кавала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kavala/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Jul 2022 08:12:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кавала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kavala/ 32 32 Грција ќе достави демарш до Србија зашто не им било кажано што пренесува авионот што се урна кај Кавала https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-kje-dostavi-demarsh-do-srbija-zashto-ne-im-bilo-kazano-shto-prenesuva-avionot-shto-se-urna-kaj-kavala/ Mon, 18 Jul 2022 08:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=530536

По наредба на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, амбасадорот на Грција во Белград ќе достави демарш со образложение дека Грција требало да биде информирана за видот на товарот во авионот што се урна во близина на Кавала, брифираат грчки дипломатски извори за медиумите во Грција.

Украинскиот каргоавион „Антонов-12“, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, се урна во саботата еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала, а загинаа сите осум членови на екипажот, државјани на Украина.

Доцна синоќа заврши акцијата за извлекување на телата кои дополнително беа пренесени во болница, каде што ќе се врши обдукција.

Спасувачките екипи и понатаму се на терен во делот каде што се урна авионот и се во потрага на црните кутии.

Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА) преку соопштение детално информираше за комуникацијата на пилотот со контролорите на летање, а пет минути откако известил дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион се загубил од радарите.

https://republika.mk/vesti/balkan/urnatiot-avion-vo-kavala-bil-natovaren-so-oruzje-poletal-od-nish-i-preletal-nad-makedonija/

Авионот полетал од Ниш со осумчлен екипаж и 11,5 тони опасен материјал (dangerous goods), а според планот на летање доставен од надлежните српски органи, авионот ќе летал за Бангладеш (Дака) со попатни станици во Јордан, Саудиска Арабија и Индија.

Во грчкиот воздушен простор, влегол во 22:09 часот по локално време, а во 22:37 го известил Контролниот центар на регионот Атина- Македониа (КЕПАТМ) дека поради проблем (operation reasons) нема да продолжи до крајната дестинација и дека ќе се врати на аеродромот од каде што полетал.

Во 22:42 часот летајќи источно од Халкидики ги извести контролорите на летање на приодот кон Солун дека има проблем со моторот број четири наведувајќи: „may day пожар во мотор четири“. Службата за цивилно воздухопловство веднаш прогласи вонредна состојба со активирање на соодветните предвидени процедури. Во 22:45 часот, авионот имаше разговор со контролната кула во Кавала и информираше дека се упатува за принудно слетување. Веднаш беше дадена дозвола за слетување на аеродромот во Хрисуполи во Кавала. Во 22:47 часот авионот се изгуби од радарите на воздушниот сообраќај - соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција.

Веднаш бил известен Националниот координативен центар за потрага и спасување за вонредната состојба, а потоа за губењето на комуникацијата, по што започнал процесот на лоцирање, пребарување и спасување.

Паралелно биле мобилизирани и сите надлежни органи, противпожарната служба, полицијата, цивилната заштита, Министерство за одбрана и локалните власти. ср/

The post Грција ќе достави демарш до Србија зашто не им било кажано што пренесува авионот што се урна кај Кавала appeared first on Република.

