казино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kazino/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 17:17:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png казино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kazino/ 32 32 Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/skopje-dobi-novo-mesto-koe-gi-pomestuva-granitsite-na-vozbudlivata-zabava-se-otvori-gold-slot-club/ Wed, 06 Nov 2024 17:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=834895

Скопје ја доживеа најмагичната ноќ за оваа година – фасцинантното отворање на казиното „Gold Slot Club“, кое беше крунисано со извонреден перформанс на првото македонско кабаре шоу „Gold Felicia“.

Нашиот успех се должи на постојаното модернизирање во тек на светските трендови во нашето работење. Исклучително ни е важно да им понудиме незаборавна забава на нашите клиенти и токму затоа овациите на присутните на овој настан, што се одржа по повод отворањето на новото казино „Gold Slot Club “ во Скопје, беа потврда за нашите заложби. Неизмерно сме среќни што го постигнавме она кон кое целевме, нагласи Елена Трајчевска, маркетинг директор.

Присутните имаа можност да уживаат во брилијантната изведба на прекрасната Лаура и нејзиниот бенд и да освојат вредни награди.
Воодушевувачките изрази на лицата на присутните беа доказ за атрактивноста на новото место кое нуди посебно искуство и незаменливи моменти за сите посетители.

Сакаме луѓето да почувствуваат адреналин, да уживаат во раскошот што го создадовме само за нив и токму затоа сакавме ова отворање, што е предвесник на сите идни настани на ова место, да ја прикаже возбудата што ќе ја доживуваат посетителите, наведе Благој Наумовски, менаџер.

Новото казино се наоѓа на Качанички пат (Хасан Приштина 55) и отсега панатаму постојано ќе приредува изненадување за сите постетители.
Објектот е опремен со најмодерни апарати и ексклузивен ентериер што им овозможува на клиентите да се чувствуваат како да се наоѓаат во лулката на забавата – волшебниот Лас Вегас.
„Gold Slot Club “ е место што е создадено за оние кои имаат префинет вкус, знаат како да го уживаат животот и да создаваат незаборавни спомени.

https://www.youtube.com/watch?v=E2OoHkUiWd0

The post Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“ appeared first on Република.

]]>

Скопје ја доживеа најмагичната ноќ за оваа година – фасцинантното отворање на казиното „Gold Slot Club“, кое беше крунисано со извонреден перформанс на првото македонско кабаре шоу „Gold Felicia“.
Нашиот успех се должи на постојаното модернизирање во тек на светските трендови во нашето работење. Исклучително ни е важно да им понудиме незаборавна забава на нашите клиенти и токму затоа овациите на присутните на овој настан, што се одржа по повод отворањето на новото казино „Gold Slot Club “ во Скопје, беа потврда за нашите заложби. Неизмерно сме среќни што го постигнавме она кон кое целевме, нагласи Елена Трајчевска, маркетинг директор.
Присутните имаа можност да уживаат во брилијантната изведба на прекрасната Лаура и нејзиниот бенд и да освојат вредни награди. Воодушевувачките изрази на лицата на присутните беа доказ за атрактивноста на новото место кое нуди посебно искуство и незаменливи моменти за сите посетители.
Сакаме луѓето да почувствуваат адреналин, да уживаат во раскошот што го создадовме само за нив и токму затоа сакавме ова отворање, што е предвесник на сите идни настани на ова место, да ја прикаже возбудата што ќе ја доживуваат посетителите, наведе Благој Наумовски, менаџер.
Новото казино се наоѓа на Качанички пат (Хасан Приштина 55) и отсега панатаму постојано ќе приредува изненадување за сите постетители. Објектот е опремен со најмодерни апарати и ексклузивен ентериер што им овозможува на клиентите да се чувствуваат како да се наоѓаат во лулката на забавата – волшебниот Лас Вегас. „Gold Slot Club “ е место што е создадено за оние кои имаат префинет вкус, знаат како да го уживаат животот и да создаваат незаборавни спомени. https://www.youtube.com/watch?v=E2OoHkUiWd0

The post Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“ appeared first on Република.

