келнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kelner/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 10:32:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png келнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kelner/ 32 32 Хрватски келнер за две години украл 20 илјади евра од касата на ресторанот – смислил лукава шема https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatski-kelner-za-dve-godini-ukral-20-iljadi-evra-od-kasata-na-restoranot-smislil-lukava-shema/ Sun, 24 Mar 2024 10:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=758034

Хрватскиот келнер Марио пронашол модел со кој тајно земал пари од ресторанот во кој работел две години. Кога конечно го откриле, сфатиле дека 28-годишниот келнер, в џеб ставил околу 20.000 евра. Против него деновиве е покренато обвинение.

Според обвинението, се се случувало во 2021 и 2022 година во ресторанот „Уно“ во Славонски Брод. Во тој период, Марио издал вкупно 326 фактури „кои лажно ги претставувал дека се наплатувани со картичка“.

Но, тие износи на сметките ги наплаќал во готово, а не ги предал на благајната, туку неоправдано ги задржал за себе, при што го оштетил трговското друштво за 19.497,51 евра и во истиот износ остварил противправна финансиска корист“, наведуваат обвинителите.

Марио во полиција признал што направил, но во текот на истрагата се бранел молчејќи и не сакал да изнесе одбрана. Исчезнувањето на парите од книговодството го забележале дури во септември 2022 година, кога „забележале дека нешто не е во ред со плаќањето со картичка во ресторанот „Уно“.

Анализите на издадените фактури и снимките од надзорните камери го откриле осомничениот, кој со „бизнис моделот“ што го смислил, секој месец во просек ставал в џеб по околу 1.000 евра. Тоа значи дека секој месец, тој фалсификувал околу 16 сметки од кои секоја била во вредност од околу 60 евра.

Доколку биде прогласен за виновен, Марио ќе мора со камата да врати се во ресторанот и плус да плати 1.300 евра во кривичната постапка.

The post Хрватски келнер за две години украл 20 илјади евра од касата на ресторанот – смислил лукава шема appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот келнер Марио пронашол модел со кој тајно земал пари од ресторанот во кој работел две години. Кога конечно го откриле, сфатиле дека 28-годишниот келнер, в џеб ставил околу 20.000 евра. Против него деновиве е покренато обвинение. Според обвинението, се се случувало во 2021 и 2022 година во ресторанот „Уно“ во Славонски Брод. Во тој период, Марио издал вкупно 326 фактури „кои лажно ги претставувал дека се наплатувани со картичка“.
Но, тие износи на сметките ги наплаќал во готово, а не ги предал на благајната, туку неоправдано ги задржал за себе, при што го оштетил трговското друштво за 19.497,51 евра и во истиот износ остварил противправна финансиска корист“, наведуваат обвинителите.
Марио во полиција признал што направил, но во текот на истрагата се бранел молчејќи и не сакал да изнесе одбрана. Исчезнувањето на парите од книговодството го забележале дури во септември 2022 година, кога „забележале дека нешто не е во ред со плаќањето со картичка во ресторанот „Уно“. Анализите на издадените фактури и снимките од надзорните камери го откриле осомничениот, кој со „бизнис моделот“ што го смислил, секој месец во просек ставал в џеб по околу 1.000 евра. Тоа значи дека секој месец, тој фалсификувал околу 16 сметки од кои секоја била во вредност од околу 60 евра. Доколку биде прогласен за виновен, Марио ќе мора со камата да врати се во ресторанот и плус да плати 1.300 евра во кривичната постапка.

The post Хрватски келнер за две години украл 20 илјади евра од касата на ресторанот – смислил лукава шема appeared first on Република.

]]>
Таче, ги праша ли студентите зошто студираат и работат како келнери во Словенија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tache-gi-prasha-li-studentite-zoshto-studiraat-i-rabotat-kako-kelneri-vo-slovenija/ Wed, 30 Aug 2023 06:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=677023

Една стара кинеска мудрост вели ако тоа што мислиш да го кажеш не е попаметно од молчењето, тогаш молчи.Нашиот премиер Димитар Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“ на Бледскиот стратешки форум одлучил да кажува, наместо да молчи. Впрочем, затоа и заминал на Блед, пишува Предраг Димитровски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/

Но, наместо да зборува сериозни работи, како што му доликува на еден премиер, Ковачовски сигурно не можел да се ослободи од чувството на универзитетски професор, што не така одамна го манифестираше и пред студентите во Виена кога им ги продаваше своите „болс“. Па така и сега не можеше да се одвои од македонските студенти, кои студираат во Словенија, ама за да си го олеснат студирањето финансиски, истовремено работеле и како келнери во бледските кафулиња.

https://republika.mk/tvitovi/se-javija-kelnerite-od-bled-baravme-kovachevski-pobrzo-da-stane-od-masata-za-da-si-odime-doma/

Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома“, ќе рече меѓудругото Ковачевски.