]]>

По наредба на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, амбасадорот на Грција во Белград ќе достави демарш со образложение дека Грција требало да биде информирана за видот на товарот во авионот што се урна во близина на Кавала, брифираат грчки дипломатски извори за медиумите во Грција. Украинскиот каргоавион „Антонов-12“, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш, се урна во саботата еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала, а загинаа сите осум членови на екипажот, државјани на Украина. Доцна синоќа заврши акцијата за извлекување на телата кои дополнително беа пренесени во болница, каде што ќе се врши обдукција. Спасувачките екипи и понатаму се на терен во делот каде што се урна авионот и се во потрага на црните кутии. Службата за цивилно воздухопловство на Грција (ИПА) преку соопштение детално информираше за комуникацијата на пилотот со контролорите на летање, а пет минути откако известил дека има проблем со еден од четирите мотори и две минути по разговорот со контролната кула во Кавала и барањето за принудно слетување, украинскиот авион се загубил од радарите. https://republika.mk/vesti/balkan/urnatiot-avion-vo-kavala-bil-natovaren-so-oruzje-poletal-od-nish-i-preletal-nad-makedonija/ Авионот полетал од Ниш со осумчлен екипаж и 11,5 тони опасен материјал (dangerous goods), а според планот на летање доставен од надлежните српски органи, авионот ќе летал за Бангладеш (Дака) со попатни станици во Јордан, Саудиска Арабија и Индија. Во грчкиот воздушен простор, влегол во 22:09 часот по локално време, а во 22:37 го известил Контролниот центар на регионот Атина- Македониа (КЕПАТМ) дека поради проблем (operation reasons) нема да продолжи до крајната дестинација и дека ќе се врати на аеродромот од каде што полетал.
Во 22:42 часот летајќи источно од Халкидики ги извести контролорите на летање на приодот кон Солун дека има проблем со моторот број четири наведувајќи: „may day пожар во мотор четири“. Службата за цивилно воздухопловство веднаш прогласи вонредна состојба со активирање на соодветните предвидени процедури. Во 22:45 часот, авионот имаше разговор со контролната кула во Кавала и информираше дека се упатува за принудно слетување. Веднаш беше дадена дозвола за слетување на аеродромот во Хрисуполи во Кавала. Во 22:47 часот авионот се изгуби од радарите на воздушниот сообраќај - соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција.
Веднаш бил известен Националниот координативен центар за потрага и спасување за вонредната состојба, а потоа за губењето на комуникацијата, по што започнал процесот на лоцирање, пребарување и спасување. Паралелно биле мобилизирани и сите надлежни органи, противпожарната служба, полицијата, цивилната заштита, Министерство за одбрана и локалните власти. ср/

The post Грција ќе достави демарш до Србија зашто не им било кажано што пренесува авионот што се урна кај Кавала appeared first on Република.

]]>
Пронајдени две тела на загинатите во авионската несреќа во близина на Кавала https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdeni-dve-tela-na-zaginatite-vo-avionskata-nesrekja-vo-blizina-na-kavala/ Sun, 17 Jul 2022 16:52:34 +0000 https://republika.mk/?p=530402

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јоанис Артопиос попладнево соопшти дека по падот на авионот западно од грчкиот град Кавала, едно тело е извлечено, а уште едно е лоцирано, јави дописничката на МИА од Атина.

Осум украински државјани биле членови на екипажот на карго авионот Антонов-12 што синоќа еден час пред полноќ се урна, откако претходно се запали, во близина на Кавала, а пренесувал 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш.

Во Кавала пристигна специјален тим за нуклеарно- хемиско- биолошка одбрана од Министерството за одбрана на Грција за да ја истражи опасноста и како што рече Артопиос, „согласно мерењата направени на местото на несреќата, не се откриени опасни супстанци“.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција објасни дека сега започнува втората фаза од операцијата „со учество на квалификуван персонал на грчката армија и 30 пожарникари, за создавање безбедни коридори и транспорт на телата до простор за деконтаминација“.

– Едно тело е веќе извлечено, уште едно е лоцирано, а продолжува потрагата на сите сили на цивилната заштита за лоцирање и извлекување на останатите шест членови на екипажот, сите од Украина, рече Артопиос.

The post Пронајдени две тела на загинатите во авионската несреќа во близина на Кавала appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јоанис Артопиос попладнево соопшти дека по падот на авионот западно од грчкиот град Кавала, едно тело е извлечено, а уште едно е лоцирано, јави дописничката на МИА од Атина. Осум украински државјани биле членови на екипажот на карго авионот Антонов-12 што синоќа еден час пред полноќ се урна, откако претходно се запали, во близина на Кавала, а пренесувал 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш. Во Кавала пристигна специјален тим за нуклеарно- хемиско- биолошка одбрана од Министерството за одбрана на Грција за да ја истражи опасноста и како што рече Артопиос, „согласно мерењата направени на местото на несреќата, не се откриени опасни супстанци“. Портпаролот на противпожарната служба на Грција објасни дека сега започнува втората фаза од операцијата „со учество на квалификуван персонал на грчката армија и 30 пожарникари, за создавање безбедни коридори и транспорт на телата до простор за деконтаминација“. – Едно тело е веќе извлечено, уште едно е лоцирано, а продолжува потрагата на сите сили на цивилната заштита за лоцирање и извлекување на останатите шест членови на екипажот, сите од Украина, рече Артопиос.

