келнери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kelneri/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Aug 2023 19:50:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png келнери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kelneri/ 32 32 Се јавија келнерите од Блед: Баравме Ковачевски побрзо да стане од масата за да си одиме дома https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/se-javija-kelnerite-od-bled-baravme-kovachevski-pobrzo-da-stane-od-masata-za-da-si-odime-doma/ Tue, 29 Aug 2023 19:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=677139

The post Се јавија келнерите од Блед: Баравме Ковачевски побрзо да стане од масата за да си одиме дома appeared first on Република.

]]>

The post Се јавија келнерите од Блед: Баравме Ковачевски побрзо да стане од масата за да си одиме дома appeared first on Република.

]]>
Ковачевски денеска им дал слободен ден на келнерите во Блед https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/kovachevski-deneska-im-dal-sloboden-den-na-kelnerite-vo-bled/ Tue, 29 Aug 2023 07:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=676761

Ковачевски денес им дал слободен ден на келнерите во Блед.

Сега ќе речит некој: е како мојт Таче да им дават одмор?! Зш да не мојт бе? Тој си ги измисли, тој ќе кажит кога требит да одмарет!

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/

The post Ковачевски денеска им дал слободен ден на келнерите во Блед appeared first on Република.

]]>

Ковачевски денес им дал слободен ден на келнерите во Блед. Сега ќе речит некој: е како мојт Таче да им дават одмор?! Зш да не мојт бе? Тој си ги измисли, тој ќе кажит кога требит да одмарет! https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/

The post Ковачевски денеска им дал слободен ден на келнерите во Блед appeared first on Република.

]]>
Македонски келнери во Блед ми рекоа „Ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/ Mon, 28 Aug 2023 17:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=676670

Премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата во Блед кажа дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија за да се вратат дома, а тоа му го порачале студенти кои ги сретнал во Блед додека работеле во кафулињата.

Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома, кажа меѓудругото Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“.

The post Македонски келнери во Блед ми рекоа „Ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата во Блед кажа дека граѓаните сакаат земјата да стане членка на Европската унија за да се вратат дома, а тоа му го порачале студенти кои ги сретнал во Блед додека работеле во кафулињата.
Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома, кажа меѓудругото Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“.

The post Македонски келнери во Блед ми рекоа „Ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“ appeared first on Република.

]]>
Туристичка комора: Ако државата дозволи, уште утре ќе вработиме 5.000 келнери, рецепционери и собари од Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/turistichka-komora-ako-drzavata-dozvoli-ushte-utre-kje-vrabotime-5-000-kelneri-recepcioneri-i-sobari-od-turcija/ Wed, 06 Jul 2022 11:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=524760

Вкупно 5.000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција можат веднаш да дојдат во земјава и да почнат со работа во нашите угостителски објекти, доколку државата им овозможи брзо вработување, под истите услови кои важат за македонските граѓани, само со лични карти и евидентирање без многу формалности - порача Туристичко-угоститеката комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори.

Според ТУК, немањето кадар во секторот моментно е најголем проблем, а недостигаат околу 20.000 работници. Доколку ситуацијата не се смени за околу една година, 50-60 отсто од рестораните и хотелите ќе се затворат.

Засега, затворање нема да има, проблем е кадарот. Ни фалат 20.000 работници. Ние обезбедивме 5.000 од Турција и тие може да дојдат утре, но ако дозволи и овозможи државата. Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хрватска и Словенија, но евидентно е и иселувањето во подалечните земји - изјави претседателот на ТУК, Аркан Керим.

Тој оценува дека со турските работници, нашиот туристичко-угостителски сектор ќе го подигне и стандардот на услугите.

Нашите плати се тие. Во Хрватска кафе е 15 евра, а кај нас две евра или ручек за четиричлено семејство е 500 евра. Со вакви цени нормално дека може да даваат и високи плати, ние 2.000 евра не можеме да си дозволиме - нагласи Керим.

Тој додаде земјава не е примамлива за работници од Србија или Албанија. И тие најчесто работат или на Јадранско приморје или во Грција.

Одговорајќи на новинарски прашања, претседателот на ТУК, изјави дека иницијативата Отворен Балкан може да даде резултати ако условите кои важат во Србија, се применат и кај нас.

Од 1 јули до 30 септември да нема визи за туристите од Кина, Азербејџан, Казахстан и Катар, да се направат и билатерални договори со Турција за влез со лични карти - истакна Керим.

