католички велигден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katolichki-veligden/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Apr 2023 08:15:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png католички велигден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katolichki-veligden/ 32 32 Мицкоски со честитка по повод католички Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-chestitka-po-povod-katolichki-veligden/ Sun, 09 Apr 2023 08:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=628885

Ми претставува особено задоволство, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник – Велигден и да им посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Љубовта и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици. Нека овој најсветол празник ни биде потсетување како да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни, да се сакаме, да простуваме и да создаваме убави и позитивни дела. Токму овие вредности ќе ни помогнат во градењето на стабилна и просперитетна држава, и да ги надминеме сите предизвици пред кои изминатиот период сме исправени. За Македонија која има иднина потребно е сите заедно да се обединиме и да го сочуваме идентитетот и да не потклекнеме на нереалните барања кои што се поставуваат. Свесни за своето, обединети едни со други можеме да се избориме за промени какви се потребни и за иднина каква секој еден човек заслужува. Само така ќе успееме да го сочуваме достоинството на Република Македонија и нас самите. Само заедно и сложно може да ги победиме сите предизвици. Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна! Навистина воскресна! - се вели во честитаката од Мицкоски.

The post Мицкоски со честитка по повод католички Велигден appeared first on Република.

]]>

Ми претставува особено задоволство, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија да им го честитам големиот христијански празник – Велигден и да им посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Љубовта и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици. Нека овој најсветол празник ни биде потсетување како да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни, да се сакаме, да простуваме и да создаваме убави и позитивни дела. Токму овие вредности ќе ни помогнат во градењето на стабилна и просперитетна држава, и да ги надминеме сите предизвици пред кои изминатиот период сме исправени. За Македонија која има иднина потребно е сите заедно да се обединиме и да го сочуваме идентитетот и да не потклекнеме на нереалните барања кои што се поставуваат. Свесни за своето, обединети едни со други можеме да се избориме за промени какви се потребни и за иднина каква секој еден човек заслужува. Само така ќе успееме да го сочуваме достоинството на Република Македонија и нас самите. Само заедно и сложно може да ги победиме сите предизвици. Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна! Навистина воскресна! - се вели во честитаката од Мицкоски.

The post Мицкоски со честитка по повод католички Велигден appeared first on Република.

]]>
Ковачевски со честитка за католички Велигден: Храбрите дела, љубовта и меѓусебното разбирање се патот до заедничкото добро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-chestitka-za-katolichki-veligden-hrabrite-dela-lubovta-i-megusebnoto-razbirane-se-patot-do-zaednichkoto-dobro/ Sun, 09 Apr 2023 07:49:09 +0000 https://republika.mk/?p=628875

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во писмо до монсињор д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Епарх Струмичко-скопски упати честитки за најголемиот христијански празник Велиден, до него, до свештенството и верниците на Католичката црква кои денеска го чествуваат празникот.

„Посакувам добро здравје, мир, разбирање и лична и колективна благосостојба за сите.

Големите празници секогаш носат голема духовна сила.

И овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро.

Посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете меѓу најблиските, во радост и спокој “, напиша во писмото до бискупот Стојанов, премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски со честитка за католички Велигден: Храбрите дела, љубовта и меѓусебното разбирање се патот до заедничкото добро appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во писмо до монсињор д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Епарх Струмичко-скопски упати честитки за најголемиот христијански празник Велиден, до него, до свештенството и верниците на Католичката црква кои денеска го чествуваат празникот.
„Посакувам добро здравје, мир, разбирање и лична и колективна благосостојба за сите. Големите празници секогаш носат голема духовна сила. И овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро. Посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете меѓу најблиските, во радост и спокој “, напиша во писмото до бискупот Стојанов, премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски со честитка за католички Велигден: Храбрите дела, љубовта и меѓусебното разбирање се патот до заедничкото добро appeared first on Република.

]]>
Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Католички Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-do-vernitsite-koi-go-proslavuvaat-katolichki-veligden/ Sun, 09 Apr 2023 07:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=628862

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

-Дозволете ми на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар да им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден.

Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од бројни кризи, воени жаришта, елементарни непогоди и социјални неправди. Особено се погодени најранливите меѓу нас. Велигденската порака нѐ поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Повикани сме да ги поткрепиме оние на коишто им е најпотребна помош, бидејќи малите чекори на добрина можат да направат големи промени во заедницата.

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

The post Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Католички Велигден appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. -Дозволете ми на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар да им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од бројни кризи, воени жаришта, елементарни непогоди и социјални неправди. Особено се погодени најранливите меѓу нас. Велигденската порака нѐ поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Повикани сме да ги поткрепиме оние на коишто им е најпотребна помош, бидејќи малите чекори на добрина можат да направат големи промени во заедницата. Христос воскресна! Навистина воскресна!

The post Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Католички Велигден appeared first on Република.

]]>
Католиците го слават Велигден https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/katolitsite-go-slavat-veligden/ Sun, 09 Apr 2023 06:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=628846

Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија.

На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски… Велигденската литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов.

Тој ја прочита воскресната проповед и им го честиташе празникот на католичките верници.

– Драги браќа и сестри! На Стара година 2022 во куќата на Небесниот Отец се пресели папата Бенедикт XVI. На 5 јануари 2023 година имавме можност да го проследиме погребот на неговите посмртни останки, кои беа положени во криптата на базиликата Свети Петар во Рим. Целиот негов свештенички живот беше обележан со непречено учење и пренесување на верата во Исус Христос. Овој Папа, како наследник на апостол Петар, мораше да се соочи со актуелни проблеми кои ја потресоа Црквата, за што непосредно пред смртта на неговиот претходник Иван Павле II. на Велики Петок во 2005 година, за време на молитвата Крстен пат, тој рече дека (бродот на Петар) тоне се подлабоко и подлабоко, бидејќи пушта вода од сите страни. И покрај тоа што веќе беше во години, тој, сепак, ја прифати задачата да биде римски бисуп и да бара вистински решенија за да можат сите членови на Црквата да одговорат на задачата што им ја доверил самиот Господ. Честа тема на неговите проповеди беше „пријателувањето со Исус“ со акцент дека сè зависи од ова интимно пријателство со Господ. Треба да се отвориме како пријатели и слободно да му зборуваме како пријатели, бидејќи Исус е единствениот кој може да го направи нашиот свет добар и среќен.

Во својата проповед за Велигденското бдение во 2012 година, папата Бенедикт XVI рече дека Велигден е празник на новото создание. „Исус воскресна и повеќе не умира. Ја отвори вратата за нов живот кој повеќе не познава болест или смрт! Го воздигна човекот до Бога. На човекот му се отвори нова димензија. Созданието стана поголемо и пошироко. Велигден е денот на новото создавање и затоа Црквата на тој ден ја започнува литургијата со библиски приказ за создавањето, за да можеме добро да го разбереме новото создание“.

Велигден е нов почеток кој се покажува на многу начини. Ова првенствено се однесува на природата, но и на човекот до степен до кој тој е природа, до степен до кој природата го одржува во својот живот и до степен до кој е воден од природата. Велигден го славиме во време кога сончевата светлина со својот сјај ја совладува зимската ноќ и со својата топлина предизвикува огромен раст и процут на животот во природата. „Ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре ќе донесе голем плод“ (Иван 12,24). Од земјата, од гробот се раѓа животот, вели Господ. Будењето на животот во природата предизвикува восхит кај нас и додека го набљудуваме, чувствуваме како во нас оживува силата и ни се враќа надежта.

Ова оживување на природата е само слика што ја пренесуваме во доменот на верата во воскресението. Велигден е почеток на нов облик на живот за целиот човечки род, бидејќи настанот на Исусовото воскресение ни ја дава, на секој поединечно и целото човештво, крајната смисла и крајната цел. Пред две илјади години, Бог, во Кого се нашите времиња и векови, нашата надеж и нашата иднина, ни се откри во Исус Христос. Тоа е Божјиот Син во кој ни се покажа Божјата љубов и кој ни покажа дека нашата иднина е сигурна во Бога, бидејќи доаѓа од Бога и затоа што самиот Бог е иднината.