The post Пронајдени две тела на загинатите во авионската несреќа во близина на Кавала appeared first on Република.

]]>
Киев: Сите членови на екипажот на авионот што се урна во Грција биле Украинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-site-chlenovi-na-ekipazot-na-avionot-shto-se-urna-vo-grcija-bile-ukrainci/ Sun, 17 Jul 2022 11:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=530294

Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се државјани на Украина, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Тој на својот Фејсбук профил соопшти дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите.

Тој додаде дека по инструкции на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е формиран оперативен штаб во Конзулатот на Украина во Солун.

Украинските конзули веќе пристигнаа на местото на несреќата и соработуваат со спасувачите и припадниците на грчката полиција со цел да се утврдат сите околности на инцидентот, изјави Николенко.

The post Киев: Сите членови на екипажот на авионот што се урна во Грција биле Украинци appeared first on Република.

]]>

Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се државјани на Украина, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко. Тој на својот Фејсбук профил соопшти дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите. Тој додаде дека по инструкции на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е формиран оперативен штаб во Конзулатот на Украина во Солун.
Украинските конзули веќе пристигнаа на местото на несреќата и соработуваат со спасувачите и припадниците на грчката полиција со цел да се утврдат сите околности на инцидентот, изјави Николенко.

The post Киев: Сите членови на екипажот на авионот што се урна во Грција биле Украинци appeared first on Република.

]]>
Со заглушувачка бука огнена топка паѓаше кон земјата: Потресни сведоштва на локалците за уривањето на авионот во Кавала https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-zaglushuvachka-buka-ognena-topka-pagjashe-kon-zemjata-potresni-svedoshtva-na-lokalcite-za-urivanjeto-na-avionot-vo-kavala/ Sun, 17 Jul 2022 09:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=530229

Слушнавме заглушувачки звук, огнена топка се приближува до земјата. Ја видовме експлозијата, но бидејќи во исто време имаше затемнување, не можевме да видиме ништо друго...

Со оваа фраза Софија, мајка на три малолетни деца, од Антифилипос во Кавала, ги опишува првите моменти по паѓањето на авионот „Антонов Ан-12“ во областа, пренесува „Катимерини“.

Работите можеа да бидат полоши. Бевме во паника... За нас вакво нешто е без преседан - вели та, излегувајќи од селската црква по неделната утринска богослужба.

https://republika.mk/vesti/balkan/avionot-celosno-ischeznal-vo-polinjata-kaj-kavala-neverojatni-snimki-od-dron-od-mestoto-na-nesrekjata/

Ненаспан цела ноќ, од агонијата што ја доживеал во моментот на падот на авионот на помалку од еден километар од неговиот дом, 80-годишниот Михалис Емануилидис седел на тремот кога, се случил падот.

Видов блиц, слушнав многу силна бучава и постепено бум-бум бум…

 

Да паднеше малку поблиску, ќе беше на нашата куќа. Од шокот не спиевме воопшто цела ноќ - нагласува тој, велејќи сè уште не може да поверува што се случило.

Стаматис Куртезис, кој одржува киоск во Антифилипои, бил еден од првите кои заедно со некои други жители од областа пристигнале на местото на несреќата, речиси истовремено со првата противпожарна единица. Како што вели, тие заминаа штом надлежните органи го побарале тоа од нив.