]]>
Утрово уапсен арачиновец кој 20 минути претходно ограбил казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/utrovo-uapsen-arachinovets-koj-20-minuti-prethodno-ograbil-kazino/ Thu, 24 Oct 2024 07:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=830396

Утрово во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с.Арачиново, скопско.

Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата, информираат од МВР.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

Од полицијата додаваат дека лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Утрово уапсен арачиновец кој 20 минути претходно ограбил казино appeared first on Република.

]]>

Утрово во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с.Арачиново, скопско. Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата, информираат од МВР. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Од полицијата додаваат дека лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Утрово уапсен арачиновец кој 20 минути претходно ограбил казино appeared first on Република.

]]>
Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-veleshta-diveel-vo-kazino-vo-struga-napadnal-i-pripadnik-na-obezbeduvaneto/ Wed, 02 Oct 2024 17:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=821885

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.

The post Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето appeared first on Република.

]]>

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.09.2024 во казино на улица „Марк и Енгелс“ во Струга тој агресивно се однесувал кон вработените и гостите, а потоа пред казиното физички нападнал работник кој го обезбедувал објектот.

The post Жител на Велешта дивеел во казино во Струга, нападнал и припадник на обезбедувањето appeared first on Република.

]]>
Уапсен маж од Лопате, пробал да се коцка со фалсикувани евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-mazh-od-lopate-probal-da-se-kotska-so-falsikuvani-evra/ Thu, 15 Aug 2024 13:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=806926

Четириесет и тригодишен жител на селото Лопате, Кумановско, бил приведен поради сомневање дека во казино пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.50 часот во Куманово, го лишиле од слобода А.Н.(43).

Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР.

The post Уапсен маж од Лопате, пробал да се коцка со фалсикувани евра appeared first on Република.

]]>

Четириесет и тригодишен жител на селото Лопате, Кумановско, бил приведен поради сомневање дека во казино пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра. Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.50 часот во Куманово, го лишиле од слобода А.Н.(43).
Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР.

The post Уапсен маж од Лопате, пробал да се коцка со фалсикувани евра appeared first on Република.

]]>
Обид за убиство во Куманово, се искарале за ваучери од казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-ubistvo-vo-kumanovo-se-iskarale-za-vaucheri-od-kazino/ Fri, 09 Aug 2024 06:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=804775

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово вчера поднесе кривична пријава против ВЈ.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело обид за убиство.

На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 03 часот во дворот од неговиот дом во Куманово, по претходна расправија околу ваучери за играње во казино каде двајцата биле вработени и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово, соопшти МВР.

С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

The post Обид за убиство во Куманово, се искарале за ваучери од казино appeared first on Република.

]]>

СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово вчера поднесе кривична пријава против ВЈ.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело обид за убиство.
На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 03 часот во дворот од неговиот дом во Куманово, по претходна расправија околу ваучери за играње во казино каде двајцата биле вработени и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово, соопшти МВР.
С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.

The post Обид за убиство во Куманово, се искарале за ваучери од казино appeared first on Република.

]]>
Ограбено казино: Им се заканиле на вработените и им земале пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ograbeno-kazino-im-se-zakanile-na-vrabotenite-i-im-zemale-pari/ Sat, 01 Jun 2024 19:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=783989

Денеска (01.06.2024) во 00:07 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во казино на подрачјето на Центар две лица со закана кон вработениот одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ограбено казино: Им се заканиле на вработените и им земале пари appeared first on Република.

]]>

Денеска (01.06.2024) во 00:07 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во казино на подрачјето на Центар две лица со закана кон вработениот одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Ограбено казино: Им се заканиле на вработените и им земале пари appeared first on Република.

]]>
Родители од Штип ги заклучиле малолетните деца во автомобил и отишле да се коцкаат во казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/roditeli-od-shtip-gi-zakluchile-maloletnite-detsa-vo-avtomobil-i-otishle-da-se-kotskaat-vo-kazino/ Fri, 31 May 2024 16:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=783623

Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Штип кои ги оставиле своите малолетни деца заклучени во автомобил, на паркинг.