Тоа е она што го проповедаме и на што се надеваме. Сепак, ми се чини дека некако ни е многу полесно да го кажеме тоа, отколку да го разбереме и веруваме. Но, не треба да се плашиме. Во слична состојба беа и првите сведоци на Христовото воскресение, жените кај празниот гроб, учениците на пат кон Емаус или сомнежот на светиот апостол Тома. Едноставно, по сите тие болни настани околу Исус, од предавството и апсењето во Гетсиманската градина, потоа судењето, испрашувањата и мачењата пред Синедрионот и управителот Пилат и на крајот горчливата смрт на крстот, сите негови пријатели беа како одземени – парализирани. Тотална блокада. Не можеле да сфатат како може нешто што започнало со толку големи надежи да заврши толку лошо. Толку многу голема надеж полагале во својот Учител додека биле со Него, имале толку многу желби за себе во нивните срца и поради тоа оставиле сè, и како сето тоа завршило. И покрај тоа, сега на крајот на краиштата им доаѓаат нови неволји. Впрочем, некои жени „од нашите“ кои отидоа на гроб се вратија и рекоа дека го виделе. Тешко е тоа да влезе во глава. Требаше да се случи средба со воскреснатиот Христос за да се разбуди во нив велигденската вера.

А што е со нас и нашето верување во воскресението? Не сме ли и ние премногу често блокирани, вкочанети, па не можеме да ја сфатиме новата реалност што Велигден ја носи во нашиот живот? Да го погледнеме нашиот начин на живот, стресот и постојаната трка да се обезбедиме, да се позиционираме во општеството, а потоа наеднаш стануваме свесни дека од некаде нè обзема чувство на вкочанетост, немир и лишеност. Времето полека бега, годините минуваат, а од нашите усни излегува жалопојка: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум сум ја истрошувал силата Своја (Исаија 49,4).

На почетокот на индустријализацијата, на луѓето им требаше четвртина од својот живот за да ја обезбедат својата егзистенција за да ги задоволат своите потреби, а денес ни треба само половина од тоа. Значи, се прашуваме каде помина времето што го заштедивме? Одамна почнавме да се жалиме како немаме време. Сегашноста и иднината имаат димензии кои не можеме да ги планираме, ниту да ги сфатиме.

Навистина, минливоста ни е пред очи и постојано ја доживуваме, но доживуваме и дека сегашноста постојано се обновува од неисцрпната иднина, иднина која не сме ја планирале, туку ни приоѓа како личност која ненадејно ја среќаваме, која неочекувано нѐ посетува, која мисли на нас, која ни се обраќа. Оваа иднина, која ни се случува и која понекогаш дури и суштински го менува нашето секојдневие, ја прави нашата сегашност сосема нова. Тоа едноставно нè оттргнува од нашите планови, нашите грижи и нашите многу ограничени надежи.

Бог, наша иднина, доаѓа кај нас во Христа. Тој ни се манифестира како неизмерна љубов. Во Исусовото воскресение ни се покажува нашата иднина, целта на нашиот живот. Треба само да ја прифатиме, а потоа ќе ни се смени секојдневието и начинот на живот. Кога ќе му дозволиме како пријател да биде со нас во нашите работи, нашите планови и секојдневниот живот, тогаш сè ќе има поинаков акцент и ќе бидеме поопуштени во нашите грижи.

На Воскреснатиот Христос можеме да сметаме како и досега низ историјата и покрај бурните времиња и закани за човештвото. Секоја генерација има своја борба и свои предизвици. Но секоја борба која се води во корен е против човечкото достоинство и против Божјото создание. Така и оваа наша генерација се соочува со предизвикот на вештачката интелигенција, на која нашето општество допрва ќе треба да дава морални, етички и правни одговори во кои технологијата мора да биде во служба на човекот, а не обратно и да се зачува човечкото достоинство и животната средина. Сведоци сме и на обидите за испишување нова антропологија и да се исфрли Бог, Вистината од научната дискусија. Тука е и нуклеарната закана, која е неприфатлива опција во уредување на меѓународните односи и е во спротивност со принципите за почитување на човечкиот живот и достоинство и дарот на Создаденото.

Токму затоа Воскреснатиот Христос од нас бара промена на срцето, да се свртиме кон Него и да го препознаеме Воскреснат. Само така ќе можеме да ја промениме логиката на размислување и однесување. Само ако го препознаеме дека Христос е жив и Воскреснат ќе можеме да бидеме повеќе Божји, а помалку световни, повеќе ќе копнееме за вечното, отколку за минливото, само така ќе можеме да го бараме небесното, а не земското.