Ми гореше грлото... Од вревата помисливме дека е хеликоптер. Ги вртиме главите и гледаме светлина, тоа беше запаленото летало - вели Куртезис, кој првата експлозија ја опишува како „печурка од чад“.

https://republika.mk/vesti/balkan/pozarnikarite-pochuvstvuvale-pechenje-na-usnite-i-jazikot-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-kavala-e-zabelezana-nepoznata-bela-materija/

Во соседното село Палеохори, Христос Цолакидис јадел надвор со група пријатели кога слушнал силен звук.

Видовме пламен на небото, како губи висина и паѓа... - вели тој и раскажува дека два часа слушале непрекинати експлозии, додека недефиниран силен мирис ја покривал атмосферата.

Местото каде се урна авионот е претежно рурална област каде се одгледуваат пченка и семки од сончоглед. Жителите на Антифилипи главно се занимаваат со земјоделска работа и сточарство.

https://republika.mk/vesti/balkan/obajveni-videa-od-momentot-koga-pagja-avionot-vo-kavala/

The post Со заглушувачка бука огнена топка паѓаше кон земјата: Потресни сведоштва на локалците за уривањето на авионот во Кавала appeared first on Република.

]]>

Слушнавме заглушувачки звук, огнена топка се приближува до земјата. Ја видовме експлозијата, но бидејќи во исто време имаше затемнување, не можевме да видиме ништо друго...
Со оваа фраза Софија, мајка на три малолетни деца, од Антифилипос во Кавала, ги опишува првите моменти по паѓањето на авионот „Антонов Ан-12“ во областа, пренесува „Катимерини“.
Работите можеа да бидат полоши. Бевме во паника... За нас вакво нешто е без преседан - вели та, излегувајќи од селската црква по неделната утринска богослужба.
https://republika.mk/vesti/balkan/avionot-celosno-ischeznal-vo-polinjata-kaj-kavala-neverojatni-snimki-od-dron-od-mestoto-na-nesrekjata/ Ненаспан цела ноќ, од агонијата што ја доживеал во моментот на падот на авионот на помалку од еден километар од неговиот дом, 80-годишниот Михалис Емануилидис седел на тремот кога, се случил падот.
Видов блиц, слушнав многу силна бучава и постепено бум-бум бум…   Да паднеше малку поблиску, ќе беше на нашата куќа. Од шокот не спиевме воопшто цела ноќ - нагласува тој, велејќи сè уште не може да поверува што се случило.
Стаматис Куртезис, кој одржува киоск во Антифилипои, бил еден од првите кои заедно со некои други жители од областа пристигнале на местото на несреќата, речиси истовремено со првата противпожарна единица. Како што вели, тие заминаа штом надлежните органи го побарале тоа од нив.
Ми гореше грлото... Од вревата помисливме дека е хеликоптер. Ги вртиме главите и гледаме светлина, тоа беше запаленото летало - вели Куртезис, кој првата експлозија ја опишува како „печурка од чад“.
https://republika.mk/vesti/balkan/pozarnikarite-pochuvstvuvale-pechenje-na-usnite-i-jazikot-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-kavala-e-zabelezana-nepoznata-bela-materija/ Во соседното село Палеохори, Христос Цолакидис јадел надвор со група пријатели кога слушнал силен звук.
Видовме пламен на небото, како губи висина и паѓа... - вели тој и раскажува дека два часа слушале непрекинати експлозии, додека недефиниран силен мирис ја покривал атмосферата.
Местото каде се урна авионот е претежно рурална област каде се одгледуваат пченка и семки од сончоглед. Жителите на Антифилипи главно се занимаваат со земјоделска работа и сточарство. https://republika.mk/vesti/balkan/obajveni-videa-od-momentot-koga-pagja-avionot-vo-kavala/

The post Со заглушувачка бука огнена топка паѓаше кон земјата: Потресни сведоштва на локалците за уривањето на авионот во Кавала appeared first on Република.

]]>
Обајвени видеа од моментот кога паѓа авионот во Кавала https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obajveni-videa-od-momentot-koga-pagja-avionot-vo-kavala/ Sun, 17 Jul 2022 09:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=530232

Уривањето на авионот Антонов во близина на Кавала во Грција, силно ги вознемири граѓаните на областа, односно поширокото рурално подрачје на Палеохори.