Според информациите од МВР, родителите се на возраст од 42 и 27 години.

Децата подолг период останале заклучени на паркингот, додека тие биле во казиното.

Кривичната пријава се однесува за делото запуштање и малтретирање на дете.

 

The post Родители од Штип ги заклучиле малолетните деца во автомобил и отишле да се коцкаат во казино appeared first on Република.

]]>

Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Штип кои ги оставиле своите малолетни деца заклучени во автомобил, на паркинг. Според информациите од МВР, родителите се на возраст од 42 и 27 години. Децата подолг период останале заклучени на паркингот, додека тие биле во казиното. Кривичната пријава се однесува за делото запуштање и малтретирање на дете.  

The post Родители од Штип ги заклучиле малолетните деца во автомобил и отишле да се коцкаат во казино appeared first on Република.

]]>
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот https://arhiva3.republika.mk/vesti/pretepan-vraboten-vo-kazino-od-tri-litsa-na-koi-im-bil-zabranet-vlezot/ Mon, 13 May 2024 16:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=777712

Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје, А.М.(41) од Скопје пријавил дека на вчера околу 23.50 часот, пред казино на подрачјето на Центар каде работел, бил физички нападнат од три лица, кои претходно имале забрана за влез во објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот appeared first on Република.

]]>

Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје, А.М.(41) од Скопје пријавил дека на вчера околу 23.50 часот, пред казино на подрачјето на Центар каде работел, бил физички нападнат од три лица, кои претходно имале забрана за влез во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот appeared first on Република.

]]>
Со автоматска пушка ги натерал сите да легнат долу – детали за грабежот во казиното во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-avtomatska-pushka-gi-nateral-site-da-legnat-dolu-detali-za-grabezhot-vo-kazinoto-vo-tetovo/ Fri, 26 Apr 2024 11:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=771361

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vooruzhen-grabezh-vo-kazino/

Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.

На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела  „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

The post Со автоматска пушка ги натерал сите да легнат долу – детали за грабежот во казиното во Тетово appeared first on Република.

]]>

Прифатен е предлогот на jавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово за определување мерка притвор во траење од 30 дена за 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vooruzhen-grabezh-vo-kazino/ Како што информира денеска Јавното обвинителство, jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено. Осомничениот на 24 април 2024 година маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари. На овој начин, како што се наведува, осомничениот сторил кривични дела  „Разбојништво“ и „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Мерката притвор е определена за осомничениот поради тоа што постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците и да го повтори делото.

The post Со автоматска пушка ги натерал сите да легнат долу – детали за грабежот во казиното во Тетово appeared first on Република.

]]>
Вооружен грабеж во казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vooruzhen-grabezh-vo-kazino/ Thu, 25 Apr 2024 08:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=770822

Вчера во 10.50 и во 12.25 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено, поради сомнение дека околу 04.00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје, од вработените одзеле пари.

Тие се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

 

The post Вооружен грабеж во казино appeared first on Република.

]]>

Вчера во 10.50 и во 12.25 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено, поради сомнение дека околу 04.00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје, од вработените одзеле пари. Тие се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.  

The post Вооружен грабеж во казино appeared first on Република.

]]>
Грк починал во битолско казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/grk-pochinal-vo-bitolsko-kazino/ Wed, 24 Apr 2024 09:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=769950

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.К.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот.

Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција. Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.

The post Грк починал во битолско казино appeared first on Република.

]]>

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.К.(62), државјанин на Грција, без знаци на живот. Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција. Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.

The post Грк починал во битолско казино appeared first on Република.

]]>
16 милиони евра: Парите наменети за изградба на стадион ги прокоцкал во казино https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/16-milioni-evra-parite-nameneti-za-izgradba-na-stadion-gi-prokotskal-vo-kazino/ Thu, 11 Apr 2024 11:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=764961

Шарунас Степуконис, управителот на компанијата „БалтКап“, која беше одговорна за изградбата на националниот стадион на фудбалската репрезентација на Литванија, наводно украл околу 16 милиони евра наменети за изградба на објектот и ги прокоцкал во казино.

