Кејт Бланшет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kejt-blanshet/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Apr 2022 08:31:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кејт Бланшет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kejt-blanshet/ 32 32 Престижната Чаплинова награда ја доби актерката Кејт Бланшет https://arhiva3.republika.mk/scena/film/prestiznata-chaplinova-nagrada-ja-dobi-akterkata-kejt-blanshet/ Thu, 28 Apr 2022 08:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=494621

Центарот Линколн беше домаќин на престижната гала вечер во чест на втората најмлада добитничка на 47. Чаплинова награда која славни моќни кариери во Холивуд.

Гала-вечерта е и настан за собирање финансиски средства за филм во Центарот Линколн, кој помага да се поддржи работата на организацијата за подобрување на свеста, пристапноста и разбирањето на уметноста на кинематографијата.

Бланшет доминираше со необичната црна тоалета на „Луј Витон, во отсуство на најавените промотори Тод Хејнс и Бредли Купер кои се самоизоларни по контакти со Ковид.

Поранешни добитници на наградата се и Бет Дејвис, Барбара Стенвик, Сидни Поатје, Алфред Хичкок, Џејмс Стјуарт, Роберт Алтман и Мерил Стрип.

Бланшет се прослави и во модната индустрија, глумејќи во кампањи за брендови како Џорџо Армани за линијата на мириси на брендот.

The post Престижната Чаплинова награда ја доби актерката Кејт Бланшет appeared first on Република.

]]>

Центарот Линколн беше домаќин на престижната гала вечер во чест на втората најмлада добитничка на 47. Чаплинова награда која славни моќни кариери во Холивуд. Гала-вечерта е и настан за собирање финансиски средства за филм во Центарот Линколн, кој помага да се поддржи работата на организацијата за подобрување на свеста, пристапноста и разбирањето на уметноста на кинематографијата. Бланшет доминираше со необичната црна тоалета на „Луј Витон, во отсуство на најавените промотори Тод Хејнс и Бредли Купер кои се самоизоларни по контакти со Ковид. Поранешни добитници на наградата се и Бет Дејвис, Барбара Стенвик, Сидни Поатје, Алфред Хичкок, Џејмс Стјуарт, Роберт Алтман и Мерил Стрип. Бланшет се прослави и во модната индустрија, глумејќи во кампањи за брендови како Џорџо Армани за линијата на мириси на брендот.

The post Престижната Чаплинова награда ја доби актерката Кејт Бланшет appeared first on Република.

]]>
Хавиер Бардем, филмот „Добриот шеф“ и Кејт Бланшет добитници на Гоја наградата https://arhiva3.republika.mk/scena/film/havier-bardem-filmot-dobriot-shef-i-kejt-blanshet-dobitnici-na-goja-nagradata/ Wed, 16 Feb 2022 09:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=459203

Филмот „Добриот шеф“ (The Good Boss) на Фернандо Леон де Араноа ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и за најдобар актер (Хавиер Бардем) на церемонијата на доделување на шпанската награда Гоја што викендов се одржа во Валенсија. Со овие признанија режисерот Фернандо Леон де Араноа и актерот Хавиер Бардем по седми пат ја добија Гоја наградата. Црната комедија „Добриот шеф“ освои уште две Гоја награди, а имаше рекодни 20 номинации.

На годинешното 36. доделување на Гоја, најголемото шпанско признание во сферата на филмската уметност и пандан на американскиот Оскар, австралиската актерка Кејт Бланшет, пак, ја понесе меѓународната награда Гоја којашто годинава се додели за првпат. На Бланшет признанието ѝ го врачија Пенелопе Круз и Педро Алмодовар, а австралиската актерка ги нарече „легендарна двојка“ и оддаде почит на шпанската кинематографија, која и покрај пандемијата, снимаше филмови. „Се чувствувам горда на она што го постигнавме како сектор. Мораме да продолжиме да создаваме“, рече таа. Бланшет со Алмодовар ќе работи на адаптацијата на збирката кратки раскази на Лусија Берлин „Прирачник за собарки“.

Интересно е што, познатата актерка Пенелопе Круз, не ја освои наградата во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар. Таа за истата улога е номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка. Гоја наградата за најдобра актерка, пак, ја доби Бланка Портиљо за улогата во „Маиксабел“ на режисерот Исијар Бољин и на нејзината моќна изведба како Маиксабел Ласа, вистинската вдовица на поранешниот гувернер на Баскија, Хуан Мари Јауреги, која во 2011 година се согласи да се сретне со еден од неговите убијци од ЕТА. Нејзиното портретирање на ликот ја допре шпанската публика.

Почесната награда Гоја за 2022 година му припадна на шпанскиот актер Хозе Сакристан, чија кариера ги опфаќа последните 50 години, со филмски наслови направени за време на транзицијата на Шпанија од диктатура во демократија.

The post Хавиер Бардем, филмот „Добриот шеф“ и Кејт Бланшет добитници на Гоја наградата appeared first on Република.

]]>

Филмот „Добриот шеф“ (The Good Boss) на Фернандо Леон де Араноа ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и за најдобар актер (Хавиер Бардем) на церемонијата на доделување на шпанската награда Гоја што викендов се одржа во Валенсија. Со овие признанија режисерот Фернандо Леон де Араноа и актерот Хавиер Бардем по седми пат ја добија Гоја наградата. Црната комедија „Добриот шеф“ освои уште две Гоја награди, а имаше рекодни 20 номинации. На годинешното 36. доделување на Гоја, најголемото шпанско признание во сферата на филмската уметност и пандан на американскиот Оскар, австралиската актерка Кејт Бланшет, пак, ја понесе меѓународната награда Гоја којашто годинава се додели за првпат. На Бланшет признанието ѝ го врачија Пенелопе Круз и Педро Алмодовар, а австралиската актерка ги нарече „легендарна двојка“ и оддаде почит на шпанската кинематографија, која и покрај пандемијата, снимаше филмови. „Се чувствувам горда на она што го постигнавме како сектор. Мораме да продолжиме да создаваме“, рече таа. Бланшет со Алмодовар ќе работи на адаптацијата на збирката кратки раскази на Лусија Берлин „Прирачник за собарки“. Интересно е што, познатата актерка Пенелопе Круз, не ја освои наградата во категоријата најдобра актерка за улогата во филмот „Паралелни мајки“ на Педро Алмодовар. Таа за истата улога е номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка. Гоја наградата за најдобра актерка, пак, ја доби Бланка Портиљо за улогата во „Маиксабел“ на режисерот Исијар Бољин и на нејзината моќна изведба како Маиксабел Ласа, вистинската вдовица на поранешниот гувернер на Баскија, Хуан Мари Јауреги, која во 2011 година се согласи да се сретне со еден од неговите убијци од ЕТА. Нејзиното портретирање на ликот ја допре шпанската публика. Почесната награда Гоја за 2022 година му припадна на шпанскиот актер Хозе Сакристан, чија кариера ги опфаќа последните 50 години, со филмски наслови направени за време на транзицијата на Шпанија од диктатура во демократија.

The post Хавиер Бардем, филмот „Добриот шеф“ и Кејт Бланшет добитници на Гоја наградата appeared first on Република.

]]>