Очевидци пријавиле во Атинската агенција дека првично виделе запален предмет, кој при падот предизвикал голем пожар и повеќе експлозии, а на социјалните мрежи се објавени бројни видеа од трагичните случувања.

Боже, падна - се слуша на едно од видеата.

https://twitter.com/PShermanWall/status/1548411130761994240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548411130761994240%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kathimerini.gr%2Fsociety%2F561961249%2Fptosi-antonof-stin-kavala-katoikoi-kategrapsan-tin-ptosi-toy-flegomenoy-aeroskafoys-video%2F

Падот на авионот предизвика и сериозен прекин на елктричниот систем во областа. Антифилипи, Хортокопи и Палеохори беа паднати во темнина, поради големиот прекин на електричната енергија, а светлата од патролните автомобили и возилата на противпожарната служба беа единствениот извор на осветлување.

https://twitter.com/akrokentrwos_2/status/1548410266567659521?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548410266567659521%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kathimerini.gr%2Fsociety%2F561961249%2Fptosi-antonof-stin-kavala-katoikoi-kategrapsan-tin-ptosi-toy-flegomenoy-aeroskafoys-video%2F

The post Обајвени видеа од моментот кога паѓа авионот во Кавала appeared first on Република.

]]>

Уривањето на авионот Антонов во близина на Кавала во Грција, силно ги вознемири граѓаните на областа, односно поширокото рурално подрачје на Палеохори. Очевидци пријавиле во Атинската агенција дека првично виделе запален предмет, кој при падот предизвикал голем пожар и повеќе експлозии, а на социјалните мрежи се објавени бројни видеа од трагичните случувања.
Боже, падна - се слуша на едно од видеата.
https://twitter.com/PShermanWall/status/1548411130761994240?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548411130761994240%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kathimerini.gr%2Fsociety%2F561961249%2Fptosi-antonof-stin-kavala-katoikoi-kategrapsan-tin-ptosi-toy-flegomenoy-aeroskafoys-video%2F Падот на авионот предизвика и сериозен прекин на елктричниот систем во областа. Антифилипи, Хортокопи и Палеохори беа паднати во темнина, поради големиот прекин на електричната енергија, а светлата од патролните автомобили и возилата на противпожарната служба беа единствениот извор на осветлување. https://twitter.com/akrokentrwos_2/status/1548410266567659521?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1548410266567659521%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kathimerini.gr%2Fsociety%2F561961249%2Fptosi-antonof-stin-kavala-katoikoi-kategrapsan-tin-ptosi-toy-flegomenoy-aeroskafoys-video%2F

The post Обајвени видеа од моментот кога паѓа авионот во Кавала appeared first on Република.

]]>
Српскиот министер за одбрана: Урнатиот авион не транспортираше оружје за Украина, превезуваше муниција на српска компанија во Бангладеш https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-minister-za-odbrana-urnatiot-avion-ne-transportirashe-oruzje-za-ukraina-prevezuvashe-municija-na-srpska-kompanija-vo-bangladesh/ Sun, 17 Jul 2022 08:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=530196

Српскиот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ, соопшти дека авионот „Антонов 12“ што се урна во близина на Кавала, cеверна Грција, превезувал 11,5 тони муниција од српската наменска индустрија кон Бангладеш, а во несреќата загинале осум членови на екипажот.

Стефановиќ на прес-конференцијата информира дека авионот на украинската компанија „Меридијан ЛТД“ полетал од Ниш околу 20:40 часот и превезувал муниција на српската компанија „Валир“ за Министерството за одбрана на Бангладеш, при што биле планирани технички слетувања во Аман во Јордан, Ријад во и Ахмедабад, а требало да слета во Дака.

Овој авион ги имаше сите соодветни дозволи, се во согласност со меѓународните прописи - изјави Стефановиќ и додаде дека не се точни тврдењата на некои медиумите дека на тој лет се транспортирало оружје од Србија во Украина, оценувајќи ги како злонамерни и неточни.