Фудбалската репрезентација на Литванија се надеваше дека наскоро ќе добие национален стадион во Вилнус, но градежните работи престанаа есента минатата година бидејќи од фондот исчезна огромна сума на пари.

Се испостави дека Степуконис украл околу 16 милиони евра од 30-те милиони што неговата компанија ги добила за почеток на работите.

Кога работите ненадејно биле прекинати, било соопштено дека трошоците се зголемени за 40 отсто, се преговарало со градот Вилнус за новата градежна цена, а потоа се појавила неверојатна информација. Медиумите открија дека Шарунас проневерил огромна сума пари. Очигледно сето тоа го прокоцкал во казиното.

Компанијата „БалтКап“ сега го предаде проектот на компанијата Ханер, која треба да ги продолжи градежните работи. Новиот изведувач најавува дека стадионот ќе биде готов во 2026 година.

https://www.youtube.com/watch?v=oW-geBfvdlQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post 16 милиони евра: Парите наменети за изградба на стадион ги прокоцкал во казино appeared first on Република.

]]>

Шарунас Степуконис, управителот на компанијата „БалтКап“, која беше одговорна за изградбата на националниот стадион на фудбалската репрезентација на Литванија, наводно украл околу 16 милиони евра наменети за изградба на објектот и ги прокоцкал во казино. Фудбалската репрезентација на Литванија се надеваше дека наскоро ќе добие национален стадион во Вилнус, но градежните работи престанаа есента минатата година бидејќи од фондот исчезна огромна сума на пари. Се испостави дека Степуконис украл околу 16 милиони евра од 30-те милиони што неговата компанија ги добила за почеток на работите. Кога работите ненадејно биле прекинати, било соопштено дека трошоците се зголемени за 40 отсто, се преговарало со градот Вилнус за новата градежна цена, а потоа се појавила неверојатна информација. Медиумите открија дека Шарунас проневерил огромна сума пари. Очигледно сето тоа го прокоцкал во казиното. Компанијата „БалтКап“ сега го предаде проектот на компанијата Ханер, која треба да ги продолжи градежните работи. Новиот изведувач најавува дека стадионот ќе биде готов во 2026 година. https://www.youtube.com/watch?v=oW-geBfvdlQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post 16 милиони евра: Парите наменети за изградба на стадион ги прокоцкал во казино appeared first on Република.

]]>
Битолчанец со трактор сакал да влезе во казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanets-so-traktor-sakal-da-vleze-vo-kazino/ Tue, 19 Mar 2024 14:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=756379

Ноќеска во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(40) од Битола. Тој се сомничи дека на вчера околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Битолчанец со трактор сакал да влезе во казино appeared first on Република.

]]>

Ноќеска во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.К.(40) од Битола. Тој се сомничи дека на вчера околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Битолчанец со трактор сакал да влезе во казино appeared first on Република.

]]>
Битолчанец запали казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanets-zapali-kazino/ Sun, 03 Mar 2024 16:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=750790

Ноќва во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, Битолско.

Тој се сомничи дека вчера околу 22.30 часот со запаллива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски" во Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Битолчанец запали казино appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, Битолско. Тој се сомничи дека вчера околу 22.30 часот со запаллива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски" во Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Битолчанец запали казино appeared first on Република.

]]>
Пијаниот полицаец го нападнал обезбедувањето во казиното, но и колеги – детали за инцидентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pijaniot-politsaets-go-napadnal-obezbeduvaneto-vo-kazinoto-no-i-kolegi-detali-za-intsidentot/ Thu, 29 Feb 2024 11:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=749595

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, соопшти денеска МВР за инцидентот во кумановско казино, од кој видео објави и министерот Панче Тошковски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-objavi-video-od-pijaniot-politsaets-koj-se-istepa-vo-kazino/

На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, се вели во соопштението.

Од МВР додаваат дека при преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него.

И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дициплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.

