Кензо Танге Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kenzo-tange/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 12:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кензо Танге Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kenzo-tange/ 32 32 Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-arhitektkata-mimoza-nestorova-tomik-avtorkata-na-stokovna-kuka-beko-i-na-muzejot-na-makedonija/ Fri, 24 May 2024 12:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=781399

По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ (96), архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. За својот придонес во архитектурата, во 1973 годна е добитник на наградата „13 Ноември“ доделена за градбата Музеи на Македонија, а во 2011 година ја доби наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник е и на признанието OPERA OMNIA од Share Architect 2019 година. Нејзиниот совет до помладите колеги беше: Работете со љубов, дообразувајте се постојано, проширувајќи го знаењето се доближувате до мудроста.

Родена e во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор.

Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”, Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот.

Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.

 

The post Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ (96), архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. За својот придонес во архитектурата, во 1973 годна е добитник на наградата „13 Ноември“ доделена за градбата Музеи на Македонија, а во 2011 година ја доби наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник е и на признанието OPERA OMNIA од Share Architect 2019 година. Нејзиниот совет до помладите колеги беше: Работете со љубов, дообразувајте се постојано, проширувајќи го знаењето се доближувате до мудроста. Родена e во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор. Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”, Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот. Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.  

The post Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>
Синот на Кензо Танге открива: Градски ѕид требаше да го сочува старото Скопје, мостот до ГТЦ да ја поврзе Железничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sinot-na-kenzo-tange-otkriva-gradski-zid-trebashe-da-go-sochuva-staroto-skopje-mostot-do-gtts-da-ja-povrze-zheleznichka/ Wed, 26 Jul 2023 07:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=665396

Пол Танге, синот на познатиот Кензо Танге кој беше идеен татко на Скопје по разорниот земјотрес кој се случи на денешен ден во 1963 година смета дека татко му сакал на Скопје да му даде нова надеж. Во интервју за Дојче Веле тој раскажува како Скопје бил прв поголем проект на татко му по Хирошима. Тој вели и дека татко му сакал да ги зачува оние 30 отсто од старото Скопје кои останале несрушени во центарот и дека токму затоа го изградил Градски ѕид – проект на вертикално живеење кој го обиколува старото јадро.

Една од познатите идеи на Танге секако беше и нереализираниот мост кој требало да го поврзува Градскиот трговски центар од неговиот излез каде што денес е „Холидеј Ин“ со новата Железничка станица во Скопје, односно сите кои ќе приситигнат во градот со воз директно пешачки да се упатат кон ГТЦ и кон плоштадот.

Господине Танге, по земјотресот во 1963 година, Обединетите нации имаа посебен фонд за конкурс, на кој победи вашиот татко Кензо Танге, една од најпознатите личности во целата приказна за обновата на Скопје. Дали Скопје, градот на солидарноста што го обедини светот во ерата на Студената војна, беше ветената земја за наградуваниот архитект од Јапонија Кензо Танге, каде што ќе може да ги помести границите на своите идеи со овој мастер план?

Ова беше првиот странски проект на татко ми. И, се разбира, ова е сеопфатен (мастер) план од големи размери. Видел дека околу 70% од градот во Скопје се уништени, но останале 30%. И наместо да ги урне тие објекти, тој мислел дека би било значајно да се зачува таа историја. Затоа го создал Градскиот ѕид, кој е вертикален простор за живеење, но всушност обиколување на она што останало во градот Скопје по уништувањето од земјотресот.

Размислувал како урбанист, урбан проектант.

Сфатил дека што е можно побргу градот мора да заживее. Тоа значи дека е важно да се создаде заедницата, бидејќи заедницата беше уништена и оттаму е идејата за создавање Градска порта, која е во центарот на градот, каде што луѓето може да работат а градскиот ѕид да го претставува стариот град и новиот вертикален жив град, кои може да коегзистираат. Притоа да се почитуваат истовремено и историската ситуација и модерноста.

Почестени сме што сме дел од историјата на Скопје во обновата од разурнувачкиот земјотрес.

Целото интервју на „Дојче веле

The post Синот на Кензо Танге открива: Градски ѕид требаше да го сочува старото Скопје, мостот до ГТЦ да ја поврзе Железничка appeared first on Република.

]]>

Пол Танге, синот на познатиот Кензо Танге кој беше идеен татко на Скопје по разорниот земјотрес кој се случи на денешен ден во 1963 година смета дека татко му сакал на Скопје да му даде нова надеж. Во интервју за Дојче Веле тој раскажува како Скопје бил прв поголем проект на татко му по Хирошима. Тој вели и дека татко му сакал да ги зачува оние 30 отсто од старото Скопје кои останале несрушени во центарот и дека токму затоа го изградил Градски ѕид – проект на вертикално живеење кој го обиколува старото јадро. Една од познатите идеи на Танге секако беше и нереализираниот мост кој требало да го поврзува Градскиот трговски центар од неговиот излез каде што денес е „Холидеј Ин“ со новата Железничка станица во Скопје, односно сите кои ќе приситигнат во градот со воз директно пешачки да се упатат кон ГТЦ и кон плоштадот. Господине Танге, по земјотресот во 1963 година, Обединетите нации имаа посебен фонд за конкурс, на кој победи вашиот татко Кензо Танге, една од најпознатите личности во целата приказна за обновата на Скопје. Дали Скопје, градот на солидарноста што го обедини светот во ерата на Студената војна, беше ветената земја за наградуваниот архитект од Јапонија Кензо Танге, каде што ќе може да ги помести границите на своите идеи со овој мастер план? Ова беше првиот странски проект на татко ми. И, се разбира, ова е сеопфатен (мастер) план од големи размери. Видел дека околу 70% од градот во Скопје се уништени, но останале 30%. И наместо да ги урне тие објекти, тој мислел дека би било значајно да се зачува таа историја. Затоа го создал Градскиот ѕид, кој е вертикален простор за живеење, но всушност обиколување на она што останало во градот Скопје по уништувањето од земјотресот. Размислувал како урбанист, урбан проектант. Сфатил дека што е можно побргу градот мора да заживее. Тоа значи дека е важно да се создаде заедницата, бидејќи заедницата беше уништена и оттаму е идејата за создавање Градска порта, која е во центарот на градот, каде што луѓето може да работат а градскиот ѕид да го претставува стариот град и новиот вертикален жив град, кои може да коегзистираат. Притоа да се почитуваат истовремено и историската ситуација и модерноста. Почестени сме што сме дел од историјата на Скопје во обновата од разурнувачкиот земјотрес. Целото интервју на „Дојче веле

The post Синот на Кензо Танге открива: Градски ѕид требаше да го сочува старото Скопје, мостот до ГТЦ да ја поврзе Железничка appeared first on Република.

]]>
ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ju-za-urbanizam-kenzo-tange-koja-kje-raboti-na-prostorno-i-urbanistichko-planiranje-vo-grad-skopje/ Mon, 25 Jul 2022 15:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=533021

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ.

Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје.

Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон, изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација на истите, изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.

Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на  спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови.

Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност.

Јавната установа се организира на начин кој ќе овозможи Градот Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историски вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на Јавната установа  ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати.

 

 

The post ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ. Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје. Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон, изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација на истите, изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.

Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на  спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови. Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност. Јавната установа се организира на начин кој ќе овозможи Градот Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историски вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на Јавната установа  ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати.

   

The post ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје appeared first on Република.

]]>