The post Српскиот министер за одбрана: Урнатиот авион не транспортираше оружје за Украина, превезуваше муниција на српска компанија во Бангладеш appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ, соопшти дека авионот „Антонов 12“ што се урна во близина на Кавала, cеверна Грција, превезувал 11,5 тони муниција од српската наменска индустрија кон Бангладеш, а во несреќата загинале осум членови на екипажот. Стефановиќ на прес-конференцијата информира дека авионот на украинската компанија „Меридијан ЛТД“ полетал од Ниш околу 20:40 часот и превезувал муниција на српската компанија „Валир“ за Министерството за одбрана на Бангладеш, при што биле планирани технички слетувања во Аман во Јордан, Ријад во и Ахмедабад, а требало да слета во Дака.
Овој авион ги имаше сите соодветни дозволи, се во согласност со меѓународните прописи - изјави Стефановиќ и додаде дека не се точни тврдењата на некои медиумите дека на тој лет се транспортирало оружје од Србија во Украина, оценувајќи ги како злонамерни и неточни.

The post Српскиот министер за одбрана: Урнатиот авион не транспортираше оружје за Украина, превезуваше муниција на српска компанија во Бангладеш appeared first on Република.

]]>
Авионот целосно „исчезнал“ во полињата кај Кавала: Неверојатни снимки од дрон од местото на несреќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avionot-celosno-ischeznal-vo-polinjata-kaj-kavala-neverojatni-snimki-od-dron-od-mestoto-na-nesrekjata/ Sun, 17 Jul 2022 07:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=530182

Грчките противпожарни служби и луѓе од вооружените сили го истражуваат местото каде што во текот на ноќта се урна авион „Антонов“, во заедницата Антифилипи во општината Пангаиос, западно од Кавала.

На местото на настанот е подигнат дрон за да се испита целата област каде што се урнало леталото. Првите снимки се шокантни бидејќи покажуваат дека ништо не останало од авионот, а неговиот „труп“ е изгубен во полињата во областа.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=_Gb93qeTxRw&feature=emb_title

Според она што досега познато, транспортниот авион полетал од Србија за Јордан со комерцијален транспортен лет, имал осумчлен екипаж и превезувал „опасен товар“ - муниција од вкупно 12 тони.

Авионот се урнал откако пилотот побарал итно слетување во Кавала, но не успеал да стигне до аеродоромот.

https://republika.mk/vesti/balkan/pozarnikarite-pochuvstvuvale-pechenje-na-usnite-i-jazikot-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-kavala-e-zabelezana-nepoznata-bela-materija/

The post Авионот целосно „исчезнал“ во полињата кај Кавала: Неверојатни снимки од дрон од местото на несреќата appeared first on Република.

]]>

Грчките противпожарни служби и луѓе од вооружените сили го истражуваат местото каде што во текот на ноќта се урна авион „Антонов“, во заедницата Антифилипи во општината Пангаиос, западно од Кавала. На местото на настанот е подигнат дрон за да се испита целата област каде што се урнало леталото. Првите снимки се шокантни бидејќи покажуваат дека ништо не останало од авионот, а неговиот „труп“ е изгубен во полињата во областа. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=_Gb93qeTxRw&feature=emb_title Според она што досега познато, транспортниот авион полетал од Србија за Јордан со комерцијален транспортен лет, имал осумчлен екипаж и превезувал „опасен товар“ - муниција од вкупно 12 тони. Авионот се урнал откако пилотот побарал итно слетување во Кавала, но не успеал да стигне до аеродоромот. https://republika.mk/vesti/balkan/pozarnikarite-pochuvstvuvale-pechenje-na-usnite-i-jazikot-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-kavala-e-zabelezana-nepoznata-bela-materija/

The post Авионот целосно „исчезнал“ во полињата кај Кавала: Неверојатни снимки од дрон од местото на несреќата appeared first on Република.

