казина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kazina/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 09:58:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png казина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kazina/ 32 32 Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pandev-lazarov-i-idhe-poveke-nema-da-reklamiraat-kazina-ili-oblozhuvalnitsi/ Wed, 09 Oct 2024 09:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=824495

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка.

Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.

Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.

Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.

Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.

Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>

Врвните македонски спортисти кои досега рекламираа казина или обложувалници ставаат крај на ваквата соработка. Ова на денешната прес-конференција го откри министерот за спорт Борко Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.
Немаме ништо против било која компанија да финансира клуб или федерација. Но, не сакаме истакнатите спортисти како личности да се истакнуваат во реклами за казина, за кладилници и брзи кредити. Нашата замерка е во таа насока, вели Ристовски.
Министерот откри дека веќе имале разговори со сите спортитсти кои ги рекламираат овие компании.
Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев повеќе нема да рекламира спортска кладилница, Иџе повеќе нема да рекламира, на Кире Лазаров му заврши договорот со компанијата и нема да го продолжи. Мислам дека многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, нагласи Ристовски.
Министерот за спорт на денешната прес-конференција даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена и ги најави проектите на кои ќе работат во наредниот период.

The post Пандев, Лазаров и Иџе повеќе нема да рекламираат казина или обложувалници appeared first on Република.

]]>
Стружани протестираат против отворањето казина и обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/struzhani-protestiraat-protiv-otvoraneto-kazina-i-oblozhuvalnitsi/ Sat, 21 Sep 2024 17:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=818571

Жителите на Струга се противат на најавите за изградба на уште едно казино во градот, кое велат дека се наоѓа во станбен комплекс близу до училиште, пренесува „360 степени“.

Група граѓани во Струга протестираа против отворањето коцкарници и обложувалници во градот. Се противат како што велат, на најавите и обидот за изградба на уште едно казино во непосредна близина на училиште.

„Сме за да нема казина во Македонија како што е на пример во Грција. Да не се до вакви станбени места или до школи, барем да најдат начин тоа да се дислоцира“, вели жител на Струга.

„Ваквите локали треба да бидат надвор од урбаните места каде што живеат луѓе. На 200 метри одовде ја имаме градинката. Прво нешто што треба да направи државата е да го реши овој проблем со закон“, порача граѓанин присутен на протестот.

На протестот беа присутни и претставници на Муфтиството на ИВЗ во Струга, од каде побараа затворање на сите казина.

„Гледаме секој ден лошо и полошо. Не само тие што играат туку и тие што ја поддржуваат оваа болест, казино. Ние не бараме да е блиску или далеку од градинките, ние бараме да се тргнат сосема од нашето општество“, порача Ади Муртиши, муфтија од Струга.

Во Струга има педесестина казина и спортски обложувалници. Жителите велат дека поднеле барање за стопирање на работите до општината и ресорните министерства.

The post Стружани протестираат против отворањето казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>

Жителите на Струга се противат на најавите за изградба на уште едно казино во градот, кое велат дека се наоѓа во станбен комплекс близу до училиште, пренесува „360 степени“. Група граѓани во Струга протестираа против отворањето коцкарници и обложувалници во градот. Се противат како што велат, на најавите и обидот за изградба на уште едно казино во непосредна близина на училиште.
„Сме за да нема казина во Македонија како што е на пример во Грција. Да не се до вакви станбени места или до школи, барем да најдат начин тоа да се дислоцира“, вели жител на Струга.
„Ваквите локали треба да бидат надвор од урбаните места каде што живеат луѓе. На 200 метри одовде ја имаме градинката. Прво нешто што треба да направи државата е да го реши овој проблем со закон“, порача граѓанин присутен на протестот. На протестот беа присутни и претставници на Муфтиството на ИВЗ во Струга, од каде побараа затворање на сите казина.
„Гледаме секој ден лошо и полошо. Не само тие што играат туку и тие што ја поддржуваат оваа болест, казино. Ние не бараме да е блиску или далеку од градинките, ние бараме да се тргнат сосема од нашето општество“, порача Ади Муртиши, муфтија од Струга.
Во Струга има педесестина казина и спортски обложувалници. Жителите велат дека поднеле барање за стопирање на работите до општината и ресорните министерства.