Ете така, премиерот Ковачевски во својата пропагандистичка мантра за уставните промени навлезе и во светот на Сто и една приказна, Шехерезада, Браќата Грим, Мечето Ушко…

Види мајката, што би рекол неговиот претходник.

А, дали премиерот Ковачевски ги искористил средбите и разговорите со македонските студенти за да ги праша зошто тие, колку и да биле на број, одлучиле своите студии да ги запишат на словенечките, а не на македонските универзитети? Зошто го избрале универзитетот во Љубљана, на пример, наместо скопскиот „Св.Кирил и Методиј“, да не говориме за тој на Рамиз Мерко во Струга?-прашува Димитровски.

Штета што не ги прашал. Или можеби ги прашал, ама не му се допаднале одговорите и му било срам да ги спомене пред широкиот аудиториум во Блед?!

Не Таче, не душо, не е срамота јавно да признаеш дека со своите политики не си сторил ништо за да го подобриш квалитетот на образованието во својата држава, дека немаме ниту еден универзитет рангиран на Шангајската листа, дека само во Република Македонија се купуваат две работи-универзитетска диплома и возачка дозвола, дека младите и кога ќе ги завршат студиите дома се соочуваат со бескрајни глупости при вработувањето, што е партизирано до неподносливост, дека квалитетните млади паѓаат во сенка на шверцери со луѓе, кои стануваат директори на државни институции, дека повторувачи стануваат министри, дека…анализира Димитровски.

Е, кога ова јавно ќе го признаеш на Бледскиот форум, тогаш ќе имаш право да ги злоупотребуваш македонските студенти во Словенија, а до тогаш молчи, зашто сите не јаде твојот срам.

The post Таче, ги праша ли студентите зошто студираат и работат како келнери во Словенија? appeared first on Република.

]]>

Една стара кинеска мудрост вели ако тоа што мислиш да го кажеш не е попаметно од молчењето, тогаш молчи.Нашиот премиер Димитар Ковачевски на панелот „Солидарност за глобална безбедност“ на Бледскиот стратешки форум одлучил да кажува, наместо да молчи. Впрочем, затоа и заминал на Блед, пишува Предраг Димитровски. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kelneri-vo-bled-mi-rekoa-ve-molime-napravete-s-za-da-ja-vnesete-nashata-zemja-vo-eu-sakame-da-se-vratime-doma/ Но, наместо да зборува сериозни работи, како што му доликува на еден премиер, Ковачовски сигурно не можел да се ослободи од чувството на универзитетски професор, што не така одамна го манифестираше и пред студентите во Виена кога им ги продаваше своите „болс“. Па така и сега не можеше да се одвои од македонските студенти, кои студираат во Словенија, ама за да си го олеснат студирањето финансиски, истовремено работеле и како келнери во бледските кафулиња. https://republika.mk/tvitovi/se-javija-kelnerite-od-bled-baravme-kovachevski-pobrzo-da-stane-od-masata-za-da-si-odime-doma/
Одејќи долж ривиерата низ Блед се почувствував како да се наоѓам во Босна и Херцеговина, затоа што сите келнери доаѓаат од таму. Зошто? За повисоки плати. Видов и неколку македонски студенти кои работат во кафулињата. Кога ги прашав како им е, ми рекоа „ве молиме направете сѐ за да ја внесете нашата земја во ЕУ. Сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја од Европската унија, но не овде, туку дома“, ќе рече меѓудругото Ковачевски.
Ете така, премиерот Ковачевски во својата пропагандистичка мантра за уставните промени навлезе и во светот на Сто и една приказна, Шехерезада, Браќата Грим, Мечето Ушко… Види мајката, што би рекол неговиот претходник.
А, дали премиерот Ковачевски ги искористил средбите и разговорите со македонските студенти за да ги праша зошто тие, колку и да биле на број, одлучиле своите студии да ги запишат на словенечките, а не на македонските универзитети? Зошто го избрале универзитетот во Љубљана, на пример, наместо скопскиот „Св.Кирил и Методиј“, да не говориме за тој на Рамиз Мерко во Струга?-прашува Димитровски.
Штета што не ги прашал. Или можеби ги прашал, ама не му се допаднале одговорите и му било срам да ги спомене пред широкиот аудиториум во Блед?!
Не Таче, не душо, не е срамота јавно да признаеш дека со своите политики не си сторил ништо за да го подобриш квалитетот на образованието во својата држава, дека немаме ниту еден универзитет рангиран на Шангајската листа, дека само во Република Македонија се купуваат две работи-универзитетска диплома и возачка дозвола, дека младите и кога ќе ги завршат студиите дома се соочуваат со бескрајни глупости при вработувањето, што е партизирано до неподносливост, дека квалитетните млади паѓаат во сенка на шверцери со луѓе, кои стануваат директори на државни институции, дека повторувачи стануваат министри, дека…анализира Димитровски.
Е, кога ова јавно ќе го признаеш на Бледскиот форум, тогаш ќе имаш право да ги злоупотребуваш македонските студенти во Словенија, а до тогаш молчи, зашто сите не јаде твојот срам.

