Кентаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kentaki/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Aug 2022 09:25:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кентаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kentaki/ 32 32 Загинале четири деца од исто семејство: Расте бројот на жртви во поплавите во Кентаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaginale-chetiri-deca-od-isto-semejstvo-raste-brojot-na-zrtvi-vo-poplavite-vo-kentaki/ Mon, 01 Aug 2022 09:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=535626

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Кентаки се искачи на 25 и може да се зголеми, изјави гувернерот на таа американска држава.

Имаме потврда за 25 загинати. Тој биланс може уште да расте. За жал, верувам дека наредните недели ќе наоѓаме уште тела - изјави гувернерот,  Енди Бешеар на прес-конференција.

Обилните дождови го зафатија источниот дел на Кентаки во текот на ноќта од среда кон четврток, претворајќи ги патиштата во реки. Многумина се засолнија на покривите на куќите.

Бешеар информира дека четири деца загинале во поплавите, а не шест како што беше првично објавено.

Станува збор за четворица браќа и сестри на возраст од една и пол до осум години. Тие биле однесени од поројот кога заедно со родителите се искачиле на врвот на дрвото, пишува локалниот весник „Lexington Herald Leader“.

Голем дел од Џексон, град со 2.200 жители на околу 100 километри југоисточно од главниот град Франкфорт, е потопен.

Стотици домови, игралишта, паркови, компани се под толку многу вода, што мислам дека некој од нас некогаш не видел во таа област - изјави гувернерот.

Поплавите се втората голема катастрофа што го погоди Кентаки во изминатите седум месеци, по серијата торнада што однесоа речиси 80 животи во западниот дел на државата во декември.

The post Загинале четири деца од исто семејство: Расте бројот на жртви во поплавите во Кентаки appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Кентаки се искачи на 25 и може да се зголеми, изјави гувернерот на таа американска држава.
Имаме потврда за 25 загинати. Тој биланс може уште да расте. За жал, верувам дека наредните недели ќе наоѓаме уште тела - изјави гувернерот,  Енди Бешеар на прес-конференција.
Обилните дождови го зафатија источниот дел на Кентаки во текот на ноќта од среда кон четврток, претворајќи ги патиштата во реки. Многумина се засолнија на покривите на куќите. Бешеар информира дека четири деца загинале во поплавите, а не шест како што беше првично објавено. Станува збор за четворица браќа и сестри на возраст од една и пол до осум години. Тие биле однесени од поројот кога заедно со родителите се искачиле на врвот на дрвото, пишува локалниот весник „Lexington Herald Leader“. Голем дел од Џексон, град со 2.200 жители на околу 100 километри југоисточно од главниот град Франкфорт, е потопен.