The post Стружани протестираат против отворањето казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>
Вреди: Кадрите на Зиадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-kadrite-na-ziadin-sela-i-ali-ahmeti-fateni-vo-kriminal-so-kotskarnitsi/ Fri, 06 Sep 2024 12:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=813821

Кога лажните моралисти се обидуваат да продаваат чесност, им паѓаат маските! Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик директор на Македонски шуми.Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира нелегално интернет коцкање, обвинува Вреди.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/

Овој чин не само што претставува сериозно кршење на законот, туку јасно покажува дека семејствата за кои неговата партија тврди дека ги заштитува, всушност се жртви на криминални активности, поддржани од нивните лидери.

Еве зошто опозициските пратеници на Ахмети и Села не сакаа да го поддржат барањето за автентично толкување на законот за игри на среќа поднесен од ВЛЕН, чија цел е отстранување на коцката од домовите. Затоа што си ги штитат своите кадри кои се до гуша заглавени во криминални зделки поврзани со коцкање.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/

Граѓаните да бидат спокојни. Автентичното толкување е прв чекор од планот за справување со штетните последици од коцкањето на коалицијата ВЛЕН.

Следи справување со криминалот сторен преку одлуки на поранешната влада и поранешното раководство на државната лотарија. Во разумен рок ќе има и нов закон за игри на среќа со кој ќе се намали бројот на коцкарници најмалку за половина.

После ваков скандал, Европскиот фронт го губи правото да зборува било што на тема справување со коцкањето, бидејќи самите предизвикуваат тешки последици за граѓаните, особено за младите, со единствена цел – да си ги збогатат сметките со нелегално коцкање.

The post Вреди: Кадрите на Зиадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници appeared first on Република.

]]>

Кога лажните моралисти се обидуваат да продаваат чесност, им паѓаат маските! Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик директор на Македонски шуми.Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира нелегално интернет коцкање, обвинува Вреди. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/
Овој чин не само што претставува сериозно кршење на законот, туку јасно покажува дека семејствата за кои неговата партија тврди дека ги заштитува, всушност се жртви на криминални активности, поддржани од нивните лидери.
Еве зошто опозициските пратеници на Ахмети и Села не сакаа да го поддржат барањето за автентично толкување на законот за игри на среќа поднесен од ВЛЕН, чија цел е отстранување на коцката од домовите. Затоа што си ги штитат своите кадри кои се до гуша заглавени во криминални зделки поврзани со коцкање. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/ Граѓаните да бидат спокојни. Автентичното толкување е прв чекор од планот за справување со штетните последици од коцкањето на коалицијата ВЛЕН.
Следи справување со криминалот сторен преку одлуки на поранешната влада и поранешното раководство на државната лотарија. Во разумен рок ќе има и нов закон за игри на среќа со кој ќе се намали бројот на коцкарници најмалку за половина.
После ваков скандал, Европскиот фронт го губи правото да зборува било што на тема справување со коцкањето, бидејќи самите предизвикуваат тешки последици за граѓаните, особено за младите, со единствена цел – да си ги збогатат сметките со нелегално коцкање.

The post Вреди: Кадрите на Зиадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници appeared first on Република.

]]>
Изет Меџити: Во Чаршија некогаш носевме студенти, денес Артан Груби ни донесе Казина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izet-medhiti-vo-charshija-nekogash-nosevme-studenti-denes-artan-grubi-ni-donese-kazina/ Mon, 29 Apr 2024 15:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=772282

Носителот на Листата во првата зона на Коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, воедно и претседател на Демократско Движење, се сретна со граѓаните на Чаир, но и ја посети Старата чаршија, разговарајќи со разни трговци и гастрономи.

„Продолжуваме со нашите средби со граѓаните, денес сме во Старата чаршија, односно во близина на зградата која порано беше дел од Тетовски универзотет, додека денес Артан Груби ни ги донесе казината во најфреквентниот простор како што е Скопската чаршија, изјави Меџити.

Меџити ја обвини власта дека прави девијација на општеството со деструктивни инвестиции и казина кои го одземаат здивот на новата генерација.

Меџити ја презентираше и политичката програма велејќи дека програмата на ВЛЕН е прагматична, достапна и многу достојна за граѓаните и општеството на земјата.

The post Изет Меџити: Во Чаршија некогаш носевме студенти, денес Артан Груби ни донесе Казина appeared first on Република.