The post Таче, ги праша ли студентите зошто студираат и работат како келнери во Словенија? appeared first on Република.

]]>
Гостин нападна келнер во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gostin-napadna-kelner-vo-tsentar/ Wed, 24 May 2023 17:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=644331

Вчера во 15.45 часот М.Б.(30) од Скопје пријавил дека претходната вечер околу 23.50 часот додека ги извршувал своите работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице-гостин во локалот Д.И.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Гостин нападна келнер во Центар appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15.45 часот М.Б.(30) од Скопје пријавил дека претходната вечер околу 23.50 часот додека ги извршувал своите работни задачи во угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице-гостин во локалот Д.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Гостин нападна келнер во Центар appeared first on Република.

]]>
Кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор на Македонски Железници – транспорт? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-zulhajrat-demiri-noviot-direktor-na-makedonski-zheleznitsi-transport/ Mon, 03 Apr 2023 09:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=626573

Од пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД.

Очигледно, велат оттаму, е дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг.

Колку што можевме да изброиме ова е 7-ми по ред директор, во изминативе 7 години. Значи секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави. Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази.

Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема. Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионалната биографија која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год. по кои може да се заклучи дека бил ангажиран светот на угостителството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во недостаток на информации за неговата стручна способност, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се прашуваат кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт?

Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија имаме целосен распад на железничкиот систем. Затоа се потребни избори и промена на оваа расипничка антимакедонска и антиевропска власт, велат од партијата.

The post Кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор на Македонски Железници – транспорт? appeared first on Република.

]]>

Од пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД. Очигледно, велат оттаму, е дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг.
Колку што можевме да изброиме ова е 7-ми по ред директор, во изминативе 7 години. Значи секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави. Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази.
Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема. Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионалната биографија која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год. по кои може да се заклучи дека бил ангажиран светот на угостителството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во недостаток на информации за неговата стручна способност, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се прашуваат кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт?
Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија имаме целосен распад на железничкиот систем. Затоа се потребни избори и промена на оваа расипничка антимакедонска и антиевропска власт, велат од партијата.

The post Кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор на Македонски Железници – транспорт? appeared first on Република.

]]>
Кривична за директорот од Прилеп кој зеде неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-direktorot-od-prilep-koj-zede-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska/ Fri, 11 Nov 2022 15:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=572851

СВР Битола – ОВР Прилеп до Основното јавно oбвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Прилеп, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што информира МВР, пријавениот во својство на управител на правен субјект од Прилеп, ги повредил одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на правното лице, со тоа што до 1 септември годнава година имал склучено договор за работа во Хрватска, а истовремено не го имал прекинато работниот однос во јавно претпријатие од областа на комунална дејност од Прилеп, со што се стекнал со противправна имотна корист.

https://republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/

The post Кривична за директорот од Прилеп кој зеде неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска appeared first on Република.

