казнување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaznuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 10:16:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png казнување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaznuvanje/ 32 32 Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-drzhavi-najavija-zabrana-za-fizichko-kaznuvane-detsa/ Thu, 07 Nov 2024 10:16:25 +0000 https://republika.mk/?p=835076

Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца. Активистите тоа го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува Гардијан.

Владите на овие земји ветија дека целосно ќе го укинат физичкото казнување, додека Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата.

Овие обврски доаѓаат како дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, пред првиот светски самит на Обединетите нации на оваа тема, што ќе се одржи на 7 и 8 ноември во Богота.

Ова е навистина неверојатно. Овие земји заедно опфаќаат околу 150 милиони деца и ова е фундаментална промена за нив. Тоа испраќа силна порака до светот дека повеќе не прифаќаме насилство врз децата, изјави експертот Бес Херберт од организацијата „Престанете со физичкото казнување“ при Светската здравствена организација.

Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување, додека во Англија и Северна Ирска сè уште е дозволено.

Се поголем број истражувања покажуваат дека физичкото казнување на децата има негативно влијание врз нивното здравје и однесување, вклучувајќи лошо ментално здравје, когнитивен развој и образовни резултати, како и зголемена агресија. Критичарите тврдат дека физичкото казнување има лош ефект врз семејните односи и наместо да ги учи децата како да се однесуваат, ги учи дека насилството е прифатлив начин за решавање на конфликтите.

The post Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца appeared first on Република.

]]>

Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца. Активистите тоа го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува Гардијан. Владите на овие земји ветија дека целосно ќе го укинат физичкото казнување, додека Гамбија и Нигерија ветија дека ќе го забранат во училиштата. Овие обврски доаѓаат како дел од глобалните напори за борба против насилството врз децата, пред првиот светски самит на Обединетите нации на оваа тема, што ќе се одржи на 7 и 8 ноември во Богота. Ова е навистина неверојатно. Овие земји заедно опфаќаат околу 150 милиони деца и ова е фундаментална промена за нив. Тоа испраќа силна порака до светот дека повеќе не прифаќаме насилство врз децата, изјави експертот Бес Херберт од организацијата „Престанете со физичкото казнување“ при Светската здравствена организација. Во моментов, 67 земји од 193 целосно го забрануваат физичкото казнување. Првата земја што го стори тоа беше Шведска во 1979 година. Во Велика Британија, Шкотска и Велс го забранија физичкото казнување, додека во Англија и Северна Ирска сè уште е дозволено. Се поголем број истражувања покажуваат дека физичкото казнување на децата има негативно влијание врз нивното здравје и однесување, вклучувајќи лошо ментално здравје, когнитивен развој и образовни резултати, како и зголемена агресија. Критичарите тврдат дека физичкото казнување има лош ефект врз семејните односи и наместо да ги учи децата како да се однесуваат, ги учи дека насилството е прифатлив начин за решавање на конфликтите.

The post Осум држави најавија забрана за физичко казнување деца appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-neshto-mora-sushtinski-da-se-menuva-vo-nachinot-na-koj-se-kaznuvaat-onie-shto-go-prekrshile-zakonot-na-prvo-mesto-parite-a-na-vtoro-zatvorska-kazna/ Sat, 10 Aug 2024 11:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=805182

Не сум експерт за право, но логиката на здравиот разум ми вели дека нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, напиша на својот фејсбук профил Зоран Јовановски.

Мислам дека на прво место треба да бидат парите, а на второ место затворските казни. Прво да ги врати парите тој што ги украл или да ја надомести направената штета, а башка ќе оди и во затвор.

Македонија цел месец се бори со пожари и скоро секој ден дознаваме за некој фатен пироман. На сите такви треба прво да им се испостави сметка и да платат за трошокот за ангажирање хеликоптери, пожарникари и тоа да биде од имотот што го имаат (пари, станови, куќи, коли, или од тоа што ќе го заработат во иднина). После доаѓа затворската казна за “предизвикување општа опасност”. Така секој ќе си размисли дали да подметнува пожари.

Поенатата е криминалот да се направи финансиски неисплатлив!!! Мислам дека тоа е убедливо најголемата казна за криминалците во Македонија. И ги има многу што би одлежале години затвор, ама да им останат парите или ненадоместена штетата што ја направиле.

The post Јовановски: Нешто мора суштински да се менува во начинот на кој се казнуваат оние што го прекршиле законот, на прво место парите, а на второ затворска казна appeared first on Република.