Во сите тие наши борби знаеме дека не сме сами и сме сигурни дека Бог е верен и никогаш нема да нѐ напушти. Христос ни вели дека е со нас до свршетокот на светот! (сп. Матеј 28,20) Се надеваме на Воскреснатиот Христос без оглед на предизвиците со кои треба да се соочиме.

Охрабрен од таа надеж на сите ви посакувам честит и благословен празник Воскресение Христово – Велигден! Христос воскресе. Алилуја, рече во Велигденската проповед скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.

The post Католиците го слават Велигден appeared first on Република.

]]>

Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија. На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски… Велигденската литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој ја прочита воскресната проповед и им го честиташе празникот на католичките верници.
– Драги браќа и сестри! На Стара година 2022 во куќата на Небесниот Отец се пресели папата Бенедикт XVI. На 5 јануари 2023 година имавме можност да го проследиме погребот на неговите посмртни останки, кои беа положени во криптата на базиликата Свети Петар во Рим. Целиот негов свештенички живот беше обележан со непречено учење и пренесување на верата во Исус Христос. Овој Папа, како наследник на апостол Петар, мораше да се соочи со актуелни проблеми кои ја потресоа Црквата, за што непосредно пред смртта на неговиот претходник Иван Павле II. на Велики Петок во 2005 година, за време на молитвата Крстен пат, тој рече дека (бродот на Петар) тоне се подлабоко и подлабоко, бидејќи пушта вода од сите страни. И покрај тоа што веќе беше во години, тој, сепак, ја прифати задачата да биде римски бисуп и да бара вистински решенија за да можат сите членови на Црквата да одговорат на задачата што им ја доверил самиот Господ. Честа тема на неговите проповеди беше „пријателувањето со Исус“ со акцент дека сè зависи од ова интимно пријателство со Господ. Треба да се отвориме како пријатели и слободно да му зборуваме како пријатели, бидејќи Исус е единствениот кој може да го направи нашиот свет добар и среќен.
Во својата проповед за Велигденското бдение во 2012 година, папата Бенедикт XVI рече дека Велигден е празник на новото создание. „Исус воскресна и повеќе не умира. Ја отвори вратата за нов живот кој повеќе не познава болест или смрт! Го воздигна човекот до Бога. На човекот му се отвори нова димензија. Созданието стана поголемо и пошироко. Велигден е денот на новото создавање и затоа Црквата на тој ден ја започнува литургијата со библиски приказ за создавањето, за да можеме добро да го разбереме новото создание“. Велигден е нов почеток кој се покажува на многу начини. Ова првенствено се однесува на природата, но и на човекот до степен до кој тој е природа, до степен до кој природата го одржува во својот живот и до степен до кој е воден од природата. Велигден го славиме во време кога сончевата светлина со својот сјај ја совладува зимската ноќ и со својата топлина предизвикува огромен раст и процут на животот во природата. „Ако зрното пченично, што паднало на земја, не умре, останува само; а ако умре ќе донесе голем плод“ (Иван 12,24). Од земјата, од гробот се раѓа животот, вели Господ. Будењето на животот во природата предизвикува восхит кај нас и додека го набљудуваме, чувствуваме како во нас оживува силата и ни се враќа надежта. Ова оживување на природата е само слика што ја пренесуваме во доменот на верата во воскресението. Велигден е почеток на нов облик на живот за целиот човечки род, бидејќи настанот на Исусовото воскресение ни ја дава, на секој поединечно и целото човештво, крајната смисла и крајната цел. Пред две илјади години, Бог, во Кого се нашите времиња и векови, нашата надеж и нашата иднина, ни се откри во Исус Христос. Тоа е Божјиот Син во кој ни се покажа Божјата љубов и кој ни покажа дека нашата иднина е сигурна во Бога, бидејќи доаѓа од Бога и затоа што самиот Бог е иднината. Тоа е она што го проповедаме и на што се надеваме. Сепак, ми се чини дека некако ни е многу полесно да го кажеме тоа, отколку да го разбереме и веруваме. Но, не треба да се плашиме. Во слична состојба беа и првите сведоци на Христовото воскресение, жените кај празниот гроб, учениците на пат кон Емаус или сомнежот на светиот апостол Тома. Едноставно, по сите тие болни настани околу Исус, од предавството и апсењето во Гетсиманската градина, потоа судењето, испрашувањата и мачењата пред Синедрионот и