]]>

СВР Битола – ОВР Прилеп до Основното јавно oбвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Прилеп, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Како што информира МВР, пријавениот во својство на управител на правен субјект од Прилеп, ги повредил одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на правното лице, со тоа што до 1 септември годнава година имал склучено договор за работа во Хрватска, а истовремено не го имал прекинато работниот однос во јавно претпријатие од областа на комунална дејност од Прилеп, со што се стекнал со противправна имотна корист. https://republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/

The post Кривична за директорот од Прилеп кој зеде неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Разрешен директорот кој замина на сезонска печалба по хрватските плажи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razreshen-direktorot-koj-zamina-na-sezonska-pechalba-po-hrvatskite-plazi/ Fri, 02 Sep 2022 19:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=546904

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, Рубично Абрашоски, негира дека дозволил управителот „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, да работи од далечина односно да земе неплатен одмор и да замине да работи како келнер во Хрватска, откако такви обвинувања денеска изнесоа од СДСМ.

Социјалдемократите од Прилеп на прес-конференција денеска тврдеа дека Ачкоски со допис уште на 28 јуни овластил други две лица да го користат неговиот потпис за фолија за плати, налози за исплата, договори., како и дека од функцијата бил разрешен пред два дена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/

Директорот Абрашоски, пак, потврди дека го разрешиле управителот пред два дена, но според неговата изјава дури тогаш и дознале за начинот на кој работи „Терминал – Комуналец“.

Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ, Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот одбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ’Комуналец‘, сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претседателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: разрешување на управителот на ’Терминал-Комуналец‘, рече Абрашоски.

Директорот, за кого СДСМ побара разрешување, рече дека не чувствува никаква одговорност и обвини дека токму членот на Управниот одбор кој е дел од врвот на локалната организација на СДСМ, бил тој што гласал воздржано за разрешувањето на Ачкоски.

Можеме слободно да се сомневаме дека Мартин Ачкоски, е донесен кадар од СДСМ да конкурира на објавениот оглас, каде беше и единствен кандидат, за потоа да си замине да работи во Хрватска. Искрено, не чувствувам никаква одговорност за неговото несовесно и некоректно однесување кон вработените, но и кон мене, затоа и истиот беше разрешен,  рече Абрашоски.

За причините зошто Ачкоски бил поставен за управител, директорот рече дека тој бил единствен кандидат на конкурсот и бил предлог на вработените во „Терминалот“ кој со петиција барале тој да биде назначен на функцијата.

The post Разрешен директорот кој замина на сезонска печалба по хрватските плажи appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, Рубично Абрашоски, негира дека дозволил управителот „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, да работи од далечина односно да земе неплатен одмор и да замине да работи како келнер во Хрватска, откако такви обвинувања денеска изнесоа од СДСМ. Социјалдемократите од Прилеп на прес-конференција денеска тврдеа дека Ачкоски со допис уште на 28 јуни овластил други две лица да го користат неговиот потпис за фолија за плати, налози за исплата, договори., како и дека од функцијата бил разрешен пред два дена. https://republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/ Директорот Абрашоски, пак, потврди дека го разрешиле управителот пред два дена, но според неговата изјава дури тогаш и дознале за начинот на кој работи „Терминал – Комуналец“.
Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ, Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот одбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ’Комуналец‘, сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претседателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: разрешување на управителот на ’Терминал-Комуналец‘, рече Абрашоски.
Директорот, за кого СДСМ побара разрешување, рече дека не чувствува никаква одговорност и обвини дека токму членот на Управниот одбор кој е дел од врвот на локалната организација на СДСМ, бил тој што гласал воздржано за разрешувањето на Ачкоски.
Можеме слободно да се сомневаме дека Мартин Ачкоски, е донесен кадар од СДСМ да конкурира на објавениот оглас, каде беше и единствен кандидат, за потоа да си замине да работи во Хрватска. Искрено, не чувствувам никаква одговорност за неговото несовесно и некоректно однесување кон вработените, но и кон мене, затоа и истиот беше разрешен,  рече Абрашоски.
За причините зошто Ачкоски бил поставен за управител, директорот рече дека тој бил единствен кандидат на конкурсот и бил предлог на вработените во „Терминалот“ кој со петиција барале тој да биде назначен на функцијата.

The post Разрешен директорот кој замина на сезонска печалба по хрватските плажи appeared first on Република.

]]>
Директор од Прилеп зел неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска, ги оставил вработените без плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/ Fri, 02 Sep 2022 17:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=546876

Управителот на „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, заминал во Хрватска да работи како келнер, а вработените во претпријатието три месеци останале без плата, обвинија денеска од СДСМ Прилеп од каде додаваат дека сметката на претпријатието останала блокирана поради неплатен ДДВ.