]]>

Носителот на Листата во првата зона на Коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, воедно и претседател на Демократско Движење, се сретна со граѓаните на Чаир, но и ја посети Старата чаршија, разговарајќи со разни трговци и гастрономи. „Продолжуваме со нашите средби со граѓаните, денес сме во Старата чаршија, односно во близина на зградата која порано беше дел од Тетовски универзотет, додека денес Артан Груби ни ги донесе казината во најфреквентниот простор како што е Скопската чаршија, изјави Меџити. Меџити ја обвини власта дека прави девијација на општеството со деструктивни инвестиции и казина кои го одземаат здивот на новата генерација. Меџити ја презентираше и политичката програма велејќи дека програмата на ВЛЕН е прагматична, достапна и многу достојна за граѓаните и општеството на земјата.  

The post Изет Меџити: Во Чаршија некогаш носевме студенти, денес Артан Груби ни донесе Казина appeared first on Република.

]]>
Децата со години немаат книги, а Артан Груби за четири години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/detsata-so-godini-nemaat-knigi-a-artan-grubi-za-chetiri-godini-vladeene-potroshi-25-milioni-evra-za-oprema-i-aparati-za-kazino/ Tue, 16 Jan 2024 12:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=733644

Сиромаштијата секојдневно се зголемува, криминалот и корупцијата цветаат, образованието се распаѓа, но бројот на казина се зголемува. Ова е дволичната политика на Артан Груби и ДУИ на Али Ахмети велат од Европски сојуз за промени.

Неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните. За каква дистанца зборува ДУИ, кога на точно 30 метри од местото каде што сме, зграда која со години беше универзитет, денеска е казино. ДУИ во јавноста се преправа дека е против казината, но со закон овозможи онлајн казината да влезат во секој дом и во секој телефон на секој граѓанин.
Од друга страна, додека децата во училиштата со години немаат книги, Владата на Али Ахмети и Артан Груби, сега со потпис на Прпарим Бајрами, само во јануари 2024 година, ќе се испорачаат 500 казино уреди и 500 нови столици за во казино, како и за рекламирање. Функционерите на Али Ахмети ја прават првата инвестиција годинава, од 5 милиони евра за казина, а нема сомнеж дека овие тендери се подготвувале за криминални бизнисмени од БЕЛГРАД. Сега ДУИ не функционира само од една институција како што е ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, туку со две институции, како што е НОВО ВЛТ (Нова Државна Лотарија) раководена од Омер Буњаку, Прпарим Бајрами и Артин Спахиу, трите жртви на Артан Груби. Од овие 2 институции прават пустош со корупција, скандали и уништување на Албанците. Замислете, Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино, додека во албанските населби не се отвораат градинки и училишта, не се промовираат книги, не се зборува за театар и култура, туку се зборува само за лотарии, казина и коцкање, велат од Европски сојуз за промени.

The post Децата со години немаат книги, а Артан Груби за четири години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино appeared first on Република.

]]>

Сиромаштијата секојдневно се зголемува, криминалот и корупцијата цветаат, образованието се распаѓа, но бројот на казина се зголемува. Ова е дволичната политика на Артан Груби и ДУИ на Али Ахмети велат од Европски сојуз за промени.
Неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните. За каква дистанца зборува ДУИ, кога на точно 30 метри од местото каде што сме, зграда која со години беше универзитет, денеска е казино. ДУИ во јавноста се преправа дека е против казината, но со закон овозможи онлајн казината да влезат во секој дом и во секој телефон на секој граѓанин. Од друга страна, додека децата во училиштата со години немаат книги, Владата на Али Ахмети и Артан Груби, сега со потпис на Прпарим Бајрами, само во јануари 2024 година, ќе се испорачаат 500 казино уреди и 500 нови столици за во казино, како и за рекламирање. Функционерите на Али Ахмети ја прават првата инвестиција годинава, од 5 милиони евра за казина, а нема сомнеж дека овие тендери се подготвувале за криминални бизнисмени од БЕЛГРАД. Сега ДУИ не функционира само од една институција како што е ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, туку со две институции, како што е НОВО ВЛТ (Нова Државна Лотарија) раководена од Омер Буњаку, Прпарим Бајрами и Артин Спахиу, трите жртви на Артан Груби. Од овие 2 институции прават пустош со корупција, скандали и уништување на Албанците. Замислете, Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино, додека во албанските населби не се отвораат градинки и училишта, не се промовираат книги, не се зборува за театар и култура, туку се зборува само за лотарии, казина и коцкање, велат од Европски сојуз за промени.