управителот Пилат и на крајот горчливата смрт на крстот, сите негови пријатели беа како одземени – парализирани. Тотална блокада. Не можеле да сфатат како може нешто што започнало со толку големи надежи да заврши толку лошо. Толку многу голема надеж полагале во својот Учител додека биле со Него, имале толку многу желби за себе во нивните срца и поради тоа оставиле сè, и како сето тоа завршило. И покрај тоа, сега на крајот на краиштата им доаѓаат нови неволји. Впрочем, некои жени „од нашите“ кои отидоа на гроб се вратија и рекоа дека го виделе. Тешко е тоа да влезе во глава. Требаше да се случи средба со воскреснатиот Христос за да се разбуди во нив велигденската вера. А што е со нас и нашето верување во воскресението? Не сме ли и ние премногу често блокирани, вкочанети, па не можеме да ја сфатиме новата реалност што Велигден ја носи во нашиот живот? Да го погледнеме нашиот начин на живот, стресот и постојаната трка да се обезбедиме, да се позиционираме во општеството, а потоа наеднаш стануваме свесни дека од некаде нè обзема чувство на вкочанетост, немир и лишеност. Времето полека бега, годините минуваат, а од нашите усни излегува жалопојка: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум сум ја истрошувал силата Своја (Исаија 49,4). На почетокот на индустријализацијата, на луѓето им требаше четвртина од својот живот за да ја обезбедат својата егзистенција за да ги задоволат своите потреби, а денес ни треба само половина од тоа. Значи, се прашуваме каде помина времето што го заштедивме? Одамна почнавме да се жалиме како немаме време. Сегашноста и иднината имаат димензии кои не можеме да ги планираме, ниту да ги сфатиме. Навистина, минливоста ни е пред очи и постојано ја доживуваме, но доживуваме и дека сегашноста постојано се обновува од неисцрпната иднина, иднина која не сме ја планирале, туку ни приоѓа како личност која ненадејно ја среќаваме, која неочекувано нѐ посетува, која мисли на нас, која ни се обраќа. Оваа иднина, која ни се случува и која понекогаш дури и суштински го менува нашето секојдневие, ја прави нашата сегашност сосема нова. Тоа едноставно нè оттргнува од нашите планови, нашите грижи и нашите многу ограничени надежи. Бог, наша иднина, доаѓа кај нас во Христа. Тој ни се манифестира како неизмерна љубов. Во Исусовото воскресение ни се покажува нашата иднина, целта на нашиот живот. Треба само да ја прифатиме, а потоа ќе ни се смени секојдневието и начинот на живот. Кога ќе му дозволиме како пријател да биде со нас во нашите работи, нашите планови и секојдневниот живот, тогаш сè ќе има поинаков акцент и ќе бидеме поопуштени во нашите грижи. На Воскреснатиот Христос можеме да сметаме како и досега низ историјата и покрај бурните времиња и закани за човештвото. Секоја генерација има своја борба и свои предизвици. Но секоја борба која се води во корен е против човечкото достоинство и против Божјото создание. Така и оваа наша генерација се соочува со предизвикот на вештачката интелигенција, на која нашето општество допрва ќе треба да дава морални, етички и правни одговори во кои технологијата мора да биде во служба на човекот, а не обратно и да се зачува човечкото достоинство и животната средина. Сведоци сме и на обидите за испишување нова антропологија и да се исфрли Бог, Вистината од научната дискусија. Тука е и нуклеарната закана, која е неприфатлива опција во уредување на меѓународните односи и е во спротивност со принципите за почитување на човечкиот живот и достоинство и дарот на Создаденото.
Токму затоа Воскреснатиот Христос од нас бара промена на срцето, да се свртиме кон Него и да го препознаеме Воскреснат. Само така ќе можеме да ја промениме логиката на размислување и однесување. Само ако го препознаеме дека Христос е жив и Воскреснат ќе можеме да бидеме повеќе Божји, а помалку световни, повеќе ќе копнееме за вечното, отколку за минливото, само така ќе можеме да го бараме небесното, а не земското. Во сите тие наши борби знаеме дека не сме сами и сме сигурни дека Бог е верен и никогаш нема да нѐ напушти. Христос ни вели дека е со нас до свршетокот на светот! (сп. Матеј 28,20) Се надеваме на Воскреснатиот Христос без оглед на предизвиците со кои треба да се соочиме. Охрабрен од таа надеж на сите ви посакувам честит и благословен празник Воскресение Христово – Велигден! Христос воскресе. Алилуја, рече во Велигденската проповед скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.

