казнет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaznet/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 09:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png казнет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaznet/ 32 32 „И-Беј“ казнет со три милиони долари за испраќање пајаци и бубашваби https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/i-bej-kaznet-so-tri-milioni-dolari-za-isprakane-pajatsi-i-bubashvabi/ Fri, 12 Jan 2024 09:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=732281

Компанијата за интернет-трговија, „И-Беј“ (eBay Inc.) ќе треба да плати казна од три милиони долари по обвиненијата за вознемирување од вработени кои испраќале живи пајаци, бубашваби и друга намерно вознемирувачка содржина во домот на брачен пар од Масачусетс (САД), според судските документи објавени вчера.

Одделот за правда го обвини „И-Беј“ и за следење, манипулација на сведоци и попречување на правдата повеќе од три години откако вработените беа кривично гонети во случајот со заплашување кон Дејвид и Ина Штајнер. Седиштето на „И-Беј“ во Калифорнија ја прифати одговорноста за постапките на вработените и склучи договор за одложено гонење што би можело да резултира со отфрлање на обвиненијата против компанијата доколку се во согласност со одредени услови, според Канцеларијата на американското правобранителство во Масачусетс.

Оштетените, всушност, минатото десетлетие издавале свое информативно списание, во облик на блог, каде што ја критикувале компанијата. Дел од вработените во „И-Беј“ потоа се решиле да посегнат по мерката закани кон двојката. Овие пак, потоа го тужеа „И-Беј“ пред Федералниот суд, опишувајќи го тоа однесување како кибернетското следење проследено со вознемирувачки испораки на анонимно испратени пакети, коешто им го нарушило мирот во животот.

Така, „И-Беј“ се вклучил во „апсолутно ужасно, криминално однесување“, како што рече обвинителот Џош Леви. Според извршниот директор на компанијата, Џејми Јаноне, „погрешно и за осуда“ е однесувањето на вработените во „И-Беј“ во 2019 година.

Кривичната казна од три милиони долари беше максималната можна казна според обвиненијата. Одложениот договор за гонење бара независен надзор кон компанијата три години за да обезбеди нејзино усогласување со условите и Федералниот закон.

 

The post „И-Беј“ казнет со три милиони долари за испраќање пајаци и бубашваби appeared first on Република.

]]>

Компанијата за интернет-трговија, „И-Беј“ (eBay Inc.) ќе треба да плати казна од три милиони долари по обвиненијата за вознемирување од вработени кои испраќале живи пајаци, бубашваби и друга намерно вознемирувачка содржина во домот на брачен пар од Масачусетс (САД), според судските документи објавени вчера. Одделот за правда го обвини „И-Беј“ и за следење, манипулација на сведоци и попречување на правдата повеќе од три години откако вработените беа кривично гонети во случајот со заплашување кон Дејвид и Ина Штајнер. Седиштето на „И-Беј“ во Калифорнија ја прифати одговорноста за постапките на вработените и склучи договор за одложено гонење што би можело да резултира со отфрлање на обвиненијата против компанијата доколку се во согласност со одредени услови, според Канцеларијата на американското правобранителство во Масачусетс. Оштетените, всушност, минатото десетлетие издавале свое информативно списание, во облик на блог, каде што ја критикувале компанијата. Дел од вработените во „И-Беј“ потоа се решиле да посегнат по мерката закани кон двојката. Овие пак, потоа го тужеа „И-Беј“ пред Федералниот суд, опишувајќи го тоа однесување како кибернетското следење проследено со вознемирувачки испораки на анонимно испратени пакети, коешто им го нарушило мирот во животот. Така, „И-Беј“ се вклучил во „апсолутно ужасно, криминално однесување“, како што рече обвинителот Џош Леви. Според извршниот директор на компанијата, Џејми Јаноне, „погрешно и за осуда“ е однесувањето на вработените во „И-Беј“ во 2019 година. Кривичната казна од три милиони долари беше максималната можна казна според обвиненијата. Одложениот договор за гонење бара независен надзор кон компанијата три години за да обезбеди нејзино усогласување со условите и Федералниот закон.  