The post Децата со години немаат книги, а Артан Груби за четири години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино appeared first on Република.

]]>
Со потпис на Артан Груби се отвори можност бугарската мафија да отвора казина во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-potpis-na-artan-grubi-se-otvori-mozhnost-bugarskata-mafija-da-otvora-kazina-vo-makedonija/ Wed, 27 Sep 2023 07:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=685491

Власта на ДУИ и Ковачевски шверцерски со потпис на Артан Груби протнала одлука за основање на дури три нови онлајн коцкарници. Во услови кога народот тоне во сиромаштија тие наместо да работат на подобар стандард формираат коцкарници кои уште повеќе ќе ги осиромашуваат граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Да биде ова уште посомнително, власта воведува услови кои ги дисквалификуваат домашните фирми и отвораат можност да влезе капитал од бугарското подземје каков што е ликот Васил Бошков Черепот. Токму овој лик поврзан со бугарската мафија, кој живее во Дубаи, се занимава со бизнисот осо коцкарници и условите за бизнисот во Македонија кои ги определува Владата му отвораат можности на бугарското подземје да навлезе во државата.

Ова не само што е лицемерно од страна на власта која го осиромашува народот, туку е и крајно опасно за државата.

На ова предупреди и Изет Меџити.

„Овие казино компании, кои ќе бидат претежно државни, ќе овозможат онлајн коцкање на вашите телефони, таблети и домашни компјутери. Одлуката е одобрена од Владата, со потпис од Артан Груби, човекот кој во сенка стои зад секое казино низ државата. Коцкањето ќе влезе во нашите домови. Ако до сега требаше да одите во казино, по овие одлуки на Артан Груби и Владата, казиното ќе дојде во вашите домови само со неколку кликови онлајн. Ние од обединетата албанска опозиција силно се спротивставуваме на ова ширење на инфекција од казината, на секоја улица, сега дури и на интернет. Ќе се бориме со овој феномен. Зад овие бизниси и одлуки стои ДУИ, стои Артан Груби“, рече вчера Меџити.

https://republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-za-onlajn-kazina-e-odobrena-od-vladata-so-potpis-na-artan-grubi/

The post Со потпис на Артан Груби се отвори можност бугарската мафија да отвора казина во Македонија appeared first on Република.

]]>

Власта на ДУИ и Ковачевски шверцерски со потпис на Артан Груби протнала одлука за основање на дури три нови онлајн коцкарници. Во услови кога народот тоне во сиромаштија тие наместо да работат на подобар стандард формираат коцкарници кои уште повеќе ќе ги осиромашуваат граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Да биде ова уште посомнително, власта воведува услови кои ги дисквалификуваат домашните фирми и отвораат можност да влезе капитал од бугарското подземје каков што е ликот Васил Бошков Черепот. Токму овој лик поврзан со бугарската мафија, кој живее во Дубаи, се занимава со бизнисот осо коцкарници и условите за бизнисот во Македонија кои ги определува Владата му отвораат можности на бугарското подземје да навлезе во државата.
Ова не само што е лицемерно од страна на власта која го осиромашува народот, туку е и крајно опасно за државата. На ова предупреди и Изет Меџити.
„Овие казино компании, кои ќе бидат претежно државни, ќе овозможат онлајн коцкање на вашите телефони, таблети и домашни компјутери. Одлуката е одобрена од Владата, со потпис од Артан Груби, човекот кој во сенка стои зад секое казино низ државата. Коцкањето ќе влезе во нашите домови. Ако до сега требаше да одите во казино, по овие одлуки на Артан Груби и Владата, казиното ќе дојде во вашите домови само со неколку кликови онлајн. Ние од обединетата албанска опозиција силно се спротивставуваме на ова ширење на инфекција од казината, на секоја улица, сега дури и на интернет. Ќе се бориме со овој феномен. Зад овие бизниси и одлуки стои ДУИ, стои Артан Груби“, рече вчера Меџити.
  https://republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-za-onlajn-kazina-e-odobrena-od-vladata-so-potpis-na-artan-grubi/

The post Со потпис на Артан Груби се отвори можност бугарската мафија да отвора казина во Македонија appeared first on Република.

]]>
Полицијата влезе во казина и обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-vleze-vo-kazina-i-oblozhuvalnitsi/ Sun, 02 Apr 2023 10:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=626233

Ноќескаво периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава.