The post Католиците го слават Велигден appeared first on Република.

]]>
Понеделник неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ponedelnik-neraboten-den-za-graganite-od-katolichka-veroispoved/ Fri, 07 Apr 2023 13:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=628367

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, понеделник (10 април), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот.

The post Понеделник неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, понеделник (10 април), вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија. Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот.

The post Понеделник неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед appeared first on Република.

]]>
Католиците го слават Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/katolicite-go-slavat-veligden-2/ Sun, 17 Apr 2022 07:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=489464

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија.

На литургијата присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов…

Велигденска воскресна литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед.

– Драги браќа и сестри! Велигденскиот пост го започнавме со страшната воена ситуација со нападот над Украина, и поголемиот дел од тоа време на пост, молитва и добри дела го поминавме следејќи ги медиумите и извештаите за тоа што се случува со нашите браќа и сестри во Украина. Пред нашите очи се милиони бегалци, илјадници страдалници, жртви на војната, убиени луѓе по улиците на украинските градови, уништени домови и луѓе на улица со крици во устата и солзи во очите. Како браќа по вера, не можевме да се оглушиме, а да не го слушнеме гласот на киевско – халичкиот врховен надбискуп Свјатослав Шевчук, кој повикува и моли за својот народ, но во исто време укажува и на одговорноста на целото човештво. Тој постојано го повикува светот активно да работи на спречување војна и заштита на праведниот мир. Тоа е гласот на човек соочен со неволјите на војната, страдањата на својот народ, уништувањето на неговата земја: „О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое!” (Јов 6,2).

Нашата Светица од Скопје, Света Мајка Тереза ќе рече: „Страдањето е другото лице на човекот, Божји бакнеж.” Од страдањата не беше поштеден ниту нашиот Господ Исус Христос. Ја прими чашата од раката на Отецот и ја испи до крај. Секогаш е на страната на слабите. „Бог ни шепоти во нашите радости, ни зборува во нашата совест, но и извикува во нашите маки: Неговиот мегафон е да го разбуди глувиот свет” (C. S. Lewis).

Исус со своето воскресение одговори на проблемот на страдањето, внесувајќи нова светлина во светот и оживување на земните надежи со „големата надеж” за вечен живот. Папата Бенедикт XVI, во својата енциклика Spe Salvi – Спасени преку надежта, вели: „Искупувањето ни е понудено во смисла дека ни е дадена надеж, сигурна надеж, преку која можеме да се справиме со сегашноста”. Тој вели дека препознатлива христијанска карактеристика е тоа што имаат иднина. Иако не се темелно запознаени со она што ги чека, знаат дека животот не им е залуден. Верувам дека сите ние, како и нашите браќа и сестри кои во овој миг се погодени од страданијата и сите маки се носени со оваа надеж, бидејќи „оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат” (Исаија 40,31). Само гледајќи во воскреснатиот Христос можеме да го прифатиме сето она што ни го носи животот во времето во кое живееме.

Ние христијаните живееме во светот и одиме во светлината на верата, иако понекогаш се среќаваме со темнината на неверувањето. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж” на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите.

Утрото на Велигден, учениците биле исплашени и збунети, па кога жените по враќањето од гробот на Исус почнале да им раскажуваат за неверојатниот настан што го виделе и доживеале таму, отворениот гроб, млад човек облечен во бела облека, за нив, за апостолите, овие зборови на првото сведоштво им изгледало како женски духови и заблуди, утрински соништа, сенишни измами и ништо повеќе. Не им верувале. Со ова се покажало дека тие се побавни и поневнимателни од жените.

