Керсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kerson/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 12:53:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Керсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kerson/ 32 32 Шефот на украинскиот регион Керсон, назначен од Москва, бара од Русија да ги евакуира локалните жители https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-ukrainskiot-region-kerson-naznachen-od-moskva-bara-od-rusija-da-gi-evakuira-lokalnite-ziteli/ Thu, 13 Oct 2022 12:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=560681

Шефот на јужниот украински регион Керсон, кој е назначен од Москва, побара од Русија денеска да помогне во евакуацијата на цивилите од областа, што се толкува како знак дека напредува украинската контраофанзива.

Им предложивме на сите луѓе од регионот Керсон, доколку сакаат, да заминат во други региони за да се заштитат од ракетни удари, објави на Телеграм шефот на администрацијата поддржана од Русија, Владимир Салдо.

„Во обраќањето до раководството на Русија, ве замолувам да помогнете во организирањето на оваа работа“.

„Ние, луѓето од регионот Керсон, знаеме дека Русија не ги напушта своите“.

Салдо рече дека регионот е под зголемен број ракетни напади што носат „сериозна штета“, тврдејќи дека е таргетирана цивилна инфраструктура.

Тој рече дека оние што ќе заминат ќе одат на Крим, полуостров што Москва го анектираше од Украина во 2014 година, и јужни руски региони.

Повикот дојде еден ден откако Киев соопшти дека повторно зазеле пет населени места во регионот Керсон.

The post Шефот на украинскиот регион Керсон, назначен од Москва, бара од Русија да ги евакуира локалните жители appeared first on Република.

]]>

Шефот на јужниот украински регион Керсон, кој е назначен од Москва, побара од Русија денеска да помогне во евакуацијата на цивилите од областа, што се толкува како знак дека напредува украинската контраофанзива. Им предложивме на сите луѓе од регионот Керсон, доколку сакаат, да заминат во други региони за да се заштитат од ракетни удари, објави на Телеграм шефот на администрацијата поддржана од Русија, Владимир Салдо. „Во обраќањето до раководството на Русија, ве замолувам да помогнете во организирањето на оваа работа“. „Ние, луѓето од регионот Керсон, знаеме дека Русија не ги напушта своите“. Салдо рече дека регионот е под зголемен број ракетни напади што носат „сериозна штета“, тврдејќи дека е таргетирана цивилна инфраструктура. Тој рече дека оние што ќе заминат ќе одат на Крим, полуостров што Москва го анектираше од Украина во 2014 година, и јужни руски региони. Повикот дојде еден ден откако Киев соопшти дека повторно зазеле пет населени места во регионот Керсон.

The post Шефот на украинскиот регион Керсон, назначен од Москва, бара од Русија да ги евакуира локалните жители appeared first on Република.

]]>