]]>
Пожарникарите почувствувале „печење на усните и јазикот“: На местото на падот на авионот во Кавала е забележана „непозната бела материја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pozarnikarite-pochuvstvuvale-pechenje-na-usnite-i-jazikot-na-mestoto-na-padot-na-avionot-vo-kavala-e-zabelezana-nepoznata-bela-materija/ Sun, 17 Jul 2022 07:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=530171

Од рано утринава почнаа истрагите на властите во Палеохори, во областа на Кавала, каде што во текот на ноќта се урна транспортен авион Антонов.

Координаторот на операциите на Противпожарната бригада, генерал-мајор Мариос Апостолидис, за грчките медиму информира дека на местото на падот е откриена непозната бела материја. Областа е опколена и заштитена од пристап и се очекува на лице место да пристегне специјална воена нуклеарно-биолошка екипа со 14 лица за да го истражи степенот на опасност во областа. Како што пишува грчкиот весник, „Прототема“, пожарникарите кои се приближиле до местото на несреќата пријавиле „горење на усните и јазикот“.

Нашиот план е да кренеме дрон за да се види одозгора што се случува на терен, бидејќи пред еден час луѓе од ЕМАК влегоа со специјална заштитна опрема и специјални инструменти и продолжија со некои мерења. Мерењата не покажаа ништо, но забележаа нестабилност кај местото, со силен чад, топлина и некоја бела материја за која не знаеме што е. Поради тоа специјалната група на вооружените сили треба да не увери за каков материјал се работи и дали конечно можеме да влеземе на местото - изјави Апостолидис.

Тој истакна дека нема активен пожар бидејќи е изгаснат во ноќните часови, но има мали пожари. Влез и излез на локацијата во радиус помал од 500 метри е забранет за граѓаните од безбедносни причини.

Почувствувавме чувство на печење на усните и јазикот, па затоа носиме и маски одејќи таму бидејќи сè уште не знаеме што има и како ќе влијае на нас - вели Апостолидис.

Како што напомена Апостолидис, први на местото се приближиле пиротехничарите за да утврдат дека нема експлозиви и опасни материјали и да дадат зелено светло за операцијата да продолжи.

Со маските се приближивме до 50 метри и видовме парче од трупот. Има многу расфрлан материјал по полињата. Теренот мора да биде стабилен и безбеден за да можат да влезат спасувачите - нагласува тој.

Според првичните информации, транспортниот авион полетал од Србија за Јордан со комерцијален транспортен лет, имал осумчлен екипаж и превезувал „опасен товар“ - муниција од вкупно 12 тони.

Авионот се урна откако летајќи над Егејското Море, пилотот побарал итно да слета во Кавала, но со мотор во пламен не успеал да стигне до аердромот..

https://republika.mk/vesti/balkan/urnatiot-avion-vo-kavala-bil-natovaren-so-oruzje-poletal-od-nish-i-preletal-nad-makedonija/

The post Пожарникарите почувствувале „печење на усните и јазикот“: На местото на падот на авионот во Кавала е забележана „непозната бела материја“ appeared first on Република.