Но, сепак, наеднаш двајцата тргнале, Иван и Симон наречен Петар излетале од куќата и стигнале до гробот. Петар влегува внатре затоа што сака да ја испита работата до крај. Кога влегол во гробот, го нашол само празниот гроб и завоите што стоеле таму, како и крпата со која била завиткана Исусовата глава, свиткани во еден агол. Возбудени од тоа што го виделе, се враќаат дома прашувајќи се што се случило. Тоа беше мешавина од чувства, мешавина од чудо и ужас. Но, тоа сè уште не беше вера. Тие требаше сѐ уште да го доживеат и видат воскреснатиот Христос, да го допрат, да јадат со него, да им се отворат очите и да поверуваат. Исус требаше да им даде сила да бидат негови сведоци, но и да можат да го издржат сето она што ги чека. Празниот гроб беше знак што можеа да го разберат само преку средба со воскреснатиот Господ. Но, средбата е можна само кога срцето е подготвено да види и да верува.

По оваа средба Петар се исполнил со таква сила, па повеќе не се плаши да излезе и да сведочи за Исус. После сиот доживеан страв, разочарување, затајување и предавство, тој храбро излегува од тајноста и безбедноста на затворениот простор и гласно говори: „Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштевањето што го проповедаше Иван: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. И ние сме сведоци сме за сѐ што направи Тој во земјата Јудејска и во Ерусалим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. Него Бог го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите” (Дела 10,37-42).

Нашата вера и сета наша надеж почиваат на оваа сведоштво на првите сведоци на Христовото воскресение. Исус е жив! Бог го постави да им суди на живите и мртвите! Тој е Судија и Спасител. Кој верува во Него, ќе живее и во негово име ќе прими простување на гревовите.

За време на појавувањето Исус ги поздравил своите ученици со зборовите: „Мир вам!”

Да го замолиме во оваа време Неговиот збор да допре до свеста на сите оние кои се опиени од сопствениот егоизам, моќ и сила, кои внесуваат немир и раздор, да се откажат од гревот и во името на Бога да почнат да прават добро и да работат на воспоставување мир и правда меѓу сите луѓе и народи во овој свет чии сопственици не сме ние, туку го примивме како подарок што можеме да им го пренесеме на генерациите по нас. Нека и нам Воскреснатиот Исус ни ги отвори очите да поверуваме, бидејќи во спротивно ќе се соочиме само со неодговорени прашања. На сите Ви посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Амин. Алилуја!, рече скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.

The post Католиците го слават Велигден appeared first on Република.

