хоризонт“).

Но, портпаролот на „Парамаунт нетворк“, од друга страна, се надева дека „Јелоустоун“ ќе ги има двете холивудски ѕвезди, а не дека ќе пристигне друг актер на сметка на претходниот.

„Немаме никакви вести за соопштување. Кевин Костнер е сè уште дел од ‘Јелоустоун’ и се надеваме дека ќе биде уште долго време. Благодарение на брилијантниот ум на Тејлор Шеридан, ние секогаш работиме на проширување на овој неверојатен свет што тој го изгради. Метју Меконахи е одличен талент со кој би сакале да соработуваме“, изјави портпаролот.

Според добро информиран извор, Метју Меконахи и креаторот Тејлор Шеридан сакаат да ги здружат силите на малите екрани и конечно да соработуваат, но официјална потврда нема.

Кевин Костнер ја толкува главната улога, Џон Датон – патријарх и сопственик на најголемиот ранч во Монтана, кој решава конфликти во сопственото семејство, но и со индијанскиот резерват Broken Rock, националниот парк и градителите, кои граничат со него.

The post Кевин Костнер ја напушта вестерн-драмата „Јелоустоун“ appeared first on Република.

]]>

Американски медиуми дознаваат дека Кевин Костнер ја напушта хит-серијата „Јелоустоун“ на „Парамаунт“, а на негово место ќе дојде уште едно големо холивудско име. Метју Меконахи наводно е во преговори со креаторите на популарната серија, кои се соочуваат со проблем бидејќи Костнер размислува да замине во последната, петта сезона, а причината е дека сака да посвети повеќе време на некои други проекти, првенствено режирање и глума во својот нов вестерн Horizon („Хоризонт“). Но, портпаролот на „Парамаунт нетворк“, од друга страна, се надева дека „Јелоустоун“ ќе ги има двете холивудски ѕвезди, а не дека ќе пристигне друг актер на сметка на претходниот. „Немаме никакви вести за соопштување. Кевин Костнер е сè уште дел од ‘Јелоустоун’ и се надеваме дека ќе биде уште долго време. Благодарение на брилијантниот ум на Тејлор Шеридан, ние секогаш работиме на проширување на овој неверојатен свет што тој го изгради. Метју Меконахи е одличен талент со кој би сакале да соработуваме“, изјави портпаролот. Според добро информиран извор, Метју Меконахи и креаторот Тејлор Шеридан сакаат да ги здружат силите на малите екрани и конечно да соработуваат, но официјална потврда нема. Кевин Костнер ја толкува главната улога, Џон Датон – патријарх и сопственик на најголемиот ранч во Монтана, кој решава конфликти во сопственото семејство, но и со индијанскиот резерват Broken Rock, националниот парк и градителите, кои граничат со него.

The post Кевин Костнер ја напушта вестерн-драмата „Јелоустоун“ appeared first on Република.

]]>