 

The post Пијаниот полицаец го нападнал обезбедувањето во казиното, но и колеги – детали за инцидентот appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик и пријава за констатиран прекршок по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир против Н.Д., исто така, полициски службеник во Полициската станица за гранични проверки и граничен премин Деве Баир, соопшти денеска МВР за инцидентот во кумановско казино, од кој видео објави и министерот Панче Тошковски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-objavi-video-od-pijaniot-politsaets-koj-se-istepa-vo-kazino/
На 04.11.2023 во казино во Куманово, пријавениот Д.П. физички нападнал лице вработено како обезбедување во казиното и агресивно се однесувал кон полициски службеници од Полициската станица Куманово, кои извршувале службени дејствија. Н.Д., кој бил заедно со Д.П., го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон обезбедувањето. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против двајцата полициски службеници поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР. Додека за Д.П. изречена е мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, се вели во соопштението.
Од МВР додаваат дека при преземање мерки за расчистување на случајот било констатирано дека при интервенцијата, Д.К. и Ф.М., двајцата полициски службеници од Полициската станица Куманово, не ги преземале сите потребни службени дејствија против лице од обезбедувањето во казиното и не изготвиле поднесок против него. И против нив Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дициплинска одговорност по член 210 од Колективниот договор на МВР.  

The post Пијаниот полицаец го нападнал обезбедувањето во казиното, но и колеги – детали за инцидентот appeared first on Република.

]]>
Откако ги изгубил парите, ги запалил апаратот и казиното: Уапсено лицето кое го подметна пожарот во казиното во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/otkako-gi-izgubil-parite-gi-zapalil-aparatot-i-kazinoto-uapseno-litseto-koe-go-podmetna-pozharot-vo-kazinoto-vo-veles/ Fri, 19 Jan 2024 07:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=734559

Лице кое изгубило пари во казино, подметнало пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата. Пожарот се случил во просторија од станбениот комплекс кај црквата Св. Јован во новиот дел на градот.

Денеска 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

The post Откако ги изгубил парите, ги запалил апаратот и казиното: Уапсено лицето кое го подметна пожарот во казиното во Велес appeared first on Република.

]]>

Лице кое изгубило пари во казино, подметнало пожар во просторијата каде играл, по што морала да интервенира пожарната и полицијата. Пожарот се случил во просторија од станбениот комплекс кај црквата Св. Јован во новиот дел на градот. Денеска 18. јануари во 18. часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(42 год) од село Бузалково, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес. Пожарот бил локализиран од страна на Територијална противпожарна единица Велес - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

The post Откако ги изгубил парите, ги запалил апаратот и казиното: Уапсено лицето кое го подметна пожарот во казиното во Велес appeared first on Република.

]]>
Жена претепала 42-годишен маж во казино во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-pretepala-42-godishen-mazh-vo-kazino-vo-skopje/ Sat, 30 Dec 2023 17:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=728271

Денеска (30.12.2023) во 01.25 часот во СВР Скопје С.У.(42) од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на Центар, каде извршувал работни задачи како обезбедување, физички бил нападнат од Д.С.(34) од Скопје (женско лице).

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

The post Жена претепала 42-годишен маж во казино во Скопје appeared first on Република.

]]>

Денеска (30.12.2023) во 01.25 часот во СВР Скопје С.У.(42) од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на Центар, каде извршувал работни задачи како обезбедување, физички бил нападнат од Д.С.(34) од Скопје (женско лице). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

The post Жена претепала 42-годишен маж во казино во Скопје appeared first on Република.