При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата, приведени се три лица. Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, се пронајдени 7 пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик.

За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови.

The post Полицијата влезе во казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>

Ноќескаво периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава. При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата, приведени се три лица. Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, се пронајдени 7 пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик. За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови.

The post Полицијата влезе во казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>
Казината и обложувалниците ќе мора да бидат минимум 500 метри оддалечени од училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kazinata-i-oblozhuvalnitsite-ke-mora-da-bidat-minimum-500-metri-oddalecheni-od-uchilishtata/ Tue, 07 Feb 2023 21:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=606226

Владата, на седница, го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии.

Со цел заштита на младата популација измените и дополнувањата се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Со постојниот закон не е утврдена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта, односно не го утврдува ваквиот критериум, се вели во соопштението од Владиниот кабинет.

Исто така, меѓу целите на предложените измени се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа. Се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

The post Казината и обложувалниците ќе мора да бидат минимум 500 метри оддалечени од училиштата appeared first on Република.

Ахмети влегува во казино бизнисот, открива неговиот внук https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-vleguva-vo-kazino-biznisot-otkriva-negoviot-vnuk/ Fri, 30 Dec 2022 08:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=591728

Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани преку Фејсбук најави дека ќе пишува и открива „вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината“.

Со наслов „Казината и молзењето на луѓето", Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели:

● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!
● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?
● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?
● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!
*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии....

Во разговор за МКД.мк Лимани, инаку внук на Ахмети, објаснува дека целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи" пари и каде е вносно да се има свој „удел". Лимани објаснува по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.

Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ, нагласува Лимани.

The post Ахмети влегува во казино бизнисот, открива неговиот внук appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани преку Фејсбук најави дека ќе пишува и открива „вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината“. Со наслов „Казината и молзењето на луѓето", Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели: ● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства! ● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!? ● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!? ● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?! *ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии.... Во разговор за МКД.мк Лимани, инаку внук на Ахмети, објаснува дека целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи" пари и каде е вносно да се има свој „удел". Лимани објаснува по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.
Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ, нагласува Лимани.

The post Ахмети влегува во казино бизнисот, открива неговиот внук appeared first on Република.

]]>
Ќе ги објавиме со име и презиме сите политичари вмешани во коцкарскиот бизнис, се заканија од Движење против коцкање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-gi-objavime-so-ime-i-prezime-site-politichari-vmeshani-vo-kockarskiot-biznis-se-zakanija-od-dvizenje-protiv-kockanje/ Sun, 04 Sep 2022 08:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=547264

Движење против коцкање најави дека ќе ги објави сите имиња на сопствениците и сите кои се вмешани во казината во земјава, со цел да се види кој стои зад игрите на среќа во Македонија и кој ги штити нив.

Ние се подготвуваме за сите босови, да ги наречам така, тргнувајќи од политиката до најмалиот човек кој е вмешан во игрите на среќа. Ќе ги објавиме со име и презиме. Исто така, во последна фаза сме од подготовките на протестот што планираме да го одржиме пред владата и собранието. Вистина е дека има и политичари кои се вмешани и луѓе од политиката во Владата, но сите овие имиња ќе ги објавиме, вели Јуши Емурлау од „Движење против коцкање“.

Во Македонија намерно не се гласа законот за игри на среќа, вели Јуши Емурлау кој додава дека таму се перат нечисти пари кои им одат во прилог на тие кои се вмешани во ова.

Ова одлагање до сега го правеше власта, тргнувајќи од владата па до министерството за финансии. Законот помина во комисијата за буџет и финансии но го одложија и го вратија во влада. Неколку месеци законот е во фиоките на Министерството за финансии и не смета дека е потребно законот да се испрати во собрание. Затоа апелираме овој закон итно да се испрати во Собранието на Македонија, како што е подготвен, 500 метри е воздушна линија до таму. Иако ние не го прифаќаме овој закон, сепак треба да се испрати во Собрание за да видиме кои се тие луѓе што се против новиот закон за затворање на казината во Македонија, вели Емурлау.

The post Ќе ги објавиме со име и презиме сите политичари вмешани во коцкарскиот бизнис, се заканија од Движење против коцкање appeared first on Република.