The post „И-Беј“ казнет со три милиони долари за испраќање пајаци и бубашваби appeared first on Република.

]]>
УЕФА го казни Мурињо со четири натпревари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/uefa-go-kazni-murino-so-chetiri-natprevari/ Thu, 22 Jun 2023 08:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=653929

УЕФА му изрече суспензија од четири натпревари во европските клупски натпреварувања на португалскиот тренер Жозе Мурињо поради навреди на адреса на англискиот судија Ентони Тејлор.

Суспензијата е изречена откако УЕФА ја заврши интерната истрага поврзана со контроверзното финале во Лига Европа во кое Севиља на пенали ја совлада Рома, предводена од 60-годишниот Мурињо.

Португалскиот стратег за време на финалето нервозно го коментираше судењето, а сè кулминираше на прес – конференцијата по натпреварот и потоа на паркингот пред стадионот Пушкаш во Будимпешта кога Мурињо со вулгарни зборови го обвини Тејлор дека е главниот виновник за поразот на неговата екипа.

УЕФА, воедно, ја казни и Рома со 50.000 евра поради користење пиротехнички средства од нејзините навивачи, како и со дополнителни 5.000 евра поради непримерно однесување на фудбалерите на италијанскиот клуб.

 

The post УЕФА го казни Мурињо со четири натпревари appeared first on Република.

]]>

УЕФА му изрече суспензија од четири натпревари во европските клупски натпреварувања на португалскиот тренер Жозе Мурињо поради навреди на адреса на англискиот судија Ентони Тејлор. Суспензијата е изречена откако УЕФА ја заврши интерната истрага поврзана со контроверзното финале во Лига Европа во кое Севиља на пенали ја совлада Рома, предводена од 60-годишниот Мурињо. Португалскиот стратег за време на финалето нервозно го коментираше судењето, а сè кулминираше на прес – конференцијата по натпреварот и потоа на паркингот пред стадионот Пушкаш во Будимпешта кога Мурињо со вулгарни зборови го обвини Тејлор дека е главниот виновник за поразот на неговата екипа. УЕФА, воедно, ја казни и Рома со 50.000 евра поради користење пиротехнички средства од нејзините навивачи, како и со дополнителни 5.000 евра поради непримерно однесување на фудбалерите на италијанскиот клуб.  

The post УЕФА го казни Мурињо со четири натпревари appeared first on Република.

]]>
Вил Смит дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години поради тоа што му удри шамар на Крис Рок https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vil-smit-diskvalifikuvan-od-oskarite-vo-slednite-10-godini-poradi-toa-shto-mu-udri-shamar-na-kris-rok/ Fri, 08 Apr 2022 20:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=485590

Вил Смит е дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години, поради шамарот што му го удри Крис Рок на церемонијата на 27 март.

53-годишниот актер, кој доби Оскар за најдобар актер за „Кралот Ричард“, е казнет од Академијата за филмски уметности и науки со 10-годишна забрана. Веднаш по инцидентот, Смит поднесе оставка од Академијата.

Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата, рече Вил Смит.

Академијата, исто така, се извини што не се справи веднаш со ситуацијата и му дозволи на Смит да остане во салата и да ја прими наградата за најдобар актер.

The post Вил Смит дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години поради тоа што му удри шамар на Крис Рок appeared first on Република.

]]>

Вил Смит е дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години, поради шамарот што му го удри Крис Рок на церемонијата на 27 март. 53-годишниот актер, кој доби Оскар за најдобар актер за „Кралот Ричард“, е казнет од Академијата за филмски уметности и науки со 10-годишна забрана. Веднаш по инцидентот, Смит поднесе оставка од Академијата.
Ја прифаќам и почитувам одлуката на Академијата, рече Вил Смит.
Академијата, исто така, се извини што не се справи веднаш со ситуацијата и му дозволи на Смит да остане во салата и да ја прими наградата за најдобар актер.

The post Вил Смит дисквалификуван од Оскарите во следните 10 години поради тоа што му удри шамар на Крис Рок appeared first on Република.

]]>