Келси Галагер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kelsi-galager/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Mar 2022 19:01:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Келси Галагер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kelsi-galager/ 32 32 Канадска НВО предупредува дека западното оружје дадено во Украина може да заврши на црниот пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kanadska-nvo-predupreduva-deka-zapadnoto-oruzje-dadeno-vo-ukraina-moze-da-zavrshi-na-crniot-pazar/ Sat, 19 Mar 2022 19:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=475484

Канадската невладина организација „Project Ploughshares“ предупредува дека канадското и другото западно оружје што се доставува во Украина не само што може да заврши во руски раце и да биде употребено против Украина, туку лесно може да се најде и на меѓународниот црн пазар.

Постои реална закана дека украинската влада е потенцијално неспособна да го контролира сето ова оружје што го добива. Еднаш кога овој конфликт ќе се смири... ова оружје нема само да направи „пуф“ и да исчезне - изјави Келси Галагер, која работи како истражувач за невладината организација, за канадскиот јавен сервис ЦБЦ, кој е приближно еквивалентен на британскиот ББЦ.

Таа вели дека постои реална можност во Украина да пристигне оружје што во иднина може да предизвикува големи проблеми, ако падне во погрешни раце.

Мислам дека уфрлувањето огромни количества оружје во Украина, каде што можеби нема доволен капацитет за тоа целосно да биде апсорбирано и да се осигура дека ќе оди во рацете во кои треба да оди, на долг рок може да биде лоша услуга за украинскиот народ, но и за цивилите во рцелиот регион - вели Галагер.

Константа Мусу, професорка на Универзитетот во Отава, исто така, го посочува проблемот.

Не можеме целосно да ја исклучиме можноста некои од овие оружја да завршат во погрешни раце - изјави професорката Мусу.

Таа, како пример посочува како минатата година, кога талибанците ја прегазија авганистанската влада и маршираа кон Кабул, успеаја да запленат огромни залихи на воена опрема произведена во САД, вклучувајќи хеликоптери „Блек Хоук“ и оклопни возила.

Талибанците подоцна дури одржаа и воена парада во Кандахар, покажувајќи различни делови од американската воена опрема што ја заробија.

Иако сè уште не е јасно колку оружје од западно производство е запленето од руските сили за време на тековниот конфликт во Украина, рускиот претседател Владимир Путин порача дека ќе поддржи заробеното оружје да им се даде на бунтовничките сили во Донбас.

Што се однесува до испораката на оружје, особено од западно производство кое падна во рацете на руската армија, се разбира, ја поддржувам можноста да им се предаде на воените единици на Народните републики Луганск и Доњецк - изјави Путин.

https://republika.mk/vesti/svet/rusite-vo-herson-zaplenile-cel-kup-oruzje-edno-dojdeno-direktno-od-amerikanskiot-arsenal/

The post Канадска НВО предупредува дека западното оружје дадено во Украина може да заврши на црниот пазар appeared first on Република.

]]>

Канадската невладина организација „Project Ploughshares“ предупредува дека канадското и другото западно оружје што се доставува во Украина не само што може да заврши во руски раце и да биде употребено против Украина, туку лесно може да се најде и на меѓународниот црн пазар.
Постои реална закана дека украинската влада е потенцијално неспособна да го контролира сето ова оружје што го добива. Еднаш кога овој конфликт ќе се смири... ова оружје нема само да направи „пуф“ и да исчезне - изјави Келси Галагер, која работи како истражувач за невладината организација, за канадскиот јавен сервис ЦБЦ, кој е приближно еквивалентен на британскиот ББЦ.
Таа вели дека постои реална можност во Украина да пристигне оружје што во иднина може да предизвикува големи проблеми, ако падне во погрешни раце.
Мислам дека уфрлувањето огромни количества оружје во Украина, каде што можеби нема доволен капацитет за тоа целосно да биде апсорбирано и да се осигура дека ќе оди во рацете во кои треба да оди, на долг рок може да биде лоша услуга за украинскиот народ, но и за цивилите во рцелиот регион - вели Галагер.
Константа Мусу, професорка на Универзитетот во Отава, исто така, го посочува проблемот.
Не можеме целосно да ја исклучиме можноста некои од овие оружја да завршат во погрешни раце - изјави професорката Мусу.
Таа, како пример посочува како минатата година, кога талибанците ја прегазија авганистанската влада и маршираа кон Кабул, успеаја да запленат огромни залихи на воена опрема произведена во САД, вклучувајќи хеликоптери „Блек Хоук“ и оклопни возила. Талибанците подоцна дури одржаа и воена парада во Кандахар, покажувајќи различни делови од американската воена опрема што ја заробија. Иако сè уште не е јасно колку оружје од западно производство е запленето од руските сили за време на тековниот конфликт во Украина, рускиот претседател Владимир Путин порача дека ќе поддржи заробеното оружје да им се даде на бунтовничките сили во Донбас.