Алијанса за Албанците: Сопствениците на игрите на среќа имаат приходи над 1 милијарда евра годишно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-za-albancite-sopstvenicite-na-igrite-na-srekja-imaat-prihodi-nad-1-milijarda-evra-godishno/ Wed, 20 Apr 2022 17:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=491347

„Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во нивната реакција изразиле загриженост дека земјата нема хотели со пет ѕвезди. Првично оваа информација не е точна и од ова произлегува дека тие не знаат што е хотел со пет ѕвезди. И покрај тоа, ние проценуваме дека ако тие сакаат да работат, освен што тоа треба да го прават подалеку од населените места и институциите, тие придобките треба да ги претворат во инвестиции, стотиците милиони што ги земаат од граѓаните. Ова најдобро можат да го направат инвестирајќи во хотели со пет ѕвезди. Вака ќе го решат и “проблемот“ со 10 иљада вработени за коишто велат дека ќе останат без работа, вработувајќи ги истите во хотелите со пет ѕвезди.

Другиот аргумент беше дека државата има корист од 280 милиони евра годишно. Ако се пресмета дека тоа доаѓа од 18% ДДВ тогаш излегува дека сопствениците на игрите на среќа имаат приходи над 1 милијарда евра годишно. Тоа пак покажува колку чисти пари добиваат од граѓаните без никаков поврат во вид на инвестиции или други форми. Милијарда евра е повеќе од доволно за инвестирање во хотели со пет ѕвезди и добра можност што преку хотелиерството и туризмот, на попрофитабилен начин да заработат и тие и државата и граѓаните. И конечно, ако не сакаат да инвестираат и ако нема хотели со пет ѕвезди, нека се затворат обложувалниците и казината и нека им се остават 1 милијарда евра на граѓаните и нека се потрошат за покорисни цели“, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

The post Алијанса за Албанците: Сопствениците на игрите на среќа имаат приходи над 1 милијарда евра годишно appeared first on Република.

]]>

„Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во нивната реакција изразиле загриженост дека земјата нема хотели со пет ѕвезди. Првично оваа информација не е точна и од ова произлегува дека тие не знаат што е хотел со пет ѕвезди. И покрај тоа, ние проценуваме дека ако тие сакаат да работат, освен што тоа треба да го прават подалеку од населените места и институциите, тие придобките треба да ги претворат во инвестиции, стотиците милиони што ги земаат од граѓаните. Ова најдобро можат да го направат инвестирајќи во хотели со пет ѕвезди. Вака ќе го решат и “проблемот“ со 10 иљада вработени за коишто велат дека ќе останат без работа, вработувајќи ги истите во хотелите со пет ѕвезди. Другиот аргумент беше дека државата има корист од 280 милиони евра годишно. Ако се пресмета дека тоа доаѓа од 18% ДДВ тогаш излегува дека сопствениците на игрите на среќа имаат приходи над 1 милијарда евра годишно. Тоа пак покажува колку чисти пари добиваат од граѓаните без никаков поврат во вид на инвестиции или други форми. Милијарда евра е повеќе од доволно за инвестирање во хотели со пет ѕвезди и добра можност што преку хотелиерството и туризмот, на попрофитабилен начин да заработат и тие и државата и граѓаните. И конечно, ако не сакаат да инвестираат и ако нема хотели со пет ѕвезди, нека се затворат обложувалниците и казината и нека им се остават 1 милијарда евра на граѓаните и нека се потрошат за покорисни цели“, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

The post Алијанса за Албанците: Сопствениците на игрите на среќа имаат приходи над 1 милијарда евра годишно appeared first on Република.

]]>
Aлијанса бара обложувалници и казина да има само во хотели со пет звездички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-bara-oblozuvalnici-i-kazina-da-ima-samo-vo-hoteli-so-pet-zvezdichki/ Mon, 18 Apr 2022 12:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=490057

Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички, најави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села дека пратениците на неговата партија ќе бараат измени во Законот за игри на среќа. Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа.

Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување.

Села рече дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи.

„Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават“, нагласи лидерот на Алијанса за Албанците.

Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.

The post Aлијанса бара обложувалници и казина да има само во хотели со пет звездички appeared first on Република.

]]>

Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички, најави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села дека пратениците на неговата партија ќе бараат измени во Законот за игри на среќа. Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа. Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување. Села рече дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи. „Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават“, нагласи лидерот на Алијанса за Албанците. Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.

The post Aлијанса бара обложувалници и казина да има само во хотели со пет звездички appeared first on Република.

