Кејт Мери Брнз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kejt-meri-brnz/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Sep 2022 19:20:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кејт Мери Брнз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kejt-meri-brnz/ 32 32 Проштална средба на министерот Бујар Османи со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proshtalna-sredba-na-ministerot-bujar-osmani-so-ambasadorkata-na-sad-kejt-meri-brnz/ Tue, 13 Sep 2022 19:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=550517

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Средбата се реализираше на 27 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји.

Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Македонија и напредокот на патот на европските интеграции.

The post Проштална средба на министерот Бујар Османи со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз. Средбата се реализираше на 27 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и САД, што претставуваше убава прилика да се поздрават многуте заеднички успеси и достигнувања низ годините, со посебен акцент на партнерството во рамки на НАТО Алијансата и неодамна одржаниот Стратешки дијалог меѓу двете земји. Министерот Османи се заблагодари за активниот и континуиран ангажман на амбасадорката Брнз во насока на продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји, како и за конзистентната американска поддршка за демократскиот развој на Македонија и напредокот на патот на европските интеграции.

The post Проштална средба на министерот Бујар Османи со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз appeared first on Република.

]]>
Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски манастир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/amerikanskata-ambasadorka-brnz-vo-poseta-na-bigorski-manastir/ Sun, 22 May 2022 12:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=505477

Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир денеска беше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

На средбата со Игуменот, Епископот Партениј, таа ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА.

Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката.

На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и Амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од Неговата Сесветост, Патријархот г. г. Вартоломеј, според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет. По разговорот со Старецот, г-ѓа Кејт Мери Брнз и нејзината придружба имаа можност да ги разгледаат содржините на манастирот, имајќи го за свој водич нашиот собрат, Архимандритот  Доситеј, стои во објавата на Бигорски.

The post Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски манастир appeared first on Република.

]]>

Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир денеска беше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На средбата со Игуменот, Епископот Партениј, таа ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА. Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката.