кеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kej/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 13:26:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кеј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kej/ 32 32 Скопјанка касната од улично куче на кеј на Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-kasnata-od-ulichno-kuche-na-kej-na-vardar/ Sat, 13 Jul 2024 13:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=796414

Млада скопјанка вчера попладне била касната од куче скитник на кеј на Вардар.

- На 12.07.2024 во 14.30 часот во Полициска станица Аеродром Ј.К.(20) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник, стои во денешниот полициски билтен.

 

The post Скопјанка касната од улично куче на кеј на Вардар appeared first on Република.

]]>

Млада скопјанка вчера попладне била касната од куче скитник на кеј на Вардар. - На 12.07.2024 во 14.30 часот во Полициска станица Аеродром Ј.К.(20) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар во Скопје била касната од куче скитник, стои во денешниот полициски билтен.  

The post Скопјанка касната од улично куче на кеј на Вардар appeared first on Република.

]]>
Момче и девојка прободеле маж на Кеј и го ограбиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/momche-i-devojka-probodele-maz-na-kej-i-go-ograbile/ Sun, 02 Oct 2022 13:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=556547

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 1 октомври, околу 18:00 часот ги лишиле од слобода се Е.Д. (23) и Џ.И. (22), женско лице, двајцата од Скопје, затоа што во 15:56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет.

Како што информира МВР, по извршениот претрес кај пријавените е пронајден нож и пари.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Момче и девојка прободеле маж на Кеј и го ограбиле appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 1 октомври, околу 18:00 часот ги лишиле од слобода се Е.Д. (23) и Џ.И. (22), женско лице, двајцата од Скопје, затоа што во 15:56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет. Како што информира МВР, по извршениот претрес кај пријавените е пронајден нож и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Момче и девојка прободеле маж на Кеј и го ограбиле appeared first on Република.

]]>
Се санира кејот на Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-sanira-kejot-na-vardar/ Fri, 05 Aug 2022 11:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=537125

ЈП Улици и патишта со другите јавни претпријатија го уредуваат и санираат кејот на реката Вардар.

Како што известуваат оттаму, екипите на ЈП Улици и патишта со започнувањето на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар ги завршија активностите за отстранување на нефункционалните и стари патеки на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што ги отстранија оштетени плочи од патеките.

На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.

Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја.
Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон Систина. Деновиве санирани се и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше оштетени бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот. Санирани се, исто така, и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар, велат од УП.

Паралелно со екипите на ЈП Улици и патишта, интензивно работат и екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена, во координација со Град Скопје,
Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.

The post Се санира кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>

ЈП Улици и патишта со другите јавни претпријатија го уредуваат и санираат кејот на реката Вардар. Како што известуваат оттаму, екипите на ЈП Улици и патишта со започнувањето на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар ги завршија активностите за отстранување на нефункционалните и стари патеки на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што ги отстранија оштетени плочи од патеките. На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.
Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја. Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон Систина. Деновиве санирани се и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше оштетени бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот. Санирани се, исто така, и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар, велат од УП.
Паралелно со екипите на ЈП Улици и патишта, интензивно работат и екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена, во координација со Град Скопје, Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.

The post Се санира кејот на Вардар appeared first on Република.

]]>
Велосипедист покоси жена на кеј, па побегна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/velosipedist-pokosi-zena-na-kej-pa-pobegna/ Mon, 18 Jul 2022 11:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=530612

Вчеравечер во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кеј на реката Вардар, велосипед удрил во пешакот М.Ќ.(47) од Тетово, по што го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Велосипедист покоси жена на кеј, па побегна appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на кеј на реката Вардар, велосипед удрил во пешакот М.Ќ.(47) од Тетово, по што го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Велосипедист покоси жена на кеј, па побегна appeared first on Република.

]]>
Се чисти кејот на реката Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-chisti-kejot-na-rekata-vardar/ Wed, 11 May 2022 07:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=500878

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар.

Деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат на двете страни од кејот и истите се во вкупна должина од околу 3.500 метри.

На овој потег екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае.

 

The post Се чисти кејот на реката Вардар appeared first on Република.

]]>

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар. Деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат на двете страни од кејот и истите се во вкупна должина од околу 3.500 метри. На овој потег екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае.  

The post Се чисти кејот на реката Вардар appeared first on Република.

]]>
Арсовска: Се регулира статусот на закупците на дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-regulira-statusot-na-zakupcite-na-drvenite-kukjarki-na-kejot-koi-od-2018-godina-se-bez-dogovor/ Fri, 15 Apr 2022 08:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=488753

Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакна градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, со кои разговараше за затекнатата правна состојба и за условите во кои тие работат.

Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење.

Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година.

Градот Скопје информира дека постојната состојба ги оштетува лицата кои ги користат куќичките бидејќи немаат решен статус, како и Градот при што се дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор.

Сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење на истите.

 

The post Арсовска: Се регулира статусот на закупците на дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор appeared first on Република.

]]>

Новата постапка за издавање на дрвените куќарки на кејот „13 Ноември“ Градот Скопје ќе ја води со крајна цел заштита на закупците кои продаваат книги на кејот, истакна градоначалничката Данела Арсовска на средбата со претставници на корисниците на овие куќарки, со кои разговараше за затекнатата правна состојба и за условите во кои тие работат. Корисниците на куќарки на кејот „13 Ноември“ се оставени без активни договори со Град Скопје од 01.02.2018 година, односно веќе четири години немаат регулиран статус и правен основ за користење. Овие лица за првпат се пријавиле на јавен оглас во 2011 година со договор од времетраење од една година, што се продолжувал со анекс секоја наредна година, со што договорите им се прекинати од 31.01.2018 година. Градот Скопје информира дека постојната состојба ги оштетува лицата кои ги користат куќичките бидејќи немаат решен статус, како и Градот при што се дозволило 4 години истите да немаат регулирани односи со договор. Сите постапки кои Градот Скопје ги спроведува мора да бидат според законот и во целосно транспарентна постапка за да се создаваат позитивни политики за доброто на граѓаните, но и во насока на заштита на корисниците на куќарките, кои ќе можат правно да го регулираат својот статус и правото на користење на истите.  

The post Арсовска: Се регулира статусот на закупците на дрвените куќарки на кејот кои од 2018 година се без договор appeared first on Република.

]]>