]]>
УЈП тргна против казината во Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ujp-trgna-protiv-kazinata-vo-gevgelija/ Mon, 18 Apr 2022 11:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=489988

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи вчера извршиле контрола во повеќе казина и автомат клубови на подрачјето на Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При извршената контрола од страна на УЈП, како што се посочува, во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет. Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

The post УЈП тргна против казината во Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи вчера извршиле контрола во повеќе казина и автомат клубови на подрачјето на Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи. При извршената контрола од страна на УЈП, како што се посочува, во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет. Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

The post УЈП тргна против казината во Гевгелија appeared first on Република.

]]>
Контроли во казина во Гевгелија, констатирани низа неправилности https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kontroli-vo-kazina-vo-gevgelija-konstatirani-niza-nepravilnosti/ Mon, 18 Apr 2022 10:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=489950

На 17.04.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи извршиле контрола во повеќе казина и автомат клубови на подрачјето на Гевгелија, соопшти МВР.

Од извршената контрола, од страна на УЈП во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет. Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

The post Контроли во казина во Гевгелија, констатирани низа неправилности appeared first on Република.

Казината подалеку од училиштата, бараат стружани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kazinata-podaleku-od-uchilishtata-baraat-struzani/ Sun, 30 Jan 2022 10:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=451501

Стружани сметаат дека игрите на среќа придонесуваат кон зголемување на криминалот и сиромаштијата, но и дека не се почитуваат законите и лица под 18 години посетуваат објекти каде што се приредуваат игри на среќа во Струга.

Ова го покажува истражувањето на професорот Ндерим Положани, кој во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи”, спровел анкета со 200 испитаници во рамки на мониторингот на измените на Законот за игри на среќа, со кои се предвидува објекти во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовни институции.

– Места каде што се приредуваат игри на среќа, спортски обложувалници и казина, се среќаваат насекаде низ Струга. Не се бира местото на нивно отворање дали е училиште, основно или средно, верски објект и слично. Илјадници евра секој ден излегуваат од џебот на граѓаните на Струга, а завршуваат во касата на игрите на среќа и обложувалниците. Игрите на среќа не ги штедат ниту социјалните категории и малолетниците, кои треба да се наша колективна грижа, заклучува Положани.

Според истражувањето, 95 проценти од испитаниците сметаат дека не се почитуваат законите и лица помлади од 18 години ги посетуваат објектите на игри на среќа во Струга, додека пет отсто се со спротивен став.

– Најголем дел од испитаниците или 96 проценти тврдат дека игрите на среќа придонесуваат до зголемување на криминалот и сиромаштијата, а 82 отсто се со став дека игрите на среќа требаат целосно да се затворат, додека 18 проценти сметаат дека овој бизнис треба да биде регулиран со нов закон, но не и целосно да се завтори. Поголем дел или 88 отсто би го поддржале предлог законот, со кој ќе се обврзат објектите на игрите на среќа да бидат оддалечени минимум 500 метри од училиште и верски објекти, а 83 веруваат дека сегашниот закон за игри на среќа не е во интерес на граѓаните, појасни Положани.

Игрите на среќа, нагласи тој, најлошо влијаат на младите и учениците, а со нивно приредување расте и криминалот поради лихварството.

– Поддршката за дислокација на казината и кладилниците е голема од населението, верските заедници, инситуции, стручни лица… Некои пак сметаат дека игри на среќа треба да се приредуваат во елитни хотели или пак на граничните премини, надвор од населени места и подалеку од младите, пред се децата, рече Положани.

Во рамките на проектот се одржа панел дискусија, во која учествуваа претставници од повеќе сектори, сите со заеднички став дека објектите во кои се приредуваат игри на среќа треба да се дислоцираат подалеку од образовните институции, но и подалеку од населените места.

Јакуб Ќазимоски во своето излагање истакна дека коцкањето е забрането во исламот не само по себе, туку затоа што носи многу лоши последици како за поединецот, така и за општеството.

– Оваа навика (коцкањето), ги прави луѓето непродуктивни, мрзливи и социјални паразити. Ги уништува способностите, времето и енергијата како на поединецот, така и на заедницата. Исламската заедница е изречно строго против отворање на било какви казина и игри на среќа, а кога веќе живееме во едно општество каде имаат право и другите кои не мислат на ваков начин, тогаш во најмала рака треба да бидат оддалечени, таму каде што апсолутно не може да дојдат во контакт малолетни лица, вели Ќазимоски.

