католички божик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katolichki-bozik/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 17:40:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png католички божик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/katolichki-bozik/ 32 32 Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhikna-chestitka-do-katolichkite-vernitsi-od-biskupot-kiro-stojanov/ Sun, 24 Dec 2023 17:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=726218

Драги браќа и сестри!

„И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта.

Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син?

На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година!

Христос се роди!

Со благослов Ваш епископ/бискуп Киро Стојанов

Католичка парохија „Св. Јован Крстител“-Струмица

The post Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>

Драги браќа и сестри! „И Словото стана тело и се всели меѓу нас“ се зборови на свети Иван евангелист, што многу често ги изговараме во молитвата Ангел Господов. Станува збор за божественото Слово, Логосот, Синот Божји, кој е единосуштен со Отецот и кој е поврзан со Него во единството на Светиот Дух. Ова Слово, кое е од векови и според кое е создадено сè што живее и постои, се воплоти и се всели меѓу нас. Бог ја зеде човечката природа и стана еден од нас за да ни биде блиску и да не поврзе уште поблиску до себе, откако по наша вина се оддалечивме од Него. Бесмртниот Бог ја зеде човечката природа, зеде лик на слуга, за да нè направи негови синови и ќерки, кои бевме слуги на гревот и поради кои бевме предадени на смртта. Бог доаѓа во светот како Дете. Дали ќе го примиме Божјиот Син? Дали ќе го примиме Детето Исус кое се наоѓа во јаслите и кое сака да нè обдари со својата љубов? Можеби ќе кажеме: Тоа секако го правиме, затоа што го празнуваме празникот Рождество Христово – Божиќ! Но, примањето на Исус бара повеќе: Треба вистински да веруваме во Спасителот на луѓето. Верата е непоколебливост на нештата на кои се надеваме, убедување во работи што не ги гледаме. Верата значи прифаќање на сведоштвото на Бога кој не сака и нема да нè изневери, бидејќи Бог е вистински и свет. Кој верува, тој се надева на Бога безусловно. Тој е подготвен да му го даде животот, да се потопи во него со сите нишки на неговото срце. Дали сме подготвени за таква вера во воплотениот Божји Син? На сите ви посакувам среќен празник Рождество Христово – Божиќ и благословена Нова Година! Христос се роди! Со благослов Ваш епископ/бискуп Киро Стојанов Католичка парохија „Св. Јован Крстител“-Струмица

The post Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов appeared first on Република.

]]>
Иако го обвинуваат муслиманите, Мухамед Салах и годинава накити елка и им го честита празникот на католиците https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/iako-go-obvinuvaat-muslimanite-muhamed-salah-i-godinava-nakiti-elka-i-im-go-chestita-praznikot-na-katolicite/ Sun, 25 Dec 2022 19:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=589802

Мохамед Салах објави фотографија на Инстаграм со сопругата и децата пред елката и напиша „Среќен Божиќ“.

Во коментарите се појавија бројни следбеници од исламска вероисповед, кои ја навредуваа ѕвездата на Египет и Ливерпул затоа што слави христијански празник.

"Мислев дека си пример и најдобар амбасадор на твојата вера. Не го очекувавме ова, дека ќе го пцуеш Бога. Не ја продавај евтино својата вера", "Брате муслиман, многу те сакаме, но ние сме изненадени што го славите Божиќ“, „Ги имитирате Роналдо и Меси, но запомнете дека тие се христијани. Но која е вашата вера? Тие никогаш не ја слават вашата“ и „Не срамете ја нашата религија“ се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Салах објави слични фотографии во 2021 и 2020 година и ги доби истите коментари. Објавата за оваа година има повеќе од 2,7 милиони лајкови.

The post Иако го обвинуваат муслиманите, Мухамед Салах и годинава накити елка и им го честита празникот на католиците appeared first on Република.

]]>

Мохамед Салах објави фотографија на Инстаграм со сопругата и децата пред елката и напиша „Среќен Божиќ“.

Во коментарите се појавија бројни следбеници од исламска вероисповед, кои ја навредуваа ѕвездата на Египет и Ливерпул затоа што слави христијански празник. "Мислев дека си пример и најдобар амбасадор на твојата вера. Не го очекувавме ова, дека ќе го пцуеш Бога. Не ја продавај евтино својата вера", "Брате муслиман, многу те сакаме, но ние сме изненадени што го славите Божиќ“, „Ги имитирате Роналдо и Меси, но запомнете дека тие се христијани. Но која е вашата вера? Тие никогаш не ја слават вашата“ и „Не срамете ја нашата религија“ се само дел од коментарите. Да потсетиме, Салах објави слични фотографии во 2021 и 2020 година и ги доби истите коментари. Објавата за оваа година има повеќе од 2,7 милиони лајкови.

The post Иако го обвинуваат муслиманите, Мухамед Салах и годинава накити елка и им го честита празникот на католиците appeared first on Република.

]]>