Тој најави дека ТУК ќе аплицира во европските фондови за фотоволтаици, а целта е нивно поставување во најскоро време на 100-150 угостителски објекти.

Керим на прес-конференцијата го повтори барањето да се формира министерство за туризам, а секторот да се одвои од сферата на економијата и да стане составен дел на културата.

ТУК во октомври или ноември ќе организира промоција на првите почесни амбасадори за македонскиот туризам, а првичните имиња се Петар Грашо во Хрватска и Слобода Мичаловиќ во Србија.

The post Туристичка комора: Ако државата дозволи, уште утре ќе вработиме 5.000 келнери, рецепционери и собари од Турција appeared first on Република.

]]>

Вкупно 5.000 келнери, садопери, рецепционери и собари од Турција можат веднаш да дојдат во земјава и да почнат со работа во нашите угостителски објекти, доколку државата им овозможи брзо вработување, под истите услови кои важат за македонските граѓани, само со лични карти и евидентирање без многу формалности - порача Туристичко-угоститеката комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори.
Според ТУК, немањето кадар во секторот моментно е најголем проблем, а недостигаат околу 20.000 работници. Доколку ситуацијата не се смени за околу една година, 50-60 отсто од рестораните и хотелите ќе се затворат.
Засега, затворање нема да има, проблем е кадарот. Ни фалат 20.000 работници. Ние обезбедивме 5.000 од Турција и тие може да дојдат утре, но ако дозволи и овозможи државата. Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје, во Хрватска и Словенија, но евидентно е и иселувањето во подалечните земји - изјави претседателот на ТУК, Аркан Керим.
Тој оценува дека со турските работници, нашиот туристичко-угостителски сектор ќе го подигне и стандардот на услугите.
Нашите плати се тие. Во Хрватска кафе е 15 евра, а кај нас две евра или ручек за четиричлено семејство е 500 евра. Со вакви цени нормално дека може да даваат и високи плати, ние 2.000 евра не можеме да си дозволиме - нагласи Керим.
Тој додаде земјава не е примамлива за работници од Србија или Албанија. И тие најчесто работат или на Јадранско приморје или во Грција. Одговорајќи на новинарски прашања, претседателот на ТУК, изјави дека иницијативата Отворен Балкан може да даде резултати ако условите кои важат во Србија, се применат и кај нас.
Од 1 јули до 30 септември да нема визи за туристите од Кина, Азербејџан, Казахстан и Катар, да се направат и билатерални договори со Турција за влез со лични карти - истакна Керим.
Тој најави дека ТУК ќе аплицира во европските фондови за фотоволтаици, а целта е нивно поставување во најскоро време на 100-150 угостителски објекти. Керим на прес-конференцијата го повтори барањето да се формира министерство за туризам, а секторот да се одвои од сферата на економијата и да стане составен дел на културата. ТУК во октомври или ноември ќе организира промоција на првите почесни амбасадори за македонскиот туризам, а првичните имиња се Петар Грашо во Хрватска и Слобода Мичаловиќ во Србија.

The post Туристичка комора: Ако државата дозволи, уште утре ќе вработиме 5.000 келнери, рецепционери и собари од Турција appeared first on Република.

]]>
Сакате работа – на Германија ѝ фалат келенери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sakate-rabota-na-germanija-i-falat-keleneri/ Sat, 16 Apr 2022 18:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=489323

Повеќето пандемски мерки во Германија се укинати пред велигденските празници. Ова поттикна голем број луѓе повторно да посакаат да одат на одмор, за конечно повторно да одат во ресторан или хотел без заштита на устата и носот.

Ова е секако добра вест за германската хотелска и ресторанска индустрија - последното светло на крајот од тунелот, изјави за ДВ Ингрид Хартгес, генерален директор на германската угостителска организација ДЕХОГА. „Речиси две третини од компаниите што ги анкетиравме ја оценија состојбата со резервациите за претстојните празници како задоволителна и повеќе. По долг период на апстиненција, луѓето имаат особено голема потреба да се опуштат и уживаат, пишува ДВ.

И затоа угостителите ширум земјата повторно додаваат столици и маси, а хотелските соби се преуредуваат за да бидат удобни. Но, со очекуваниот прилив на гости излегува на виделина еден проблем што долго време го загрижува туризмот, забележува Хартгес:

„Поради недостаток на побарувачка за време на пандемијата, угостителската индустрија забележа пад на вработеноста - и покрај сите напори да се задржат вработените. И без мерки за скратено работно време и државна поддршка, загубата на вработени би била уште поголема.