]]>
Систем на абење на тркалото: Како Србин и Хрват измамиле казино во Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sistem-na-abene-na-trkaloto-kako-srbin-i-hrvat-izmamile-kazino-vo-london/ Wed, 06 Dec 2023 17:14:35 +0000 https://republika.mk/?p=720442

Во една есенска вечера вечер  двајца мажи и една жена влегле во казиното „Риц“ во Лондон, . Еден од мажите, Хрватот Нико Тоша, внимателно погледнал во масите и избрал една малку одвоена од другите, каде што му се придружиле сопатниците – српскиот бизнисмен Ненад Марјановиќ Унгарката Ливија Пилиси. Триото купило чипови и почнале да играат, пишува „Блумберг“

Балканска измама

Иако беа на посебна маса, нивниот начин на игра ги издвојуваше од останатите, пишува „Блумберг“. Кога крупието ја вртел топката,  тројцата чекале шест до седум секунди и потоа брзо ги ставаа своите облози. Некогаш губеле но и добивале и огромни суми пари. Но, она што било невообичаено кај нив беше смиреноста со која ги прифаќаа поразите и победите. Тие не реагираа.

Во еден момент, Марјановиќ фрлил 10.000 фунти во чипови и внимателно гледал додека топката се одбивала по нумерираните џебови.

Вознемирените шефови во Риц хотелот  го демонтирале секое тркало од рулет, повикаа полиција и адвокати, а британските таблоиди дознаа за невообичаено „среќното“ трио.

Тоша, Марјановиќ и Пилиси таа вечер се вратиле во хотелот како што ветиле Овој пат тие биле однесени во приватна соба каде ги чекаше одред на лондонската Метрополитен полиција. Полицаецот учтиво ги известил дека се уапсени поради сомнение за „измама“ и ги однел на разговор во блиската полициска станица. Во меѓувреме биле претресени нивните чевли и облека и ништо не било пронајдено.

Во станицата тие биле одделно испрашувани во присуство на преведувач и негирале користење на каков било тип на компјутер.

Еве за што се работи

Тие нашле дупка во системот – истрошеноста на тркалото на рулетот.На совршено тркало, топката секогаш паѓа по случаен избор. Но, со текот на времето, тркалата развиваат недостатоци, кои се претвораат во шаблонот. Тркало кое е дури и малку навалено може да развие она што се нарекува „зона на паѓање“. Кога теренот ја принудува топката нагоре на теренот, топката забавува и паѓа од надворешниот раб на истото место речиси во секое вртење.

Извор: Блумберг

The post Систем на абење на тркалото: Како Србин и Хрват измамиле казино во Лондон appeared first on Република.

]]>

Во една есенска вечера вечер  двајца мажи и една жена влегле во казиното „Риц“ во Лондон, . Еден од мажите, Хрватот Нико Тоша, внимателно погледнал во масите и избрал една малку одвоена од другите, каде што му се придружиле сопатниците – српскиот бизнисмен Ненад Марјановиќ Унгарката Ливија Пилиси. Триото купило чипови и почнале да играат, пишува „Блумберг“

Балканска измама

Иако беа на посебна маса, нивниот начин на игра ги издвојуваше од останатите, пишува „Блумберг“. Кога крупието ја вртел топката,  тројцата чекале шест до седум секунди и потоа брзо ги ставаа своите облози. Некогаш губеле но и добивале и огромни суми пари. Но, она што било невообичаено кај нив беше смиреноста со која ги прифаќаа поразите и победите. Тие не реагираа. Во еден момент, Марјановиќ фрлил 10.000 фунти во чипови и внимателно гледал додека топката се одбивала по нумерираните џебови. Вознемирените шефови во Риц хотелот  го демонтирале секое тркало од рулет, повикаа полиција и адвокати, а британските таблоиди дознаа за невообичаено „среќното“ трио. Тоша, Марјановиќ и Пилиси таа вечер се вратиле во хотелот како што ветиле Овој пат тие биле однесени во приватна соба каде ги чекаше одред на лондонската Метрополитен полиција. Полицаецот учтиво ги известил дека се уапсени поради сомнение за „измама“ и ги однел на разговор во блиската полициска станица. Во меѓувреме биле претресени нивните чевли и облека и ништо не било пронајдено. Во станицата тие биле одделно испрашувани во присуство на преведувач и негирале користење на каков било тип на компјутер.

