каубојски вработувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaubojski-vrabotuvana/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 10:52:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png каубојски вработувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kaubojski-vrabotuvana/ 32 32 Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveke-nema-da-ima-kaubojski-vrabotuvana-na-toksikologija-najavi-noviot-direktor-na-klinikata-prof-d-r-andon-chibishev/ Wed, 03 Jul 2024 10:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=793034

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев денеска информира дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции.

За 18-те вработени кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија, Чибишев вели дека работеле со незаконски договори и со тоа се внесувало немир и конфликти меѓу вработените. Од денес тие повеќе не работат на Клиниката. Истакна дека лицата незаконски престојувале во институцијата со невалидни договор и добивале плата.

Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите, додавајќи дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс.

Чибишев информира и дека претходната економска директорка Бесија Иљази „не му оставила големи проблеми“.

Добро е што е сменета и си отишла дома. Не сакам веќе да мислам и да се занимавам со минатото затоа што ќе ми помине мандатот во занимавање со тоа што се случувало седум години, рече д-р Чибишев.

The post Повеќе нема да има „каубојски“ вработувања на Токсикологија, најави новиот директор на Клиниката проф. д-р Андон Чибишев appeared first on Република.

]]>

Новиот директор на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев денеска информира дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции. За 18-те вработени кои повторно добија договори за ангажман додека траеше драмата на Токсикологија, Чибишев вели дека работеле со незаконски договори и со тоа се внесувало немир и конфликти меѓу вработените. Од денес тие повеќе не работат на Клиниката. Истакна дека лицата незаконски престојувале во институцијата со невалидни договор и добивале плата.