Кадарот на Борче Јовчески и Абрашоски, управителот на „Терминал – Комуналец“ ДООЕЛ Прилеп, Мартин Ачкоски, на 28 јуни со писмен допис овластил две лица од претпријатието – референтот на сметководство и набавувачот во трпезарија, во негово отсуство да го користат факсимилот, односно неговиот потпис за фолија за плати, налози за исплата, склучување и раскинување на договори за тир-паркингот и за кетеринг службата. Притоа, во пишаниот документ кој анонимно беше доставен до СДСМ Прилеп Ачкоски нагласил дека факсимилот можат да го користат единствено и само со негова претходна согласност дадена преку социјални мрежи, СМС, вибер, ватс-ап, месинџер или мејл. Напоменувајќи дека овластувањето важи од денот на неговото издавање и се однесува на севкупниот период на неговото отсуство од работа, управителот Мартин Ачкоски зел неплатен одмор и заминал да работи како келнер во едно од туристичките места во Хрватска со амин на директорот на ЈКП Комуналец Рубин Абрашоски. Ќе повторам уште еднаш: Мартин Ачкоски, управител на „Терминал – Комуналец“ ДООЕЛ Прилеп, зел неплатен одмор и заминал да работи како келнер во Хрватска! Да не беше жално, ќе беше смешно!Тешко е да се преброи колку пати управителот на „Терминал – Комуналец“ го прекршил законот, уште потешко да се каже која е најголемата глупост која притоа ја направиле заедно со директорот Рубин Абрашоски. Дали тоа што привремено го напуштил раководното место во „Терминал“ за да работи во странство како келнер, или тоа што овластил други лица во негово име да потпишуваат разни договори и налози, откако тој од странство, преку СМС, вибер или месинџер ќе го дозволел тоа?, прашуваат од партијата.

Тие велат дека се ова се случува во време кога вработените во „Терминал – Комуналец“ три месеци не зеле плата и кога сметката на претпријатието е блокирана заради неплатен ДДВ.

Тоа што пред два дена Управниот одбор на ЈКП „Комуналец“ го разреши Ачкоски од функцијата управител на Терминалот, не ги амнестира од одговорност оние кои дозволиле да дојде до еден ваков скандал. Од тие причини, го повикуваме градоначалникот Јовчески веднаш, повторувам веднаш да ја заврши оваа брука и срам, и да го разреши директорот на „Комуналец“, Рубин Абрашоски и со тоа барем малку од себе да го избрише срамот кој го режираа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, скандал каков што Прилеп и прилепчани не паметат, посочуваат од СДСМ.

The post Директор од Прилеп зел неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска, ги оставил вработените без плата appeared first on Република.

Расистичка порака на фискална сметка го згрозила келнерот, гостинот избркан за цел живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rasistichka-poraka-na-fiskalna-smetka-go-zgrozila-kelnerot-gostinot-izbrkan-za-cel-zivot/ Wed, 22 Jun 2022 11:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=518441

Ресторан во Тексас трајно му го забранил доаѓањето на гостин кој оставил расистичка порака до келнерот на фисдкална сметка на која напишал „не даваме бакшиш на терористи“, пренесува „Индипендент“.

Своето лошо искуство келнерот го објавил на Фејсбук, каде што објавил дека „му се слошило“ кога се вратил на масата за сервирање и ја видел пораката на сметката.

Не знаев што да мислам и што да кажам, само ми се слоши. Ја споделувам оваа порака јавно затоа што сакам луѓето да разберат дека овој расизам и омраза сè уште постои - пишува келнерот.

Тој како доказ за слученото објавил фотографија како доказ дека гостите не оставиле бакшиш за сметката од 108,73 долари и дека намерно го заокружиле неговото име (Халил).

The post Расистичка порака на фискална сметка го згрозила келнерот, гостинот избркан за цел живот appeared first on Република.

]]>

Ресторан во Тексас трајно му го забранил доаѓањето на гостин кој оставил расистичка порака до келнерот на фисдкална сметка на која напишал „не даваме бакшиш на терористи“, пренесува „Индипендент“. Своето лошо искуство келнерот го објавил на Фејсбук, каде што објавил дека „му се слошило“ кога се вратил на масата за сервирање и ја видел пораката на сметката.