Кензабуро Ое Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kenzaburo-oe/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Mar 2023 11:50:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кензабуро Ое Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kenzaburo-oe/ 32 32 Почина јапонскиот писател и Нобеловец Кензабуро Ое https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-japonskiot-pisatel-i-nobelovets-kenzaburo-oe/ Mon, 13 Mar 2023 11:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=619115

Јапонскиот писател и Нобеловец  Кензабуро Ое почина во 88. година од животот, соопшти денеска неговиот издавач „Коданша“.

Ое, кој ја доби Нобеловата награда за литература во 1994 година беше познат и како заговорник на јапонскиот пацифистички устав и борец против нуклеарната енергија, пренесува јапонската агенција „Кјодо“.

Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година Ое се занимаваше со темата хендикепирани деца во семејствата, бидејќи и самиот имаше хендикепиран син. Еден од неговите најпознати роман е „Тивкиот крик“ од 1967 година, дело во кое се испреплетуваат митови и историја на шумските села со современието.

Ое студирал француска литература на Универзитетот во Токио и уште во тоа време почнал да објавува приказни.

 

The post Почина јапонскиот писател и Нобеловец Кензабуро Ое appeared first on Република.

]]>

Јапонскиот писател и Нобеловец  Кензабуро Ое почина во 88. година од животот, соопшти денеска неговиот издавач „Коданша“. Ое, кој ја доби Нобеловата награда за литература во 1994 година беше познат и како заговорник на јапонскиот пацифистички устав и борец против нуклеарната енергија, пренесува јапонската агенција „Кјодо“. Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година Ое се занимаваше со темата хендикепирани деца во семејствата, бидејќи и самиот имаше хендикепиран син. Еден од неговите најпознати роман е „Тивкиот крик“ од 1967 година, дело во кое се испреплетуваат митови и историја на шумските села со современието. Ое студирал француска литература на Универзитетот во Токио и уште во тоа време почнал да објавува приказни.  

The post Почина јапонскиот писател и Нобеловец Кензабуро Ое appeared first on Република.

]]>