Еве за што се работи

Тие нашле дупка во системот – истрошеноста на тркалото на рулетот.На совршено тркало, топката секогаш паѓа по случаен избор. Но, со текот на времето, тркалата развиваат недостатоци, кои се претвораат во шаблонот. Тркало кое е дури и малку навалено може да развие она што се нарекува „зона на паѓање“. Кога теренот ја принудува топката нагоре на теренот, топката забавува и паѓа од надворешниот раб на истото место речиси во секое вртење. Извор: Блумберг

The post Систем на абење на тркалото: Како Србин и Хрват измамиле казино во Лондон appeared first on Република.

]]>
На 46-годишна скопјанка ќе ѝ се суди за обид за убиство, откако забила ножици во срцето на бившиот партнер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-46-godishna-skopjanka-ke-se-sudi-za-obid-za-ubistvo-otkako-zabila-nozhitsi-vo-srtseto-na-bivshiot-partner/ Thu, 16 Nov 2023 14:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=702205

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишна скопјанка за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-megu-skopjanka-i-nejziniot-bivsh-partner-vo-kazino-vo-aerodrom/

Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, осомничената, на паркинг на улицата „Никола Карев“, при вршење семејно насилство, со умисла се обидела да го лиши од живот нејзиниот поранешен партнер.

По претходна вербална расправија во казино, додека оштетениот играл на апаратите, осомничената во видно алкохолизирана состојба, започнала да крши чаши и да удира по апаратите за играње, известуваат од ЈО.

Во соопштението пишува дека оштетениот заедно со неговиот пријател излегле од казиното, но по нив излегла и осомничената, која на паркингот го нападнала со метални ножици и со сечивниот дел од ножиците му нанела два убода и тоа во пределот на градниот кош – срцето и пределот на абдоменот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека има опасност осомничената да се крие односно да се даде во бегство, од Јавното обвинителство велат дека постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците, и дека би можела го повтори кривичното дело односно ќе го доврши обиденото кривично дело.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

The post На 46-годишна скопјанка ќе ѝ се суди за обид за убиство, откако забила ножици во срцето на бившиот партнер appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишна скопјанка за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-megu-skopjanka-i-nejziniot-bivsh-partner-vo-kazino-vo-aerodrom/ Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, осомничената, на паркинг на улицата „Никола Карев“, при вршење семејно насилство, со умисла се обидела да го лиши од живот нејзиниот поранешен партнер.
По претходна вербална расправија во казино, додека оштетениот играл на апаратите, осомничената во видно алкохолизирана состојба, започнала да крши чаши и да удира по апаратите за играње, известуваат од ЈО.
Во соопштението пишува дека оштетениот заедно со неговиот пријател излегле од казиното, но по нив излегла и осомничената, која на паркингот го нападнала со метални ножици и со сечивниот дел од ножиците му нанела два убода и тоа во пределот на градниот кош – срцето и пределот на абдоменот. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека има опасност осомничената да се крие односно да се даде во бегство, од Јавното обвинителство велат дека постои основан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците, и дека би можела го повтори кривичното дело односно ќе го доврши обиденото кривично дело. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

The post На 46-годишна скопјанка ќе ѝ се суди за обид за убиство, откако забила ножици во срцето на бившиот партнер appeared first on Република.

]]>
Тепачка меѓу скопјанка и нејзиниот бивш партнер во казино во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tepachka-megu-skopjanka-i-nejziniot-bivsh-partner-vo-kazino-vo-aerodrom/ Thu, 16 Nov 2023 07:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=702002

Во вторникот во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Т.М. од Скопје и нејзиниот поранешен 45-годишен партнер, при што таа употребила остар предмет и му нанела повреди.

Од МВР велат дека остриот предмет бил пронајден и одземен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Тепачка меѓу скопјанка и нејзиниот бивш партнер во казино во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Во вторникот во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачје на Аеродром, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Т.М. од Скопје и нејзиниот поранешен 45-годишен партнер, при што таа употребила остар предмет и му нанела повреди. Од МВР велат дека остриот предмет бил пронајден и одземен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Тепачка меѓу скопјанка и нејзиниот бивш партнер во казино во Аеродром appeared first on Република.

]]>