кејп таун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kejp-taun/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jan 2022 15:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кејп таун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kejp-taun/ 32 32 Гори зградата на јужноафриканскиот Парламент во Кејптаун https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gori-zgradata-na-juznoafrikanskiot-parlament-vo-kejptaun/ Sun, 02 Jan 2022 15:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=439619

Голем пожар ја зафати зградата на Парламентот во јужноафриканскиот град Кејптаун. Огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом и облак од црн чад се крева кон небото.

Десетици пожарникари се борат со огнот. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, само неколку часа по државниот погреб на архиепископот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на Парламентот.

Покривот е запален, а гори и зградата на Народното собрание, соопштија градските власти.

Првичните информации покажуваат дека пожарот избувнал во канцелариски простор и се проширил кон салата за фитнес - соопшти Жан-Пјер Смит, член на кабинетот на градоначалникот на Кејптаун, одговорен за безбедност.

Министерката за јавни работи и инфраструктура Патриша де Лил истакна дека пожарот во Покраинскиот совет (горниот дом на парламентот) е локализиран, но зградата на Националното собрание сè уште гори.

Ова е многу тажен ден за нашата демократија, бидејќи Парламентот е дом на нашата демократија. Парламентот е исто така стратешка клучна точка. Сите прашања ќе бидат истражени. Полицијата веќе почна истрага, форензиката е тука. Засега не можеме да кажеме од каде избувнал пожарот - нагласи Патриша де Лил.

Собранието во моментов не заседава поради празниците.

Зградата во Кејптаун се состои од три дела, најстариот датира од 1884 година. Во поновите делови, изградени во 20-те и 80-те години од минатиот век, се наоѓа Националното собрание.

Минатата година пожар опустоши дел од библиотеката на Универзитетот во Кејптаун, каде што се наоѓаше уникатна колекција на африкански архиви.

The post Гори зградата на јужноафриканскиот Парламент во Кејптаун appeared first on Република.

]]>

Голем пожар ја зафати зградата на Парламентот во јужноафриканскиот град Кејптаун. Огромен пламен излегува од покривот на законодавниот дом и облак од црн чад се крева кон небото. Десетици пожарникари се борат со огнот. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, само неколку часа по државниот погреб на архиепископот Дезмонд Туту во катедралата Свети Џорџ, во близина на Парламентот. Покривот е запален, а гори и зградата на Народното собрание, соопштија градските власти.
Првичните информации покажуваат дека пожарот избувнал во канцелариски простор и се проширил кон салата за фитнес - соопшти Жан-Пјер Смит, член на кабинетот на градоначалникот на Кејптаун, одговорен за безбедност.
Министерката за јавни работи и инфраструктура Патриша де Лил истакна дека пожарот во Покраинскиот совет (горниот дом на парламентот) е локализиран, но зградата на Националното собрание сè уште гори.
Ова е многу тажен ден за нашата демократија, бидејќи Парламентот е дом на нашата демократија. Парламентот е исто така стратешка клучна точка. Сите прашања ќе бидат истражени. Полицијата веќе почна истрага, форензиката е тука. Засега не можеме да кажеме од каде избувнал пожарот - нагласи Патриша де Лил.
Собранието во моментов не заседава поради празниците. Зградата во Кејптаун се состои од три дела, најстариот датира од 1884 година. Во поновите делови, изградени во 20-те и 80-те години од минатиот век, се наоѓа Националното собрание. Минатата година пожар опустоши дел од библиотеката на Универзитетот во Кејптаун, каде што се наоѓаше уникатна колекција на африкански архиви.

The post Гори зградата на јужноафриканскиот Парламент во Кејптаун appeared first on Република.

]]>