]]>

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија. На литургијата присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов… Велигденска воскресна литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед. – Драги браќа и сестри! Велигденскиот пост го започнавме со страшната воена ситуација со нападот над Украина, и поголемиот дел од тоа време на пост, молитва и добри дела го поминавме следејќи ги медиумите и извештаите за тоа што се случува со нашите браќа и сестри во Украина. Пред нашите очи се милиони бегалци, илјадници страдалници, жртви на војната, убиени луѓе по улиците на украинските градови, уништени домови и луѓе на улица со крици во устата и солзи во очите. Како браќа по вера, не можевме да се оглушиме, а да не го слушнеме гласот на киевско – халичкиот врховен надбискуп Свјатослав Шевчук, кој повикува и моли за својот народ, но во исто време укажува и на одговорноста на целото човештво. Тој постојано го повикува светот активно да работи на спречување војна и заштита на праведниот мир. Тоа е гласот на човек соочен со неволјите на војната, страдањата на својот народ, уништувањето на неговата земја: „О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го беа ставиле на терезија страдањето мое!” (Јов 6,2). Нашата Светица од Скопје, Света Мајка Тереза ќе рече: „Страдањето е другото лице на човекот, Божји бакнеж.” Од страдањата не беше поштеден ниту нашиот Господ Исус Христос. Ја прими чашата од раката на Отецот и ја испи до крај. Секогаш е на страната на слабите. „Бог ни шепоти во нашите радости, ни зборува во нашата совест, но и извикува во нашите маки: Неговиот мегафон е да го разбуди глувиот свет” (C. S. Lewis). Исус со своето воскресение одговори на проблемот на страдањето, внесувајќи нова светлина во светот и оживување на земните надежи со „големата надеж” за вечен живот. Папата Бенедикт XVI, во својата енциклика Spe Salvi – Спасени преку надежта, вели: „Искупувањето ни е понудено во смисла дека ни е дадена надеж, сигурна надеж, преку која можеме да се справиме со сегашноста”. Тој вели дека препознатлива христијанска карактеристика е тоа што имаат иднина. Иако не се темелно запознаени со она што ги чека, знаат дека животот не им е залуден. Верувам дека сите ние, како и нашите браќа и сестри кои во овој миг се погодени од страданијата и сите маки се носени со оваа надеж, бидејќи „оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат” (Исаија 40,31). Само гледајќи во воскреснатиот Христос можеме да го прифатиме сето она што ни го носи животот во времето во кое живееме. Ние христијаните живееме во светот и одиме во светлината на верата, иако понекогаш се среќаваме со темнината на неверувањето. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж” на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите. Утрото на Велигден, учениците биле исплашени и збунети, па кога жените по враќањето од гробот на Исус почнале да им раскажуваат за неверојатниот настан што го виделе и доживеале таму, отворениот гроб, млад човек облечен во бела облека, за нив, за апостолите, овие зборови на првото сведоштво им изгледало како женски духови и заблуди, утрински соништа, сенишни измами и ништо повеќе. Не им верувале. Со ова се покажало дека тие се побавни и поневнимателни од жените. Но, сепак, наеднаш двајцата тргнале, Иван и Симон наречен Петар излетале од куќата и стигнале до гробот. Петар влегува внатре затоа што сака да ја испита работата до крај. Кога влегол во гробот, го нашол само празниот гроб и завоите што стоеле таму, како и крпата со која била завиткана Исусовата глава, свиткани во еден агол. Возбудени од тоа што го виделе, се враќаат дома прашувајќи се што се случило. Тоа беше мешавина од чувства, мешавина од чудо и ужас. Но, тоа сè уште не беше вера. Тие требаше сѐ уште да го доживеат и видат воскреснатиот Христос, да го допрат, да јадат со него, да им се отворат очите и да поверуваат. Исус требаше да им даде сила да бидат негови сведоци, но и да можат да го издржат сето она што ги чека. Празниот гроб беше знак што можеа да го разберат само преку средба со воскреснатиот Господ. Но, средбата е можна само кога срцето е подготвено да види и да верува. По оваа средба Петар се исполнил со таква сила, па повеќе не се плаши да излезе и да сведочи за Исус. После сиот доживеан страв, разочарување, затајување и предавство, тој храбро излегува од тајноста и безбедноста на затворениот простор и гласно говори: „Вие знаете за сето она што се случуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштевањето што го проповедаше Иван: како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој одеше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. И ние сме сведоци сме за сѐ што направи Тој во земјата Јудејска и во Ерусалим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. Него Бог го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадевме и пиевме со Него по Неговото воскресение од мртвите. И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите” (Дела 10,37-42). Нашата вера и сета наша надеж почиваат на оваа сведоштво на првите сведоци на Христовото воскресение. Исус е жив! Бог го постави да им суди на живите и мртвите! Тој е Судија и Спасител. Кој верува во Него, ќе живее и во негово име ќе прими простување на гревовите. За време на појавувањето Исус ги поздравил своите ученици со зборовите: „Мир вам!” Да го замолиме во оваа време Неговиот збор да допре до свеста на сите оние кои се опиени од сопствениот егоизам, моќ и сила, кои внесуваат немир и раздор, да се откажат од гревот и во името на Бога да почнат да прават добро и да работат на воспоставување мир и правда меѓу сите луѓе и народи во овој свет чии сопственици не сме ние, туку го примивме како подарок што можеме да им го пренесеме на генерациите по нас. Нека и нам Воскреснатиот Исус ни ги отвори очите да поверуваме, бидејќи во спротивно ќе се соочиме само со неодговорени прашања. На сите Ви посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Амин. Алилуја!, рече скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов.

The post Католиците го слават Велигден appeared first on Република.

]]>