Конкретните бројки покажуваат колкав е недостигот на вработени: во последните две години повеќе од 130.000 работни места се изгубени низ целата земја за кои се платени придонеси за социјално осигурување, како и повеќе од 217.000 т.н. мини-работни места, каде социјалното осигурување или не се исплаќа или го плаќаат самите работници.

Многумина кои претходно ги правеа овие мини-работни места во хотелите и рестораните се префрлија на други работи, кои беа отворени за време на карантинот. А сега е тешко или невозможно да се вратат тие луѓе бидејќи во меѓувреме се навикнаа на редовното работно време и слободните викенди.

Само во регионот Берлин-Бранденбург, според Seenland Oder-Spree, 20 отсто од вработените го напуштиле туризмот. А пазарот на трудот е без достапни работници, вели претседателката на здружението Елен Русиг, „бидејќи секој туристички објект бара готвачи и келнери“.

Шефот на хотел во Бад Саароу, Јорн Петерс, додава: „Воопшто не е можно да се обидете да убедите некого дека ова е одлична работа. Нема шанса затоа што немате на кого да му кажете - никој не се ни пријавува на огласите“.

Помалите угостители се обидуваат да ги премостат тесните грла со привремени решенија: во семејните објекти управувани од самиот сопственик, тој едноставно работи повеќе од вообичаено, многумина го намалуваат изборот на јадења во нивните ресторани или го скратуваат работното време, на пример со тоа што се отворени само навечер.

За некои угостители, дигиталните решенија би можеле да помогнат да се надомести недостигот на персонал. Тие им овозможуваат на гостите електронски системи за нарачки и плаќање, за да можат самите да испраќаат нарачки во кујната или во барот.

Иако сè поголем број угостители користат вакви или слични системи и со тоа го намалуваат бројот на вработени, овие дигитални помагачи имаат и недостатоци. Од една страна, потребно е одредено време да се тренирате и да се вклучите во бизнисот, а од друга страна, секако неопходно е да се вложат дополнителни средства, кои прво мора да се заработат на шанк или во кујна.

Гастрономијата и гостопримството сега ги полагаат своите надежи на странските работници. Хартгес истакнува дека „угостителската индустрија е многу атрактивна и меѓународна, за странските работници е релативно лесно да најдат работа. „Околу 35 проценти од нашите вработени имаат странско државјанство - повеќе од која било друга индустрија во Германија“.

Според Хартгес, поволно е што сѐ повеќе бегалци од Украина наоѓаат работа во германската туристичка индустрија. Дополнително, DEHOGA се обидува да привлече повеќе работници од Германија преку проширување на програмите за обука и вработување на млади луѓе.

Меѓутоа, војната во Украина со себе носи нови проблеми, пред се во вид на зголемени трошоци за енергија, кои рапидно растат. Ова исто така го прави патувањето поскапо, што на крајот би можело да задржи многу туристи повторно дома.

Растат и оперативните трошоци на хотелите и рестораните поради високите трошоци за енергија и храна. Лесно може да се случи долгоочекуваниот позитивен ефект од дополнителните приходи врз основа на повеќе гости по загубите за време на пандемија, целосно да исчезне.

Според истражувањето на DEHOGA, претприемачите ги наведуваат експлозивните трошоци за енергија (85,5%) како најголем предизвик во моментот, проследено со проблеми поради зголемувањето на цените на храната (84,9%), економските последици поврзани со короната (67,6%) и зголемениот трошок за вработените (65,8%).

Колку овие зголемени трошоци ќе доведат до повисоки цени за потрошувачите се уште е нејасно, вели првиот човек на ДЕХОГА. Но: „Добриот претприемач од една страна ќе се погрижи за понудата и цените и ќе ги приспособи доколку е потребно, но од друга страна не смее да ги запостави гостите“

The post Сакате работа – на Германија ѝ фалат келенери appeared first on Република.