Со аргументи дека објектите што приредуваат игри на среќа треба да се надвор од населените места излезе и Никола Кукунеш, кој живее во центарот на Струга, во чаршијата и вели дека ја загрозуваат безбедноста на жителите.

– Живеам до четири обложувалници и три казина. Се плашам да го пуштам детето во продавница, затоа што незнам, кој се ќе сретне во сокаците. Трипати во годината има вооружени грабежи во овие објекти. Јас заспивам со помислата дека можеби токму вечерва некој ќе ми прошета со пушка покрај куќата. Ниту сум заштитен ниту некој се грижи за безбедноста. Затоа таквите објекти не треба да бидат во централното градско подрачје. Не да броиме колку чекори од училиштето ќе бидат лоцирани, туку да броиме колку чекори од местото каде што некој ја става перницата да спие, вели Кукунеш.

Валбона Лачка, која била сведок на разговор меѓу ученици, кои штотуку изиграле тикет за спортска, заклучи дека тие имаат голем психолошки проблем.

– Во еден момент се свртев и им ги видов лицата. На нив се гледаше вознемиреност, чекање, недоверба еден кон друг и тоа едноставно ми изгледаше како голем психолошки проблем кај децата. Тие не беа концентрирани на тоа што требаше да имаат часови, туку чекаа да влезат во училиштето и разговараа, кој има точен тикет, а кој погрешен, односно кој тим ќе победи, раскажа Лачка.

Панелистите заклучија и дека лицата кои се навлечени на игри на среќа, односно коцкање негативните ефекти ги рефлектираат во семејството, но и дека треба да се спроведе едукација на учениците за штетните последици.

The post Казината подалеку од училиштата, бараат стружани appeared first on Република.

]]>

Стружани сметаат дека игрите на среќа придонесуваат кон зголемување на криминалот и сиромаштијата, но и дека не се почитуваат законите и лица под 18 години посетуваат објекти каде што се приредуваат игри на среќа во Струга. Ова го покажува истражувањето на професорот Ндерим Положани, кој во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи”, спровел анкета со 200 испитаници во рамки на мониторингот на измените на Законот за игри на среќа, со кои се предвидува објекти во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од образовни институции.
– Места каде што се приредуваат игри на среќа, спортски обложувалници и казина, се среќаваат насекаде низ Струга. Не се бира местото на нивно отворање дали е училиште, основно или средно, верски објект и слично. Илјадници евра секој ден излегуваат од џебот на граѓаните на Струга, а завршуваат во касата на игрите на среќа и обложувалниците. Игрите на среќа не ги штедат ниту социјалните категории и малолетниците, кои треба да се наша колективна грижа, заклучува Положани.
Според истражувањето, 95 проценти од испитаниците сметаат дека не се почитуваат законите и лица помлади од 18 години ги посетуваат објектите на игри на среќа во Струга, додека пет отсто се со спротивен став.
– Најголем дел од испитаниците или 96 проценти тврдат дека игрите на среќа придонесуваат до зголемување на криминалот и сиромаштијата, а 82 отсто се со став дека игрите на среќа требаат целосно да се затворат, додека 18 проценти сметаат дека овој бизнис треба да биде регулиран со нов закон, но не и целосно да се завтори. Поголем дел или 88 отсто би го поддржале предлог законот, со кој ќе се обврзат објектите на игрите на среќа да бидат оддалечени минимум 500 метри од училиште и верски објекти, а 83 веруваат дека сегашниот закон за игри на среќа не е во интерес на граѓаните, појасни Положани.
Игрите на среќа, нагласи тој, најлошо влијаат на младите и учениците, а со нивно приредување расте и криминалот поради лихварството.
– Поддршката за дислокација на казината и кладилниците е голема од населението, верските заедници, инситуции, стручни лица… Некои пак сметаат дека игри на среќа треба да се приредуваат во елитни хотели или пак на граничните премини, надвор од населени места и подалеку од младите, пред се децата, рече Положани.
Во рамките на проектот се одржа панел дискусија, во која учествуваа претставници од повеќе сектори, сите со заеднички став дека објектите во кои се приредуваат игри на среќа треба да се дислоцираат подалеку од образовните институции, но и подалеку од населените места. Јакуб Ќазимоски во своето излагање истакна дека коцкањето е забрането во исламот не само по себе, туку затоа што носи многу лоши последици како за поединецот, така и за општеството.