]]>

Од рано утринава почнаа истрагите на властите во Палеохори, во областа на Кавала, каде што во текот на ноќта се урна транспортен авион Антонов. Координаторот на операциите на Противпожарната бригада, генерал-мајор Мариос Апостолидис, за грчките медиму информира дека на местото на падот е откриена непозната бела материја. Областа е опколена и заштитена од пристап и се очекува на лице место да пристегне специјална воена нуклеарно-биолошка екипа со 14 лица за да го истражи степенот на опасност во областа. Како што пишува грчкиот весник, „Прототема“, пожарникарите кои се приближиле до местото на несреќата пријавиле „горење на усните и јазикот“.
Нашиот план е да кренеме дрон за да се види одозгора што се случува на терен, бидејќи пред еден час луѓе од ЕМАК влегоа со специјална заштитна опрема и специјални инструменти и продолжија со некои мерења. Мерењата не покажаа ништо, но забележаа нестабилност кај местото, со силен чад, топлина и некоја бела материја за која не знаеме што е. Поради тоа специјалната група на вооружените сили треба да не увери за каков материјал се работи и дали конечно можеме да влеземе на местото - изјави Апостолидис.
Тој истакна дека нема активен пожар бидејќи е изгаснат во ноќните часови, но има мали пожари. Влез и излез на локацијата во радиус помал од 500 метри е забранет за граѓаните од безбедносни причини.
Почувствувавме чувство на печење на усните и јазикот, па затоа носиме и маски одејќи таму бидејќи сè уште не знаеме што има и како ќе влијае на нас - вели Апостолидис.
Како што напомена Апостолидис, први на местото се приближиле пиротехничарите за да утврдат дека нема експлозиви и опасни материјали и да дадат зелено светло за операцијата да продолжи.
Со маските се приближивме до 50 метри и видовме парче од трупот. Има многу расфрлан материјал по полињата. Теренот мора да биде стабилен и безбеден за да можат да влезат спасувачите - нагласува тој.
Според првичните информации, транспортниот авион полетал од Србија за Јордан со комерцијален транспортен лет, имал осумчлен екипаж и превезувал „опасен товар“ - муниција од вкупно 12 тони. Авионот се урна откако летајќи над Егејското Море, пилотот побарал итно да слета во Кавала, но со мотор во пламен не успеал да стигне до аердромот.. https://republika.mk/vesti/balkan/urnatiot-avion-vo-kavala-bil-natovaren-so-oruzje-poletal-od-nish-i-preletal-nad-makedonija/

The post Пожарникарите почувствувале „печење на усните и јазикот“: На местото на падот на авионот во Кавала е забележана „непозната бела материја“ appeared first on Република.

]]>
Урнатиот авион во Кавала бил натоварен со оружје, полетал од Ниш и прелетал над Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/urnatiot-avion-vo-kavala-bil-natovaren-so-oruzje-poletal-od-nish-i-preletal-nad-makedonija/ Sun, 17 Jul 2022 06:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=530162

Во областа Кавала во Грција, во текот на ноќта, се слушале сирени по падот на украинскиот авион Антонов, кој падна во близина на Палеохорија.

Како што јави грчкиот јавен сервис, пилотот побарал итно слетување.

Според првичните информации, авионот бил натоварен со оружје, а полетал од Ниш и требало да стигне во Јордан.

Авионот ја прелетал и Македонија, поминал покрај Солун и летал над Егејско Море кога свртен назад кон копното и се упатил кон градот Кавала каде требало да има итно слетување, но не успеал во тоа и се урнал.

Силни експлозии снимиле луѓето кои биле сведоци на уривањето на авионот близу Кавала.

Во текот на денешниот ден најавена е прес конференција на властите во Белград кои ќе соопштат повеќе детали за тоа чив бил авионот, каде летал и што точно превезувал.

The post Урнатиот авион во Кавала бил натоварен со оружје, полетал од Ниш и прелетал над Македонија appeared first on Република.

]]>

Во областа Кавала во Грција, во текот на ноќта, се слушале сирени по падот на украинскиот авион Антонов, кој падна во близина на Палеохорија. Како што јави грчкиот јавен сервис, пилотот побарал итно слетување. Според првичните информации, авионот бил натоварен со оружје, а полетал од Ниш и требало да стигне во Јордан. Авионот ја прелетал и Македонија, поминал покрај Солун и летал над Егејско Море кога свртен назад кон копното и се упатил кон градот Кавала каде требало да има итно слетување, но не успеал во тоа и се урнал. Силни експлозии снимиле луѓето кои биле сведоци на уривањето на авионот близу Кавала. Во текот на денешниот ден најавена е прес конференција на властите во Белград кои ќе соопштат повеќе детали за тоа чив бил авионот, каде летал и што точно превезувал.

The post Урнатиот авион во Кавала бил натоварен со оружје, полетал од Ниш и прелетал над Македонија appeared first on Република.

]]>