]]>

Повеќето пандемски мерки во Германија се укинати пред велигденските празници. Ова поттикна голем број луѓе повторно да посакаат да одат на одмор, за конечно повторно да одат во ресторан или хотел без заштита на устата и носот. Ова е секако добра вест за германската хотелска и ресторанска индустрија - последното светло на крајот од тунелот, изјави за ДВ Ингрид Хартгес, генерален директор на германската угостителска организација ДЕХОГА. „Речиси две третини од компаниите што ги анкетиравме ја оценија состојбата со резервациите за претстојните празници како задоволителна и повеќе. По долг период на апстиненција, луѓето имаат особено голема потреба да се опуштат и уживаат, пишува ДВ. И затоа угостителите ширум земјата повторно додаваат столици и маси, а хотелските соби се преуредуваат за да бидат удобни. Но, со очекуваниот прилив на гости излегува на виделина еден проблем што долго време го загрижува туризмот, забележува Хартгес: „Поради недостаток на побарувачка за време на пандемијата, угостителската индустрија забележа пад на вработеноста - и покрај сите напори да се задржат вработените. И без мерки за скратено работно време и државна поддршка, загубата на вработени би била уште поголема. Конкретните бројки покажуваат колкав е недостигот на вработени: во последните две години повеќе од 130.000 работни места се изгубени низ целата земја за кои се платени придонеси за социјално осигурување, како и повеќе од 217.000 т.н. мини-работни места, каде социјалното осигурување или не се исплаќа или го плаќаат самите работници. Многумина кои претходно ги правеа овие мини-работни места во хотелите и рестораните се префрлија на други работи, кои беа отворени за време на карантинот. А сега е тешко или невозможно да се вратат тие луѓе бидејќи во меѓувреме се навикнаа на редовното работно време и слободните викенди. Само во регионот Берлин-Бранденбург, според Seenland Oder-Spree, 20 отсто од вработените го напуштиле туризмот. А пазарот на трудот е без достапни работници, вели претседателката на здружението Елен Русиг, „бидејќи секој туристички објект бара готвачи и келнери“. Шефот на хотел во Бад Саароу, Јорн Петерс, додава: „Воопшто не е можно да се обидете да убедите некого дека ова е одлична работа. Нема шанса затоа што немате на кого да му кажете - никој не се ни пријавува на огласите“. Помалите угостители се обидуваат да ги премостат тесните грла со привремени решенија: во семејните објекти управувани од самиот сопственик, тој едноставно работи повеќе од вообичаено, многумина го намалуваат изборот на јадења во нивните ресторани или го скратуваат работното време, на пример со тоа што се отворени само навечер. За некои угостители, дигиталните решенија би можеле да помогнат да се надомести недостигот на персонал. Тие им овозможуваат на гостите електронски системи за нарачки и плаќање, за да можат самите да испраќаат нарачки во кујната или во барот. Иако сè поголем број угостители користат вакви или слични системи и со тоа го намалуваат бројот на вработени, овие дигитални помагачи имаат и недостатоци. Од една страна, потребно е одредено време да се тренирате и да се вклучите во бизнисот, а од друга страна, секако неопходно е да се вложат дополнителни средства, кои прво мора да се заработат на шанк или во кујна. Гастрономијата и гостопримството сега ги полагаат своите надежи на странските работници. Хартгес истакнува дека „угостителската индустрија е многу атрактивна и меѓународна, за странските работници е релативно лесно да најдат работа. „Околу 35 проценти од нашите вработени имаат странско државјанство - повеќе од која било друга индустрија во Германија“. Според Хартгес, поволно е што сѐ повеќе бегалци од Украина наоѓаат работа во германската туристичка индустрија. Дополнително, DEHOGA се обидува да привлече повеќе работници од Германија преку проширување на програмите за обука и вработување на млади луѓе. Меѓутоа, војната во Украина со себе носи нови проблеми, пред се во вид на зголемени трошоци за енергија, кои рапидно растат. Ова исто така го прави патувањето поскапо, што на крајот би можело да задржи многу туристи повторно дома. Растат и оперативните трошоци на хотелите и рестораните поради високите трошоци за енергија и храна. Лесно може да се случи долгоочекуваниот позитивен ефект од дополнителните приходи врз основа на повеќе гости по загубите за време на пандемија, целосно да исчезне. Според истражувањето на DEHOGA, претприемачите ги наведуваат експлозивните трошоци за енергија (85,5%) како најголем предизвик во моментот, проследено со проблеми поради зголемувањето на цените на храната (84,9%), економските последици поврзани со короната (67,6%) и зголемениот трошок за вработените (65,8%). Колку овие зголемени трошоци ќе доведат до повисоки цени за потрошувачите се уште е нејасно, вели првиот човек на ДЕХОГА. Но: „Добриот претприемач од една страна ќе се погрижи за понудата и цените и ќе ги приспособи доколку е потребно, но од друга страна не смее да ги запостави гостите“

The post Сакате работа – на Германија ѝ фалат келенери appeared first on Република.

]]>